IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Берово
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Берово

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2011 во 14:41
20 илјади верници на црковно народниот собир во Берово
 

Култот кон мајката Божја, Мајка на животот, во Малешевијата испишува нова страница на вековната верска традиција. Покрај манастирот, останало како аманет на денешниот ден верниците со голем црковно- народен собир да го прославуваат воскресението на мајката Божја.

Река луѓе се слеваше кон манастирот кој љубоморна ја чува традицијата од памтивек, потсетувајќи на старите беровци на ова место, со к*рбани за здравје и верба во Бога, војувале за да се спасат од болеста чума. Така започнала приказната за денешниот ден во Малешевијата.

Возбновениот манастир во 70-тите, денес беше претесен да ги собере верниците, кои упорно и достоинствено чекаа да се поклонат пред мајката Божја, да остават дарови и запалат свеќи за здравје.

Монасите од машкиот манастир, центарот на денешните чествувања, денес не потсетија дека треба да бидеме кротки, да не злопамтиме, да го прославуваме празникот со молитви секогаш да упатуваме голема благодарност кон нашата мајка Богородица, за вечно да учествува во нашите животи.

- Денес се слави таа која не враќа во состојба на хармонија со Бог, вели отец Фотиј.

Црковно народниот собир во Берово останува уникатен во православието. И денес во 100 бакарни котли ќе се послужи манастирска манџа, која верниците од Малешевијата ја подготвуваат за здравје. Таа е доволна според куварот Димитар да нагости 15 илјади верници.

- Тајната на слаткиот ручек е што се се подготвува на природен начин, самиот бакар, огнот од дрва, вели Димитар Буровски, кувар.

Манастирот и денес ќе го посетат над 20 илјади гости од сите краеви на државава и соседството.

- Доаѓаме често, ова е свето место, вели Стојна Филипова, од Кочани.

Традицијата покрај манастирот напишала чудни приказни за оздравувања на духот и телото. Вербата кон мајката Божја, денес докажува дека таа е посилна и од поединечната човечка судбина.

Ако пред 15 години на денешен ден, покрај овој манастир, 9-мина верници од удар на гром ги загубија своите животи, денес собирот е помасовен и попосетуван. Берово прерасна во култно место на денешниов ден.



Изменето од емил - 30.Август.2011 во 14:45
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2011 во 05:52

Малешевци во туристичка треска

 
 

Во регионот на Малешевијта има повеќе пензионери од вработени, но затоа многу природни раритети привлечни за странците. Токму затоа во туризмот се гледа можност за економски просперитет.

 

Братот и сестрата Бетински, по 4 децении поминати во Чикаго, се враќаат во родното Берово со инвестиција во  хотел  на месноста Кукута, во близината на нивниот семеен имот. Александра и Дамјан  велат дека од ова место ги чуваат спомените од Малешевијата.

„Детските спомени се најсилни, како дете сум бил тука и тоа иницираше...сега одлучив да се вратиме тука, ако сме заработиле нешто тука да потрошиме, да пренесиме искуства“, вели Дамјан Бетински, иселеник.

„Приврзани сме кон Берово и горди сме што сме Беровчани“, вели неговата сестра Александра Бетинска.

Беровско езеро- вистинско градилиште

Освен иселениците Бетински и самите беровчани иднината ја гледаат во туризмот. Во регионот каде има повеќе пензионери од вработени ( 3300 пензионери наспроти 3000 вработени), а невработени има најмногу околу 4000, малашевци  ги зафати туристичка треска. 

 Се инвестира во туристички капацитети, а населбата кај Беровското езеро стана вистинско градилиште. И Александар Лазаревски на имотот покрај езерото врши адаптација на објектот за да може да сместува туристи, а со тоа да го подобри семејниот буџет, а земјоделецот Владо Панговски  го стави своето бачило на месноста Клепало на  1400 метри надморска висина, во функција на алтернативниот туризам.

„Планираме да направиме отворен ресторан за да се хранат туристите“, вели Александар Лазаревски.

„ Па доаѓаат од секаде, од цел свет и по 50 гости на еден ден, им даваме природна храна, баници, се’ еколошки чисто“, вели Владо Панговски.

Туризмот- нова перспектива

Во семејството Панговски никој не е вработен, сите се ангажирани на бачилото, тие сфатиле дека алтернативниот туризам може да донесе и добра заработувачка. Со природните раритети што ги има, здравата и чиста средина, питомите Малешевски планини, но и традицијата која љубоморно ја чуваат со генерации, Малешевијата стана примамлива за туристите кои бегајќи од глобалниот тренд на урбанизација и висока технологија се враќаат назад во природата за да го осетат исконското во неа. Холанѓани, Американци, Израелци, гости од соседството- сите дошле да ја почувствуваат Малешевијата. Тоа дава шанса за развој на туризамот нудејќи  нова перспектива на заборавениот регион, во кој нема ниту еден стартешки капацитет, ниту аеродроми, железница, ниту автопати.

