Берово
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Градови во Македонија
Опис на форумот: Со се' села... настани, култура-некултура, рекла-кажала...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=10550
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 02:07 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Берово
Постирано од: nate77
Наслов: Берово
Датум на внесување: 25.Ноември.2007 во 19:39
Sakam da posetim Berovo, imam slušeno deka e mnogu ubav grad... Ima li koj da gi prati sliki od Berovo, da kaža kakov grad e Berovo, kakvi se Berovčani...?
------------- sakam skopsko
|
Коментари:
Постирано од: ...smiley...
Датум на внесување: 15.Јануари.2008 во 14:17
jas letoska bev u berovo...i najubavo e...cist vozduh...milina...a za nokniot zivot da ne praime muabet...naredno leto obavezno idam pak...
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јануари.2008 во 17:33
супер е..бев хмммм кога беше..не знам ..изгледа летово не памтам точно кој месец. највеке ми се свиѓа што е чисто подрачје, значи без болести кај домашни животни и сл. а потоа следи чистиот воздух планински. само малце ми беше ладно вечерта бррр...
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: OUST
Датум на внесување: 23.Јануари.2008 во 18:20
Мене освен чистиот воздух и прекрасната природа, ништо друго не ми се допадна
|
Постирано од: SummerLove
Датум на внесување: 23.Јануари.2008 во 20:16
Berovo e isto ubavo mesto bi sakala uste ednas da go posetam
|
Постирано од: Quentin
Датум на внесување: 23.Јануари.2008 во 22:51
Свеж воздух, убава природа, тапа живот...
------------- http://www.thirdchapter.blog.mk - http://www.thirdchapter.blog.mk
http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk - http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk
|
Постирано од: topsexy
Датум на внесување: 23.Јануари.2008 во 23:02
poseti go pointeresno e da posetis nekoe mesto a da ne znaes nisto za nego
|
Постирано од: SummerLove
Датум на внесување: 25.Јануари.2008 во 20:52
topsexy напиша:
poseti go pointeresno e da posetis nekoe mesto a da ne znaes nisto za nego | Taka e
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 25.Јануари.2008 во 21:57
А Ратево си стои ли уште на старото, убаво место?
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: SummerLove
Датум на внесување: 25.Јануари.2008 во 22:07
ne znam dali stoi bidejki mnogu od damna ne sum bila vo berovo
koj e bil naskoro moze da ti kaze
|
Постирано од: baso
Датум на внесување: 25.Јануари.2008 во 22:50
majstorce62 напиша:
А Ратево си стои ли уште на старото, убаво место? |
aha tamu e ne go odnela rekata
|
Постирано од: Kali
Датум на внесување: 28.Јануари.2008 во 20:40
Многу е убаво таму кај одмаралиштето на планина, кај езерцето, убава шума има. Памтам по малку од екск*рзии
-------------
|
Постирано од: sensei
Датум на внесување: 28.Јануари.2008 во 21:58
Dobra hrana, eftin provod, spektakularna priroda, topol i gostoprimliv narod. Pak sakam da odam
------------- Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
|
Постирано од: ванчо-2006
Датум на внесување: 31.Јануари.2008 во 00:31
Повелете,нема да се покаете.Зошто да не се запознаеме и лично,а не само преку форумот?Најавете се на ЛП-слободно. Сакав да поставам некоја слика за НАТЕ,но некако не ми иде баш од рака.
Добра ноќ и ПОЗДРАВ ОД БЕРОВО.
------------- СЕГА ЗНАМ ДЕКА НИШТО НЕ ЗНАМ
|
Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 12:24
.... site lugje se so shiroko srce
------------- Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 01.Март.2008 во 16:16
УБАВО Е БЕРОВО. А ЖИВОТОТ СЕКАДЕ Е УБАВ АКО ИМАШ СО КОГО ДА ГО ЖИВЕЕШ И АКО УМЕЕШ ДА СИ ГО ОРГАНИЗИРАШ.
ЕДНАШ БЕВ ВО ЕДНО ПЛАНИНСКО СЕЛО ВО СРБИЈА. ТАМУ КУЌИТЕ СЕ ОДЛАЕЧЕНИ ЕДНА ОД ДРУГА И ДО ПЕТСТОТИНИ МЕТРИ, ПА ЛУГЕТО СЕПАК СИ ГО ОРГАНИЗИРАА ЖИВОТОТ И СЕ ДРУЖЕА.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: Tattoo Beauty
Датум на внесување: 01.Март.2008 во 16:45
другар ми беше у берово зимава вика било супер
------------- http://www.skin-artists.com" rel="nofollow - Skin-Artists.com
http://www.tattoo-passion.org" rel="nofollow - TattooPassion
|
Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 01.Март.2008 во 19:58
majstorce62 напиша:
УБАВО Е БЕРОВО. А ЖИВОТОТ СЕКАДЕ Е УБАВ АКО ИМАШ СО КОГО ДА ГО ЖИВЕЕШ И АКО УМЕЕШ ДА СИ ГО ОРГАНИЗИРАШ. ЕДНАШ БЕВ ВО ЕДНО ПЛАНИНСКО СЕЛО ВО СРБИЈА. ТАМУ КУЌИТЕ СЕ ОДЛАЕЧЕНИ ЕДНА ОД ДРУГА И ДО ПЕТСТОТИНИ МЕТРИ, ПА ЛУГЕТО СЕПАК СИ ГО ОРГАНИЗИРАА ЖИВОТОТ И СЕ ДРУЖЕА. |
se slozuvam,navistina e prekrasno,,,,i samo ti nudat topla rakii4ka,,,,,,,,,,,i obozavaat da raskazuvaat za svoeto pateshestvie......interesni luge se srbite koi ziveat po selata koi gi opisha ti.......
