Испечати | Затвори го прозорот

Мотоциклизам

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Формула 1 и Мото грандпри
Опис на форумот: Роси - Капироси, Шуми, Алонзо и компанија
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14181
Датум на принтање: 03.Декември.2024 во 20:08
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Мотоциклизам
Постирано од: La Ninja
Наслов: Мотоциклизам
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:34

МОТОЦИКЛИЗАМ - ШПАНСКИОТ ДЕБИТАНТ СЕПАК ЌЕ ОДИ НА БРИТАНСКОТО ГП

Лоренцо ќе се трка во Донингтон

Хорхе Лоренцо ќе учествува на Британското ГП во Донингтон Парк овој викенд откако ја пропушти домашната трка во Барселона по тешкиот пад на тренингот. Шпанецот доби потрес на мозокот и ја повреди раката на падот на вториот тренинг пред Каталонското ГП.

Тој мораше да оди на пресадување на кожа по сударот, но неговиот Фиат Јамаха тим потврди дека поранешниот 250сс светски шампион ќе биде фит за трката во Донингтон. Дебитантот сепак ќе мора да носи специјална свилена ракавица зад тркачката ракавица и ќе мора да оди на третман по секој тренинг.

"Ова беа тешки неколку недели за мене, посебно кога морав да ја гледам трката во Барселона од болничкиот креве, што не беше воопшто забавно. Едвај чекам да се вратам назад на мотоцикл иако овој викенд ќе морам да бидам внимателен. Како да почнувам од нула и морам да го менувам приодот. Во Донингтон имав неколку добри трки, како победата во 250сс во 2006, а лани бев добар на дождот. Тоа е брза патека освен последниот дел и ќе биде интересно да се вози на Мото ГП мотоцикл првпат во кариерата", вели Шпанецот.

21-годишниот Лоренцо имаше одличен старт на Мото ГП кариерата како колега на Валентино Роси, откако се квалификуваше на пол-позицијата на првата ноќна трка во Катар и заврши како втор. Потоа освои пол-позиција на втората трка во Херез и трето место и пол-позиција во Есторил, која ја претвори во прва победа во Мото ГП. Но, на тренингот на Кинеското ГП на 1 мај, Лоренцо имаше тежок пад и ги скрши двата скочни зглоба, по што од неговиот тим мораа да го качуваат на мотоциклот.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....



Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јуни.2008 во 18:11

МОТОЦИКЛИЗАМ - ИМПРЕСИВНИОТ ДЕБИТАНТ САКА НЕШТО ПОВЕЌЕ

Довициозо: "Ми треба фабрички мотоцикл!"

Андреа Довициозо има јасна цел за 2009 - да најде фабрички мотор, и вели дека може ќе замине од Хонда да го добие тоа. По седум трки во првата Мото ГП сезона, талентираниот Италијанец беше блиску до подиум со својот РЦ212В мотоцикл од ЈиР Скот тимот, но вели дека лимитот на неговата машинерија е голем и станува поголем.

"Многу е тешко во Мото ГП. Нивото на натпреварување е високо, а фабричките мотоцикли го подобруваат целиот пакет многу бргу. Во Барселона имавме добра трка, но не можев да бидам на подиумот. Тоа е тешко за нас. Можеме да имаме добра трка, но секогаш сме лимитирани", вели популарниот Дови, кој има две четврти места оваа сезона.

Прашан за тоа кои се разликите меѓу неговиот мотоцикл и тој на Репсол Хонда, Довициозо вели дека се работи за премногу работи.

"Ни требаат многу работи, не само повеќе моќ. Ние всушност го имаме мотоциклот на Хонда од минатата година. Така што се работи за премногу работи. Мислам дека за следната година ќе можам да добијам фабрички мотоцикл со кој ќе можам да се борам за титулата", вели Довициозо.

Можеби најголема шанса на Довициозо е лошата форма на светскиот шампион од 2006 година, Ники Хајден, кој овој викенд ќе направи "трансфер" на мотоцикл со пневматички клипови. Доколку ниту ова не може да му помогне на Американецот, Довициозо би можел да добие место во Хонда покрај Дани Педроза, иако е можно и да има трет фабрички мотор на Хонда, воден од ЈиР Скот.

Жиберне уживаше во тестот со Дукати

Сете Жиберне се врати во Мото ГП акција на тридневната тест-сесија со тимот на Дукати на италијанската патека Мугело. Шпанецот, кој се повлече од тркањето на крајот на 2006, го тестираше новиот Десмоседичи ГП9 мотоцикл, иако првиот ден тестирање сопре одеднаш поради дождот. Жиберне комплетираше 20 круга со најдобро време од 1:53.7, на денот на тестирање со тест-возачот Виторијано Гварески.

"Навистина возбудлив ден за мене. Како да се вратив во времето за две години, и сите месеци претходно да не постоеја. Возењето мотоцикли беше целиот мој живот долго време и сега повторно ми се враќа тоа чувство. Повторно сум дома. Инстиктот дојде веднаш, иако очигледно ми треба навика. Сфатив колку е заморно да се држат сопирачките и да се движи мотоциклот, но навистина уживав", вели Жиберне.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јуни.2008 во 23:27

МОТОЦИКЛИЗАМ - СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ДОМИНАНТЕН НА БРИТАНСКОТО ГП

Стонер покажа што може на Донингтон парк

Актуелниот светски шампион Кејси Стонер го комплетираше доминантниот викенд на Донингтон парк со победа од пол-позицијата на Британското ГП. Австралиецот постави најдобро време на тренингот и на квалификациите, и на крајот победи со 5.789 секунди предност пред Валентино Роси и Дани Педроза.

"Не бевме сигурни како новиот сет-ап ќе функционира на оваа патека, но сега навистина не можеме да се жалиме. Се надевам дека ќе продолжиме вака и дека ќе се бориме за титулата од сега натаму. Овој викенд надополнивме многу и со овој нов сет-ап ако продолжиме Валентино и Дани не се толку далеку", вели асот на Дукати.

Вистинската битка се случуваше за второто место, меѓу Роси и Педроза. Двојката беше блиску во текот на целата трка с$ додека Педроза, кој се избори од деветтото место на стартот, се откажа и се задоволи со третото место. Со ова Роси го зголеми водството во генерален пласман пред Шпанецот, додека Стонер скокна на третото место оставајќи ги во живот шансите за одбрана на титулата.

"Се обидовме да стигнеме до победата, но Кејси беше единствено пребрз. Но, задоволен сум бидејќи повторно сум на подиумот и завршив пред Дани. Следниот пат ќе се обидеме и посилно за победата", вели Роси, кој во Британија го одбележа својот 200. ГП старт.

Зад лидерите, ветеранот Колин Едвардс заработи важни поени откако се поврати од слабиот старт за четвртото место, додека дебитантот Андреа Довициозо мора да е пресреќен со петтото место со ЈиР Хонда тимот.

Најимпресивна трка сигурно имаше колегата на Валентино Роси, Шпанецот Хорхе Лоренцо, кој својата неверојатна деби сезона ја одбележа со нов подвиг. Тој скокна од 17. место на стартот на шестото на крајот и покрај тоа што имаше пресадување на кожата на раката пред само една недела.

Домашна катастрофа доживеа Џејмс Тосленд паѓајќи на првата кривина на првиот круг, пред да заврши на 17. место. Британецот од Тех 3 Јамаха тимот го очекуваше лоша трка откако беше само 16. на квалификациите на дожд, но разочарувачкиот викенд се претвори во катастрофа откако се обиде да има добар старт и излета веднаш повредувајќи го зглобот на раката. На крајот тој заврши со еден круг заостанување зад Стонер.

РЕЗУЛТАТИ

МОТО ГП

1.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 44:44.982

2.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха +5.789

3.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда +8.347

4.Колин Едвардс (САД) - Тех 3 Јамаха +12.678

5.Андреа Довициозо (Ита) - ЈиР Хонда +14.801

250СС

1.Мика Калио (Фин) - Ред Бул КТМ 42:14.410

2.Марко Симончели (Ита) - Метис Џилера +0.353

3.Алваро Баутиста (Шпа) - Априлија Аспар +1.237

4.Ектор Барбера (Шпа) - Априлија Тот +8.875

5.Томас Лути (Шва) - Хонда Еми +11.359

125СС

1.Скот Рединг (Бри) - Блусенс Априлија 41:39.472

2.Мајк Ди Мељо (Фра) - Аџо Моторспорт +5.324

3.Марк Маркез (Шпа) - Хонда Репсол +5.806

4.Серхио Гадеа (Шпа) - Априлија Аспар +13.990

5.Симоне Корси (Ита) - Априлија Џек & Џонс +16.855

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

МОТО ГП

1.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха 162

2.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 151

3.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 117

4.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха 104

5.Колин Едвардс (САД) - Тех 3 Јамаха 82

250СС

1.Мика Калио (Фин) - Ред Бул КТМ 131

2.Марко Симончели (Ита) - Метис Џилера 123

3.Алекс Дебон (Шпа) - Лотус Априлија 101

4.Матија Пасини (Ита) - Априлија Поларис 98

5.Ектор Барбера (Шпа) - Априлија Тот 82

125СС

1.Мајк Ди Мељо (Фра) - Аџо Моторспорт 132

2.Симоне Корси (Ита) - Априлија Џек & Џонс 109

3.Штефан Брадл (Гер) - Априлија Гризли Гас 77

4.Николас Терол (Шпа) - Априлија Џек & Џонс 75

5.Пол Еспархаро (Шпа) - Белсон Дерби 75

Рединг со историски триумф во 125сс трката

Британецот Скот Рединг ги воодушеви домашните фанови на Донингтон парк со својата прва победа на 125сс Британското ГП. Возачот на Блусенс Априлија Јуниор немаше возено на патеката во Лестершајр пред овој викенд, и со своите 15 години ја вози првата сезона во 125сс шампионатот, и стана најмладиот возач со победа во историјата на Мото ГП. Рединг има 15 години и 170 дена со што го сруши претходниот рекорд од 15 години и 324 дена на Марко Меландри од 1998 година.

Рединг поголемиот дел од трката го помина на второто место, зад Италијанецот Андреа Јаноне, кој на крајот падна на Крејнер кривината. Последен Британец со победа на ГП трка во која било класа беше Јан Мекконачи, кој победи на 80сс трката во Силверстоун пред неверојатни 22 години. Бидејќи нема 18 години, на Рединг не му беше дозволено да прска шампањско на подиумот.

"Неверојатно. Ова е прв подиум за мене, но веќе сум на највисоката скала. Не знам како да се чувствувам бидејќи уште не ми се верува", вели Рединг.

Во 250сс трката Финецот Мика Калио имаше неверојатен кам-бек од 14. место на стартот, за победа и за зголемување на водството во генерален пласман. По првиот круг тој беше меѓу најдобрите 10, а до десеттиот на третото место, зад водечкото дуо Марко Симончели (Џилера) и Алваро Баутиста (Априлија). Потоа тој само ги искористи грешките на своите ривали и стигна до одлична победа.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 16:39

МОТОЦИКЛИЗАМ - АВСТРАЛИЕЦОТ НЕЗАДОВОЛЕН ОД ОДНОСОТ НА БРИТАНСКАТА ПУБЛИКА

Стонер против публиката во Донингтон

Кејси Стонер инсистира дека реакцијата на британската публика по неговата Мото ГП победа во Донингтон Парк нема да влијае во потерата по одбраната на титулата. 22-годишниот Австралиец беше исвиркан од подиумот по неговата доминантна победа, што беше сосема различно од врисоците за поддршка кој ги доби второпласираниот Валентино Роси.

Актуелниот светски шампион се пресели во Британија како 14-годишник и помина две години во Британскиот 125сс шампионат, но не успеа да добие иста поддршка како харизматичниот "Доктор" Роси.

"Не, тоа нема да влијае на мене воопшто. Го имаше истото кога победив и минатата година. На победничкиот круг добив доста свирежи. Што сакаат луѓето? Дали тие се воопшто тука за да гледаат тркање или да врескаат по луѓе? Тоа не е начин на кој треба да се однесуваш на патека, но нема да ме спречи да победувам. Добро е да се види голема публика секаде каде што одиме, но не поради погрешни причини како тука", вели Стонер.

И покрај доминантниот триумф во Британија, возачот на Дукати не смета дека е конк*рент на титулата. Момчето од к*ри к*ри, Австралија имаше лоша серија трки по победата во Катар на стартот на сезоната, и сега заостанува 45 поени зад Валентино Роси и 34 поени од второпласираниот Дани Педроза на Хонда, разлика за која тој вели дека е преголема.

"Не сме вистински во позиција да се грижиме за шампионатот. Тоа е за Дани и Валентино да се грижат, не за мене. Можеби на крајот на сезоната ако освоиме доволно поени ќе бидеме во таква ситуација", вели Стонер.

Но, самиот Роси верува дека перформансите во Британија на Стонер покажуваат дека не може а да не биде сметан за закана за титулата, а Јамаха мора да се потруди за да се спречи походот на Дукати.

"Шампионатот е многу долг, и Кејси сега сигурно не е надвор од игра. Знаеме дека мораме да бидеме силни. Имаме доста подиуми, добри трки и три победи, но мораме да бидеме подобри", вели Роси.

Роси, Педроза и Стонер се на првите три места на подиумот на последните три трки и Стонер смета дека е многу тешко да се надополни негативата.

"Во моментов, кога ние тројцата сме постојано на подиумот, многу е тешко да се направи предност дури и кога ќе победиш. Ќе има менување на поените, но не многу промена. Би сакал да имам вакви трки, но ќе видкме што ќе се случи", вели Стонер.

Капироси изненаден од слабата форма на Меландри

Лорис Капироси вели дека е изненаден од тоа колку слабо Марко Меландри вози откако го замени во Дукати. Актуелните шампиони Дукати се разделија со Капироси во 2007 по пет сезони и го донесоа Меландри од Гресини Хонда. Капироси не можеше да ја достигне брзината на Кејси Стонер и да се навикне на 800сс верзијата на Дукати во 2007, но Меландри оваа година е уште подалеку, со четвртото место во Кина како единствен конк*рентен резултат.

"Тешка сезона за коментирање бидејќи Дукати 100% го сакаа Марко и тоа беше јасно, но тој не ги носи резултатите кои сите ги очекуваа, посебно тој. Не мислам дека некој очекуваше вакви резултати, но очигледно тој не успеа да се навикне на мотоциклот", вели Капироси.

Британското ГП беше нова ниска точка за Меландри откако се квалификуваше во последниот ред и трката ја заврши на 16. место, речиси со цел круг заостанување зад Стонер, а исто така за малку ќе се удреше со Алекс Де Анџелис, човекот кој го замени во Гресини. По трката шефот на Дукати Ливио Супо изјави дека е изненаден од слабата форма на Меландри.

"На едната страна од гаражата сме пресреќни бидејќи Кејси покажа дека може да победува, но Марко повторно имаше тешка трка. Тој не успеа да ги има ниту круговите кои ги имаше на тренингот од 1:29, туку возеше околу 1:32. Не знаеме што се случува. Дури и Тони Елиас и Силван Жинтоли од Д'Антин тимот имаа подобри времиња од него", заклучува Супо.

Меландри во Донингтон призна дека можеби најдоброто решение е да си замине од Дукати и Капироси смета дека тој очекува да биде заменет. "Марко мисли на иднината далеку од црвената боја", додава Капироси.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Јуни.2008 во 20:26
МОТОЦИКЛИЗАМ - ПО ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ СТАРТ НА СЕЗОНАТА ЗА ИТАЛИЈАНЕЦОТ

Дукати подготвени да разговараат со Меландри

Шефот на Дукати, Ливио Супо вели дека италијанскиот тим ќе разговараат за иднината за Марко Меландри во тимот ако тој не успее да го крене своето ниво на следните неколку трки. Меландри има пеколна сезона досега по трансферот од Гресини Хонда и освои само 29 поени во споредба со 117-те на колегата, светскиот шампион Кејси Стонер.

Меландри имаше кошмарна трка во Донингтон минатиот викенд, завршувајќи скоро цел круг зад Стонер, и дури зад Алекс Де Анџелис, кој падна во текот на трката. Самиот Италијанец призна дека е подготвен да си замине од тимот доколку не се подобри неговата форма, и Супо го прифаќа тоа. Дукати неодамна тестираа со поранешниот возач Сете Жиберне, зголемувајќи ги шпекулциите дека шпанскиот ветеран може да се врати во Мото ГП како замена за Меландри.

"Прерано е да се каже дека Марко не може да биде брз, дека не може да биде барем брз како на Кинеското ГП. Но, јасно е дека ако во следните четири-пет трки не направи скок во перформансите тогаш ќе имаме причина да разговараме. Тестот со Жиберне дојде случајно во Барселона, кога дојде кај нас и изјави дека сака да се обиде повторно со Мото ГП мотоцикл. Покрај тоа беше потребно да се види колку може да биде брз нашиот мотоцикл, бидејќи Меландри и Тони Елиас се уверени дека само Стонер може да го вози. Бидејќи тест-возачот Вито Канепа е добар, а и поради брзината на Сете (во граница на активните возачи) мислам дека Тони и Марко мора да имаат различен приод", вели Супо.

Но, Италијанецот признава дека тимот не направил никаква одлука за Жиберне.

"Прерано е да се каже. Се обидуваме да организираме нови тестови со него, но се уште не можеме да кажеме дали ќе биде возач на Дукати во 2009, дури и за нашите сателитски тимови. Едно е да се тестира така, но сосема друго е да се биде конк*рентен и да се исполнат очекувањата. И ние и тој го знае тоа", додава Супо.

Меландри самиот призна дека е тешко да се размислува за иднината.

"Тешко е да се мисли за иднината. Сега е тешко дури да мислам на крајот на сезоната. Секако мораме да најдеме подобро решение. За среќа имам одлични односи со Дукати", вели Меландри.

Хајден ќе продолжи со "пневматичкиот" мотор

Поранешниот Мото ГП шампион Ники Хајден вели дека сака да продолжи со развојот и тркањето на новиот мотор на Хонда со пневматички клипови до крајот на Мото ГП сезоната. Американецот, кој не успева да го достигне нивото на колегата Дани Педроза, заврши седми на новиот мотоцикл во Донингтон и вели дека овој мотор му одговара повеќе од конвенционалниот 800сс мотор кој го користеше досега.

"Моторот е агресивен, чувствувам дека има повеќе моќ кога ќе забрзам. Плус тоа моќта доаѓа бурно, што ми се допаѓа. Инжинерите направија добар сет-ап и мислам дека мотоциклот сега е доволно добар да се трка. Кога го побарав овој мотор тие ми кажаа дека ќе морам да го возам во вториот дел од сезоната и тоа е ОК за мене", вели Американецот.

