IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Лазар Колишевски и македонското прашање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лазар Колишевски и македонското прашање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2009 во 02:29
Originally posted by Pat Pat напиша:

Платеник, во твојот пост има многу спротивставени на себе гледишта, а ти ги поддржуваш и едните и другите:

-Колишевски бил некомпетентен анонимус
-народот му дал на Колишевски мандат да се пресметува со политичките противници
-македонскиот народ сакал своја самобитност
-цитирам: Лесно му било да излезе како победник од причина што тој имал силна подршка од повисоките федерални истанци, а за кои верувам дека имале повозвишени идеали одколку тесно градите националшовинистички ориентирани елементи, кои биле остатоци од минатото

Кои се тие тесногради националшовинистички елементи кои биле остатоци од минатото- дали Ченто, Шарло, Шатев, Брашнаров, Марковски итн.?

Уште еден цитат: Велам жалосно е што голем број македонски борци се жртвувани, но тоа само покажува дека конфронтацијата на идеолошки план, често пати ги разединува луѓето, ма колку тие да и припаѓаат на еден народ, нација.

Човеку, како не можеш да разбереш, истиот тој анонимус не се вивнал на врвот, туку бил вивнат на врвот. Бил поставен од неговите ментори чиишто наребди тој ги извршувал слепо и безкомпромисно. Затоа што народот толку еуфорично се согласувал во такви услови да влеземе во таа федерација, затоа и ги имало тие масакри.

Останатото е само рационализација.



Кои се тие спротивставени гледишта во мојот пост? Јас неможам да видам ништо спротивставено!

Но, ако треба дополнително објасување, ќе го сторам и тоа.

Колишевски каде ја поминува втората светска војна и каква функција имал во ПК КПЈ до 1943, а од 1943 во ЦК КПМ па до крајот на војанта? Во тоа време тој бил политички анонимус. Треба ли да споменувам кои биле главните организатори и лидери во тоа време и каква судбина имале?! Како тој успеал да го потполни ваккумот е посебно прашање. По се изгледа играл на добитната комбинација.

Народот не му дал мандат на Колишевски да се справи со неговите лични политички противници. Мандатот произлегува од фактот што бил на победничката страна, мандатот произлегува од успехот кој го постигнала опцијата на која тој и припаѓал. Нетреба да се заборави и еуфоријата и ентузијазмот на народот, дека ете тие конечно ќе си ја добијат својата македонска земја. Сигурно онаа народната имала голема улога во градењето на односите, подобро врпче в рака, отколку гулаб на гранка.

Да, народот ја сакал својата независност, макар таа била и во рамките на федерацијата. Јас ќе додадам, камо среќа и Пиринскиот и Егејскиот дел да беа приклучени кон “неправдите“ кои нам ни беа направени во ФРМ и СРМ.

Кога зборував на тесноградите националшовинистички елементи пред се мислев на елементите од поширокиот југолсовенкси простор, со кои претсавниците на новата власт безмилосно се справеле. Веќе реков во Македонија таков екстремен национализам не постоел ниту пак имало услови да се развие. Ченто, Брашнаров и останатите може да се каже дека биле колетерална штета, се ловат вештерки насекаде, па ајде ќе ловиме и во Македонија.(Како и со случаите на Бошковски и Тарчуловски) Немој ќе те молам да ми го споменуваш Венко Марковски, кај него барем е повеќе од јасно како се чувстувал и кому му ја покажал својата лојалност. Кога зборувам за непожелните елементи, зборувам за тие кои и ден денска ја оспоруваат засебноста на македонскиот народ и неговиот национален идентитет.

Сакал да признаеш или не разединувањето меѓу припадници од ист народ или националност на политичка основа е непобитен факт, факт кој бил безброј пати потврден низ историјата. Борбите на спротивставените политчки опции не ретко резултирале и до физичко истребување помеѓу нивните протагонисти. Македонија, за жал не е исклучок од сето тоа.

Мислам во мојот пост беше многу јасно кажано, додуша не толку директно како ти, како Колишевски се вивнал до највискоите позиции. Со смаиот факт што тој бил политички опортунист кој ја искористил секој можна прилика која му се укажала (и покрај неговиот лимитиран интелектуален капацитет)е факт кој зборува сам за себе. Сепак имал нешто да понуди, нешто што некој сакал да чуе. Јас имам потполно разбирање, кога човек ќе дојде до раководна позиција треба сам да си ги бира соработниците.
Јас би сакал да имам некој околу мене кој ќе биде спремен да ми го штити грбот, ама и јас нему. Тој кој ќе го направи спротивното е осуден на пропаст. Затоа во современите демократски општества имаме политичка позиција и опозиција, каде нападите претежно се фронтални и екстерни. Интерните треба да бидат помалку или минимали.

Гледам дека имаш селективен пристап при конструкцијата на твоите одговори. Се што неодговара ставено е под “се друго е само рационализација“.

Па види, рационализација или не, целта е постигната, Македонија е самостојан и суверена држава. Мене лично не ми пречи што Македонија ја постигнала својата цел, ма колку околностите под кои таа цел била постигната некому не му одговараат. Сметам дека тој треба да биде ставот на секој еден Македонец.

Незнам дали си ученик, студент или возрасен, веќе вработен, ама би сакал да знам каков ти тоа однос градиш со своите претпоставени? Дали си рационален или пак можеби си бунтовник или пак и едното и другото во зависност од ситуацијата? Ако не си рационален со своите претпоставени, а имаш цел која сакаш да ја постигнеш, што мислиш до каде ќе стигнеш?

Лесно е да се суди, тешко е да се игра тактички и да се донесуваат одлуки кои ќе имаат најмали консеквенци.

А не има разни, од полтрони, влекачи, лигуши, борци, патриоти, петоколонаши, разумни и неразумни, лојални и нелојални....убави и грди, лоши и добри....



Изменето од Platenik - 26.Октомври.2009 во 04:09
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2009 во 23:55
Хахаха! Абе само те задевам, затоа што браниш нешто што не може да се одбрани Вистинските македонски патриоти ја изгубија таа битка по втората светска војна и тоа е факт. Меѓутоа, она што е битно сега, е ние да не го признаеме поразот и да потпишеме историска капитулација.
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2009 во 00:52
Originally posted by Pat Pat напиша:

Хахаха! Абе само те задевам, затоа што браниш нешто што не може да се одбрани Вистинските македонски патриоти ја изгубија таа битка по втората светска војна и тоа е факт. Меѓутоа, она што е битно сега, е ние да не го признаеме поразот и да потпишеме историска капитулација.



Апсолутно си прав за правите борци, обично така бива, јунаците не умираат в кревет. Опртунистите чекаат и дочекуваат или пак начекуваат. Не сум сигурен со тоа, потпишување на историска капитулација.

Јас ги гледам работите во одреден контекст, политчкото опкружување и амбиент во кои биле донесени одлуките, мотивите на тие кои ги донесувале истите, а на крајот на краиштата и резултатите од тие одлуки.

Свесно ибегавам да бида емотивен по однос на идеологиите на спротивставените опции и се трудам да бидам прагматичен. Македонија на Македонците.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2010 во 19:58
Originally posted by Pat Pat напиша:

Епа, објективно гледано на нештата, Колишевски бил полтрон и петоколонаш, со чиј амин се направени големи злосторства и во поглед на обичниот народ, и во поглед на прогресивните македонски дејци и во поглед на многу други нешта. Ти велиш, направил позитивни нешта, ама акде вака да ги поставиме нештата- зошто?
- Доколку дозволил да се вратат српските колонисти, можеби би ризикувал немири во СРМ, бидејќи сеќавањата биле сеуште свежи за тоа како се заграбале имоти од Македонците.
- Кој издејствувал да бидат пратени на Голи Оток и во Идризово истакнати дејци од НОБ? Кој издејствувал да се тргне Венко Марковски, а кој дал амин за тоа?

Има многу нешта кои допрва треба да излегуваат на виделина.


Не би се сложил со тебе дека бил обичен предавник. Во времето на етатизмот, сите биле на своевиден полтрони, се знаело кои биле оние кои ги влечат конците и на кој начин. Сите оние кои не дозволиле да бидат повлечени од тие конци, завршиле таму каде што завршиле.
Не само што не дозволил, туку по негова наредба се запалени сите крштеници издадени од СПЦ во Македонија. Ниту самиот не ги сакал Србите, прочитај ги неговите дела, каде тој лично забранува отворање српски школи за србоманите.
Во однос на тоа кој издејствувал, тој лично сигурно не, иако да, Колишевски бил про-југословенски настроен, секако не и просрпски.
Колишевски е инаку и еден од првите кои бара книгите на Венко Марковски да не бидат забранети, при истражувањата на академиците на МАНУ за случајот поврзан со Венко, самиот тој вели дека Венко треба да биде читан и анализиран слободно, независно од тоа каков бил. Дури и земал копија од сите документи поврзано со Венко, иако според мене Марковски не заслужува почит, ама тоа е мое мислење.
Во однос на Кардељ, сите знаеме дека никој не можеше да се спротивстави на неговата моќ, сите кои се спротивставија завршија онака како што завршија.
 Како што кажа Platenik, тоа се политички сплетки, каде не постои зборот мислот и жал, тоа е факт. Таму единствено важи начелото: целта ги оправдува средствата.
Секако, Колишевски има и свои гревови, тоа е факт, пример е тоа што и се направи на внуката на Делчев, за кое тој знаел.

Eве нешто напишано од него. Ова е остварено, навистина сојузната влада одвоила толку колку што е напишано, има сведоштво од странски новинар за тоа. Колишевски и Мојсов, какви и да биле, навистина се застапиле за народот од Егејска Македонија. Колишевски во едно интервју подоцна дури и ја критикува власта дека не направила доволно за прашањето на Македонците во Егејска Македонија.





Во однос на топлиот прием, во интервјуот со еден Македонец од егејска Македонија, што го приложи Депо, се говори и за организираниот пречек во Скопје на Македонците од Егејска Македонија.








Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2010 во 01:07
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

Значи другарот Лазо признава за воjниците во Охрид и за помошта од Бугариjа:


Се надевам дека си слушнал за Коцаров.
 Сосема во право бил Лазо затоа што не покажал милост и не прифаќал поткупи за таквиот воен злосторник кој стрелаше невино население.
Другите војници можеби и биле невини, секако, не биле сите исти, ама на ваквите како овој, чинам арно им сторил народниот суд.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.