IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Информации за наши иселеници кои донирале во Мк?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Информации за наши иселеници кои донирале во Мк?

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
zorans Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zorans Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Информации за наши иселеници кои донирале во Мк?
    Испратена: 26.Октомври.2008 во 01:30
Zdravo na site!
vi se obracam so edna novost od Мakedonija, edno baranje za informacii i edna najava.
CIRa (www.cira.org.mk) e organizacija koja vo Makedonija raboti na promocija na filantropijata vece 5-ta godina so mnogu rezultati dosega: iniciran i donesen za prvpat vo Makedonija zakonot za donacii i sponzorstva, rabota so kompanii za doniranje vo oblasti od povisok opshestven interes, oformeni fondovi za resavanje na problemi vo mk preku donacii od gragani i kompanii (posledniot se slucuva tokmu vo ovoj period: Fond za poddrska na deca i mladi, zrtvi na seksualna zloupotreba vo RM (link: http://cira.org.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=305&Itemid=116), poddrzani graganski organizacii vo aktivnosti za baranje donacii, organizirani za prvpat Godisni nagradi za filntropija i mnogu drugi aktivnosti.

Od septemvri 2008, CIRa pocna da go izdava kvartalniot elektronski bilten "Filantropijata vo Makedonija" (link: http://cira.org.mk/index.php?option=com_letterman&task=view&Itemid=157&id=2 ). Iako znaeme deka mnogu nasi od dijasporata doniraat sredstva ili materijalna pomos vo tatkovinata, nemame nacin kako toa da go opfatime na sistematski nacin i soodvetno da go pretstavime vo biltenot "Filantropijata vo Makedonija".Vo naredniot broj (dekemvri 2008) sakame da pretstavime nekolku primeri na donacija od dijasporata (na poednici, grupi ili na nasi drustva) vo makedonija ili pak za resavanje na nekoj problem/potreba na nasite vo stranstvo.

Bi bilo odlicno da ni pomognete so informacii za doniranje od nasata dijaspora, dokolku gi imate ili pak da ni pratite lista na kontakti za da pobarame informacii direktno od niv.

CIRa vo April godinava za prv pat vo Makedonija organizirashe dodeluvanje na godishni nagradi za razvoj na filntropijata za 2007. Nagradite za filantropija bea vo 4 katergorii (za golema kompanija, za malo i sredno pretprijatie, za poednec i za graganska organizacija koja napravila najmnogu za filantropijata). Za dobitnicite mozete da doznaete povece na sledniov link: http://cira.org.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=250&Itemid=116.

Za ovaa godina, sakame da vklucime i uste edna nagrada a toa e najgolem filantrop od dijasporata. Vo taa nasoka za povikot za nominiranje za nagradite za filantropija za 2008 (ce se objavi na krajot na dekemvri 2008), bi sakale da vklucime sto povece lica od nasata dijaspora vo procesot na nominiranje na filantropi od dijasporata koi donirale za vazni prasanja vo Makedonija.

Sekako povikot ce go objavime i na ovoj forum, no bi bilo dobro do togas da imame barem dobra data baza na konatakti od nasi iselenici i nivni organizacii i drsutva za da mozat da se vklucat. Ako imate ideja kako mozete da ni pomognete, ce vi bideme blagodarni od se' srce!

Srdecen pozdrav,

Zoran Stojkovski
Centar za Institucionalen razvoj – CIRa
adresa: Dime Anicin 9
1000 Skopje
Republika Makedonija
e-mail: zorans@cira.org.mk
web site: www.cira.org.mk
tel:+389 2 3114 855


Изменето од zorans - 28.Октомври.2008 во 23:12
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 20:21
Зоране, убава иницијатива, навистина за поддршка.
 
Мојата замерка е употребата на зборот „филантропија“.  Многу често донирам пари и други добра за разни добротворни цели, но зборот „филантропија“ никогаш не сум чул да се употребува за оваа намена.
 
Зошто го зборувам ова: Зборот филантропија се однесува на (екстремно) богати луѓе, што безмалку не знаат што да прават со парите. Оставате впечаток на елитистичка организација (што може да се протумачи и како ароганција). Ако чекате некој да донира десет милиони долари на куп, можеби и ќе дочекате, но ќе се изначекате. А ако сакате 5000 донации од 20, 50 или 100 долари, тогаш треба да и се обратите соодветно на таа целна група.
 
Дарувањето треба да се прави скромно и понизно, без гордост. Тие што се жртви на сексуално насилство се на дното, а вие за да ги разберете, треба да клекнете ниско и да ја наведнете главата пред нив. Тоа не се прави со покажување на супериорност и предизвикување на натпреварувачки страсти (наградување на најголемиот филантроп). На вашиот сајт имате список на јавни личности кои ја поддржуваат иницијативата (не знам дали донирале), а тоа е уште еден доказ за елитизам. Дали мислите дека ако го видам Патакот на список (другите не ги ни знам) полесно или подлабоко ќе брцнам во џебот? Треба да се покаже благодарност и за најмалата донација од обичните луѓе.
 
Поздарав и многу успех.
 
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
zorans Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zorans Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 23:56
Почитуван Polar Bear,
многу ми е драго што започнавте дискусија за користење на зборот ФИЛАНТРОПИЈА и за пристапот што треба да имаат организации кои бараат донации. Се согласувам во потполност со вас дека профилот на оние кои бараат решавање на проблемите на другите треба да биде на исто ниво со оние за кои тие бараат поддршка. Инаку многу тешко ќе можат да се разберат вистинските потреби, а со тоа и решенијата.
Кога станува збор за користењето на зборот Филантропија, морам да признаам дека и на мене и моите колеги не ни се допаѓа користењето на интернационални зборови, но некои од варијантите кои ни стојат на располагање не се баш јасни или можат да предзивикаат уште поголема забуна. На пример од нашиот јазик, може да се користат следниве зборови кои го опишуваат зборот донирање на средства или време:
Добродетелство (Особина на тој што се одликува со високи морални особини)
Добротворство (Особина на тој што прави добри дела, што дава помош, заштита и сл.; што служи за хумани, добротворни цели. Исто се однесува и на Добротворни организации, Добротворни акции, Добротворни манифестации итн)
Доброчинство (1. Особина на тој што прави добри дела; добро дело; сп. добротворство. )
Милосрдие (повеќе се поистоветува со активностите на религиозните заедници)
Дарителство - Даде, дава некому нешто на дар, подари, подарува.(кај нас се поврзува со дарување крв, човечки органи. во Бугарскиот јазик има значање на донирање средства)
Зборот Филантропијата подразбира „напор или склоност да се зголеми добросостојбата на човештвото преку хуманитарна помош или донации” или „љубов кон човештвото” генерално. Филантропијата се дефинира и како „дух на активна добра волја кон другите којашто се демонстрира во напор да се промовира нивната добросостојба”. Можеби во западните земји филантропијата се поврзува со најбогатите, но дури и таму ако се земат истражувањата посиромашните повеќе донираат (Giving USА) од богатите. (2-3 % од годишниот приход)
Да бидам искрен од сите погоре наведени некако најмногу ми се допаѓа Добротворство. Во таа насока сакам да иницирам и ние како промотори на донирањето од индивидуи и комапнии во Македонија да го користиме овој термин.
Уште еднаш многу ви благодарам за вашиот коментар.

Поздрав
Зоки


Изменето од zorans - 12.Ноември.2008 во 08:06
Кон врв
mikan Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mikan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 15:39
dobra inicijativa no kolku ce bide prifatena prasanje e bidejci lugeto se se povece sebicni a se pomalku se darezlivi i humani.vo sekoj slucal inicijativata e za pozdravuvanje
Кон врв
Ssssssssssssss Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 197
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ssssssssssssss Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2009 во 17:43
Ako treba 20 dolari ke dadam ama kaj se parite od znameto hahahahaha
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2009 во 17:54
 
20 долари прехрануваат една сиромашна фамилија еден ден во Америка, а во Македонија неколку дена. Луѓето што немаат почит спрема парите, не заслужуваат ни да ги имаат.
 
 
 
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Јордан Шумарот Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 230
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Јордан Шумарот Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2009 во 18:15
парите заслужуваат должна почит.. макар и долар.. само овие нашиве четврт бурек експерти и НВО фолиранти- шо се не ке им текне за пари да молзат... а ти Зоране место да се гребиш од дијаспорава- почни да работиш real job - шо викет по америкине..ллол
Кон врв
zorans Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zorans Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2009 во 21:16
Се изнасмеав од твојата порака, Јордане. Го немав досега слушнато ова „четврт бурек експерти“ и верувај ми не ја ни сфаќам како навреда (иако има такви елементи во твојата куса порака), бидејќи НВО секторот за жал има таков имиџ во пошироката јавност во Македонија. Но зошто е тоа така и што е она што ЦИРа го прави за да биде поинаку?

Не случајно во Македонија се обидуваме токму преку развојот на локалното донирање (филантропијата), да покажеме дека за наши локални проблеми, можеме самите во Македонија да изнајдеме средства и да ги решиме. Нашата анализа од 2006 г. покажа дека скоро 71 % од средствата во граѓанскиот сектор доаѓаат од странски билатерални донатори (УСАИД, СИДА, амбасадите) како и од ЕУ фондовите. Тоа значи дека голем процент од граѓанскиот сектор е отчетен (поднесува финансиски и програмски извештаи) кон странските донаторски агенции, а не кон оние за кои работи (млади, сиромашни, жени, хендикеприрани итн). Ако како во Америка НВО секторот успева преку донации да прибере од индивидуи преку 75% од средствата тогаш нормално е да се даде отчет кон нив и да се градат релациите со граѓаните. Тоа кај нас недостасува и сметам дека тоа е една најголемите причини кон граѓанскиот сектор (многу често се коментира: кој е интерсесот на странските донатори да ги финансираат НВОи во Мк. Тука нешто сигурно е сомнително!) Секако тоа е не така (подолга е приказната зошто развиените земји даваат помош на земјите во развој, но тоа е еден од начините на надминувањето на разликите на богатиот запад (или север) и сиромашниот исток (или југ)). За мене клучно е прашањето дали тие средства се искористуваат за вистинските потреби и дали навистина придонесуваат за развојот на земјата (можеби ова е добра тема да ја објаснам друг пат).    

Ние во ЦИРа изминативе 2 години собравме 10.500 Евра во фонд за книги и школски прибор (од кои 1600 евра во пари останатите во материјални донации) и ги доделивме во 6 училишта во Македонија. Претходно со тивка аукција собравме 44.000 мкд и го дониравме на деца и млади со хедндикеп кои се бават со спортски активности. Почнувајќи од септември 2008 па се со сега организраме голема хуманитарна кампања за поддршка на децата и младите жртви на сексуална злоупотреба (околу 1000 деца во 2007 биле жртви на педофили и секс. злосторници во македнија), за да им овозможиме психолошки третмани, судска поддршка но и информаирање што да направат ако некој сексулано ги заведува или малатретира. досега собравме фонд од околу 5.200 евра (иако потребите се десетпати поголеми).

Сето ова ви го пишувам со цел да ви објаснам што правиме и колку (до денар) имаме собрано од околу 4000 граѓани на македнија и околу 60-на компании(во сите три активности). Информациите за сите собрани средства како и за што се наменети ги комуницираме во медиумите. сметаме дека тоа е многу битно за зголемување на довербата и промоција на нашиот пристап како организација.   

На вас е уште еднаш да оцените дали сме НВО фолиранти или не. Јас 10-на години верувам дека граѓанскиот сектор може и мора да зајакне да се решаваат проблеми кои за жал нашата сиромашна држава неможе да ги реши. И тоа така функционира секаде во демократските земји во Америка, во западна европа, во австралија. Во таа наша мисија, свесни сме дека нашите граѓани кои живеат во дијасопрата, се активни во помошта на Македонија на различни начини. И затоа оваа година сакаме да ги вклучиме во доделувањето на наградите за придонес во развојот на филантропијата во РМ. Мислам дека тоа не е гребење, туку одбележување на тоа што нашите хумани луѓе од дијаспората го направиле за Македонија. И толку.

Се разбира јас не велам дека во тоа што го правиме и во кое искрено веруваме, секој треба да го поддржува или да се согласува. Но пред се верувам дека сите Македонци се грижат за доброто на Македонија, и секој со својата работа може да помогне. Ние со својата работа и начинот кој го одбравме и го промовираме, можеме да допринесеме барем малку за доброто на граѓаните.   

За нашата работа можеш повеќе да дознаеш на www.cira.org.mk

Поздрав,

Зоран Стојковски   

Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 22:39
izvini ama ako mozes kazi da li ti se primanjata nad prosecnata plata vo makedonija?
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 23:56
Originally posted by nelson nelson напиша:

izvini ama ako mozes kazi da li ti se primanjata nad prosecnata plata vo makedonija?


Пази да не ти каже, сигурно не работи волонтерски
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 08:43
pa vo toa e i rabotata!
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2009 во 08:43
Originally posted by zorans zorans напиша:

.......... голем процент од граѓанскиот сектор е отчетен (поднесува финансиски и програмски извештаи) кон странските донаторски агенции, а не кон оние за кои работи (млади, сиромашни, жени, хендикеприрани итн). ......

 
What?
 
Oва не е исправна логика. Извештај се поднесува на финансиерите, не на финансираните. Додека финансиерите се задоволни, ќе има и пари за тие за кои се наменети.
 
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
zorans Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zorans Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2009 во 11:36
Polar Bear, точно е тоа што го кажуваш, дека задолжително мора да се поднесе извештај кон финансиерите/поддржувачите, но мислам дека погрешно ме имаш разбрано бидејќи поентата ми беше друга. За жал во Македонија многу многу повеќе се практикува известувањето кон странските донатори, отколку кон оние граѓани или локални компании кои донираат кон граѓанските организации.На тој начин се губи врската (и довербата) со јавноста, а со тоа и имиџот дека НВО секторот е заинтересиран само за странски средства и игра како што тие (донатори) ќе му кажат, а кога станува збор за прибрани локални средства, тие завршуваат несоодветно или во нечиј приватен џеб.

на пример минатата година се организраа 2 настани за прибирање на средства за лицата со хендикеп. Хумана акција, одлично организирана, донирав неколку пати со јавување на телефон за донации. Ниту по завршувањето на настаните, ниту на интернет страницата на таа организација (Полио) неможе да се најде колку пари се собрани, ниту пак за што се потрошени. Како организација која работи на развојот на филантропијата во Македонија, во ЦИРа ги охрабруваме другите организации да се обратат кон јавноста за поддршка (финансиска, материјална, со волонтерско учество), но мора да се биде максимално транспрентен и отчетен ако се сака да се биде сватен исправно и сериозно.

Ако 5000 граѓани донираат по 100 мкд (и најмногу од нив се оние кои се директно погодени од проблемот за кој се собираат средтсва или нивните најблиски и пријатели), фер е тие да бидат известени за резултатите од акцијата. Во таа смисла ги споменав целните групи во претходниот напис.

Во Македонија се дигна голема врева и околу не соопштувањето на намената на средствата и долгото време што помина додека се објавија резултатите од хум. концертот кој се одржа на 5 октомври 2008 во чест на последниот концерт на Тоше на градски. Мислам дека фондацијата Проески и Мин. за култура излезе во јавност скоро 3 месеци по концертот со тие информации.

И во едниот и во другиот случај, несоопштувањето на информациите во брзо време (во првиот случај според она што ми е познато воопшто и не се искумницирани) предизвика голем број на шпекулации, дезинформации за тоа каде и како завршиле парите.

Се надевам дека го објаснив недоразбирањето. Во секој случај ти благодарам за твојата прецизност, се гледа дека ги разбираш и ги живееш овие филантропски теми .

Поздрав

Зоки


Кон врв
Saevus Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Март.2009
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 30
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Saevus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 12:44
da be se shetaat po cel den, sedaat po kafici i pijat samo kafe, i baraat rabota za da ne ja najdat, pa ja iam tolku golema volja da doniram nekoja para
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,096 секунди.