Остров Закинтос
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15349
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 15:12 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Остров Закинтос
Постирано од: ZOTE
Наслов: Остров Закинтос
Датум на внесување: 01.Септември.2008 во 11:05
Најлудо место што сум го посетил во мојот живот
Krejzi Englezi
Krejzi Scotland
на крстарењето поминувавме низ овие две карпи, каде поголемата го симболизира Александар Македонски, а помалата неговата жена Роксана каде Зевс ги разделил тие никогаш да не се пољубат.
Невиџена лепота
|
Коментари:
Постирано од: Bubbi
Датум на внесување: 01.Септември.2008 во 15:53
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 01.Септември.2008 во 16:12
Bubbi напиша:
E bogami ludooo!!! |
на нас прујатели што биле таму лани ни го пофалија местото и затоа оваа година решивме да одием таму и не се покајавме.
јас дури се изненадив колку беше поевтино него ли што го зборат. како прво во ниедна дискотека влез не се наплаќаше, хајнекен беше 3 евра, локално пиво 2 евра, е само поскапо беше бад вајзер кој беше 5 евра.
на плажа имаше едно место кад ене се наплаќаше ниту чадор ниту лежалка, само треба да се напиеш нешто каде точено пиво германско големо беше 2 евра, а нес кафе 2.50 евра.
инаку се храневме во големи супер маркети ДИА шпански биле, каде имаше 8 пива во пакет за 5 евра и се друго беше со цени како во макеоднија нешто поевтини нешто поскапо али не премногу.
па така со оглед и на цените и на добрата забава и плажи си поминав ок и би му препорачал на секој кој не бил да го посет овој остров поготово местото лаганос.
|
Постирано од: SRNA_
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 00:50
Стварно е убаво....и уште да ми кажеше како вметнуваш слика ...
|
Постирано од: nikita
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 11:40
bogami deckovo prekrasno si pominal
------------- She sells seashells by the seashore...
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 11:43
Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 14:50
zakintos,a?,...pa,naravno,....em ,..najblisku,...em ,..najbolja,...greece-ka!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Eli
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 15:29
Abe stvarno mnogu go falat mestoto..a za moreto da toa e fakt deka e ubavo i toplo sekad..epa ubavo cim si pominal extra..
------------- Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 22:37
Eli напиша:
Abe stvarno mnogu go falat mestoto..a za moreto da toa e fakt deka e ubavo i toplo sekad..epa ubavo cim si pominal extra.. |
верувај ми местото е лудница, еве гледај и ќе се увериш
Закинтос - тргнување на крстарење од пристаништето во главниот град Занте околу островот. http://www.vimeo.com/1520256 - http://www.vimeo.com/1520256
Закинтос крстарење со брод и околу островот каде има пештери направени од самата природа http://www.vimeo.com/1532013 - http://www.vimeo.com/1532013
од бродот снимање на плажата ship wrack http://www.vimeo.com/1470363 - http://www.vimeo.com/1470363
Бродот со кој се оди на крстарење те остава на една плажа еден час што е многу малку за такво место од рајот.
http://www.vimeo.com/1476993 - http://www.vimeo.com/1476993
На овој видео клип бродот влегува во една пештера и пушта музика која треба да ги привлече делфините да излезат надвор. Дали излегоа делфините погледнете го клипот и ќе видите :)
http://www.vimeo.com/1478442 - http://www.vimeo.com/1478442
Zakintos - Laganas - noken zivot prv del 1 http://www.vimeo.com/1485602 - http://www.vimeo.com/1485602
Zakintos - Laganas - noken zivot prv del 2 http://www.vimeo.com/1496236 - http://www.vimeo.com/1496236
Дел од ноќниот живот на Лаганос - втор дел http://www.vimeo.com/1483806 - http://www.vimeo.com/1483806
laganos - disko Rescue http://www.vimeo.com/1503382 - http://www.vimeo.com/1503382
Malo ostrovce na Laganos http://www.vimeo.com/1508134 - http://www.vimeo.com/1508134
Laganos - denska shema na plaza http://www.vimeo.com/1510261 - http://www.vimeo.com/1510261
Видео клип сниман пред дискотеката rescue http://www.vimeo.com/1514956 - http://www.vimeo.com/1514956
пловење на отворено море http://www.vimeo.com/1517478 - http://www.vimeo.com/1517478
Пловење со траект и разминување со друг брод на отворено море. http://www.vimeo.com/1527889 - http://www.vimeo.com/1527889
Закинтос - Лаганос - ентериер на траектот "Janez Stap" http://www.vimeo.com/1533984 - http://www.vimeo.com/1533984
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 22:39
се убо...само да не е грција
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 22:55
bash deka e grcija,...e ubavo!,...znaat tie da go iskoristat toa shto go imaat,...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: marijana
Датум на внесување: 11.Септември.2008 во 14:05
brza напиша:
bash deka e grcija,...e ubavo!,...znaat tie da go iskoristat toa shto go imaat,... |
ama ajde ...se udiraat vo gradite deka Nema da odat vo grcija-demek...
najmnogu me nerviraat onie sto ne bile od paralija-katerini podaleku..ili pak tie sto ne bile voopshto vo grcija...
ostrovite se daleku poevtini(so iskluchok na Mikonos i Rodos)..i ima sto da se vidi..prekrasni mesta...
a zeleniot ostrov zakintos...eh..blaze mu na deckoto sto bil
------------- "recycle your mind"
|
Постирано од: bibce
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 17:41
.......navistina nemam zborovi so koj moze da go opisam ostrovot na zelkite zakintos................bev jas ova leto..............i si pominav prekrasno.............navistina ima sto da se vidi...............od plazi,...............od more cisto i mirno................do noken zivot.............do zelenila...............ednostavno prekrasno.............ova na slikite i snimkite e nisto vo sporedba so ziva sredba.................na sekogo bi mu poracala da otide...................i da vidi......................
-------------
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 12:51
Лудница...островите се ЛУДНИЦА...Крф, Санторини, Крит.... Кој што сака нека зборува, чиста љубомора...Кој ни е крив што ги немаме?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: grujevski
Датум на внесување: 30.Октомври.2008 во 20:58
Sekoj ima pravo na svoe razmisluvanje i svoj govor nie sme dolzni da se soslusame,razdelime mislenja i pomogneme.Ako gledame od politicka strana nee dobro toa sto go praat na nasite luge koi ziveat tamu,ako gledame na posvetlata strana Grcija e rename za site drzavi vo svetot.jas od rabotno iskustvo koe go imam vo Zakintos sekoe leto ke vi kazam deka nema da se pokaete ako zaminete na odmor kon Zakintos i bi vi go preporacal gradot LAGANA (ludo i nezaboravno)
|
Постирано од: jontra
Датум на внесување: 30.Јуни.2010 во 16:40
Прекрасно е, особено Закинтос. Летово поминав само на кратко по другиве места ама Закинтос ме остави без зборови.
Бев со овој аранжман: http://iguana.com.mk/ponuda/38-grcija-ostrovi/106-zakintos-apartmansko-smestuvanje
Малце пари, многу убавини
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 30.Јуни.2010 во 17:08
А да не ја рекламираш агенцијата случајно
Најсликаната плажа
И немојте да се исплашите кога ќе ви излезе некоја
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 04.Јули.2010 во 22:54
Агенција -Фибула Травел
Дестинација-Закинтос(259 Евра)
Убава дестинација со привлечна цена!
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 05.Јули.2010 во 00:29
Ај кажете ако знаете апартман за 5 души ни треба за во Закинтос,гледав има студио и апартмани 1/3-4
Сакаме да сме заедно да не се делиме во два...ако може помош
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
|
Постирано од: stigma04
Датум на внесување: 05.Јули.2010 во 00:33
vredi da se poseti ama znam oti nekoe zivotince ke me napadni oti mnogu dlaboko odam a toa mi se sluci lani ama bez posledici
------------- Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
Постирано од: stigma04
Датум на внесување: 05.Јули.2010 во 00:34
------------- Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 19:31
Можеби некој ќе се заинтересира за ...ова...
Туристички водич: Закинтос
Места кои треба да се посетат
Закинтос, заради благата и влажна клима, е раскошен остров.
Венецијанците (кои владееле со него) го нарекле Il fiore del Levante
или „Цвет на Ориентот“. Март и мај се најубавите месеци за престој на
овој остров, тогаш туристите се малубројни, се одржува Велигденската
парада, а природата со милион разнобојни цвеќиња и раскошни зелени
ридови е спектакуларна. Закинтос, како и соседната Кефалонија, настрада
во голема мера во земјотресот во 1953 и затоа поголем дел од
прекрасната венцијанска архитектура за жал беше уништена. Сè уште
постојат рушевини од архитектурата која потекнува од овој венецијански
период на островот. Главниот град иако беше повторно изграден малку
наликува на венецијанскиот плоштад Свети Марко и вреди да се посети.
Убавината на белите гребени кои се спуштаат до азурното море треба да
се види за да се поверува во неа, а водата е прекрасно чиста и ќе треба
да изнајмите бротче за да уживате во неа.
Сините пештери Источно од 'ртот Скинари,
на северниот дел од островот, се наоѓаат Сините пештери. Серија од
геолошки формации го создаваат ваквиот пејзаж. Природните сводови кои
се влез во пештерите се дело на ерозијата, но овие пештери се
најпознати по азурната боја на водата која е најубава наутро кога
светлото е најсилно, па оттаму и го добиле името Сини пештери. Кианон
пештерата е најголема. За да стигнете таму потребно е да изнајмите
бротче или да отидете на организирана обиколка. Посекако ќе ги
забележите рекламите на тур-операторите. Всушност, има Сини пештери на
три локации околу островот.
- 'Ртот Скинари на северниот врв на островот. Ова е
најубавиот дел. Има бротчиња што нудат обиколки кои тргнуваат од
пристаништето во Агиос Николаос, како и од Макрис Гиоалос Аликес и
Алканас. Пештерите се исто така дел од обиколката на поголеми бродови
кои тргнуваат од Закинтос.
- Пештерата Кери - исто така убаво место
- Порто Вромим - не е толку впечатливо, се посетува како дел од обиколката која води до остатоците на брод.
Плажата со остатоци од брод (Навагио) Бродот
се смета дека бил криумчарски и се засукал на прекрасниот мал залив во
1981. Како што стои во грчките реклами, тој се наоѓа на западниот брег
и најдобро е да се посети тргнувајќи од Порто Вроми. Одете таму или
рано наутро или попладне (после 15:00ч), бидејќи во меѓувреме плажата е
преплавена со бродови и туристи, па неретко се случува таму да се
укотват и по 20 бродови кои носат по неколку стотина луѓе одеднаш на
копното. Имајте на ум дека остатоците од бродотсе многу остри и
возможно е да се повредите, затоа бидете внимателни. За покомлетна
слика, следете ги знаците до манстирот Агиос Гергио - кога ќе стигнете
таму, користе го патот десно за да стигнете до платформата која се
наоѓа на околу 180 метри над остатоците од каде и се направени најголем
број од фотографиите на разгледниците. Всушност, можеби е поубаво да се
види местото од оваа перспектива отколку на самата плажа.
'Ртот Скинари Најсеверниот раб на островот.
Одовде имате панорамски поглед кон морето, а на локацијата има и
рушевини од големиот земјотрес во 1953.
Плажи
Агиос Николаос - најдобрата плажа на островот, мал
залив во прекрасно природно опкружување во регионот Волимес, 30km од
градот Занте. Оваа плажа го добила името според малата капела која се
наоѓа во непосредна близина. Одовде можат да се изнајмат бротчина до
сините пештери. Песокот на самата плажа е со црвенкаста боја, а плажата
најмногу е наменета на младите луѓе кои сакаат да испробаат разни
спортови на вода. Не треба да се помеша со Агиос Николаос селото на
север од островот.
Аликес/Аликанас - ова е
долга песочна плажа и една од најпознатите на островот. Се наоѓа на
18km од градот Закинтос во близина на истоименото место. Името го
добила според фармите за сол кои порано биле главен извор на приход за
островјаните. Туристите на оваа плажа доаѓаат исклучиво заради
кристално чистата вода и убавиот песок. Регионот околу оваа плажа е
интересен за љубителите на археолошки испитувања бидејќи нив ги има
многу во околината. На самото место Аликес има мноштво ресторани,
барови и продавници. На оваа плажа можете да научите скијање на вода и
да изнајмите педалинка. Аликанас е продолжение на Аликес плажата.
Плажата е песочна и на крајот се наоѓа мало пристаниште за бротчиња кои
доаѓаат овде за риболов. Одовде се организираат посетите на сините
пештери.
Дафни - Убава песочна плажа каде
сообраќајот е забранет. Ова е тивка плажа со само неколку локали на
плажата, таверни за храна и пијалаци заедно со лежалки.
Геракас
- Ова е една од поубавите плажи на островот и се наоѓа на самиот југ на
Закинтос. Дел е од националниот парк, има 30-тина чадори за сонце, но
не смеете да поставите свој чадор за случајно да не погодите гнездо од
заштитениот вид морски желки кои тука ги положуваат јајцата. Од истата
причина нема ни барови на плажата за бучавата и вештачкото осветлување
да не ги вознемируваат желките. Над плажата има голем паркинг и на
влезот на самата плажа се наоѓа штанд на кој волонтери делат летоци со
упатства кои мора да ги почитувате во текот на престојот на плажата. На
плажата е јасно ограничен просторот каде желките положуваат јајца и
тука пристапот е забранет.
Што да правите на Закинтос
Околу островот - бидејќи Закинтос е мал остров
возможно е со автомобил да се прошета целиот застанувајќи на
поинтересните места попатно. Ако изнајмите автомобил со погон на 4
тркала, ќе може да ги видите и оние локации кои се подалеку од главниот
пат. На пример, може да се тргне од градот Закинтос, да се вози северно
по патот кој се протега во должината на крајбрежјето и да се посети
Тсиливи, од каде може да се продолжи кон Аликес и Аликенес. На
источниот брег опкружувањето станува поимпресивно како што се качувате
кон планините. Потоа патот продолжува кон пикторесното одморалиште
Агиос Николаос. Оттаму поминувате преку северниот брег кон Навагио
(Заливот со остатоците од брод), платформата за набљудување и Волимес
во планините од каде можат да се купат локални занаетчиски и уметнички
предмети. Понатаму може да се отиде кон заливот на Лимнионас каде е
навистина убаво, тивко, и има таверна каде се служи одлична храна.
Појужно од ова место го имате Кампи со воодушевувачкиот поглед од врвот
на карпите и евентуално светилникот во Кери каде исто така има
неверојатни глетки, особено на зајдисонце.
Набљудување желки
- Големите морски желки кои се загрозен вид ги користат плажите за да
положуваат јајца. За да се заштити овој вид на желки околу Лаганас
заливот местото е прогласено за природен резерват (иако се чини дека
ова целосно се игнорира надвор од туристичката сезона!). Многу агенции
од Лаганас, Каламаки, па дури и Василикос нудат целодневни екск*рзии со
застанувања со пливање за да се набљудуваат овие желки. Најголеми се
шансите да ги видите помеѓу мај и раниот јули, а после овој период
нивниот број се намалува.
Доколку сте заинтересирани за грчката модерна историја, посетете го
Дионисис Соломос музејот во градот Закинтос, посветен на националниот
грчки поет која ја напишал националната химна.
Релаксирајте се на плажа - веројатно најпопуларната занимација на Закинтос!
За тие што ги интересира повеќе... http://iguana.com.mk/blog/zakintos/164-turisticki-vodic-zakintos - тука
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 20:33
very...splendid!
...samo ...ne sum bil...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 22:04
ќе одиш бе што се секираш
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Септември.2010 во 22:19
i hope!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 16.Септември.2011 во 16:01
ke mi prosti koleskata sto i gi sobrav slikive od FB
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 16.Септември.2011 во 18:23
Zakintos kako turisticka destinacija e super za pomladi lugje, zelni za diskoteki, za lumpuvanje itn... Nikako ne go preporacuvam za familijarni lugje, za lugje sto sakaat mir, tisina. Laganas e meka za lugje zelni za nokjna zabava. Jas koga bev tamu pred 4 god. bev smesten vo edno malo mesto Limni Keri se vika. Lepota nevidena.
Spored mene najdobro mesto vo jonsko more e da se odi na Paksos ili AntiPaksos, seedno. Moze e malku poskapo od krf, Zakintos i drugite ama e stopati poubavo.
Koj ne bil na ovie dva ostrova im go preporacuvam na lugjeto od se srce.
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 17.Септември.2011 во 16:59
Zakintos ....kako bi se vratila pak tamu....Prekrasno e....mnogu ubav ostrov , vredi da se vidi no treba da se proseta cel...Laganas e mesto za mladi zurki zabavi ..otkaceni anglicani...italijanci i premnogu srbi i makedonci....Naj dobarite clubovi se Rescue..Zero i Coctel bar....
Za familijarni luge e Argasi...prekrasno mesto...se vooduseviv..mirno i kako raj.....Isto premnogu ubav i glavniot grad Zante.....tamu e pristanisteto i sekoj koj ke stigne na ostrovot mora od tamu da pomine...
Celata grupa sto bevme ovaa godina bea prezadovolni od odmorot....i mestoto....duri si mislam dogodina pak da odam tamu...
Lani bevme na Krf...ubav ostrov no nema mnogu sto da se vidi za razlika od Zakintos..no vo sekoj slucaj na koj mu se besnee...koj saka da otkaci i da si pomine naj ludo i nezaboravno neka go poseti Krf...nema da zgrese..samo nikako familijarno ili so decko ili devojka ne se odi tamu..Na Krf zboram za Kavos....tamu samo so drustvo..
Inaku za cenite na Zakintos e poskapo od Krf...
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 04.Октомври.2011 во 09:31
Најјужниот од јонските острови, последните години веројатно е еден и од најпосетените грчки острови од страна на македонските туристи. Неговите убавини веќе не се тајна за вљубениците во морето, природата и добрата забава. Надалеку познат по убавите и чисти песочни плажи, идилични и скриени заливи, прекрасни туристички места со богата и разновидна понуда. Долж бреговите се простираат овошни плантажи, виногради и насади под маслинки, кои остовот го карактеризираат како богат со прекрасна флора надополнета со преку 7500 видови на цвекиња. Неговиот рељеф на исток се карактеризира со благи падини, кои се спуштаат кон морето и песочните плажи, а на западната страна завршува со камени и високи карпи надвиснати над морето. Островото Закинтос, иако ориентирано кон развиениот туризам, сепак ја задржало еколошката заштита на сопствената природа. Во негова непосредна близина се наоѓаат и помали островчиња меѓу кои и на далеку познатото Маратониси или островото на желките. Имено на ова мало островче скриено од допирот на цивилизацијата, сеуште доаѓаат голем број на морски желки од загрозениот вид – “Карета”, кои тука во песокта на неговите плажи ги полагаат своите јајца од кои подоцна се излегуваат нивните мали желки. Главен град на островото е Занте, кој претставува и главно пристаниште на островото. Неговото население (преку 40.000 жители) му дало белег низ неговата долгогодишна историја, како град кој се карактеризира со исклучително богат и специфичен колорит. Влијанието на другите култури низ неговата историја, придонеле и денес да се разликува по својата специфична архитектура, особено присутна низ објектите во главниот град. И покрај големиот земјотрес во 1953 година, Занте е целосно обновен со голема посветеност токму на неговото население. Денес е вистински медитерански бисер и еден од најактуелните грчки острови во јонскиот архипелаг. Плажата Navagio е една од најубавите плажи на островото Закинтос. Самата плажа воедно е и една од петте најфотографирани плажи во цела Грција. Се наоѓа на западниот дел од островото и до неа е можно да се дојде само со чамец или со брод. Во нејзина непосредна близина се наоѓа селцето Анафотириа. Водата околу плажата е кристално чиста и специфична по нејзината тиркизна боја. Песокот е бел, составен од неколку зрнести облици и величини на ситни каменчиња. Плажата секојдневно се посетува од мноштво туристички бродови и чамци, кои до нејзе носат илјадници туристи – гости на островото. Многумина од туристите оваа плажа ја сметаат за задолжителна дестинација при посета на овој познат остров. Островото Marathonisi кое и по свјот облик наликува на желка, можете да го посетите доаѓајќи од страната на градчето Лаганас или пак преку езерото Кери, со изнајмен чамец или туристички бродче. Надалеку познато по желките од видот Caretta Caretta кои тука ги полагаат своите јајца, уште оддамна го добива епитетот – острово на желките. Неговата еколошка чистота и не постоењето на никакви градби, овозможува вистински пријатни мигови на допир со чистата природа, уживакќи во свежиот воздух, топлата медитеранска клима и прекрасните пејсажи. Плажата Kalamaki се наоѓа на јужниот дел од островото на оддалеченост од околу 7 километри од градот Занте. Песокот на оваа плажа е преубав но и тука морате да бидете внимателни бидејќи желките и тука доаѓаат да ги полагаат своите јајца. И оваа плажа претставува дел од националниот парк. Импресивните камени карпти кои се издигнуваат над оваа плажа ја прават уште поспецифична. На самата плажа постојат неколку барови, како и пропратни објекти за туристите – капачи. Автобускиот превоз има своја станица во близина на истата. Од спортските активности е можно само изнајмување на чамци – педалини. Плажите на Zakinthos се неговата најпозната карактеристика. Посетата на нив, е всушност и вашата најголема активност која можете да си ја дозволите додека престојувате на него. Секоја специфична по својата убавина и природни карактеристики, заслужува да биде дел од вашиот прстој на Закинтос.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 04.Октомври.2011 во 16:01
ma,...mnogu e daleku ....za so kola!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 05.Октомври.2011 во 22:46
brza напиша:
ma,...mnogu e daleku ....za so kola!
|
15 casa...so avtobus... so kola nekoj cas pomalku....
ama koga odis na odmor i relaksacija nisto ne e daleku...
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Јуни.2013 во 07:46
http://puls24.mk/zanimlivosti/zanimlivosti/luda-vecer-na-edna-makedonka-na-zakintos" rel="nofollow - Луда вечер на една Македонка на Закинтос Рековме ќе ви прикажеме што претставува онаа изрека: „Се што се случило на Занте, останува на Занте“! Работата е што најголемиот дел од девојките од Македонија, сакаат да прават глупости за кои никогаш нема да да се дознае, а тие ќе бидат задоволни и среќни. Откако голем број македонски девојки решија да видат што нуди овој грчки остров на луда забава, се пофалија дека е навистина лудо и незаборавно, но додека раскажуваат што се случувало таму, не забораваат да кажат: „Сепак, има некои работи што се случија на Занте и останаа на Занте“! Еве што би значело тоа за нас: Откако целото женско друштво ќе се врати во собите каде што се сместени, започнува вистинска „тепачка“ која попрво да се тушира, затоа што нормално нема време да се подготви за лудата вечер што ја очекува по дискотеките и кафулињата на Занте. По долга дискусија, викање, навредување, девојките се подготвени за вечерните лудории. Можеш да ја заприметиш дека е на одмор и е од друга земја, доколку носи кратко мини здолниште или фустанче. Не дај Боже да и падне нешто од чантата, ќе биде како Ана Николиќ или Преслава, што „несакајќи“ покажаа што кријат под здолништето. На почетокот од вечерта го бараат најлудиот кафич, со најлуда атмосфера, нешто што не може да се најде по скопските улици. Откако убаво ќе се сместат, нарачува нешто што досега не го пиела, со некое чудно име кое едвај може да го изговори, за подоцна да може да се пофали на своето друштво што ја чека во Скопје, дека пиела нешто што го нема кај нас. Но, најинтересното од се е што потајно ги гледа луѓето околу неа за да си ја најде потенцијалната мета со „дебел паричник“ и многу пиење околу него. Ако е од Србија тогаш е добитна комбинација, зашто нели Србите се доста згодни. Но, може ќе изненади, па ќе почне да флертува со некој Англичанец зашто тие нели се полни со фунти и се однесуваат како неиживеани души кои едвај чекаат да „легнат“ нешто јужно, балканско. По неколку чашки од тие чудни алкохолни напитоци, почнува да се чувствува пијано ,па најинтересниот дел допрва доаѓа. Можеби ќе почне да прави глупости кои досега ги гледала само на филм, па утрото да има јак хенговер и да „не се сеќава на ништо“. Сега ја има целата слобода да си го дозволи тоа, зашто нормално никој нема да дознае...Се што се случува на Занте, останува на Занте!
-------------
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 02.Јули.2013 во 11:45
Ova sto go kopiral emil e delumno vistina, ama ne e daleku od vistinata
Inaku ke stavam nekoi slikicki koga ke se vratime od Zakintos
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 02.Јули.2013 во 11:53
pogled od kameo island kon maratonisi
banana beach
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 09.Јули.2013 во 03:05
Ајде да споделам мое мислење за Закинтос..
Од Скопје до Лаганас
се патува околу 16 часа +/- и за оние што не можат да спијат во автобус е
измачување! Добро дремнав на враќање ама веќе не знаев ни кај се наоѓам
од неспиење..
Кога веќе ќе стигне човек во Килини си мисли дека
на крајот на светот дошол, а од таму до Занте има уште 70-80 минути
возење со траект.. Главниот град не ме воодушеви нешто посебно, ме
потсети на Воден со сите тие улички како лавиринт, просечно плоштадче,
по некоја црквичка од која што едната преживеала кој знае колку
земјотреси и тоа е тоа. Многу кафичи по главната улица, цени глава боли
од читање.. Од таму до Лаганас има околу 7-8 километри, се стигнува прилично брзо..
Лаганас
не е ништо посебно, една долга улица и сите клубови поредени по неа. По
сите споредни улички се наредени апартмани и хотелчиња, ретко по некој и
на главната улица.. Градот е полн со британци, всушност изграден е
од нив после катастрофалниот земјотрес па некако си се чувствуваат како
дома, а и никој не смее да им писне. Деца од по 15-18 години 24/7 со
пластични чаши во раце се журкаат..демек. Ретко нешто трезно да се
начека после 22 часот, а ако има тоа сигурно не е од британците. Лаганас
има прилично добра градска плажа, со многу кафичи и таверни. Лежалките
се во просек по 7 евра со две пијачки или 5 евра без пијачка. Доста е
плитко па треба одење и одење кон длабокото додека се стигне до некоја
пристојна длабочина за пливање.
Има и други плажи до кои се оди
со автобус, има бесплатни автобуси до Ст.Николас и Банана бич, а таму
мораш да си платиш 2 лежалки за да добиеш фискална за бесплатен превоз
за назад. Инаку такси од таму до Лаганас е неверојатни 30 евра, а има
преку сила 15км (испробано ова со таксито за жал) Цените по останатите плажи се доста повисоки од нормалните, не знам што се замислуваат еден чизбургер го плативме 8.70 евра.
Има
и други туристички места, пример Аргаси и за разлика од Лаганас местото
е многу мало, претежно за семејни луѓе, ама има еден гооолем минус,
плажа скоро и да нема. Предност е што до овие убавите плажи е само 4-5
км па може да се отиде до таму.. Аргаси е поблиску до главниот град, мислам 3-4 км е... Цените се дупло повисоки од кај нас во супермаркет, доматите на пример 1.8 евра, а краставиците 30-36 денари парче
Navagio
плажата е нешто што мора да се види, 25 евра е турата до таму и е
целодневно измачување. Целата западна страна на островоржт е карпи и
нема ама баш ништо да се види. Такви пештери, онакви пештери..бла бла..
Во
близина на Лаганас се наоѓа Агиос Состис и приватното островче Камео. 4
евра влез по човек, лежалки нема и цело е карпи и камења. Голем минус,
само изгледот му чини.. Агиос Состис па, е мало селце во продолжение на Лаганас, ништо посебно..
Каламаки
е исто така едно од туристичките места на Закинтос..Не е ни од далеку
големо колку Лаганас ама мислам дека има поубава плажа. Тука над глава
ќе ви поминуваат авионите пред да слетаат, аеродромот е на километар-два
од плажа..
Лаганас и покрај сите негативности е прилично
убаво место за одмор, ама ако се собере група млади и заедно да шетаат
по кафичите и дискотеките, инаку како нас само двајца малку тешко. Градот се буди прилично касно, ретко нешто пред 8 да отвори. Ама убаво е наутро за шетање по плажа додека ни пиле не прелетува..
Голем
минус за вакви како мене што јадат месо е што месарница не видов, а по
супермаркетите не се продаваше ништо од месо. Само еден супермаркет
(Експрес) на километар и повеќе од плажа имаше по нешто свежо мевце и ќе
ти се одјаде кога ќе стигнеш до таму...и ќе помислиш кој пат те чека за
назад по тоа жешко...
И тоа е тоа..
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 09.Јули.2013 во 03:27
Ако ме служи меморијата оваа е црквата што преживела...Свети Дионисиј
Островот во форма на желка, Маратониси
Ете ја најсликаната плажа Navagio
Креветчињата од кои не ни се стануваше
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Јули.2013 во 05:11
После сетотоа кажано колку пари потроши за една недела таму и дозволи ли си се’ што душата ти сакаше или мораше да се откажеш от нешто што си сакала да си купиш или изјадеш примерно .
Какви се цените на пивото на плажа и на двојната водка со кола или сок во дискотекиве ?
Кажи и колку се цениве за смештајот за двајца со 1 или 2 деца до 7 години .
И за олинклузивот ако може да кажеш 3-4 збора затоа што не сум слушнал убави работи за него и дали е така .
-------------
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 09.Јули.2013 во 13:00
Vo princip all inc odam samo koga planiram penzionerski odmor zatoa sto retko koi hoteli ke ti ovozmozat lunch paket ako ne rucas..a nie setavme po plazi po zelki po ostrovi itn.. Greota e da odis do tamu a nisto da ne vidis, a ima sto da se vidi Taka da za all inclusive konceptot ne znam.. Apartman za dvajca imase krajot na juni od 20 do 50 evra ako odi covek vo sopstvena rezija... Cenite na gradskata plaza... Pivo na plaza od 2 do 5 evra, sok od 2-3 evra, svezo cedeniot 4, kafinjata skoro site po 3 evra, milksejk 3-4 evra , ovosna salata 3,5 - 5 evra, klub sendvici po 4-6 evra (so kompircinja neli..) sadoled 1,5 evra topce, konjak votka i takvi slicni 3-4 evra...ama toa ne se pie na plaza
Po drugite plazi, onie sto gi spomnav deka se odi so avtobusi lezalkite se 3-4 evra.po covek, a onoa krevetceto sto go iznajmuvavme e 12 evra ama ne znam dali dozvoluvaat povekje od 3 lica.. Tamu cenite se poskapi... Klub sendvic 7 evra, kafeto slicno okolu 3 evra, tost 3evra, cheeseburger 8,7 a hamburger 8 i nesto...sladoled mora 3 topcinja za 4,5 evra, pivoto od 4evra za 330ml pa nagore..
Hranata vo Laganas po prodavnicite ... 1,5 4kroasani, 2,2 evra lebot, od 1,5 evra nagore za sreden cips, maslinovo maslo 8+ evra za litro, soncogledovo 2-3 evra, kolacinja od onie Oreo 1,5 evra i nagore, slicni na niv a pogolemi po 1,2 do 1,8, koka kola od 1,5 litri grcka e 1,6 evra a 2litri bugarska e 1,7 e, praski 3+ evra, cresi 4+, voda 6 sisinja od 1,5 do 1,8 evra..sladoled od 1,5 evra nagore...
Po fast food edno giro 2-3 evra, so limenka sok e 4, parce nikakva pica 1,5 margarita a drugite po 2 evra ama ne se ubavi, porcija giro so sok 5 evra, cheeseburger obrok 7 evra.. Po restoranite ima kompletno meni od 13 evra po covek so eden pijalok i hrana po izbor, edno predjadenje i edno glavno jadenje... Inaku porcija jagnesko ili svinsko e od 8 evra nagore, cenite se do kaj 15 evra..predjadenjata od 3 evra nagore, pijalocite 3-4-5 evra...
Skuter za iznajmuvanje 15-20 evra, kola od 35 nagore.....najdobri se onie so polno osiguruvanje, skuterite i onie na 4trkala ne podlezat na polno osiguruvanje..
Navecer vo kaficite i klubovite eden shot 1evro, 1jager 2evra, kokteli od 2 za 5 evra nagore...seceni pijaloci 3-4 evra, moze i 5 zavisi sto.. Inaku pijackite im se ocajni, napraveni od najniska klasa alkohol, razredeni i ne gi biva...
Nie emil ne si skrativme nisto, pojaduvavme vo soba, jadevme nadvor, ne se prepivme, se iznasetavme i bi rekla deka ako saka covek da jade nadvor, da odi po razlicni plazi, da iznajmuva lezalki, 1 ili dve ekskurzii da bukira ke mu trebaat 500 evra plus aranzmanot....ako saka da si gotvi doma ke pomine i so 250-300
Ako ispustiv nesto, prasaj...
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: aurelianus
Датум на внесување: 09.Јули.2013 во 23:19
i ti,se ova pogore ...mislam cenite,gi zapamti?
garant sega uzivas vo domasen ambient i bogami ubavo se odmaras.
------------- 8"
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 10.Јули.2013 во 00:06
Pa za toa sto sum platila znam kolku sum platila, ne treba mnogu mozok za da zapamtis sto si kupil ti kolku cinelo Sekoj den sok, cips, nekoe kolace i po nekoja praska od supermarket, plus kafe sok ili pivo za lezalka, posle edna salatka i dovolno e do rucek...za rucek druga pesna....
A vaka after party dovolno mi se 2 koka koli po skopskive kafici...mene mesto ne me drzi
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Јули.2013 во 04:46
BellaGrandma напиша:
Ako ispustiv nesto, prasaj...
| Наполно ме задоволува отговорот . Јас само сакав да споредам грчката евтинија со еден од поскапите бугарски места за одмарање Созопол каде ќе одам во средината на август . Така како што видов 500-600 евра са наполно доволни за во Грција ,толку колку сум и јас спремал за Созопол за 7 дена 700 евра плус уште 120 за спиење и 40 евра за пат отивање и враќане .
Благодарам
-------------
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 10:18
Зошто Закинтос?
Сѐ уште се двоумите каде да го поминете долго очекуваниот одмор?
Доколку една од потенцијалните дестинации ви е прекрасниот јонски остров
Закинтос, еве неколку причини зошто да отпатувате токму таму…
Закинтос, познат уште и како Занте, претставува возбудлива
дестинација за летните одмори. Овој остров ви нуди можности за
креативни, опуштени и авантуристички одмори, нешто што ќе ги задоволи
вкусовите и на оние што сакаат мирен, семеен одмор, но и на оние што се
во потрага по нешто необично, романтично, забавно…
http://365.com.mk/76127/zoshto-zakintos/silhouette-island-seychelles-wallpaper-1280x800" rel="nofollow">
Закинтос претставува центар на забавите во целиот јонски регион на
Грција, брегот на островот е обвиен со преку 130 километри прекрасни
плажи, централната маса е прекриена со неверојатно бујна вегетација која
ги одмара очите и ги полни градите со чист воздух, но покрај тоа,
постојат уште десетици причини зошто да тргнете кон Закинтос:
- Закинтос е местото каде што се гнездат морските желки карета, кои
се заштитен вид. На неколку плажи во близината на Василикос ќе имате
уникатна можност да ги погледнете нивните гнезда.
http://365.com.mk/76127/zoshto-zakintos/careta-careta" rel="nofollow">
- Сместувачките капацитети на овој остров ги нудат сите погодности на
модерното време, а не го загрозуваат балансот на природата. Како ретко
каде, Закинтос нуди совршен спој на урбаното и дивото, нескротеното.
http://365.com.mk/76127/zoshto-zakintos/bohali3" rel="nofollow">
- На островот се наоѓаат огромен број споменици и археолошки
наоѓалишта, кои сведочат не само за сјајниот антички период, туку и за
бурното средновековие, кога Закинтос се наоѓал под власт на Венеција.
- Жителите на Закинтос имаат огромна почит кон уметноста и културата,
прифаќајќи ги за своевиден начин на живот, а сето тоа се пренесува и во
односот кон туристите.
http://365.com.mk/76127/zoshto-zakintos/attachment/47497240" rel="nofollow">
- На Закинтос се изградени голем број цркви и манастири во уникатно
опкружување, места кои ги мамат сите верници, но и луѓето кои уживаат во
природните убавини.
- Засуканиот брод на плажата Навагио е една од најпопуларните
туристички атракции во цела Грција и можеби најфотографираното место во
оваа земја.
http://365.com.mk/76127/zoshto-zakintos/panagiotis-on-zakynthos-island-greece" rel="nofollow">
- Закинтос изобилува со уникатна флора. Специфичните цвеќиња кои
виреат на островот оддаваат специфичен сладок мирис некаде по
зајдисонцето.
http://365.com.mk/76127/zoshto-zakintos/k-lomvardou-ave-strada-marina-zakinthos-ionian-islands-greece" rel="nofollow">
- Закинтос е можеби последното место во Грција, каде што е зачувана
авентичноста на таверните. Неретко, таму можете да видите како келнерите
ја прекинуваат работата, земаат гитара и започнуваат да ги забавуваат
гостите, како во старите добри времиња.
http://365.com.mk/76127/zoshto-zakintos/zakynthos-portul" rel="nofollow">
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 16:50
Најдобрите плажи на Закинтос
Прекрасниот јонски остров Закинтос е едно од најубавите места за
одмор во Грција. Пред да отпатувате таму, прочитајте кои се најдобрите
плажи кои едноставно мора да ги посетите…
Каламаки
Долгата песочна плажа Каламаки се одликува со чиста и плитка вода, а
се работи за релативно потивка плажа од онаа во Лаганас, попогодна за
семејства и за луѓе кои сакаат да уживаат во мирот додека се на плажа.
Единствена негативна страна е тоа што авионите прелетуваат од и кон
аеродромот токму преку оваа плажа. Но, од друга страна, поради фактот
што плажата се наоѓа во заштитена зона, водените спортови не се
дозволени.
Лаганас
Лаганас е плажа која е позната како центар на забавите. Се наоѓа во
залив долг 9 километри, кој е речиси во целост прекриен со песочно
пространство. Сепак, и покрај импресивната должина, оваа плажа може да
стане пренатрупана во летниот период, кога сите сакаат да фатат место
токму на Лаганас.
Геракас
Според туристите кои го посетиле Закинтос, ова е најубавата плажа на
целиот остров. Во непосредна близина на оваа плажа живеат загрозените
желки, па поради тоа не се дозволени водени спортови и исто така,
посетите се забранети од зајдисонце до изгрејсонце (предвидени се казни
за прекршителите). Но, мирната, песочна плажа со кристално бистра вода
дефинитивно вреди да се посети, доколку сакате да искусите барем неколку
часа потполн мир и хармонија со (речиси) недопрената природа.
Навагио
Плажата Навагио може да се посети само со турите со бротчиња. Таа
стана многу популарна поради приказната за засуканиот брод во заливот и,
особено во летниот период, е посетена од многу луѓе. Но внимавајте – и
покрај фактот што пејзажот е фантастичен и претставува едно од
најфотографираните места во Грција, водата е прилично студена, дури и во
врвот на летната сезона, поради подводните струи, така што е малку
веројатно дека ќе можете подолго да останете во вода.
Аргаси
Плажата во Аргаси е долга околу 1 километар, со ситна песок и повеќе
мали заливчиња кои даваат посебна атмосфера. Местото е многу популарно,
поради тоа што е релативно блиску до главниот град, Закинтос (околу 5
километри); но и затоа што нуди забава преку ден (шанкови на плажа,
водени спортови од најразличен вид, забави итн.), како и во вечерните
часови (барови, таверни, ресторани итн.).
Ксигија
Се работи за мала и симпатична плажа, на крајот од многу стрмен пат,
која се наоѓа на северо-источниот дел од Закинтос. Непосредно до плажата
постои подводен извор на сулфур, поради што се чувствува умерен мирис.
Но, освен тоа, плажата Ксигија е беспрекорно убава и ќе ви овозможи едно
доста автентично искуство.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 15:04
Го најдов на Фејсбук постирано, па за песната го ставам. Инаку куп лудаци
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 15:10
evangeline напиша:
Го најдов на Фејсбук постирано, па за песната го ставам. Инаку куп лудаци
|
ако Закинтос го посетуваат истите девојки како од спотот може и да се замислам за лето 2015
-------------
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 15:18
емил напиша:
evangeline напиша:
Го најдов на Фејсбук постирано, па за песната го ставам. Инаку куп лудаци
|
ако Закинтос го посетуваат истите девојки како од спотот може и да се замислам за лето 2015 |
Не знам Емил, http://www.facebook.com/pages/Guliver-Travel-Agency/428985680503027" rel="nofollow - прашај ги
А оваа година каде?
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 16:33
evangeline напиша:
емил напиша:
evangeline напиша:
Го најдов на Фејсбук постирано, па за песната го ставам. Инаку куп лудаци
|
ако Закинтос го посетуваат истите девојки како од спотот може и да се замислам за лето 2015 |
Не знам Емил, http://www.facebook.com/pages/Guliver-Travel-Agency/428985680503027" rel="nofollow - прашај ги
А оваа година каде?
|
Созопол
-------------
|
|