IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Грижа кон родителите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Грижа кон родителите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака
trebo.r.a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај trebo.r.a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2008 во 19:17
“И Господарот твој нареди:”Само Него да го обожавате,а на родителите добро да им правите.Ако еден од нив или двајцата кај тебе доживеат старост,не вели им ни 'уф'.Не обраќај им се со висок глас и зборувај им благородни зборови.И пред нив спушти ги крилјата на потчинетоста и милоста, и речи :”Господару мој,смилувај им се онака како што тие ми се смилуваа кога бев малечок!”(Ел-Исра:23-24)


Еден стар човек седел во дворот од својата куќа заедно со синот кој токму завршил високи студии. Одненадеж,една врана слетала на зидот. Таткото го прашал на синот:”Што е она?” Синот му одговорил:”Тоа е врана “.

   После извесно време,таткото повторно го прашал: ”Што е она?” Синот му одговорил:”Тоа е врана “.

   Поминале неколку минути,а таткото повторно го запрашал на синот по трет пат:”Што е она?”Синот му одговорил:”Татко,само што ти реков дека тоа е врана!”.

Не поминало долго време,а таткото пак го прашал на синот:”Што е она?”
Овој пат на лицето од синот можело да се виде мала вознемиреност: “Татко,тоа е врана,врана!” Повторно таткото го прашал:”Што е она?”

   Но,овој пат син му му одговорил со груб тон:”Татко,нон-стоп прашуваш едно те исто,иако секогаш ти одговарам дека тоа е врана.Зарем не си во состојба да разбереш еднаш засекогаш,и да ме оставиш на мира ?”.

   Таткото станал и отишол во собата.Набрзо се вратил носејќи го својот стар дневник. Отворил на една страна и му рекол на син му да прочита што пишува. Синот почнал да чита:

“Денес,мојот мал син седеше со мене во нашиот двор,кога одеднаш долета врана.Синот 25 пати ме праша:”Што е она?”,а јас 25 пати му одговорив ни малку вознемирен,дека тоа е врана.Она што го чувствував беше љубов кон мојот невин и малечок син.”


   Тогаш таткото му ја објаснил на синот разликата помеѓу нивните ставови:”Кога беше малечок,ми го постави ова прашање 25 пати и јас ниту еднаш не бев изнервиран од твоите прашања туку упорно и смирено ти одговарав.А кога денеска јас тебе ти го поставив истото прашање,но,повторувајќи го само 5 пати,ти се изнервира,налути и беше нетрплеив со мене.”

              ***

Му дошол некој човек на Аллаховиот Пејгамбер а.с. и го запрашал:”Аллахов Пратенику! Јас ја ставив мојата мајка на врат,па ја носев повеќе од две миљи,и тоа по толку вжештен песок,што парче месо можеше да се испече на него.Дали со тоа ја искажав должната благодарност кон својата мајка?”

   Мухаммед а.с. му одговорил:” Можеби со тоа си искажал само најобично внимание.”



Изменето од trebo.r.a - 14.Мај.2008 во 19:19
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2008 во 18:51
(Немој да бидеш непослушен на своите
родители па макар и да ти наредат да го напуштиш
своето семејство и своето богатство)

Почитта кон родителите е ставена на второ место што
докажува на важноста на истата и грижата на Пејгамберот а.с. за нив. Ако подлабоко размислиме околу тоа прашање ќе
видиме дека на Возвишениот Аллах џ.ш. му припаѓа најголема
заслуга за нашето доаѓање на овој свет, потоа родителите.

Затоа среќаваме како послушноста кон Аллах и почитта кон
родителите доаѓаат споени во многу места во к*р'анот. Погледајте во пејгамберот Ибрахим а.с. кој иако неговиот татко беше идолопоклоник, дури и нивен изработувач, тој му се обраќа со зборовите (татко мој): "Кога му рече на својот татко: О татко мој, зошто обожаваш она што не слуша, ниту гледа ниту може да ти донесе некаква корист.." (Мерјем, 41)
Имено, послушноста кон родителите не е условена со ислам,
што значи тие и да бидат немуслимани човекот е должен
да ги почитува, со исклучок само кога ќе го наведуваат на
припишување придружник на Аллах џ.ш., тогаш нема послу-
шност. Аллах џ.ш. вели: "А ако родителите се трудат да те
наговорат да Ми припишуваш придружник за што, всу-
шност, не знаеш ништо, немој да им бидеш послушен, но
примерно однесувај се кон нив на овој свет." (Лукман, 15)
Посебно се истакнува улогата на мајката за постоење на
човекот и сето она што го претрпела на патот за негово растење и воспитување. Затоа Аллах вели: "И на човекот Ние му одредивме да се однесува добро кон родителите свои.
Мајката го носеше, слабејќи од ден во ден, и го доеше
две години " (Лукман, 14)
Притоа, треба да се има предив дека непослушноста кон
родители е причина за непослушноста на своите деца кон
истиот човек. Ибн Омер р.а. пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. рекол: "Почитувајте ги вашите родители, за да ве почитуваат вашите синови, и бидете чедни (морални) за да бидат и вашите жени чедни (морални)." (Таберани, хасен)

И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2011 во 19:51
Obnoveno po baranje na Pllutar7.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.