[Предизвик] Сочуство во акција!
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Хуманост на дело
Опис на форумот: Љубовта ќе го спаси светот! Човечноста спасува, олеснува и облагородува животи! ДоброЧинителството мотивира да живееме за доброто на другите! Овие три нека бидат смисла на нашитe животи.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19507
Датум на принтање: 07.Јануари.2025 во 04:29 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: [Предизвик] Сочуство во акција!
Постирано од: VasilK
Наслов: [Предизвик] Сочуство во акција!
Датум на внесување: 29.Јуни.2009 во 11:29
„Кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној, Кој Ме пратил.”
- Евангелие по Марко 9:37, Библијата
Здраво драги браќа и сестри!
Би сакал да споделам нешто со вас еден проект / акција за која дознав пред некоја недела: http://www.compassion.com - Compassion International
Целта е ослободување на децата од сиромаштија во име на Исус. Проектот е започнат во 50тите години (во Кореа) и моментално се поддржуват повеќе од 1 милион деца во 25те најсиромашни земји низ целиот свет. Замислата е воспоставување на долгорочна врска помеѓу едно дете од најсиромашните држави со еден човек од другата страна - луѓе како нас!
Тука може да видите и 2 од многу сведоштва на деца кои израснале како дел од овој проект:
- http://www.youtube.com/watch?v=13R2_XUX0ig - Раф од Филипините
- http://www.youtube.com/watch?v=15PkhdfAKQw - Михаела од Филипините
И сега... некој би се замислил што имаме ние (граѓаните на Р. Македонија - особено христијаните) врска со овa? Како би можеле ние да помогнеме, а живееме во таква сиромашна држава? Ако ја посетите страната http://www.globalrichlist.com/ - Global Rich List и ја внесете просечната македонска плата од 300евра месечно, ќе го добието ова:
Значи, во целиот свет ние сме во 15тете проценти на најбогати луѓе... или сликовитo, ако сте во друштво со 10 луѓе од целиот свет, само 1 од тие 10 ќе се побогати од вас.
И сега, предизвикот до нас: браќата и сестрите во Исус - дали и што можеме ние да направиме во врска со ова? Дали би можеле и во пракса да го ставиме учењето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос? Ова е само една опција - има и многу други... а нормално, да не заборавиме и за луѓето во потреба од нашето маало, град и низ Македонија.
Поздрав и Божји благослов!
Васил
-------------
http://www.compassion.com/sponsor_a_child/default.htm - Sponsor a child!
|
|