Поттикнување на инвестициите во туризмот

Општината која освен природните раритети нема друга шанса за економски прогрес, со нула денари за комуналии за  изградба на туристички капацитети  лови  инвеститори.

„За сите инвеститори кои ќе градат туристички објекти, сите се ослободени од комуналии. Нула денари, во индустриската зона , нема плаќање на комуналии, во старт, инвеститорите без трошоци, тоа е и за странски и домашни туристи“,  вели градоначалникот на Берово Драги Наџински.

Берово  веќе има  три хотели, 4-иот во Пехчево е во изградба,  располага со 50-тина приватни вили кои се издаваат на туристи.  Најавите за отворање на рудник за бакар во Пехчево,  турската инвестиција во фабриката за селотејп „Белема“ , дава скромна надеж  за жителите дека Малешевијата ќе им даде шанса на нивните деца да останат во родниот крај.

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2012 во 16:51
Еве една репортажа од ИДИВИДИ порталот за Берово...




Берово - Швајцарија на Балканот


Во источниот дел од Македонија, на надморска височина од 670 до 1050 метри, во подножјето на Малешевските планини е сместена нашата „мала Швајцарија“. Токму вака тамошните жители, но и многубројните посетители ја нарекуваат Малешевијата, област во која природата истурила едно чудо благодети, природни убавини од кои застанува здивот. Богатство од борови, дабови и од букови шуми, чиста река, прекрасно езеро, безброј цвеќиња и и лековити чаеви и најголема концентрација на кислород во воздухот на подрачјето на целиот Балкан. Поради тоа, велат жителите, во овој крај нема анемични луѓе. За само една недела, секој што има среќа да го вдишува беровскиот воздух може да ги удвои црвените крвни зрнца. За пушачите пак, велат тие наполу на шега, веднаш би требало да се воведат казнени такси. За разлика од летувањето на море кое, за жал, со себе го носи ризикот од штетното дејство на сончевите зраци, летувањето во Берово знае да биде многу корисно и продуктивно, дури и за тие со најлоша дијагноза. Природните убавини ќе ви ја вратат физичката сила, а манастирите и црквите лоцирани во околината ќе ви помогнат да си го најдете душевниот мир.

Свети Архангел Михаил

Општина Берово се простира на површина од 595 квадратни километри и брои околу 14 илјади жители, од кои, 7 илјади живеат во градот и уште толку во околните рурални средини. За да стигнете дотаму од нашиот главен град, ќе треба да поминете 170 километри, преку Штип, Кочани и Виница. На патот ќе заборавите веднаш штом ќе влезете низ големата дрвена порта на манастирот „Свети Архангел Михаил“, во еден друг, сосема поинаков свет. Изграден е во 1818 година и со неговата изградба е поврзана и една од најинтересните приказни од овој крај. Имено, за изградба на црквата што се наоѓа во рамките на сегашниот манастирски комплекс, тогашниот турски валија поставил три услови. Црквата да не биде повисока од патот кој минува покрај неа, да се изгради во одреден рок, а по завршувањето на градбата, најмладата ќерка на свештеникот да стане дел од неговиот харем. Според раскажувањето на свештениците ова не се исполнило бидејќи ќерката на попот побегнала во Ќустендил, во соседна Бугарија. Кога по шест-седум месеци комитите го убиле валијата, таа се вратила во Берово и се омажила во едно од тогаш најпознатите семејства во градот. Токму од две наследнички од семејството на нејзината постара сестра, 20-тина години подоцна е основано и монашко сестринство кое без прекин, оттогаш, односно од 1840 година па до денес, не згаснало во ниту еден момент. Во својот најголем подем манастирот броел и до 60 монахињи, но денеска таму живеат само три.

Во првата половина на 19 век во неговите конаци е формирано и првото црковно ќелијно училиште од познатиот македонски преродбеник Јоаким Крчовски. Стилот во кој е изградена црквата, како и широките чардаци и конаци ѕидани од камен се автентичен пример за македонската архитектура од 19 век. Македонските резбари го оставиле својот печат на дрвените тавани, на чардаците и на дрвените столбови од отворениот трем на црквата. Во манастирот активно работи иконописната школа, односно, сестринството во овој манастир изработува икони во византиски стил и одржува летна школа со часови по иконопис за заинтересираните посетители кои последните неколку години доаѓаат од Холандија. Веднаш до манастирот се наоѓа и прекрасниот хотелски комплекс „Манастир“ изграден во духот на традиционалната манастирска архитектура поради која одлично се вклопува во околината.

Пресвета Богородица

На периферијата на Берово се наоѓа црквата „Пресвета Богородица“, а веднаш до неа и машкиот манастир. Црквата е изградена во периодот од 1972 до 1975 година, во стилот на византиско-македонските цркви од средниот век. На тоа место во минатото постоела друга црква. Инаку, токму тука, на празникот Голема Богородица, на 28 август, секоја година Берово е домаќин на славата што се прославува во манастирот „Пресвета Богородица“.

Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е еден од препознатливите белези на Берово и центар на збиднувањата за жителите и за посетителите. Црквата е изградена во 1912 година. Во 1930 била изградена и камбанаријата. Во секоја од околните селски населби има барем по една црква која е центар на збиднувањата на животот на мештаните.

Беровско Езеро

Кога сте во Берово, нормално, не смеете да не го посетите Беровско езеро. Тоа се наоѓа на шест километри од градот, по патот за граничниот премин Клепало, кон Бугарија. На бреговите од езерото – бујни борови шуми, а околу – разнобојни цвеќиња, шумски плодови, лековити тревки. Браната е изградена во 1970 година со височина од 60 метри. Езерото е богато со риби и постои можност за спортски риболов. Покрај него има ресторан и бунгалови. Целиот локалитет е лоциран на брегот од езерото и на надморска височина од 1000 метри. Покрај езерото се протегаат и голем број приватни викендички што можат да се изнајмуваат, прекрасни терени за рекреација и за спортување и преубав поглед.

Сместувачки капацитети 

Дел од туристичката населба кај Беровско езеро, со прекрасен поглед на езерото е комплексот „Аурора“, воедно, најголем комплекс во оваа област. Се наоѓа на 6 километри од Берово и на надморска висина од 1.100 метри. Со панорамски поглед на градот, на 350 метри од центарот на Берово е сместен и Ловниот дом. Покрај прекрасната глетка, тука има можности за разни спортски активности, за планинарење и за прошетки. Објектот поседува и тениско игралиште и голема тераса, а составен дел е и ресторанот. Над него има два апартмани и две двокреветни соби што им се на располагање на туристите.

Абланица

Оваа туристичка населба е распространета на двете страни на реката Брегалница, а се наоѓа на два километри од Берово. Ова е местото со најмногу и со најатрактивни археолошки локалитети во оваа област. Во рамките на населбата има околу 130 викенд-куќи, а дел од низ им се изнајмуваат на туристи.

Тука е и црквата „Света Петка“ со фрескопис и со иконостас изработен од локалните уметници. Меѓудругите, во оваа населба не може да ја одминете, а да не ја забележите викенд-куќата на Митко Петров, поранешен новинар од Струмица и неговите прекрасни скулптури од дрво кои го красат дворот.

Традиција и историја

Во самиот град, поточно, во центарот на Берово е сместен Музејот на градот. Зградата во која се наоѓа е реконструирана во духот на оригиналната архитектура од крајот на 19 век, за која беровчани се сентиментално поврзани бидејќи таа е еден од препознатливите елементи на градот. Историската поставка во музејот се состои од документи и од предмети од времето на дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп-Георгиев Беровски, Разловечкото востание…Тука се и античките и средновековните монети пронајдени во оваа област, како и етнолошката поставка што се состои од реконструкција на малешевска соба, малешевска носија, накити, грнчарски производи, музички инструменти.

Во Берово и денеска се негуваат традиционалните занаети, а локалните специјалитети имаат неповторлив вкус

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2014 во 09:00
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 05:55

Како го добило Берово своето име?

За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии. Според првата, тоа го добило своето име по името на некој си сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар. Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле(се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селцаа, Рибница,Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите Малешевски села.

1024px-Museum_in_Berovo

Локации

Ако се прашувате каде можете да се прошетате доколку престојувате во Берово има по нешто за сите. Доколку сте љубител на чистиот воздух не заборавајте да направите обиколка околу беровскиот бисер – прекрасното езеро, кое е недалеку од градот околу 15 минути со автомобил и уште толку пеш. Ќе бидете фасцинирани од тишината и спокојот кои ќе ви ги овозможи една ваква прошетка.

6399667639_f999bda98d_z

10881638_10202620659312338_3322501638192531485_n

Потоа можете да заминете на кафе во најблискиот хотел, или да се спуштите во разгледување на женскиот манастир и да останете во негова непосредна близина за да пробате беровско сирење. За малкумина е познато дека оној кој пробал од ова сирење, повторно се вратил за да го вкуси. Дури и Франција на големо увезува од него за да ја збогати својата светки позната кујна.

zelnik_large

Тука се и вкусните кафеани каде што се служи совршена скара по пристапни цени, како и кафулиња со шмек на топлината на градот и топлиот пречек на Беровчани.

Туризам и живот

За жал Берово е еден од градовите од истокот кој што трпи голем одлив. Како што раскажуваат и самите жители на градот се повеќе млади луѓе се селат во Скопје или во странство поради недостиг од работа и финансии.

800px-Square_in_Berovo

Берово има огромен потенцијал да се претвори во нашето Банско (каде ние најмногу заминуваме во текот на зимата) и е идеална дестинација во која може да се создаде голем туризам и да се привлечат инвестиции, затоа што тука навистина има што да се види и да се ужива во магијата.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.