|
УЕФА Лига на Шампиони |
Внеси реплика | страница <1 678910 43> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во вторник реванш натпреварите од 2-то коло во Лигата на Шампионите
Во вторник на програмата се поголемиот дел од реванш натпреварите од 2-то коло од квалификациите за Лигата на Шампионите. Фаворитите во првите натпревари ги исполнија очекувањата, па така не би требало да има поголеми проблеми околу пласманот во следната рунда. Вторник, 19-то јули: 17.45 Флора Талин - Шамрок Роверс (0:1), 18.00 БАТЕ Борисов - Линфилд (1:1), Дуделанж - Марибор (0:2), Екранас - Валета (3:2), Нефчи - Динамо Загреб (0:3), Хелсинки - Бангор Сити (3:0), Тобол - Слован Братислава (0:2), 19.00 Литекс - Могрен (2:1), 20.00 ХБ Торшван - Малме (0:2), 20.15 Викторија Плзен - Пјуник (4:0), 20.30 Висла Краков - Сконто (1:0), 20.45 Шкендија - Партизан (0:4). |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
токму така |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Борац Чачак во Лига на Шампиони ... ,
тоа е Борац Бања Лука од Босна.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ренџерс - Малме/Торшавен Валета/Екеранс - Линфилд/БАТЕ Борисов ЗАстафони/Дачија - Штурм/Видеотон Литекс/Морген - Сконто/Висла Краков Макаби Хаифа/Борец Чачак - Марибор/Дуделанж Хелсинки/Бангор - Загреб/Нефчи Скендребеу/Апоел - Братислава/Тобол Копенхаген - Шамрок/Флора Талин Генк - Партизан/Шкендија Розенборг/Брејдаблик - Пјуник/Викторија Плзен Стандард Лиеж - Цирих Твенте - Васлуј Бенфика - Трабзон Динамо Киев - Рубин Казан Оденсе - Панатинаикос |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ: ГЕНК ОД БЕЛГИЈА СЛЕДЕН ПРОТИВНИК НА ШКЕНДИЈА ИЛИ ПАРТИЗАНДенеска во Нион со ждрепка беа одредени двојките за третото квалификациско коло во ЛШ во кое доколку Шкендија во реваншот направи чудо против Партизан од Белград за противник ќе го има Генк од Белгија. Шкендија на првиот натпревар во Белград беше поразена со 4:0 од Партизан кој речиси обезбеди пласман во третото коло. Првите натпревари од третото коло во квалификациите за ЛШ се играат на 26 и 27 јули додека реванш средбите на 2 и 3 август |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Партизан гостува во Скопје, во Шкендија се надеваат на подвиг
Откако ждрепката во Нион ги вкрсти прваците на Македонија и Србија, капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани истакнува дека Партизан може да падне во реваншот во кој белградскиот тим гостува во Македонија. "Партизан е многу тежок противник. Тој секако ќе биде фаворит, но нема да се предадеме. Напротив, на ждрепката и го посакувавме Партизан. Предноста која ја добивме во Нион претставува фактот дека првиот меч го играме на гости. Посакуваме да постигнеме гол во Белград, а потоа пред нашата публика, да направиме подвиг. " - изјави фудбалерот на Шкендија, Хасани. Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија квалификациите за Лигата на Шампионите нема да игра во Тетово на својот 'матичен' стадион, туку на "Арената Филип Втори" во Скопје, со оглед на фактот дека стадионот во Тетово не ги исполнува стандардите на УЕФА па и нема лиценца за меѓународни мечеви. Првиот меч Партизан - Шкендија ќе се одигра во Белград на 12. или 13. јули. За реваншот на 20. јули Партизан во Скопје ќе може да доведе 2.000 навивачи. |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Барсааааа (само финалево бев за нив )
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Магичната Барселона ја покори Европа - Јунајтед немоќен
Барселона - Манчестер Јунајтед 3:1 (1:1) Фудбалерите на Барселона се нови шампиони на Европа откако во финалето одиграно на "Вембли" го солвадаа Манчестер Јунајтед со 3:1. Погодоците за Каталонците ги постигнаа Педро, Меси и Виља, додека единствениот гол за Јунајтед го постигна Руни. Англичаните мечот го започнаа со многу агресивна игра и високо поставени играчи кои Барса ја нападнаа уште на нејзината половина. Тоа меѓутоа потраа само десетина минути, по што Барса ја превзема апсолутната иницијатива. Со кратки и многубројни пасови Каталонците ја предеа мрежата околу голот на Ван дер Сар, се до 27. минута кога Чави идеално го вработи Педро кој му донесе водство на шпанскиот тим. Јунајтед дури тогаш малку како да се разигра, но голот падна по еден од ретките напади на екипата на Алекс Фергусон. Барса изведе аут во висина на својот казнен простор, не успеа да ја исфрли топката која Руни ја украде, ја додаде до Гигс кој за половина чекор беше во офсајд, а овој му ја врати за шут покрај Валдез и израмнување. Така првото полувреме заврши со нерешен резултат, а се чинеше дека Јунајтед добро и мина, со оглед на апсолутната доминација на играчите на Гвардиола. Наместо дополнителен ангажман во продолжението од дуелот, играчите на Манчестер продолжија со повлечената игра. Тоа остави доста простор Барса да ја гради својата игра, па веќе во 54. минута Меси ја искористи неодлучноста на Евра и Видиќ кој не му го изблокираа шутот, совладувајќи го притоа немоќниот Ван дер Сар. 15-тина минути подоцна во слична ситуација се најде и Виља, кој исто така шутираше непречен од врвот на казнениот простор и го совлада Ван дер Сар. Пред тоа Меси и Бускетс се прошетаа во казнениот простор на Манчестер, што доволно говори за тажниот ден на одбраната на Јунајтед. Барселона на крајот заслужено триумфираше и дојде до својот четврти пехар во Лигата на Шампионите. Сосема заслужено за најдобар играч на финалниот меч прогласен е Аргентинецот во редовите на Барселона, Лионел Меси. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dobra utakmica, bez "tepanje" na topkata i na MOE zadovolstvo Barsa so nova titula ....
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе овој Меси ја зеза цела Аргентина. За Барса растур прави, а за Аргентина ко да е некој играч од Ваљадолид ...
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Вембли“ ги пречекува најдобрите: Јунајтед - Барселона |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Октоподот Икер прогнозира победа на Манчестер Јунајтед
Пацифичкиот октопод тежок 16-килограми популарно наречен Икер, предвиде дека Манчестер Јунајтед во сабота во финалето од ЛШ на Вембли ќе ја победи Барселона и ќе стане европски првак. Октоподот ја даде својата прогноза на веќе познат начин во аквариумот „Sea life" во Беналмадена, град на југот од Шпанија. Него му биле понудени две стаклени тегли во кои имало сардини, а тој ја одбрал таа со амблемот на Манчестер Јунајтед. Октоподот го погодил и ремито на 16 април помеѓу Барса и Реал во шпанскиот шампионат, како и победата на кралскиот клуб во финалето од купот четири дена подоцна. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој 'тежи' повеќе, Барселона или Јунајтед?
Економистите ја пресметале вредноста на играчите на Барселона и Манчестер Јунајтед. Барса е двојно поскапа, а во сабота вечер на теренот на "Вембли" ќе истрчаат фудбалери вредни 700 милиони евра. Меси е далеку пред сите, најскап играч на Јунајтед е Руни. Барселона во последните неколку години е синоним за екипа која го игра најубавит фудбал на светот, а костурот на тимот им го сочинуваат играчи од подмладокот на овој каталонски тим. |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фергусон: Тешко ќе биде да го изберам составот за Барселона
Шкотскиот фудбалски стратег додаде дека неговата потешка задача е да ги одбере играчите кои ќе останат надвор од теренит за оваа сабота, односно оние кои нема да истрчаат на Вембли во финалето. „Не е лесно да се избере еден состав, особено не за големо финале, бидејќи треба да се усогласат и човечките вредности.“ „Сите играчи напорно работеа за тимот во текот на целата сезона. За жал, постои само еден човек кој треба да им каже дали спаѓаат во екипата или не, а тоа сум јас.“ „Имам многу тешка задача пред мене, но истата треба да биде завршена затоа што сакаме да победиме на овој натпревар. Сите го знаат тоа.“ - изјави Фергусон. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Внеси реплика | страница <1 678910 43> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |