IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Состанок за излегување
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Состанок за излегување

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Прашање: Кога се договарате со партнерот да излезете...
Одговор Гласови Статистика
16 [72,73%]
1 [4,55%]
1 [4,55%]
0 [0,00%]
1 [4,55%]
3 [13,64%]
0 [0,00%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2011 во 14:36
Како да се однесувате на првиот состанок

Никој не е совршен. Но, некои работи треба да знаете да ги контролирате и да знаете како да се поставите. Следниве работи никако не треба да ги направите.

Викање - Губење на контрола, особено во јавноста покажува недостаток на самоконтрола. Тоа е одбивно. Покажува колку сте психички, ментално и физички слаби.

Ароганција - Постои општа заблуда дека жените преферираат замислени мажи, тоа всушност е одбивно. Многу мажи ја поистоветуваат довербата со ароганција, но тоа во никој случај не е исто. Самоувереноста е привлечна, но доколку се обидете да покажете колку сте самоуверени ќе постигнете спротивен ефект. Сите жени знаат дека квалитетите се всушност дискретни.

Родителско однесување - Современите жени не сакаат некој да им кажува што да прават, како да се облекуваат или каква фризура ќе носат. Можеби ќе мислите дека се разбирате во тие работи, но таа ќе мисли дека сте свиња.

Алкохол - Алкохолот опушта, но доколку претерувате секако ќе предизвика спротивен ефект. Кога сте на состанок избегнувајте да консумирате големо количесто на алкохол, за да не дојдете во непријатна ситуација.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2011 во 21:23
Zatoa Shatz, jas go preskoknuem prviot sostanok i odam direktno na vtoriot... da ne dobijat pogresna pretstava za mene, de...
Incredible Blue
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2011 во 13:30
 ima da cheka tuku shto nema trte mrteсвиркање
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2013 во 14:03
Дали е ова најлудиот состанок за излегување?

Две личности кои барале љубов на интернет одлучиле да ги отфрлаат вообичаените опции за состанок како одење на кафе или во кино, па решиле да тргнат на европска авантура од 21 ден.
Клара Бенсен (писателка) и Џеф  Вилсон (професор) се запознале преку интернет страницата „Ок Купид“ и за само 8 недели подоцна, парот од Тексас се нашол во авион за Истанбул. Според Клара: „Како што рекол Марк Твен - Не постои посигурен начин за некого да замразиш или засакаш од заедничко патување“.
Клара на он - лајн страницата за запознавање се вклучила седум дена пред да го запознае Џеф и го видела неговиот интригантен и чуден профил на кој стоела негова слика со голема крава. Откако стапиле во контакт, уште во третиот меил Џеф ѝ ја предложил необичната авантура, без подетално запознавање и разговори преку интернет.

Тој ѝ напишал: „Дали имаш некоја идеја за патувачко експериментирање? Јас имам неколку и сакам сите да ги испробам во јуни“. Она што за него претставувало експериментирање и авантура било тргнување без план, без резервации и без куфери. Само основни и најпотребни работи за лична хигиена, пасош и пари. Ова било шок за Клара, но сепак авантуристички дух преовладал и го прифатила предизвикот.

Пред да тргнат во јуни, сепак се сретнале неколку пати и се договориле дека нема да носат дополнителна облека, туку ќе ја перат таа што ја носат на нив. Од лични работи носеле: пасош, кредитни картички, мобилни телефони, мапи и четки за заби. Потрошиле вкупно 1.200 долари за повратни билети. Во просек дневно трошеле 30 долари на сместување и храна.

„На прв поглед не бевме многу компатибилен пар. Џеф е енергичен универзитетски професор, а јас сум повлечена и затворена писателка“, изјавила Клара. Меѓутоа во текот на патувањето таа сфатила дека имаат многу повеќе заеднички работи, отколку што мислеле на почетокот. „Открив дека нашите личности имаат иста крв на луди научници“.

На крајот, според цитатот на Марк Твен, излегло дека сепак си се допаѓаат еден на друг.

За 21 ден поминале 8 држави, тргнувајќи кон Турција, низ Унгарија, Хрватска, Босна, а завршиле во Англија. Користеле различни превозни средства, но и многу пешачеле. Шест месеци подоцна, тие се сè уште заедно, меѓу нив има хемија, но и многу поголема длабочина, поврзаност, смисла и пријателство. Дефинитивно, патувањето ќе им остане како незаборавно доживување и посебно поврзување.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.