|
[Предизвик] Сочуство во акција! |
Внеси реплика |
Автор | |
VasilK
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 28.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 27 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 29.Јуни.2009 во 11:29 |
„Кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној, Кој Ме пратил.”
- Евангелие по Марко 9:37, Библијата Здраво драги браќа и сестри! Би сакал да споделам нешто со вас еден проект / акција за која дознав пред некоја недела: Compassion International Целта е ослободување на децата од сиромаштија во име на Исус. Проектот е започнат во 50тите години (во Кореа) и моментално се поддржуват повеќе од 1 милион деца во 25те најсиромашни земји низ целиот свет. Замислата е воспоставување на долгорочна врска помеѓу едно дете од најсиромашните држави со еден човек од другата страна - луѓе како нас! Тука може да видите и 2 од многу сведоштва на деца кои израснале како дел од овој проект: - Раф од Филипините - Михаела од Филипините И сега... некој би се замислил што имаме ние (граѓаните на Р. Македонија - особено христијаните) врска со овa? Како би можеле ние да помогнеме, а живееме во таква сиромашна држава? Ако ја посетите страната Global Rich List и ја внесете просечната македонска плата од 300евра месечно, ќе го добието ова: Значи, во целиот свет ние сме во 15тете проценти на најбогати луѓе... или сликовитo, ако сте во друштво со 10 луѓе од целиот свет, само 1 од тие 10 ќе се побогати од вас. И сега, предизвикот до нас: браќата и сестрите во Исус - дали и што можеме ние да направиме во врска со ова? Дали би можеле и во пракса да го ставиме учењето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос? Ова е само една опција - има и многу други... а нормално, да не заборавиме и за луѓето во потреба од нашето маало, град и низ Македонија. Поздрав и Божји благослов! Васил |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |