IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Зен приказни
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Зен приказни

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 15>
Автор
Порака
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Зен приказни
    Испратена: 18.Септември.2007 во 00:20

<font face="Georgia, Times New Roman, Times, serif" size="2"><span id="msg">
БЕСКОРИСЕН ЖИВОТ

Некој земјоделец остарел толку многу што повеќе не можел да работи на
полето. Па така деновите ги поминувал седејќи на тремот пред куќата.
Неговиот син, кој што работел на фармата одвреме навреме го погледнувал
татко си кој што си седел таму. „Татко ми не е корисен повеќе,“ си
помислил синот во себеси, „ништо повеќе на прави!“ Еден ден синот толку
се изнервирал од ова, што набрзина направил дрвен ковчег, го довлечкал
до тремот и му рекол на татко си да влезе во ковчегот. Без да рече
ништо таткото влегол внатре. Откако го затворил капакот синот го
одвлечкал ковчегот на работ од фармата каде што имало голема бездна.
Како што се приближил до неа слушнал нежно потчукнување одвнатре од
ковчегот. Го отворил. Лежејќи мирно, таткото го погледнал синот. „Знам
дека ќе ме фрлиш во бездната, но пред да го направиш тоа може да ти
предложам нешто?“ „Што е?“ прашал синот. „Фрли ме во бездната, ако
сакаш,“ рекол таткото, „ама зачувај го овој добар дрвен ковчег. Можеби
ќе им притреба на твоите деца.“</span>



Изменето од mamma - 12.Април.2008 во 20:30
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 00:20
СЛОН И БОЛВА



Роши се согласил да едуцира група психоаналитичари за ЗЕН-от. Откако директорот на анлитичкиот институт го претставил на групата, Роши тивко си седнал на едно перниче на подот. Некој студент влегол, застанал пред господарот, а потоа седнал на друго перниче малку подалеку од учителот. „Што е ЗЕН?“ прашал студентот. Роши извадил една банана, ја излупил и почнал да ја јаде. „Дали тоа е се? Дали можете да покажете нешто друго?“ рекол студентот. „Пријди поблиску, те молам,“ одговорил господарот. Студентот се приближил и Роши почнал да мавта со остатокот од бананата пред лицето на студентот. Студентот станал и си заминал.
Друг студент станал и и се обратил на публиката. „Дали сите разбравте?“ Кога никој не одговорил, студентот додал, „Тукушто присуствувавте на првокласна демонстрација на ЗЕН-от. Дали има прашања?“
После долга тишина некој прозборел. „Роши, јас не сум задоволен од вашата демонстрација. Ни покажавте нешто за кое што не сум сигурен дека го разбравме. Мора да е возможно да ни КАЖЕТЕ што е ЗЕН-от.“
„Ако инсистирате на зборови,“ одговрил Роши, „тогаш ЗЕН-от е слон кој што копулира со болва.“



Изменето од ACELERA - 21.Септември.2007 во 01:57
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 00:21
СУДБИНА



За време на една одлучувачка битка, еден Јапонски генерал одлучил да нападне иако неговата армија била помалобројна од онаа на противникот. Тој бил уверен дека ќе победат, но неговите луѓе многу се двоумеле. За на пат кон непријателот, застанале во некој храм. Се помолиле и генералот извадил паричка и рекол, „Ќе ја фрлам паричкава. Ако падне глава ќе победиме. Ако падне петка ќе изгубиме. Судбината сега ќе ни се открие.“
Ја фрлил паричката во воздух и сите внимателно ја гледале се додека не паднала. Било глава. Војниците толку се израдувале и се исполниле со самодоверба, што многу храбро го нападнале непријателот и победиле. После битката, некој поручник му рекол на генералот, „Никој не може да ја смени судбината.“
„Токму така,“ одговорил генералот и му ја покажал паричката на поручникот, која што на двете страни имала глава.


Изменето од ACELERA - 21.Септември.2007 во 01:58
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 00:22
ФИЛЏАН ЧАЈ

Еден ден, во посета на Јапонскиот учител на Зен, Нан-ин, му дошол некој универзитетски професор, кој сакал да научи што е тоа Зен.
Нан-ин го послужил професорот и себе со чај. Полнејќи ја шољата на својот гостин, продолжил да ја полни...Професорот набљудувал како чајот се прелева, но кога веќе неможел да се воздржи, рекол:

„Полна е. Повеќе не собира.“

„Како и оваа шоља“ - му одговорил Нан-ин, „полн си со свои убедувања и претпоставки. Како можам да ти го објаснам Зен, ако предтходно не си ја испразнил својата шоља?“


Изменето од ACELERA - 21.Септември.2007 во 01:58
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 00:22
АКО САКАШ, САКАЈ ЈАВНО!

Дваесет монаси и една монахиња, која ја викале Ешун, медитирале со некој Зен-учител.
Ешун била многу убава, иако главата и била избричена, а одората проста. Неколку монаси, тајно се вљубиле во неа. Еден од нив и напишал љубовно писмо, барајќи од неа, тајно да се видат.
Ешун не одговорила. Следниот ден, учителот одржал предавање на групата и кога тоа било завршено, Ешун станала. Обраќајќи му се на оној, кој и пишал, рекла:
„Ако навистина толку ме сакаш, дојди и гушни ме сега!“


Изменето од ACELERA - 21.Септември.2007 во 01:59
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 00:32
Бисер

Учителот медитирал на брегот на реката, а ученикот шеткал наоколку. Одеднаш тој дотрчал кај учителот носејќи два бисери и му ги покажал. Гледајќи ги, на учителот му паднал едниот бисер во водата, а ученикот веднаш скокнал да го најде.Барал подолго време,а потоа му рекол на учителот да му покаже каде паднал бисерот.Учителот го фрлил и вториот бисер во реката и рекол - Ете , баш таму!
голема%20насмевка


Изменето од ACELERA - 21.Септември.2007 во 01:59
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 00:33
БЕЗ СТРАВ


За време на граѓанските војни во феудална Јапонија, напаѓачките армии брзо влегувале градовите и ја превземале контролата. Во едно село, сите избегале пред да пристигне армијата – сите освен некој ЗЕН господар. Љубопитен за стариот човек, генералот на армијата пошол во храмот да се увери лично што човек е тој господарот. Кога не добил почести и поклонување како што навикнал да добива, генералот збеснал. „Будало,“ викнал и посегнал по својот меч, „не сфаќаш дека стоиш пред човек кој што може да те пресече на половина без око да му трепне!“ Но и покрај заканата, господарот изгледал смирено. „А ти дали сфаќаш,“ одговорил смирено, „дека стоиш пред човек кој што може да биде пресечен на половина без око да му трепне?“


Изменето од ACELERA - 21.Септември.2007 во 01:59
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 01:29
Учење да молчиме

Четворица ученици решиле седум дена да медитираат и да не прозборат нити еден збор.
Првиот ден сите молчеле и медитацијата успешно им почнала, но кога се стемнило маслото во ламбите било веќе при крај и ламбите почнале да трепкаат.
По некое време еден од нив не издржал и му викал на слугата - Намести ги тие ламби!!!
Вториот ученик изненаден дека првиот прозборел рекол -Па нели требаше да молчиме седум дена?
Третиот им довикнал -Глупаци, зошто зборувате?
Четвртиот заклучил на глас -Јас сум еднинствен кој не кажа ништо.
голема%20насмевка



Изменето од ACELERA - 21.Септември.2007 во 02:00
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 01:35
Незнајко

Двајца зен учители Кудо и Даиго, биле поканети кај богат земјопоседник кој сакал да изучува зен. Кога пристигнале кај земјопоседникот, Кудо му рекол - Ти си природно талентиран и имаш вродена способност да изучуваш зен!
На тоа Даиго возвратил - Зошто го лажеш и му ласкаш на овој незнајко? Тој можеби е богат земјопоседник, но нема врска од зен!
Земјопоседникот наместо да му изгради храм на Кудо, му изградил храм на Даиго и него го избрал за зен учител .
голема%20насмевка



Изменето од ACELERA - 21.Септември.2007 во 02:00
Кон врв
kum Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3279
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kum Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 01:37
od kaj gi najde samo

epten se dobri
JOIN THE FAMILY
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 01:48
Излет на полноќ

Група ученици изучувале зен кај учителот Сенгаи.Но еден од учениците, секоја вечер од кога сите ке заспиеле се прекачувал преку прозорот и одел во град на провод.
Една ноќ Сенгаи ги проверувал собите на учениците и видел дека еден фали, а покрај прозорот го видел и високиот стол преку кој ученикот се качувал. Сенгаи го тргнал столот и застанал да чека под прозорот, и утрото кога ученикот се вракал во храмот кога се прекачувал преку прозорот наместо на столот се спуштил врз главата на учителот.
Кога видел дека е тоа учителот, ученикот смрзнал од страв. Учителот пак смирено му рекол - Многу е ладно вака рано наутро, пази да не настинеш.
После ова ученикот веќе не излегувал сред ноќ

мои преводи се приказниве оригинално се на англиски или српски, за тој што праша
голема%20насмевка


Изменето од ACELERA - 21.Септември.2007 во 02:00
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 01:57
Товар

Свештениците Танзан и Екидо патувале по каллив пат. Врнел и силен дожд и направил калливи вирови. Здогледале девојка дотерана во свилено убаво кимоно, која не можела да премине преку еден поголем вир, а не сакала да се извалка.
-Дојди девојко-  и довикнла Танзан, ја земал во раце и ја пренел преку вирот.
Девојката си заминала, а исто и свештениците.Екидо цело време молчел се додека стигнале во храмот, тогаш му рекол на Танзан - Зар не знаеш дека ние свештениците не смееме да се доближуваме до жени?
На ова Танзан му возвратил- Јас, пријателе, девојката ја земав, ја пренесов ,и ја оставив на таму патот, но ти очигледно сеуште ја носиш!
голема%20насмевка



Изменето од ACELERA - 21.Септември.2007 во 01:57
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 02:16
Vratite na rajot
 
Vojnik po ime Nobusige doagja kaj Hakuina i go prasuva dali navistina postoi Raj i Pekol ? Koj si ti ? Prasa Hakunin . Jas  sum samuraj odgovoril voinot . Ti vojnik ! Izvikal Hakunin . KOj vladetel bi te zel tebe za cuvar ? Liceto ti e kako na prosjak . Nobusiga tolku se razbesnil i pocnal da go  vadi svojot mac , a Hakunin prodolzil : pa ti imas mac ! Oruzjeto ti e izgleda premnugu tupo za da mi ja otsece galavata . Togas Nobusige go izvlekuva macot , Hakunin primetuva :ovde se otvaraat vartite na pekolot ! Na ovie zborovi samurajot ja svakja porakata od ucitelot i go vrakja macot vo koricata i se poklonuva . Tuka se otvaraat vratite na rajot , rekol Hakunin .
 
 


Изменето од zenmaster - 18.Септември.2007 во 02:28
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2007 во 02:27
Добро и Лошо

Учителот Бенкеи држел часови за индивидуална концентрација, и кај него доаѓале многу ученици. За време на еден час , некој од учениците бил фатен како краде. Тоа му било соопштено на учителот но тој не реагирал.
Подоцна истиот ученик бил фатен повторно како краде. Другите ученици пак му соопштиле на Бенкеи но тој пак не реагирал.
Налутени учениците поптишале петиција во која барале учителот да го избрка крадецот, или во спротивно сите ќе го напуштат учителот.
Кога Бенкеи го прочитал тоа, ги собрал сите и им рекол - Мили мои ученици, вие ВЕЌЕ знаете што е добро а што лошо, слободно одете кај друг учител ако сакате да учите, но овој кутар брат кој краде сеуште незнае што е добро а што лошо. Кој ке го учи ако не јас? Јас нема да го избркам од овде, и по цена сите вие да си заминете!

Кога го чул ова, солзи потекле по лицето на ученикот кој крадел, и желбата за крадење му прошла.



Изменето од ACELERA - 18.Септември.2007 во 02:41
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 15>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,971 секунди.