Испечати | Затвори го прозорот

Карате

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Останати спортови
Опис на форумот: Одбојка, тенис, планинарење, пливање, точаци, висење по форуми...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14180
Датум на принтање: 30.Јули.2025 во 08:28
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Карате
Постирано од: La Ninja
Наслов: Карате
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:29

КАРАТЕ - НА ШАМПИОНАТОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА, ВО СЛОВЕНИЈА, НАШИТЕ СПОРТИСТИ ПОТФРЛИЈА

Каратистите запрени, судиите не положиле

Црн викенд за нашите каратисти на ЕП за региони, за земјите од Југоисточна Европа, кое се одржа во Марибор, Словенија. Сите македонски претставници, во борби, уште во 1. коло биле поразени од своите противници, што автоматски значело елиминација од натамошните натпревари. Срамот не го почувствува нашиот женски ката тим, кој неочекувано во последен момент остана дома, не замина за Словенија.

Но место за разочарување не треба да има. Впрочем, спортот е таков. Подемите и падовите се негов составен дел. Научена е една лекција која веќе на Универзитетското СП во Полска, кое стартува за дваесетина дена, на 9 јули, веруваме дека ќе најде своја конкретна примена.

Инаку, боите на нашата земја во делот на натпреварите ги бранеа О. Груевски, В. Груевски, В. Гонев, А. Беговиќ, Г. Петров, М. Несторовски и Ф. к*рблиќи, предводени од тренерот Мирче Јанушевски.

Тоа можеби и не е страшно.

Далеку потрагичен е фактот што од петмина судии колку што испративме на семинарот во Марибор ниту еден не го минал тестот. Сите паднале. Тоа е она што КФМ треба да го загрижува, да размисли. Тоа е главната причина зошто имаме чести недоразбирања, на домашните натпревари, меѓу судиите и луѓето кои стојат од другата страна, недоразбирања кои знаат да поминат во жолчни расправии, по што следуваат дисциплински постапки, за на крајот жртви да бидат каратистите или нивните тренери. А водата ја матат или ја мателе судиите. Толку знаеле или знаат. Семинарот во Марибор даде точна слика кој колку е поткован. Тоа значи дека треба да се соочиме со вистината, да работиме и на тој план. Во моментов судењето во каратето е катастрофално лошо, со исклучок на Димоски во кати, единствен судија од нашата земја со светска "А" лиценца.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....



Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 16:58

КАРАТЕ - МЛАДАТА КАРАТИСТКА СИМОНА ЗАБОРСКА, ИМЕ КОЕ СЕ НАМЕТНУВА

Бисер кој треба да се негува

Еден од спортовите каде младата популација пројавува значаен интерес секако е каратето, спорт во кој најмладите се постојано присутни. Токму оваа категорија спортисти се најбројните и најверни членови во клубовите. Таквата масовност по дефиниција дава и квалитет, квалитет кој во догледно време задолжително дава резултати.

Секако за сето ова потребни се и соодветни услови, кои, за жал, кај нас ги немаат сите клубови, односно имаат само неколку меѓу кои се Макпетрол и Металург.

Токму во Макпетрол, чија школа брои преку 100 - тина деца, со најголем стаж, тренира талентираната четиринаесетгодишната Симона Заборска, која со карате спортот се занимава уште од својата 6. година. Дека станува збор за талентиран натпреварувач говорат бројните успеси, а првпат се наметна пред три години кога во својата категорија стана државен шампион, титула која ја потврди и следната година, и тоа во дисциплината борби, екипно. Таквиот тренд продолжи и оваа година. Таа е најмладата каратистка која пред петнаесетина дена, на државниот шампионат, во конк*ренција на преку 1000 учесници од 56 клуба се закити со златен медал во борби екипно и сребрен во кати. Симона исто така годинава има освоено злато во карате лигата за жени меѓу кадетките.

Покрај успесите на домашен план Заборска има голем број медали и од меѓународните турнири во Трбовље (Словенија), Тузла (БиХ), Чачак (Србија), Белград (Србија)... Дека Симона е успешна каратистка и сестран спортист говори фактот дека се занимава и со пливање, таа е член на ПК "Младост" - Скопје.

"Со оглед дека следува нужна смена на возрасната категорија Симона Заборска ќе мора да има чести настапи на интернационалната сцена со цел стекнување на потребно искуство. Само така Македонија ќе го избруси новиот бисер во карате спортот во нашата земја. Токму од тие причини таа веќе во февруари ќе учествува на ЕП за кадет(к)и во Франција каде очекуваме успешно деби", вели нејзинот тренер воедно и татко Бошко Заборски.

А, пак, Симона лично ни откри и една друга тајна, дека за нејзините резултати покрај тренерот голема заслуга има и нејзината другарка Сара Радичевска, со која секојдневно тренираат карате и пливање.

"Јас и Сара на секој турнир или натпревар во последните три години секогаш стасуваме до финалните борби и веќе имаме освоено голем број медали", вели Симона Заборска.

Но семејството Заборски има и трет каратист. Тоа е братот Петар Заборски, кој е три години помлад од Симона, а оваа година имаше девет едноподруго победи кои му ја донесоа титулата првак во пионерска конк*ренција, поединечно и екипно во борби.

Инаку, КК "Макпетрол", кој е расадник на млади талентирани каратисти, во Симона Заборска гледа голем бисер на македонското карате, бисер кој во периодот што доаѓа треба да донесе бројни радости на спортската јавност во Македонија.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 16:46

КАРАТЕ - ЗА ПОТРЕБИТЕ НА БП ВО СРБИЈА

Стартуваа викенд подготовките

За три месеци во Србија, во Белград (21 - 23 септември), ќе се одржи Балканскиот шампионат во карате за категоријата пионери и помлади кадети.

Токму за потребите на тоа првенство Карате федерацијата на Македонија веќе стартуваше со подготовките, кои засега се во викенд сесија.

На повик на селекторите Муарем Имери за пионери и помлади кадети за борби и Петар Белистојановски за јуниори во борби се јавија 50 - тина спортисти од 20 - тина карате клубови од нашата земја.

Ваквиот начин на работа, со оглед дека е летен период ќе се практикува безмалку цело лето.

Се планира одржување семинари и летни кампови во Црна Гора. Во моментов наши каратисти престојуваат во Сутоморе, од клубовите Ботони и Јошитака. Следниот месец на ред ќе дојдат други каратисти од другите клубови, а кампот се сели во Буљарица, со цел формата да се одржи на посакуваното ниво, а воедно и да се совладаат новите техники кои ќе бидат од големо значење за претстојните првенства.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Јуни.2008 во 16:35

КАРАТЕ - ВО ПРЕСРЕТ НА УНИВЕРЗИЈАДАТА ВО ПОЛСКА

Илиевска спречена, Гудеска се враќа

Од вчера па до 6 јули нашата сениорска репрезентација во карате ќе престојува во Буљарица, во Црна Гора, каде ќе бидат реализирани десетдневни подготовки, а се во функција за претстојната Универзијата во Полска (10 - 13 јули) во градот Вроцлав.

На завршните подготовки ќе учествуваат сите повикани спортисти освен искусната Наташа Илиевска, која штотуку има засновано работен однос, ивршува приправнички стаж. Затоа, пак , во ката тимот се враќа Марија Гудеска од Прилеп, која е носител на неколку медали од големите натпревари и тоа исклучиво во кати. Освен Гудеска во женскиот ката тим се најдоа и стандардните Сања Николиќ и Тамара Рибарска, која ќе настапи и во поединечна конк*ренција.

За селекцијата на Македонија во борби, за Универзијадата, селекторот Заборски смета на следните спортисти: Б. Мицов (60 кг), С. Патраклиев 970 кг), В. Гонев (75 кг), О. Груевски (80 кг), Ж. Арсовски (+80 кг) и С. Арсовски во апсолутна, кој е неизвесен. Во екипно во борби ќе учествуваат Г. Петров, С. Ѓеорѓиевски, Ф. к*рблиќи и М. Несторовски.

Кај девојките во борби повикани се Н. Илиевска (53 кг), Н. Стефановска (60 кг), Е. Илиевска 9+60 кг) и М. Ефремова - екипно.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: macaparket
Датум на внесување: 10.Август.2008 во 14:15
Јас сум каратистка.Тренирам во К.К.Нике,кој беше на семинарот во Буљарица,заедно со ката тимот кој освои прво место на светското универзитетско првенство во Полска.

-------------
UMRENI LJUGE UMRENI LJUGJE
NA UVO MI SE DERAT
UMENI LJUGJE UMRENI LJUGE
MNOGU GOMNA SERAT



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 16:50
КАРАТЕ - СЕНИОРИТЕ ПАТУВААТ НА СП ВО ТОКИО
Исени е нашата најголема надеж

Ардита Исени е нашиот најголем адут за медал на претстојното Светско првенство во карате за сениори, кое ќе се одржи во Токио (13-16 ноември). По преселбата во Канада во август, бронзената од ЕП во Талин се подготвуваше независно од репрезентацијата, но селекторот Бошко Заборски смета дека таа ќе настапи на турнирот во Токио со мотив повеќе, со цел да го одбрани реномето што го ужива во меѓународни рамки.
- Немаме некој увид во формата во која се наоѓа Исени бидејќи веќе неколку месеци е во Канада, но таа и натаму е меѓу десетте најдобри каратистки во својата категорија и мислам дека ќе направи се за да не претстави во најдобро светло. Секој пласман во најдобрите седум на кој било натпреварувач би го сметал за успех - изјави Заборски.
Најголем хендикап за нашата селекција ќе биде отсуството на Иво Цветковски поради повреда, но, и покрај тоа, имаме солиден состав кој во секој момент би можел да изненади некого од фаворитите.
Во борби ќе се натпреваруваат Богдан Мицов, Ване Гонев, Ферат Корбулиќи, Гоце Петров, Жарко Арсовски, Огнен Груевски, Наташа Илиевска и Ардита Исени, а во конк*ренција на кати ќе не претставуваат Тамата Рибарска, Марија Гудевска, Сања Николиќ.
На првенството во Токио ќе настапат каратисти од стотина држави, а, освен на натпреварувачко ниво, нашата држава ќе ја претставува и Златко Димовски во улога на судија за кати.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: criminal-F
Датум на внесување: 24.Јануари.2009 во 01:54
jas sum karatistka i ja sakam sportot mnogu kolku sto nikoj ne sakat i sum mnogu uspesna i iiiiii i tolku i nemat zbor za karate


da se znajt samo nesto vo istorjata na karate-do nemat borenje fizicki tuku imat duhovno i umstveno relaksiranje i pametno mislenje

karateto e vazno za toj sto znajt sve za taa vestina a toa e vestina za mir a ne za vojna
ke ve molam mislite po pametno i nemojte da vezbate karate ako ne ja sfakate vistinskata sustina


karateto ne e natprevaruvanje so protivnik i dobivanje medal tuku samo zloupotrebate sportot.....


Постирано од: tamara1990
Датум на внесување: 24.Јануари.2009 во 02:06
Originally posted by criminal-F criminal-F напиша:

jas sum karatistka i ja sakam sportot mnogu kolku sto nikoj ne sakat i sum mnogu uspesna i iiiiii i tolku i nemat zbor za karate


da se znajt samo nesto vo istorjata na karate-do nemat borenje fizicki tuku imat duhovno i umstveno relaksiranje i pametno mislenje

karateto e vazno za toj sto znajt sve za taa vestina a toa e vestina za mir a ne za vojna
ke ve molam mislite po pametno i nemojte da vezbate karate ako ne ja sfakate vistinskata sustina


karateto ne e natprevaruvanje so protivnik i dobivanje medal tuku samo zloupotrebate sportot.....

I jas sum karatistka i potpolno se soglasuvam so tebe..karateto ne e vestina za vojna tuku za mir...Prvo i najvazno e duhovnata stabilnost,koncentracijata,a potoa doagja fizickata sila..


Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 04.Февруари.2009 во 19:28
I jas se soglasuvam deka karateto e da se izgradis ko licnost, a ne da gi pokazes svoite fizicki (tepacki голема%20насмевка) sposobnosti... Steta sto deneska se forsiraat poveke boreckite sportovi otkolku starite vestini... so sto se dobiva pogresna slika za celta na boreckite vestini...

мечтаење


-------------
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    


Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 18.Февруари.2009 во 21:14
mnogu go sakav ovoj sport kako mala ..trenirav 5godini,samo ne izdrzav sepak go obozavam


Постирано од: Љупчо
Датум на внесување: 02.Март.2009 во 15:16
Карате-до (карате),сфатено како спорт и како вештина,како и сите др.бор.вештини,служи за изразување на личноста како практикант на самата вештина.За жал повеќе се афирмира во светот спортската форма на карате - спортска карате борба.
Па споредбено се има натпреварувачи (победници и поразени)по принципот Шо-Бу во т.н.борби ,кати .....
Додека традиционалниот став на Шу-ха-ри и понатаму се запоставува,а без тоа...личноста која вежба не станува целосна.

-------------
„Ништото секогаш во себе содржи се`“.


Постирано од: criminal-F
Датум на внесување: 03.Март.2009 во 00:58
Originally posted by Љупчо Љупчо напиша:

Карате-до (карате),сфатено како спорт и како вештина,како и сите др.бор.вештини,служи за изразување на личноста како практикант на самата вештина.За жал повеќе се афирмира во светот спортската форма на карате - спортска карате борба.
Па споредбено се има натпреварувачи (победници и поразени)по принципот Шо-Бу во т.н.борби ,кати .....
Додека традиционалниот став на Шу-ха-ри и понатаму се запоставува,а без тоа...личноста која вежба не станува целосна.


si vo pravo ama do negde ubo e karateto da se koristi kako vestina za svojata gradba no sho-bu se deli na kumite i kata a kumite po japonski znacit psihicka borba a ne fizicka...nie kumiteto koristime po negativen pat sum bidena i na natprevati ito mnogu ama ne poddrzavam mnogu natprevarite od karate


Постирано од: Љупчо
Датум на внесување: 03.Март.2009 во 08:38
Да,да,се сложувам....па,кога ќе ги погледнам денешните карате натпреварувања......подобро и да ги нема.Се некако набрзина,се нема време,па некако денешните каратеки во кумите, ми изгледаат како „скокачки прозорци“.Тотално погрешно сфатен терминот динамика,кој се поистоветува со брзоплетост,зуки(цуки)ударите ме потсеќаат на „палење мотор за дрва“,додека ножните удари.....па,како и да ги нема.Се случува „нашминканиот“ да победи,а „фајтерот“ да изгуби.Мислам оти карате денес како е презентирано,многу изгуби.Но,тоа е само мој став и мое мислење......

-------------
„Ништото секогаш во себе содржи се`“.


Постирано од: criminal-F
Датум на внесување: 03.Март.2009 во 14:54
pa milo mi e zs i ti kako mene mislis
cista zloupotreba


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 12.Мај.2009 во 17:45
Емоциите на Наташа посилни од златото

Се уште сум под силни импресии, освојувањето на сребрениот медал е остварување на мојот најголем сон. Морам да кажам дека главен виновник за освојување на медалот е мојот тренер и селектор Бошко Заборски како и останатите репрезентативци кои ме бодреа во текот на сите борби, вели Илиевска


Македонската карате репрезентативка, Наташа Илиевска го постигна најголемиот успех во историјата на македонското карате, во женска конк*ренција. Таа на 44. Европското првенство во Загреб (Хрватска) го освои сребрениот медал во категорија до 55 килограми, во дисциплината борби. Илиевска е прва македонска каратистка што успеала да се пласира во финале на едно континентално натпреварување каде загуби од домашната натпреварувачка Јелена Ковачиќ (1:0).
-Се уште сум под силни импресии, освојувањето на сребрениот медал е остварување на мојот најголем сон. Морам да кажам дека главен виновник за освојување на медалот е мојот тренер и селектор Бошко Заборски како и останатите репрезентативци кои ме бодреа во текот на сите борби. Причината поради која не го освоив златото е тоа што со многу емоции влегов во финалната борба, но и стравот повторно да не ја обновам повредата на шаката, вели Илиевска.

За влез во финалето Наташа мина четири пречки. Во првото коло славеше над Полјакината Сзумцак (5:1), потоа беше подобра од Австриката Андерлхантеи (3:1), Германката Оецки (3:2), а последна пречка за влез во финалето беше Романката Санду (3:2).

Пред Наташа со медал од Европско првенство се врати Ардита Исени. Таа минатата година на првенството во Талин, Естонија го освои бронзениот медал.
Освојувањето на среброто ја стави Илиевска во категоријата на стипендисти од светска категорија. Таа ќе прима стипендија од државата во висина од околу 30.000 денари, односно две просечни плати.




-------------



Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 27.Мај.2009 во 17:40
Последното кадетско државно првенство во Кавадарци, помина многу лошо за мене!тага
Кој беше од вас?


-------------


Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 27.Мај.2009 во 17:40
Суштината на карате вештината не е во победата ниту во поразот, но во создавањето на карактерот на каратистот. 

-------------


Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 17.Ноември.2009 во 18:56

Ни ги скршиле каратистите во Мароко...тага



-------------


Постирано од: ShiningElune
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 21:41
Abe ima vo Skopjevo kvaliteten kyokushin karate club so full kontakt sparinzi?Ako ne ima voopshto karate klub so full contakt sparinzi?


Постирано од: stefanastibo
Датум на внесување: 19.Март.2010 во 09:39
haha Vo karateto nema full kontakt odi treniraj boks ili kick boks


Постирано од: ShiningElune
Датум на внесување: 19.Март.2010 во 15:27
E nema da nishto bratce ne te krivam tebe shto drzavava e tolku zaostanata i nerazviena vo sekoj pogled pa i vo sportot patem ima mnogu karate full kontakt stilovi nema da navleguvam vo toa nego sakam da se drzime do temata ali kako shto gledam a i sum bil informiran deka nema full kontakt karate stilovi pa i klubovi zastapeni vo Makedonija ako nekoj iskusen karatist znae slucajno nekoj karate klub kade shto trenjirat full kontakt karate vo ramkite na Skopje neka pishe(ali cisto sumnjam)ako ne shto se odnesuva do mene moderatorite slobodno mozat da go zatvorat threadov.


Постирано од: taske
Датум на внесување: 22.Април.2010 во 23:41
Дечки види го линков

http://www.kyokushin-macedonia.org/


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 16:04

Најдобрите каратисти на КК Макпетрол освоија вкупно четири медали од кои три се од најсилната и најтешката категорија сениори.

 

Вчера завршија борбите на најмасовниот светски карате турнир Милано Опен, на кој учествуваа преку 200 спортисти од 38 држави од целиот свет.

Покрај натпреварите од сениорска конк*ренција во Милано имаше и голем број на спортисти на кој се натпреваруваа и во кадетска и јуниорска конк*ренција.

Како на најсилните турниро во Ротердам и Париз, така и турнирот во Милано помина во знакот на најдобрите сеиори од КК Макпетрол.

Наташа Илиевска за прв пат во историјата на Македонското карате во женска конк*ренција успеа да влезе во финалето на Милано Опен, каде се сретна со минатогодишната шампионка од Бразил, Кумизаки Валерија.

Веднаш потоа нејзината колешка Наташа Стефановска успеа со четири победи во категоријата -61 кг да го освои бронзениот медал.

Жарко Арсовски во тешка категорија, во конк*ренцијата од 27 спортисти успеа да го ссвои бронзениот медал.

Кај јуниорите најдобар впечаток оствари младиот спортист Симон Антиќ, кој во категоријата +76 кг со пет победи успеа да стигне до финалето и да го освои златниот медал. Истиот ден во јуниорска конк*ренција Крсте Мишев (Металург) во категоријата -76 кг го освои сребрениот медал.

Ова се случуваше во саботата, додека вчера македонските кадети успеаја да освојата уште две медали. Азис Исмаили во категоријата -57 кг освои сребрен медал и Михаил Ѓурчиновски во категоријата -52 кг освои бронзен медал.

Кај јуниорките најдобар впечаток остави Симона Заборска од Макпетрол која се пласираше на петтото место, висок пласман оствари и нејзиниот клупски колега Никола Димитриевиќ во кадетска конк*ренција во категоријата -52 кг.



-------------


Постирано од: manchi
Датум на внесување: 23.Мај.2011 во 15:49
imalo druze vo kisela voda vo salata NEZAVISNA MAKEDONIJA vo skoloto Dunja vo Kisela Voda ... ne znam kako se vika klubot ama i jas sum zainteresiran za Kyokushin karateto ... vezbav so prvacite na avstralija 8-9 meseci i me voodushevija :)))sakam ovde da prodolzam . majstorot se vika Zivko mislam i deka e 4 dan :))) Pozdrav


Постирано од: msatm2
Датум на внесување: 06.Февруари.2012 во 17:25
Има некаде во Скопје или Македонија да се тренира Kyokushin Карате-то?


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Февруари.2012 во 06:21

http://www.kurir.mk/sport/makedonski-sport/60547-Srebro-i-dve-bronzi-za-makedonskite-karatisti" rel="nofollow - Сребрo и две бронзи за македонските каратисти

http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fwww.kurir.mk%2Fsport%2Fmakedonski-sport%2F60547-Srebro-i-dve-bronzi-za-makedonskite-karatisti&t=%D0%A1%D1%80%D0%B5%D0%B1%D1%80o%20%D0%B8%20%D0%B4%D0%B2%D0%B5%20%D0%B1%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B7%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8&src=sp" rel="nofollow -

Карате репрезентацијата на Македонија на вториот ден од Европското првенство за кадети и јуниори, што се одржува во Баку освои три медали во категорија на јуниори, еден сребрен и два бронзени, соопшти Карате федерација на Македонија.

krste-misev

Европски вицешампион е Крсте Мишев, кој во категорија над 78 кг имаше четири победи и еден пораз со 3:2 во финалето. Претходно, за бронзени трофеи се изборија Филип Ѓурчиновски во категорија од 61 кг и Симона Заборска во категорија од 53 кг.

Утре, на последниот ден на 39. Европско првенство ќе се одржат натпреварите за постари јуниори, на кои од Македонија ќе настапат пет репрезентативци.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 28.Февруари.2012 во 08:54

Од Крушево црпам енергија и сила


Препознатливоста на Македонија на сите карате натпревари е на високо ниво. Преку извонредните настапи и резултати на нашите каратисти, целиот свет успеа да дознае повеќе за нас и за нашата татковина. Во таа низа од успеси е и освоеното трето место на Симона Заборска, најдобрата млада македонска каратистка, на неодамна завршеното Европско јуниорско првенство во Баку, Азербејџан. Треира од својата шеста година, а од 14 години е член на македонската карате репрезентација

Како се чувствуваш по враќањето дома?

Впечатоците се прекрасни! Убаво е чувството кога ги бранам боите на мојата татковина и се чувствувам горда што и покрај другите знамиња се вееше и нашето македонско знаме. Бронзениот медал за мене е голем поттик да продолжам понатаму со исто темпо за во иднина да се закитам со сребрен или златен медал. Медалот дојде во вистинско време. Сега сум помотивирана и имам поголема самодоверба за освојување на нови медали од првенствата кои ме очекуваат. Веднаш по враќањето продолжив со секојдневните тренинзи во мојот клуб Макпетрол. 

