IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Венко Марковски (Венијамин Миланов Тошев)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Венко Марковски (Венијамин Миланов Тошев)

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Венко Марковски (Венијамин Миланов Тошев)
    Испратена: 21.Февруари.2009 во 09:54
I mesto moe kazuvanje za vrakjanjeto na Venko Markovski vo ucebnicite na Makedonija napisot na Katerina Blazevska vo Dnevnik.
Патриот
(На Зафира и Спира)

На овои тажен век
сал еден видоф кот...
От бубаќ е помек
Се вика патриот...
За народ душа бере,
А народ вечно дере,
и в гради сал се бие,
и свето лице крие
опретано у крф!

И пости секои пос,
и оди гол и бос,
и нема празник тои
до олтар да не стои...
Со радост свеќи пали,
От срце мртви жали
и ропски Бога слуша,
низ вера чисти душа
и лази како црф!

(Од стихозбирката „Огинот“)

Македонец во Софија

Венко Марковски (Венијамин Миланов Тошев) е роден на 15 март 1915 година во Скопје, каде што завршил основно и средно образование, а славјанска филологија на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија. Од 1932 до 1934 година е член и еден од основачите на Македонската младинска револуционерна организација. Во 1937 година емигрирал во Софија, каде што една година подоцна на македонски народен јазик ги објавил стихозбирките „Народни бигори“ и „Огинот“. Во текот на Втората светска војна се вратил во Македонија.

Станал член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, потоа делегат на Второто заседание на АВНОЈ и член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ. По војната дошол во судир со властите, по што бил затворен на Голи Оток. Но и по издржувањето на казната, постојано и бескрупулозно бил малтретиран и сосила туркан кон Бугарија. По дведецениски притисок, во 1967 година емигрирал во Бугарија. Неговата изјава „Од Скопје дојдов како Бугарин, во Софија станав Македонец“, најсликовито ја опишува неговата судбина. Почина во 1988 година во Софија.

Блаже Миневски: Да го вратиме во нашата книжевност

Блаже Миневски, новинар што во неделникот „Фокус“ објавува серијал за начинот и околностите во кои е извршен прогонот на Венко Марковски, е изненаден од сознанието дека органи на поетот се чуваат во музеј во Софија.

„Ако срцето и мозокот навистина се чуваат во формалин во некој музеј во Софија, тогаш барањето на Филимена Марковска за рехабилитација на нејзиниот сопруг Венко во Македонија има не само формална туку и метафорична смисла. Според она што го пишувал од 1938 до 1966 година, неговото срце и мозок се во Македонија. Затоа академик Георги Старделов во предговорот на книгата за основоположниците на современата македонска поезија рече дека „неговата поетска имагинација најнепосредно и најдлабоко е поврзана со земјата македонска“.

 Кога не би било така, Венко не би имал потреба уште во 1938 година првите две стихозбирки на современата македонска поезија, „Народни бигори“ и „Огинот“, да ги објави во Софија на македонски јазик. Податокот дека некој сака да го зачува неговото срце и мозок, надвор од неговата поезија, сам по себе зборува за бизарноста на животот во времето кога вистината се чуваше во формалин. Сметам дека срцето и мозокот треба да му се вратат на Венко таму каде што е сега, во скромниот дел на Централните софиски гробишта, далеку од Алејата на заслужните граѓани на Бугарија. Нашата, пак, обврска е многу полесна: ние треба да го вратиме Венко во нашата книжевност со она што го напиша пред да го изгуби или пред да му го одземат „срцето“.

a koj saka povekje moze da procita tuka

Срцето на Венко во тегла со формалин

...no toj del od napisot e za vo istorija ili Politika. Ovdeka vo Obrazovanie, da zboruvame za makedonskite poeti i pisateli, pokonkretno za poezijata na venko Markovski.


Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 13:53
Јас не се сеќавам дека некогаш сме го учеле овој Венко Марковски во литература. Ако некогаш бил дел од македонската книжевност и вклучен во лекциите за литература по македонски јазик може некој да ми каже од која година било тоа?
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 13:59
Па не го учевме поради тоа што бил противник на комунизмот Глен,го гонеле на Голи Оток и слично.

Насловниот пост објаснува се Глен.

Изменето од fiks - 22.Февруари.2009 во 14:03
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 14:56
Да, да вистина насловот ах, насловот! Некогаш ми се распува логиката од сабајле
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2009 во 13:58
Originally posted by GlenKlouz GlenKlouz напиша:

Јас не се сеќавам дека некогаш сме го учеле овој Венко Марковски во литература. Ако некогаш бил дел од македонската книжевност и вклучен во лекциите за литература по македонски јазик може некој да ми каже од која година било тоа?


Тој ти е првиот македонски поет и далеку позначаен и подобар од другите,ама неговото бугарофилство уште не е исчистено.Како и да е,тој е најзначајна личност за македонската литература по 45та.
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2009 во 14:20
Пред неполна година пишував една  статија за него која за жал сеуште не е објавена. Наидов на трагични податоци, како човекот полека го направиле да се повлече , да страда и да се декларира нешто што никогаш не бил. 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.