Педроза: "Конк*ренцијата е неверојатна"

Дани Педроза вели дека мисли само на победа на Холандското ГП овој викенд, но сфаќа дека конк*ренцијата е неверојатна. Тој загуби во трката со Валентино Роси за титулата откако беше трети во Донингтон Парк и сега вели дека во Асен ќе биде потешко по импресивната форма на Дукати и Кејси Стонер.

"Добивме корисни поени во Донингтон, но во Асен сакам подобар резултат. Се надевам дека ќе остане суво, бидејќи така ќе бидеме во предност. Нивото на квалитет во Мото ГП во моментов е неверојатно", вели Педроза.

Рано е да се мисли за титулата, смета Роси

Лидерот во генерален пласман Валентино Роси вели дека се концентрира само да го даде својот максимум на секоја трка, наместо да мисли на титулата. Возачот на Јамаха има 11 поени предност пред Дани Педроза по првите осум трки од сезоната, и на Холандското ГП е главен фаворит, бидејќи на таа патека има шест победи, од кои четири во Мото ГП.

"Секоја трка е важна оваа година, бидејќи шампионатот е многу тесен. По оваа трка доаѓаме на две тешки патеки за мене, Заксенринг и Лагуна Сека. Затоа е важно да се има добар резултат во Асен", вели Италијанецот.

Капироси се враќа во Асен

Асот на Сузуки, Лорис Капироси ќе биде на Холандското ГП во Асен овој викенд. Италијанскиот ветеран мораше да паузира на Британското ГП откако на инцидентот во Барселона доби скршена рака и беше заменет од Американецот Бен Спис.

"Сигурен сум дека можам повторно да возам и едвај чекам да се качам на мотоцикл. Беше ужасно да се гледа трката на телевизија. Не сум целосно опоравен, но не можам да чекам", додава Капироси.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јули.2008 во 16:52

МОТОЦИКЛИЗАМ - В НЕДЕЛА СЕ ВОЗИ ГП НАСАД ВО МОТО ГП КЛАСАТА

Стонер брка четврта победа во низа

Патеката Лагуна Сека е домаќин на единаесеттата рунда од годинашната сезона, но на американското Гран При ќе продефилираат само возачите од најсилната, Мото ГП класата, додека оние останатите веќе ја користат повеќенеделната летна пауза која од понеделник ќе ја имаат и Роси и компанија.

По трите победи на последните три трки фаворитската ролја повторно му е препуштена на актуелниот светски првак Кејси Стонер од Австралија, чие Дукати Марлборо доцни 16 бодови зад Шпанецот Дани Педроса и 20 зад актуелниот лидер, "доктор" Валентино Роси од Италија.

Стонер не само што победуваше туку прикажа фантастична форма и беше речиси недопирлив на последните три хепенинзи, освен првите неколку кругови минатата недела во Заксенринг, кога Педроса форсираше по дождливото време, но, за жал, падна и доживеа повреди на рацете. Педроса сепак ќе се појави во Лагуна Сека, иако прашање е дали може да биде стопроцентно компетитивен.

Од своја страна, Стонер ќе се обиде да го повтори ланскиот успех кога славеше во Лагуна Сека, како еден од 10-те триумфи во шампионската сезона, иако 22-годишниот мотоциклист имаше слаб старт на сезоната, а минатиот месец заостануваше дури 50 бодови во севкупниот поредок.

Наспроти Стонер, најдобриот возач во новиот милениум, Валентино Роси, исто така ја темпира својата форма, која оди во нагорна линија и се очекува да биде конк*рент на 32-та предвидени кругови во САД, иако оваа писта никогаш не му била "коњак", со оглед на тоа што неговиот најдобар пласман во Калифорнија беше забележан во 2005 година кога го освои третото место. Лани беше четврти со големо заостанување зад првопласираниот моторџија од Австралија. Во пресрет на утрешната трка, Роси најави дека ќе даде с$ од себе да биде во најмала рака рамноправен на Стонер, а воедно му порача на повредениот Педроса да даде с$ што има во себе и да не се откажува.

"Многу ми е жал за Дани бидејќи имаше ужасен пад во Германија. Го видов на аеродромот и не изгледаше дека е максимално подготвен. Сепак, јас би му порачал да стисне заби и да не се откажува и да даде с$ од себе за да остане во трката за шампионската титула", изјави големиот спортист од Италија.

Од сенка, но со голем мотив пред домашната публика ќе вози светскиот првак од 2006 година, Американецот Ники Хејден, кој го очекува својот најдобар настап во 2008 година, иако реално е далеку од светскиот врв во моментов и во најдобар случај може само да го поправи впечатокот и да си ги крене паднатите акции во пресрет на идната сезона. Хејден славеше во Лагуна Сека во 2005 и 2006 година, но сезонава с$ уште се нема искачено на подиумот.

Едвардс уште една година во Јамаха

Американскиот возач Колин Едвардс потпиша нов едногодишен договор со неговиот тим Јамаха Тех 3, со кој ќе вози на истиот мотоцикл и во 2009 година, што за него ќе претставува петта сезона во овој мото-колектив.

"Среќен сум што продолжувам со Тех 3 и што најавата доаѓа пред моето домашно Гран При. Претходно планирав да ја завршам кариерата во 2009 година, но моите добри резултати и добрите релации во тимот придонесоа да сакам да останам уште 12 месеци", изјави Едвардс.

Деби за Џејми Хекинг

Американецот Џејми Хекинг ќе дебитира на Мото ГП трките влегувајќи во конк*ренција како замена за повредениот негов сонародник Џон Хопкинс, во тимот на Кавасаки.

Боите на домаќинот, покрај Хејден и Хекинг, ќе ги бранат и поранешниот шампион во Супербајк, Колин Едвардс, кој падна на минатонеделната дождлива патека во Германија, заедно со Бен Спис, кој ќе го вози своето второ Мото Гран При во најсилната категорија, како еден од трите возачи на Ризла Сузуки, покрај Крис Фермулен и Лорис Капироси.

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН:

МОТО ГП:


1. Дани Педроса (Шпа) - Репсол Хонда 171

2. Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха 167

3. Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 142

4. Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха 114

5. Колин Едвардс (САД) - Тех 3 Јамаха 98

250 СС

1. Марко Симончели (Ита) - Метис Џилера 164

2. Мика Калио (Фин) - Ред Бул КТМ 153

3. Алваро Баутиста (Шпа) - Априлија Мапфре Аспар 118

4. Алекс Дебон (Шпа) - Лотус Априлија 114

5. Хектор Барбера (Шпа) - Тим Тот Априлија 113

125 СС

1. Мајк Ди Мељо (Фра) - Дерби Аио Моторспорт 166

2. Симоне Корси (Ита) - Априлија Џек& Џонс 136

3. Габор Талмаши (Унг) - Априлија Банкаха Аспар 109

4. Штефан Брадл (Гер) - Априлија Гризли Кифер 101

5. Хуан Оливе (Шпа) - Дерби Белсон 94



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 14:28

МОТОЦИКЛИЗАМ - ВАЛЕНТИНО РОСИ СЛАВЕШЕ НА ГРАН ПРИ ТРКАТА ВО ЛАГУНА СЕКА, САД

Прва американска радост за "докторот"

Седумкратниот светски шампион во некоја од мото-категориите, Италијанецот Валентино Роси ја забележа премиерната победа во кариерата на американско тло, славејќи на патеката во Лагуна Сека, каде неговата Јамаха за нијанса беше побрза од големиот конк*рент и актуелен бранител на титулата, Кејси Стонер од Австралија.

Популарниот "доктор", кој ја брка својата шеста круна во најсилната, Мото ГП класа, досега можеше да се пофали само со трета позиција од трките во САД, но еден ден откако го продолжи договорот со јапонскиот производител на мотори, Јамаха, калифорниската писта се покажа како талична за него и му овозможи да ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Лидерот во поредокот, на тој начин сезонава го крши малерот и на четвртата патека на која никогаш претходно не победил, со оглед на тоа што во текот на сезонава премерно ги освојуваше Гран При трките во Кина, Франција и родната Италија.

До четвртата победа сезонава, по која има 25 бода повеќе од главниот конк*рент Стонер, Роси стигна на последниот свиок од 23-от од 32-та предвидени кругови на максимално драматичната трка, бидејќи австралискиот возач од Дукати Марлборо, во обидите да го мине Валентино, падна и загуби доста време, па на крајот имаше дефицит од 13 секунди. Третото место го освои сонародникот на Стонер, Крис Вермјулен со неговиот Сузуки.

22-годишниот Стонер, кој победуваше на претходните три трки, во Британија, Холандија и Германија, стартуваше од пол-позицијата во обид да го повтори ланскиот успех во Лагуна Сека, кој беше еден од неговите 10 триумфи во шампионската 2007 година, но на крајот мораше да се адоволи само со преземање на втората позиција во светскиот шампионат. На неа досега беше Шпанецот Дани Педроса, кој и покрај големата желба да вози во САД, се откажа пред саботните квалификации, поради тоа што има скршеници на левиот зглоб на раката и повреда на скочниот зглоб.

Мото-караванот продолжува со трки на 17 август, кога на патеката во Брно се вози Гран Прито на Чешка, но за разлика од калифорниска Лагуна Сека каде отсуствуваа двете послаби категории, следното ГП, стандардно ќе се возат трки во сите три класи.

ИТАЛИЈАНЕЦОТ ОГОВОРИ НА КОМЕНТАРИТЕ НА СТОНЕР

Роси: Возев агресивна, но фер трка


"Каква трка беше оваа денес. Потребни ни беа неколку модификации на нашиот велосипед по загревањето и тоа ни даде неколку десетинки од секундата што ми овозможи да се борам со Кејси денес, а крајниот резултат беше фантастичен. Имав добар старт и можев да го минам уште во првиот круг, но беше речиси невозможно да се релаксирам ни секунда. Не знам колку пати се сменивме во водство, но тоа се случуваше доста често и мислам дека публиката беше максимално задоволна од она што го презентиравме. Навистина сум пресреќен што победив по првпат на американско тло. Што се однесува до минувањата, жал ми е што Кејси смета дека некои од нив беа малку агресивни, бидејќи јас не се согласувам со тоа. Секако дека ова беше агресивна трка, но во секој случај се беше во рамките на фер-плејот. Јас не го допрев ниту еднаш, веројатно затоа што многу внимавав при кочењата. Сега претстои летниот одмор и со нетрпение очекувам малку да се релаксирам, но не и премногу, бидејќи ќе биде навистина тешко до крајот на сезоната, претстојат уште седум напорни трки и мора да се задржи моментумот и концентрацијата, вели "доктор" Роси.

Стонер: Валентино возеше премногу агресивно

По трката, австралискиот ас и актуелен светски шампион, Кејси Стонер беше малку фрустриран од начинот на кој Роси го минуваше во раната фаза на трката, оценувајќи го возењето на Италијанецот како агресивно.

"На крајот на денот, не можам да кажам дека сум премногу среќен, со оглед на тоа што направив голема грешка, која не ми дозволи да имам шанса да победам на трката. Исто така мислам дека иако тој возеше добра трка, некои од потезите на Валентино во раната фаза од трката беа премногу агресивно. Во секој случај, сега не можеме да направиме ништо околу сето тоа. Најважното е што одовде си заминуваме со 20 важни поени, па откако пред четири трки бев целосно отпишан од борбата за одбрана на шампионската титула, сега одиме на одмор со добри шанси повторно на крајот од годината да се најдеме на врвот. Заостанувам 25 поени, што е доста голем дефицит, но има уште седум трки и се може да се случи. Од овој викенд можеме да извадиме многу позитивни моменти, а најмногу од се фактот дека целата напорна работа од Дукати и Бриџстоун повторно се исплатеше", изјави Стонер на прес-конференцијата.

Лоренцо падна, неизвесен за Брно

Колегата на Роси од Јамаха и четвртопласиран во годинашниот шампионат, исклучително талентираниот 21-годишен Шпанец Хорхе Лоренцо, за жал падна уште во првиот круг од трката. Според првичните информации, тој се здобил со скршеница на коска на неговото стапало и сега дури е неизвесен за настапот на следната трка во Чешка.

Лоренцо имаше спектакуларен пад во премиерниот круг, кога беше практично катапултиран над неговиот мотор, по што доживеа фрактури на третиот и петтиот метатарзал на неговото лево стапало. Овој инцидент беше сличен на оној кој го доживеа на патеката во Шангај во мај, кога доживеа набивање на коските во двата скочни зглоба. На таа трка, Лоренцо продолжи да вози, и покрај тоа што беше речиси неспособен да оди.

Сепак, оваа повреда на стапалото е попроблематична за неговото возење, па според првите проценки, не е сигурен неговиот настап на наредниот хепенинг во Брно, Гран при кое е закажано за 15 август.

"Моите гуми не беа адекватни на температурата. Го загубив задниот дел и знаев дека сум "во аут", а мојата нога ме болеше. Ова е уште еден судар, уште една повреда и уште еден момент кој морам да го заборавам што е можно порано. Морам да гледам напред. Во моментов сум малку тажен, но сега морам да се сконцентрирам на фактот дека имам цел месец за да бидам фит за трката во Брно, каде сепак треба да бидам способен и да го дадам максимумот", истакна Хорхе Лоренцо.

Хејден: Очекував повеќе од петтото место

Двократниот победник на американското Гран При, светскиот шампион од 2006 година, Ники Хејден беше разочаран од петтото место остварено пред домашните фанови.

Членот на Репсол Хонда тимот очекуваше подобар пласман во сезоната во која нема забележителни резултати и се надеваше дека за првпат во 2008 година ќе се најде на подиумот.

"Јасно е дека на моето домашно Гран При очекував да прикажам подобра борба одошто успеав. Ова беше тежок викенд, а се мачев и со гумите кои ги имавме на располагање.Имавме само два сета за трката, кои ги употребував и на тренинзите и на квалификациите. Ова воедно беше добра лекција за тимот, во поглед на употребата на пневматиците. Сега имаме неколку седмици да се прегрупираме и да ја завршиме годината на позитивен начин", изјави Хејден, кој шанса за корекција пред американските фанови ќе има на трката во Индијанаполис, која е закажана за во септември.

Инаку, Хејден во Лагуна Сека беше единствениот возач на Репсол Хонда, откако неговиот тимски колега, Шпанецот Дани Педроса реши да не настапи по повредите на минатонеделното Гран При на Германија, кога падна на влажната патека во Заксенринг.

РЕЗУЛТАТИ:

МОТО ГП:


1. Валентино Роси (Италија) - Фиат Јамаха 44:04.311

2. Кејси Стонер (Австралија) - Дукати Марлборо +13.001

3. Крис Вермјулен (Австралија) - Сузуки +26.609

4. Андреа Довициосо (Италија) - Хонда Скот +34.901

5. Ники Хејден (САД) - Репсол Хонда +35.663

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН:

МОТО ГП:


1. Валентино Роси (Италија) - Фиат Јамаха 212

2. Кејси Стонер (Австралија) - Дукати Марлборо 187

3. Дани Педроса (Шпанија) - Репсол Хонда 171

4. Хорхе Лоренцо (Шпанија) - Фиат Јамаха 114

5. Андреа Довициосо (Италија) - Хонда 98

250 СС

1. Марко Симончели (Италија) - Метис Џилера 164

2. Мика Калио (Финска) - Ред Бул КТМ 153

3. Алваро Баутиста (Шпанија) - Априлија Мапфре Аспар 118

4. Алекс Дебон (Шпанија) - Лотус Априлија 114

5. Хектор Барбера (Шпанија) - Тим Тот Априлија 113

125 СС

1. Мајк Ди Мељо (Франција) - Дерби Аио Моторспорт 166

2. Симоне Корси (Италија) - Априлија Џек& Џонс 136

3. Габор Талмаши (Унгарија) - Априлија Банкаха Аспар 109

4. Штефан Брадл (Германија) - Априлија Гризли Кифер 101

5. Хуан Оливе (Шпанија) - Дерби Белсон 94



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 14:14

МОТОЦИКЛИЗАМ - ВО НАШАТА БЛИЗИНА СЕГА И МОТО ГП ТРКА

Унгарија ја замени кина на календарот за 2009

Унгарија како што се очекуваше ја замени Кина на Мото ГП календарот за следната сезона. Балатонринг патеката се уште не е завршена, но ќе биде домаќин на новата Мото ГП трка во овој дел од Европа. Патеката ќе се гради во Саволи, на 180 километри од Будимпешта во близина на туристичкиот центар на Балатон езерото и ќе биде изградена од шпанската инвестициска група Седеса за одлични 80 милиони евра и ќе вработува околу 800 луѓе.

Со капацитет од 110.000 до 140.000 гледачи, 4.650 метри долгата Балатонринг патека ќе почне да се гради во септември. Министерот за економија и развој на Унгарија, Гордон Банјаи потврди дека владата ќе го финансира објкетот.

Трката следната година ќе биде само трета во Мото ГП во Унгарија, по трките во 1990 и 1992 година на Хунгароринг патеката. Мото ГП има голем број на фанови во Унгарија, најмногу поради успехот на Габор Талмачи во 125сс класата минатата сезона, кога стана првиот Унгарец со титула. Следната недела во Брно се очекуваат илјадници унгарски фанови.

Шангај го загуби местото од календарот по критиките за слабата посетеност на трката и тврдењата дека патеката, која е наменски изградена за формула 1, едноставно не "лежи" добро на Мото ГП мотоциклите.

КАЛЕНДАР НА ФИМ ЗА 2009

2 април Катар ГП Лосаил

26 април Јапонско ГП Мотеги

3 мај Шпанско ГП Херез

17 мај Француско ГП Ле Ман

31 мај Италијанско ГП Мугело

14 јуни Каталонско ГП Каталуња

27 јуни Холандско ГП Асен

5 јули Американско ГП Лагуна Сека

19 јули Германско ГП Заксенринг

26 јули Британско ГП Донингтон Парк

16 август Чешко ГП Брно

30 август Индијанаполис ГП Индијанаполис

13 септември Сан Марино ГП Мизано

20 септември Унгарско ГП Балатон

4 октомври Португалско ГП Естроил

18 октомври Австралиско ГП Филип Ајленд

25 октомври Малезиско ГП Сепанг

8 ноември Валенсија ГП Валенсија

Меландри очекува одлука наскоро

Марко Меландри вели дека ќе дознае дали ќе настапи за Дукати на Чешкото ГП многу бргу. Италијанецот има очајна сезона со фабричкиот тим на Дукати по трансферот од Хонда Гресини минатата година. Тој има само 32 поени во 10 трки, додека неговиот колега Кејси Стонер има 187 поени и четири победи. Од Дукати велеа дека формата на Меландри на трките во Германија и САД ќе бидат клучни, а тој падна во Германија и беше 16. во САД.

Меландри вели дека би сакал да ја заврши сезоната во Дукати, но е свесен дека може да го загуби местото прво од ветеранот Сете Жиберне, кој двапати тестираше на Десмоседичи.

"Наскоро ќе дознам дали ќе ја завршам сезоната или Жиберне ќе дојде на моето место. Но, морам да им се заблагодарам на сите во тимот, бидејќи колку беше тежок првиот дел од сезоната за мене, беше и за нив. Навистина би сакал за нив барем еднаш да бидам на подиумот", вели Меландри.

Роси со "екск*рзија" во А1ГП?

Повеќекратниот Мото ГП шампион, Валентино Роси може да го направи својот долгоочекуван трансфер во трки на четири тркала веќе следната година во А1ГП серијата. А1ГП тимот на Италија потврди дека преговара со Роси, но дека неговата достапност ќе зависи од неговото зимско тестирање со Јамаха.

"Би било фантастично Валентино да е покрај нас. Тој ми е добар пријател и веќе неколку пати разговарав со него за ова", вели возачот на Италија, Пјеркарло Гинзани.

Роси, кој води во генерален пласман во Мото ГП, се докажува како одличен на четири тркала, како на тестирањето за Ферари во формула 1 и учествувањето на две трки од Светскиот Шампионат во Рели (ВРЦ).

Накано со фабричка Хонда во Брно

Јапонскиот ветеран во тимот на Гресини Хонда Шинја Накано ќе добие фабрички ХРЦ 800сс прототип од Хонда за Чешкото ГП следниот месец. За Накано, кој е 10. во генерален пласман, ова е само продолжување на развојот на Хонда, бидејќи мотоциклот ќе биде ист како тој на фабричкиот Репсол Хонда тим.

"Шинја ќе има нов мотоцикл во Брно, бидејќи може многу да ни помогне во развојот. За нас е привилегија да имаме таква шанса и тоа само е доказ на соработката на Хонда Гресини и ХРЦ", вели шефот на тимот Фаусто Гресини.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 02:42

МОТОЦИКЛИЗАМ - ШПАНЕЦОТ ПРИЗНАВА ДЕКА Е ТЕШКО ДА СЕ ВРАТИ НА ВРВОТ

Лоренцо: "Не сум возачот од стартот на сезоната"

Хорхе Лоренцо вели дека не е човекот кој беше на стартот на сезоната и признава дека се мачи да вози до лимитот по серијата големи падови во последните три месеци. Мото ГП дебитантот имаше сензационален старт на сезоната со три пол-позиции по ред, една победа и два подиуми, но од тогаш речиси на сите трки тој паѓа и доби сериозен потрес на мозокот и повреда на раката во Барселона во јуни и скрши три коски во стапалото во првиот круг на трката во Лагуна Сека.

"Работите се променија. За несреќа имав премногу падови по ред и тие предизвикаа да бидам уплашен од мотоциклот. Не сум истата личност од првите трки. Кога ќе загубиш малку самодоверба не можеш да направиш ништо посебно. Нормално не се плашам од падовите, но сега сум во криза. Ова е опасен спорт, но морам да се вратам во форма", вели возачот на Фиат Јамаха.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: n1k0La
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 18:06
Se znae koj e najdobar Valentino Rossi The Doctor 46 :D


Постирано од: n1k0La
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 23:58
eve da ne pisuvate samo za vo svetot dali nekoj gi gledase trkite vo makedonija vo kicevo :D:D da zboruvame malce i za nasiot motorciklizam hhh :D


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 30.Август.2008 во 13:38
Девет странски возачи за поголема конк*ренција


КИЧЕВО. - За разлика од првиот натпревар од државното првенство во мотоциклизам на кружни патеки, кога настапија само седуммина натпреварувачи, на вториот, што викендов ќе се одржи во Кичево, покрај 11-темина домашни, ќе учествуваат и деветмина мотоциклисти од три балкански земји, Турција, Бугарија и Србија, така што на неделниот натпревар се очекуваат повеќе од 20 натпреварувачи и голема конк*ренција за место на пиедесталот. Учеството на странските мотоциклисти му дава отворен карактер на овој натпревар. сабота од 11.30 часот е закажан првиот тренинг, а половина час подоцна и вториот. Натпреварот е в недела од 11.30 часот. Според зафатнината на машините, моторите ќе бидат поделени во две класи: суперспорт до 600 и супербајк до 1.000 кубици.
Од Турција доаѓаат тројца мотоциклисти, а имињата на бугарските и на српските натпреварувачи, како и нивниот број, дополнително ќе бидат познати. Ова е шанса љубителите на брзините во нашава земја по подолг период во живо да проследат еден исклучително квалитетен и возбудлив мото-натпревар и затоа в недела се очекува присуство на повеќе од 10.000 гледачи.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: dark
Датум на внесување: 01.Септември.2008 во 00:34
jas sum ljubitel na sekakov vid trki ali ne sum bil na niedna trka so motori a bi sakal inace za koli vodno i skopje krug ne gi ispustam steta sto ovaa godina ke nema najverojatno

-------------
faster then light :D


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 05.Февруари.2009 во 08:28
Роси се повредил во неговиот стан

Познатиот мотоциклист Валентино Роси се повредил при падот во својот стан, по што завршил во болница.

Роси имал среќа при бизарната незгода во неговиот стан. Тој местејќи завеса паднал врз стаклена маса и при тоа заработил расекотини на раката и левото стапало.

Во болницата повредите се санирани со неколку конци, но од тимот на роси веќе најавија дека тој следната недела ќе стартува со тест возењата со тимот на "Јамаха".

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: zaguben
Датум на внесување: 16.Март.2009 во 12:10
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

<span ="fontNaslov">Роси се повредил во неговиот стан</span>Познатиот мотоциклист Валентино Роси се повредил при падот во својот стан, по што завршил во болница. Роси
имал среќа при бизарната незгода во неговиот стан. Тој местејќи завеса
паднал врз стаклена маса и при тоа заработил расекотини на раката и
левото стапало. Во болницата повредите се санирани со неколку
конци, но од тимот на роси веќе најавија дека тој следната недела ќе
стартува со тест возењата со тимот на "Јамаха".

MORE MESTEL ZAVESA DOMAKIN COVEK MASALA :)


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 23:26
Poradi dozdot vcerasnata nokna trka vo Katar, prva vo ovaa sezona bese bese odlozena za denes.
REZULTATI:

MotoGP Race Classification http://resources.motogp.com/files/results/xx/2009/QAT/MotoGP/RAC/Classification.pdf">PDF

Pos. Points Num. Rider Nation Team Motorcycle Total time Km/h Gap
1 25 27 http://www.motogp.com/en/riders/Casey+Stoner - Casey STONER AUS http://www.motogp.com/en/teams/Rizla+Suzuki+MotoGP - Ducati Marlboro Team Ducati 42'53.984 165.539
2 20 46 http://www.motogp.com/en/riders/Valentino+Rossi - Valentino ROSSI ITA http://www.motogp.com/en/teams/San+Carlo+Honda+Gresini - Fiat Yamaha Team Yamaha 43'01.755 165.041 7.771
3 16 99 http://www.motogp.com/en/riders/Jorge+Lorenzo - Jorge LORENZO SPA http://www.motogp.com/en/teams/Tech+3+Yamaha - Fiat Yamaha Team Yamaha 43'10.228 164.501 16.244
4 13 5 http://www.motogp.com/en/riders/Colin+Edwards - Colin EDWARDS USA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 43'18.394 163.984 24.410
5 11 4 http://www.motogp.com/en/riders/Andrea+Dovizioso - Andrea DOVIZIOSO ITA Repsol Honda Team Honda 43'21.247 163.804 27.263
6 10 15 http://www.motogp.com/en/riders/Alex+de+Angelis - Alex DE ANGELIS RSM http://www.motogp.com/en/teams/JiR+Team+Scot+MotoGP - San Carlo Honda Gresini Honda 43'23.867 163.639 29.883
7 9 7 http://www.motogp.com/en/riders/Chris+Vermeulen - Chris VERMEULEN AUS http://www.motogp.com/en/teams/Ducati+Marlboro+Team - Rizla Suzuki MotoGP Suzuki 43'27.611 163.404 33.627
8 8 36 http://www.motogp.com/en/riders/Mika+Kallio - Mika KALLIO FIN http://www.motogp.com/en/teams/LCR+Honda+MotoGP - Pramac Racing Ducati 43'28.739 163.334 34.755
9 7 24 http://www.motogp.com/en/riders/Toni+Elias - Toni ELIAS SPA http://www.motogp.com/en/teams/Tech+3+Yamaha - San Carlo Honda Gresini Honda 43'33.465 163.038 39.481
10 6 14 http://www.motogp.com/en/riders/Randy+de+Puniet - Randy DE PUNIET FRA http://www.motogp.com/en/teams/Repsol+Honda+Team - LCR Honda MotoGP Honda 43'36.268 162.864 42.284
11 5 3 http://www.motogp.com/en/riders/Dani+Pedrosa - Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 43'42.510 162.476 48.526
12 4 69 http://www.motogp.com/en/riders/Nicky+Hayden - Nicky HAYDEN USA http://www.motogp.com/en/teams/Fiat+Yamaha+Team - Ducati Marlboro Team Ducati 43'42.867 162.454 48.883
13 3 59 http://www.motogp.com/en/riders/Sete+Gibernau - Sete GIBERNAU SPA http://www.motogp.com/en/teams/Alice+Team - Grupo Francisco Hernando Ducati 43'46.199 162.248 52.215
14 2 33 http://www.motogp.com/en/riders/Marco+Melandri - Marco MELANDRI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Kawasaki+Racing+Team - Hayate Racing Team Kawasaki 43'50.363 161.991 56.379
15 1 72 http://www.motogp.com/en/riders/Yuki+Takahashi - Yuki TAKAHASHI JPN http://www.motogp.com/en/teams/Fiat+Yamaha+Team - Scot Racing Team MotoGP Honda 43'54.270 161.751 1'00.286
16
52 http://www.motogp.com/en/riders/James+Toseland - James TOSELAND GBR http://www.motogp.com/en/teams/Kawasaki+Racing+Team - Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 44'08.962 160.853 1'14.978
17
88 http://www.motogp.com/en/riders/Niccolo+Canepa - Niccolo CANEPA ITA http://www.motogp.com/en/teams/Alice+Team - Pramac Racing Ducati 44'09.012 160.850 1'15.028
Not classified


65 http://www.motogp.com/en/riders/Loris+Capirossi - Loris CAPIROSSI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Ducati+Marlboro+Team - Rizla Suzuki MotoGP Suzuki 13'49.501
15 Lap





-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 14:23
Moto GP Japonija

eden-dva pobeda za Fiat Yamahaсреќа

POLINI GRAND PRIX OF JAPAN

MotoGP Race Classification http://resources.motogp.com/files/results/xx/2009/JPN/MotoGP/RAC/Classification.pdf">PDF

Pos. Points Num. Rider Nation Team Motorcycle Total time Km/h Gap
1 25 99 http://www.motogp.com/en/riders/Jorge+Lorenzo - Jorge LORENZO SPA http://www.motogp.com/en/teams/Fiat+Yamaha+Team - Fiat Yamaha Team Yamaha 43'47.238 157.886
2 20 46 http://www.motogp.com/en/riders/Valentino+Rossi - Valentino ROSSI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Fiat+Yamaha+Team - Fiat Yamaha Team Yamaha 43'48.542 157.808 1.304
3 16 3 http://www.motogp.com/en/riders/Dani+Pedrosa - Dani PEDROSA SPA http://www.motogp.com/en/teams/Repsol+Honda+Team - Repsol Honda Team Honda 43'51.001 157.661 3.763
4 13 27 http://www.motogp.com/en/riders/Casey+Stoner - Casey STONER AUS http://www.motogp.com/en/teams/Ducati+Marlboro+Team - Ducati Marlboro Team Ducati 43'52.929 157.545 5.691
5 11 4 http://www.motogp.com/en/riders/Andrea+Dovizioso - Andrea DOVIZIOSO ITA http://www.motogp.com/en/teams/Repsol+Honda+Team - Repsol Honda Team Honda 43'56.445 157.335 9.207
6 10 33 http://www.motogp.com/en/riders/Marco+Melandri - Marco MELANDRI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Hayate+Racing+Team - Hayate Racing Team Kawasaki 44'17.793 156.071 30.555
7 9 65 http://www.motogp.com/en/riders/Loris+Capirossi - Loris CAPIROSSI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Rizla+Suzuki+MotoGP - Rizla Suzuki MotoGP Suzuki 44'19.994 155.942 32.756
8 8 36 http://www.motogp.com/en/riders/Mika+Kallio - Mika KALLIO FIN http://www.motogp.com/en/teams/Pramac+Racing - Pramac Racing Ducati 44'26.654 155.553 39.416
9 7 52 http://www.motogp.com/en/riders/James+Toseland - James TOSELAND GBR http://www.motogp.com/en/teams/Monster+Yamaha+Tech+3 - Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 44'30.344 155.338 43.106
10 6 7 http://www.motogp.com/en/riders/Chris+Vermeulen - Chris VERMEULEN AUS http://www.motogp.com/en/teams/Rizla+Suzuki+MotoGP - Rizla Suzuki MotoGP Suzuki 44'30.483 155.330 43.245
11 5 14 http://www.motogp.com/en/riders/Randy+de+Puniet - Randy DE PUNIET FRA http://www.motogp.com/en/teams/LCR+Honda+MotoGP - LCR Honda MotoGP Honda 44'32.072 155.237 44.834
12 4 5 http://www.motogp.com/en/riders/Colin+Edwards - Colin EDWARDS USA http://www.motogp.com/en/teams/Monster+Yamaha+Tech+3 - Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 44'33.778 155.138 46.540
13 3 15 http://www.motogp.com/en/riders/Alex+de+Angelis - Alex DE ANGELIS RSM http://www.motogp.com/en/teams/San+Carlo+Honda+Gresini - San Carlo Honda Gresini Honda 44'40.763 154.734 53.525
14 2 88 http://www.motogp.com/en/riders/Niccolo+Canepa - Niccolo CANEPA ITA http://www.motogp.com/en/teams/Pramac+Racing - Pramac Racing Ducati 45'09.042 153.119 1'21.804
15 1 24 http://www.motogp.com/en/riders/Toni+Elias - Toni ELIAS SPA http://www.motogp.com/en/teams/San+Carlo+Honda+Gresini - San Carlo Honda Gresini Honda 44'25.681 149.126 1 Lap
Not classified


59 http://www.motogp.com/en/riders/Sete+Gibernau - Sete GIBERNAU SPA http://www.motogp.com/en/teams/Grupo+Francisco+Hernando - Grupo Francisco Hernando Ducati 41'40.115
7 Lap
Not finished 1st lap


69 http://www.motogp.com/en/riders/Nicky+Hayden - Nicky HAYDEN USA http://www.motogp.com/en/teams/Ducati+Marlboro+Team - Ducati Marlboro Team Ducati




72 http://www.motogp.com/en/riders/Yuki+Takahashi - Yuki TAKAHASHI JPN http://www.motogp.com/en/teams/Scot+Racing+Team+MotoGP - Scot Racing Team MotoGP Honda



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 27.Април.2009 во 17:33
Лоренцо со победа на врвот во генерален пласман!

Хорхе Лоренцо стигна до импресивна победа на Јапонското ГП во Мотеги пред својот тимски колега од Фиат Јамаха, Валентино Роси, за да го преземе водството во генерален пласман. Освојувачот на пол-позицијата Роси водеше во првата третина од трката пред Шпанецот да го помине и потоа светскиот шампион мораше да се бори за да го задржи изненадувачки брзиот Дани Педроза во Репсол Хонда за второто место.
Лоренцо призна дека не очекувал да поведе во генерален пласман толку бргу во шампионатот и сега вели дека е подготвен да подготви вистинско шоу пред домашните фанови во Херез, на следната трка од шампионатот. Ова е одличен прогрес за младиот Шпанец, кој на првата трка не успеа да остане на исто ниво со Кејси Стонер и Роси.
"Во Херез секогаш е забава, луѓето навиваат за шпанските возачи и мислам дека ќе ризикувам за нова победа", вели Лоренцо.
Светскиот шампион од 2007, Кејси Стонер, кој победи на првата трка од новата сезона во Катар, заврши како четврти пред Андреа Довициозо, вториот возач на Репсол Хонда. Валентино Роси смета дека овој резултат значи дека ќе има борба на четири возачи за титулата бидејќи покрај Стонер и Лоренцо, тука и Дани Педроза.
"Добра трка. Второто место не е победа, но 20 поени се важни за шампионатот. Сезоната станува с$ поинтересна бидејќи има четири возачи кои се борат за победи", вели Роси.
Финишот на подиумот на Педроза беше уште повеќе импресивен ако се знае за неговите повреди пред новата сезона и бидејќи го возеше минатогодишниот модел на мотоциклот.
"Имав многу добар старт и првите кругови мислев дека можам да останам таму барем неколку круга и потоа не ми се веруваше дека бев на исто ниво со Јамаха", вели Педроза.
Покрај четвртото место на Стонер, трката не помина според очекувањата за Дукати. Ники Хајден, кој на квалификациите во Катар имаше тежок пад, не ја заврши трката откако го "собра" Јапонецот Јуки Такахаши.
Во категоријата до 250 кубни сантиметри, Алваро Баутиста во Априлија победи пред домашниот фаворит Хироши Аојама на Хонда, додека третото место го освои Матија Пасини (Априлија). Актуелниот шампион Марко Симончели, кој се врати по пропуштањето на трката во Катар поради повреда, водеше од пол-позицијата до осмиот круг, кога удри во шиканата и ја дупна предната гума. По замената на гумата тој можеше да стигне само на 17. место.
Баутиста падна на третото место од стартот, но се врати да го предизвика Аојама пред својата гласна публика. Победникот од трката во Катар, Ектор Барбера, беше само 12., додека останатите од подиумот на Лосаил, Жил Клузел и Мајк ди Мељо паднаа.
Во 125сс класата, Андреа Јаноне победи од пол-позицијата и покрај тоа што имаше катастрофален старт. За Јаноне ова е втора победа по ред, откако победи на трката во Катар која траеше само 4 круга.



