|
АКО ИМА БОГ ЗОШТО ДОПУШТА ЗЛО И СТРАДАЊЕ? |
Внеси реплика | страница 123 17> |
Автор | |
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Август.2007 во 19:20 |
Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање ?
Зошто има толку болка на светов? Тешко му на оној кој на своја кожа го осетил трнот на горниве прашања. Речиси и нема човек кој не си ги поставил овие прашања. Но една е нивната интонација кога дознаваме за некоја трагедија од медиумите, а друга е кога таа трагедија ги поткачува нашите соседи, нашето семејство или пак нас самите. Тогаш се подигаат насолзените очи кон небото и со огнен поглед му упатуваат прашање на Бог: ЗОШТО?!! Во интересен на времето, а и за воведот на оваа тема да не биде предолг, ќе направам синтеза на горните прашања во едно прашање и се надевам дека, доколку оваа тема се разгори, ќе ги досегнеме сите прашања одделно и подетално. Значи сума сумарум, го подигнувам прашањето: Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање? Мислам дека ова е најпоставуваното прашање што човекот си го поставувал низ целата историја. Или можеби грешам. Но не грешам сигурно ако речам дека ова е најпоставуваното прашање што атеистите им го поставуваат на теистите, притоа изнесувајќи го како атеистички аргумент. 1. Ако нема Бог, нема ни зло. Точно така, ако нема Бог и ако целиот овој свет е само една случајна рекомбинација на материјата, тогаш терминот "зло" е фиктивна/имагинарна категорија. 2. Заклучокот не е каузално доследен. Што значи ова? Ова значи дека доколку околу нас постои зло и страдање, од тоа не мора, по неопходност, да следи заклучокот дека Бог не постои. Ако постои Професор, зошто дозволи да паднам на испит? Ова е аналоген атеистички (пардон апрофесорски ) аргумент во врска со постоењето на мојот Професор. Дали, бидејќи паднав на испит, јас треба да се посомневам во постоењето на мојот Професор ? Дали тоа е знак дека мојот Професор е лош? Или пак јас можеби не научив доволно? Или пак следново прашање: Како што видовме постојат повеќе можни причини за една последица, било тоа да е случајот со професорот, семафорот или пак Бог. Не е во ред да избзуваме со заклучокот дека штом има зло наоколу, тогаш нема Бог. Или пак, може да претпоставиме дека нешто друго (не Бог) го предизвикало и предизвикува злото и страдањето, а Бог не интеревенира веднаш, можеби ЗАРАДИ НЕКОЈА ПРИЧИНА.
Или пак нешто трето, четврто итн. Последниве две причини мене ми изгледаат многу пологични отколку онаа првата "нема Бог". Дури и да не постои трета причина, човекот, со помош на научниот метод, никогаш не би дознал која од тие две е вистинина. Но тоа може да го дознае по принципот на откровение т.е. ако Бог му објави. Како христијанин, јас сум убеден дека Бог ни се објавил преку Библијата и оттаму ќе се обидам да го измолкнам и одговорот на ова толку предизвикувачко прашање. Дека Бог постои и дека Тој е добар/љубов се библиски аксиоми и одма ги исклучуваат првите 2 претпоставени причини кои ги наведовме (дека Бог не постои и дека Бог е лош). И сега ако ги прочитаме барем првите 2-3 поглавја од Библјиата, веданш заклучуваме дека: Кои се тие причини заради кои Бог го одложува нокаутот кон злото?
1. Нашата слободна воља
Бог не го создал човекот робот. Бог му дал/доверил на човекот слобода на избор и не му се меша во истиот. За жал човекот ја злоупотреби својата слободна воља уште во Едемската градина, кога го направи катастрофалниот историски избор кажувајќи му НЕ на Бог, Да на Сатанта, согласувајќи се со Сатаната кој Го обвини Бог за лажливец, искажувајќи непослушност кон Бог, сакајќи да се изедначи со Него, извршувајќи самоубиство на себе и своето поколение. 2. Не секое зло во нашите очи е навистина зло.
