IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Хуманост на дело
  Активни теми Активни теми RSS - Да му помогнеме на нашиот брат Љупчо!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Да му помогнеме на нашиот брат Љупчо!

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Да му помогнеме на нашиот брат Љупчо!
    Испратена: 15.Октомври.2009 во 02:09
од ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ.
 
39-годишниот Љупчо Силјаноски од Охрид пет години живее во пекол и безизлез, со проширено срце, што работи со капацитет под 20 проценти, тешко дише и не може да се движи, полн е со вода што го притиска, а без сон го остава мислата дека веќе не знае на која врата да тропне за помош.

Откако минал низ сите болници во земјава, Љупчо вели дека во Државната клиника за кардиологија не се нафаќале да му монтираат „мулти сити пејс мејкер“, бидејќи не му гарантирале дека операцијата ќе му помогне и дека неговото срце ќе издржи.

Сега и Фондот за здравство не ги покрива тие трошоци, па единствена можност е оваа скапа интервенција за Љупчо да се изврши во Кардиохирургијата „Филип Втори“ на Жан Митрев.

Со инвалидска пензија од 7.000 денари, родители инвалиди и три мали деца, единствено работи неговата сопруга за да ги врати позајмиците за лекувањето, Силјаноски веќе нема пари да го купи неговото изгубено здравје.

Сметки за помош на Љупчо Силјаноски:

Девизна сметка - Iban code Mk, бр. на жиро сметка - 07210500004933857 - - НЛБ Тутунска Банка, А. Д. Скопје

Трансакциона сметка-денарска - бр. на жиро сметка - 210500004933857 - -НЛБ Тутунска Банка - А. Д. Скопје

Љупчо Силјаноски , ул. Крали Марко бр.10, 6000 Охрид


Се бараат доброволци/волонтери од градот Охрид за организирање и помагање на горе наведениот случај.Здружението веќе има превземано и работено на вакви акции(изнаоѓање на средства за операции и сл.) и доколку се овозможат соодветни услови за работа,овој случај ќе се земе во предвид како ,,приоритетна цел''-со Божја помош!Се молат сите заинтересирани да не’ контактираат.
 
 

Ве молам, сите да помогнеме како што можеме и колку што можеме, и ископирајте го текстов и испратете им го на сите на кои можете на е-меил и разгласете по форуми, интернет сајтови, медиуми (телевизија, радио) и кажете им на сите усмено!

 
 
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ
 
 


Изменето од mamamd - 15.Октомври.2009 во 06:09
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2009 во 13:54
Na kraj neshto ubavo
ПО АЛАРМОТ НА МЕДИУМИТЕ
Силјановски успешно опериран На Љупчо Силјаноски, 39-годишниот охриѓанец со тешка болест на срцето, пред три дена во Државната клиника за кардиологија му е вграден мулти сити пејсмејкер, на трошок на Фондот за здравство. Силјановски успешно ја поднел интервенцијата, се чувствува добро и вели дека деновиве веројатно ќе биде пуштен на домашно лекување. Имајќи ја предвид здравствената состојба на пациентот, кардиолозите во Државната болница, кардиохирургот Жан Митрев од Болницата за кардиохирургија „Филип Втори“ и министерот за здравство Бујар Османи оцениле дека оваа интервенција е најдобро решение за Силјаноски. Тој вели дека му било кажано оти неговото срце сега не е во состојба за трансплантација, па затоа му е вграден мулти сити пејсмејкер.
Љупчо Силјаноски пет години бараше излез за неговиот проблем низ болниците во државава и во Фондот за здравство. По алармот на телевизијата А1 и на „Време“, кои ја објавија сторијата за него, само за неколку дена државата најде решение за неговиот сериозен здравствен проблем.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 22:09
Зошто секоја убава акција мора да има и малку црно петно? Кој му наплатил на овој измачен човек? Зошто службите за социајлна грижа не реагирале експресно?
Силјаноски повторно е со неговото семејство
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.