РЕЗУЛТАТИ (ЈАПОНСКО ГП) МОТО ГП
1.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха 43:47.238
2.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха +1.304
3.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда +3.763
4.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо +5.691
5.Андреа Довициозо (Ита) - Репсол Хонда +9.207
250СС
1.Алваро Баутиста (Шпа) - Аспар Априлија 44:06.488
2.Хироши Аојама (Јап) - Скот Хонда +5.889
3.Матија Пасини (Ита) - Тот Априлија +21.832
4.Габор Талмачи (Унг) - Балатонринг Априлија +25.906
5.Алекс Дебон (Шпа) - Блусенс Априлија +30.785
125СС
1.Андреа Јаноне (Ита) - Оњета Априлија 42:23.716
2.Хулиан Симон (Шпа) - Банкаха Априлија +1.346
3.Пол Еспаргаро (Шпа) - Дерби Рејсинг +5.039
4.Штефан Брадл (Гер) - Висман Кифер Априлија +6.904
5.Марк Маркез (Шпа) - Ред Бул КТМ +13.061

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН МОТО ГП
1.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха 41
2.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха 41
3.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 38
4.Андреа Довициозо (Ита) - Репсол Хонда 22
5.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 21
250СС
1.Ектор Барбера (Шпа) - Пепе Ворлд Априлија 25
2.Жил Клузел (Фра) - Матеони Априлија 20
3.Мајк Ди Мељо (Фра) - Аспар Априлија 16
4.Хироши Аојама (Јап) - Скот Хонда 13
5.Рафаеле Де Роса (Ита) - Скот Хонда 11
125СС
1.Андреа Јаноне (Ита) - Оњета Априлија 12.5
2.Хулиан Симон (Шпа) - Банкаха Априлија 10
3.Сандро Кортезе (Гер) - Аџо Дерби 8
4.Пол Еспаргаро (Шпа) - Дерби Рејсинг 6.5
5.Бредли Смит (Бри) - Аспар Априлија 5.5

Хонда прослави 50-годишнина во Мото ГП

Хонда ја прослави 50-годишнината во Мото ГП шампионатот на својата домашна патека, само неколку месеци откако го повлече својот формула 1 тим поради економската криза. Фреди Спенсер, шампионот од 1983 и 1985 со Хонда заедно со 73-годишниот Наоми Танигучи ја предводеа парадата на патеката во Мотеги пред неделната трка. Во 1959, Танигучи возеше 125сс РЦ142 на трката на островот Мен и во дебито заврши на 6. место.
Сега 50 години потоа Хонда ги намалува своите активности поради кризата. Тие ветија дека ќе останат во Мото ГП, каде што освоија 59 титули кај конструктори од кои 17 во најдобрата класа, а последната во 2006 со Ники Хајден.

-------------



Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 18:39
Роси триумфираше во Шпанија
3.05.2009.
The%20image%20“http://sportdenes.com/images/slika/rossi2.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Актуелниот шампион во кралската класа во Мото ГП шампионатот Валентино Роси е победник на тертата трка сезонава која се возеше за Големата награда на Шпанија на патеката Херез, што е вкупно 98-ма за него во МОТо ГП шампионатот.
     Возачот на Јамаха до првиот триумф сезонава стигна со време од 45 минути 18 секунди и 557 стоти делови од секундата, пред фаворитот на домашната публика публика Дани Педроса на Репсол Хонда кој заврши втор и возачот на Дукати, Кејси Стонер кој ја освои третата позиција што е најдобар пласмна з анего во кариерата на патеката Херез. 
     Освојувачот на пол позицијата Хорхе Лоренцо излета од патеката на 4 круга пред крајот, додека се обидуваше да го прстигне Стонер во борба за третата позиција. Четвртото место го освои Де Пунија, пред Меландри, Едвардс, Капироси, Довициозо, Тони Елиаса и Крис Вермулен.
     До бодови во Шпанија стигнаа и Сете Жибернау, Јуки Такакаши, Џејмс Тосленд, Алекс Де Анџелис и Ники Хјаден.  Јапонецот Хироши Ајоами триумфираше на третата трка сезонава во класат адо 250 кубни цантиметри пред возачот на априлија Алваро Баутиста и бранителот ан титумата Марко Симончели на Џилера.
     По три трки во генералниот пласман води Аојама со 58 бода, 4 повеќе од Баутиста, трете е Хектор Барбе. Во класата до 125 кубни сантиметри до првиот триумф во Мото ГП шампионатот додеје британецот Бредил Смит.
     Возачот на Априлија низ целта мина пред шпанецот Серџо Гаде и неговиот сонародник Марк Маркез. Во генералниот пласман води Андреа Јаноне, следуваат Смит и Пол Еспараго. Следната трка се вози на 17 мај на патеката Бугати во Ле ман.
 
Kонечен пласман, МотоГП Шпанија (27круга):
1.     Valentino Rossi  (Yamaha Factory)   45:18.557
2.     Daniel Pedrosa  (Honda HRC)         45:21.257
3.     Casey Stoner  (Ducati MotoGP)       45:29.064
4.     Randy De Puniet  (Honda LCR)       45:50.450
5.     Marco Melandri  (Kawasaki Hayate) 45:51.685
6.     Loris Capirossi  (Suzuki MotoGP)     45:52.685
7.     Colin Edwards  (Yamaha Tech3)       45:52.978
8.     Andrea Dovizioso  (Honda HRC)      45:53.182
9.     Antonio Elias  (Honda Gresini)         46:01.246
10.     Chris Vermeulen  (Suzuki MotoGP) 46:03.740
11.     Sete Gibernau  (Ducati Onde 2000) 46:06.749
12.     Yuki Takahashi  (Honda Scot)       46:10.432
13.     James Toseland  (Yamaha Tech3)  46:12.240
14.     Alex De Angelis  (Honda Gresini)    46:12.498
15.     Nicky Hayden  (Ducati MotoGP)      46:19.794
16.     Mika Kallio  (Ducati Pramac)          46:29.453
17.     Niccolo Canepa  (Ducati Pramac)     0:00.000
18.     Jorge Lorenzo  (Yamaha Factory)     0:00.000
 
Генерален пласман:
1. Valentino Rosi     65
2. Casey Stoner       54
3. Jorge Lorenzo      41
4. Daniel Pedrosa    41
5. Andrea Dovizioso 30
6. Colin Edwards      26
7. Randy De Puniet  24
8. Marco Melandri     23
9. Chris Vermeulen  21
10. Loris Capirossi   19


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 22:56
Moto GP treninzite ke bidat prodolzeni


Moto GP treninzite i kvalifikaciskite sesii ke se vratat na starata dolzina od 1 cas od slednata trka vo Le Man, objavi FIM.
Kako del od merkite za namaluvanje na trosocite, petocnite treninzi bea otkazani, dodeka drugite sesii bea skrateni na 45 minuti. No, ova se pokaza kako nepopularno kaj glavnite vozaci,koi pobaraa poveke vreme za podesuvanje na svoite motocikli. Na sostanokot na Gran Pri komisijata se donese odluka preostanatite dve trening-sesii i kvalifikaciite da traat 1 cas, iako ke ostane samo edna sesija vo petok.
"Za mene mislam deka e podobra ideja da imame 4 sesii po 45 minuti, namesto 3 po 1 cas. Site sme podgotveni, no ke dojdeme tuka i v petok nautro ne pravime nisto. Site gi sakame tie petocni sesii", veli poranesniot sampion Kejsi Stoner


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 05.Мај.2009 во 08:49

МОТОЦИКЛИЗАМ - "ДОКТОРОТ" ВО СВОЈ ЕЛЕМЕНТ ПРЕД ШПАНСКИТЕ ФАВОРИТИ

Роси "шефуваше" во Херез

Актуелниот шесткратен Мото ГП шампион, Валентино Роси стигна до својата прва победа во сезоната 2009, и 98. во кариерата, откако се врати за победа пред 123.000 фанови на Шпанското ГП во Херез.
Италијанецот, кој беше втор на првите две трки од сезоната, беше само четврти на стартот на трката, додека домашниот фаворит Дани Педроза во Репсол Хонда поведе пред Кејси Стонер во Дукати и освојувачот на пол-позицијата, колегата на Роси, Хорхе Лоренцо. Откако се квалификуваше дури 0.7 секунди зад пол-позицијата, Роси изјави дека нема шанси за победа, но веќе во вториот круг го презеде третото место од Лоренцо, а потоа беше вклучен во борба со Стонер за да го совлада во 7 круг од 27-те во трката.
Во тој момент Педроза со својата Хонда беше 1.4 секунди пред "бројот 46", и на почетокот Педроза, победникот од минатата година, беше израмнет со "Докторот", пред Роси да се доближи до него на 11. круга пред крајот, и да го помине пред разочараната публика. 30-годишниот Роси веднаш направи пристојна разлика пред Педроза за победа со предност од 2.7 секунди и предност од 11 поени во генерален пласман пред Стонер.
"Одлична трка, многу забавна, но и многу тешка физички. Мотоциклот беше одличен денес и успеав да останам во игра со Дани на десетина круга пред крајот. Секогаш е убаво да се победи во Херез. Од почетокот не верував дека можам да победам бидејќи бев далеку од Дани и Кејси, но мојот тим заврши фантастична работа", вели Роси.
Педроза успеа да остане на второто место и да ја продолжи својата неверојатна серија - тој никогаш нема завршено под второто место на Мото ГП трка, додека Стонер мораше да го издржи нападот на Лоренцо. Шпанецот Лоренцо, кој со победата во Мотеги минатиот викенд водеше во генерален пласман, не можеше да ја пронајде својата брзина на почетокот и заостануваше 7 секунди зад Педроза, но Лоренцо, кој денес наполни 22 години, се доближи на 1 секунда од Стонер на 4 круга пред крајот, пред да ја загуби контролата на М1 Јамахата и да се излизга надвор од трката. Стонер пак стигна до својот прв подиум во Херез, на најтешката патека за Дукати за потоа да изјави дека третото место е позначајно од победата во Катар.
"Ова повеќе го чувствувам како победа отколку во Катар бидејќи патеката е тешка заз нас. Не беше доволно да се борам за победа, но сепак завршив на подиумот", вели Стонер.
Французинот Ранди де Пуние извозе одлична трка за ЛЦР Хонда за 4. место, пред Марко Меландри, кој го израмни најдобриот резултат на Кавасаки од минатата година во само третата трка со неофицијалниот Хајате Кавасаки тим. Во својата 100. ГП трка, Италијанецот се бореше со ветераните Лорис Капироси (Сузуки) и Колин Едвардс (Тех 3 Јамаха) за импресивно петто место.
Андреа Довициозо во втората Репсол Хонда беше осми и покрај тоа што во 8. круг излета од патеката, додека Тони Елиас (Гресини Хонда) и Крис Вермејлен (Сузуки) ја комплетираа топ 10 листата. Губитници во Херез беа Сете Жиберне, кој беше само 11. за Франциско Ернандо Дукати во своето враќање во Шпанија, додека продолжи и кошмарот на поранешниот шампион Ники Хајден, кој со второто Дукати заврши 1 минута зад Роси и со само дебитантот Нико Канепа зад него.
Француското ГП во Ле Ман е на програмата на 17 мај.

РЕЗУЛТАТИ (ШПАНСКО ГП)
МОТО ГП
1.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха 45:18.557
2.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда +2.700
3.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо +10.507
4.Ранди Де Пуние (Фра) - ЛЦР Хонда +31.893
5.Марко Меландри (Ита) - Хајате Кавасаки +33.128
250СС
1.Хироши Аојама (Јап) - Скот Хонда 45:08.805
2.Алваро Баутиста (Шпа) - Аспар Априлија +0.132
3.Марко Симончели (Ита) - Метис Џилера +2.706
4.Ектор Барбера (Шпа) - Пепе Ворлд Априлија +2.769
5.Томас Лути (Шва) - Еми Априлија 17.946
125СС
1.Бредли Смит (Бри) - Аспар Априлија 41:49.556
2.Серхио Гадеа (Шпа) - Аспар Априлија +13.524
3.Марк Маркез (Шпа) - Ред Бул КТМ +13.553
4.Скот Рединг (Бри) Блусенс Априлија +14.251
5.Ефрен Васкез (Шпа) - Дерби Рејсинг +14.758

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
МОТО ГП
1.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха 65
2.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 54
3.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха 41
3.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 41
5.Андреа Довициозо (Ита) - Репсол Хонда 30
250СС
1.Хироши Аојама (Јап) - Скот Хонда 58
2.Алваро Баутиста (Шпа) - Аспар Априлија 54
3.Ектор Барбера (Шпа) - Пепе Ворлд Априлија 43
4.Томас Лути (Шпа) - Еми Априлија 29
5.Жил Клузел (Фра) - Матеони Априлија 28
125СС
1.Андреа Јаноне (Ита) - Оњета Априлија 37.5
2.Бредли Смит (Бри) - Аспар Априлија 36.5
3.Пол Еспаргаро (Шпа) - Дерби Рејсинг 31.5
4.Хулиан Симон (Шпа) - Аспар Априлија 30
5.Сандро Кортезе (Гер) - Аџо Дерби 28

Смит со деби победа, Аојама со трилер-триумф

Британецот Бредли Смит стигна до својата деби ГП победа во 125сс трката во Херез, откако ги помина 23-те круга без вистински предизвик. Домашните фаворити Серхио Гадеа и Марк Маркез го комплетираа подиумот, додека уште еден Британец, Скот Рединг го освои четвротот место.
"Не можам да опишам како се чувствувам. Секогаш се обидував да си направам ментална слика за првата победа, но сум погрешил", вели Смит.
Тој сега е на само еден поен зад лидерот во генерален пласман Андреа Јаноне, кој излета во вториот круг и не успеа да се врати во поени.
Во 250сс класата, Јапонецот Хироши Аојама победи на Хонда пред популарниот домашен возач Алваро Баутиста и актуелниот шампион, Марко Симончели. Осовјувачот на пол-позицијата, Алекс Дебон падна при крајот на трката. Аојама, Баутиста, Симончели и Ектор Барбера (кој заврши како четврти) беа тркало-до-тркало во поголемиот дел од трката и сите освен Барбера во еден момент беа на првото место.

Мото ГП тренинзите ќе бидат продолжени

Мото ГП тренинзите и квалификациските сесии ќе се вратат на старата должина од 1 час од следната трка во Ле Ман, објави ФИМ. Како дел од мерките за намалување на трошоците, петочните тренинзи беа откажани, додека другите сесии беа скратени на 45 минути. Но, ова се покажа како непопуларно кај главните возачи, кои побараа повеќе време за подесување на своите мотоцикли. На состанокот на Гран При комисијата се донесе одлука преостанатите две тренинг-сесии и квалификациите да траат 1 час, иако ќе остане само една сесија во петок.
"За мене мислам дека е подобра идеја да имаме 4 сесии по 45 минути, наместо 3 по 1 час. Сите сме подготвени, но ќе дојдеме тука и в петок наутро не правиме ништо. Сите ги сакаме тие петочни сесии", вели поранешниот шампион Кејси Стонер

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 22.Мај.2009 во 09:50
Rossi ќе ја продолжи кариерата на четири тркала




Најбрзиот човек на светот на две тркала, Италијанецот Valentino Rossi, планира кариера на четири тркала...

Светскиот првак во мотоциклизам, кој потпиша двегодишен договор со Yamaha минатата година, изјави дека во иднина би можел да вози за Ford на светското првенство во рели.

„Се надевам дека ќе можам да се префрлам на четири тркала. Мислам дека малку е доцна за Формула 1, но мислам дека вториот дел од мојата кариера сепак може да биде поврзан за автомобилите“, вели Rossi.

Шестокатниот светски шампион бил на тестирање за Ferrari 2006 и вели дека оттогаш озбилно размислувал за премин во Формула 1.

Сепак се одлучив да останам на мотоциклот и тоа значи дека желбата за Формула 1 е веќе зад мене“, вели 30-годишниот Италијанец, додавајќи дека сега главната можност е рели шампионатот.

„Имам добри врски со Ford па можеби ќе го возам токму нивниот автомобил. Ќе одлучам следната година на лето. “

-------------


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 29.Мај.2009 во 04:41
Муџело резервирано за Роси



Стотици илјади „тифози“ се подготвени да прослават победа на една од двете опции што италијанското гран при го сметаат за свое. Иако патеката е делумно поседувана од Дукати, нивните возачи Стонер и Хејден сепак се во сенка на Валентино Роси кој во Муџело славел седум пати во најсилната класа (непрекинато од 2002 до 2008), а има уште две победи со пониските категории. Оттука, сосема е очекувано што ривалите однапред ја сметаат оваа трка за изгубена, но ако некој може да се испречи на патот кон победата, веројатно тоа е Хорхе Лоренцо, тимскиот колега на Роси во Јамаха, кој има две победи годинава и води во генералниот пласман.

- Успеав да надополнам 24 бода во една трка, на Ле Ман, најверојатно на среќа. Да освојам подиум во Муџело ќе биде извонредно, додека борба со Валентино за прво место би била зачудувачка, но таа не ми е цел. Сакам да финиширам во трките и да го подобрувам своето постигнување од минатата година. Ќе се обидам да не ми се случи она што го имав во Херез (излетување додека беше третопласиран – з.а.), но кој знае? Се може да се случи,- филозофски изјави Хорхе Лоренцо на официјалната прес конференција во пресрет на италијанското гран при.

- Од еден аспект гледано, ова гран при е малку повеќе важно од останатите. Ова е Италија, тука ќе има многу публика и одлична атмосфера. Но, има само 25 поени достапни за победа, како и на секоја друга трка,- дополни Роси, кој и покрај седумте победи, во Муџело никогаш не поставил најбрз круг во трката.

Во Дукати се далеку порезервирани, иако за тимот од Борго Панигале ова е единствена трка на домашен терен. Главниот адут Кејси Стонер има убави спомени од Италија, бидејќи таму ја освоил првата пол позиција во кариерата (во класата до 125 ццм во 2003 година), а со Дукати бил само еднаш на пол, и тоа во својата шампионска сезона во 2007 година.

- Лани бев втор, па имајќи го предвид напредокот од тогаш, сигурен сум дека би можел да се борам за победата овој пат. Ќе биде тешко бидејќи конк*ренцијата е силна, што се гледа и од табелата. Муџело е патека што многу ја сакам, публиката е одлична и поседува страст за овој спорт. Се надевам на добар резултат, бидејќи ова е домашно гран при за Дукати, а тоа ги прави нештата посебно специјални,- изјави Стонер кој се уште нема победа на оваа патека.

Што се однесува до вториот возач на Дукати, Ники Хејден, кој се уште не е во топ форма по неколкуте повреди и операции, Американецот ќе има шанса да се радува доколку е меѓу првите 12 бидејќи на тој начин ќе ја мине границата од 1000 поени освоени во најсилната класа, со што ќе стане 16-ти возач на сите времиња кому тоа му пошло од рака. Статистичките податоци нудат уште низа изненадувања: во последниве тринаесет години на подиумот во Муџело секогаш имало Италијанец, а во последниве 40 трки на подиумот секогаш имало возач на Јамаха. Во 2008, во сите три класи од првенството победија Италијанци. Но, не е се во знакот на Азурите, за прв пат во 60-годишната историја на светското првенство, во сите три класи на првото место му припаѓа на мотициклист од Шпанија.


-------------


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 02.Јуни.2009 во 04:19
МОТОЦИКЛИЗАМ - ПРЕКИНАТА СЕРИЈАТА ОД СЕДУМ ПОБЕДИ ПО РЕД НА "ДОКТОРОТ" ВО ИТАЛИЈА

Стонер успеа да го совлада Роси во Мугело



Кејси Стонер успеа да ја донесе првата победа во Мугело за тимот на Дукати и во исто време ја прекина серијата од седум победи по ред на Валентино Роси на неговата домашна патека, совладувајќи ги двете Јамахи на влажното-сувото Италијанско ГП во неделата. Роси мораше да се задоволи со третото место, зад својот колега Хорхе Лоренцо, кој успеа да стигне до второто место и покрај тоа што падна при излегувањата на трката и потоа ужасно спориот старт.
Трката започна на влажна патека, и Стонер излета во водство од стартот, но веднаш потоа специјалистот за трки на влажно, Австралиецот Крис Вермејлен стигна до првото место со неговото Сузуки. Вермејлен, Стонер и Андреа Довициозо во Хонда се менуваа на водството во првите кругови, а веднаш зад нив беа Роси и се подобриот Марко Меландри.
Лоренцо успеа да се врати во игра со својот резервен мотоцикл, додека неговите механичари работеа на првиот мотоцикл. Довициозо успеа д аги помине Вермејлен и Стонер во 3. круг, кога патеката почна да се суши, а и Роси и Меландри успеаја да ги претекнат и да дојдат зад Довициозо.
Роси дојде во водство во 9. круг, а Меландри беше зад него и го претекна да го превземе водството, пред да влезат во боксот на крајот на 10. круг за мазни гуми. Иако се вратија на врвот, Довициозо го искористи тоа што беше еден круг повеќе на мазни гуми и поведе пред сонародниците. Меландри почна да биде се послаб на сувата патека, додека Роси не успеа да се врати во брзина за разлика од Стонер и Лорис Капироси во Сузуки.
Довициозо имаше предност од 3 секунди, но наскоро Стонер и Капироси беа зад него и успеаја да го поминат. Капироси и Довициозо почнаа да паѓаат во форма, а Јамахите беа се побрзи во финишот на трката и Лоренцо и Роси успеаја да се искачат на второто и третото место.
Стонер по трката призна дека се плашел дека ќе се откаже од трката додека бил во водство поради проблеми со менувачот во финишот на трката.
"Почнав да имам проблеми со менувачот и за малку ќе се извртев на рамниот дел од патеката. Мислев дека се е готово, но за среќа успеав да останам на патеката. Ова е патека на која ја имав првата пол-позиција во 125сс, но потоа немав многу среќа. Сега беше далеку позабавно", вели Стонер.
Роси од друга страна призна дека и доминацијата во Мугело мораше да заврши.
"По седум победи по ред секако дека е штета, но се работи за нормална ситуацијата. Тежок викенд, посебно во трката, која беше луда. Но, и подиумот е подобро од ништо. Секогаш сум имал лоша среќа во трка во која има и дожд и сонце", вели Роси.

РЕЗУЛТАТИ (ИТАЛИЈАНСКО ГП)
МОТО ГП
1.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 45:41.894
2.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха +1.001
3.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха +2.076
4.Андреа Довициозо (Ита) - Репсол Хонда +2.129
5.Лорис Капироси (Ита) - Ризла Сузуки +3.274
250СС
1.Матија Пасини (Ита) - Тот Априлија 45:38.391
2.Марко Симончели (Ита) - Метис Џилера +0.117
3.Алваро Баутиста (Шпа) - Аспар Априлија +1.293
4.Томас Лути (Шва) - Еми Априлија +24.557
5.Ектор Барбера (Шпа) - Пепе Ворлд Априлија +27.014
125СС
1.Бредли Смит (Бри) - Аспар Априлија 40:09.523
2.Николас Терол (Шпа) - Џек & Џонс Априлија +0.216
3.Хулиан Симон (Шпа) - Аспар Априлија +7.114
4.Пол Еспаргаро (Шпа) - Дерби Рејсинг +11.829
5.Марк Маркез (Шпа) - Ред Бул КТМ +12.315

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
МОТО ГП
1.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 90
2.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха 86
3.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха 81
4.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 57
5.Андреа Довициозо (Ита) - Репсол Хонда 56
250СС
1.Алваро Баутиста (Шпа) - Аспар Априлија 83
2.Хироши Аојама (Јап) - Скот Хонда 76
3.Марко Симончели (Ита) - Метис Џилера 61
4.Ектор Барбера (Шпа) - Пепе Ворлд Априлија 59
5.Матија Пасини (Ита) - Тот Априлија 51
125СС
1.Бредли Смит (Бри) - Аспар Априлија 74.5
2.Хулиан Симон (Шпа) - Аспар Априлија 71
3.Андреа Јанонен (Ита) - Оњета Априлија 46.5
4.Пол Еспаргаро (Шпа) - Дерби Рејсинг 44.5
5.Серхио Гадеа (Шпа) - Аспар Априлија 43

Пасини и Смит со победи во Италија

Италијанецот Матија Пасини победи во домашната 250сс трка во Мугело по фантастична битка во последниот круг со сонародникот марко Симончели. Пасини го започна последниот круг на првото место, но го загуби водството на првата кривина од актуелниот шампион Симончели, по што водството се менуваше најмалку 10-тина пати пред возачот на Априлија, Пасини да биде посилен на последните кривини и да стигне до првата победа оваа сезона.
Британецот Бредли Смит пак стигна до втората победа оваа сезона во 125сс класата, откако беше најбрз во поголемиот дел од трката, откако го превзеде водството во шестиот круг кога Андреа Јаноне се откажа поради механички проблем.


-------------


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 12.Јуни.2009 во 01:21
Медитеранскиот шмек по вкусот на Стонер



Лидерот во генералниот поредок, Австралиецот Кејси Стонер имаше импресивен настап на минатата трка во Муџело, возена за големата награда на Италија, а климатско-географската сличност со Барселона, каде престојниов викенд ќе се одржи ГН Каталуња, му дава големи шанси за уште еден триумф.

Во услови на стабилно време феноменалниот моторцикл „Десмоседичи“ на Дукати е супериорен на патеката, правејќи од својот ас Стонер фаворит број еден. Сепак и покрај доминантноста на австралискиот моторџија, тој е свесен дека до крајот на шампионатот многу, а конк*ренцијата од Фиат Јамаха сеуште го нема кажано последниот збор.

- Во овој дел од првенството лидерската позиција на табелата не значи ништо. Моите конк*ренти се многу паметни, зрели и способни да победуваат. Во овој дел од сезоната мора да се задржи фокусот, треба да се трудиме што почесто да бидеме на подиумот и да бидеме сигурни дека во секоја трка освојуваме доволен број на поени.

Во Муџело, Стонер дојде до 18та победа во својата кариера, а по овој ГП викенд Дукати стана најуспешниот тим во ова натпреварување, откако беа воведени моторите со зафатнина од 800 кс .

-------------


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 12.Јуни.2009 во 01:23
Барселона го чека Лоренцо



Младиот шпански моторциклист Хорхе Лоренцо годинава ќе ја има својата премиера во кралската Мото ГП класа, на својата домашна и омилена патека во Барселона. Иако тој е роден на Мајорка, најголемиот дел од животот го минал во каталонската престолнина, каде ги има направено и првите детски чекори во светот на брзината. Минатата сезона тој поради повреда беше принуден да отсуствува на трката во класата до 250 кс, тоа неговиот настап сезонава го прави да биде по драматичен.

- Оваа патека е најблиска до мојата родна Мајорка и една од најомилените на кои сум настапувал. Отсекогаш сум бил брз во барселона, уште од времето кога возев во класата од 125 кс. Задоволен сум од сезоната засега, но во Херез не успеав да финиширам, се надевам дека викендов нема повторно да ги разочарам домашните фанови.


-------------


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 14.Јуни.2009 во 12:08
Роси: Сексам пред секоја трка http://www.zazabava.com/index2.php?option=com_content&task=view&id=6147&pop=1&page=0&Itemid=89">Печати http://www.zazabava.com/index2.php?option=com_content&task=emailform&id=6147&itemid=89">Е-меил
%20Осумкратниот светски првак во мотоциклизам, 30-годишниот Италијанец Валентино Роси, направи интересно...

 

...  интервју со италијанскиот весник "Ла Република", во кое многу малку зборуваше за своите спортски вештини.

Популарниот "Il Dottore", актуелниот првак во Мото ГП, изјави дека практикува секс во пресрет на секоја трка, и дека токму тоа е причината за неговите победи.

Кога станува збор за неговата жена од соништата, "докторот" без размислување ја посочил американската актерка Меган Фокс.

Околу прашањата за вистинска љубов и формирање семејство, Роси признал дека до сега се нема заљубено, а за семејство - многу ретко размислувал...

%20



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 14.Јуни.2009 во 12:11
Квалификации за денешната трка во Каталуња, Шпанија 

GRAN PREMI CINZANO DE CATALUNYA

MotoGP Qualifying Practice Classification http://resources.motogp.com/files/results/xx/2009/CAT/MotoGP/QP/Classification.pdf">PDF

Pos. Num. Rider Nation Team Motorcycle Lap time Km/h Gap
1 99 http://www.motogp.com/en/riders/Jorge+Lorenzo - Jorge LORENZO SPA http://www.motogp.com/en/teams/Fiat+Yamaha+Team - Fiat Yamaha Team Yamaha 1'41.974 324.421
2 46 http://www.motogp.com/en/riders/Valentino+Rossi - Valentino ROSSI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Fiat+Yamaha+Team - Fiat Yamaha Team Yamaha 1'41.987 322.677 0.013
3 27 http://www.motogp.com/en/riders/Casey+Stoner - Casey STONER AUS http://www.motogp.com/en/teams/Ducati+Marlboro+Team - Ducati Marlboro Team Ducati 1'42.426 326.678 0.452
4 4 http://www.motogp.com/en/riders/Andrea+Dovizioso - Andrea DOVIZIOSO ITA http://www.motogp.com/en/teams/Repsol+Honda+Team - Repsol Honda Team Honda 1'42.594 325.791 0.620
5 24 http://www.motogp.com/en/riders/Toni+Elias - Toni ELIAS SPA http://www.motogp.com/en/teams/San+Carlo+Honda+Gresini - San Carlo Honda Gresini Honda 1'43.139 323.256 1.165
6 5 http://www.motogp.com/en/riders/Colin+Edwards - Colin EDWARDS USA http://www.motogp.com/en/teams/Monster+Yamaha+Tech+3 - Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 1'43.168 319.054 1.194
7 14 http://www.motogp.com/en/riders/Randy+de+Puniet - Randy DE PUNIET FRA http://www.motogp.com/en/teams/LCR+Honda+MotoGP - LCR Honda MotoGP Honda 1'43.175 320.760 1.201
8 3 http://www.motogp.com/en/riders/Dani+Pedrosa - Dani PEDROSA SPA http://www.motogp.com/en/teams/Repsol+Honda+Team - Repsol Honda Team Honda 1'43.207 326.876 1.233
9 52 http://www.motogp.com/en/riders/James+Toseland - James TOSELAND GBR http://www.motogp.com/en/teams/Monster+Yamaha+Tech+3 - Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 1'43.233 316.437 1.259
10 36 http://www.motogp.com/en/riders/Mika+Kallio - Mika KALLIO FIN http://www.motogp.com/en/teams/Pramac+Racing - Pramac Racing Ducati 1'43.336 326.876 1.362
11 65 http://www.motogp.com/en/riders/Loris+Capirossi - Loris CAPIROSSI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Rizla+Suzuki+MotoGP - Rizla Suzuki MotoGP Suzuki 1'43.365 323.547 1.391
12 7 http://www.motogp.com/en/riders/Chris+Vermeulen - Chris VERMEULEN AUS http://www.motogp.com/en/teams/Rizla+Suzuki+MotoGP - Rizla Suzuki MotoGP Suzuki 1'43.411 314.136 1.437
13 69 http://www.motogp.com/en/riders/Nicky+Hayden - Nicky HAYDEN USA http://www.motogp.com/en/teams/Ducati+Marlboro+Team - Ducati Marlboro Team Ducati 1'43.414 320.950 1.440
14 15 http://www.motogp.com/en/riders/Alex+de+Angelis - Alex DE ANGELIS RSM http://www.motogp.com/en/teams/San+Carlo+Honda+Gresini - San Carlo Honda Gresini Honda 1'43.422 322.003 1.448
15 59 http://www.motogp.com/en/riders/Sete+Gibernau - Sete GIBERNAU SPA http://www.motogp.com/en/teams/Grupo+Francisco+Hernando - Grupo Francisco Hernando Ducati 1'43.714 321.907 1.740
16 72 http://www.motogp.com/en/riders/Yuki+Takahashi - Yuki TAKAHASHI JPN http://www.motogp.com/en/teams/Scot+Racing+Team+MotoGP - Scot Racing Team MotoGP Honda 1'43.777 318.490 1.803
17 33 http://www.motogp.com/en/riders/Marco+Melandri - Marco MELANDRI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Hayate+Racing+Team - Hayate Racing Team Kawasaki 1'43.792 322.580 1.818
18 88 http://www.motogp.com/en/riders/Niccolo+Canepa - Niccolo CANEPA ITA http://www.motogp.com/en/teams/Pramac+Racing - Pramac Racing Ducati 1'43.991 320.950 2.017
19 41 http://www.motogp.com/en/riders/Gabor+Talmacsi - Gabor TALMACSI HUN http://www.motogp.com/en/teams/Scot+Racing+Team+MotoGP - Scot Racing Team MotoGP Honda 1'45.833 317.180 3.859


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 14.Јуни.2009 во 12:13

Загревањето денес.....

GRAN PREMI CINZANO DE CATALUNYA

MotoGP Warm Up Classification http://resources.motogp.com/files/results/xx/2009/CAT/MotoGP/WUP/Classification.pdf">PDF

Pos. Num. Rider Nation Team Motorcycle Lap time Km/h Gap
1 46 http://www.motogp.com/en/riders/Valentino+Rossi - Valentino ROSSI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Fiat+Yamaha+Team - Fiat Yamaha Team Yamaha 1'42.743 325.595
2 99 http://www.motogp.com/en/riders/Jorge+Lorenzo - Jorge LORENZO SPA http://www.motogp.com/en/teams/Fiat+Yamaha+Team - Fiat Yamaha Team Yamaha 1'42.791 327.769 0.048
3 5 http://www.motogp.com/en/riders/Colin+Edwards - Colin EDWARDS USA http://www.motogp.com/en/teams/Monster+Yamaha+Tech+3 - Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 1'43.046 323.741 0.303
4 4 http://www.motogp.com/en/riders/Andrea+Dovizioso - Andrea DOVIZIOSO ITA http://www.motogp.com/en/teams/Repsol+Honda+Team - Repsol Honda Team Honda 1'43.166 324.714 0.423
5 27 http://www.motogp.com/en/riders/Casey+Stoner - Casey STONER AUS http://www.motogp.com/en/teams/Ducati+Marlboro+Team - Ducati Marlboro Team Ducati 1'43.252 326.876 0.509
6 3 http://www.motogp.com/en/riders/Dani+Pedrosa - Dani PEDROSA SPA http://www.motogp.com/en/teams/Repsol+Honda+Team - Repsol Honda Team Honda 1'43.285 330.477 0.542
7 59 http://www.motogp.com/en/riders/Sete+Gibernau - Sete GIBERNAU SPA http://www.motogp.com/en/teams/Grupo+Francisco+Hernando - Grupo Francisco Hernando Ducati 1'43.449 321.237 0.706
8 65 http://www.motogp.com/en/riders/Loris+Capirossi - Loris CAPIROSSI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Rizla+Suzuki+MotoGP - Rizla Suzuki MotoGP Suzuki 1'43.698 324.226 0.955
9 72 http://www.motogp.com/en/riders/Yuki+Takahashi - Yuki TAKAHASHI JPN http://www.motogp.com/en/teams/Scot+Racing+Team+MotoGP - Scot Racing Team MotoGP Honda 1'43.856 321.715 1.113
10 14 http://www.motogp.com/en/riders/Randy+de+Puniet - Randy DE PUNIET FRA http://www.motogp.com/en/teams/LCR+Honda+MotoGP - LCR Honda MotoGP Honda 1'43.945 323.159 1.202
11 33 http://www.motogp.com/en/riders/Marco+Melandri - Marco MELANDRI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Hayate+Racing+Team - Hayate Racing Team Kawasaki 1'43.947 323.256 1.204
12 36 http://www.motogp.com/en/riders/Mika+Kallio - Mika KALLIO FIN http://www.motogp.com/en/teams/Pramac+Racing - Pramac Racing Ducati 1'43.956 330.477 1.213
13 52 http://www.motogp.com/en/riders/James+Toseland - James TOSELAND GBR http://www.motogp.com/en/teams/Monster+Yamaha+Tech+3 - Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 1'43.960 318.678 1.217
14 69 http://www.motogp.com/en/riders/Nicky+Hayden - Nicky HAYDEN USA http://www.motogp.com/en/teams/Ducati+Marlboro+Team - Ducati Marlboro Team Ducati 1'43.983 323.547 1.240
15 24 http://www.motogp.com/en/riders/Toni+Elias - Toni ELIAS SPA http://www.motogp.com/en/teams/San+Carlo+Honda+Gresini - San Carlo Honda Gresini Honda 1'44.172 321.715 1.429
16 15 http://www.motogp.com/en/riders/Alex+de+Angelis - Alex DE ANGELIS RSM http://www.motogp.com/en/teams/San+Carlo+Honda+Gresini - San Carlo Honda Gresini Honda 1'44.203 321.715 1.460
17 7 http://www.motogp.com/en/riders/Chris+Vermeulen - Chris VERMEULEN AUS http://www.motogp.com/en/teams/Rizla+Suzuki+MotoGP - Rizla Suzuki MotoGP Suzuki 1'44.238 317.647 1.495
18 88 http://www.motogp.com/en/riders/Niccolo+Canepa - Niccolo CANEPA ITA http://www.motogp.com/en/teams/Pramac+Racing - Pramac Racing Ducati 1'44.474 319.432 1.731
19 41 http://www.motogp.com/en/riders/Gabor+Talmacsi - Gabor TALMACSI HUN http://www.motogp.com/en/teams/Scot+Racing+Team+MotoGP - Scot Racing Team MotoGP Honda 1'45.374 310.523 2.631
 