Беше ли лесно освојувањето на бронзениот медал и која беше борба за паметење?

На европски и светски првенства секогаш одат најдобрите и најподготвените. Затоа би рекла дека не беше лесно да се дојде до медал, зашто немаше лесен противник. Би ја издвоила борбата за бронзен медал која беше највпечатлива со каратистката од Србија. И двете бевме мотивирани и дадовме се од себе. Со голема пожртвуваност и желба да дојдам до посакуваниот медал успеав да победам. Во текот на натпреварите имав тешка ждрепка и имав борви со каратистки од: Словачка, Чешка , Израел, Франција.

Што за тебе значи да настапуваш под знамето на својата татковина?

За мене е големо задоволство, бидејќи оваа малечка земја има храбри спортисти кои освојуваат и ќе освојуваат уште многу медали со кои сите ќе се гордеат. Во иднина посакувам да освојувам и медали во сениорска конкуренција. Нема да застанам се додека не се најдам на победничкото место во сениорска конкуренција. Покрај тоа што имаме изградено свој стил на борба ние секогаш сме добро прифатени од публиката во сите европски и светски центри каде што се одржуваат првенствата. 

Кое ти е омилено место во Скопје и Македонија?

Во Македонија омилени места ми се нашите бисери Охрид и Струга, но и Крушево. Тоа е гратче кое посебно ме воодушевува со својата местоположба и со топлината на луѓето кои живеат во него. Од овој град црпам некоја чудна енергија и сила и се чувствувам исполнето. Го сакам и моето Скопје и во него сите места се убави. Би го издвоила кејот на Вардар каде секогаш среќавам насмеани и млади лица кои се рекреираат и спортуваат.

Со оглед дека физички си многу активна значи дека сакаш да бидеш во природа?

Секако и тоа во пролет и лето кога мојата земја е најубава и најзелена. Во лето покрај карате долго време тренирам и пливање и уживам во езерските убавини.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Март.2012 во 15:33

http://www.kurir.mk/sport/makedonski-sport/63909-Srebren-medal-za-karatistkata-Natasa-Stefanovska-vo-Holandija" rel="nofollow - Сребрен медал за каратистката Наташа Стефановска во Холандија


Нашата каратистка Наташа Стефановскачленка на Карате клубот Макпетрол - Скопје на вториот турнир од  Светската 1 Премиер карате лига кој се одржа во Дордрехт, Холандија успеа да го освои сребрениот медал, информираат од карате клубот Макпетрол.

karate2-natasa500

Таа до медалот стигна со четири убедливи победи во конкуренција на 51 држава од целиот свет. Најнапред во првото коло се сретна со репрезентативката на Франција Ноел Амандине и победи со резултат 5-2, во второто коло таа извојува победа со преставничката на Луксембург Соња Стеланд 2-0, трето коло победи со Холанѓанката Остерлен Кимберли и потоа во полуфиналето ја совлада Белгијанката Луана Дебати со резултат 2-0.

Во финалниот натпревар нашата каратистка загуби од актуелната европска шампионка Австриската натпреварувачка Алиса Бушингер со прекин на натпреварот поради повредата кој настана за време на натпреварот на коленскиот зглоб на нашата каратистка.

Во тој момент Австриската најдобра каратистка водеше со резултат 6-0.  Ова е веќе втор медал на Наташа Стефановска од најелитните светски турнири таа минатата година во Милано, Италија го освои бронзениот медал, и веќе сериозно се наметнува како спортистка од  која Македонија во иднина треба да очекува поголеми резултатски остварувања.

Само како потсетување да споменеме дека во Измир 2010 година на Европското првенство Наташа Стефановска го освои бронзениот медал во конкуренција на спортистки од 18-21 годишна возраст.



-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk