|
Изработка на проекти |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | ||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
е тоа ми е јасно.....и јас сум учел
но тоа отвора веќе x i x други прашања и дискусија до безкрај Значи ја одобруваш изработката на проекти? |
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Проблемот што се повеќе ученици излегуваат неписмени од училишните клупи не е во проектната настава, туку во нивните родители кои сметаат дека се многу покомпетентни од наставниот кадар што и како треба да учи нивното дете... Такви родители препознавам и во темава, преку нивните коментари и размислувања. Едно прашањље до нив - претпочитате вашето дете да биде полезно ангажирано и да се развие во здрава и стабилна општествена личност ( проектната настава со својот истражувачко - рекреативен карактер учествува во едно такво профилирање на севкупната личност на ученикот) или „вишокот слободно време“ да го минува по кафулињата со сомнително друштво кое многу лесно може да му го истрасира патот кон амбисот на животот?
|
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ај, најучтиво те молам кажи ми од колку до колку саатот во едно денонокие, еден средношколец или основец, одличен со успехот, во денешно време и со денешнава наставна програма има „вишок слободно време„? Јас од лично искуство ти велам дека НЕМА ВООПШТО СЛОБОДНО ВРЕМЕ!И не претпочитем полезно да го ангажира билокој. Сметам дека проектите не допринесуваат за развој на личноста. И симни си ги розевите очила - погледни ја стварноста. А мое дете, со навршени 16г.,во кафуле не стапнало ни дење ни ноќе, што мислиш дали затоа што изработил многу проекти? А родителот бил и ќе остане најкомпетентен за се поврзано со неговото чедо. Мора професорите да го прифатат тоа. |
||
Кој бара ќе најде.
|
||
Petkovsky
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 239 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Реплика : Jас од лично искуство и од искуство на сестра ми и од искуство на блиски другари и роднини тврдам дека еден средношколоец со одличен успех има многу слободно време. On Topic: Правење на проекти...хм...ако под проект се подразбира сликички на хамер или 10 страни текст во Word од кои 9 се директно препишани од интернет, т.е. преведени буквално, тогаш тој проект е смешен, а кај нас сите "проекти" се такви. Смешно е и тоа што образовниот систем е на ниско ниво, а полни сме со арогантност даваме изјави од типот Американците се глупи, а нашето образование пропаѓа. Еден од многуте фактори се тие квази проекти кои се ништо друго него губење на време за 95% од учениците. Изменето од Petkovsky - 07.Април.2009 во 17:34 |
||
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Точно, апсолутно се согласувам со ова погоре
затоа што ако правилно се распореди времето ќе има и за учење и ќе има и слободно време И уствари на тој што му се учи секако ќе учи и ќе најде слободно време за се` |
||
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
||
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
оф: точно,... јас можам и да испаѓам,... и да шетам, и да спијам... и да играм.... да седам на форум..... и пак да ми бидат сите 5ки ( ова не дека се фалам,... само ај ) и не значи дека ако одам во кафуле сум лоша или неодговорна.....
он: сега имам еден проект за правење... ама не ми претставува проблем... бидејќи ја имам таа среќа да можам сама да ја бирам темата што сакам да ја обработувам... па дури и ми е еден вид на уживање...... камоли цело време да правев проекти..... |
||
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од напишаново произлегува дека денешниве ученици имаат само да учат,да „излегуваат“ и слободно време.
Па зарем други обврски немате? Како на пример да пазарите за дома,да го однесете помалиот брат или сестра до школо, да го пречекате, да го прошетате миленичето,да средите по дома ,да отидете во музичко и странски јазик на час, да отидете на физикална,да го посетите дедо оти нема кој да му купи леб,да го чувате братчето навечер додека мама и тато прекувремено работат,да си спремата сами оброци,и....многу други работи.Па ако имате и помала сестра која има свои посебни потреби - колку од денот ви останува слободно време? Сите не живеат како вас,некои помагаат и во дуќанот на тато. ..... ...... |
||
Кој бара ќе најде.
|
||
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |