IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонија-Историја и Иднина
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонија-Историја и Иднина

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 18>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2007 во 17:49
Иако
е тешко да се одбере, ова е една од најфасцинантните изведби на Тоше.
"Зајди, зајди", во живо, на Пинк телевизија, додека останатите присутни
остануваат без здив. Моќно, беспрекорно, боговски.
http://www.youtube.com/watch?v=LKRaXPYSzKY


Изменето од Boogie - 21.Октомври.2007 во 20:28
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2007 во 12:16
ПРАВНУЦИТЕ НА ИСТОРИСКОТО ВМРО НОВИ МОМЦИ ВО ВМРО-ДПМНЕ
Портокалови комити

Македонската револуционерна организација низ годините наназад, без оглед како се именувала МРО, ТМОРО, ВМРО, во основа ја имала идејата за слободна и независна Македонија. Новото читање на дел од историјата вели дека и покрај бројните расколи и идеолошки струи во Организацијата, секогаш станувало збор само за револуционерна борба за независна Македонија. Таа идеја денес е и наша идеја, која не води напред, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
Некои од правнуците на револуционерите како Петар Поп Арсов, Протоѓеров, Чкатров, војводите Бичиклиев и Шамбевски денес се активни под револуционерниот предзнак на нивните предци, како членови на ВМРО-ДПМНЕ. Нивните наследници се момците од портокаловата револуција на Груевски.

***

Шефот на кабинетот на Груевски правнук на револуционерот и масон Протоѓеров

М-р Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на претседателот на ВМРО - ДПМНЕ е трето колено од лозата на генералот Александар Протоѓеров, обновувачот на ВМРО по Првата светска војна и потписник на Мајскиот манифест кога за прв пат бил употребен терминот македонски народ. Учесник во Горноџумајското и во Илинденското востание. Член на ЦК на ВМРО заедно со Петар Чаулев, Тодор Александров и со Христо Чернопеев. Борец за обединување на сите македонски револуционери во Македонски револуционерен фронт. Протоѓеров во свое време важел за дипломат во редовите на ВМРО, особено поради неговите обраќања до Париската мировна конференција и до Друштвото на народите каде ја барал слободата и независноста на Македонија. Неговите наследници се особено горди на дипломатските залагања на нивниот предок, особено на дејноста во Германија, каде истражувачите го нарекуваат министерот за надворешни работи на ВМРО, а од германскиот крал Вилхелм во 1917 бил одликуван со железен крст.
Според масонските списи од 20-те години на минатиот век, фамилијата Протоѓер се наследници на масон. Во 1917 година Големата француска ложа ги обединува трите тогашни бугарски ложи во една Голема ложа на Бугарија на чие чело на 17 јуни 1917 го поставува воениот генерал Александар Протоѓеров. Бил претседател и на Македонските друштва во Бугарија.
Протоѓеров е прадедо на Мартин Протоѓер. Презимето со текот на времето варирало и во Протуѓер. Мартин по мајчина линија е внук и на Леон Огненов, близок соработник на Даме Груев со кого го формирале Охридскиот комитет на Организацијата. Огненов заедно со Петар Чаулев во 1913 го кренале Охридското востание.
Неговиот наследник во ВМРО-ДПМНЕ Мартин Протоѓер е магистер по медиуми и интеркултурни комуникации. Магистрирал на факултетите по филозофија на универзитетите Виадрина во Франкфурт и Свети Климент во Софија. Во моментот е шеф на кабинетот на премиерот Никола Груевски.


***

Нов Петар Поп Арсов

Петар Поп Арсов, чие име последниве 10-тина дена често се спомнуваше како можен кандидат за претседател на македонското собрание, е правнук на еден од основачите на историската Организација, Петар Поп Арсов. Долгогодишен член на ЦК на историското ВМРО заедно со другите основачи Даме Груев, Христо Татарчев, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Автор е на уставот на Организацијата. Во Илинденскиот период бил со левицата, а во 1905 на Рилскиот конгрес бил избран за задграничен претставник. Семејната лоза на Поп Арсови доаѓа од велешкото село Богомила од каде се двајцата браќа Андреја и Петар. Денешниот Петар е продолжение на нивната лоза во портокаловата револуција на Груевски. Тој е пратеник во Собранието и член на ЦК на ВМРО како и неговиот прадедо. Претседател е и на кумановското ВМРО-ДПМНЕ.


***

Бичиклиски: ВМРО ни е и семејна историја

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски е потомок на двајца истакнати револуционери - Димитар и Јордан Чкатрови и војводата Стоил Бичиклиев. Јордан Чкатров како член на ВМРО во 1924 година заминува во САД за да ги обедини сите македонски друштва таму. Во САД останува до 1927 година како генерален секретар. Како дипломци од Сорбона и двајцата биле едни од најистакнатите интелектуалци во тогашното ВМРО. Во 1945 година Јордан се бунтува против комунистичкиот режим и бара независност на Македонија по што веднаш е затворен. Неговиот брат Димитар оди да му помогне во затворот, но и него го затвараат. Димитар почнува штрајк со глад од што и умира во затворот. Бичиклиски е потомок и на војводата Стоил Бичиклиев кој во 30-тите години на минатиот век со својата чета дејствувал во Источна Македонија. Важел за еден од најблиските соработници на Тодор Александров. Наследникот на Чкатрови и на војводата Бичиклиев е партиски портпарол.

***

Шамбевски го убила УДБА во Париз

Оливер Шамбевски е потомок на еден од воскреснувачите на идејата за ВМРО во македонската дијаспора по Втората светска војна - Благој Шамбевски. Набрзо откако почнал да ја спроведува на дело таа идеа загинува во мистериозни околност. Се испоставува дека го убива тогашната УДБА иако сеуште за тој случај немало никаков судски предмет. Убиството на Благоја УДБА го извршила во Париз.
Наследникот на Благоја, Оливер денес е во ВМРО-ДПМНЕ на функцијата шеф на канцеларијата за односи со јавност. На последните парламентарни избори влезе во новиот парламентарен состав. Тој се спомнуваше и како можен кандидат за министер за култура во новиот владин состав на Никола Груевски.

Кон врв
jonecpa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 26.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 107
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај jonecpa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2007 во 22:48
Ubavo e da se praznuva, osobeno na vakvi praznici, megutoa mora da se znae deka makedonskata borba ne zapochnuva so ovaa grupa i ustavot koi go napishale. Za potsetuvanje ushte ednash ja preporachuvan
,, Makedonskata liga od 1880 god,,
Smetam deka ovaa revolucionerna grupa sepak na e prvata generacija revolucioneri, postojat luge i pred niv koi zasluzhuvaat mesto vo istorijata.
MALKUMINA SME ZA DA SE ZABORAVIME
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2007 во 09:22
"Запалете живо, врело кандило/
 Во обете голи дланки однесете го таму горе кај Филипи,/
 Кај македонската драма,/
 Кај македонската клетва,/
 Кај македонската солза,/
 Кај македонската камен,/
 Кај македонската темел,/
 Кај македонската Надеж..."


"Ако сакате да стасате до Македонија, тргнете по Сонцето/

Ако сакате да ја видите Македонија, ставете го Сонцето во обете очи/

Ако ја сакате Македонија.../

Од дното на сопствената душа/

Никогаш не испуштајте го Сонцето од око..."



Изменето од Boogie - 24.Октомври.2007 во 09:32
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2007 во 11:11
Зајди, зајди е украдена


Во ЗАМП утврдиле дека постојат форми на преземање на песната од Александар Сариевски, употребена во филмот "300". Сега се чека на одговор од американската страна, по што, најверојатно, ќе следи тужба од потомците на Сариевски


Продолжува истрагата околу можниот плагијат за песната "Зајди, зајди" од Александар Сариевски, употребена во филмот "300". Од ЗАМП веќе го завршиле вештачењето на македонската песна, и утврдиле дека има форми на преземање.

- Одбор за заштита ги прегледа материјалите од филмот "300" и песната "Зајди, зајди", и донесе одлука дека постојат форми на преземање од страна на авторот на саундтракот за "300". Се обративме до американското здружение кое го штити авторот Тајлер Бејтс, и побаравме и тие да извршат вештачење. Кај нив процесот е веќе започнат, но се уште трае, велат од ЗАМП. Од таму не можат да кажат кога ќе се знае конечниот расплет на приказната.

Инаку, извесно е дека потомците на Александар Сариевски ќе бараат отштета од авторот на песната од саундтракот за "300", Тајлер Бејтс. Ако во вештачењето се докаже дека Тајлер има украдено повеќе од четири такта од "Зајди, зајди", употребени во песната "Message For The Queen", тогаш таа ќе биде прогласена за плагијат. Бидејќи "Зајди, зајди" е заведена како авторска песна на Сариевски, има основа за правна тужба.

Во меѓувреме, во Македонија се случија уште две преземања на песна во филм. Есма Реџепова најавуваше дека ќе го тужи актерот Саша Барон Коен, и тоа за 800.000 евра, бидејќи во ултрапопуларниот филм "Борат" ја употребил "Чаје шукарије" без нејзино знаење. За бесправно користење на нивна песна, тужба најави уште еден македонски музички крал, Неат Велиов од "Кочани оркестра", на кои им беше употребена песната "Сики, сики баба", исто во саундтракот за "Борат".

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2007 во 16:48
Наследниците на Сариевски го заштитиле целото творештво во агенцијата за заштита и права на авторот може слободно и да погледаш.
Александар Сариевски - Македонски народни песни и ораголема%20насмевка
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2007 во 10:44

Потрага по пајонскиот град Еударист

Архитектонски камени елементи од јавна градба, која во минатото била главна градска порта, можеби храм, открија археолозите на локалитетот Градиште кај Дреновската Клисура на патот Градско-Прилеп. Раководител на ископувањата е археологот Виктор Лилчиќ, професор на катедрата за археологија на Фолозофскиот факултет во Скопје. Тој вели дека трагаат по престолнината на пајонското кралство. Според него, најголемиот град во тоа кралство, Еударист, бил токму на локацијата на која се поставени првите археолошки откопи.

- Можно е токму овде да била престолнината од која раководеле пајонските кралеви. Станува збор за моќен град со површина од околу 17 хектари. Тоа бил еден од најголемите градови во кралството, град мамут - објаснува Лилчиќ.

Зачетокот на градот најверојатно треба да се бара во железното време, а најголемиот процут го имал во класичниот период. Во времето на пајонското кралство, Стоби било пајонско село во однос на Еударист.

- Ова е археолошки локалитет од прва категорија за Македонија - дециден е Лилчиќ.

Градот постоел и во римското време, а подоцна со него владеел и Крале Марко. На локалитетот биле пронајдени венециски сребреници, кои говорат дека луѓето таму живееле и во османлискиот период.

Во минатото, на Градиште биле откриени многубројни археолошки предмети од злато и од сребро, а била откопана и мермерна статуа на коњ во неговата природна големина. Но, Петре Камчевски, директор на Музеј-галеријата во Кавадарци вели дека тие одамна биле однесени од земјава.

- Некои од тие археолошки пронајдоци и денес се наоѓаат во Народниот музеј во Белград или музеите во Бугарија. Првите археолошки ископувања на локалитетот биле во 1932 година под раководство на археологот Никола Вулиќ. Истражувачите пронашле црква со мозаик, златна статуетка и многу други предмети што биле однесени во Белград - вели Камчевски.

Парите се најголем проблем што локалитетот не бил доволно истражуван во изминатите години.

- Археолошките локалитети во Македонија беа препуштени на стихијата, за разлика од другите земји во кои археолошкиот туризам носи милијарди евра - нагласува професорот Лилчиќ.

Ископувањата се реализираат во рамките на годишната програма на кавадаречкиот Музеј-галерија од Кавадарци, со дозвола од Управата за заштита на културното наследство.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2007 во 12:16
Откривањето на македонскиот јазик од европските лингвисти


Македонија е присутна во европската наука многу години пред формирањето на државите по Втората светска војна. Дел од фактите, кои се од огромно значење за нас, наскоро ќе бидат печатени од МАНУ, во делото "Откривање и проучување на Македонија во европската наука до формирање на македонските државни институции". "ВЕЧЕР" ексклузивно пренесува делови од книгата што ќе се појави следната година, преку презентациите на научниците присутни на истоимениот меѓународен собир


Македонските говори, особено јужните, како периферни за словенскиот јазичен свет, и како претпоставена основа на старословенскиот (кирилометодиевскиот) јазик, го привлекле вниманието на научниците уште со зародишот на славистиката. Ова го тврди проф. д-р Коста Пеев од Филолошкиот факултет, во "Откривање на македонскиот јазик од европските лингвисти".

- Уште Вук Ст. Караџиќ, во Виена, 1822 година, напечатил 27 народни песни од пиринскиот дел (Разлошко) врз кои, и уште врз некои евангелски текстови, правел обид да ја претстави граматичката структура на споменатиот македонски говор, вели професорот Пеев. Тој ја потенцира и книгата на рускиот професор В.И. Григорович, која се појавила кон крајот на првата половина од 18 век. Во неа, според Пеев, се пишува за македонските говори, и уште тогаш се нагласува дека во Корчанско се чуваат остатоци од назализам.

- Само десетина години подоцна македонските говори од Солунско побудија интерес во славистичката наука со објавувањето на една дописка од солунското село Висока во весникот "Светник" (7.10.1863 г.). Овој текст упатуваше на многу архаичен говор, вели професорот.
Сепак, посериозното откривање на македонскиот јазик во европската наука се случило со истражувањата што при крајот на 18 век во Солунско ги вршел Словенецот Ватрослав Облак, односно со објавувањето на неговата книга "Macedonische Studien" (Виена, 1896 - посмртно издание).

Истражувањата на француски научници во 1920
Двајца француски научници во дваесеттите и триесеттите години на минатиот век, во Париз објавиле неколку сериозни публикации посветени на македонските говори. Професорот Пеев го споменува Андре Мазон (1923 година - "Contes slaves de la Macedoine sud-occidentale"), во кое дело ги претставува говорите на неколку села во Леринско и Костурско. Истиот автор напишал и трудови за македонските говори во југозападниот дел, од кои, по своето значење се изделува "Documents contes et chansons slaves de L'Albanie du sud" (Париз, 1936 г.), во кој го обработувал архаичниот говор на селата Бобошчица и Дреновени - Кочанско. Две години подоцна, тој од југозапад, заедно со А. Вајан одат на југоисток и го претставуваат говорот на солунското село Кулакија преку едно изборно евангелие: "L’evangeliaire de Kulaki, un parler slav du Bas-Vardar" (Париз, 1938 г.).

Истражувањата меѓу двете светски војни
Меѓу двете светски војни како најсериозен истражувач на македонските говори се јавува професорот од Краков, Мјечислав Малецки. Тој интересот го насочил кон периферните говори: солунскиот (Dwie gwary macedonskie. Sucho i Wysoka w Solunskiem – Krakow, 1934, 1936) и костурскиот (Tekst gwarowu z Kosturskiego – Krakow, 1934) и притоа забележал ред архаизми, но и иновации.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2007 во 11:02

На Тумба Маџари откриен нов жртвеник - куќа

Археолозите претпоставуваат дека на локалитетот се наоѓа и првиот двор од периодот на неолитот


Новооткриениот жртвеник - куќа


Археолозите од Музејот на Македонија кои од крајот на октомври ја истражуваа неолитската населба на локалитетот Тумба Маџари во Скопје, деновиве открија нов жртвеник - куќа, под печка на огниште, лоцирана врз јужна страна на исто така, во оваа прилика откриените подници (црепни).

„Жртвеникот - куќа е постара варијанта на познатиот жртвеник од типот на Големата Мајка, откриен во археолошкото истражување во 1981 година од археологот Воислав Санев“, вели археологот Елена Стојанова - Канзурова и посочува дека при оваа кампања се продолжени истражувањата на отворениот простор од 2004 година, а паралелно се отворени и два контролни профили, кои заради временските услови ќе продолжат да се истражуваат следната година.

Посебно внимание кај археолозите предизвикува и откривањето на систем од 11 објекти на длабочина од еден метар, изработени од лепеж/глина, со приближно исти димензии и облици, распоредени едни до други од кои дел имаат квадратна, а други кружна форма. Лепежот на објектите е многу трошен, поради што тешко и се одредува нивната форма, а истите се со димензии од 0,37 до 0,60 см, со ѕидови високи од 0,5 до 0,17 см.

„Подобро сочуваните објекти имаат добро замазнето дно“, посочуваат истражувачите, кои поради недостаток на аналогии претпоставуваат дека се работи за подници кои се постари форми на црепните за печење на погачи леб. “Доколку, пак, станува збор за подници, тогаш не се исклучува и можноста дека овде се одвивало еден вид мало занаетчиско производство кое ги задоволувало потребите на жителите од населбата и покрај тоа што, во секоја досега истражена куќа (истражени се 8 куќи од 1981 година па наваму), се откриени печки и огништа за подготвување на храна. Подоцна, по престанувањето на нивната употреба, врз нив е подигната платформа од камен и керамика и е изградена печка. Од неа се останати многу пепел и гареж. Од западната страна на овие кадички се откриени и две дупки за дрвени, носечки столбови од кровната конструкција на објектот. На источна страна, откриени се две големи отпадни јами кои сеуште се истражуваат, велат археолозите од тимот со кој раководи Драгиша Здравковски, а со него истражуваат и археолозите Игор Толевски и Марија Атанасова, како и апсолвентите по археологија Василија Чали, Дарко Карасарлидис и Борче Ивановски.


Откриените 11 објекти за кои се претпоставува дека претставуваат подници, односно постари форми на црепни за печење на погачи леб

Поради евидентираната поставеност на дел од посочените јами за столбови, археолозите претпоставуваат дека објектите биле сместени надвор од куќата, под настрешница и велат дека на Тумба Маџари, можеби за првпат и се открива двор на неолитска куќа. Откриле и сад со траги од пепел и остатоци од животински коски, кој укажува на можноста дека целиот простор бил во служба на подготвување на храна за неолитскиот човек на тумбата.

Дефинирањето на низа од добиените сознанија ќе продолжи идната година, а во текот на зимскиот период, во постојаната археолошка поставка во Музеј на Македонија ќе се работи на реализирање на идејата за целосна или делумна реконструкција на една неолитска куќа, која треба да го приближи духот на неолитската култура до публиката, а пред се до децата и учениците.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2007 во 11:38
Од Берлинскиот конгрес до Првата светска војна македонското прашање претставувало најтежок, најкомплициран и најдолготраен проблем со кој се соочувале Османлиската империја и големите сили.
Всушност, настанал тогаш кога големите сили настојувале да ги остварат своите интереси на Балканот, а соседните земји да завладеат со Македонија.
Ова прашање добивало во актуелност со геостратешката положба на македонската територија и со етничкиот состав на населението.

ОТКРИЕНА ТАЈНАТА НА БУк*рЕШКИОТ ДОГОВОР
Професор  д-р  Ванче  Стојчев  завршил  Воена академија, Факултет за одбрана, магистрирал
на Факултетот  за  политички  науки,  насока  Современа историја во Белград, каде и
докторирал во 1992 година.
Бил професор на Воената академија "Генерал  Михајло  Апостолски"  по  предметите Воена
историја, Методологија  на  научно-истражувачката  работа  и  Еволуција  на  војувањето.
Полковникот во пензија Стојчев се занимава со истражувањето во областа на воената
историја на македонскиот народ.
Благодарение  на  овој  негов  ангажман  Македонија има можност прв пат детаљно да
слушне за  нејзиното  распарчување,  документирано  со факсимили од Бук*решкиот
договор, меѓу кои и оној кој е на грчки јазик.
Од Берлинскиот конгрес до Првата светска војна македонското прашање претставувало
најтежок, најкомплициран и најдолготраен проблем со кој се соочувале Османлиската
империја и големите сили.
Всушност, настанал тогаш кога големите сили настојувале да ги остварат своите интереси на
Балканот, а соседните земји да завладеат со Македонија.
Ова прашање добивало во актуелност со геостратешкатаположба на македонската
територија и со етничкиот состав на населението.
Македонија го зафаќала централниот дел
на Балканот, на исток и на запад меѓу
Тракија и Албанија, на север и на југ
меѓу Шар Планина и Егејското Море,
преку Вардарската и Моравската долина
го поврзувала Солун со Белград и со
Централна Европа, така што станала
интересно подрачје за големите сили.
За соседните земји била значајна затоа
што со нејзиното завладување, било која
од нив, се здобивала со предност која
овозможувала доминација на Балканот.
На геостратешката положба на Македонија значајно влијаел и етничкиот состав на
населението, во услови на непризнавање на македонската нација населението се изјаснувало
според влијанието на соседните пропаганди.
Непосредно пред Балканските војни, во рамките на етничките граници на Македонија, на
површина од 67.741,2 км2 живееле 2.360.000 жители, од кои 52,4 проценти христијани,
односно Македонци, 22 проценти Турци, 10 проценти Власи, 3 проценти Евреи и 2,4
проценти Роми.
Илинденското востание од 1903 година претставуваше врв на прогресот на националниот
дух на македонскиот народ и највисока точка до која се воздигна неговата свест
за своја национална посебност.
Задушувањето на востанието, палежите, колежите и максималната бесчувствителност на
завојувачите, како и недостатокот на поддршка и помош од соседните земји и од големите
сили, биле причина македонскиот народ жестоко да се замолчи и да ја изгуби надежта дека
било кога ќе се ослободи.
Тоа претставувало уште поголема загуба од поразот на бојното поле.
Македонскиот народ го изгубил верувањето и во неговите  политички  организации,  во
предводниците  кои  пред  Балканските војни  биле  во  постојани расправии и жестоки
судири, па му спласнале и желбите и силите да се брани од туѓите пропаганди.
Почнал да верува дека може да се ослободи само со помош од Бугарија, Србија и од Грција,
и тоа во заедничка војна.
Пред  Балканските  војни  Османлиската  империја  била  во  тешка  економска  и политичка
криза.
Задолжувајќи се со големи кредити во западните земји настојувала да ја избегне економската
криза, но политичката  сè повеќе се зголемувала.
Од друга страна, соседните  балкански  земји  ја  притискале  и  сè почесто  ги  истакнувале
територијалните  аспирации  и  завојувачки  стремежи кон европска Турција.
Најголем дел од државниот заем таа го употребила за модернизација и за засилување на
вооружените сили.
Севкупната состојба,раздвиженоста на силите на балканските земји и внатрешните настани
во Македонија, неминовно  воделе  кон  балканска  војна.
Империјата  пристапила кон утврдување на стратегиски важните места на Балканот, за
евентуална војна со балканските држави, кои увидувале дека само заедно можат успешно да
й се спротивстават на османлиската војска.
Почнало договорањето меѓу балканските земји, а во тие рамки особено значајно било
помирувањето меѓу Бугарската егзархија и Грчката патријаршија и донесувањето наЗаконот
за спорните цркви, манастири и училишта во јули 1910 година.
По контрареволуцијата, наместо слободата и еднаквоста кои им ги ветувале на балканските
народи,Младотурците  спроведувале  терор  и  националистички  мерки,  па состојбата се
претворила во анархија во која, особено во време на разоружувањето, страдал македонскиот
народ.
Се заканувала опасност големите сили да ја поделат Империјата на штета на балканските
народи.
Таквата состојба, а особено територијалните претензии кои ги имале кон територијата на
Македонија, ги уверило балканските држави дека своите цели можат да ги постигнат само со
заеднички сили и акции.
Создавањето на Балканскиот сојуз меѓу Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција, го поддржала
Русија, со цел да го спречи навлегувањето на Австро-Унгарија и на Германија кон Балканот.
Несогласувањата околу поделбата на Македонија ги комплицирале  преговорите  меѓу
Србија  и  Бугарија.
Под  силен притисок на Русија тие биле принудени на разни отстапувања.
За да почнат преговорите услов било Бугарија да се откаже од прелиминарниот
Санстефански договор и на Србија да й го признае  правото  на  дел  од  Македонија.
Потпишувањето  на Спогодбата,  според  бугарската  Влада,  било  забрзано  затоа што
сметала дека Младотурците ќе го истребат "бугарското" население во Тракија и во
Македонија.
Српската Влада, пак, сметала дека најдобар начин за да се зачуваат интересите на
балканските народи е создавањето сојуз меѓу балканските држави.
Грчката Влада не очекувала решение на македонското прашање од големите сили, но со
поддршката која ја имала, особено од Англија, сметала да го оствари своето територи- јално
проширување на територијата на Македонија.
Поради тоа, била и солидарна со другите балкански држави.
Црна Гора се солидаризирала со Србија, а своите територијални претензии ги насочувала кон
Скадар и кон Албанија.
На 13 март 1912 година бил потпишан Договор за пријателство  и  сојуз  меѓу  Србија  и
Бугарија,  кој  требало  датрае до 1920 година, а во него имало и таен додаток и воена
конвенција.
Меѓу другото, Договорот предвидувал и ако некоја од големите сили се обиде да анектира,
окупира или со воена сила да заземе било кој дел од балканската територија
под османлиска власт и доколку тоа е спротивно на нивните заеднички интереси, двете
страни се обврзувале да си помагаат една на друга.
Во тајниот додаток се предвидувала војна против Турција, за што претходно би се известила
Русија.
Целата територија која би ја зазеле би имала карактер на заедничка своина, а три месеци по
склучувањето на мирот би се поделила:
Србија й го признавала на Бугарија правото на областите источно од Родопите и реката
Струма;
Бугарија на Србија й ги признавала областите северно од Шар Планина.
За овие области немало спорни прашања, па се нарекувале неспорни области.
Територијата меѓу Шар Планина, Родопите, Архипелагот и Охридското Езеро била означена
како спорна и за  неа  е  речено  дека  може  да  се  организира  во  автономна област или да
се подели меѓу сојузниците.
Значи, според овој Договор, занајголемиот дел на Македонија т.е. за т.н. спорна зона прво се
предвидувала автономија, а потоа поделба.
Фразата за автономија на Македонија, внесена на барање на Иван Гешов, всушност била
внесена заради измама на македонскиот народ, особено на македонската емиграција во
Бугарија.
Откажувањето  на  Бугарија  од  прелиминарниот  Санстефански договор и одлуката на
Македонија да й се даде автономија по протерувањето на османлиската војска од Балканот
биле главни причини македонскиот народ да се вклучи во Балканските  војни,  без  оглед  на
тоа  под  чија  команда  ќе  се  бори.
Токму овие две одлуки биле пресудни српската и бугарската пропаганда  да  извршат
определено  влијание  врз  македонското население.
Всушност, ниту српската ниту бугарската влада не помислувале на македонскиот народ (чија
националност не  ја  признавале),  да  му  дадат автономија,  туку  била  предвидена поделба
на Македонија, без оглед на етничкиот состав на населението, неразмислувајќи за
последиците кои ќе настанат по тоа.
Македонската територија која ја нарекле спорна, ја поделиле по долги и жестоки преговори.
Во член 2 од тај ниот додаток прецизно била повлечена границата од едниотдо другиот крај
на спорната територија, односно од ГолемиотВрв кај Крива Паланка до манастирот
"Губавец" ("Св. Еразмо") на  Охридското  Езеро.
Тоа  значи  дека  Србија  и  Бугарија  ја поделиле Македонија и пред да почне Балканската
војна.
Во член 4 од Договорот е утврдено:
"Секој спор кој би се изродил по повод толкувањето или извршувањето на која и да било
одредба од Договорот, тајниот додаток или од воената конвенција, да й се поднесебарање на
Русија за конечно решение на спорот, штом едната страна (Србија или Бугарија) ќе изјави
оти смета дека е невозможно да се постигне спогодба со непосредни преговори".
Значи, Русија имала неограничени можности во поглед на решавањето на македонското
прашање.
По потпишувањето на Спогодбата за поделба на Македонија, прва задача на Бугарија и на
Србија им било да ја отстранатмакедонската револуционерна организација од македонскиот
народ, за да можат полесно да го манипулираат.
Овој Договор во целост имал антимакедонски, антитурски, антиавстроунгарски и
антиромански насоки, односно по сèбил антидемократски.
Воената конвенција имала офанзивен карактер во однос на Турција.
Врз нејзина основа била потпишана Спогодбата за воените планови, правците на дејствување
и  операциите  против  Империјата.
Кралот  Фердинанд се спротивставувал да го потпише член 2 од Договорот, односно член 3
од воената конвенција, кои биле насочени против Австро-Унгарија, но под притисок на
руската Влада и на Кабинетот на Гешов, сепак го потпишал Договорот.
Два месеца по неговото потпишување, при посетите на Берлин и на Виена, Фердинанд ја
застапувал тезата дека
"Бугарија не може да се откаже од своите претензии за обединување со Македонија и со
Тракија, но дека во последен момент, откако ќе биде создадена Голема Бугарија, ќе се
пресмета со Србија и ќе му пристапи на Тројниот сојуз".
Иако во времена Илинденското востание македонскиот народ јасно на виделина ги изнел
засебните македонски национални и државни интереси и прв ја почнал борбата за конечно
протерување на османлиската власт од Балканот, за време на преговорите за создавање
Балкански сојуз ниту една балканска држава не го спомнувала македонскиот народ,ниту
правото на потчинетите и обесправените народи во Османлиската империја.
Македонија била една од основните причини за создавање Балкански сојуз, односно за
нејзино ослободување од петвековното османлиско владеење и за нејзина поделба меѓу
сојузничките држави.
Меѓутоа, поделбата на Македонија била основна причина за распаѓањето на Балканскиот
сојуз.
Со оглед на сопствените интереси кон Балканот, големите сили развиле широка дипломатска
активност.
Русија настојувала да го зачува Балканскиот сојуз како пречка на австро-германското
навлегување на Балканот, а Австро-Унгарија тежнеела да се растури Сојузот и ја
поддржувала Бугарија да не попушта во однос на воспоставената поделба на македонската
територија.
За да го спречи избувнувањето на нова меѓусојузничка војна, Русија ги повикала сојузниците
да го решат спорот по мирен пат и ги предупредила Србија и Бугарија на руската арбитража
предвидена со Српско-бугарскиот договор.
Бидејќи Србија и Бугарија не отстапувале од своите барања, Русија се откажала од
натамошна арбитража.
Со тоа го забрзала почетокот  на  Втората  балканска  војна,  новото  распарчување  на
Македонија и воспоставување нови граници по пат на сила.
Борбата за македонската територија се водела со сите сили и средства и во сите области. По
повлекувањето на османлиските сили, српската, грчката и бугарската војска ја распуштиле
во меѓувреме воспоставената месна власт и вовеле свои органи.
Тие го принудиле македонското население да се прикажува како да е од иста националност
со органите кои ја воспоставиле власта и да испраќа писма, анкети и апели дека наводно сака
нивниот град и околија да бидат соединети кон соодветната држава.
На пример, селаните од селото Негорци, Гевгелиско, во текот наедна седмица три пати ја
менувале својата "национална и државна" припадност.
Биле принудени  да  испратат  телеграма  до  бугарскиот  цар  Фердинанд дека се Бугари и
дека бараат тој да ги соедини кон Бугарија.
Откако се повлекла бугарската, дошла грчката власт, па следувала телеграма до грчкиот крал
Георги и на крај била испратена телеграма со соодветна содржина до српскиот крал Петар.
Во Мировниот договор потпишан меѓу сојузниците, секоја сојузничка воена команда
настојувала да завладее што поголем дел од територијата на Македонија и во неа да
организира своја воено-полициска и административна власт.
Големите сили зазеле став да не се мешаат во Балканската војна.
Русија зазела став дека Европа треба да интервенира само ако една страна се обиде потполно
да ја уништи другата страна.
Австро-Унгарија останала само на декларативна помош за Бугарија.
Големите сили решиле да ја прекинат Вторатабалканска - меѓусојузничка војна, особено
поради насилните злосторства кои ги вршеле сите војски врз недолжното цивилно
македонско население.
Русија, поддржувана од Франција, на 9 јули им се обратила на владите на балканските земји
итно да ја прекинат војната и да дојдат во Петроград за да потпишат мир со нејзино
посредство.
Австро-Унгарија барала големите сили да извршат поделба на територијата на Македонија
меѓу балканските земји и да ги присилат да ја прифатат.
Англија го прифатила овој предлог под два услова: да се воспостави заедничка граница меѓу
Србија и Грција и Бугарија да добие излез на Егејското Море.
Германија сметала дека е најдобро претставниците назавојуваните страни да се состанат во
Бук*решт и во присуство на претставници на големите сили да склучат мир.
Русија ги прифатила предлозите.
Романија, која имала улога на посредник меѓу големите сили и балканските земји, на Србија
й го пренела решителниот став на Австро-Унгарија дека нема да дозволи Србија и Грција да
навлегуваат кон Софија, како ниту српска офанзива кон Видин и Белоградчик, бидејќи
Видин не може да биде српски, а ако не биде бугарски, тогаш ќе биде романски. Романија ја
предупредила Грција дека доколку не се согласи на потпишување на прелиминарниот мир и
на мировниот договор во Бук*решт, тогаш Романија ќе стапи во сепаратен договор со
Бугарија.
Под силен притисок на Романија и на големите сили, Србија и Грција прифатиле да
учествуваат на преговорите во Бук*решт.
Турција испратила молба и таа да учествува на Бук*решките преговори, но била одбиена со
изговор дека на конференцијата ќе се разгледуваат прашања поврзани исклучително со
поделбата на територијата меѓу балканските христијански држави, односно за поделба и
асимилација на христијанска Македонија, која со векови опстојувала како целосна и засебна
од соседите во рамките на Османлиската империја.
На 30 јули 1913 година почнала Мировната
конференција  во  Бук*решт,  во  присуство
на  претставници  нашест големи сили:
Франција, Германија, Англија, Австро-
Унгарија, Русија и САД.
Делегациите на балканските земји ги
предводеле претседателите на владите, освен
бугарската.
Со конференцијата претседавал претседателот
на Романија, Титу Мајореску.
Таа се одржувала во заострена атмосфера,
секој час постоела можност да биде прекината
поради посебните интереси на големите сили
или на балканските земји.
Сепак, на31 јули 1913 година биле прекинати
воените дејства и било потпишано
прелиминарно примирје.
Бук*решката  конференција  го  усвоила
текстот на Договорот за мир, во кој била
извршена конечна поделба на териториите кои
дотогаш биле под османлиска власт
(Македонија, Косово и Метохија, Васојевиќи,
Санџак, Тракија и Северен Епир).
Србија ги добила Вардарскиот дел на Македонија, Косово, дел од Метохија и од Санџак, со
што била зголемена за 39.000 км2 и за 1.290.000 жители.
Црна Гора ја добила територијата Васојевиќи, дел од Метохија и од Санџак, зголемена за
7.000 км2 и за околу 260.000 жители.
ГРЦИЈА ГО ИМА БУк*рЕШКИОТ ДОГОВОР НА ГРЧКИ ЈАЗИК, ЗНАЧИ ДОБРО
ЗНАЕ КОЈА ТЕРИТОРИЈА ОД
МАКЕДОНИЈА НЕ Е НЕЈЗИНА И ЈА
ОКУПИРАЛА
Грција ги добила Северен  Епир,  Егејскиот
дел  на  Македонија,  дел  од  Западна
Тракија, полуостровот Халкидики со Солун
и бројни острови во  Егејското  Море,
зголемена  за  51.300  км2 и  за  1.624.000
жители.
Бугарија го добила Пиринскиот дел на
Македонија, Струмица со околијата и дел
од Западна и Источна Тракија, зголемена за
21.000 км2 и за околу 600.000 жители.
Романија ја добила Јужна Добруџа, се
зголемила за 800 км2, и за 303.000 жители.
До Балканските војни територијата на
Македонија го претставувала  централниот
и  најзначајниот дел  на  Балканскиот
Полуостров.
Таа се граничела на север со Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак и Рила.
Западните граници се протегале преку планините Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд, на југ по
реката Бистрица до Егејското Море и на исток до сливот нареката  Места.
Во  рамките  на овие  географски  граници  Македонија зафаќала површина од 67.741,2 км2.
Со Бук*решкиот мировен договор од 10 август 1913 година, Македонија била поделена на
тој начин што најголемиот дел, односно
Егејскиотдел на Македонија со површина од 34.356 км2, го добила Грција,
Вардарскиот дел на Македонија со површина од 25.342 км2го добила Србија,
Пиринскиот дел на Македонија со 6.798 км2 го добила Бугарија и
Албанија добила 1.115 км2.
Со распарчувањето во Бук*решт, Македонија од централен и најзначаен дел на Балканот
станала периферија и провинција на балканските земји.
Веднаш потоа почнало асимилирањето на македонското население во Јужни Срби, Бугари,
Славофони Грци и Албанци.
Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите од Балканските војни македонското име не
се употребувало, иако војната главно се водела во Македонија.
Веднаш по потпишувањето, на 11 август 1913 година Австро-Унгарија, Русија и Бугарија
побарале ревизија на Договорот,  со  оглед  на  бројните неправилности,  недоречености и
нелогичности во поделбата на териториите иво донесувањето на одлуките.
На 14 август Русија ги отфрлила намерите за ревизија на Договорот, па со такво барање
останале само Австро-Унгарија и Бугарија, на кои остро им се спротивставувала Франција.
Бук*решкиот мировен договор
претставува  единствен  меѓународен
договор  кој  не  го  потпишале сите
големи сили и кој во голема мера бил
против нивните интереси.
Односно  тоа  не  го  направила  Австро-
Унгарија, всушност ова еедна и од
причините за почнувањето на Првата
светска војна, како и за вклучувањето на
Бугарија и на Турција во централните
сили.
Исто така, големите сили не ги зеле
предвид барањата на македонскиот
народ, кој од повеќе асоцијации, особено
од Русија и од Швајцарија, интервенирал
да се зачува идентитетот на македонскиот
народ и единството и целината на
македонската територија.
На 1 март 1913 година, претставниците на
македонската колонија во Петроград, Георги Константиновиќ, Димитрија Чуповски, Наце
Димов и Александар  Везенков  потпишале  "Меморандум  за  независност на Македонија" и
им го предале на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Едвард Греј, како и
на амбасадорите на големите сили во Лондон.
Димитрија Чуповски изработил и карта наМакедонија, со сите специфичности кои
аргументирано  ги  докажувале  посебноста  и  причините  за самостојност на Македонија.
Меѓутоа, поради сопствените интереси и во отсуство на секое чувство за реалност и за
македонскиот народ, големите сили оставиле судбината на Македонија да ја решат
завојуваните балкански држави.
Балканските војни се подготвувале и се воделе за поделба на Македонија.
Во период од неполни две години, колку што траеле, официјално биле извршени три поделби
на Македонија.
Првата поделба била извршена со Српско-бугарската спогодба од 13 март 1912 година по
линијата Деве Баир-Охрид (без оглед на тоа што била ограничена да трае до 1920 година),
втората е по завршувањето на Првата балканска војна, во која границите се поклопувале со
достигнатата линија на фронтот, и
третата е извршена со Бук*решкиот мировен договор од 10 август 1913 година, кога
дефинитивно биле одредени границите меѓу Србија, Бугарија, Грција и Албанија на
територијата на Македонија.
Единствениот принцип врз кој се одредувале и се поставувале границите било правото на
посилниот, односно оружјето.
Со таа поделба, македонскиот народ ја доживеал најголемата измама и ја изгубил довербата
во своите соседи, што имало негативни последици во Првата и во Втората светска војна.
Влијанието намасонската организација се забележува во многу сегменти, особено во
конечните одлуки на Бук*решкиот договор.
Најсилно влијаела Великата француска ложа, во чиј состав дејствувале српската и бугарската
ложа, а нивни главни членови биле Александар Караѓорѓевиќ, Никола Пашиќ и речиси сите
министри во Пашиќевата Влада, односно Александар Цанков, Мидилев и др., како и
одредени раководители на ВМРО- Александар Протогеров, Кирил Прличев и др. Секако,
масонските ложи имале влијание врз поделбата на поранешните османлиски територии  на
Балканскиот  Полуостров.
Тоа  се  докажува  со фактот дека во војната Бугарија била тотално поразена, но и како таква
добила голем дел од османлиската територија.
Во Великата англиска ложа имало членови на грчката Влада.
Македонското прашање не само што не е решено со Бук*решкиот договор, туку е ставено во
форма на забрана на негово потенцирање, па затоа и почнало асимилирањето,
денационализацијата и егзодусот на македонското население, особено на она во Егејскиот
дел на Македонија, сè со цел да му се уништи коренот и да му се изгуби името.
Тоа го докажуваат промените на топонимите и доселувањето  население  со  поинаков
етнички  и  верски  карактер.
Истражувањето  на архивската  документација  сигурно нема да ја обедини Македонија, да
ги избрише бук*решките граници, но со сигурност може да се тврди дека вистината за
Македонија ќе продре низ цел свет, а тоа овозможува враќање на достоинството на
македонскиот човек, интензивирање на борбата за интегрирање во Европа.
Колку што ми е познато, не постои додаток на Бук*решкиот договор со ограничен период, но
има многубројни податоци дека тој не е валиден, како што е неговото непотпишување од
Австро-Унгарија, или одземањето на имотот на Македонците и негово давање на друго
население.
Правото на имот трае вечно, без оглед на тоа што Бук*решкиот договор е апсолвиран, сепак
наследното право е дел од меѓународното право и затоа тој треба да се истражи во целост.
На 5 август 1913 година, американскиот пратеник во Бук*решт, Џексон, ја прочитал Нотата
на американската Влада во која се истакнува:
"Владата на САД става до  знаење  дека  во  секоја  конвенција  која  би  била заклучена во
Бук*решт, со задоволство би сакала да ја види одредбата за целосна граѓанска и верска
слобода на населението на секоја област, која би потпаднала под суверенитет на која и да
било од петте сили или која би поминала од јурисдикција на една под јурисдикција на друга
сила".
Мајореску веднаш ја прифатил оваа Нота и таа се спроведувала во однос на влашкото
население во Вардарскиот дел на Македонија.
Меѓутоа, на предлог на грчкиот претседател Венизелос, Нотата не влегла во мировниот
договор, па и на тој начин македонското население било обесправено.
< pluginspage="http://www.macromedia.com/go/getflashp" ="http://my.opera.com/ancientmacedonia/homes/s/buk*reskiot_dogovor_01.swf" ="application/x-shockwave-flash" height="800" width="600">

The Treaty of Bucharest, August 10, 1913.

1. NEGOTIATION.
The Treaty of Bucharest was concluded on August 10, 1913, by the delegates of Bulgaria, Roumania, Serbia, Montenegro, and Greece. As Bulgaria had been completely isolated in the Second Balkan War, and as she was closely invested on her northern boundary by the of Roumania on her western frontier by the allied armies of Greece and Serbia, and in the East by the Turkish Army, she was obliged, in her helplessness, to submit to such terms as her victorious enemies chose to impose upon her. All important arrangements and concessions involving the rectification of the controverted international boundary lines were perfected in a series of committee meetings, incorporated in separate protocols, and formally ratified by subsequent action of the general assembly of delegates.
2. TERMS.
By the terms of the treaty, Bulgaria ceded to Roumania all that portion of the Dobrudja lying north of a line extending from the Danube just above Turtukaia to the western shore of the Black Sea, south of Ekrene. This important territorial Concession has an approximate area of 2,687 square miles, a population of 286,000, and includes the fortress of Silistria and the cities of Turtukaia on the Danube and Baltchik on the Black Sea. In addition, Bulgaria agreed to dismantle all existing fortresses and bound herself not to construct forts at Rustchuk or at Schumla or in any of the territory between these two cities, or within a radius of 20 kilometers around Baltchick.
8. SERBIA'S GAIN IN TERRITORY.
The eastern frontier of Serbia was drawn from the summit of Patarika, on the old frontier, and followed the watershed between the Vardar and the Struma Rivers to the Greek-Bulgarian boundary, except that the upper valley of the Strumnitza remained in the possession of Bulgaria. The territory thus obtained embraced central Macedonia, including Ochrida, Monastir, Kossovo, Istib, and Kotchana, and the eastern half of the sanjak of Novi-Bazar. By this arrangement Serbia increased her territory from 18,650 to 33,891 square miles and her population by more than 1,500,000.
4. GREECE'S GAIN IN TERRITORY.
The boundary line separating Greece from Bulgaria was drawn from the crest of Mount Belash*tcha to the mouth of the Mesta River, on the Aegean Sea. This important territorial concession, which Bulgaria resolutely contested, in compliance with the instructions embraced in the notes which Russia and Austria-Hungary presented to the conference, increased the area of Greece from 25,014 to 41,933 square miles and her population from 2,660,000 to 4,363,000. The territory thus annexed included Epirus, southern Macedonia, Salonika, Kavala, and the Aegean littoral as far east as the Mesta River, and restricted the Aegean seaboard of Bulgaria to an inconsiderable extent of 70 miles, extending from the Mesta to the Maritza, and giving access to the Aegean at the inferior port of Dedeagatch. Greece also extended her northwestern frontier to include the great fortress of Janina. In addition, Crete was definitely assigned to Greece and was formally taken over on December 14, 1913.
5. BULGARIA'S GAIN IN TERRITORY.
Bulgaria's share of the spoils, although greatly reduced, was not entirely negligible. Her net gains in territory, which embraced a. portion of Macedonia, including the town of Strumnitza, western Thrace, and 70 miles of the Aegean littoral, were about 9,663 square miles, and her population was increased by 129,490.


6. APPRAISEMENT OF THE TREATY.
By the terms of the Treaty of Bucharest, Roumania profited most in proportion to her sacrifices. The unredeemed Roumanians live mostly in Transylvania, the Bukovina, and Bessarabia, and therefore the Balkan wars afforded her no adequate opportunity to perfect the rectification of her boundaries on ethnographic lines.
The humiliating terms imposed on Bulgaria were due to her own impatience and intemperate folly. The territory she secured was relatively circumscribed; she had failed to emancipate Macedonia, which was her avowed purpose in entering the war; she lost the districts of Ochrida and Monastir, which she especially coveted; she was assigned only a small line on the Aegean, with the wretched port of Dedeagatch; and she was obliged to forfeit her ambition as the leader of the Balkan hegemony.
Greece, though gaining much, was greatly dissatisfied. The acquisition of Saloniki was a triumph; she was assigned the port of Kavala and the territory eastward at the insistence of the King and the army and contrary to the advice of Venizelos; in the northwest Greece encountered the opposition of Italy by urging her claims to southern Albania; in the assignment of the Aegean Islands she was profoundly dissatisfied; and she still claims 3,000,000 unredeemed conationals.
The fundamental defects of the Treaty of Bucharest were that (1) the boundaries which it drew bore little relation to the nationality of the inhabitants of the districts affected, and that (2) the punishment meted out to Bulgaria, while perhaps deserved in the light of her great offense in bringing on the, Second Balkan War, was so severe that she could not accept the treaty as a permanent settlement. While Serbia, Greece, and Roumania can not escape a large share of the blame for the character of the treaty, it should not be forgotten that their action at Bucharest was in large measure due to the settlement forced upon the Balkan States by the great powers at the London conferences.
Source: Anderson, Frank Maloy and Amos Shartle Hershey, Handbook for the Diplomatic History of Europe, Asia, and Africa 1870-1914. Prepared for the National Board for Historical Service. Government Printing Office, Washington, 1918.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2007 во 12:09
Македонскиот е мајчиниот јазик на Кирил и Методиј


Македонија е присутна во европската наука многу години пред формирањето на државите по Втората светска војна. Дел од фактите, кои се од огромно значење за нас, наскоро ќе бидат печатени од МАНУ, во делото "Откривање и проучување на Македонија во европската наука до формирање на македонските државни институции". ВЕЧЕР ексклузивно пренесува делови од книгата што ќе се појави следната година, преку презентациите на научниците присутни на истоимениот меѓународен собир


На 2 август 1944 година, во манастирот Прохор Пчињски, македонскиот народен јазик беше прогласен за официјален јазик во Македонија. Четири години подоцна, гер­манскиот славист Рајнхолд Траутман го нарече македонскиот јазик, "мајчиниот јазик на Кирил и Методиј" и "најмладиот официјален и кодифициран јазик кај Словените", цитирајќи опсежно реченици од книгата на Леонхард Шулце-Јена. Токму Шулце-Јена е т.н. германски "откривач" на македонскиот јазик.

Ова го тврди германскиот македонист, проф. д-р Волф Ошлис. Тој изнесува еден интересен и важен податок за Шулце-Јена и Македонија. Имено, Шулце-Јена, заедно со триесет други германски научници (и шест бугарски), во текот на Првата светска војна бил член на т.н. "Македонска земска комисија". Таа постоела при германскиот генералштаб во Ниш, и имала зада­ча да собере што повеќе материјали за Македонија. Планирано било по победата, собраните материјали на научниците да бидат објавени во една повеќетомна ни­за на студии. "Но, немаше ништо од победата и следователно на тоа ни од низата книги. Фала Богу, самите автори се погрижија за своите публикации и така ние тогаш добивме неколку одлични (и обемни) книги за Македонија, меѓу кои и онаа од Шулце-Јена под на­слов "Македо­нија - слики од пејсажот и културата". Оваа книга за нас, совре­ме­ните македонисти, е од извонредна вредност, бидејќи во неа првпат наоѓаме живи сведоштва за македонскиот јазик и долги списоци македонски зборови", објаснува професорот Ошлис.

Тој открива и дека петнаесетина години во Скопје лежи еден целосен превод на оваа книга на македонски јазик, вкупно 500 страници со вовед од неговото перо. "За жал, овој превод се уште не е објавен и затоа Македонците и понатаму ништо не знаат за една од најубавите книги за својот народ и својот јазик", вели Ошлис.

Македонците не се ни Бугари ни Срби
- Германците скоро никогаш не го забележувале проблемот на јазикот кај Македонците: дека Македонците не се ни Бугари ни Срби, тоа им беше го­ре-долу јасно. Меѓутоа, дека Македонците ја изразиле својата не­припадност кон другите народи преку медиумот на својот сопствен јазик, тоа Германците не го осетиле, потенцира Ошлис.

Германија ја проучувала Македонија во XIX и раниот XX век
- Оној којшто ќе ги прегледа трудовите на германските научници, публицисти и други лица кои во XIX и раниот XX век се занимавале со Македонија, ќе добие впечаток де­ка ниту еден друг народ толку (и толку длабоко) не се интересирал за Македони­ја како Германците, коментира професорот Ошлис.

Кон врв
borec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Септември.2007
Локација: Australia
Статус: Офлајн
Поени: 1294
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај borec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2007 во 15:17
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Од Берлинскиот конгрес до Првата светска војна македонското прашање претставувало најтежок, најкомплициран и најдолготраен проблем со кој се соочувале Османлиската империја и големите сили.
Всушност, настанал тогаш кога големите сили настојувале да ги остварат своите интереси на Балканот, а соседните земји да завладеат со Македонија.
Ова прашање добивало во актуелност со геостратешката положба на македонската територија и со етничкиот состав на населението.

ОТКРИЕНА ТАЈНАТА НА БУк*рЕШКИОТ ДОГОВОР
Професор  д-р  Ванче  Стојчев  завршил  Воена академија, Факултет за одбрана, магистрирал
на Факултетот  за  политички  науки,  насока  Современа историја во Белград, каде и
докторирал во 1992 година.
Бил професор на Воената академија "Генерал  Михајло  Апостолски"  по  предметите Воена
историја, Методологија  на  научно-истражувачката  работа  и  Еволуција  на  војувањето.
Полковникот во пензија Стојчев се занимава со истражувањето во областа на воената
историја на македонскиот народ.
Благодарение  на  овој  негов  ангажман  Македонија има можност прв пат детаљно да
слушне за  нејзиното  распарчување,  документирано  со факсимили од Бук*решкиот
договор, меѓу кои и оној кој е на грчки јазик.
Од Берлинскиот конгрес до Првата светска војна македонското прашање претставувало
најтежок, најкомплициран и најдолготраен проблем со кој се соочувале Османлиската
империја и големите сили.
Всушност, настанал тогаш кога големите сили настојувале да ги остварат своите интереси на
Балканот, а соседните земји да завладеат со Македонија.
Ова прашање добивало во актуелност со геостратешкатаположба на македонската
територија и со етничкиот состав на населението.
Македонија го зафаќала централниот дел
на Балканот, на исток и на запад меѓу
Тракија и Албанија, на север и на југ
меѓу Шар Планина и Егејското Море,
преку Вардарската и Моравската долина
го поврзувала Солун со Белград и со
Централна Европа, така што станала
интересно подрачје за големите сили.
За соседните земји била значајна затоа
што со нејзиното завладување, било која
од нив, се здобивала со предност која
овозможувала доминација на Балканот.
На геостратешката положба на Македонија значајно влијаел и етничкиот состав на
населението, во услови на непризнавање на македонската нација населението се изјаснувало
според влијанието на соседните пропаганди.
Непосредно пред Балканските војни, во рамките на етничките граници на Македонија, на
површина од 67.741,2 км2 живееле 2.360.000 жители, од кои 52,4 проценти христијани,
односно Македонци, 22 проценти Турци, 10 проценти Власи, 3 проценти Евреи и 2,4
проценти Роми.
Илинденското востание од 1903 година претставуваше врв на прогресот на националниот
дух на македонскиот народ и највисока точка до која се воздигна неговата свест
за своја национална посебност.
Задушувањето на востанието, палежите, колежите и максималната бесчувствителност на
завојувачите, како и недостатокот на поддршка и помош од соседните земји и од големите
сили, биле причина македонскиот народ жестоко да се замолчи и да ја изгуби надежта дека
било кога ќе се ослободи.
Тоа претставувало уште поголема загуба од поразот на бојното поле.
Македонскиот народ го изгубил верувањето и во неговите  политички  организации,  во
предводниците  кои  пред  Балканските војни  биле  во  постојани расправии и жестоки
судири, па му спласнале и желбите и силите да се брани од туѓите пропаганди.
Почнал да верува дека може да се ослободи само со помош од Бугарија, Србија и од Грција,
и тоа во заедничка војна.
Пред  Балканските  војни  Османлиската  империја  била  во  тешка  економска  и политичка
криза.
Задолжувајќи се со големи кредити во западните земји настојувала да ја избегне економската
криза, но политичката  сè повеќе се зголемувала.
Од друга страна, соседните  балкански  земји  ја  притискале  и  сè почесто  ги  истакнувале
територијалните  аспирации  и  завојувачки  стремежи кон европска Турција.
Најголем дел од државниот заем таа го употребила за модернизација и за засилување на
вооружените сили.
Севкупната состојба,раздвиженоста на силите на балканските земји и внатрешните настани
во Македонија, неминовно  воделе  кон  балканска  војна.
Империјата  пристапила кон утврдување на стратегиски важните места на Балканот, за
евентуална војна со балканските држави, кои увидувале дека само заедно можат успешно да
й се спротивстават на османлиската војска.
Почнало договорањето меѓу балканските земји, а во тие рамки особено значајно било
помирувањето меѓу Бугарската егзархија и Грчката патријаршија и донесувањето наЗаконот
за спорните цркви, манастири и училишта во јули 1910 година.
По контрареволуцијата, наместо слободата и еднаквоста кои им ги ветувале на балканските
народи,Младотурците  спроведувале  терор  и  националистички  мерки,  па состојбата се
претворила во анархија во која, особено во време на разоружувањето, страдал македонскиот
народ.
Се заканувала опасност големите сили да ја поделат Империјата на штета на балканските
народи.
Таквата состојба, а особено територијалните претензии кои ги имале кон територијата на
Македонија, ги уверило балканските држави дека своите цели можат да ги постигнат само со
заеднички сили и акции.
Создавањето на Балканскиот сојуз меѓу Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција, го поддржала
Русија, со цел да го спречи навлегувањето на Австро-Унгарија и на Германија кон Балканот.
Несогласувањата околу поделбата на Македонија ги комплицирале  преговорите  меѓу
Србија  и  Бугарија.
Под  силен притисок на Русија тие биле принудени на разни отстапувања.
За да почнат преговорите услов било Бугарија да се откаже од прелиминарниот
Санстефански договор и на Србија да й го признае  правото  на  дел  од  Македонија.
Потпишувањето  на Спогодбата,  според  бугарската  Влада,  било  забрзано  затоа што
сметала дека Младотурците ќе го истребат "бугарското" население во Тракија и во
Македонија.
Српската Влада, пак, сметала дека најдобар начин за да се зачуваат интересите на
балканските народи е создавањето сојуз меѓу балканските држави.
Грчката Влада не очекувала решение на македонското прашање од големите сили, но со
поддршката која ја имала, особено од Англија, сметала да го оствари своето територи- јално
проширување на територијата на Македонија.
Поради тоа, била и солидарна со другите балкански држави.
Црна Гора се солидаризирала со Србија, а своите територијални претензии ги насочувала кон
Скадар и кон Албанија.
На 13 март 1912 година бил потпишан Договор за пријателство  и  сојуз  меѓу  Србија  и
Бугарија,  кој  требало  датрае до 1920 година, а во него имало и таен додаток и воена
конвенција.
Меѓу другото, Договорот предвидувал и ако некоја од големите сили се обиде да анектира,
окупира или со воена сила да заземе било кој дел од балканската територија
под османлиска власт и доколку тоа е спротивно на нивните заеднички интереси, двете
страни се обврзувале да си помагаат една на друга.
Во тајниот додаток се предвидувала војна против Турција, за што претходно би се известила
Русија.
Целата територија која би ја зазеле би имала карактер на заедничка своина, а три месеци по
склучувањето на мирот би се поделила:
Србија й го признавала на Бугарија правото на областите источно од Родопите и реката
Струма;
Бугарија на Србија й ги признавала областите северно од Шар Планина.
За овие области немало спорни прашања, па се нарекувале неспорни области.
Територијата меѓу Шар Планина, Родопите, Архипелагот и Охридското Езеро била означена
како спорна и за  неа  е  речено  дека  може  да  се  организира  во  автономна област или да
се подели меѓу сојузниците.
Значи, според овој Договор, занајголемиот дел на Македонија т.е. за т.н. спорна зона прво се
предвидувала автономија, а потоа поделба.
Фразата за автономија на Македонија, внесена на барање на Иван Гешов, всушност била
внесена заради измама на македонскиот народ, особено на македонската емиграција во
Бугарија.
Откажувањето  на  Бугарија  од  прелиминарниот  Санстефански договор и одлуката на
Македонија да й се даде автономија по протерувањето на османлиската војска од Балканот
биле главни причини македонскиот народ да се вклучи во Балканските  војни,  без  оглед  на
тоа  под  чија  команда  ќе  се  бори.
Токму овие две одлуки биле пресудни српската и бугарската пропаганда  да  извршат
определено  влијание  врз  македонското население.
Всушност, ниту српската ниту бугарската влада не помислувале на македонскиот народ (чија
националност не  ја  признавале),  да  му  дадат автономија,  туку  била  предвидена поделба
на Македонија, без оглед на етничкиот состав на населението, неразмислувајќи за
последиците кои ќе настанат по тоа.
Македонската територија која ја нарекле спорна, ја поделиле по долги и жестоки преговори.
Во член 2 од тај ниот додаток прецизно била повлечена границата од едниотдо другиот крај
на спорната територија, односно од ГолемиотВрв кај Крива Паланка до манастирот
"Губавец" ("Св. Еразмо") на  Охридското  Езеро.
Тоа  значи  дека  Србија  и  Бугарија  ја поделиле Македонија и пред да почне Балканската
војна.
Во член 4 од Договорот е утврдено:
"Секој спор кој би се изродил по повод толкувањето или извршувањето на која и да било
одредба од Договорот, тајниот додаток или од воената конвенција, да й се поднесебарање на
Русија за конечно решение на спорот, штом едната страна (Србија или Бугарија) ќе изјави
оти смета дека е невозможно да се постигне спогодба со непосредни преговори".
Значи, Русија имала неограничени можности во поглед на решавањето на македонското
прашање.
По потпишувањето на Спогодбата за поделба на Македонија, прва задача на Бугарија и на
Србија им било да ја отстранатмакедонската револуционерна организација од македонскиот
народ, за да можат полесно да го манипулираат.
Овој Договор во целост имал антимакедонски, антитурски, антиавстроунгарски и
антиромански насоки, односно по сèбил антидемократски.
Воената конвенција имала офанзивен карактер во однос на Турција.
Врз нејзина основа била потпишана Спогодбата за воените планови, правците на дејствување
и  операциите  против  Империјата.
Кралот  Фердинанд се спротивставувал да го потпише член 2 од Договорот, односно член 3
од воената конвенција, кои биле насочени против Австро-Унгарија, но под притисок на
руската Влада и на Кабинетот на Гешов, сепак го потпишал Договорот.
Два месеца по неговото потпишување, при посетите на Берлин и на Виена, Фердинанд ја
застапувал тезата дека
"Бугарија не може да се откаже од своите претензии за обединување со Македонија и со
Тракија, но дека во последен момент, откако ќе биде создадена Голема Бугарија, ќе се
пресмета со Србија и ќе му пристапи на Тројниот сојуз".
Иако во времена Илинденското востание македонскиот народ јасно на виделина ги изнел
засебните македонски национални и државни интереси и прв ја почнал борбата за конечно
протерување на османлиската власт од Балканот, за време на преговорите за создавање
Балкански сојуз ниту една балканска држава не го спомнувала македонскиот народ,ниту
правото на потчинетите и обесправените народи во Османлиската империја.
Македонија била една од основните причини за создавање Балкански сојуз, односно за
нејзино ослободување од петвековното османлиско владеење и за нејзина поделба меѓу
сојузничките држави.
Меѓутоа, поделбата на Македонија била основна причина за распаѓањето на Балканскиот
сојуз.
Со оглед на сопствените интереси кон Балканот, големите сили развиле широка дипломатска
активност.
Русија настојувала да го зачува Балканскиот сојуз како пречка на австро-германското
навлегување на Балканот, а Австро-Унгарија тежнеела да се растури Сојузот и ја
поддржувала Бугарија да не попушта во однос на воспоставената поделба на македонската
територија.
За да го спречи избувнувањето на нова меѓусојузничка војна, Русија ги повикала сојузниците
да го решат спорот по мирен пат и ги предупредила Србија и Бугарија на руската арбитража
предвидена со Српско-бугарскиот договор.
Бидејќи Србија и Бугарија не отстапувале од своите барања, Русија се откажала од
натамошна арбитража.
Со тоа го забрзала почетокот  на  Втората  балканска  војна,  новото  распарчување  на
Македонија и воспоставување нови граници по пат на сила.
Борбата за македонската територија се водела со сите сили и средства и во сите области. По
повлекувањето на османлиските сили, српската, грчката и бугарската војска ја распуштиле
во меѓувреме воспоставената месна власт и вовеле свои органи.
Тие го принудиле македонското население да се прикажува како да е од иста националност
со органите кои ја воспоставиле власта и да испраќа писма, анкети и апели дека наводно сака
нивниот град и околија да бидат соединети кон соодветната држава.
На пример, селаните од селото Негорци, Гевгелиско, во текот наедна седмица три пати ја
менувале својата "национална и државна" припадност.
Биле принудени  да  испратат  телеграма  до  бугарскиот  цар  Фердинанд дека се Бугари и
дека бараат тој да ги соедини кон Бугарија.
Откако се повлекла бугарската, дошла грчката власт, па следувала телеграма до грчкиот крал
Георги и на крај била испратена телеграма со соодветна содржина до српскиот крал Петар.
Во Мировниот договор потпишан меѓу сојузниците, секоја сојузничка воена команда
настојувала да завладее што поголем дел од територијата на Македонија и во неа да
организира своја воено-полициска и административна власт.
Големите сили зазеле став да не се мешаат во Балканската војна.
Русија зазела став дека Европа треба да интервенира само ако една страна се обиде потполно
да ја уништи другата страна.
Австро-Унгарија останала само на декларативна помош за Бугарија.
Големите сили решиле да ја прекинат Вторатабалканска - меѓусојузничка војна, особено
поради насилните злосторства кои ги вршеле сите војски врз недолжното цивилно
македонско население.
Русија, поддржувана од Франција, на 9 јули им се обратила на владите на балканските земји
итно да ја прекинат војната и да дојдат во Петроград за да потпишат мир со нејзино
посредство.
Австро-Унгарија барала големите сили да извршат поделба на територијата на Македонија
меѓу балканските земји и да ги присилат да ја прифатат.
Англија го прифатила овој предлог под два услова: да се воспостави заедничка граница меѓу
Србија и Грција и Бугарија да добие излез на Егејското Море.
Германија сметала дека е најдобро претставниците назавојуваните страни да се состанат во
Бук*решт и во присуство на претставници на големите сили да склучат мир.
Русија ги прифатила предлозите.
Романија, која имала улога на посредник меѓу големите сили и балканските земји, на Србија
й го пренела решителниот став на Австро-Унгарија дека нема да дозволи Србија и Грција да
навлегуваат кон Софија, како ниту српска офанзива кон Видин и Белоградчик, бидејќи
Видин не може да биде српски, а ако не биде бугарски, тогаш ќе биде романски. Романија ја
предупредила Грција дека доколку не се согласи на потпишување на прелиминарниот мир и
на мировниот договор во Бук*решт, тогаш Романија ќе стапи во сепаратен договор со
Бугарија.
Под силен притисок на Романија и на големите сили, Србија и Грција прифатиле да
учествуваат на преговорите во Бук*решт.
Турција испратила молба и таа да учествува на Бук*решките преговори, но била одбиена со
изговор дека на конференцијата ќе се разгледуваат прашања поврзани исклучително со
поделбата на територијата меѓу балканските христијански држави, односно за поделба и
асимилација на христијанска Македонија, која со векови опстојувала како целосна и засебна
од соседите во рамките на Османлиската империја.
На 30 јули 1913 година почнала Мировната
конференција  во  Бук*решт,  во  присуство
на  претставници  нашест големи сили:
Франција, Германија, Англија, Австро-
Унгарија, Русија и САД.
Делегациите на балканските земји ги
предводеле претседателите на владите, освен
бугарската.
Со конференцијата претседавал претседателот
на Романија, Титу Мајореску.
Таа се одржувала во заострена атмосфера,
секој час постоела можност да биде прекината
поради посебните интереси на големите сили
или на балканските земји.
Сепак, на31 јули 1913 година биле прекинати
воените дејства и било потпишано
прелиминарно примирје.
Бук*решката  конференција  го  усвоила
текстот на Договорот за мир, во кој била
извршена конечна поделба на териториите кои
дотогаш биле под османлиска власт
(Македонија, Косово и Метохија, Васојевиќи,
Санџак, Тракија и Северен Епир).
Србија ги добила Вардарскиот дел на Македонија, Косово, дел од Метохија и од Санџак, со
што била зголемена за 39.000 км2 и за 1.290.000 жители.
Црна Гора ја добила територијата Васојевиќи, дел од Метохија и од Санџак, зголемена за
7.000 км2 и за околу 260.000 жители.
ГРЦИЈА ГО ИМА БУк*рЕШКИОТ ДОГОВОР НА ГРЧКИ ЈАЗИК, ЗНАЧИ ДОБРО
ЗНАЕ КОЈА ТЕРИТОРИЈА ОД
МАКЕДОНИЈА НЕ Е НЕЈЗИНА И ЈА
ОКУПИРАЛА
Грција ги добила Северен  Епир,  Егејскиот
дел  на  Македонија,  дел  од  Западна
Тракија, полуостровот Халкидики со Солун
и бројни острови во  Егејското  Море,
зголемена  за  51.300  км2 и  за  1.624.000
жители.
Бугарија го добила Пиринскиот дел на
Македонија, Струмица со околијата и дел
од Западна и Источна Тракија, зголемена за
21.000 км2 и за околу 600.000 жители.
Романија ја добила Јужна Добруџа, се
зголемила за 800 км2, и за 303.000 жители.
До Балканските војни територијата на
Македонија го претставувала  централниот
и  најзначајниот дел  на  Балканскиот
Полуостров.
Таа се граничела на север со Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак и Рила.
Западните граници се протегале преку планините Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд, на југ по
реката Бистрица до Егејското Море и на исток до сливот нареката  Места.
Во  рамките  на овие  географски  граници  Македонија зафаќала површина од 67.741,2 км2.
Со Бук*решкиот мировен договор од 10 август 1913 година, Македонија била поделена на
тој начин што најголемиот дел, односно
Егејскиотдел на Македонија со површина од 34.356 км2, го добила Грција,
Вардарскиот дел на Македонија со површина од 25.342 км2го добила Србија,
Пиринскиот дел на Македонија со 6.798 км2 го добила Бугарија и
Албанија добила 1.115 км2.
Со распарчувањето во Бук*решт, Македонија од централен и најзначаен дел на Балканот
станала периферија и провинција на балканските земји.
Веднаш потоа почнало асимилирањето на македонското население во Јужни Срби, Бугари,
Славофони Грци и Албанци.
Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите од Балканските војни македонското име не
се употребувало, иако војната главно се водела во Македонија.
Веднаш по потпишувањето, на 11 август 1913 година Австро-Унгарија, Русија и Бугарија
побарале ревизија на Договорот,  со  оглед  на  бројните неправилности,  недоречености и
нелогичности во поделбата на териториите иво донесувањето на одлуките.
На 14 август Русија ги отфрлила намерите за ревизија на Договорот, па со такво барање
останале само Австро-Унгарија и Бугарија, на кои остро им се спротивставувала Франција.
Бук*решкиот мировен договор
претставува  единствен  меѓународен
договор  кој  не  го  потпишале сите
големи сили и кој во голема мера бил
против нивните интереси.
Односно  тоа  не  го  направила  Австро-
Унгарија, всушност ова еедна и од
причините за почнувањето на Првата
светска војна, како и за вклучувањето на
Бугарија и на Турција во централните
сили.
Исто така, големите сили не ги зеле
предвид барањата на македонскиот
народ, кој од повеќе асоцијации, особено
од Русија и од Швајцарија, интервенирал
да се зачува идентитетот на македонскиот
народ и единството и целината на
македонската територија.
На 1 март 1913 година, претставниците на
македонската колонија во Петроград, Георги Константиновиќ, Димитрија Чуповски, Наце
Димов и Александар  Везенков  потпишале  "Меморандум  за  независност на Македонија" и
им го предале на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Едвард Греј, како и
на амбасадорите на големите сили во Лондон.
Димитрија Чуповски изработил и карта наМакедонија, со сите специфичности кои
аргументирано  ги  докажувале  посебноста  и  причините  за самостојност на Македонија.
Меѓутоа, поради сопствените интереси и во отсуство на секое чувство за реалност и за
македонскиот народ, големите сили оставиле судбината на Македонија да ја решат
завојуваните балкански држави.
Балканските војни се подготвувале и се воделе за поделба на Македонија.
Во период од неполни две години, колку што траеле, официјално биле извршени три поделби
на Македонија.
Првата поделба била извршена со Српско-бугарската спогодба од 13 март 1912 година по
линијата Деве Баир-Охрид (без оглед на тоа што била ограничена да трае до 1920 година),
втората е по завршувањето на Првата балканска војна, во која границите се поклопувале со
достигнатата линија на фронтот, и
третата е извршена со Бук*решкиот мировен договор од 10 август 1913 година, кога
дефинитивно биле одредени границите меѓу Србија, Бугарија, Грција и Албанија на
територијата на Македонија.
Единствениот принцип врз кој се одредувале и се поставувале границите било правото на
посилниот, односно оружјето.
Со таа поделба, македонскиот народ ја доживеал најголемата измама и ја изгубил довербата
во своите соседи, што имало негативни последици во Првата и во Втората светска војна.
Влијанието намасонската организација се забележува во многу сегменти, особено во
конечните одлуки на Бук*решкиот договор.
Најсилно влијаела Великата француска ложа, во чиј состав дејствувале српската и бугарската
ложа, а нивни главни членови биле Александар Караѓорѓевиќ, Никола Пашиќ и речиси сите
министри во Пашиќевата Влада, односно Александар Цанков, Мидилев и др., како и
одредени раководители на ВМРО- Александар Протогеров, Кирил Прличев и др. Секако,
масонските ложи имале влијание врз поделбата на поранешните османлиски територии  на
Балканскиот  Полуостров.
Тоа  се  докажува  со фактот дека во војната Бугарија била тотално поразена, но и како таква
добила голем дел од османлиската територија.
Во Великата англиска ложа имало членови на грчката Влада.
Македонското прашање не само што не е решено со Бук*решкиот договор, туку е ставено во
форма на забрана на негово потенцирање, па затоа и почнало асимилирањето,
денационализацијата и егзодусот на македонското население, особено на она во Егејскиот
дел на Македонија, сè со цел да му се уништи коренот и да му се изгуби името.
Тоа го докажуваат промените на топонимите и доселувањето  население  со  поинаков
етнички  и  верски  карактер.
Истражувањето  на архивската  документација  сигурно нема да ја обедини Македонија, да
ги избрише бук*решките граници, но со сигурност може да се тврди дека вистината за
Македонија ќе продре низ цел свет, а тоа овозможува враќање на достоинството на
македонскиот човек, интензивирање на борбата за интегрирање во Европа.
Колку што ми е познато, не постои додаток на Бук*решкиот договор со ограничен период, но
има многубројни податоци дека тој не е валиден, како што е неговото непотпишување од
Австро-Унгарија, или одземањето на имотот на Македонците и негово давање на друго
население.
Правото на имот трае вечно, без оглед на тоа што Бук*решкиот договор е апсолвиран, сепак
наследното право е дел од меѓународното право и затоа тој треба да се истражи во целост.
На 5 август 1913 година, американскиот пратеник во Бук*решт, Џексон, ја прочитал Нотата
на американската Влада во која се истакнува:
"Владата на САД става до  знаење  дека  во  секоја  конвенција  која  би  била заклучена во
Бук*решт, со задоволство би сакала да ја види одредбата за целосна граѓанска и верска
слобода на населението на секоја област, која би потпаднала под суверенитет на која и да
било од петте сили или која би поминала од јурисдикција на една под јурисдикција на друга
сила".
Мајореску веднаш ја прифатил оваа Нота и таа се спроведувала во однос на влашкото
население во Вардарскиот дел на Македонија.
Меѓутоа, на предлог на грчкиот претседател Венизелос, Нотата не влегла во мировниот
договор, па и на тој начин македонското население било обесправено.
< pluginspage="http://www.macromedia.com/go/getflashp" ="http://my.opera.com/ancientmacedonia/homes/s/buk*reskiot_dogovor_01.swf" ="application/x-shockwave-flash" height="800" width="600">

The Treaty of Bucharest, August 10, 1913.

1. NEGOTIATION.
The Treaty of Bucharest was concluded on August 10, 1913, by the delegates of Bulgaria, Roumania, Serbia, Montenegro, and Greece. As Bulgaria had been completely isolated in the Second Balkan War, and as she was closely invested on her northern boundary by the of Roumania on her western frontier by the allied armies of Greece and Serbia, and in the East by the Turkish Army, she was obliged, in her helplessness, to submit to such terms as her victorious enemies chose to impose upon her. All important arrangements and concessions involving the rectification of the controverted international boundary lines were perfected in a series of committee meetings, incorporated in separate protocols, and formally ratified by subsequent action of the general assembly of delegates.
2. TERMS.
By the terms of the treaty, Bulgaria ceded to Roumania all that portion of the Dobrudja lying north of a line extending from the Danube just above Turtukaia to the western shore of the Black Sea, south of Ekrene. This important territorial Concession has an approximate area of 2,687 square miles, a population of 286,000, and includes the fortress of Silistria and the cities of Turtukaia on the Danube and Baltchik on the Black Sea. In addition, Bulgaria agreed to dismantle all existing fortresses and bound herself not to construct forts at Rustchuk or at Schumla or in any of the territory between these two cities, or within a radius of 20 kilometers around Baltchick.
8. SERBIA'S GAIN IN TERRITORY.
The eastern frontier of Serbia was drawn from the summit of Patarika, on the old frontier, and followed the watershed between the Vardar and the Struma Rivers to the Greek-Bulgarian boundary, except that the upper valley of the Strumnitza remained in the possession of Bulgaria. The territory thus obtained embraced central Macedonia, including Ochrida, Monastir, Kossovo, Istib, and Kotchana, and the eastern half of the sanjak of Novi-Bazar. By this arrangement Serbia increased her territory from 18,650 to 33,891 square miles and her population by more than 1,500,000.
4. GREECE'S GAIN IN TERRITORY.
The boundary line separating Greece from Bulgaria was drawn from the crest of Mount Belash*tcha to the mouth of the Mesta River, on the Aegean Sea. This important territorial concession, which Bulgaria resolutely contested, in compliance with the instructions embraced in the notes which Russia and Austria-Hungary presented to the conference, increased the area of Greece from 25,014 to 41,933 square miles and her population from 2,660,000 to 4,363,000. The territory thus annexed included Epirus, southern Macedonia, Salonika, Kavala, and the Aegean littoral as far east as the Mesta River, and restricted the Aegean seaboard of Bulgaria to an inconsiderable extent of 70 miles, extending from the Mesta to the Maritza, and giving access to the Aegean at the inferior port of Dedeagatch. Greece also extended her northwestern frontier to include the great fortress of Janina. In addition, Crete was definitely assigned to Greece and was formally taken over on December 14, 1913.
5. BULGARIA'S GAIN IN TERRITORY.
Bulgaria's share of the spoils, although greatly reduced, was not entirely negligible. Her net gains in territory, which embraced a. portion of Macedonia, including the town of Strumnitza, western Thrace, and 70 miles of the Aegean littoral, were about 9,663 square miles, and her population was increased by 129,490.


6. APPRAISEMENT OF THE TREATY.
By the terms of the Treaty of Bucharest, Roumania profited most in proportion to her sacrifices. The unredeemed Roumanians live mostly in Transylvania, the Bukovina, and Bessarabia, and therefore the Balkan wars afforded her no adequate opportunity to perfect the rectification of her boundaries on ethnographic lines.
The humiliating terms imposed on Bulgaria were due to her own impatience and intemperate folly. The territory she secured was relatively circumscribed; she had failed to emancipate Macedonia, which was her avowed purpose in entering the war; she lost the districts of Ochrida and Monastir, which she especially coveted; she was assigned only a small line on the Aegean, with the wretched port of Dedeagatch; and she was obliged to forfeit her ambition as the leader of the Balkan hegemony.
Greece, though gaining much, was greatly dissatisfied. The acquisition of Saloniki was a triumph; she was assigned the port of Kavala and the territory eastward at the insistence of the King and the army and contrary to the advice of Venizelos; in the northwest Greece encountered the opposition of Italy by urging her claims to southern Albania; in the assignment of the Aegean Islands she was profoundly dissatisfied; and she still claims 3,000,000 unredeemed conationals.
The fundamental defects of the Treaty of Bucharest were that (1) the boundaries which it drew bore little relation to the nationality of the inhabitants of the districts affected, and that (2) the punishment meted out to Bulgaria, while perhaps deserved in the light of her great offense in bringing on the, Second Balkan War, was so severe that she could not accept the treaty as a permanent settlement. While Serbia, Greece, and Roumania can not escape a large share of the blame for the character of the treaty, it should not be forgotten that their action at Bucharest was in large measure due to the settlement forced upon the Balkan States by the great powers at the London conferences.
Source: Anderson, Frank Maloy and Amos Shartle Hershey, Handbook for the Diplomatic History of Europe, Asia, and Africa 1870-1914. Prepared for the National Board for Historical Service. Government Printing Office, Washington, 1918.



NEZNAM BOOGIE, AMA OVOJ STOJCHEV MALCE MI E SUMLIV????  збунетост

NEKAKO SE GI PRAVI BUGARIVE KAKO "CVECHKI" KOI IZGUBILE NAJVEKE - A ZABORAVA DA GO SPOMNE SAN STEFANO TREATY , KADE BUGARITE JA ZAZEMAAT CELA TERITORIJA DURI DO SANGJAK, SO CEL BUGARIZIRANJE!!!!!!  голема%20насмевка

PA DA BILO TAKA OSTAVENO NIE SEGA KE SME BILE BUGARI - KAKO MAKEDONCITE VO BUGARIJA I TOTALNO KE BILE MAKEDONCITE IZBRISHANI OD ETHNIKUM.  намигнување

1. Prvo procitaj za;  Russo-Turkish War of 1877–1878 had its origins in the Russian goal of gaining access to the Mediteranean Sea.
 
2. Potoa na istata strana procitaj za San-Stefano treaty march 1878:  http://en.wikipedia.org/wiki/Treaty_of_San_Stefano
 
3. Promenata na San-Stefano treaty vo - The Treaty of Berlin, June, July 1878:
http://en.wikipedia.org/wiki/Treaty_of_Berlin%2C_1878

TAKA DA STOJCHEV PROPUSHTIL MNOGU RABOTI DA SPOMNE -  NEKAKO KAKO DA FAKA STRANA VO NEGOVIOT "PREVOD" NA NASTANITE SO PODELBATA NA MAKEDONIJA. голема%20насмевка








Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2007 во 15:32
Бугарите изгубиле највише тоа е факт,но сепак во договорот и Бугарите и Србите и Грците стојат како окупатори на Македонија.Тоа може најубаво да се види во делот каде што приватната своина сеуште останува на Македонците.Бугарите,Србите и Грците тука почнуваат да населуваат свои луѓе и отвараат свои школи при што пробуваат да го придобијат Македонското население секој на своја страна,од тука и се раѓаат Гркофили,Бугарофили и Србофили.
Бугарите губат исто така и бидејки нивниот кнез насилно се прогласува од кнез за крал што не било договорено од сојузниците а посебно ги лутат Германците и Австро-Унгарците но затоа ги придобиваат Русите за свои сојузници со покрстување на бугарскиот крал во православен владетел.
Македонците требале таа улога да ја изиграат благовремено бидејки берлинскиот договор јасно кажува за Македонска политичка независност по што би добила автономија како кнежевство на чело со Руски кнез.Тука БУгарите ја претекнуваат и присвојуваат Македонија по Сан стефано,имено Македонската војска која заземала Руска страна останува во склоп на Бугарската и наместо да ја ослободи МАкедонија тие од Ќустендил тргаат накај Истамбул да се справат со Турците на основа на Христијанството надевајки се на слобода и автономија.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2008 во 12:21

ВО МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА


Изложба за војводата Дедо Иљо Малешевски


Изложбата "Војводата Дедо Иљо Малешевски" ќе биде отворена утре (12 ч.) во Музеј на Македонија. Изложбата се поставува по повод 130 години од двомесечната слобода на Пијанец и 110 години од смртта на познатиот ајдутски војвода Иљо Марков Малешевски. На изложбата ќе бидат презентирани бројни документи, карти и фотографии на оваа значајна историска личност, како и неколку лични предмети.

Поставката ќе ја отвори доцент д-р Никола Жежов. Автор на концепцијата е Мирјана Нинчовска, виш кустос во Историскиот оддел на Музејот на Македонија.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.