IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Карате
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Карате

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 17:45
Емоциите на Наташа посилни од златото

Се уште сум под силни импресии, освојувањето на сребрениот медал е остварување на мојот најголем сон. Морам да кажам дека главен виновник за освојување на медалот е мојот тренер и селектор Бошко Заборски како и останатите репрезентативци кои ме бодреа во текот на сите борби, вели Илиевска


Македонската карате репрезентативка, Наташа Илиевска го постигна најголемиот успех во историјата на македонското карате, во женска конк*ренција. Таа на 44. Европското првенство во Загреб (Хрватска) го освои сребрениот медал во категорија до 55 килограми, во дисциплината борби. Илиевска е прва македонска каратистка што успеала да се пласира во финале на едно континентално натпреварување каде загуби од домашната натпреварувачка Јелена Ковачиќ (1:0).
-Се уште сум под силни импресии, освојувањето на сребрениот медал е остварување на мојот најголем сон. Морам да кажам дека главен виновник за освојување на медалот е мојот тренер и селектор Бошко Заборски како и останатите репрезентативци кои ме бодреа во текот на сите борби. Причината поради која не го освоив златото е тоа што со многу емоции влегов во финалната борба, но и стравот повторно да не ја обновам повредата на шаката, вели Илиевска.

За влез во финалето Наташа мина четири пречки. Во првото коло славеше над Полјакината Сзумцак (5:1), потоа беше подобра од Австриката Андерлхантеи (3:1), Германката Оецки (3:2), а последна пречка за влез во финалето беше Романката Санду (3:2).

Пред Наташа со медал од Европско првенство се врати Ардита Исени. Таа минатата година на првенството во Талин, Естонија го освои бронзениот медал.
Освојувањето на среброто ја стави Илиевска во категоријата на стипендисти од светска категорија. Таа ќе прима стипендија од државата во висина од околу 30.000 денари, односно две просечни плати.



Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 17:40
Последното кадетско државно првенство во Кавадарци, помина многу лошо за мене!тага
Кој беше од вас?
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2009 во 17:40
Суштината на карате вештината не е во победата ниту во поразот, но во создавањето на карактерот на каратистот. 
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 18:56

Ни ги скршиле каратистите во Мароко...тага

Кон врв
ShiningElune Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ShiningElune Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2010 во 21:41
Abe ima vo Skopjevo kvaliteten kyokushin karate club so full kontakt sparinzi?Ako ne ima voopshto karate klub so full contakt sparinzi?
Кон врв
stefanastibo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stefanastibo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 09:39
haha Vo karateto nema full kontakt odi treniraj boks ili kick boks
Кон врв
ShiningElune Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ShiningElune Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2010 во 15:27
E nema da nishto bratce ne te krivam tebe shto drzavava e tolku zaostanata i nerazviena vo sekoj pogled pa i vo sportot patem ima mnogu karate full kontakt stilovi nema da navleguvam vo toa nego sakam da se drzime do temata ali kako shto gledam a i sum bil informiran deka nema full kontakt karate stilovi pa i klubovi zastapeni vo Makedonija ako nekoj iskusen karatist znae slucajno nekoj karate klub kade shto trenjirat full kontakt karate vo ramkite na Skopje neka pishe(ali cisto sumnjam)ako ne shto se odnesuva do mene moderatorite slobodno mozat da go zatvorat threadov.
Кон врв
taske Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај taske Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2010 во 23:41
Дечки види го линков

http://www.kyokushin-macedonia.org/
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 16:04

Најдобрите каратисти на КК Макпетрол освоија вкупно четири медали од кои три се од најсилната и најтешката категорија сениори.

 

Вчера завршија борбите на најмасовниот светски карате турнир Милано Опен, на кој учествуваа преку 200 спортисти од 38 држави од целиот свет.

Покрај натпреварите од сениорска конк*ренција во Милано имаше и голем број на спортисти на кој се натпреваруваа и во кадетска и јуниорска конк*ренција.

Како на најсилните турниро во Ротердам и Париз, така и турнирот во Милано помина во знакот на најдобрите сеиори од КК Макпетрол.

Наташа Илиевска за прв пат во историјата на Македонското карате во женска конк*ренција успеа да влезе во финалето на Милано Опен, каде се сретна со минатогодишната шампионка од Бразил, Кумизаки Валерија.

Веднаш потоа нејзината колешка Наташа Стефановска успеа со четири победи во категоријата -61 кг да го освои бронзениот медал.

Жарко Арсовски во тешка категорија, во конк*ренцијата од 27 спортисти успеа да го ссвои бронзениот медал.

Кај јуниорите најдобар впечаток оствари младиот спортист Симон Антиќ, кој во категоријата +76 кг со пет победи успеа да стигне до финалето и да го освои златниот медал. Истиот ден во јуниорска конк*ренција Крсте Мишев (Металург) во категоријата -76 кг го освои сребрениот медал.

Ова се случуваше во саботата, додека вчера македонските кадети успеаја да освојата уште две медали. Азис Исмаили во категоријата -57 кг освои сребрен медал и Михаил Ѓурчиновски во категоријата -52 кг освои бронзен медал.

Кај јуниорките најдобар впечаток остави Симона Заборска од Макпетрол која се пласираше на петтото место, висок пласман оствари и нејзиниот клупски колега Никола Димитриевиќ во кадетска конк*ренција во категоријата -52 кг.

Кон врв
manchi Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 23.Мај.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај manchi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 15:49
imalo druze vo kisela voda vo salata NEZAVISNA MAKEDONIJA vo skoloto Dunja vo Kisela Voda ... ne znam kako se vika klubot ama i jas sum zainteresiran za Kyokushin karateto ... vezbav so prvacite na avstralija 8-9 meseci i me voodushevija :)))sakam ovde da prodolzam . majstorot se vika Zivko mislam i deka e 4 dan :))) Pozdrav
Кон врв
msatm2 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Декември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај msatm2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2012 во 17:25
Има некаде во Скопје или Македонија да се тренира Kyokushin Карате-то?
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2012 во 06:21


Карате репрезентацијата на Македонија на вториот ден од Европското првенство за кадети и јуниори, што се одржува во Баку освои три медали во категорија на јуниори, еден сребрен и два бронзени, соопшти Карате федерација на Македонија.

krste-misev

Европски вицешампион е Крсте Мишев, кој во категорија над 78 кг имаше четири победи и еден пораз со 3:2 во финалето. Претходно, за бронзени трофеи се изборија Филип Ѓурчиновски во категорија од 61 кг и Симона Заборска во категорија од 53 кг.

Утре, на последниот ден на 39. Европско првенство ќе се одржат натпреварите за постари јуниори, на кои од Македонија ќе настапат пет репрезентативци.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2012 во 08:54

Од Крушево црпам енергија и сила


Препознатливоста на Македонија на сите карате натпревари е на високо ниво. Преку извонредните настапи и резултати на нашите каратисти, целиот свет успеа да дознае повеќе за нас и за нашата татковина. Во таа низа од успеси е и освоеното трето место на Симона Заборска, најдобрата млада македонска каратистка, на неодамна завршеното Европско јуниорско првенство во Баку, Азербејџан. Треира од својата шеста година, а од 14 години е член на македонската карате репрезентација

Како се чувствуваш по враќањето дома?

Впечатоците се прекрасни! Убаво е чувството кога ги бранам боите на мојата татковина и се чувствувам горда што и покрај другите знамиња се вееше и нашето македонско знаме. Бронзениот медал за мене е голем поттик да продолжам понатаму со исто темпо за во иднина да се закитам со сребрен или златен медал. Медалот дојде во вистинско време. Сега сум помотивирана и имам поголема самодоверба за освојување на нови медали од првенствата кои ме очекуваат. Веднаш по враќањето продолжив со секојдневните тренинзи во мојот клуб Макпетрол. 

Беше ли лесно освојувањето на бронзениот медал и која беше борба за паметење?

На европски и светски првенства секогаш одат најдобрите и најподготвените. Затоа би рекла дека не беше лесно да се дојде до медал, зашто немаше лесен противник. Би ја издвоила борбата за бронзен медал која беше највпечатлива со каратистката од Србија. И двете бевме мотивирани и дадовме се од себе. Со голема пожртвуваност и желба да дојдам до посакуваниот медал успеав да победам. Во текот на натпреварите имав тешка ждрепка и имав борви со каратистки од: Словачка, Чешка , Израел, Франција.

Што за тебе значи да настапуваш под знамето на својата татковина?

За мене е големо задоволство, бидејќи оваа малечка земја има храбри спортисти кои освојуваат и ќе освојуваат уште многу медали со кои сите ќе се гордеат. Во иднина посакувам да освојувам и медали во сениорска конкуренција. Нема да застанам се додека не се најдам на победничкото место во сениорска конкуренција. Покрај тоа што имаме изградено свој стил на борба ние секогаш сме добро прифатени од публиката во сите европски и светски центри каде што се одржуваат првенствата. 

Кое ти е омилено место во Скопје и Македонија?

Во Македонија омилени места ми се нашите бисери Охрид и Струга, но и Крушево. Тоа е гратче кое посебно ме воодушевува со својата местоположба и со топлината на луѓето кои живеат во него. Од овој град црпам некоја чудна енергија и сила и се чувствувам исполнето. Го сакам и моето Скопје и во него сите места се убави. Би го издвоила кејот на Вардар каде секогаш среќавам насмеани и млади лица кои се рекреираат и спортуваат.

Со оглед дека физички си многу активна значи дека сакаш да бидеш во природа?

Секако и тоа во пролет и лето кога мојата земја е најубава и најзелена. Во лето покрај карате долго време тренирам и пливање и уживам во езерските убавини.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2012 во 15:33

Нашата каратистка Наташа Стефановскачленка на Карате клубот Макпетрол - Скопје на вториот турнир од  Светската 1 Премиер карате лига кој се одржа во Дордрехт, Холандија успеа да го освои сребрениот медал, информираат од карате клубот Макпетрол.

karate2-natasa500

Таа до медалот стигна со четири убедливи победи во конкуренција на 51 држава од целиот свет. Најнапред во првото коло се сретна со репрезентативката на Франција Ноел Амандине и победи со резултат 5-2, во второто коло таа извојува победа со преставничката на Луксембург Соња Стеланд 2-0, трето коло победи со Холанѓанката Остерлен Кимберли и потоа во полуфиналето ја совлада Белгијанката Луана Дебати со резултат 2-0.

Во финалниот натпревар нашата каратистка загуби од актуелната европска шампионка Австриската натпреварувачка Алиса Бушингер со прекин на натпреварот поради повредата кој настана за време на натпреварот на коленскиот зглоб на нашата каратистка.

Во тој момент Австриската најдобра каратистка водеше со резултат 6-0.  Ова е веќе втор медал на Наташа Стефановска од најелитните светски турнири таа минатата година во Милано, Италија го освои бронзениот медал, и веќе сериозно се наметнува како спортистка од  која Македонија во иднина треба да очекува поголеми резултатски остварувања.

Само како потсетување да споменеме дека во Измир 2010 година на Европското првенство Наташа Стефановска го освои бронзениот медал во конкуренција на спортистки од 18-21 годишна возраст.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.