IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Зен приказни
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Зен приказни

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415>
Автор
Порака
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2013 во 19:28
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2013 во 00:09
Токму тоа: ако сакаш да го промениш светот, промени се себе си.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2014 во 22:57
Еден вреден и сиромав селанец го изгубил коњот.Му избегал...
Веднаш притрчале соседите и му рекле :
-Навистина штета.
-Можеби.Тој возвратил.
Следниот ден коњот се вратил,и со себе донел седум диви коњи.
Соседите повторно први.
-О прекрасно.
-Можеби.
Наредниот ден синот на фармерот сакал да припитоми еден од
дивите коњи.Но паднал и си ја скршил ногата.
Редоследот го знаете прво доаѓаат соседите...
-Навистина штета.
-Можеби.
Ден потоа дошло писмо за регрутација во војска на
фармеровиот син.И поради скршената нога го вратиле дома.
-О прекрасно.
-Можеби.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2014 во 15:12

Многу работи во животот е полесно да се кажат отколку да се направат, но ова е приказна каде вербата и упорноста победуваат.

zelbite-na-trite-drvca-moralna-prikazna-1

На една височинка израснаа три дрвца. Еден ден почнаа да зборуваат за своите надежи, соништа и желби.

„Еден ден се надевам дека ќе бидам ковчеже за богатство. Сакам да бидам исполнет со злато, сребро и скапоцени камења. Однадвор да бидам украсен со сложени резби и сите да ми се восхитуваат на убавината“ – рече првото дрво.

Потоа се јави второто дрвце: „Јас сакам да бидам голем и моќен брод. Со мене да пловат кралеви и кралици во секој агол од светот. Да ги штитам од ветрот и морските бури и секогаш да ги чувам безбедни.“

„Јас сакам да бидам највисокото и најправото дрво во светот. Луѓето да ме гледаат како гордо стојам на ридот и сум блиску до Бога. Сакам да бидам најголемото дрво на сите времиња и да ме запаметат засекогаш!“ – самоуверено проговори третото дрво.

По неколку години кога дрвата пораснаа и станаа големи стебла, на ридот дојдоа дрво сечачите.

Еден од нив погледна во првото дрво и рече: „Ова ми изгледа како цврсто дрво. Мислам дека ќе можеме да го продадеме на некој столар и почна да го сече.“

Првото дрво беше пресреќно бидејќи знаеше дека столарот ќе направи од него преубав ковчег за богатство.

Кога стасаа со второто дрво, шумарот рече: „И ова дрво изгледа доста добро. Да го носиме на бродоградилиштето.“

Второто дрво беше возбудено бидејќи знаеше дека е на добар пат да стане брод.

Кога стасаа до третото дрво, тоа трепереше од страв бидејќи знаеше дека ако го исечат неговиот сон нема да се оствари и тоа никогаш нема да порасне толку високо, за да биде близу до Бог.

„Мене не ми треба за ништо ова дрво, но ми изгледа стабилно, па ќе го земам со себе.“ И го пресече дрвото.

Кога првото дрво пристигна кај столарот, тој набрзина го изделка и од него направи мала, дрвена кутија која ја постави во шталата, а во нејзе стави сено за да го храни добитокот. Ова воопшто не беше она за што првото дрво сонуваше.

Второто дрво не помина подобро. Од него направија мал рибарски чамец, а желбата дека на него ќе пловат кралеви згасна.

Третото дрво беше пресечено на големи парчиња и оставено во мракот.

Годините минуваа и дрвата заборавија на своите желби.

Еден ден во шталата се засолни една бремена жена и тука се породи. Бебето беше ставено во кутијата за сено, која беше направена од првото дрво, а жената беше пресреќна што има каде да го засолни своето дете. Во тој момент дрвото почувствува како во своја закрила го има најголемото богатство на светот. Тоа беше Богородица.

Години подоцна на рибарското чамче пловеа група луѓе. Наеднаш морето се разбранува, а чамецот само што не се преврти. Тогаш еден од луѓето кои пловеа, мирно стана, погледна кон небото и рече: „Нека морето биде мирно.“ И тоа се смири. Второто дрво во тој момент знаеше дека на себе го носи кралот над кралевите. Тоа беше Исус.

После неколку години на улиците преполни со луѓе се движеше еден човек, а на својот грб го носеше третото дрво. Луѓето го навредуваа додека поминуваше, а тој мирно се движеше под тежината на дрвото кое го влече. Се искачија на истиот рид каде дрвото некогаш растеше, го заковаа човекот врз него и го исправија кон небото. Во тој момент третото дрво знаеше дека не ни можеше да сонува дека еден ден толку ќе биде близу до Бога. Исус беше распнат на него.

Секогаш кога ни се чини дека работите не се одвиваат онака како што сакаме, кога изгледа како се да тргнало наопаку, не очајувајте - постои план за секој од нас. Ако верувате доволно силно, ќе го добиете она што го сакате!

Секое од дрвата го доби она за што сонуваше, но не на начинот кој го замислија, туку на многу подобар.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2014 во 21:42

Еден дечко му се обратил на својот духовит професор: „Професоре, ме советувавте секогаш да ги повторувам своите желби во мислите. Секојдневно повторувам како сакам радост и среќа во мојот живот но, радосни моменти во мојот живот ниту имало, ниту има. И понатаму сум подеднакво осамен и несреќен како и претходно. Што да направам?“

prikazna-zborovite-ne-se-dovolni-01

Мудриот учител мудро премолчел неколку секунди и пото започнал со дискусијата. Земал неколку предмети кои му се нашле во близина и го запрашал студентот:

- Кажи ми, што би сакал да имаш од овие предмети?

- Лажицата, одговорил студентот.

- Повтори го тоа сега 5 пати – побарал професорот.

- Ја сакам лажицата. Ја сакам лажицата... – повторувал студентот.

- Ете, видиш.. Можеш да повторуваш колку сакаш пати во денот дека ја сакаш лажицата, но нема да ја добиеш доколку не се помрднеш и не се потрудиш да ја земеш.

Само зборовите не се доволни, започни да преземаш нешто за работите кои ги сакаш.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2014 во 09:31

Приказна која ќе ве натера да размислите: Колку чини љубовта?


Еден трговец седел на масата во својата отмена продавница и ги набљудувал минувачите. Едно девојче се приближило и го залепило носето на излогот.

prikazna-koja-ke-ve-natera-da-razmislite-kolku-cini-ljubovta-01

Нејзините небесно сини очи радосно заблескале кога здогледала еден од изложените предмети. Влегла во продавницата и одлучно со прстот покажала на тиркизниот ѓердан.

„Тоа е за мојата сестра! Може ли да ми ја спакувате како подарок?“

Трговецот со неверување го погледнал девојчето и го запрашал:

„А колку пари имаш, малечка?“

Таа се подигнала на прстињата, ја ставила на пултот металната кутија, ја отворила и ја истурила. Имало неколку метални парички, некои ситници, неколку школки и една фигура.

„Ќе биде ли ова доволно?“ - прашало девојчето. „Сакам на мојата сестра да ѝ купам подарок. Откако ја немаме мама, таа ги завршува сите работи дома и нема ниту малку време за себе. Денес ѝ е роденден! Сигурна сум дека многу ќе се израдува ако добие подарок, нејзините очи се исти како овие скапоцени камчиња“.

Трговецот отишол во малата просторија и во златно - црвена хартија ја завиткал кутијата со ѓерданот.

„Земи ја и внимателно однеси ја“ - му ја подал на девојчето.

Тоа го земало подарокот и како победнички пехар, гордо и со насмевка излегло од продавницата.

Еден час подоцна, во продавницата влегла преубава девојка со коса во медова боја и прекрасни сини очи.

На пултот ја ставила кутијата која претходно трговецот му ја даде на малечкото девојче и го запраша:

„Дали ова  е од вашата продавница?“

„ Да, госпоѓице“.

„Дали ќе бидете љубезни да ми кажете колку чини?“

„Во мојата продавница цените се од доверба и се однесуваат само на мене и моите купувачи“. „Мојата сестра имала некои ситни парички и сигурно не можела да плати нешто толку скапо, како овој ѓердан“ - додала девојката.

Трговецот ја затворил кутијата, повторно ја спакувал и ѝ ја вратил на девојката.

„Вашата сестра ја плати највисоката цена - даде сè што имаше!“

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 08:23

Мудра приказна: Стравот е најголем затвор, ризикот е пат кон слободата


Во една земја каде имало војна, владеел страшен и лош крал. Еден ден, на своите заробеници им дал можност да одберат како сакаат да умрат. Ги затворил во една просторија во која на едната страна имало чета од стрелци, а на другата страна врата за која се слушале приказни дека крие мртви и окрвавени затвореници.

stravot-e-najgolem-zatvor-rizikot-e-pat-kon-slobodata-01

Ги поставил затворениците во круг и им рекол:

„Може да одберете и да умрете избодени од стрелите на мојата чета или да поминете низ оваа врата и да останете таму засекогаш“.

Речиси сите одбрале да умрат побрзо, погодени од стрела.

Еден од затворениците го запрашал кралот: „А што има зад оваа врата?“

„Отвори ја и погледни“ – рекол кралот.

Војникот собрал храброст и со тешка мака ја отворил вратата. Тогаш во очите му блеснал силен сончев зрак. Кога ги отворил убаво очите, се изненадил што видел дека вратата, всушност, води кон слобода!

Се завртел кон кралот и му рекол: „Секогаш сте им давале избор на затворениците, но тие повеќе сакаа да умрат, отколку да ризикуваат и да ја отворат оваа врата!“

Колку пати се плашиме да ризикуваме? Колку пати умираме заради нашите грижи, од страв да не ја отвориме вратата на нашите соништа, вратата која нè води кон најголемата слобода?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 09:18

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: СРЦЕТО ШТО НОСИ ОМРАЗА, НЕ УМЕЕ ДА ПРИМИ, НИ ПАК ДА ДАДЕ ЉУБОВ!

9

Учителката побарала од учениците да донесат во вреќичка по неколку компири, и на секој компир да го напишат името на човекот што го мразат и презираат. Кога децата тоа го направиле, учителката им дала и друга задача, односно таа вреќичка со компири да ја носат постојано со себе, каде и да одат, две седмици.

Учениците тоа и го сториле. Меѓутоа веќе после некој ден почнала да се шири непријатна миризба од вреќичката бидејќи компирите почнале да се расипуваат. Колку повеќе време поминувало, толку мирисот станувал понеподнослив. Кога ја завршиле задачата, учителката ги запрашала учениците како се чувствувале додека ја носеле вреќичката со компири. Децата почнале да се жалат како им сметала, за некои од нив била претешка, а на сите им пречел непријатниот мирис кој се ширел од мувлосаните компири.

Тогаш учителката им го кажала следното:

Како што вие се чувствувавте за време на задачата, исто така се чувствува и вашето срце спрема луѓето што ги мразите. Во вашето срце секогаш ќе има тежина, секогаш нешто ќе ви тежи и ќе ви создава немир, од вашите срца ќе блика омраза и непријателство исто како што смрдеата се ширеше од вреќичката со расипани компири. Ако не сте во состојба две седмици да ја носите вреќата со трули компири, замислете како им е на оние луѓе кои цел живот во своите срца носат омраза и злоба? Во тоа срце исполнето со лоши емоции, едноставно никогаш ќе нема место за љубов. Тоа се луѓето со празен живот…Никогаш не дозволувајте вашето срце да се претвори во вреќа мувлосани компири. Тоа срце никогаш нема да биде среќно…Тоа срце не умее ни да даде, ни да прими љубов, тоа среце е камено!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 09:19

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: НЕ Е ПРИЈАТЕЛ СЕКОЈ ШТО ТОА ГО ТВРДИ!

Двајца пријатели оделе низ една пустина. По патот се скарале и едниот го удрил другиот. Удрениот се почувствувал повредено, но молчејќи напишал во песокот:

- “Денес добив удар од мојот најдобар пријател”

Продолжиле да одат се додека не наишле на оаза каде решиле да се избањаат. Оној кој добил удар за малку не се удавил бањајќи се, но животот му го спасил пријателот. Кога дошол при себе, изрежал на еден камен:

- “Денес мојот најдобар пријател ми го спаси животот!”

Тогаш пријателот кој претходно го удрил го запрашал:

- “Кога те удрив пораката ја напиша во песокот, а сега ја изрежа во камен. Зошто?”

Пријателот му одговорил:

“Кога некој ќе ни направи нешто лошо, тоа треба да го запишеме во песокот за ветрот да го избрише, но кога некој ќе ни направи добро, тоа треба да го изгравираме на камен за никој и ништо да не може да го избрише!”



Изменето од Valerija - 08.Април.2014 во 09:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 09:21

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: EДЕН ДЕН ИЛИ СЕГА?

26

Мојот пријател отвори една од кутиите кои и припаѓаа на неговата жена.Извади една кеса завиткана во хартија и рече:“Ова не е било што,ова е нешто специјално“.Ја одвитка кесата од хартијата и длабоко се загледа во прекрасниот фустан од свила кој беше во неа.Таа го купи фустанот,кога прва пат бевме во Њу Јорк пред осум години.Никогаш не го употреби.Го чуваше за некој “специјален момент“.
“Добро…јас мислам дека сега е погоден момент за тоа.“
Се доближи до креветот и го остави фустанот покрај другата гардероба,што ќе ја има таа на погребот.Неговата жена починала.Се сврте кон мене и ми рече:
“Не чувај никогаш ништо за некои специјални моменти,секој ден во твојот живот е специјален.“
Сеуште мислам на неговите зборови…тие го променија мојот живот.Јас читам повеќе,чистам помалку.Јас седам на тераса и уживам во пејзажот,и не ми сметаат лисјето во дворот.Јас поминувам повеќе време со најблиските,одколку на работа.Сватив дека животот е всушност една целина исполнета со задоволства,а не К*рс за прежививање.Јас не чувам повеќе ништо.Јас ги употребувам моите кристални чаши секој ден.Јас ако сакам го облекувам моето ново сако кога одам во супермаркет.Јас не го чувам мојот најдобар парфем за специјални излегувања.Фразите “еден ден“ или “еден од овие денови“ скоро изчезнаа од мојот речник.Ако е нешто вредно да се види,работи или слушне,тогаш јас сакам тоа да го видам,работам или слушнам Сега.Јас не сум сигурен што би направила жената на мојот пријател,да знаела дека нема да биде овде утре.Јас мислам дека таа би била повеќе во контакт со нејзината фамилија,со нејзините најблиски пријатели.Таа можеби би им се јавила на своите стари пријатели и би ги замолила за прошка за некои неспоразуми,и би се помирила со нив.Верувам дека таа би отиднала да јаде во кинески ресторан,тоа е нејзината најомилена храна.Ми смета кога не би им се јавил на пријателите,на кои “еден ден“ би планирал да им се јавам.Ми смета и ме растжува кога не би им рекол на моите родители,пријатели дека ги сакам.Сега се трудам да не задоцнам,и секој ден си кажувам на себеси дека секој ден е специјален,секој час,секоја минута…е специјална.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 20:21

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: НИКОГАШ НЕ ЗАБОРАВАЈ КОЈ СИ И ОД КАДЕ ДОАЃАШ!

01

Приказната што денес ќе ја прочитате е многу кратка, но затоа пак многу поучна. Кој од вас во животот не сретнал неблагодарни луѓе? Луѓе кои откако ќе им тргне на добро, ве забораваат како никогаш да не сте постоеле? Луѓе на кои сте им дале се и ве изиграле? Ви го свртеле грбот? Е за тие луѓе е ова приказна…

Една слепа девојка била многу тажна бидејќи не можела да го види светот, а единствена радост ѝ била љубовта на нејзиното момче кое постојано било со неа.

Девојката му рекла дека кога би можела само за миг да го види светот, веднаш би се омажила за него.

Еден ден, некој ѝ подарил очи, па девојката прогледала.

Го видела светот, а потоа и своето момче. Кога видела дека момчето е слепо, одбила да се омажи за него.

Момчето ѝ оставило кратка порака за збогум во која пишувало само: „Добро грижи се за моите очи, драга моја”.

Малкумина од нас имаат доблест да останат свои и да не заборават кој бил покрај нив во најтешките мигови.

Останатите забораваат, па кога животот ќе им тргне на добро, се менуваат и не погледнуваат зад себе.

Не заборавајте кои сте и од каде доаѓате, зошто животот е тркало и никогаш не се знае каде ќе застане.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 20:22

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: СРЕЌАТА ЈА НАОЃААТ САМО ОНИЕ ШТО ДАВААТ...

3

Оваа поучна приказна ќе ви покаже дека среќата ја бараме сите ние, но на крај ќе ја најдат само луѓето со големо срце, луѓето кои знаат да даваат и да делат со оние кои немаат…среќата не е за себичните и егоистите…

Некој човек на неговиот помал брат за Божиќ му подарил автомобил.
Помалиот брат Пол бил многу среќен и со неговиот нов автомобил отишол на работа. Кога му завршило работното време отишол на паркингот за да си замине дома, но таму забележал некое мало детенце кое љубопитно ги разгледувало сите автомобили. Кога Пол се приближил до неговиот нов автомобил, детенцето се приближило до него и го прашало дали е тоа негов автомобил.
Пол кимнал со главата и му објаснил на детето дека автомобилот го добил од неговиот постар брат како подарок за Божиќ.

Детето било збунето и уште еднаш го препрашало Пол: „Сакате да кажете дека вашиот брат ви го подари овој прекрасен автомобил, а вие за тоа не плативте ниту цент? Знаете, јас сакам …” – почнало да пелтечи детето.

Пол бил сигурен дека знае што сака детето. Си помислил дека и тоа сака да има таков брат како што има и тој, но она што детето следно го кажало, го оставило Пол запрепастен и без зборови.

„Би сакал” – продолжило детето „да можам и јас да бидам како твојот брат”.

Пол изненаден погледнал во детето и спонтано го прашал: „Бидејќи е Бадник, дали би сакал да те повозам малку со мојот автомобил?”

„Како не би сакал” – одговорило детето.

После кратко возење, детето со натажени очиња го погледнало Пол и со мил, нежен и тажен глас го замолило: „Господине, дали ќе бидете добар да ме однесете до мојата куќа?”

Пол се насмевнал. Мислел дека знае што сака детето. Си помислил дека сака на неговите соседи да им покаже дека и тој некогаш може да се врати дома со голем автомобил. Меѓутоа Пол повторно погрешил во неговите мисли.

„Ве молам да застанете пред оние две скали” – рекло детето.

Веднаш излегло од автомобилот, влегло во неговата куќа и за многу кратко време се појавило на скалите, но не било само, било заедно со неговото помало братче кое било многу болно. Со голема радост му го покажало големиот автомобил на Пол.

„Гледаш мој брату, баш како што ти кажував. Неговиот брат му го купил автомобилот за Божиќ без тој да плати цент. Еден ден и јас тебе ќе ти подарам баш ваков автомобил … и со него ќе можеш да ги видиш сите убави работи кои за Божиќ се ставаат по излозите на продавниците, кои се обидував да ти ги опишам.”

Пол излегол од автомобилот, го зел и го седнал малото болно детенце на предното седиште, а постариот брат со радосни и светкави очиња седнал веднаш до него.
Така сите тројца заедно имале незаборавно возење низ градот, во ладната Бадникова вечер.

Таа Бадникова вечер Пол ги разбрал зборовите на Исус кога велел: „Среќен е оној кој дава …”

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 20:24

ЌЕРКАТА СЕ ПОЖАЛИЛА ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА ГО СМИРИ СОПРУГОТ! ЕВЕ ШТО ЈА ПОСОВЕТУВАЛА НЕЈЗИНАТА МАЈКА...


11

Ќерката се пожалила дека никако не може да го смири својот сопруг. Мајката и одговорила:

Се може да се среди! Сакам да ми донесеш 3 влакна, но не обични, да бидат од бркови на тигар.

Но мамо! Па тоа е невозможно! – изненадено воскликнала ќерката.

Пробај! Ти си жена! ти се можеш!

Почнала да размислува ќерката, па на крај се досетила. Зела парче месо и отишла во шумата. Седнала и чекала. Тигарот почувствувал мирис на месо, ја лоцирал и се затрчал кон девојката. Девојката го фрлила парчето месо и исплашена почнала да бега.

Следниот ден девојката повторно отишла во шумата со парче месо. Тигарот повторно ја намирисал храната, ја лоцирал, па почнал да и се приближува. Таа пак го фрлила месото и побегнала. Се скрила и набљудувала како тигарот јаде.

Така било и третиот и четвртиот пат…

Петтиот ден, кога ја здогледал како носи месо, тигарот пресреќен почнал да мафта со опашката и девојката почнала без страв да го храни со рака. Така било и следните неколку денови.

Деветиот ден откако го изел парчето месо, тигарот ја потпрел својата глава на нејзиниот скут и заспал. И додека тој блажено спиел, девојката му скинала 3 влакна од брковите и ги дала на својата мајка.

Ете – и рече мајката – го скроти тој ѕвер, а нема да можеш да го скротиш твојот маж? Оди дома и придобиј го и него, со лукавост, со нежност, со трпение, онака како што ти најдобро знаеш!

Жена си! Ти добро знаеш како се спитомува маж!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2014 во 19:48

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: ЗОШТО БОГ НЕ НАПУШТИ?

8

Дали понекогаш сте се почувствувале како Бог да ве напуштил? Дали сте го почувствувале неговото отсуство од нашиот свет? Како да не гледа што се случува? Како да не ја чувствува нашата болка и не ја слуша нашата молитва? Знаете ли зошто?

Приказната оди вака:

После многу напори ѓаволот да го превземе светот од Бога и многу молење и наговарање да го добие, барем на еден ден, Бог го прашал ѓаволот: што ќе ти е?
- Сакам да го направам подобро место за живеење, одговорил ѓаволот.
- Како, прашал Бог?
- Ќе ги измислам парите, вратил ѓаволот.

И тогаш Бог се согласил да му го даде светот на ѓаволот само на еден ден. Кога изминал тој ден и Бог дошол да си го земе светот назад, видел дека тој свет не е повеќе истиот.

Тогаш Бог му рекол на ѓаволот: ова не е светот што јас го создадов, не го сакам повеќе, прави со него што сакаш.

Тогаш и двајцата се завртеле и си заминале од светот.

Кој е крив, ние или Тој?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.