од ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ.
39-годишниот Љупчо Силјаноски од Охрид пет години живее во пекол и безизлез, со проширено срце, што работи со капацитет под 20 проценти, тешко дише и не може да се движи, полн е со вода што го притиска, а без сон го остава мислата дека веќе не знае на која врата да тропне за помош.
Откако минал низ сите болници во земјава, Љупчо вели дека во Државната клиника за кардиологија не се нафаќале да му монтираат „мулти сити пејс мејкер“, бидејќи не му гарантирале дека операцијата ќе му помогне и дека неговото срце ќе издржи.
Сега и Фондот за здравство не ги покрива тие трошоци, па единствена можност е оваа скапа интервенција за Љупчо да се изврши во Кардиохирургијата „Филип Втори“ на Жан Митрев.
Со инвалидска пензија од 7.000 денари, родители инвалиди и три мали деца, единствено работи неговата сопруга за да ги врати позајмиците за лекувањето, Силјаноски веќе нема пари да го купи неговото изгубено здравје.
Сметки за помош на Љупчо Силјаноски:
Девизна сметка - Iban code Mk, бр. на жиро сметка - 07210500004933857 - - НЛБ Тутунска Банка, А. Д. Скопје
Трансакциона сметка-денарска - бр. на жиро сметка - 210500004933857 - -НЛБ Тутунска Банка - А. Д. Скопје
Љупчо Силјаноски , ул. Крали Марко бр.10, 6000 Охрид
Се бараат доброволци/волонтери од градот Охрид за организирање и помагање на горе наведениот случај.Здружението веќе има превземано и работено на вакви акции(изнаоѓање на средства за операции и сл.) и доколку се овозможат соодветни услови за работа,овој случај ќе се земе во предвид како ,,приоритетна цел''-со Божја помош!Се молат сите заинтересирани да не’ контактираат.
Ве молам, сите да помогнеме како што можеме и колку што можеме, и ископирајте го текстов и испратете им го на сите на кои можете на е-меил и разгласете по форуми, интернет сајтови, медиуми (телевизија, радио) и кажете им на сите усмено!
ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ
http://pravoslavnivrednosti.org.mk - http://pravoslavnivrednosti.org.mk
------------- Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
|