------------- Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 01.Март.2008 во 20:01
Постирано од: Tattoo Beauty
Датум на внесување: 01.Март.2008 во 20:05
znammm be ali bese so familijata pa vikam aj
------------- http://www.skin-artists.com" rel="nofollow - Skin-Artists.com
http://www.tattoo-passion.org" rel="nofollow - TattooPassion
|
Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 01.Март.2008 во 20:07
e dobro de,,,togash aj sledniot pat koga ke odi sam
------------- Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 01.Март.2008 во 20:42
ZeZnAtA напиша:
majstorce62 напиша:
УБАВО Е БЕРОВО. А ЖИВОТОТ СЕКАДЕ Е УБАВ АКО ИМАШ СО КОГО ДА ГО ЖИВЕЕШ И АКО УМЕЕШ ДА СИ ГО ОРГАНИЗИРАШ. ЕДНАШ БЕВ ВО ЕДНО ПЛАНИНСКО СЕЛО ВО СРБИЈА. ТАМУ КУЌИТЕ СЕ ОДЛАЕЧЕНИ ЕДНА ОД ДРУГА И ДО ПЕТСТОТИНИ МЕТРИ, ПА ЛУГЕТО СЕПАК СИ ГО ОРГАНИЗИРАА ЖИВОТОТ И СЕ ДРУЖЕА. |
se slozuvam,navistina e prekrasno,,,,i samo ti nudat topla rakii4ka,,,,,,,,,,,i obozavaat da raskazuvaat za svoeto pateshestvie......interesni luge se srbite koi ziveat po selata koi gi opisha ti....... |
СИ БИЛА?
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: ZeZnAtA
Датум на внесување: 01.Март.2008 во 20:54
------------- Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 01.Март.2008 во 21:00
АХА, ПОРОЧНО ТАИНСТВЕНА
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: Tattoo Beauty
Датум на внесување: 01.Март.2008 во 21:14
ZeZnAtA напиша:
e dobro de,,,togash aj sledniot pat koga ke odi sam |
хахах да може
------------- http://www.skin-artists.com" rel="nofollow - Skin-Artists.com
http://www.tattoo-passion.org" rel="nofollow - TattooPassion
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 06.Јануари.2009 во 21:55
Ubavi spomeni ...
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 23:09
Берово е стара населба. Настаналa кога околните села и населби
почнале да се „берат“.
Во општина Берово живеат 13491 жители, од кои 95,65% се Македонци,
а останатите се Роми, Турци, Срби и Власи.
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 23:10
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 23:12
Берово
-------------
|
Постирано од: na oko
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 23:24
nikogash ne sum bil a vikaat ubavo mestence bilo
------------- na kamen shto se trkala mov ne se nafaka
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 23:24
Малешевијата ја нaрекуваат мала Швајцарија. Питома и мирна исто толку и дарежлива, таа сеуште е неоткриен дел од природата. Берово е мелем за очите и рај за душата, недопрена природа што само чека да биде искористена. Општина Берово е сместена во источниот дел на република Македонија на површина од 595 км. Богатство од букови, борови, дабови шуми го одредиле и нејзиното име "Малеш - планина". Општинскиот центар Берово и селските населби се сместени на периферијата на малешевската котлина. Kлимата се карактеризира како умерено - континентална со одредени карактеристики на планинска клима. Во Берово се влегува и излегува по два регионални патни правци
преку Кочани и Виница што сега продолжува кон градскиот премин Клепало
и преку Пехчево, Делчево кон Струмица Во Малешевијата живеат 13,941 жители од кои 95,65% се Македонци а останатите се Роми, Турци, Власи, Срби. Берово
е стара населба можеби од римско време. Настанала кога околните села и
населби почнале да се "берат" во малешевската котлина, што е една од
легендите за настанување на Берово ! Името Малешево и древниот град Малешево За
потеклото на името Малешево, најголем број на патописци, историчари и
други истражувачи името Малешево го поврзуваат со лично име кое што
постоело и врз основа на кое што градот го добил тоа име. Впрочем и
денес на подрачјето на долниот терен иа општина Делчево и општина
Каменица постои машко име Малиш. Исто така има и презимиња Малешевски, Малешевиќ. Јеремие Павловиќ
во книгата "Малешево и Малешевци" - (Београд 1928 година), исто така е
наклонет да верува дека името Малешево потекнува од машко лично име,
поткрепувајќи го тоа со постоење на имиња и презимиња Малешевец,
Малешевиќ и др. Таквите мислења се уште немат научна поткрепа." Во
недостиг на писмени извори историјата на Малешево како древен град и
како подрачје може да се надополни со археолошки споменици и со
топонимски материјал за што историчарите ќе го дадат својот збор.Некои
истражувачи, пак, како Јордан Иванов сметаат дека "Град Малешево
немало". Меѓутоа, ако се земат во предвид многубројните записи, па и
археолошки остатоци (иако сеуште не доволно истражени) Малешево како
град постоело.Според проф. Т.Томоски името Малешево го носи планинската
област по горното течение на река Брегалница. Населби со назив Малешево
се среќават во Косово, северно од Ораховац, како и во Албанија, на две
места: - с.Малешева, југоисточно од Берат, и Малешево северно од
Аргирокастро. Во XIV век е забележано име на местото Малеш во
Нигритско. Понатаму проф.Томо Томоски пишува дека во иериодот од XI и
XII век името Малешево го употребил охридскиот архиепископ Теофилакт во
едно писмо до трнадичкиот епископ, каде што го спомнал и малешевскиот
епископ МаХеббртр, Ј што упатува на тоа дека во XI и XII век ностоела
епархија со седиште во Малешево. Во XII век имаме сведоштво во трудот
"Географија" од Арабјанинот Идриси. Неговиот опис на Малешево гласи:
"Од таму(мородвишка провинција) има ден и половина пат до местото
Малешево". Кон крајот на XII вск во административната поделба на
византиското царство имало и Малешевска-Морозвиздшка провинција.
-------------
|
Постирано од: Milaa
Датум на внесување: 15.Јануари.2010 во 23:36
Убаво е Берово,ДА,али да одиш на ден два најмногу,не и да живееш таму.Берово е едноставно мртов градНе за џабе викаат дека уште ко ќе се роди дете у Берово индекс му вадат
|
Постирано од: bodeti
Датум на внесување: 16.Јануари.2010 во 01:58
Milaa напиша:
Убаво е Берово,ДА,али да одиш на ден два најмногу,не и да живееш таму.Берово е едноставно мртов градНе за џабе викаат дека уште ко ќе се роди дете у Берово индекс му вадат | Milaa ne e vece taka pusto,tie sto zaminaa so indeks pocnaa da se vracaat so pari i so dobri idei koi ke go preporodat Berovo.Vo noemvri koga patuvav za Cirih patuvav so edna Berovcanka koja mi pokaza dosta sliki od investicii koi se vo tek vo berovo.Lugeto si se vracaat vo svoeto mesto a voedno otvaraat i biznisi koi ke gi zadrzat onie koi planirale da go napustat Berovo.Barem dva pati vo godinata go posetam Berovo,a imam i vodeno gosti vo hotelot,Manastir,i mnogu sum zadovolen od toa sto se slucuva tamu,samo uste da go otvorat granicniot premin kon Bugarija i ke dojdat ubavi denovi za berovcani.
------------- VODETE LJUBOV A NE VOJNA.A MOZETE I OBETE.VENCAJTE SE!
|
Постирано од: Milaa
Датум на внесување: 16.Јануари.2010 во 09:04
Уф бре Бодети,ако ти го посетуваш Берово двапати во годината,не има и такви кои го посетуваме двапати у месецот,се среќеваме со луѓето кои живеат таму,не по аеродроми,во Берово се среќеваме
|
Постирано од: bodeti
Датум на внесување: 17.Јануари.2010 во 01:27
Milaa напиша:
Уф бре Бодети,ако ти го посетуваш Берово двапати во годината,не има и такви кои го посетуваме двапати у месецот,се среќеваме со луѓето кои живеат таму,не по аеродроми,во Берово се среќеваме | Milaa bidi malku optimist nemoj da gledas crno na rabotite, nemoze se preku noc.Berovo e stvoreno za turizam i za eko hrana,a ne e za industrija.
------------- VODETE LJUBOV A NE VOJNA.A MOZETE I OBETE.VENCAJTE SE!
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Јануари.2010 во 07:11
Ратевски Карневал Бамбурци
Општина Берово и здружението „Ратевски бамбурци“ го организираа Ратевскиот карневал
На 20 јануари секоја година живописното и револуционерно малешевско село Ратево, место на многу културни збиднувања низ историјата на Малешевијата, ги поздравува сите дојденци во Ратево од каде и да се. На овој голем православен ден Св. Јован Крстител, светец најголем меѓу сите светци, бидејќи го крстил нашиот месија и спасител Исус Христос, секое лето Господово, без прекин, скоро 10 векови се одржуваат ратевските бамбурци.
Никој од ратевци не памети од кога почнал да се одржува овој ритуал, кој постепено прераснува во карневал со меѓународни димензии и кој од година в година привлекува сѐ поголем број посетители, Нeговото одржување не го спречуваат ниту силните ветришта и виулици, дождови и снегови или што би рекле ратевци, и во време и невреме ратевските бамбурци се одржуваат и со тоа опстоиле толку долго колку и историјата на самото село. За вековното опстојување на карневалот заслужни се маските изработени од природна кожа од животни-овни, кози, овци, и рогови и перја, надополнети со звуците на металните ѕвона со кои ги истеруваат лошите и зли духови и болестите кај луѓето и добитокот.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Јануари.2010 во 07:13
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Јануари.2010 во 07:21
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Февруари.2010 во 18:04
Беровско езеро
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Февруари.2010 во 18:16
http://www.facebook.com/photo.php?pid=3128239&id=584053292&op=1&view=global&subj=89011104404&oid=89011104404"> http://www.facebook.com/photo.php?pid=3128239&id=584053292&op=1&view=global&subj=89011104404&oid=89011104404">
БЕРОВО-БЕРОВСКО ЕЗЕРО
-------------
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 11.Февруари.2010 во 18:19
http://www.facebook.com/photo.php?pid=3128239&id=584053292&op=1&view=global&subj=89011104404&oid=89011104404"> http://www.facebook.com/photo.php?pid=3128239&id=584053292&op=1&view=global&subj=89011104404&oid=89011104404">
БЕРОВО
-------------
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 27.Август.2010 во 00:14
Празнување проткаено со пагански обичаи
Даниела Трпчевска
БЕРОВО - Минка Џонлиќ, Босанка, мултинструменталистка и вокалистка, престојува деновиве во Берово со колегите од Словенија. Во градот кој полека заживува и се полни со гости од земјава и од странство, таа ги правеше последните подготовки пред настапот со својот македонски колега - кавалџијата Сашо Митев на вториот фестивал „Етноплоштад“ во Берово. Музикологот Џонлиќ го доживува престојот во регионот како музичка храна, можност за размена на искуства и дружба со своите колеги.
„Добрата клима и музичкиот дух кај овдешниот народ многу ме привлекува. По секое гостување се враќам побогата, оти ова е можност да разменам искуства со македонските колеги, да научам повеќе за македонската култура и беровската традиција“, вели Џонлиќ. Таа заедно со групата „Џембабе“ од Словенија учествува на етнофестивалот во Берово, како дел од словенечкото Здружение на креативни луѓе во културната сфера (ЗУЛК), кое е партнер на фестивалот „Етноплоштад“.
Севдалинките и ромските изведби на Џонлиќ, како и настапите на уште 250 музичари и танчари од десетина земји, кои се навраќаат на етнокорените и ги негуваат автентичните звуци и танци, три дена ќе ечат низ Малешевијата. Познатата македонска етногрупа „Монистра“, романскиот фолклорен ансамбл „Карпати“, танчарките Мари Лор, Ксенија Вискет, Паола Блентон и Дебора Гарсија, фолклорни ансамбли од Америка, Франција, Србија, Полска и од Бугарија се само дел од уметниците кои ќе се појават на големата сцена под ведро небо во Берово.
Шпанската, романската, полската и ромската музика придружена со звукот на кавалот, боливудските танци и африканската музика, фламенкото и традиционалната словенечка музика, етнозвуците и самбата, зачинети со зурли и тапани повикуваат на дружба на најголемиот етномузички хепенинг во живописното Берово.
Празнувањето на кое се испреплетуваат најразлични звуци, традиции, култура и фолклор, започна вчера. Очекувањата се дека над 20 илјади гости ќе продефилираат низ градот уживајќи во етнозвуците и надалеку познатите малешевски специјалитети кои можат да се дегустираат на саемските штандови поставени во центарот на градот. Традиционални пити и тестенини што ги подготвиле вредните раце на домаќинките, беровско сирење и други млечни производи, планински мед, природни сокови од шумски плодови, еколошка храна, но и сувенири, ракотворби и уникатни ракотворби можат да се најдат на штандовите што мамат со своето шаренило и понудата.
Прославата ќе доживее кулминација утре, кога традиционално ќе се одржи големиот собир во кругот на црквата „Света Богородица“, на излезот од градот, на пат кон Беровското Езеро. Во 140 котли од по 100 литри ќе се готви храната, која како к*рбан се дели на многубројните посетители, кои специјално за овој ден со години навраќаат во Малешевијата.
„За празникот Богородица во градот е вистинска врвулица. Нема место каде да се помине. И сите овие денови е раздвижено поради етнофестивалот и горештините, од кои сите бараат спас во свежата клима покрај езерото“, велат мештаните. Тие како да живеат за овие неколку дена празнување, кои заборавениот крај го претвораат во една од најпосетените дестинации во земјава.
„Масовната посетеност на паганскиот обичај во Берово, со кој на празникот Богородица се дели к*рбан, ни даде идеја проектот кој започна пред седум години, ’Малешевијата на дланка‘, да го збогатиме и со музички содржини, покрај саемската презентација на производи од регионот. Годинава очекуваме над 20 илјади гости кои ќе уживаат во етномузиката и изложбата за чалгиите во Музејот во Берово. Сите овие три сегменти го сочинуваат фестивалот „Етноплоштад“, кој особено поради големиот број изведувачи (над 250) е најмасовен проект“, вели градоначалникот на Берово, Драги Наџински.
Според него, крајната цел е сите посетители да ги видат различностите во етномузиката, „но сите тие на крај да бидат причина да се споиме заедно во една мирољубива Европа“.
Светот во мало ќе биде застапен во наредните три дена во Берово. Има голем интерес за манифестацијата, но Општината признава дека нема капацитет да направи мегаломански хепенинг. „Фестивалот е инструмент за промоција на регионот и за развој на туризмот. Берово располага со ресурси за развој на туризмот. Ако се има предвид дека станува збор за регион со 265 сончеви дена во годината, пријатна клима, чист воздух, и луѓе со питом менталитет, и сето тоа збогатено со фестивалските денови и богатата традиција, Берово може да стане дел од туристичка мапа на Балканот. Мислиме дека ја одбравме вистинската индустриска гранка, која е фабрика без оџак и ќе придонесе за развој на регионот“, вели градоначалникот на Берово.
Градот, кој располага со ограничен број капацитети, е претесен да ги прими сите намерници. Се бара кревет повеќе, а хотелите, мотелите и викендичките се предвреме закупени. „Да имавме уште 100 легла, и тие веднаш ќе беа издадени, оти расте интересот за престој во Берово, особено во текот на август“, вели Владо Мишовски, менаџер на хотел „Манастир“, најрепрезентативниот комплекс во градот. Тука доаѓаат и гости од странство кои остануваат и по десетина дена да уживаат во пријатната клима, убавините на Малешевските Планини, но и во прошетки крај езерото.
Додека седиме во ресторанот на хотелот, на чие средиште расте орев и се извишува над објектот држејќи ладовина, Мишовски објаснува дека од година на година расте бројот на гости, особено од Холандија и од Полска, кои доаѓаат за да пешачат по Малешевските Планини. „Со цел да го продолжиме и да го осмислиме нивниот престој во Берово, означивме пешачки патеки и почнавме да го користиме бачилото кое се наоѓа на 1.450 метри надморска височина. Секој викенд организираме тури, кои се посебна атракција. Во бачилото се служи еколошка храна, која сами ја произведуваат, и специјалитети, како што се јагне во фурна, беровско сирење, компир и слатко од шумски плодови“, раскажува нашиот соговорник.
Гостите кои престојуваат во хотелот „Манастир“ имаат можност да уживаат во базенот на отворено, сауната и спа-центарот, а во ресторанот се подготвуваат највкусните традиционални јадења, исклучиво во бакарни садови.
Туристичката понуда на регионот ќе се збогати и со изградба на етносело во месноста Кукута, каде што повратници од странство градат бунгалови и спортски терени со автентичен изглед. Беровската неоткриена убавина наскоро се очекува да блесне во полн сјај и со отворањето на комплексот „Аурора“, кој личи на луксузно планинско село. Изградбата на десетината објекти кои скалесто се поставени на планината над Беровското Езеро е при крај.
„Берово е се' уште неоткриена убавина и нашиот објект ќе даде импулс да се развие општината. Планинскиот туризам станува се' поатрактивен, што беше една од причините за изградба на овој комплекс. Градиме луксузен објект со многу содржини, кои ќе ги задржат туристите да престојуваат повеќе од неколку дена во Берово“, вели сопственикот на туристичката агенција „Аурора“ од Скопје, Славчо Сирачевски. Овде на 1.150 метри надморска височина веќе од идната година се очекува гости од странство и од земјава да уживаат во неверојатниот поглед кој се протега на Беровското Езеро и околината. Виножитата се редовна глетка над браната, која ги разделува езерото и кањонот.
Беровското Езеро се наоѓа на околу 1.000 метри надморска височина и е вистинска оаза за спас од горештините. Затскриено е во бујна борова и дабова шума, а околината изобилува со разни растенија, шумски плодови и лековити билки. Езерото е порибено и често вљубениците во риболовот доаѓаат тука да го најдат својот мир и да фатат добар улов. Покрај езерото има бунгалови, одморалиште и вили што се најмуваат.
„Лани имавме регистрирани околу 400 легла, додека годинава бројката е зголемена на 1.000. Мештаните сфатија дека туризмот е гранка која обезбедува егзистенција и сега ги преадаптираат викендичките за сместување гости. Но, се' уште се чувствува дефицит од сместувачки капацитети и покрај тоа што од неодамна функционира хотелот ВИП, а градот го има и најрепрезентативниот објект – хотелот ’Манастир‘“, вели градоначалникот Наџински.
Но, месното население и посетителите се жалат на лошата инфраструктура и бараат подобрување на патната мрежа со цел да се олесни пристапот со сместувачките капацитети и до езерото. „Доволни се милион евра за да се смени амбиентот околу езерото и околината да добие сосема нов лик и поголема атрактивност. Потребно е барем малку да се вложи во инфраструктурата и осветлувањето на патеките за прошетки околу езерото“, коментираат посетителите.
Според градоначалникот, Општината е во фаза на изготвување детален урбанистички план за туристичката населба околу езерото, а во план е и доградба на колекторски систем, како и осветлување на патеките околу езерото и облагородување и уредување на просторот, кое треба да започне идната година. (Д.Т.)
Џип-сафари и откривање на тајните водопади
Сите посетители кои деновиве патот ќе ги донесе накај Берово ќе имаат шанса да го посетат женскиот манастир „Свети Архангел Михаил“,кој датира од 18 век, или да прошетаат околу Беровското Езеро и да ги истражуваат убавините на Малешевските Планини, со џип–сафари турите. Љубителите на природата во близината не Пехчево кај Равна Река можат да ги посетат неколкуте водопади кои се каскадно поставени во планината.
На седум километри од Берово, пак, се наоѓа селото Ратево, каде што во 1906 година во Гарагановата куќа престојувала Мис Стон. Секоја година на 20 јануари овде се одржува познатиот карневал „Бамбурци“, кога со традиционално маскирање со животински кожи и со звуци на ѕвона и прапорци се истеруваат лошите сили во почетокот на новата година.
Во Музејот на Град Берово моментно посетителите имаат ретка можност да се запознаат со душата на беровската чалгија, преку 36 фотографии, инструменти и носии карактеристични за беровскиот крај и поврзани со чалгаџиството од пред 50-ина години
http://utrinski.com.mk/?ItemID=162230902A27BA4CAE08F24C60F9E9B7
Spored mene Berovo, Vevcani , Krusevo i Dojran se narednite top turisticki destinacii vo Makedonija , a poradi negrizata, voobrazenosta i kontinuiranoto unistuvanje Ohrid za zal se poveke ja gubi popularnosta kako kaj domasnite taka i kaj stranskite turisti.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Август.2011 во 14:41
http://www.malesh-net.com/malesh-berovo/index.php?option=com_content&view=article&id=1079%3A20-&catid=139%3Arelogija&Itemid=247 - 20 илјади верници на црковно народниот собир во Берово |
|
|
|
Култот кон мајката Божја, Мајка на животот, во Малешевијата испишува нова страница на вековната верска традиција. Покрај манастирот, останало како аманет на денешниот ден верниците со голем црковно- народен собир да го прославуваат воскресението на мајката Божја.
Река луѓе се слеваше кон манастирот кој љубоморна ја чува традицијата од памтивек, потсетувајќи на старите беровци на ова место, со к*рбани за здравје и верба во Бога, војувале за да се спасат од болеста чума. Така започнала приказната за денешниот ден во Малешевијата.
Возбновениот манастир во 70-тите, денес беше претесен да ги собере верниците, кои упорно и достоинствено чекаа да се поклонат пред мајката Божја, да остават дарови и запалат свеќи за здравје.
Монасите од машкиот манастир, центарот на денешните чествувања, денес не потсетија дека треба да бидеме кротки, да не злопамтиме, да го прославуваме празникот со молитви секогаш да упатуваме голема благодарност кон нашата мајка Богородица, за вечно да учествува во нашите животи.
- Денес се слави таа која не враќа во состојба на хармонија со Бог, вели отец Фотиј.
Црковно народниот собир во Берово останува уникатен во православието. И денес во 100 бакарни котли ќе се послужи манастирска манџа, која верниците од Малешевијата ја подготвуваат за здравје. Таа е доволна според куварот Димитар да нагости 15 илјади верници.
- Тајната на слаткиот ручек е што се се подготвува на природен начин, самиот бакар, огнот од дрва, вели Димитар Буровски, кувар.
Манастирот и денес ќе го посетат над 20 илјади гости од сите краеви на државава и соседството.
- Доаѓаме често, ова е свето место, вели Стојна Филипова, од Кочани.
Традицијата покрај манастирот напишала чудни приказни за оздравувања на духот и телото. Вербата кон мајката Божја, денес докажува дека таа е посилна и од поединечната човечка судбина.
Ако пред 15 години на денешен ден, покрај овој манастир, 9-мина верници од удар на гром ги загубија своите животи, денес собирот е помасовен и попосетуван. Берово прерасна во култно место на денешниов ден.
http://www.youtube.com/watch?v=JqUvJc-p_E0&feature=player_embedded - http://www.youtube.com/watch?v=JqUvJc-p_E0&feature=player_embedded |
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Септември.2011 во 05:52
Малешевци во туристичка треска
/popups/popup_lupe/0,,15363678,00.html -
Во регионот на Малешевијта има повеќе пензионери од вработени, но затоа многу природни раритети привлечни за странците. Токму затоа во туризмот се гледа можност за економски просперитет.
Братот и сестрата Бетински, по 4 децении поминати во Чикаго, се враќаат во родното Берово со инвестиција во хотел на месноста Кукута, во близината на нивниот семеен имот. Александра и Дамјан велат дека од ова место ги чуваат спомените од Малешевијата.
„Детските спомени се најсилни, како дете сум бил тука и тоа иницираше...сега одлучив да се вратиме тука, ако сме заработиле нешто тука да потрошиме, да пренесиме искуства“, вели Дамјан Бетински, иселеник.
„Приврзани сме кон Берово и горди сме што сме Беровчани“, вели неговата сестра Александра Бетинска.
Беровско езеро- вистинско градилиште
Освен иселениците Бетински и самите беровчани иднината ја гледаат во туризмот. Во регионот каде има повеќе пензионери од вработени ( 3300 пензионери наспроти 3000 вработени), а невработени има најмногу околу 4000, малашевци ги зафати туристичка треска.
Се инвестира во туристички капацитети, а населбата кај Беровското езеро стана вистинско градилиште. И Александар Лазаревски на имотот покрај езерото врши адаптација на објектот за да може да сместува туристи, а со тоа да го подобри семејниот буџет, а земјоделецот Владо Панговски го стави своето бачило на месноста Клепало на 1400 метри надморска висина, во функција на алтернативниот туризам.
„Планираме да направиме отворен ресторан за да се хранат туристите“, вели Александар Лазаревски.
„ Па доаѓаат од секаде, од цел свет и по 50 гости на еден ден, им даваме природна храна, баници, се’ еколошки чисто“, вели Владо Панговски.
Туризмот- нова перспектива
Во семејството Панговски никој не е вработен, сите се ангажирани на бачилото, тие сфатиле дека алтернативниот туризам може да донесе и добра заработувачка. Со природните раритети што ги има, здравата и чиста средина, питомите Малешевски планини, но и традицијата која љубоморно ја чуваат со генерации, Малешевијата стана примамлива за туристите кои бегајќи од глобалниот тренд на урбанизација и висока технологија се враќаат назад во природата за да го осетат исконското во неа. Холанѓани, Американци, Израелци, гости од соседството- сите дошле да ја почувствуваат Малешевијата. Тоа дава шанса за развој на туризамот нудејќи нова перспектива на заборавениот регион, во кој нема ниту еден стартешки капацитет, ниту аеродроми, железница, ниту автопати.
Поттикнување на инвестициите во туризмот
Општината која освен природните раритети нема друга шанса за економски прогрес, со нула денари за комуналии за изградба на туристички капацитети лови инвеститори.
„За сите инвеститори кои ќе градат туристички објекти, сите се ослободени од комуналии. Нула денари, во индустриската зона , нема плаќање на комуналии, во старт, инвеститорите без трошоци, тоа е и за странски и домашни туристи“, вели градоначалникот на Берово Драги Наџински.
Берово веќе има три хотели, 4-иот во Пехчево е во изградба, располага со 50-тина приватни вили кои се издаваат на туристи. Најавите за отворање на рудник за бакар во Пехчево, турската инвестиција во фабриката за селотејп „Белема“ , дава скромна надеж за жителите дека Малешевијата ќе им даде шанса на нивните деца да останат во родниот крај.
-------------
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 17.Јуни.2012 во 16:51
Еве една репортажа од ИДИВИДИ порталот за Берово...
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/778411/index.html" rel="nofollow - http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/778411/index.html
Берово - Швајцарија на Балканот
Во источниот дел од Македонија, на надморска височина од 670 до 1050 метри, во подножјето на Малешевските планини е сместена нашата „мала Швајцарија“. Токму вака тамошните жители, но и многубројните посетители ја нарекуваат Малешевијата, област во која природата истурила едно чудо благодети, природни убавини од кои застанува здивот. Богатство од борови, дабови и од букови шуми, чиста река, прекрасно езеро, безброј цвеќиња и и лековити чаеви и најголема концентрација на кислород во воздухот на подрачјето на целиот Балкан. Поради тоа, велат жителите, во овој крај нема анемични луѓе. За само една недела, секој што има среќа да го вдишува беровскиот воздух може да ги удвои црвените крвни зрнца. За пушачите пак, велат тие наполу на шега, веднаш би требало да се воведат казнени такси. За разлика од летувањето на море кое, за жал, со себе го носи ризикот од штетното дејство на сончевите зраци, летувањето во Берово знае да биде многу корисно и продуктивно, дури и за тие со најлоша дијагноза. Природните убавини ќе ви ја вратат физичката сила, а манастирите и црквите лоцирани во околината ќе ви помогнат да си го најдете душевниот мир. Свети Архангел Михаил
Општина Берово се простира на површина од 595 квадратни километри и брои околу 14 илјади жители, од кои, 7 илјади живеат во градот и уште толку во околните рурални средини. За да стигнете дотаму од нашиот главен град, ќе треба да поминете 170 километри, преку Штип, Кочани и Виница. На патот ќе заборавите веднаш штом ќе влезете низ големата дрвена порта на манастирот „Свети Архангел Михаил“, во еден друг, сосема поинаков свет. Изграден е во 1818 година и со неговата изградба е поврзана и една од најинтересните приказни од овој крај. Имено, за изградба на црквата што се наоѓа во рамките на сегашниот манастирски комплекс, тогашниот турски валија поставил три услови. Црквата да не биде повисока од патот кој минува покрај неа, да се изгради во одреден рок, а по завршувањето на градбата, најмладата ќерка на свештеникот да стане дел од неговиот харем. Според раскажувањето на свештениците ова не се исполнило бидејќи ќерката на попот побегнала во Ќустендил, во соседна Бугарија. Кога по шест-седум месеци комитите го убиле валијата, таа се вратила во Берово и се омажила во едно од тогаш најпознатите семејства во градот. Токму од две наследнички од семејството на нејзината постара сестра, 20-тина години подоцна е основано и монашко сестринство кое без прекин, оттогаш, односно од 1840 година па до денес, не згаснало во ниту еден момент. Во својот најголем подем манастирот броел и до 60 монахињи, но денеска таму живеат само три.
Во првата половина на 19 век во неговите конаци е формирано и првото црковно ќелијно училиште од познатиот македонски преродбеник Јоаким Крчовски. Стилот во кој е изградена црквата, како и широките чардаци и конаци ѕидани од камен се автентичен пример за македонската архитектура од 19 век. Македонските резбари го оставиле својот печат на дрвените тавани, на чардаците и на дрвените столбови од отворениот трем на црквата. Во манастирот активно работи иконописната школа, односно, сестринството во овој манастир изработува икони во византиски стил и одржува летна школа со часови по иконопис за заинтересираните посетители кои последните неколку години доаѓаат од Холандија. Веднаш до манастирот се наоѓа и прекрасниот хотелски комплекс „Манастир“ изграден во духот на традиционалната манастирска архитектура поради која одлично се вклопува во околината.
Пресвета Богородица
На периферијата на Берово се наоѓа црквата „Пресвета Богородица“, а веднаш до неа и машкиот манастир. Црквата е изградена во периодот од 1972 до 1975 година, во стилот на византиско-македонските цркви од средниот век. На тоа место во минатото постоела друга црква. Инаку, токму тука, на празникот Голема Богородица, на 28 август, секоја година Берово е домаќин на славата што се прославува во манастирот „Пресвета Богородица“.
Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е еден од препознатливите белези на Берово и центар на збиднувањата за жителите и за посетителите. Црквата е изградена во 1912 година. Во 1930 била изградена и камбанаријата. Во секоја од околните селски населби има барем по една црква која е центар на збиднувањата на животот на мештаните.
Беровско Езеро
Кога сте во Берово, нормално, не смеете да не го посетите Беровско езеро. Тоа се наоѓа на шест километри од градот, по патот за граничниот премин Клепало, кон Бугарија. На бреговите од езерото – бујни борови шуми, а околу – разнобојни цвеќиња, шумски плодови, лековити тревки. Браната е изградена во 1970 година со височина од 60 метри. Езерото е богато со риби и постои можност за спортски риболов. Покрај него има ресторан и бунгалови. Целиот локалитет е лоциран на брегот од езерото и на надморска височина од 1000 метри. Покрај езерото се протегаат и голем број приватни викендички што можат да се изнајмуваат, прекрасни терени за рекреација и за спортување и преубав поглед.
Сместувачки капацитети
Дел од туристичката населба кај Беровско езеро, со прекрасен поглед на езерото е комплексот „Аурора“, воедно, најголем комплекс во оваа област. Се наоѓа на 6 километри од Берово и на надморска висина од 1.100 метри. Со панорамски поглед на градот, на 350 метри од центарот на Берово е сместен и Ловниот дом. Покрај прекрасната глетка, тука има можности за разни спортски активности, за планинарење и за прошетки. Објектот поседува и тениско игралиште и голема тераса, а составен дел е и ресторанот. Над него има два апартмани и две двокреветни соби што им се на располагање на туристите.
Абланица
Оваа туристичка населба е распространета на двете страни на реката Брегалница, а се наоѓа на два километри од Берово. Ова е местото со најмногу и со најатрактивни археолошки локалитети во оваа област. Во рамките на населбата има околу 130 викенд-куќи, а дел од низ им се изнајмуваат на туристи.
Тука е и црквата „Света Петка“ со фрескопис и со иконостас изработен од локалните уметници. Меѓудругите, во оваа населба не може да ја одминете, а да не ја забележите викенд-куќата на Митко Петров, поранешен новинар од Струмица и неговите прекрасни скулптури од дрво кои го красат дворот.
Традиција и историја
Во самиот град, поточно, во центарот на Берово е сместен Музејот на градот. Зградата во која се наоѓа е реконструирана во духот на оригиналната архитектура од крајот на 19 век, за која беровчани се сентиментално поврзани бидејќи таа е еден од препознатливите елементи на градот. Историската поставка во музејот се состои од документи и од предмети од времето на дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп-Георгиев Беровски, Разловечкото востание…Тука се и античките и средновековните монети пронајдени во оваа област, како и етнолошката поставка што се состои од реконструкција на малешевска соба, малешевска носија, накити, грнчарски производи, музички инструменти.
Во Берово и денеска се негуваат традиционалните занаети, а локалните специјалитети имаат неповторлив вкус
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 10.Јуни.2014 во 09:00
https://www.youtube.com/watch?v=zbbPuNPEVuE" rel="nofollow - Распеани градови-Берово
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 31.Март.2015 во 05:55
Како го добило Берово своето име? За тоа како го добило Берово своето име, постојат две верзии. Според првата, тоа го добило своето име по името на некој си сточар Беро. Аргумент за ова е постоењето на таканаречената Берова ливада, во атарот меѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека му припаѓала на овој сточар. Според втората верзија која е поверојатна името Берово произлегло од тоа што луѓето се береле(се собирале) на тоа место. Се поставува прашањето од каде се берело населението. Па од старите населби во месноста Туртела, Селцаа, Рибница,Раздоло, Клепало, Добри Лаки и други, а подоцна и од другите Малешевски села. Локации Ако се прашувате каде можете да се прошетате доколку престојувате во Берово има по нешто за сите. Доколку сте љубител на чистиот воздух не заборавајте да направите обиколка околу беровскиот бисер – прекрасното езеро, кое е недалеку од градот околу 15 минути со автомобил и уште толку пеш. Ќе бидете фасцинирани од тишината и спокојот кои ќе ви ги овозможи една ваква прошетка. Потоа можете да заминете на кафе во најблискиот хотел, или да се спуштите во разгледување на женскиот манастир и да останете во негова непосредна близина за да пробате беровско сирење. За малкумина е познато дека оној кој пробал од ова сирење, повторно се вратил за да го вкуси. Дури и Франција на големо увезува од него за да ја збогати својата светки позната кујна. Тука се и вкусните кафеани каде што се служи совршена скара по пристапни цени, како и кафулиња со шмек на топлината на градот и топлиот пречек на Беровчани. Туризам и живот За жал Берово е еден од градовите од истокот кој што трпи голем одлив. Како што раскажуваат и самите жители на градот се повеќе млади луѓе се селат во Скопје или во странство поради недостиг од работа и финансии. Берово има огромен потенцијал да се претвори во нашето Банско (каде ние најмногу заминуваме во текот на зимата) и е идеална дестинација во која може да се создаде голем туризам и да се привлечат инвестиции, затоа што тука навистина има што да се види и да се ужива во магијата. ТАГОВИ http://365.com.mk/index.php/tag/berovo" rel="nofollow - Берово http://365.com.mk/index.php/tag/gurmani" rel="nofollow - гурмани http://365.com.mk/index.php/tag/ezero" rel="nofollow - езер
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
|