|
Остров Закинтос |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Најдобрите плажи на ЗакинтосКаламакиДолгата песочна плажа Каламаки се одликува со чиста и плитка вода, а се работи за релативно потивка плажа од онаа во Лаганас, попогодна за семејства и за луѓе кои сакаат да уживаат во мирот додека се на плажа. Единствена негативна страна е тоа што авионите прелетуваат од и кон аеродромот токму преку оваа плажа. Но, од друга страна, поради фактот што плажата се наоѓа во заштитена зона, водените спортови не се дозволени. ЛаганасЛаганас е плажа која е позната како центар на забавите. Се наоѓа во залив долг 9 километри, кој е речиси во целост прекриен со песочно пространство. Сепак, и покрај импресивната должина, оваа плажа може да стане пренатрупана во летниот период, кога сите сакаат да фатат место токму на Лаганас. ГеракасСпоред туристите кои го посетиле Закинтос, ова е најубавата плажа на целиот остров. Во непосредна близина на оваа плажа живеат загрозените желки, па поради тоа не се дозволени водени спортови и исто така, посетите се забранети од зајдисонце до изгрејсонце (предвидени се казни за прекршителите). Но, мирната, песочна плажа со кристално бистра вода дефинитивно вреди да се посети, доколку сакате да искусите барем неколку часа потполн мир и хармонија со (речиси) недопрената природа. НавагиоПлажата Навагио може да се посети само со турите со бротчиња. Таа стана многу популарна поради приказната за засуканиот брод во заливот и, особено во летниот период, е посетена од многу луѓе. Но внимавајте – и покрај фактот што пејзажот е фантастичен и претставува едно од најфотографираните места во Грција, водата е прилично студена, дури и во врвот на летната сезона, поради подводните струи, така што е малку веројатно дека ќе можете подолго да останете во вода. АргасиПлажата во Аргаси е долга околу 1 километар, со ситна песок и повеќе мали заливчиња кои даваат посебна атмосфера. Местото е многу популарно, поради тоа што е релативно блиску до главниот град, Закинтос (околу 5 километри); но и затоа што нуди забава преку ден (шанкови на плажа, водени спортови од најразличен вид, забави итн.), како и во вечерните часови (барови, таверни, ресторани итн.). КсигијаСе работи за мала и симпатична плажа, на крајот од многу стрмен пат, која се наоѓа на северо-источниот дел од Закинтос. Непосредно до плажата постои подводен извор на сулфур, поради што се чувствува умерен мирис. Но, освен тоа, плажата Ксигија е беспрекорно убава и ќе ви овозможи едно доста автентично искуство. |
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Го најдов на Фејсбук постирано, па за песната го ставам. Инаку куп лудаци
|
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ако Закинтос го посетуваат истите девојки како од спотот може и да се замислам за лето 2015
|
|||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не знам Емил, прашај ги А оваа година каде?
Изменето од evangeline - 08.Април.2014 во 15:19 |
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Созопол
|
|||
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |