IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Турцизми
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Турцизми

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 151617
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2013 во 19:12
таман
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2013 во 01:12
талаз
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2013 во 15:48
Дерман
I just wanna feel real love.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 12:56
Гајтан - Кабел
(оттука доаѓа она: телефон на турски - Абер гајтан.намигнување)

Често слушаме „ алаверс’н да добиеш“
Тоа буквално значи: „Дај боже ти да добиеш“
Алла - бог (Алах)
Вер - дава
Сен - ти


Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

а кога некој ти звони на секои пет минути и не те остава да преспиеш како се виказбунетост
а Кејт?
а анасаналутина

Тоа анасана буквално значи: „Мајката твоја“ Всушност тоа им е и еден вид пцовка.
Ана - мајка
Сана - тебе, твоја

Ај од мене уште едно објаснување.
Веројатно постарите знаат што е ѕембил, но дали го знаете кое е потеклото на тој збор?
Ѕембил (или некаде ѕембел) е вид плетена торба од суви танки трски, која од внатрешната страна е обложена со платно, така да неможе да се види што се носи внатре.
Е, токму оваа особина го дава името:
Сен - ти
бил - (скратено од билмес’н) - незнаеш
Па имаме: Сен-бил - ти незнаеш (што носам во торбата).
Со тек на време во изговорот „с“ - сенбил, преминува во „ѕ“ - ѕембил.

Овој збор често (барем во Велес) се користи за некој дебел човек, со голем стомак како ѕембел.среќа


Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
kocko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kocko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 15:44
surtuk eden!
Бог да чува!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2013 во 10:58
kалабалак
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2014 во 18:13
мараба(здраво) 
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2014 во 18:42

Македонскиот јазик содржи три илјади турцизми

 
Архаизмите се богатство на секој јазик. Tие се сведоштво за културата, историјата и општеството во кое што живеел народот во минатото. Тие не се никакво „зло“ од кое треба што побрзо да се ослободиме (а и не можеме да се ослободиме), туку имаат незаменлива стилска улога и вредност.
 
Тие го богатат, а не го осиромашуваат јазикот. Но, тие си имаат свое место и начин на употреба, кои треба да се почитуваат.

Архаизмите се симбол за компексноста на националниот идентитет, токму со нив јазикот го брани сопствениот континуитет и контиунитетот на корените, традицијата, културата, уметничките, а и творечките вредности и достоинства на народот што го зборува.

Јазикот е жива, аморфна материја, која се менува како што се менува општеството и животните услови. Тој е отворен кон влијанијата на остантите култури и јазици, исто како што се подложни на влијание и луѓето кои го говорат.

Значи, токму луѓето се оние кои го креираат јазикот и тие ја имаат таа одговорност да влијаат на неговото богатење или осиромашување.


Зборови со турско потекло

Општо прифатено е гледиштето дека во македонскиот јазик, многу зборови имаат потекло од јазикот на Турците, т.е. тие се во нашиот јазик останати како реликвија од Османлиското владеење на овие простори. Значи, зборуваме за период не од неколку години, туку од 5 века влијание, коегзистенцирање, па и мешање.

Според некои лингвистички анализи, во македонскиот јазик се избројани околу три илјади турцизми. Но, и Турците презеле зборови од словенските јазици. Според информациите, повеќе од 300 зборови се користат во турскиот јазик, а имаат потекло од словенските јазици.

Положбата на турцизмите во македонскиот јазик е различна и зависи од карактерот, значењето на самиот збор и неговата стабилна поставеност во стандардниот јазик.

Во одреден број случаеви заменување на некои турцизми со македонски збор не е возможно, тоа особено  се поими што означуваат предмети, поими или односи во секојдневниот живот.

Тоа е така, бидејќи таквите зборови станале неразделен дел од македонската лексика. Ние, всушност, на нив и не гледаме како некои туѓи зборови, туку се прифатени во нашиот јазик и како такви, рамо до рамо, функционираат во македонскиот стандарден говор.

