|
Изгореници |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се изгоревте? Еве што ќе ви помогнеМногу изгореници се последица на несреќни случаи во домаќинството. Поради топлината или разните хемикалии не е чудно ако се изгорите, но првото пружање на прва помош е од голема важност и кај силните и кај послабите изгореници. Кога ќе дојде до изгореници најпрво треба да го тргнете накитот или облеката кои можеби го притискаат критичниот дел. Првата помош кај изгорениците подразбира местото да го држите по вода најмалку 10 минути. Водата ќе ја разлади кожата и ќе го смири пецкањето. Доколку водата не ви е при рака од помош може да ви биде ладното млеко или ледениот чај или пак било која течност која не ја надразнува кожата. После тоа изгорениците треба да ги прекриете со стерилен, нелеплив завој или било каква чиста и сува ткаенина која добро впива. После пружање на прва помош изгорениците можат сами да зараснат, но во тоа можат да им помогнат и следните нешта: Маст од лавандаНанесете од маста на изгорениците и прекријте ја со завој, а ивиците зацврстете ги со фластер. Додавајте масло на секои два часа во текот на наредните 24, но не ја вадете газата. Масло од катранОва малсо уште одамна е познато како масло кое се нанесува на сите рани, па така и на изгорениците. Се користи за лечење на полесни изгорениции како и оние од сонце, со тоа што се нанесува на оштетеното место. Алое вераГел од Алое вера се користи така што се нанесува и на раната. Но и листото може да биде делотворен. Треба да го превиткате по должина, па сокот од него ќе се цеди на раната. Маст од невенДелотворен е кај изгорениците од сонце, како и останатите изгореници од мал степен, како што се од пегла, рерна и слично.Треба добро да се утрие на изгореното место и постапката да се повтори неколку пати во денот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Eli V.
Нов член Регистриран: 16.Јуни.2014 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zdravo Radmila, mozes li da mi kazes koe e imeto na taa mast od lisicina opaska i kade moze istata da se najde? Fala
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве јас ќе ти кажам бидејќи Рада очигледно нема да може. Веројатно си го рекламираше комшијата, станува збор за Живко Најдовски, има напишано книга за лековити билки и продава такви работи. Лично јас во ниеден случај не би земала на своја рака, без консултација со доктор. И таа маст, не е толку чудотворна како што ја опишува, колку за напомена. Пред некое време бев сведок на контраефект од таквите бабини лекови, така да од тогаш само проверени масти од проверени производители што можат да се најдат само во аптека. Ако нешто ми се случи, тужба не им бега. А ако сакаш контакт број од овој, има секаде по интернет. Пак ќе кажам, се што лета не се јаде. Со помин Ели.
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да не испадне јас сега овој Живко го бранам...
Но секако не треба скептично и кон овие бабини лекови да се гледа. Јас на една година толку сум бил радознал да видам што има во тенџерето што чури,па сум си го исипал врз десното рамо. Врел чај ми поминал,и баба ми ми рендала компир на местото. Па денес само на лактот малце скоро и неприметно имам мал белег, оти не можело таму да се задржи.Е она бог да си ја прости работеше во државна болница и таму и имале кажано да ме премачкуваат после тоа со кантарион (домашен потопен во зејтин,мислам така оди рецептот. Знам дека од тогаш и да нема година а мајка ми да не направи една тегла за недај боже).Па фала богу еве ме жив и здрав. Е сега навакви полукомерцијални масти и јас не би им верувал со цел памет од рекла казала. Е не ги тужев за невнимание,ама за памет да им дојде,таман сум презборел им се налутив и не им зборев после една година. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас од кантарион имам уплав, било да е домашен или од оние купечките
Таква алергиска реакција ми предизвика, што бев како изгорена. Цела рака црвена па и од ден на ден се прошируваше Е за тоа ниедна купечка маст не ми помогна, само домашна маст од невен. Пред неколку месеци на мајка ми нешто слично и се случило, ама не кантарион. Не знам што и дале да стави (не била дома и убаво се изгорела со кафе), ама кога ме викна да ја видам останав без зборови. Кантарионот се правеше со оној чајот, па се става во шишиња и се полни со масло. Се остава да отстои и после се користи. Ама од тогаш, не фала
Изменето од evangeline - 16.Јуни.2014 во 18:35 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |