Изгореници
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19661
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 11:50 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Изгореници
Постирано од: BisernA
Наслов: Изгореници
Датум на внесување: 18.Јули.2009 во 15:49
јекодерм му е мајката..... побарај во аптеки, има рипче на кутијата
|
Коментари:
Постирано од: Enigma
Датум на внесување: 18.Јули.2009 во 20:08
Dermazin mast za izgorenici e super,mnogu pomaga i ne ostava beleg
------------- Mojata dusha ne e pateka,da minesh i da zaminesh,mojata dusha ne e kamin da se zgreesh i da zaminesh,mojata dusha e bozji hram-vleguvash i ostanuvash tamu
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 18.Јули.2009 во 23:42
Кантарион отстоен во маслиново масло
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 19.Јули.2009 во 00:45
При површински изгореници веднаш треба да се реагира правилно
Термичките повреди или изгорениците спаѓаат во групата
најтешки повреди, кои оставаат големи последици, како физички и естетски нарушувања,
така и психички растројства. Според статистичките податоци, термичките повреди се
на прво место на листата повреди во домашни услови, при сообраќајни несреќи или
на работното место. Најчесто настануваат при намерно или случајно полевање со врела
вода, врело масло или слично, при пожар или врели пареи, повреди на работното место,
особено кај оператори на машини во производство и слично. Хемиските изгореници настануваат
при полевање со киселински или базни раствори, кои, пак, предизвикуваат хемиско
нагризување на ткивото создавајќи изгореница.
Сите изгореници без разлика на агенсот (материјата) што
ја предизвикал, го оштетуваат површинскиот слој на кожата (епидермот). Исто така,
делумно или целосно е нарушена структурата на поткожното ткиво, каде што се оштетуваат
градбените елементи, крвните садови и нервните завршетоци. Според општата класификација,
површинските изгореници се вбројуваат во термички повреди од втор степен. Веднаш
по повредата, изгореното место е црвено, со голем локален оток, силна болка и ограничени
движење на телото. Подоцна се формираат меури исполнети со бистра или крвава течност,
кои можат спонтано да пукнат. Ако е зафатена целата дебелина на поткожното ткиво,
болката не е толку силна и драматична, но изгорениот дел на телото има голем дефект
од изумрено ткиво со секреција на лимфа и крв од рабовите на раната. Општата состојба
на пациентот е лесно нарушена со слабост и вртоглавици, болна раздразливост, страв
од претрпениот шок при повредата, лесно покачена температура или, пак, треска со
чувство на жед. Доколку се пристапи веднаш кон лекување со прва помош, потоа со
правилен третман на раните, излекувањето е во период од 10 до 14 дена со минимални
белези, евентуално 25-30 дена кај компликуваните и подлабоки изгореници.
Лекувањето се состои во тоа веднаш по повредата пациентот
да се јави кај хирургот, кој во стерилни услови примарно ќе ја обработи раната со
отстранување на изумреното ткиво. Во првите неколку дена од акутната болна фаза
изгореното место треба да биде под специфична преврска за изгореници, која спречува
секундарна инфекција, го намалува губењето на течности и крвавењето од раната, силно
ја редуцира болката бидејќи движењата се ограничени. Се советува орално земање аналгетици,
антибиотици со широк спектар и витамини, како и пиење витамински напитоци.
По неколку дена се отстранува првата преврска при што веќе
почнала епителизацијата на површинските слоеви и ревитализација на длабоко поткожно
ткиво. Ако при контролните прегледи се увиди дека изгореницата не е секундарно инфицирана,
енергично се почнува битката за намалување на белегот или длабоката лузна. Но, ако
настанала инфекција со создавање гнојна содржина, потребно е земање брис од раната,
па според микробиолошката анализа и антибиограмот, се користат локални антибиотски
масти или раствори за уништување на бактериската инфекција во комбинација со орално
земената терапија.
На крајот од лекувањето, се стимулира процесот на регенерација
на ткивото со употреба на соодветни витамински креми. По еден месец од заздравувањето
се советува микродермоабразија.
Д-р сци. мед. Крсте Митаноски Специјалист по општа, пластична и по реконструктивна хирургија
Нате ...изгореници ...преставува широк поим.......објасни подетално нешто околу тоа како настанале , која површина е зафатена и колку се длабоки.....за да добиеш и соодветен одговор !!!
-------------
|
Постирано од: natasha-nate
Датум на внесување: 19.Јули.2009 во 01:16
znaci stanuva zbor za izgorenica na noga predizvikana od pegla, pa kazete sovet kako moze da ne ostane beleg, (nekoja mast i sl.)???
|
Постирано од: picky
Датум на внесување: 19.Јули.2009 во 03:24
Ima edna mast za takvi raboti, 100% ne ostanuva beleg, ali neznam dali ja ima ovdeka. Se vika JOMELOP, znam deka se koristi i za sekakvi drug ozilci, kako i za izgorenici od sonce! Brat mi ja imase kupeno od crna gora pred dve godini... Se nadevam deka ja ima i ovde!
eve link, za da vidite za sto se raboti: http://www.saljic.com/sr/home.html
------------- No expectations, no disappointments!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Јули.2009 во 23:00
Kontratubeks,mast za izgorenici i sekakov vid na luzni
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Јули.2009 во 08:06
natasha-nate напиша:
znaci stanuva zbor za izgorenica na noga predizvikana od pegla, pa kazete sovet kako moze da ne ostane beleg, (nekoja mast i sl.)??? |
Spored tvojot komentar se raboti za veke sanirana izgorenica tebe ednostavno te interesira da nemas posledica od nea vo estetski smisol , ete Valerija dobro ti predlozi so Contratubex mast , ednostavno povrsinskiot epitel ti e osteten i ti treba najmalku 3 meseci da sam so obnovi i veruvaj mi deka sekoja nedela postpeno ke se sanira samata
znaci treba vreme organizmot sam da go sredi toa...
-------------
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 20.Јули.2009 во 14:53
Јас имам добро искуство со мелемите, мастите изработени од треварката Матија Пауновски. Доста се делотворни.
Сепак за се треба прво консултација со лекар и да се утврди колку е оштетена кожата и што би било најдобро кон патот на нејзиното зацелување.
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 23.Јануари.2012 во 22:12
Луѓе има ли некој онлајн на форумов што би можел да ми каже што да ставам на изгореницата.
Пред пола саат се вратив од пат арно ама во текот на летањево се изгорев раката и еве сега ко се вратив ми рекоа дека нема да можам да летам наредни 2 дена и утре од сабајле морам да идам на доктор......моментално е 00:10 часот па ке мора да почекам до утре сабајле за да идам на лекар
Дај во меѓувреме кажувајте што да ставам на изгореницава да ја намалам малце.......При рака го имам Contractubex gel , ама не знам дали ке има ефект ако ставам од него
Поздрав и се надевам барем некоја чувствителна личност ќе пиши
-------------
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 23.Јануари.2012 во 22:19
Кај се изгоре бе
Истово ова што ќе го пишам го знам и од сопствено искуство, ама го копирам и не сносам одговорност за последиците...
Што да правите доколку се здобиете со изгореници
Во домот не демнат разни опсасности а секако дел од тие опасности се и ненадејните термички повреди. Дали се работи за изгореница од жешка вода, масло, печка, тостер, пегла итн. треба да се направат следниве постапки.
Прв чекор е да се спречи жешкиот ефект на изгореницата. За ова да се изведе треба изгорената регија да се потопи во ладна вода што побрзо. Ако изгореницата е дел од телото којшто не може да се потопи тогаш се истура ладна вода врз него. Битно е да се отсрани секаква облека која го покрива местото на изгореницата.
Не користете мраз. Зошто мразот може да предизвика оштетување и да ја влоши состојбата.
Следен чекор е да се користи ладната вода минимум 20 минути.
Не ставајте путер, маст или зејтин на раната.
Ако се работи за мало дете многу е веројатно дека нема да сака да му се полива изгореното место ладна вода. Меѓутоа подобро е да плаче 20 мин отколку да се влоши изгореницата.
Што после иницијалните 20 мин?
Ослободување од болката. Земете ибупрофен, тоа е нестероиден анти-инфламаторен лек.
Смитерете се или смирете го вашето дете.
Проценете го степенот на изгореницата. Има неколку типови на изгореници:
- Изгореници од прв степен, присутно е само црвенило и не остава лузна ако правилно се лекува
- Изгореници од втор степен, присутно е црвенило со меури на кожата и е поболно од изгореницата од прв степен. Со правилен третман скоро никогаш не останува лузна. НЕ ги оштетувајте меурите.
- Изгореници од трет степен, ова се случува кога повеќе слоеви од кожата се изгорени и нема појава на меури зошто ги нема и површинските слоеви на кожата. Оваа изгореница и со правилен третман остава лузна.
Дали да отидете на доктор?
Не сите изгореници имаат потреба од итна лекарска интервенција. Следи водич што треба да направите.
- Големи изгореници. Секоја изгореница на поголем дел од телото без разлика на степенот и треба итна лекарска интервенција. Тука се вклучени изгорениците на целиот грб, абдомен, или на цел екстремитет – рака или нога
- Изгореници на лицето. Треба да посетите лекар освен ако не се работи за многу мала изгореница со големина на мала паричка
- Изгореници од прв степен. Овие изгореници не побаруваат итна помош од лекар. Може после 24 часа да се јават меури што значи поминале во изгореници од втор степен.