Македонците толку „сраснале“ со овие турски зборови, така што не се ни свесни дека и некои, навидум, обични зборови имаат турско потекло. Такви се на пример: „ѓезве“, „филџан“, „папучи“.... Овие зборови се дел од активниот зборовен фонд на стандардниот македонски јазик.

Добар дел од турцизмите не се веќе во употреба во македонскиот јазик, поради промената на општествениот поредок и систем во општеството, како на пример, зборовите: ефендија, кадија, чифлик, авлија, везир, кадија.  

Како што можете да забележите, овие зборови се, пак, неразделен дел од уметничките форми (филмови, песни, народни приказни, раскази) кои ја обработуваат тематиката на животот на македонскиот народ во периодот кога бил под османлиска власт. Денеска, пак, можеме да кажеме дека тие на некој начин повторно „воскреснуваат“ во нашето секојдневие, поради големата експанзија на турските серии во македонскиот телевизиски етер.

Но, дури и денес има турцизми, кои активно се употребуваат во македонскиот јазик, особено во разговорниот стил, а ние имаме соодветна замена за тој збор во македонскиот јазик, како на пример зборовите „патлиџан“, „аман“, „сурат“, „фаца“...

Тие се дел од разговорниот јазик и му даваат посебна специфика на истиот. Но, додека намерно и свесно се користат за стил и за доловување на некој амбиент- можеме да кажеме дека се „безопасни“, но проблемот настанува кога ќе почнеме да ги употребуваме  во области каде што неопходен е официјалниот и стандарден јазик (култура, уметност, медиуми, парламент, училишта).

Еден од највлијателните турколози на Балканот, Амина Шиљак Јесенковиќ, потсетува дека османското царство било распространето на овие простори во текот на 500 години и дека влијанието од нивното владеење се забележува и денес.

„Кога зборуваме за јазичните интерференции тоа е голем простор и голем дијапазон на лексика која од еден јазик, во меѓујазичен контакт, влијае на другиот“, истакнала Шиљак.

Шиљак истакнала дека квантитетот на турцизмите кои ги употребуваме во секојдневниот говор, зависи од социокултурните средини и старосната доба, нагласувајќи дека тоа е веќе социолингвистичка тема.

„Во зависност од тоа дали сте пораснале во некое маало или во некоја урбана средина, во куќа или во зграда, од тоа што сте читале, такво ќе биде и вашето јазично знаење“, додава Шиљак.

Така што постарите Македонци и оние што пораснале со македонските народни приказни и со расказите и приказните кои го обработуваат ова време, секако, дека ќе поседуваат (свесно или несвесно) повеќе турцизми во својот секојденевен говор.


Турцизми – дел од литературниот јазик

Денес во Македонија живеат околу 80 илјади Турци, но двата народа биле заедно доволно долго, за да си пренесат едни на други дел од своето однесување и животните навики. Па, можеме да кажеме дека турската култура е сé уште присутна во Македонија. Така, последниот турски војник замина од Македонија пред многу, многу години, но овде денот сé уште започнува со турско кафе.


500 години заеднички живот (ако можеме така да кажеме), секако дека ќе имаат взаемно влијание и претопување и на културите и на традициите, па и на јазикот.

Зборови со турски корен (според лингвистите) се: јастук, јорган, шеќер, ѓезве, тепсија, тава, чорапи, бавча, калдрма, филџан, чорба, чаршав, папучи, алат, ајвар, бакар, баклава, бакшиш, барут, боза, боја, бурек, будала, ѓубре, занат, зејтин, јогурт, инат, качамак, кутија, кула, мерак, мираз, памук, пазар, сарма, сокак, сапун, тулумба, торба, челик, чешма, ќебап, кофте, џеб..... и многу, многу други.

Сето ова се зборови кои се наразделен дел од нашата лексика, но се или чисто турски или зборови со турски корен, кои сé уште се употребуваат не само во Македонија, туку и на целиот Балкан, а се прифатени и сплотени како дел од стандардниот литературен јазик.

Да избегаме да ги користиме овие турцизми- не можеме, бидејќи нема соодветен збор во нашиот јазик со кој би биле заменети, па затоа тие веќе не се сметаат како „туѓинци“, туку како „домашни“.


Турцизми-дел од дијалектот


Османлиите оставиле печат на Балканот – на народот, на јазикот, на културата. Па, Македонците употребуваат турски зборови, а не се ни свесни за тоа. Ова особено е застапено во дијалектите и разговорниот стил на македонскиот јазик.

На сите ни е позната анегдотата:

„ - Дали зборуваш турски!

- Ма, јок!“

Кратко и сатирично прикажување за состојбата во нашиот говор. Значи, во македонскиот јазик, несвесно, до ден денес употребуваме многу турцизми.

Беќар, аман, сурат, фаца, џенем, дуќан, еснаф, комшија, машала, ајдук, арамија, џам, креч, пекмез..... се само дел од зборовите, кои постојано ги слушаме во секојдевната комуникација.

Турцизмите се наразделив дел од дијалектите во Македонија. Да се разбереме- точно е дека дијалектите се една од најзначајните специфики на македонскиот јазик, дека тие се перфектни за емотивно боење, давање шарм и карактер на менаталитетот и општествениот живот на поединците, кои го говорат.

И дека, како такви дијалектите треба да се чуваат и негуваат како големо богатство на јазикот. Но, мораме да разбереме дека има место и време за дијалектите, а има место и време каде неоспорна е употреба на чист литературен македонски јазик, кој исто така треба да го негуваме и чуваме.

Овие турцизми до некаде се прифатливи во дијалектните форми на разговорниот јазик. Во ред е еден пријател да му се пожали на друг: „Комшијата ми го скрши џамот“ или „Арамија ми влегол во дуќанот“. Но, кога случката се пренесува на информативните програми, така наречените, вести, тогаш треба да кажат „Соседот го скршил прозорецот“ или „Крадец влегол во продавницата или работилницата“. Но, дали е тоа така?! Не!

Сведоци сме дека македонскиот литературен јазик се „валка“ на места каде што не е прифатливо тоа да се прави: во медиумите, училиштата, државните инситуции, па дури и од собраниската говорница.

Со оваа постапка всушност, несвесно се влијае кон отфлање на македонскиот збор и прифаќање на другот, туѓиот, а со таа постапка се осиромашува и повредува нашиот говор и нашиот идентитет.

Села и градови со турски имиња

Денеска во Македонија можат да се сретнат топоними со чисто или делумно турско потекло, кои и ден денес така функционираат. Така на пример, Карабуниште е мало село сместено во северозападниот дел на Општина Велес. Селото  е многу мало и е на пат да се расели. Имено, во него живеат само 4 луѓе, Македонци.

Потеклото на името на селото е составено од два збора- кара (турски:црно) и буниште (синоним за македонските зборови ѓубриште или латинизмот депонија). Во својот напис за „Цариградски весник“, од 7 март 1859 година, под наслов „Велес - статистическо описание“, македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов – Џинот, запишал дека селото е населено само со турско население. Оттука и не е чудно што ова село има турско име.

Значи, за времето на Отоманската империја, голем број на Турци се доселиле во Македонија и тука живееле дури и со векови, па логично е да одредени села и градови добивале имиња според нивниот јазик и говор.

Имено, во тоа време немало македонска дражава, ниту власт, ниту одредени структури, кои би се грижеле за македонскиот јазик, а топонимите својот назив не го добиле така одеднаш, со некој султански декрет или наредба, туку топонимите полека се формирале, зависно од карактеристиките на одреденото место.

Така, на пример, селото село Кури Дере, кое кај многумина што не слушнале за коренот на овој топоним предизвикува реакција на смеење или чудење, значи „сув дол“ и е со турско потекло. „Кури“ значи сув, „дере“ е дол. Па, кога ги прашувале Турците (во тоа време), каде живеат тие одговарале кај сувиот дол (кури дере), па така со текот на времето и ова име било „наметнато“ на селото.

Така, Мустафино е село во Општина Свети Николе. А, името потекнува од турското лично име Мустафа (значи, селото на Мустафа). Името  на селoто Мајден (Тиквешко)  е добиено со директна топонимизација на турскиот збор „маден“. Значењето на лексемата „маден“ е -рудник, руда или метал. Името  на селoто Чифлик (Тиквешко), е добиено со директна топонимизација на турскиот лексем „чифлик“. Значењето на лексемата чифлик, која потекнува од турскиот апелатив „чифтлик“, е со значењето „имот, посед“.

Караорман е македонска средновисока планина, што се протега во западниот дел на Македонија. Името на планината потекнува од турските зборови „кара“ – црна и „орман“ – планина. Оваа планина е многу пошумена, по што го добила и името. Исто така, Стар Караорман е село во општина Штип. Исто и тука се сретнува името Караорман, но напред е додаден македонскиот збор „стар“.

Демир Капија е македонски град, но тој има половично турски назив. Ова име е сложено име составено од турската придавката „демир“ со значење „железен“ и именката „капија“. Името Демир Капија во превод би гласело „железна капија“, но тоа не значи дека овде буквално постоела некаква железна капија, туку името е метафорично и означува „непристапно, опасно место за премин“. Таков е случајот и со името на македонскиот град Демир Хисар, што во превод би гласел „железна тврдина“.

Според некои лингвисти, името (топонимот) Гевгелија (Гевгели) најверојатно потекнува од турскиот збор „ѓолгели”, што значи место во кое има многу сенки (сенчесто место), т.е. место во кое има дебели сенки. Во прилог на ова говори и фактот што во Гевгелија имало и има многу стари, високи и разгранети дрвја, а особено црница.

Исто така, друга теорија за потеклото на името ја споменува најраспространетата легенда, поврзана со турскиот дервиш, кој дошол да се одмори накратко во овој град, но, бидејќи местото многу му се допаднало, решил да остане подолго време. На заминување, жителите на местото, за да не го предизвикаат неговиот гнев, му отпоздравувале со „ела назад” (Гел-гери).

Планините Даутица и Јакупица, го добиле називот од имињата Дауд и Јакуб. Потоа, тука се вбројува и планината Кораб. Кораб значи брод и е збор од арапско потекло. Тука се сместуваат и селата Амзабегово, Визбегово, Јурумлери во скопско,  а и селото Ерековци, прилепско. Ерек на турски значи слива. Вакви примери има многу.

Зошто топонимите не се смениле?

Периодот од историјата на Отоманската империја од 1908 до 1922 година е познат како периот на распаѓање на империјата. Претходно, пред крајот на 19 век, на Балканот биле создадени три нови држави: Грција, Бугарија и Србија. Турските војски се повлекле од Балканот, а со тоа и некои топоними си го вратиле словенскиот корен, но некои останале непроменети. Зошто?

Како што реков претходно, топонимите се создадени од народот, а не од државата (тогашната Отоманска империја) и тие зависеле, а и денеска сé уште зависат, од употребата на населението.

Ако неколку века селото се нарекувало, на пример Инџиково, и како такво народот го знае и распознава, тогаш тоа име е сполтено во колективната меморија на населението и не  е едноставно да се избрише. Замислете само колку време ни беше потребно од Титов Велес, да се навикнеме да викаме Велес, а да не зборувам за целосно преименување на селата, градовите, реките...

Значи, тие топоними се врежани кај македонскиот народ и на нив не се гледа како на име со турски корен, туку е прифатен називот како македонски топоним.

Од друга страна, пак, со заминувањето на Турците, голготата на македонскиот народ не завршила, иако почнале да се формираат држави на Балканот, македонска држава не била формирана, таа од едни канџи пропаднала во други.

Така што, во услови на немање на слобода, последно нешто на ум им било заштита и негување на мајчиниот јазик, а всушност и се немало услови за истиот, како што се имало во другите соседни земји Србија, Бугарија и Грција, кои биле целосно слободни.

Македонија се формира како посебна држава дури по Втората светска војна, во 1945- та година, како дел од тогашната Југославија, а тогаш и многу години после тоа- приоритетот е даден на изградба и обнова на државата. Под рамките на тогашната федерација, македонскиот јазик- иако признаен, сепак, се движел во сенка на српско-хрватскиот јазик, кој бил официјален јазик на државата и задолжителен за сите граѓани на Југославија.

Додека Македонија да стигне до целосна независност во 1991-та година, немало никаква грижа, ниту, пак, внимание за употребата и влијанието врз македонскиот јазик. Дури во 1998-та година е донесен Закон за употреба и заштита на македонскиот јазик. Значи дури во 1998-та година се посвети внимание на јазикот и неговото користење.

Сите топоними, туѓи зборови дотогаш беа толку сплотени во нашиот говор, што немаше ни поента, ниту логика да со некаков закон тие присилно (бидејќи веќе беа прифатени кај народот) да се менуваат.

Денес во македонскиот јазик, при службена и општа употреба, најмногу преку средствата за широко општење, се мешаат туѓи зборови, кои сме ги прифатиле и одомаќиниле од минатото во секојдневниот говор.

Во службениот македонски јазик се вметнати голем број латинизми, англицизми, грцизми, германизми, србизми, турцизми итн. Народот ги прифатил, бидејќи немал свое државно уредување да го штити сопствениот јазик, па така тие станале дел од него.

Дали прифаќањето на овие зборови во нашиот јазик е позитивна или негативна работа- не би можела да кажам. Можам да кажам само дека тоа е релната состојба во јазикот.

Можеби, ако во минатото турските топоними биле заменети со македонски, тоа би ја подобрило позицијата на македонскиот јазик, но секако, би ја изгубило традицијата и приказните поврзани со тоа место, би ја изгубило спецификата и карактеристиките на градот, селото, планината што топонимите ги означуваат.

Дали се почитува законот за заштита на јазикот?


Во Законот за употребата на македонскиот јазик точно стои: „Заштитата, унапредувањето и збогатувањето на македонскиот јазик опфаќаат особено - поттикнување на грижата за употреба на македонскиот јазик во средствата за широко општење, особено преку печатот, радиото и телевизијата; избегнување употреба на туѓи изрази и заемки, односно, по можност, нивна замена со соодветни изрази од македонскиот јазик; зацврстување на потребата од зголемена општествена и лична грижа за битието и природата на македонскиот јазик во јавното општење; поддршка на македонскиот јазик во светот“.

Но, дали и денеска овој закон се почитува? Сведоци сме дека официјалните институции и форми го валкаат- наместо да го негуваат македонскиот литературен јазик.

Србизми, турцизми, сленгови, секојдневно зрачат од тв-приемниците, во весниците, во адмистаративните институции, во парламентот.

Многу грешки се прават во забавните емисии, квизови, шоу програмите и музичките емисии, во музичките нумери, но за жал литературниот јазик не се практикува ниту во информативните изданија, дури и на вестите.

Некои од нив го нудат аргументот дека македонскиот јазик бил сиромашен и заради тоа морале да се служат со србизми, интеранционализми, турцизми.

Или, пак, дека корстат дијалекти за да се доближат до македонскиот граѓанин.  Но, тоа не го прифаќаат јазичарите. Тие тврдат дека македонскиот јазик изобилува со зборови, кои малку ги познаваме, а користејќи вакви туѓи зборови, тие, за жал, почнуваат и да исчезнуваат.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2014 во 18:43
Имаме ли турцизми во јазикот? Ма јок!

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2014 во 19:05
Originally posted by Calipso Calipso напиша:

Имаме ли турцизми во јазикот? Ма јок!

 

Зарем има некој дека си мисли поинаку ?
Кон врв
sikter Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 650
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sikter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2014 во 23:47
faca turcizam?!ма ајде

bash bi sakal da znam od koj turski zbor e izveden?

toj zbor pred nekolku decenii edvaj i da go imalo vo sekojdnevniot (raz)govor.

pre bi rekol deka e od ona ( chie li beshe?голема насмевка) ......face.


Изменето од sikter - 22.Февруари.2014 во 23:49
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 22:13
Есап, 
јалнаш
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 151617
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.