ке биде интересно меѓу Роси и Лоренцоголема%20насмевкаголема%20насмевка


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 14.Јуни.2009 во 12:13
Трката денес во 14.00

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 14.Јуни.2009 во 16:49
ludnica trka..rosi do pobeda, bukvalno vo poslednata krivinaголема%20насмевкаголема%20насмевка
 
 

GRAN PREMI CINZANO DE CATALUNYA

MotoGP Race Classification http://resources.motogp.com/files/results/xx/2009/CAT/MotoGP/RAC/Classification.pdf">PDF

Pos. Points Num. Rider Nation Team Motorcycle Total time Km/h Gap
1 25 46 http://www.motogp.com/en/riders/Valentino+Rossi - Valentino ROSSI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Fiat+Yamaha+Team - Fiat Yamaha Team Yamaha 43'11.897 164.138
2 20 99 http://www.motogp.com/en/riders/Jorge+Lorenzo - Jorge LORENZO SPA http://www.motogp.com/en/teams/Fiat+Yamaha+Team - Fiat Yamaha Team Yamaha 43'11.992 164.132 0.095
3 16 27 http://www.motogp.com/en/riders/Casey+Stoner - Casey STONER AUS http://www.motogp.com/en/teams/Ducati+Marlboro+Team - Ducati Marlboro Team Ducati 43'20.781 163.577 8.884
4 13 4 http://www.motogp.com/en/riders/Andrea+Dovizioso - Andrea DOVIZIOSO ITA http://www.motogp.com/en/teams/Repsol+Honda+Team - Repsol Honda Team Honda 43'20.833 163.574 8.936
5 11 65 http://www.motogp.com/en/riders/Loris+Capirossi - Loris CAPIROSSI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Rizla+Suzuki+MotoGP - Rizla Suzuki MotoGP Suzuki 43'31.728 162.892 19.831
6 10 3 http://www.motogp.com/en/riders/Dani+Pedrosa - Dani PEDROSA SPA http://www.motogp.com/en/teams/Repsol+Honda+Team - Repsol Honda Team Honda 43'34.079 162.745 22.182
7 9 5 http://www.motogp.com/en/riders/Colin+Edwards - Colin EDWARDS USA http://www.motogp.com/en/teams/Monster+Yamaha+Tech+3 - Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 43'35.444 162.660 23.547
8 8 14 http://www.motogp.com/en/riders/Randy+de+Puniet - Randy DE PUNIET FRA http://www.motogp.com/en/teams/LCR+Honda+MotoGP - LCR Honda MotoGP Honda 43'37.162 162.553 25.265
9 7 36 http://www.motogp.com/en/riders/Mika+Kallio - Mika KALLIO FIN http://www.motogp.com/en/teams/Pramac+Racing - Pramac Racing Ducati 43'43.694 162.149 31.797
10 6 69 http://www.motogp.com/en/riders/Nicky+Hayden - Nicky HAYDEN USA http://www.motogp.com/en/teams/Ducati+Marlboro+Team - Ducati Marlboro Team Ducati 43'45.490 162.038 33.593
11 5 7 http://www.motogp.com/en/riders/Chris+Vermeulen - Chris VERMEULEN AUS http://www.motogp.com/en/teams/Rizla+Suzuki+MotoGP - Rizla Suzuki MotoGP Suzuki 43'48.580 161.847 36.683
12 4 15 http://www.motogp.com/en/riders/Alex+de+Angelis - Alex DE ANGELIS RSM http://www.motogp.com/en/teams/San+Carlo+Honda+Gresini - San Carlo Honda Gresini Honda 43'48.771 161.836 36.874
13 3 52 http://www.motogp.com/en/riders/James+Toseland - James TOSELAND GBR http://www.motogp.com/en/teams/Monster+Yamaha+Tech+3 - Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 43'51.330 161.678 39.433
14 2 33 http://www.motogp.com/en/riders/Marco+Melandri - Marco MELANDRI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Hayate+Racing+Team - Hayate Racing Team Kawasaki 43'56.685 161.350 44.788
15 1 59 http://www.motogp.com/en/riders/Sete+Gibernau - Sete GIBERNAU SPA http://www.motogp.com/en/teams/Grupo+Francisco+Hernando - Grupo Francisco Hernando Ducati 43'58.651 161.230 46.754
16 88 http://www.motogp.com/en/riders/Niccolo+Canepa - Niccolo CANEPA ITA http://www.motogp.com/en/teams/Pramac+Racing - Pramac Racing Ducati 44'07.770 160.674 55.873
17 41 http://www.motogp.com/en/riders/Gabor+Talmacsi - Gabor TALMACSI HUN http://www.motogp.com/en/teams/Scot+Racing+Team+MotoGP - Scot Racing Team MotoGP Honda 44'39.537 158.769 1'27.640
Not classified
24 http://www.motogp.com/en/riders/Toni+Elias - Toni ELIAS SPA http://www.motogp.com/en/teams/San+Carlo+Honda+Gresini - San Carlo Honda Gresini Honda 15'45.214 16 Lap
Not finished 1st lap
72 http://www.motogp.com/en/riders/Yuki+Takahashi - Yuki TAKAHASHI JPN http://www.motogp.com/en/teams/Scot+Racing+Team+MotoGP - Scot Racing Team MotoGP Honda


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 26.Јуни.2009 во 14:01
Роси ќе оди на својата 100. победа

Валентино Роси е на "седмо небо" по како што самиот кажа, една од неговите најдобри победи, и оди на посебен рекорд - 100 победи на Холандското ТТ во Асен овој викенд. Актуелниот шампион е вклучен во трикратна битка за лидерското место во генерален пласман по неговата фантастична победа над својот тимски колега од Фиат Јамаха, Хорхе Лоренцо на Каталонското ГП и тоа во последната кривина. Лоренцо и светскиот шампион Кејси Стонер се израмнети со Роси на 106 поени пред седмата трка од сезоната во Асен.

"Асен е посебна патека за сите возачи и е прекрасно место да се вози Мото ГП мотоцикл, иако беше подобро пред да ја сменат патеката. По Барселона знаеме колку сме силни, но знаеме и колку нашите ривали се моќни и не смееме да се опуштиме. Монтмело беше фантастична трка за нас, една од моите најдобри победи, но шампионатот е толку тесен што не смеам да се опуштам ниту една секунда", вели Роси.

Битката е толку тесна што водечкото трио има по две победи во шесте трки досега, а Лоренцо има посебна причина да биде самоуверен откако имаше две втори места и победа во последните три трки.

"Фантастична серија за мене, и скоро не ми се верува. Сега како да почнува шампионатот од почеток бидејќи тројцата сме на исто поени. Асен е мојата омилена патека и таму одам со голема самодоверба и многу мотивација. Лани бев само шести и морам да бидам подобар од тоа. Подиум би бил прекрасен", вели Шпанецот, кој само во својата втора Мото ГП сезона се покажува како достоен ривал за Роси и Стонер.

Традиционално Холандското ТТ се оддржува во последната сабота од јуни.


И на Стонер му се допаѓа повеќе стариот Асен

Победникот од минатогодишната трка во Асен, Кејси Стонер вели дека го сака предизвикот на патеката, која е единствена преостаната од оригиналниот Светски Шампионат од 1949, но мисли дека има јасна разлика помеѓу старите и новите делови од патеката. Северниот Круг на Асен беше отстранет во 2006 за да се намали должината на 4.555 километри и да се направи место за боксот, и беше заменет со нова "модерна" секција. Старата трка од 1949 на пример имаше круг од 16.536 километри.

"Навистина уживав во старата патека и мислам дека тоа чувство го делат сите во спортот. Стариот дел од патеката се уште е забавен, но разочарувачки се новите кривини без многу можност за тркање", вели Стонер.

Мото ГП возачите се "вратија во минатото"

Шест Мото ГП возачи добија шанса да се обидат со мотоцикли од минатото на мотор-шоуто пред Холандското ТТ во Асен. Хорхе Лоренцо, Колин Едвардс, Крис Вермејлен, Марко Меландри, Јуки Такахаши и Габор Талмачи беа во музејот во Асен каде што Лоренцо возеше 250сс Јамаха, Едвардс возеше 500сс машина од 1980-тите, Вермејлен возеше 500сс Сузуки од 1976, додека Меландри возеше Бенели од 1968 година.

Де Пуние најбрз на тренингот

Ранди Де Пуние постигна најбрз круг на тренинг-сесијата пред Холандското ТТ во Асен во сабота. Французинот со својата ЛЦР Хонда стигна до време од 1:37.842, за само 0.005 секунди побрзо од шесткратниот Мото ГП шампион Валентино Роси, а веднаш зад него со 0.030 секунди послабо време беше Кејси Стонер во Дукати. Хорхе Лоренцо беше четврти најбрз по што следуваа Андреа Довициозо, Дани Педроза и Колин Едвардс.



-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 27.Јуни.2009 во 15:34
Rosi brilijanten denes....Broj eden zasluzeno..cestitki za 100-ta pobeda!големо%20гушкање

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 28.Јуни.2009 во 02:44
Rossi is No.1

CESTI4KI ZA 100-TA POBEDA I OD MENE!!!!!


                  Историја во Асен




Во доминантен стил достоен за остварување на јубилејната стота гран при победа, Валентино Роси по седми пат славеше во Асен (петти пат како најдобар на трката во најсилната класа). Тој ја имаше пол позицијата, но на стартот го загуби првото место од Дани Педроса, а потоа и од Кејси Стонер, но веќе круг-два подоцна се врати на лидерската позиција и направи недостижна предност. Тимскиот колега Хорхер Лоренцо даде максимум од себе за да остане во трка со него, но „докторот“ го држеше на безбедна дистанца зад себе, поголема од две секунди. Кејси Стонер на крајот пристигна трет (Педроса падна), но повторно беше истоштен и доби медицинска помош.

- Ова е фантастично постигнување. Сто победи е одлична бројка. Им благодарам на сите момци што ми помогнаа да стигнам до тука, моите тимови во минатите десет години, Џереми Бургес и моите најблиски пријатели и семејството, кои ми ја даваа неопходната мотивација. Се надевам дека ќе освојам уште победи,- изјави Роси по симнувањето од пиедесталот, каде што го развеа знамето со бројот 100 специјално направено за оваа пригода. – Имав добро чувство за трката и знаев дека сум многу брз на две – три точки од патеката, па се обидов да излезам на чело што е можно порано и да воспоставам мој ритам. Ова беше перфектна трка, а секоја грешка можеше да има висока цена. Знаев дека Лоренцо е многу силен, па се обидов да направам предност. Веќе две трки по ред моторот има одличен сетинг, но фантастичен е од почетокот на сезоната и се надевам дека ќе продолжиме на овој начин.

Следната трка се вози за Големата награда на САД во Калифорнија, на патеката Лагуна Сека, и тоа по само осум дена. Иако за сите возачи ќе биде проблем да се прилагодат на временската разлика, веројатно најтешко ќе му биде на Кејси Стонер. Според соопштението за медиумите на Дукати, Стонер кој по подиум церемонијата отиде во болницата на патеката, наместо на прес конференцијата, признал дека „губат поени“ поради неговата ситуација.

- Се чувствував одлично цела недела, но од петокот тоа чувство почна да опаѓа и се влошуваше како што викендот одминуваше. Го земав секој можен додаток и витамин што можеше да се смисли, но ништо од тоа не изгледаше дека помага, па очигледно ќе мораме да го анализираме проблемот подлабоко бидејќи не може да продолжи вака и не чини поени. За среќа, имав фантастичен мотор под себе и му должам на тимот за тоа. Големо благодарам до Д-р Макијагодена и до нашиот физиотерапевт Фреди Денте, кои ми овозможија добра нега и во Барселона и тука. За малер, немаме многу време за да бидам фит до Лагуна, но ќе видиме што можеме да направиме,- гласи изјавата на шампионот од 2007 година.

f1almanah.com

-------------


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 04.Јули.2009 во 21:54
vecerva 22:55 Moto GP Laguna Seca – Kvalif. GP среќа

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 05.Јули.2009 во 12:41
Rosi startuva vtor, ali dvajcata direknti konk*renti padnaa strasno na kvalifikaciite...tretiot Stoner, malku podobro pomina od prviot Lorenco..da se nadevame deka se ke bide dobro i deka site ke gi vidime vo trkata vecer
 
 

MotoGP Qualifying Practice Classification http://resources.motogp.com/files/results/xx/2009/USA/MotoGP/QP/Classification.pdf">PDF

Pos. Num. Rider Nation Team Motorcycle Lap time Km/h Gap
1 99 http://www.motogp.com/en/riders/Jorge+Lorenzo - Jorge LORENZO SPA http://www.motogp.com/en/teams/Fiat+Yamaha+Team - Fiat Yamaha Team Yamaha 1'21.678 261.058
2 46 http://www.motogp.com/en/riders/Valentino+Rossi - Valentino ROSSI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Fiat+Yamaha+Team - Fiat Yamaha Team Yamaha 1'21.845 264.058 0.167
3 27 http://www.motogp.com/en/riders/Casey+Stoner - Casey STONER AUS http://www.motogp.com/en/teams/Ducati+Team - Ducati Team Ducati 1'21.910 262.901 0.232
4 3 http://www.motogp.com/en/riders/Dani+Pedrosa - Dani PEDROSA SPA http://www.motogp.com/en/teams/Repsol+Honda+Team - Repsol Honda Team Honda 1'22.113 260.492 0.435
5 4 http://www.motogp.com/en/riders/Andrea+Dovizioso - Andrea DOVIZIOSO ITA http://www.motogp.com/en/teams/Repsol+Honda+Team - Repsol Honda Team Honda 1'22.135 260.554 0.457
6 24 http://www.motogp.com/en/riders/Toni+Elias - Toni ELIAS SPA http://www.motogp.com/en/teams/San+Carlo+Honda+Gresini - San Carlo Honda Gresini Honda 1'22.146 260.303 0.468
7 5 http://www.motogp.com/en/riders/Colin+Edwards - Colin EDWARDS USA http://www.motogp.com/en/teams/Monster+Yamaha+Tech+3 - Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 1'22.490 262.326 0.812
8 69 http://www.motogp.com/en/riders/Nicky+Hayden - Nicky HAYDEN USA http://www.motogp.com/en/teams/Ducati+Team - Ducati Team Ducati 1'22.540 259.241 0.862
9 7 http://www.motogp.com/en/riders/Chris+Vermeulen - Chris VERMEULEN AUS http://www.motogp.com/en/teams/Rizla+Suzuki+MotoGP - Rizla Suzuki MotoGP Suzuki 1'22.633 260.303 0.955
10 65 http://www.motogp.com/en/riders/Loris+Capirossi - Loris CAPIROSSI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Rizla+Suzuki+MotoGP - Rizla Suzuki MotoGP Suzuki 1'22.662 262.326 0.984
11 33 http://www.motogp.com/en/riders/Marco+Melandri - Marco MELANDRI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Hayate+Racing+Team - Hayate Racing Team Kawasaki 1'22.842 256.532 1.164
12 15 http://www.motogp.com/en/riders/Alex+de+Angelis - Alex DE ANGELIS RSM http://www.motogp.com/en/teams/San+Carlo+Honda+Gresini - San Carlo Honda Gresini Honda 1'23.004 260.617 1.326
13 59 http://www.motogp.com/en/riders/Sete+Gibernau - Sete GIBERNAU SPA http://www.motogp.com/en/teams/Grupo+Francisco+Hernando - Grupo Francisco Hernando Ducati 1'23.106 256.959 1.428
14 14 http://www.motogp.com/en/riders/Randy+de+Puniet - Randy DE PUNIET FRA http://www.motogp.com/en/teams/LCR+Honda+MotoGP - LCR Honda MotoGP Honda 1'23.147 254.777 1.469
15 52 http://www.motogp.com/en/riders/James+Toseland - James TOSELAND GBR http://www.motogp.com/en/teams/Monster+Yamaha+Tech+3 - Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 1'23.390 256.837 1.712
16 88 http://www.motogp.com/en/riders/Niccolo+Canepa - Niccolo CANEPA ITA http://www.motogp.com/en/teams/Pramac+Racing - Pramac Racing Ducati 1'23.912 256.349 2.234
17 41 http://www.motogp.com/en/riders/Gabor+Talmacsi - Gabor TALMACSI HUN http://www.motogp.com/en/teams/Scot+Racing+Team+MotoGP - Scot Racing Team MotoGP Honda 1'24.528 248.905 2.850


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 05.Јули.2009 во 12:42
Trkata vecer vo 22.00среќа

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 06.Јули.2009 во 05:04
MotoGP Race Classification

1 25 3 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team HONDA 44'01.580 157.433
2 20 46 Valentino ROSSI ITA Fiat Yamaha Team YAMAHA 44'01.924 157.412 0.344
3 16 99 Jorge LORENZO SPA Fiat Yamaha Team YAMAHA 44'03.506 157.318 1.926
4 13 27 Casey STONER AUS Ducati Team DUCATI 44'14.012 156.695 12.432
5 11 69 Nicky HAYDEN USA Ducati Team DUCATI 44'23.243 156.152 21.663
6 10 24 Toni ELIAS SPA San Carlo Honda Gresini HONDA 44'23.621 156.130 22.041
7 9 5 Colin EDWARDS USA Monster Yamaha Tech 3 YAMAHA 44'31.781 155.653 30.201
8 8 7 Chris VERMEULEN AUS Rizla Suzuki MotoGP SUZUKI 44'34.437 155.498 32.857
9 7 14 Randy DE PUNIET FRA LCR Honda MotoGP HONDA 44'41.905 155.065 40.325
10 6 33 Marco MELANDRI ITA Hayate Racing Team KAWASAKI 44'49.608 154.621 48.028
11 5 15 Alex DE ANGELIS RSM San Carlo Honda Gresini HONDA 44'50.390 154.576 48.810
12 4 88 Niccolo CANEPA ITA Pramac Racing DUCATI 45'20.111 152.887 1'18.531
Not Classified
4 Andrea DOVIZIOSO ITA Repsol Honda Team HONDA 8'23.703 154.805 26 laps
59 Sete GIBERNAU SPA Grupo Francisco Hernando DUCATI 8'32.190 152.240 26 laps
65 Loris CAPIROSSI ITA Rizla Suzuki MotoGP SUZUKI 4'19.395 150.303 29 laps
41 Gabor TALMACSI HUN Scot Racing Team MotoGP HONDA 4'22.278 148.651 29 laps


kakva trka da imase uste samo 1 krug Doktorot ke pobedese garant ama Pedrosa na startot poleta kako NOS da imase

-------------


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 06.Јули.2009 во 11:01
среќаnajmal i najlesen e zatoa tolku dobro startuva
koga se kaci na 1 mesto na piedestaslot bese kolku roi i lorenci na 2 i 3среќасреќа
samo uste malku mu falese, da ne ja zatvorese poseldanata krivina pedrosa ke go pomineseголема%20насмевкаголема%20насмевка
ali site cestitiki i za Lorenco...na kvalifikaciite go vidov kako padna, snosti slusnav sto se nemal povredi a pak izvozi onaka kako sto izvozi, prekrasno...dostoen zamenik na doktorot ke bideсреќа 


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 19.Јули.2009 во 17:07
Prekrasna trka denes..do poslednite metri borba megu Valentino Rosi i Horhe Lorenco...Doktorot po 101 pat na pobednickoto mestoсреќа

ALICE MOTORRAD GRAND PRIX DEUTSCHLAND

MotoGP Race Classification http://resources.motogp.com/files/results/xx/2009/GER/MotoGP/RAC/Classification.pdf">PDF

Pos. Points Num. Rider Nation Team Motorcycle Total time Km/h Gap
1 25 46 http://www.motogp.com/en/riders/Valentino+Rossi - Valentino ROSSI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Fiat+Yamaha+Team - Fiat Yamaha Team Yamaha 41'21.769 159.752
2 20 99 http://www.motogp.com/en/riders/Jorge+Lorenzo - Jorge LORENZO SPA http://www.motogp.com/en/teams/Fiat+Yamaha+Team - Fiat Yamaha Team Yamaha 41'21.868 159.745 0.099
3 16 3 http://www.motogp.com/en/riders/Dani+Pedrosa - Dani PEDROSA SPA http://www.motogp.com/en/teams/Repsol+Honda+Team - Repsol Honda Team Honda 41'24.668 159.565 2.899
4 13 27 http://www.motogp.com/en/riders/Casey+Stoner - Casey STONER AUS http://www.motogp.com/en/teams/Ducati+Marlboro+Team - Ducati Marlboro Team Ducati 41'31.995 159.096 10.226
5 11 15 http://www.motogp.com/en/riders/Alex+de+Angelis - Alex DE ANGELIS RSM http://www.motogp.com/en/teams/San+Carlo+Honda+Gresini - San Carlo Honda Gresini Honda 41'43.291 158.378 21.522
6 10 24 http://www.motogp.com/en/riders/Toni+Elias - Toni ELIAS SPA http://www.motogp.com/en/teams/San+Carlo+Honda+Gresini - San Carlo Honda Gresini Honda 41'52.621 157.790 30.852
7 9 33 http://www.motogp.com/en/riders/Marco+Melandri - Marco MELANDRI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Hayate+Racing+Team - Hayate Racing Team Kawasaki 41'53.070 157.762 31.301
8 8 69 http://www.motogp.com/en/riders/Nicky+Hayden - Nicky HAYDEN USA http://www.motogp.com/en/teams/Ducati+Marlboro+Team - Ducati Marlboro Team Ducati 41'53.495 157.735 31.726
9 7 5 http://www.motogp.com/en/riders/Colin+Edwards - Colin EDWARDS USA http://www.motogp.com/en/teams/Monster+Yamaha+Tech+3 - Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 41'54.634 157.664 32.865
10 6 52 http://www.motogp.com/en/riders/James+Toseland - James TOSELAND GBR http://www.motogp.com/en/teams/Monster+Yamaha+Tech+3 - Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 42'05.695 156.973 43.926
11 5 65 http://www.motogp.com/en/riders/Loris+Capirossi - Loris CAPIROSSI ITA http://www.motogp.com/en/teams/Rizla+Suzuki+MotoGP - Rizla Suzuki MotoGP Suzuki 42'19.144 156.142 57.375
12 4 88 http://www.motogp.com/en/riders/Niccolo+Canepa - Niccolo CANEPA ITA http://www.motogp.com/en/teams/Pramac+Racing - Pramac Racing Ducati 42'22.308 155.948 1'00.539
13 3 7 http://www.motogp.com/en/riders/Chris+Vermeulen - Chris VERMEULEN AUS http://www.motogp.com/en/teams/Rizla+Suzuki+MotoGP - Rizla Suzuki MotoGP Suzuki 42'25.414 155.757 1'03.645
14 2 36 http://www.motogp.com/en/riders/Mika+Kallio - Mika KALLIO FIN http://www.motogp.com/en/teams/Pramac+Racing - Pramac Racing Ducati 42'25.924 155.726 1'04.155
15 1 41 http://www.motogp.com/en/riders/Gabor+Talmacsi - Gabor TALMACSI HUN http://www.motogp.com/en/teams/Scot+Racing+Team+MotoGP - Scot Racing Team MotoGP Honda 41'22.338 154.391 1 Lap
Not classified
4 http://www.motogp.com/en/riders/Andrea+Dovizioso - Andrea DOVIZIOSO ITA http://www.motogp.com/en/teams/Repsol+Honda+Team - Repsol Honda Team Honda 35'10.150 5 Lap
Not finished 1st lap
14 http://www.motogp.com/en/riders/Randy+de+Puniet - Randy DE PUNIET FRA http://www.motogp.com/en/teams/LCR+Honda+MotoGP - LCR Honda MotoGP Honda


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 27.Јули.2009 во 00:30
Првенче на Довициозо



Возачот на Репсол Хонда, Андреа Довициозо, ја забележа првата победа во кариерата (во конк*ренција на Мото ГП), откако најдобро се снајде во променливите услови што владееја за време на трката за Големата награда на Британија во Донингтон. Италијанецот стартуваше како петти и постојано беше во водечката група, од која поради падови испаднаа Тони Елиас и Хорхе Лоренцо. Во втората половина од трката борбата за првото место се сведе на него и Валентино Роси, а тогаш на 10 круга пред крајот и осумкратниот светски првак имаше мало излетување (по кое продолжи да вози), но прашањето на победникот беше решено. Довициозо со смирено возење до крајот успеа да ја контролира ситуацијата, иако по првичната предност од 12 секунди, на крајот му се приклучија оние кои имаа задоцнет финиш. Ранди де Пуние по падот на Роси го презеде второто место од Педроса, но во последниот свиок беше достигнат од Колин Едвардс кој имаше катастрофален старт и се врати во игра откако во првиот круг беше петнаесетти.

Роси заврши петти, Педроса деветти, а Стонер последен (бидејќи возеше со гуми за дожд кој го имаше во мали количини). На табелата води Роси со 187 бода, 25 повеќе од Лоренцо и 37 од Стонер. Следната трка е за три седмици, на 15 август во Брно, за Големата награда на Чешката република.


iako padna DOCTOROT i od 11 stigna na 5 mesto na krajot


f1almanah.com

-------------


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 16.Август.2009 во 03:22
Стартуваат новите правила



Трката за Големата награда на Чешка што се вози в недела на патеката крај Брно го означува почетокот на правилата кои носат рестрикции на ресурсите кои ќе им бидат на располагање на возачите во светското првенство во мотоциклизам. Акцентот е на ограничувањето на моторите до крајот на сезоната, вкупно пет на број за седум трки. Уште неколку други рестрикции ќе бидат аплицирани сега, а следниот блок ограничувања ќе дојде со почетокот на новата сезона во 2010 година.

На прес конференцијата одржана во пресрет на гран при викендот, Валентино Роси потврди дека тимот на Јамаха подготвил „нов материјал“, што ќе му биде на располагање.

- Се менува начинот на кој што ќе работиме со моторот. Сега ќе мора да се планира кој мотор ќе се вози на тренинзите, ќе мора да се води грижа за машината дури и по завршувањето на трката. Тоа треба да заштеди пари, па затоа е важно. Во понеделник ќе имаме тестирање, па ќе можеме да испитаме некои детали за да можеме да направиме чекор напред со новиот мотор,- вели лидерот во шампионатот.

Слично како во Јамаха, новитети ќе имаат и во другите екипи, кои работно ја минале летната пауза, при што најголем дел се однесуваат на моторите, но во Хонда и Сузуки најавија и надградби на шасијата. Сите тие ќе ги тестираат новитетите по крајот на гран при викендот, останувајќи во Чешка ден повеќе, пред да отпатуваат за втората американска трка во Индијанаполис на крајот од месецот.

Во кампот на Дукати, пак, главната вест е прилагодувањето на Мика Калио да го замени Кејси Стонер, кој најави дека поради исцрпеност на организмот ќе паузира три трки. Бидејќи септември е месец без трка поради откажувањето на унгарското гран при, Стонер ќе се врати на патеките дури по два и пол месеци одмор, во Португалија на почетокот од октомври. Финецот Калио доаѓа од сателитскиот тим Прамак Дукати, а на негово место ќе вози Италијанецот Мишел Фабрицио.

- Сакам да се заблагодарам на Дукати и на мојот регуларен тим Прамак, особено на тимскиот шеф Паоло Кампиноти, бидејќи ми ја дадоа оваа шанса. Се надевам дека Кејси ќе биде подобар по овие три трки, но очигледно ова е голема шанса за мене,- рече новата надеж на тимот од Борго Панигале.

Со ова борбата за титулата се сведува на Роси и Лоренцо, кои се со разлика од 25 бода. Тимските колеги од Јамаха доминираа и во досегашниот дел од сезоната, а сега се отвора простор за нови изненадувања од останатите возачи, особено од Хонда, бидејќи Педроса и Довициозо победија на две од последните три трки. Меѓу оние од кои не се очекуваат добри резултати викендов е Французинот Ранди де Пуние, кој на почетокот од месецот за време на мотокрос тренинг го повредил зглобот на десната нога и морал на операција, но сепак ќе настапи на ова гран при. Трката во Брно лани беше најпосетениот настан во календарот на Мото ГП, пред се поради успесите на Габор Талмаши и големиот број негови навивачи од соседната Унгарија, кои годинава се очекува да бидат меѓу четириесет до педесет илјади луѓе.


СТО ГОДИНИ ИНДИЈАНАПОЛИС



Легендарниот автодром од САД, вчера прослави 100-годишница од првата трка возена на фамозниот „брикјард“, односно на патеката поплочена со тули. На 14 август 1909 година се случила мотоциклистичка трка, а следниот настан со натпревар на машини на две тркала дојде на 99 роденден, со ланската трка на Мото ГП. Во пресрет на годинешната трка, домаќините со скромна прослава и роденденска торта ги почестија сите оние кои купиле билети вчера или поседувале доказ за претходно купени влезници.



МЕЛАНДРИ СЕ ВРАЌА ВО ГРЕСИНИ?



Иако веста е само шпекулација, Марко Меландри очигледно е решен да замине од приватната екипа Хајат. Тимот беше набрзина организиран за оваа сезона како замена за фабричката екипа на Кавасаки, која се повлече од натпреварите, но ја поддржа новоформираната дружина. Сега таа поддршка се очекува да престане, па името на Кавасаки комплетно да го снема од сцената во Мото ГП. Меландри претходно имаше успешна кариера со тимот на Фаустино Гресини за кој оствари неколку победи, па се смета за најсериозен кандидат за второто место покрај дебитантот Марко Симончели, што би значело комплетно нова постава за разлика од досегашната со Тони Елиас и Алекс де Анџелис.


f1almanah.com

-------------


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 20.Август.2009 во 04:49
Роси - отворен пат до титулата



Окулу 140.000гледачи кој наоѓаа на стазата во Брно имаа шанса да гледаат доста возбудлива трка и можеби дури и завера на титулата на Валентино Роси за оваа сезона.

Но да тргнеме со ред. Тројката од првиот ред поведе, но набрзо двоецот на Фиат Јамаха, кој цел викенд беше доминантен, или подобро речено супериоред, се одвои и почна да вози сопствена трка.

Роси водеше до петнаесеттиот круг кога беше престигнат од Жорге Лоренцо, кој цело време дотогаш буквално му дишеше во врат. И тогаш доаѓа до расплет каков што во тој момент ретко кој очекуваше. Младиот Шпанец попушти под притисокот и на истото место каде го престигна повекекратниот првак падна (ситуација која ни позната од дуелите Роси-Сторен), по што на Роси му се отвори пат до нова титула.

Во ред, можеби е сепак прерано да се говори за победа во шампионатот, бидејки останаа шест трки до крајот, но 50бодови предност кој италијанецот ги има и со вакво возење кое го прикажува, се многу добар показател дека многу веројатно е дека Роси ке ја одбрани титулата.

Дани Педроса помина низ целта како втор со 14секунди заостанување, додека Тони Елиас заврши како трет. Во последниот круг дојде и до инцидент на стазата каде новиот возач на Дукати, Мика Калио, налета на Марко Меландри но на среќа по сите, се помина без инциденти.

Конечен редослед:
1. Роси
2. Педроса
3. Елиас
4. Довизиосо
5. капироси
6. хајден
7. Едвардс
8. Де Ангелис
9. Тоселанд
10. Де Пуниет
11. Вермулен
12. Канепа
13. Талмакси

Генерален пласнан: Роси 212бодови, Лоренцо 162, Стонер 150, Подроса 135

Во класата од 250кс победата ја однесе Марко Симончели, втор беше Мати Пасини, додека последното место на пиедесталот го обезбеди Алваро Батиста.

Победник во класата до 125кс е Николас Терол, второпласиран е Жулиан Симот, додека трет заврши Андреа Ианоне.

sportdenes.com


-------------


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 05.Септември.2009 во 20:00
Rosi startuva prv utre...trkata ke bide ludnica...se vozi blizu gradceto kade sto e roden Rosi...deneska na kvalif. imase publika kako za trka, pa moze da se zamilsi kako ke bide utre...trka sto vredi da se gleda...среќа

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 06.Септември.2009 во 20:55
prekrasna trka denes i cestita 103 pobeda majstoreсреќа

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 07.Септември.2009 во 01:32
нека му е среќна новата победа и така да продолжи

ги растури неговите "пациенти"



-------------


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 07.Септември.2009 во 17:24

МОТО ГП - ГОЛЕМА НАГРАДА НА САН МАРИНО


Роси и ништо ново


Одлучив да одам чекор по чекор до победата, а тоа на крајот се покажа како успешен рецепт, изјави Роси


Бранителот на титулата во најелитното мотоциклистичко натпреварување Мото ГП, Италијанецот Валентино Роси (Јамаха) уште еднаш ја покажа својата доминација во кралската класа. По неуспехот на претходната трка за ГН на Индијанаполис, Докторот на тринаесетата трка сезонава, во Сан Марино, на патеката Мисано, приреди незаборавно шоу и до највисокото место на подиумот стигна за 44:32.882 минути, пред неговиот тимски колега Шпанецот Хорхе Лоренцо и возачот на Хонда, Дани Педроса (Шпанија).
- Мислев дека полпозицијата ќе ми овозможи полесно да стигнам до победата. Меѓутоа, уште на стартот бев минат од Педроса и Хорхе. Го загубив ритамот, но не сакав да ризикувам на почетокот со полн резервар и незагреани гуми. Одлучив да одам чекор по чекор до победата, а тоа на крајот се покажа како успешен рецепт, изјави Роси.

За Докторот ова е 161. подиум во Мото ГП и 104. победа во кариерата.
Интересна борба се водеше и за четвртото место меѓу Италијанците Андреас Довициозо (Хонда) и Лорис Каприоси (Сузуки). На крајот четвртото место му припадна на пилотот на Хонда.
Лидерското место во генералниот поредок на четири трки до крајот на сезоната се уште е во сопственост на Роси со 237 бодови, пред Лоренцо 207 и Педроса 157 бодови. Кај конструкторите првото место е резервирано за Јамаха со 305 бодови, пред Хонда и Дукати.
Следната трка е за четири недели (4 октомври) за ГН на Португалија.

izvor vecer.com.mk

-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 09.Септември.2009 во 00:04
зарем Валентино Роси и Роси Капироси уште се возикаат?

знам дека пред неколку години беа на врвот


извинете ама не следам мото гп црвенеење


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 17.Септември.2009 во 03:10
Brivio за сезоната на Rossi



Davide Brivio е под илустрации од кога Valentino Rossi е најголем противник во неговата кариера оваа година, каде и Jorge Lorenzo со Dani Pedrosa и Casey Stoner делуваат како идни „трња“ во илустрациите на Италијанската страна каде секој викенд со трка беше голем предизвик.

Rossi е на добра позиција со уште четири останати трки, но тој ја покажа својата човечност склона кон грешки на Le Mans и Indianapolis патеките оваа сезона и Brivio верува дека натпреварот ќе биде безмилосен повторно се до крајната фаза од шампионатот – посебно со закажаното враќање на Stoner, после неговото боледување, на следната трка во Португалија.

Сумирајќи ја работата на Rossi за оваа година, досега, Brivio изјави, “Оваа сезона беше тешка, затоа што има тесна битка на секоја трка. Ние водиме со 30 поени во овај момент после 13 извозени трки, со што беше позитивна сезона но многу тешко до крајот затоа што четири возачи не мируваат до крајот. Valentino, кој е повеќекратен Светски шампион, треба да започни да бара начин да се избори против помладите момци. Ние видовме и во Misano дека тој е во можност да дојди на врвот, многу е цврст и мотивиран кога навистина сака да победи.”

На барање да ги одбери најдоброто од Rossi за време на целата оваа сезона, Brivio додаде, “Catalunya беше голем момент, еден од најголемите, беше започнување на еден голем дуел со Jorge Lorenzo. После многуте трки сепак беше тесна борба. Catalunya беше голема трка и Valentino излезе со голем подвиг на финалната кривина од последниот круг. Тоа беше најемоционалната победа, но тука има и други добри моменти.”

motorsport.mk

-------------


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 17.Септември.2009 во 03:14
Hayden и искуството со Ducati



Наоѓајќи се на 14то место во генералниот пласман после 13 извозени трки со Ducati, од која последната заврши со безсрамно срудрување во Misano, фер е да се кажи дека работите се уште не тргнале добро по планот на Nicky Hayden со италијанскиот фабрички тим, но добриот и упорниот Американец е филозоф за неговата сезона во 2009 до сега.

Неговите резултати покажаја нагорен тренд за разлика од неговиот претходен кога го замени Crew Chiefs, и Juan Martinez беше вратен назад во Ducati да работи со него, а Hayden веќе имаше потпишано договор за 2010 година со Bologna-базираниот тим и домашен подиум во Indianapolis со што го покажа неговиот труд, оваа година.

