|
ХРИСТИЈАНСТВО |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Испратена: 04.Февруари.2010 во 12:40 |
За Реформацијата
http://mk.wikipedia.org/wiki/Протестантска_реформација Зборот „Реформација“, според лексиконот на
Вујаклија, е дефиниран како: "менување кон подобро, престројување,
поправка, особено се однесува на црковниот покрет од 16 век...", а
иментката „Реформатор“ е дефинирана како: "обновител на црквата во
духот на чистото Христово учење; пр.: Лутер, Калвин, Цвингли..."
31 Октомври е светскиот ден на
реформацијата и по тој повод, задутре, голем број европски земји ќе го
прослават како државен празник Денот на реформацијата. 31 Октомври е одбран како датум за одбележување на
реформацијата затоа што на тој ден германскиот реформатор Мартин Лутер
ги заковал неговите 95 тези на портата на локалната католичка црква во
Витенберг. Во овие тези тој изнел остри критики кон многубројните
црковни небиблиски учења и практикувања (корупција во црквата,
продавањето индулгенции (потврди за простени гревови), учењата за
чистилиштето, трансупстанцијата кај Причеста, наводната непогрешливост
на папата итн.) По овој храбар потег на Лутер текот на веќе започнатата
реформацијата (од предходните реформатори Виклиф, Хус) експлозивно
почнува да се шири низ Германија, но паралелно и низ другите (западно)
европски држави.
Инаку празникот на Реформацијата се прославува не
само како религиозна, туку и како цивилизациска придобивка.
Реформацијата не само што ги обновила универзалните изворни принципи на
христијанството, онака како што било проповедано од Христос и
Апостолите, туку претставувало и цивилизациско ослободување на масите
од едноумието и догмите на црквите. Слободоумноста од секогаш била
одлика на вистинските христијани. Но во средните векови официјалната
црква завлегла во толкава спрега со државата што намерно го затупувала
човекот со забранување на книги, наука, нетолеранција и отворени
инквизициски прогонства (и на истокот и на западот) се со цел да ги
зачува своите небиблиски догми и полесно да манупулира со
непросветлените народни маси.
Реформаторите, иако биле со бројни недостатоци,
сепак одиграле голема улога во преведувањето на Библијата на народен
разбирлив јазик и во промовирање на изворното христијанство,
писменоста, културата, човечките слободи и права, книжевноста,
слободоумието, семејниот живот итн. Голем дел од нив платиле скапа цена
за своите залагања. На пример чешкиот реформатор Јан Хус, пред да биде
спален на клада, за последен пат му било понудено да се откаже од
своите "ереси". Тој одговорил: "Ни за полна катедрала со злато не се
откажувам од тврдењето дека Библијата е врховен авторитет, а Христос е
единствената Глава на Црквата." По ова тој бил јавно спален на клада
пеејќи христијански химни. Кога огнот си ја завршил работата, пепелта
од изгореното тело на Јан Хус била фрлена во реката Рајна.
Каква пародија, некогашниот чешки еретик денес има
споменик во главниот град на Чешка (Прага) и народот кој ја фрли
неговата пепел во реката Рајна денес го празнуваат Денот на
реформацијата одбележувајќи го и животот и делото на својот реформатор
Јан Хус. Реформација во источните (православни) цркви, во размери слични на западните, сеуште се нема случено. |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 21.Декември.2010 во 20:48 |
Besplatno simnuvanje (MP3 format) na celosnoto predavanje na profesor Bart Ehrman Od Isus do Konstantin: Istorija na ranoto Hristijanstvo
Predavanjeto sodrzhi 24 lekcii od po polovina chas: 1. Ragjanje na Hristijanstvoto 2. Religijskiot svet od ranoto Hristijanstvo 3. Istorijskiot Isus 4. Usmenite i pishuvanite tradicii za Isus 5. Apostol Pavle 6. Pochetocite na evrejsko-hristijanskite odnosi 7. Antievrejskoto koristenje na Stariot Zavet 8. Pojavuvanje na hristijanskoto anti-evrejstvo 9. Ranata Hristijanska Misija 10. Hristijaniziranjeto na Rimskata Imperija 11. Prvite drzhavni progonuvanja 12. Prichini za hristijanskite progonuvanja 13. Hristijanskata reakcija na progonvanjata 14. Ranite hristijanski apologeti 15. Razlikite megju prvite hristijanski komuni 16. Hristijanite od vtoriot vek 17. Ulogata na pseudografijata 18. Pobedata na proto-ortodoksnite hrstijani 19. Kanonot na Noviot Zavet 20. Razvivanje na crkovnata administracija 21. Pojava na crkovnata liturguja 22. Pochetoci na normativnata teologija 23. Doktrinata na Troistvoto 24. Hristijanstvoto i osvojuvanje na imperijata Izvonredni akademski predavanja za temi na koi najchesto diskutirame na podforumot Veroispoved. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |