IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - Мотоциклизам
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мотоциклизам

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 00:01

МОТО ГП - ГОЛЕМА НАГРАДА НА ГЕРМАНИЈА


Докторот се враќа на патеката Захзеринг


Ми недостасуваше натпреварувањето, особено мојот мотор и тимот. Се чувствувам многу добро, операцијата мина добро, докторите направија добра работа, а јас секој ден напорно работев за што побрзо да се вратам во форма. Меѓутоа, големо е прашањето дали сега ќе успеам да издржам цела трка, изјави Роси


Медицинскиот тим на трката во Захсеринг (Германија) му даде зелено светло на актуелниот шампион во Мото ГП, Италијанецот Валентино Роси за настап на неделната трка што ќе се вози за Големата награда на Германија.

Роси претрпе двојна скршеница на потколеницата на почетокот од јуни на трката во Муџело (Италија), а многумина предвидуваа дека ќе му бидат потребни барем три месеци за опоравување од повредата, но тој ги демантира сите прогнози .
-Докторот уште минатата недела се врати на патеките и во рамките на подготовките за неделната трка го тестираше моторот на Јамаха за Светскиот Супербајк шампионат на патеката Мизано, а возеше и на почетокот од неделата во Брно.

Во Захзеринг Роси беше прегледан од главниот доктор на трката Хубер Фишер кој ја поддржа одлуката на медицинскиот тим на деветкратниот шампион во Мото ГП.
-Ми недостасуваше натпреварувањето, особено мојот мотор и тимот. Се чувствувам многу добро, операцијата мина добро, докторите направија добра работа, а јас секој ден напорно работев за што побрзо да се вратам во форма. Меѓутоа, големо е прашањето дали сега ќе успеам да издржам цела трка, изјави Роси.

Враќањето на Италијанецот во тимот го поддржа и неговиот тимски колега Шпанецот Хорхе Лоренцо.
-Валентино е возач со најмногу титули, единствен кој во ова натпреварување прави шоу и сите се среќни заради неговото враќање, изјави Лоренцо, кој утре во Германија ќе ја брка шестата победа сезонава со која дополнително ќе ја зголеми предноста во генералниот поредок.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2010 во 21:48
Педроса победи во сенка на трагедијата

тага

Дани Педроса победи на трката за Големата награда на Сан Марино, но славјето за неговата 35 гран при победа и прва едноподруго, беше поматено со веста за смртта на Шоја Томизава во пониската класа Мото 2.

Возачот на Репсол Хонда доминатно ја започна трката, од пол позицијата, и непречен од никого стигна до нов триумф во кариерата, оставајќи го најголемиот ривал Хорхе Лоренцо на безбедна дистанца од четири секунди зад себе. Невообичаено мирната трка донесе мал број на возбудувања, при што на задоволство на публиката Валентино Роси го освои третото место пред Довициозо и Стонер, по што со скандирање беше поздравен од многубројните тифози.

Сепак, денот беше обележан од трагичниот инцидент во Мото 2 класата, каде што падна несреќниот јапонски мотоциклист  Шоја Томизава, кој потоа беше прегазен од оние кои возеа зад него. Смртта на Томизава беше објавена по крајот на трката од Мото ГП, со објаснување дека поради сериозноста на повредата (торакална и абдоминална траума), тој веднаш бил третиран во медицинскиот центар и ставен на вештачко дишење.  Потоа бил пренесен со возило во болницата во присуство на двајца доктори, бидејќи хеликоптерскиот трансфер не можел да му овозможи вештачко дишење. Од таму во 14.20 минути пристигнала веста дека 19-годишниот возач им подлегнал на повредите.


тага

R.I.P. Japanese Race Driver Death-Crash MotoGP 5th September







Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2011 во 04:48
Педроза пак најбрз, во Јамаха оптимисти

Дани Педроза беше најбрз, а доминацијата на Хонда продолжи и на првиот ден на последниот Мото ГП тест пред стартот на сезоната во Катар. Сесијата под рефлектори повторно донесе 1-2-3 пласман на возачите на Хонда, со Педроза пред Кејси Стонер, и Хироши Аојама од сателитскиот Гресини Хонда тим.

Педроза го постави своето време од 1:56.271 на два часа пред крајот на сесијата, подобрувајќи го претходното најдобро време на Стонер за 0.143 секунди, додека Аојама беше само уште 0.03 секунди зад Стонер. Топ 6 го комплетираа три Јамахи - фабричките возачи Бен Спис и Хорхе Лоренцо, и ветеранот од Тех 3, Колин Едвардс. Андреа Довициозо следуваше во третата фабричка Хонда.

Дукати повторно имаа тешка вечер. Валентино Роси падна рано на 9-тата кривина, и иако се врати на мотоциклот, заврши на 8. место, пред колегата Ники Хајден. Ранди де Пуние падна двапати за да бие 10. за Прамак Дукати, додека ѕвездата од тестирањето во Сепанг, Марко Симончели беше 11. во Гресини Хонда.

И покрај доминацијата на Хонда, од Јамаха изјавија дека се оптимисти дека ја намалиле разликата и дека влегуваат подготвени во новата сезона.

"Развојот се движи во вистинска насока и се надеваме дека ќе поминеме уште многу километри. Поблиску сме до врвот и тоа е позитивно", вели Спис.

Светскиот шампион Лоренцо по острите критики по тестирањето во Сепанг, беше посмирен.

"Се обидовме со поинакви работи, и поблиску сме до момците од Хонда отколку во Сепанг, така што сум задоволен", изјави Лоренцо.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 10:42
  

Возачот на Хонда, Кејси Стонер, триумфираше на Големата награда на Катар за стартна победа во овогодинешното светско првенство во мотоциклизам.

 

Во Мото ГП класата Австралиецот Стонер стартуваше од пол-позицијата и 22. круга ги извозе за време од 42 минути и 38,569 секунди. Време доволно да ја оствари својата 24. победа во кариерата.

Со 3,44 секунди заостанување зад него второто место му припадна на актуелниот шампион Шпанецот Хорхе Лоренцо од тимот на Јамаха. Третопласиран во Катар беше Дани Педроса од Хонда со минус од 5,051 секунди во однос на Стонер.

Германецот Штефан Брадл славеше во Мото2 класата, додека во класата до 125 кубици најдобар беше Шпанецот Николас Терол.

Следната трка е на распоред на 3. април во Херез за Големата награда на Шпанија.

Резултати:
1. Кејси Стонер (Австралија, Хонда) 42:38,569
2. Хорхе Лоренцо (Шпанија, Јамаха) +3,440 секунди
3. Дани Педроса (Шпанија, Хонда) +5,051
4. Андреа Довициозо (Италија, Хонда) +5,942
5. Марко Симончели (Италија, Хонда) +7,358
6. Бен Спајс (САД, Јамаха) +10,468
7. Валентино Роси (Италија, Дукати) +16,431
8. Колин Едвардс (САД, Јамаха) +26,293
9. Ники Хејден (САД, Дукати) +27,416
10. Хироши Аојама (Јапонија, Хонда) +28,920



Изменето од емил - 21.Март.2011 во 10:42
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2012 во 06:41

РАДОСНА ВЕСТ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МОТО СПОРТОТ

 


Барањето за увоз на мотоцикли од САД е усвоено!




Барањето беше доставено до министерството за економија откако беше организирано возење за поддршка на барањата на мотоциклистите на кое поддршка дадоа сите мото клубови од земјава. Заедно со барањето до надлежното министерство беа доставени и повеќе од 1000 потписи на петицијата, потписи кои беа собрани за само неколку дена.


На 30 декември во 11.20 часот претставници на мото-заедницата во Македонија ќе имаат предновогодишна средба со министерот за економија Ваљон Сараќини по повод позитивниот одговор на нивното барање за најновите измени во Правилникот за единечно одобрување на возило, со кои се овозможува увоз на употребувани возила од категоријата Л (моторцикли) произведени за или во САД.


Процедурата за преостанатите барања (намалување на цената на зелениот картон и дозвола за регистрација на мотори на период помал од една година) сеуште се во тек, а се надеваме дека надлежните министерства и Владата на РМ ќе одговорат позитивно и за нив.

Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на сите кои се потпишаа на петицијата, сите кои учествуваа на возењето и покрај тоа што времето беше катастрофално и на сите оние кои ни дадоа поддршка.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2012 во 12:05

Двоен триум на македонски мотоциклисти во Грција 

Македонските мотоциклисти Христијан Илиоски и Гоце Томовски постигнаа огромен успех со освојувањето на првите две места на трката од Отворениот шампионат во мотокрос кој вчера се одржа на патеката „Птолемеида“ во Грција.
Илиоски и Томовски остварија еден - два победа во отворената класа, оставајќи ги далеку зад себе домашните натпреварувачи во двете возења. Илиоски во второто возење го постигна и најдоброто време во еден круг со 1:36,90 минути. Во оваа класа настапи и уште еден Македонец, Никола Гулевски, кој на крајот го освои шестото место.

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2013 во 10:54
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2015 во 21:25
Која среќа што седнав да го гледам последново ГП...
Од прв,до последен круг уживање.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.