- Изгореници од втор степен. Клучот за да се препознаат се меурите. Не е итна ситуација но добро би било да посетите лекар.
- Изгореници од трет степен. Потребен е итен лекарски третман.
Ако не сте сигурни од кој степен се изгорениците, тогаш појдете на лекар.
Како да се лекува изгореницата?
За изгорениците од прв степен не е потребена крема што се издава со рецепт. Не треба да користите ни антибиотска крема. Најдобар третман за овие изгореници е гел од алое вера. Земете 100 % алое гел. Некои гелови што пишува дека се направени од чиста алое вера содржат само 10% алое, затоа внимателно прочитајте ги состојките.
За изгорениците од втор степен е потребен покомплексен пристап. Ова побарува и консултација со лекар. Еве некои генерални постапки кои треба да ги направите два пати дневно
- Исчистете ја изгореницата со вода на пријатна температура. Ова ќе ги одстрани бактериите, мртвата кожа и дебрисот.
- Исушете ја со сув воздух
- Аплицирајте крем за изгореници. Тоа е и антибиотски крем кој има одлична зацелителна моќ и го спречува развитокот на инфекции. Треба да го аплицирате кремот асептично, затоа купете си стерилни гази за нанесување и ставете завој на местото. Користете поголема количина на крем, не ја штедете. Кога ќе го менувате завојот ако нема од кремата значи не сте ставиле доволно.
- Ако изгореницата е на некое место кое се истегнува како на пример на дланката постои опасност кожата на местото на изгореницата да биде премногу стегната откако ќе зарасне. Тоа се вика контрактура. Затоа треба кожата на тоа место да се истегне минимум десет пати на ден по една минута.
- Исечете го меурот - откако меурот сам ке пукне. Вашиот лекар може да ја одстрани мртвата кожа која останала. Со ова ќе се превенира инфекција и ќе се забрза лекувањето.
Изгореници од трет степен. Поради сериозноста и потенцијалноста од појава на лузна од овој тип на изгореница препорачливо е веднаш да се упатите во ургентниот центар за иницијален третман.
Колку долго треба да се користат кремот, гелот и завоите?
Ако лекувате изгореница од прв степен со алое треба да се користи само неколку дена. Ако се лекува изгореница од втор степен треба да се консултирате со вашиот лекар кога да го прекинете третманот. Откако оштетената кожа ќе се одстрани ќе се појави црвенеста кожа која ќе премине во розева.
Во овој период може веќе да прекинете со употребата на кремот и завоите. Изгорената кожа е многу чувствителна на сонце и може перманетно да остане дисколорирана. Затоа користете крема за сонце на местото на изгореницата најмалку 6 месеци по нејзиното зараснување.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 24.Јануари.2012 во 12:30
annaja напиша:
Од мое искуство за изгореници нај ефикасен лек е кантарјон,и тоа по можност одма да се намачка изгореницата. |
Точно така кантарионот многу помага. Јас во средно се здобив со изгореница над коленото и мајка ми веднаш ми даде кантарион, постојано се мачкав само со него, не ни отидов на лекар. Откако поминаа неколку месеци ми заздраве местото, но бев многу разочарана бидејќи се познаваше белег, кој не беше баш мал. Со тек на годините почна да бледее белегот и еве денес не се познава воопшто.
------------- »Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 25.Јануари.2012 во 11:11
Се зависи од кој степен е изгореницата,па према тоа соодветен третман. Ако има само црвенило се работи за изгореница од прв степен,ако има меур тогаш тоа е изгореница од втор степен и ако се гледа поткожно ткиво тогаш тоа е поголем степен на изгореница.
Превентивна мерка во домашни услови е држење на изгорениот дел под млаз студена вода,а потоа консултација со лекар. Кај изгореници од втор,трет степен се прават вазелински преврски првите неколку дена за да не дојде до неасакани инфекции и се прима орално антибиотик. После третманот со вазелински преврски ,може да се користат кантарионови уља,разни масти за епителизација на оштетената кожа.
Искрено се надевам дека кај нашата Минди се работи за изгореница без посериозно оштетување на површината на кожата. Минди мила, извести не како си,се надевам можеш да типкаш?!
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Radmila Rada
Датум на внесување: 29.Декември.2013 во 22:48
Сум користела една розева маст од лисичина опашка... Се имав потурено со врела вода на стапалото и имав огромен меур. Се мачкав со таа маст- татко ми ми ја донесе од некој што прави масти во Битола и верувајте сега не знам да ви кажам ни на која нога беше тоа... Исчезна се, и меурот за еден ден и црвенилото за некој месец дена и белегот
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Февруари.2014 во 15:34
Се изгоревте? Еве што ќе ви помогне
Многу изгореници се последица на несреќни случаи во домаќинството. Поради
топлината или разните хемикалии не е чудно ако се изгорите, но првото
пружање на прва помош е од голема важност и кај силните и кај послабите
изгореници.
Кога ќе дојде до изгореници најпрво треба да го тргнете накитот или облеката кои можеби го притискаат критичниот дел.
Првата помош кај изгорениците подразбира местото да го држите по вода
најмалку 10 минути. Водата ќе ја разлади кожата и ќе го смири
пецкањето. Доколку водата не ви е при рака од помош може да ви биде
ладното млеко или ледениот чај или пак било која течност која не ја
надразнува кожата. После тоа изгорениците треба да ги прекриете со
стерилен, нелеплив завој или било каква чиста и сува ткаенина која добро
впива.
После пружање на прва помош изгорениците можат сами да зараснат, но во тоа можат да им помогнат и следните нешта:
Маст од лаванда
Нанесете од маста на изгорениците и прекријте ја со завој, а ивиците
зацврстете ги со фластер. Додавајте масло на секои два часа во текот на
наредните 24, но не ја вадете газата.
Масло од катран
Ова малсо уште одамна е познато како масло кое се нанесува на сите
рани, па така и на изгорениците. Се користи за лечење на полесни
изгорениции како и оние од сонце, со тоа што се нанесува на оштетеното
место.
Алое вера
Гел од Алое вера се користи така што се нанесува и на раната. Но и
листото може да биде делотворен. Треба да го превиткате по должина, па
сокот од него ќе се цеди на раната.
Маст од невен
Делотворен е кај изгорениците од сонце, како и останатите изгореници
од мал степен, како што се од пегла, рерна и слично.Треба добро да се
утрие на изгореното место и постапката да се повтори неколку пати во
денот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Eli V.
Датум на внесување: 16.Јуни.2014 во 16:10
Zdravo Radmila, mozes li da mi kazes koe e imeto na taa mast od lisicina opaska i kade moze istata da se najde? Fala
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Јуни.2014 во 18:06
Eli V. напиша:
Zdravo Radmila, mozes li da mi kazes koe e imeto na taa mast od lisicina opaska i kade moze istata da se najde? Fala |
Еве јас ќе ти кажам бидејќи Рада очигледно нема да може. Веројатно си го рекламираше комшијата, станува збор за Живко Најдовски, има напишано книга за лековити билки и продава такви работи. Лично јас во ниеден случај не би земала на своја рака, без консултација со доктор. И таа маст, не е толку чудотворна како што ја опишува, колку за напомена.
Пред некое време бев сведок на контраефект од таквите бабини лекови, така да од тогаш само проверени масти од проверени производители што можат да се најдат само во аптека. Ако нешто ми се случи, тужба не им бега. А ако сакаш контакт број од овој, има секаде по интернет. Пак ќе кажам, се што лета не се јаде. Со помин Ели.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 16.Јуни.2014 во 18:26
Да не испадне јас сега овој Живко го бранам... Но секако не треба скептично и кон овие бабини лекови да се гледа. Јас на една година толку сум бил радознал да видам што има во тенџерето што чури,па сум си го исипал врз десното рамо. Врел чај ми поминал,и баба ми ми рендала компир на местото. Па денес само на лактот малце скоро и неприметно имам мал белег, оти не можело таму да се задржи.Е она бог да си ја прости работеше во државна болница и таму и имале кажано да ме премачкуваат после тоа со кантарион (домашен потопен во зејтин,мислам така оди рецептот. Знам дека од тогаш и да нема година а мајка ми да не направи една тегла за недај боже).Па фала богу еве ме жив и здрав. Е сега навакви полукомерцијални масти и јас не би им верувал со цел памет од рекла казала. Е не ги тужев за невнимание,ама за памет да им дојде,таман сум презборел им се налутив и не им зборев после една година.
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Јуни.2014 во 18:34
Јас од кантарион имам уплав, било да е домашен или од оние купечкитеТаква алергиска реакција ми предизвика, што бев како изгорена. Цела рака црвена па и од ден на ден се прошируваше Е за тоа ниедна купечка маст не ми помогна, само домашна маст од невен. Пред неколку месеци на мајка ми нешто слично и се случило, ама не кантарион. Не знам што и дале да стави (не била дома и убаво се изгорела со кафе), ама кога ме викна да ја видам останав без зборови. Кантарионот се правеше со оној чајот, па се става во шишиња и се полни со масло. Се остава да отстои и после се користи. Ама од тогаш, не фала
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
|