“Измина една година до денот кога потпишав договор со тимот на Ducati , и тоа е добро искуство! Од секогаш се запрашував како ќе биде да се биди возач за тимот на Ducati, и сега го знам тоа многу добро. Ова е се на кое се надевав, и ќе има и повеќе. Ова искрено е специјален бренд со специјални луѓе. Не беше секогаш најлесно, да бидам искрен со сите, и резултатите не се најдобри, но тоа ми дозволи да ги видам двете страни на луѓе, и можам да кажам дека сите беа на правото место со нивниот третман спрема мене, во добрите и лошите денови.”

motorsport.mk

-------------


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 22.Септември.2009 во 02:49
MotoGP Легендите на Филипините



За прв пат од настанот ‘Legends of MotoGP’ (легендите на МотоГП), Troy Bayliss ќе му се придружи на легендите Wayne Gardner и Mick Doohan на стартните позиции. Триото ќе вози демонстрационен круг од 4,4км пред големата гужва во Сабота, 17ти Октомври и Недела, 18ти Октомври.

Портпаролот на шефот на Австралијанската Гранд При корпорација, Drew Ward, изјави дека вклучувањето на Bayliss комплетира перфектна линија на Aussie супер ѕвездите.
“Тоа беа успесите на Gardner, Doohan и повеќе во последно Bayliss, кои помогнаја да се цементира репутацијата на Австралија како една од светски големите моторџиски нации,” коментираше Ward. “Ние сме повлечени да ги најавиме нив како дел од подготовките на патеката на IVECO Australian Grand Prix 2009.”

motorsport.mk

-------------


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 11:46
Rosi ja osigura devettata titula -Svetski prvak...iako zavrsi tret i ne uspea da pobedi vo ovaa pretposledna trka, titulata ja ima zosto direktniot nekov protivnik za titulata Lorenco zavrsi posle nego... Prv bese Stoner, vtor Pedrosa.
Poslednata trka od godinasniov ciklus  se vozi za 2nedeli  vo Valencija.
 
 
Znaci cestito Rosiголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 18:56
BRAVO DOKTOREEEEEEEEEEEE!!!!!!!!!!!



-------------


Постирано од: blackeye
Датум на внесување: 26.Октомври.2009 во 14:21
Докторот Роси со 3-то место до седмата Мото ГП круна

Валентино Роси ја освои својата седма Мото ГП титула и деветта во кариерата откако заврши на третото место на поради дождот одложеното Малезиско ГП во Сепанг. 30-годишниот Италијанец трката ја почна на пол-позицијата, а за титулата му беше потребен само топ 4 финиш за да го помине својот тимски колега од Фиат Јамаха, Хорхе Лоренцо, единствениот возач со шанси за титулата. Седум елитни титули за Роси го поставуваат на второто место на вечната листа зад сонародникот Џакомо Агостини, кој освои осум од 1966 до 1975.

Австралиецот Кејси Стонер победи на своето Дукати во само третата трка од камбекот пред Шпанецот Дани Педроза во Хонда, додека Лоренцо беше четврти, со што шампионот е одлучен пред последната трка од сезоната во Валенсија за две недели. Роси сега има 286 поени и Лоренцо (245) и Стонер (220) не можат да го достигнат.

"Ова беше тешка година за мене. Трката точно покажа каква беше сезоната - многу тешка, со некои грешки и со некои разочарувачки резултати. Но, на крајот победив на шест трки, бев доволно постојан и затоа повторно сум шампион. Им благодарам на сите во тимот. Мислам дека ова е големо остварување - да се стигне до 7 Мото ГП титули и 9 во сите категории, тоа не можат да го направат сите. Во текот на сезоната имав одлични ривали, посебно во Хорхе, со кого имавме фантастични битки", вели Роси.

Шпанецот Лоренцо заостануваше 38 поени зад Роси пред претпоследната трка од сезоната и покрај тоа мораше да стартува од последниот ред откако доби казна за тоа што не го зазеде своето стартно место на време. Со силниот дожд кој ја попречи трката, таа почна по 35-минутна пауза и Роси веднаш падна на 5. место на првата кривина, а Педроза излезе на првото место. На крајот на првиот круг, Роси се најде на 11. место, но го искористи своето искуство и нервите полека да оди нагоре.

И покрај тоа што текот на трката од 21 круг патеката се сушеше, таа остана лизгава кога Французинот Ранди де Пуние излета на стартот, а Андреа Довициозо ја загуби контролата со својата Хонда кога се бореше за второто место на 7 круга пред крајот. На 14. круга до финишот, Роси се одвои на четвртото место и потоа немаше проблеми да заврши зад Стонер и Педроза и да ја почне лудата прослава во која учествуваше и огромна кокошка во боите на италијанското знаме.

Лоренцо по поразот беше грациозен велејќи дека неговиот колега Роси ја заслужил титулата.

"Се обидов да го победам до крајот, но мислам дека тој беше број 1 оваа година бидејќи беше побрз од нас на скоро секоја трка. Тој беше далеку попостојан од мене, поумен и затоа е победник", заклучи Лоренцо.

Во сенка на титулата на Роси дојде нова импресивна трка на Кејси Стонер. Австралиецот беше втор на својата прва трка по паузата поради болест во Португалија, по што за само седум дена стигна до победи во Филип Ајленд и во Сепанг, од кои втората беше со неверојатна предност од 15 секунди.

"Условите беа исти за сите денес. Не можам да побарам ништо повеќе од себеси. Последните трки се речиси совршени. Сега едвај ја чекам трката во Валенсија, на патека на која уживам во последните години", вели Стонер.


РЕЗУЛТАТИ (МАЛЕЗИСКО ГП)

МОТО ГП

1.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 47:24.834

2.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда +14.666

3.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха +19.385

4.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха +25.850

5.Ники Хајден (САД) - Дукати Марлборо +38.705

250СС

1.Хироши Аојама (Јап) - Скот Хонда 42:55.689

2.Ектор Барбера (Шпа) - Пепе Ворлд Априлија +6.397

3.Марко Симончели (Ита) - Метис Џилера +6.397

4.Томас Лути (Шва) - Еми Кафе Априлија +14.871

5.Ектор Фаубел (Шпа) - Хонда САГ +19.177

125СС

1.Хулиан Симон (Шпа) - Аспар Априлија 42:50.916

2.Бредли Смит (Бри) - Аспар Априлија +1.114

3.Пол Еспаргаро (Шпа) - Дерби Рејсинг +6.293

4.Серхио Гадеа (Шпа) - Аспар Априлија +8.003

5.Николас Терол (Шпа) - Џек & Џонс Априлија +8.485



ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

МОТО ГП

1.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха 286

2.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха 245

3.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 220

4.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 209

5.Андреа Довициозо (Ита) - Репсол Хонда 152

250СС

1.Хироши Аојама (Јап) - Скот Хонда 252

2.Марко Симончели (Ита) - Метис Џилера 231

3.Ектор Барбера (Шпа) - Пепе Ворлд Априлија 214

4.Алваро Баутиста (Шпа) - Аспар Априлија 198

5.Матија Пасини (Ита) - Глобалгест Априлија 128

125СС

1.Хулиан Симон (Шпа) - Аспар Априлија 264

2.Бредли Смит (Бри) - Аспар Априлија 203.5

3.Николас Терол (Шпа) - Џек & Џонс Априлија 173.5

4.Пол Еспаргаро (Шпа) - Дерби Рејсинг 158.5

5.Серхио Гадеа (Шпа) - Аспар Априлија 141


-------------
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Март.2010 во 10:41
Стонер го сопре Роси на последниот тест

Актуелниот седумкратен Мото ГП шампион, Валентино Роси не успеа да комплетира совршена пред-сезона за 2010 откако Кејси Стонер и Дукати го совладаа во саботата во последниот вечерен тест во Катар. Италијанецот беше најбрз на претходните пет сесии (четири на Сепанг и еден во Катар), но Стонер, конечно, се врати на врвот на "својата патека". Победникот на последните три трки во Катар, Стонер, имаше 0.049 секунди подобро време пред возачот на Јамаха Роси и покрај тоа што имаше пад на втората кривина.

"На првиот тест во Сепанг имавме доста работа, но од тогаш имаме постојан прогрес. Последниот голем чекор со ГП10 мотоциклот беше на последниот ден тестирање и затоа имавме така добро време. Не очекува добра сезона. Новиот мотор е фантастичен, далеку полесен за управување, што го докажаа и другите возачи на Дукати", вели Стонер.

Роси, пак, вели дека е задоволен и со второто место.

"Сега кога заврши тестирањето едвај ја чекам сезоната. Бевме доста силни цело време, а посебно е добро што бевме брзи и во Катар, каде што досега се мачевме. Времињата не беа важни бидејќи сега сите се подготвуваат за првата трка. Имаме тестирано само на две патеки пред новата сезона и ни треба да почнеме да ги посетуваме другите патеки пред да видиме до каде сме со мотоциклот", вели Роси.


-------------


Постирано од: alankan
Датум на внесување: 21.Април.2010 во 01:59
Христијан Илиоски- КИКО 18 годишен мотокрос возач од Битола,2005 Балкански шампион во МХ85 класа,двоен шампион во МХ2 И МХ2 јуниор класа,Источноевропски шампион и учесник на светскиот мотокрос шампионат.Моментално без спонзорство и помош од државата за да може да продолжи со успесите,ајде Битолчани кажете некоја пофалба за сограѓанинот.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 17.Јули.2010 во 00:01

МОТО ГП - ГОЛЕМА НАГРАДА НА ГЕРМАНИЈА


Докторот се враќа на патеката Захзеринг


Ми недостасуваше натпреварувањето, особено мојот мотор и тимот. Се чувствувам многу добро, операцијата мина добро, докторите направија добра работа, а јас секој ден напорно работев за што побрзо да се вратам во форма. Меѓутоа, големо е прашањето дали сега ќе успеам да издржам цела трка, изјави Роси


Медицинскиот тим на трката во Захсеринг (Германија) му даде зелено светло на актуелниот шампион во Мото ГП, Италијанецот Валентино Роси за настап на неделната трка што ќе се вози за Големата награда на Германија.

Роси претрпе двојна скршеница на потколеницата на почетокот од јуни на трката во Муџело (Италија), а многумина предвидуваа дека ќе му бидат потребни барем три месеци за опоравување од повредата, но тој ги демантира сите прогнози .
-Докторот уште минатата недела се врати на патеките и во рамките на подготовките за неделната трка го тестираше моторот на Јамаха за Светскиот Супербајк шампионат на патеката Мизано, а возеше и на почетокот од неделата во Брно.

Во Захзеринг Роси беше прегледан од главниот доктор на трката Хубер Фишер кој ја поддржа одлуката на медицинскиот тим на деветкратниот шампион во Мото ГП.
-Ми недостасуваше натпреварувањето, особено мојот мотор и тимот. Се чувствувам многу добро, операцијата мина добро, докторите направија добра работа, а јас секој ден напорно работев за што побрзо да се вратам во форма. Меѓутоа, големо е прашањето дали сега ќе успеам да издржам цела трка, изјави Роси.

Враќањето на Италијанецот во тимот го поддржа и неговиот тимски колега Шпанецот Хорхе Лоренцо.
-Валентино е возач со најмногу титули, единствен кој во ова натпреварување прави шоу и сите се среќни заради неговото враќање, изјави Лоренцо, кој утре во Германија ќе ја брка шестата победа сезонава со која дополнително ќе ја зголеми предноста во генералниот поредок.


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 08.Септември.2010 во 21:48
http://www.f1almanah.mk/2009-06-24-13-24-32/moto-gp/9732-rezultati-san-marino-2010-tomizava - Педроса победи во сенка на трагедијата

тага

Дани Педроса победи на трката за Големата награда на Сан Марино, но славјето за неговата 35 гран при победа и прва едноподруго, беше поматено со веста за смртта на Шоја Томизава во пониската класа Мото 2.

Возачот на Репсол Хонда доминатно ја започна трката, од пол позицијата, и непречен од никого стигна до нов триумф во кариерата, оставајќи го најголемиот ривал Хорхе Лоренцо на безбедна дистанца од четири секунди зад себе. Невообичаено мирната трка донесе мал број на возбудувања, при што на задоволство на публиката Валентино Роси го освои третото место пред Довициозо и Стонер, по што со скандирање беше поздравен од многубројните тифози.

Сепак, денот беше обележан од трагичниот инцидент во Мото 2 класата, каде што падна несреќниот јапонски мотоциклист  Шоја Томизава, кој потоа беше прегазен од оние кои возеа зад него. Смртта на Томизава беше објавена по крајот на трката од Мото ГП, со објаснување дека поради сериозноста на повредата (торакална и абдоминална траума), тој веднаш бил третиран во медицинскиот центар и ставен на вештачко дишење.  Потоа бил пренесен со возило во болницата во присуство на двајца доктори, бидејќи хеликоптерскиот трансфер не можел да му овозможи вештачко дишење. Од таму во 14.20 минути пристигнала веста дека 19-годишниот возач им подлегнал на повредите.


тага

http://www.youtube.com/watch?v=aWqW-TEp-JY&feature=player_embedded -



Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Март.2011 во 04:48
Педроза пак најбрз, во Јамаха оптимисти

Дани Педроза беше најбрз, а доминацијата на Хонда продолжи и на првиот ден на последниот Мото ГП тест пред стартот на сезоната во Катар. Сесијата под рефлектори повторно донесе 1-2-3 пласман на возачите на Хонда, со Педроза пред Кејси Стонер, и Хироши Аојама од сателитскиот Гресини Хонда тим.

Педроза го постави своето време од 1:56.271 на два часа пред крајот на сесијата, подобрувајќи го претходното најдобро време на Стонер за 0.143 секунди, додека Аојама беше само уште 0.03 секунди зад Стонер. Топ 6 го комплетираа три Јамахи - фабричките возачи Бен Спис и Хорхе Лоренцо, и ветеранот од Тех 3, Колин Едвардс. Андреа Довициозо следуваше во третата фабричка Хонда.

Дукати повторно имаа тешка вечер. Валентино Роси падна рано на 9-тата кривина, и иако се врати на мотоциклот, заврши на 8. место, пред колегата Ники Хајден. Ранди де Пуние падна двапати за да бие 10. за Прамак Дукати, додека ѕвездата од тестирањето во Сепанг, Марко Симончели беше 11. во Гресини Хонда.

И покрај доминацијата на Хонда, од Јамаха изјавија дека се оптимисти дека ја намалиле разликата и дека влегуваат подготвени во новата сезона.

"Развојот се движи во вистинска насока и се надеваме дека ќе поминеме уште многу километри. Поблиску сме до врвот и тоа е позитивно", вели Спис.

Светскиот шампион Лоренцо по острите критики по тестирањето во Сепанг, беше посмирен.

"Се обидовме со поинакви работи, и поблиску сме до момците од Хонда отколку во Сепанг, така што сум задоволен", изјави Лоренцо.

-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 10:42

/sport/ostanati-sportovi/23213-Stoner-ja-otvori-Moto-GP-sezonata - Стонер ја отвори Мото ГП сезоната

http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fk*rir.mk%2Fsport%2Fostanati-sportovi%2F23213-Stoner-ja-otvori-Moto-GP-sezonata&t=%D0%A1%D1%82%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%80%20%D1%98%D0%B0%20%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%20%D0%9C%D0%BE%D1%82%D0%BE%20%D0%93%D0%9F%20%D1%81%D0%B5%D0%B7%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0&src=sp - - - -    

Возачот на Хонда, Кејси Стонер, триумфираше на Големата награда на Катар за стартна победа во овогодинешното светско првенство во мотоциклизам.

 

Во Мото ГП класата Австралиецот Стонер стартуваше од пол-позицијата и 22. круга ги извозе за време од 42 минути и 38,569 секунди. Време доволно да ја оствари својата 24. победа во кариерата.

Со 3,44 секунди заостанување зад него второто место му припадна на актуелниот шампион Шпанецот Хорхе Лоренцо од тимот на Јамаха. Третопласиран во Катар беше Дани Педроса од Хонда со минус од 5,051 секунди во однос на Стонер.

Германецот Штефан Брадл славеше во Мото2 класата, додека во класата до 125 кубици најдобар беше Шпанецот Николас Терол.

Следната трка е на распоред на 3. април во Херез за Големата награда на Шпанија.

Резултати:
1. Кејси Стонер (Австралија, Хонда) 42:38,569
2. Хорхе Лоренцо (Шпанија, Јамаха) +3,440 секунди
3. Дани Педроса (Шпанија, Хонда) +5,051
4. Андреа Довициозо (Италија, Хонда) +5,942
5. Марко Симончели (Италија, Хонда) +7,358
6. Бен Спајс (САД, Јамаха) +10,468
7. Валентино Роси (Италија, Дукати) +16,431
8. Колин Едвардс (САД, Јамаха) +26,293
9. Ники Хејден (САД, Дукати) +27,416
10. Хироши Аојама (Јапонија, Хонда) +28,920



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Јануари.2012 во 06:41

РАДОСНА ВЕСТ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МОТО СПОРТОТ

 


Барањето за увоз на мотоцикли од САД е усвоено!




Барањето беше доставено до министерството за економија откако беше организирано возење за поддршка на барањата на мотоциклистите на кое поддршка дадоа сите мото клубови од земјава. Заедно со барањето до надлежното министерство беа доставени и повеќе од 1000 потписи на петицијата, потписи кои беа собрани за само неколку дена.


На 30 декември во 11.20 часот претставници на мото-заедницата во Македонија ќе имаат предновогодишна средба со министерот за економија Ваљон Сараќини по повод позитивниот одговор на нивното барање за најновите измени во Правилникот за единечно одобрување на возило, со кои се овозможува увоз на употребувани возила од категоријата Л (моторцикли) произведени за или во САД.


Процедурата за преостанатите барања (намалување на цената на зелениот картон и дозвола за регистрација на мотори на период помал од една година) сеуште се во тек, а се надеваме дека надлежните министерства и Владата на РМ ќе одговорат позитивно и за нив.

Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на сите кои се потпишаа на петицијата, сите кои учествуваа на возењето и покрај тоа што времето беше катастрофално и на сите оние кои ни дадоа поддршка.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Септември.2012 во 12:05

Двоен триум на македонски мотоциклисти во Грција 

Македонските мотоциклисти Христијан Илиоски и Гоце Томовски постигнаа огромен успех со освојувањето на првите две места на трката од Отворениот шампионат во мотокрос кој вчера се одржа на патеката „Птолемеида“ во Грција.
Илиоски и Томовски остварија еден - два победа во отворената класа, оставајќи ги далеку зад себе домашните натпреварувачи во двете возења. Илиоски во второто возење го постигна и најдоброто време во еден круг со 1:36,90 минути. Во оваа класа настапи и уште еден Македонец, Никола Гулевски, кој на крајот го освои шестото место.



-------------


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 20.Март.2013 во 10:54


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 27.Октомври.2015 во 21:25
Која среќа што седнав да го гледам последново ГП...
https://www.youtube.com/watch?v=rjVNRueH6aw" rel="nofollow - Од прв,до последен круг уживање.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk