IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Топ 10 острови на светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Топ 10 острови на светот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2016 во 08:19

КУКОВИ ОСТРОВИ: ТРОПСКИ РАЈ ЗА ДУШАТА

11

< border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1464329866777" name="I0_1464329866777" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=http%3A%2F%2Fpopara.mk&=http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2016%2Fpatuvanja%2Fdestinacii%2Fkukovi-ostrovi-tropski-raj-za-dushata%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.hr.0wD5S9yT9NU.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Frs%3DAGLTcCOk7iy0sdRb9bnre1a2nEtS75asbg#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1464329866777&parent=http%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=42229560" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px; : transparent;">


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2016 во 12:34

Палаван: Ѕирнете како изгледа најубавиот остров на светот за 2016


Списанието Travel + Leisure го прогласи Палаван за најубав остров на светот за 2016 година. Прекрасниот остров на Филипините застана на првото место на листата, победувајќи ги останатите рајски острови на нашата планета.

Чиста тиркизна вода, бели песочни плажи, бујни шуми, високи планински предели... Палаван е уште еден доказ дека мајката природа нè дарувала со фасцинантни места на кои можеме да им се одушевуваме, да се релаксираме и да уживаме.

ПалаванПалаванПалаван

Читателите на Travel + Leisure го опишуваат Палаван како „дестинација за која сонува секој љубител на плажа“.

ПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаван

На овој филипински остров се снимани бројни филмови, меѓу кои и „Bourne Legacy“ и познатиот филмски проект на Леонардо Дикаприо „The Beach“.

И во 2013 година Палаван беше на врвот на листата со најубави острови на познатото списание.

ПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаванПалаван

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2016 во 08:15

Погледнете зошто ова е најдобриот остров на светот

Еден од најромантичните острови на светот е прогласен за број 1 во конК*ренција на многу други острови низ светот.

Островот Бора Бора е прогласен за најдобар остров во светот. Еве видете зошто:

Островот Бора Бора се наоѓа помеѓу Перу и Австралија, во Тихиот Океан. Од Перу е одалечен 8.197 километри, а од Австралија – 5.981 километар. И покрај големата далечина од копното, сепак се смета за многу популарна туристичка дестинација. Островот е долг само 10 километри а пак ширината е малку повеќе од 3 километри.

Бора Бора е најпрепознатлив по бројните лагуни, кои се наоѓаат околу целиот остров, на кој се наоѓаат и два вулкани. Главен град на овој мал остров е Ваитапе.

За тие со подлабок џеб, пак вистинското уживање на овој остров е преспијувањето во бројните бунгалови, кој се изградени над водата и една вечер за таа привилегија се плаќа дури 1000 долари.

bora-bora-2

bora-bora-4

bora-bora-3



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2018 во 17:40

Ултимативна дестинација за уживање - скриените Азорски острови на Португалија



Во споредба со многу островски дестинации, Азори не се туристички острови, ниту бучни или загадени. Односно, Азорските острови се магичен регион во Португалија, кои се состојат од девет вулкански острови на Атлантскиот океан. Тие се зелени или сини, прекриени со камена лава, ендемска или вулканска, кријат езера и денес постојат кратери, водопади, плантажи со чај, вулкански пешетери, термални природни извори и базени, многу видови на делфини и китови за кои никогаш не сте чуле, вода која испарува...

Љубителите на природата особено ќе бидат воодушевени со тоа што максимално ќе уживаат на отворено. Ова е главното место за планинарење, нуркање, риболов и набљудување на китовите. Некои од најдобрите знаменитости кои можат да се погледнат се кратерите Лагоа дас Сете Чидадес и Лагоа дас Фурнас, островот Пико, каде можете да се искачите на највисоката планина во Португалија. Сао Мигел е најголемиот и најнаселениот остров, а таму има премногу куќи, ресторани, хотели и продавници. 

Иако, Сао Мигел е најпопуларното место за посета и престој, островите Азори секако вредат да се посетат. Најјужниот остров е Санта Мариа, кој располага со прекрасни плажи, а се пристигнува со траект.

На овие острови најразвиено е винарството како земјоделска гранка. Пејзажот од винарската култура на островот Пико се наоѓа на листата на УНЕСКО за светска природна градина. Винаријата е поделена на неколку парцели и е заштитена со ѕидови, а потекнува од 15 век.

Азори се преполни со заливи и мали кратерски езера, а Лагоа дас Сете Чидадес е најубавиот пример за недопрена природа. Заливот се состои од вулкански езера со слатка вода во сина и зелена боја.

Она што мора да направите е да се искачите на планината Пико и да уживате во пет часовната авантура додека да пристигнете до врвот. Истражете го светот од 300 видови на птици кои живеат на овој остров и прошетајте во градот Ангре кој датира од 15 век за да се запознаете со локалната историја.

Кедрос е мал град на островот Фајал на кој живеат околу 1000 жители, но она што овој град го прави посебен е единствената култура и традиција. Бројните знаменитости како етнографскиот музеј, црквата Нос Сењора де Фатима привлекуваат голем број туристи секоја година.

Плажите се неверојатно убави, но иако водата не е секогаш топла, таа е кристално чиста. Плажите имаат црна песок, која е последица од вулканските ерупции. На островот Санта Мариа се наоѓаат прекрасни плажи со бела песок, кои се сместени помеѓу карпите и малите заливи. Најпознатата плажа е Праја Формоса, а сите плажи се скриени зад карпи и заливи, што е одлично за искусите една вистинска авантура.

Иако, водите на Атлантскиот океан понекогаш се прилично студени, капењето во термалните води е незаборавно искуство, па Ви предлагаме да се релаксирате во Поца Дона Беја, Калдеира Велха или Тера Ностра, природни бањи кои се опкружени со дивина и палми.

Овие острови никогаш нема да Ве остават рамнодушни, а капењето со делфини е една од многубројните активности која исто така мора да ја искусите. Ова е ултимативна дестинација за уживање.


  •  


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.