I mesto moe kazuvanje za vrakjanjeto na Venko Markovski vo ucebnicite na Makedonija napisot na Katerina Blazevska vo Dnevnik. Патриот (На Зафира и Спира)
На овои тажен век сал еден видоф кот... От бубаќ е помек Се вика патриот... За народ душа бере, А народ вечно дере, и в гради сал се бие, и свето лице крие опретано у крф!
И пости секои пос, и оди гол и бос, и нема празник тои до олтар да не стои... Со радост свеќи пали, От срце мртви жали и ропски Бога слуша, низ вера чисти душа и лази како црф!
(Од стихозбирката „Огинот“)
Македонец во Софија
Венко Марковски (Венијамин Миланов Тошев) е роден на 15 март 1915
година во Скопје, каде што завршил основно и средно образование, а
славјанска филологија на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во
Софија. Од 1932 до 1934 година е член и еден од основачите на
Македонската младинска револуционерна организација. Во 1937 година
емигрирал во Софија, каде што една година подоцна на македонски народен
јазик ги објавил стихозбирките „Народни бигори“ и „Огинот“. Во текот на
Втората светска војна се вратил во Македонија.
Станал член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, потоа делегат на Второто
заседание на АВНОЈ и член на Иницијативниот одбор за свикување на
Првото заседание на АСНОМ. По војната дошол во судир со властите, по
што бил затворен на Голи Оток. Но и по издржувањето на казната,
постојано и бескрупулозно бил малтретиран и сосила туркан кон Бугарија.
По дведецениски притисок, во 1967 година емигрирал во Бугарија.
Неговата изјава „Од Скопје дојдов како Бугарин, во Софија станав
Македонец“, најсликовито ја опишува неговата судбина. Почина во 1988
година во Софија.
Блаже Миневски: Да го вратиме во нашата книжевност
Блаже Миневски, новинар што во неделникот „Фокус“ објавува серијал
за начинот и околностите во кои е извршен прогонот на Венко Марковски,
е изненаден од сознанието дека органи на поетот се чуваат во музеј во
Софија.
„Ако срцето и мозокот навистина се чуваат во формалин
во некој музеј во Софија, тогаш барањето на Филимена Марковска за
рехабилитација на нејзиниот сопруг Венко во Македонија има не само
формална туку и метафорична смисла. Според она што го пишувал од 1938
до 1966 година, неговото срце и мозок се во Македонија. Затоа академик
Георги Старделов во предговорот на книгата за основоположниците на
современата македонска поезија рече дека „неговата поетска имагинација
најнепосредно и најдлабоко е поврзана со земјата македонска“.
Кога не би било така, Венко не би имал потреба уште во 1938 година
првите две стихозбирки на современата македонска поезија, „Народни
бигори“ и „Огинот“, да ги објави во Софија на македонски јазик.
Податокот дека некој сака да го зачува неговото срце и мозок, надвор од
неговата поезија, сам по себе зборува за бизарноста на животот во
времето кога вистината се чуваше во формалин. Сметам дека срцето и
мозокот треба да му се вратат на Венко таму каде што е сега, во
скромниот дел на Централните софиски гробишта, далеку од Алејата на
заслужните граѓани на Бугарија. Нашата, пак, обврска е многу полесна:
ние треба да го вратиме Венко во нашата книжевност со она што го напиша
пред да го изгуби или пред да му го одземат „срцето“.
a koj saka povekje moze da procita tuka http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8F7A41CDA0CCD74B81BD4C7133013478 - Срцето на Венко во тегла со формалин ...no toj del od napisot e za vo istorija ili Politika. Ovdeka vo Obrazovanie, da zboruvame za makedonskite poeti i pisateli, pokonkretno za poezijata na venko Markovski.
|