Еден од моите најомилени библиски стихови, напишан од перото на пророк Исаија, гласи вака: "Зашто вашите мисли не се Мои мисли и Моите патишта не се ваши патишта", словото е Господово, "Небото е високо над земјата, така Моите патишта се над вашите патишта и Моите мисли, над вашите мисли". (Исаија 55:8-9) Овој стих ја скротува човековата гордост, сезнајност, сепредвидливост и неговото избрзување во давањето суд за Божјата интервенција во некоја згода или незгода. Овој стих не подучува дека не секогаш ќе разбереме зошто Бог постапил така и така или пак допуштил нешто да се случи на начин кој на нас (метафорично кратковиидите) можеби и не ни се допаднал, но сепак не повикува на вера и свесност дека ние сме на Земјата и гледаме од ниска, а Тој е на Небото и гледа и делува од висока перспектива. Илустрација:
Во едно село постоело едно побожно семејство , на кое останатите селани често се подбивале. Еден ден, единствениот коњ на семејството, избегал. Селаните ги запрашале со потсмев: "Каде е сега вашиот Бог?" Но, следниот ден коњот сам се вратил и довел со себе уште пет други диви коњи. Селаните замолкнале. По неколку дена, синот на тоа семејство се качил на еден од дивите коњи, за да го припитоми, но коњот го отфрлил и тој паѓајќи, си ја скршил ногата. "Зошто Бог не го сочува?" пак им префрлиле селаните. Но, за кратко време нивната земја завојувала со друга. Синовите на сите селани биле собрани на фронтот и многумина од нив изгинале. Синот на побожното семејство не го зеле на фронтот, поради скшената нога, и така се спасил.
Тука завршува приказната, а соодветниот библискиот стих гласи вака: "Знаеме дека се што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние, кои Го љубат Бога." (Римјаните 8:28) 3. Бог го одложува својот суд, зашто чека уште некои да се покајат и да се спасат Можеби најглавната причина поради која Бог дозволува зло и страдање е Неговата милост и долготрпеливост кон сите нас. Тоа сме ние луѓето. Тој треба да ја уништи нивната омраза, насилство, алчност, себичност, љубомора, нечесност.. и уште многу други работи. "Господ нема да задоцни со својот суд, како што некои мислат, туку долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се обрнат кон покајание" (2 Петрово 3:9) Бог е свесен дека како праведен Бог мора да го казни гревот и неправдата. Но Неговата огромна љубов кон нас луѓето не му го дозволуваше тоа. Затоа Бог, не деградирајќи ја Својата Праведнсот, ниту Својата Светост, ниту пак Својата огромна Љубов кон човекот, Божествено одлучи пресудата за човекот да ја премости од Едемската градина, на Голготскиот Крст. Се ближи денот на Божјиот конечен суд. Тогаш ќе биде суден секој човек, според делата негови и ќе биде казнет за неговите недела. По тој чин, целосно ќе биде задоволена Божјата правда. До тогаш, на земјата сеуште ќе има неправди, зло, страдање, бидејќи Бог сеуште го одложува својот суд затоа што чека уште некој да се покае, да се спаси и преку Христос да стане Негово чедо.
Библискиот чесовник вели пет до полноќ. "Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така? Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.” EvAngelos |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Miralem1
Сениор Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 1548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Izvini sto ke ti se izmesam. Mislam deka na ova prasanje bese dosta pati odgovoreno.Eve uste ednas Kopi Pajst
Problemot koj go pokrenuva prasanjeto e eden od osnovnite vo filizofijata, cie razmisluvanje pak gi podelilo raznite skoli i mislenja. Na nego odgovarame: Bog e milozliv i dobar. Toj ne naredil da se pravi zlo, no od mudrost ne go ni onevozmozil:>>
„Navistina Allah ne vi nareduva da pravite sramni dela. Zar na Gopspod ke mu go kazete ona sto ne go znaete? Kazi: Mojot Gospodar mi naredil dobri i pravedni dela...” (El-Earaf, 28).>> Bog nareduva samo pravda, ljubovi, dobrodetelstvo, oprost i ona sto e dobro, i se zadovoluva samo so ubavoto i prijatnoto. No, zosto togas mu dozvolil na nasilnikot da vrsi nasilstvo, ubiecot da ubiva, kradecot da krade..? Zatoa sto Toj ne' sakal slobodni. A slobodata pretpostavuva moznost za gresenje, inaku toa ne bi bila sloboda. Sloboden e izborot pomegju neposlusnosta i poslusnosta.>> Vo mokta na Allah dz.s. bila moznosta da ne napravi site nas dobri i da ne prinudi na poslusnost, sto bi znacelo odzemanje na slobodata na izborot.>> Po voqata i mudrosta na Gospod slobodata so bolkata e poblagorodna za covekot od ropstvo so srekja. Zatoa e i ostavena moznosta za gresenje.>> >> Pravilnoto i objektivno gledanje ni otkriva deka dobroto vo celokupnoto svoe postoenje e princip, a zloto e isklucok. Zdravjeto e osnova, a bolesta e isklucok. Nie pogolemiot del od svojot zivot go pominuvame vo zdravje. Bolesta retko ne' posetuva. Taka e i so zemjotresot koj iznesuva samo nekolku minuti vo zivotot na zemjata dolg so milioni godini. Isto e i so vojnite i katastrofite. Se se toa kratki grcevi vo zivotot na narodite pomegju dolgi periodi na mir.>> Prakticno, se ima svoja dobra strana. Bolesta pottiknuva na cuvanje na zdravjeto, bolkata e izvor na cvrstinata, upornosta i spremnosta na zrtva. Zemjotresite se vozdiski osloboduvanje na vnatresniot pritisok na zemjata, koj ja zastituva nejzinata kora od eksplozija. Vulkanite isfrlaat skrieni rudni bogatsva i pokriena povrsina na zemjata so plodna lavea. Vojnite gi povrzuvaat narodite. >> Od ova sindzirno povrzuvanje nastanale i Obedinetite Nacii i Sovetot za Bezbednost kako dve najgolemi svetski instanci, koi gi resavaat megjunarodnite konflikti. Penicilonot, atomot, avionite, raketite se pronajdeni blagodarejki na vojnite. Otrovot na zmijata go sodrzi najefikasniot protivotrov. Od mikrobite se pravat vakcini. Mestata na koi sto sme sega ne bi ni pripagjale ako nasite dedovci bea zivi. Zloto vo vselenata e kako senka na slikata: ako i se priblizis ti se cini deka e nadostatok na slikata i greska, no ako slikata ja gledas od vistinska oddalecnost ke otkries deka toa e neophodno i deka senkata ima prvoklasna zadaca vo estetskoto oblikuvawe na slikata.>> >> Dali ke znaevme sto e zdravjeto da ne e bolesta? Ubavoto go raspoznavame blagodarejki mu na grdoto, prirodnata polozba blagodarejki na neprirodnata...Vo ovaa smisla se i zborovite na golemiot Gazalija: >> „Nepotpolnosta na veselenata e nejzinata potpolnost, kako sto e iskrivenosta na lakot negovata ispravnost, bidejki vo sprotivno ne ke mozese da ja isfrli strelata.”>> Vtoroto znacenje na teskotiite i bolkite e otkrivanjeto na vistinskata priroda na lugjeto. Ako ne se teskotiite, site lugje bi bile isti. Darezlivosta bi stanala posiromasna a borbata bi ja zagubila slasta na jurisot. Toa e ispitot na sekoj od nas pred samiot sebe si pred Allah dz.s. >> Ovoj svet ne e nisto drugo osven edna glava na romanot, koj ima poveke takvi glavi, i smrtta ne e negov kraj tuku pocetok. Nepravilno e da donesuvame sud samo vrz osnova na eden cin, kako sto enepravilno da otfrlime nekoe delo, bidejki nekoja negova stranica ne ne voodusevuva. Pravilniot sud se nosi na krajot.>> I konecno, so sto ova,onie koi go postavuvaat ova prasanje go nadomestuvaat ? Baraat li tie zivot bez smrt, starost, nedostatoci, pomos, ogranicuvanja, zal i bolki? Zar ne baraat tie apsolutno sovrsenstvo, iako samo Allah dz.s. e sovrsen? Sovrsen e samo Eden i Edinstven. Ova znaci deka tie bi bil nezadovolen se dodeka tie licno ne bi stanale bogovi, a toa e ismejuvanje na samite sebe si. Takvi samo ne nasmejuvaat. Tie sakaat zivotot da bide raj, a sto storile taka da bide? So sto tie zasluzuvaat da bidat Bogovi. Edna baba bese popametna od doktor po nauki koga ni zboruvase ednostavno: >> „Dobroto e od gospod, zloto e od nas”>> Ova troska zborovi go rezimira i razresuva celiot problem. Bog ja dal rekata i veterot, no kapetanot na brodot ke ja prenatrupa so lugje i roba, pa togas koga ke potone brodot go pcue Gospod i ja krivi sudbinata. Kakov e grevot na Gospod vo toa? Toj ja dal vodata po koj brodi brodot i veterot koj ke go pridvizuva, no coveckata pohota i alcnost go prestorija dobroto vo zlo.>>
|
|
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е ако де, добро е да се видат различните одговори и гледишта на ова прашање. Таман луѓето да видат што нуди исламот како одговор, а што христијанството.
Кај што има копи-пејст има и
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
евангелос, не му се заблагодарувај безпотребно. Јас на пример, никогаш не ги читам овие „постови“ од Миралем. Зошто? затоа што апла се гледа дека 50% им е копирано и украдено бесрамно од христијански теолози (иначе од кај они толку акл да го смислат тоа сами) а останатите 50% се такви бљувотини, да те фатат суицидни мисли кога ги читаш (сега почнувам да ги сфаќам палестинците самоубици, некој да го чита ова секој ден)
Изменето од аџија - 09.Август.2007 во 01:31 |
|
Miralem1
Сениор Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 1548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
|
|
Miralem1
Сениор Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 1548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ke zaboravev.Pa neli na pocetok ti rekov: Eve ti uste eden Kopi Pejst ??? Ova na poveke temi vo Forumov sum go napisal i sega mislis deka treba tuka da ti go stampam so red ? Sekako,Kopi Pejst Ako ti pasira drugar Toa sto ve fasciniraat odgovorite so da ti praam
|
|
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аџија, сигурен си дека односот е 50:50? Ти текнува на темата што ти ја отвори "Исламски Плагијат"?
Таму само 2-3 збора беа изменети од нивна страна, така да односот би бил, грубо кажано, плагијат : измени = 99.99 : 0.01
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Gavolot ne prinuduva da mu svrtime grb na gospod i da se posvetime na nasata alcnost ? No ako go pogledneme svetot vo globalni ramki, toj e ateisticki, a hramovite se nebare kako dzidzimidzarnici koi sluzat da si kupis nekoja drangulija da si naprais muabet so cickoto vo crno. Koga ke izlezeme povtorno sme istite losite koi se nadevame deko so toa sto sme i napravile lice na verata deka dopolnitelno ke gi nahrani nasite alcni apetiti. Covekot primarno e los i zatoa ima stradanja, a uci da se preprava da bide dobar samo zatoa sto moze da mu donese korist. Vo psihoanalizata e dokazano deka covekot se saka samo sebe si iako se mrazi, a ostanatite se preprava deka gi saka dokolku e prinuden zaradi interes. Gospod nema vrska so stradanjata . . .
|
|
goor
Сениор Регистриран: 08.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 844 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
epa nema vrska gospod so toa...neli zatoa e izmislen gavolot za da toj bog ostane sovrsen i lugeto ne pobegnat od negovata vera koga ke se razbolat???
koga ke naucime sami da si gi prifakame posledivite za nasite dela i nevnimanija ke svatime deka i bog nema vrska so nisto ..... znaci: pricina - predolgo izlozuvanje na sonce ne visokite T Posledica-toploten udar Pricina-cel mesec rabota posledica - pogolema plata sto znaci nikoj ne te nateral da sedis na sonc ni bog ni gavolot...... znaci do vernicite koga ke naucite da si ja prifakate odgovornosta ke svatite deka nikoj ne vi se mesa vo zivotot nitu nekojsi bog nitu nekoj gavol Pozdrav |
|
end off days 15...14...13....
|
|
Gideon
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 302 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ama nekogas kolku i da si ja prifakjaas odgovornosta pak ima nesto sto te kopka te provocira ne ti dava mir,i pak ima posledici problemi i nesrekji!
Sot znaci nema neutralnost ili si na ednata ili pak na drugata strana!Sredinata ja nema za tao sto pak se problemite i grizite vo zivotot drugar!e zatoa SE Bog ili Gjavalot a ti sam si odlucuvas komu ke mu pripagjas dali na nemu ili nemu, ili pak ke si stois na strana,samo ne znam koaj e taa strana!Toa ne postoi druze ili nemir i ili mir so Boga tretoto avtomatski Hadot,Adot!!!
Zatoa mora da se predelime dodeka imame vreme Zatoa sto Milosta i Spasenieto sekogas ni se ponudeni no izborot e nas!!!!
Zatoa zemi go ona najdobroto.... a samo ti znaes sto e toa...
|
|
In God we Trust!
God Bless our Land! |
|
MaVnaTa
Сениор Регистриран: 18.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 165 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
EvAngelos golemo blagodaram iskreno od srce za preubavata tema.
vnimatelno ja procitav.preubavo tvoe obrazlozenie zosto postoi zloto ako veke postoi Bog. No eve pak bi prasala.Zosto dobrite lugje stradaat vo bolka,a zosto zlobnite ljugje ne znaat za bolka?dali mene,tebe ili bilo koj ,Bog ne stava vo iskusenie? poslednive godini pominav niz pekol.mislam deka Bog me zaboravil. |
|
goor
Сениор Регистриран: 08.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 844 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pa zatoa e izmislen druze??
da se tesis deka ako..neka e taka neka uzivaat tie ama jas ke uzivam vo rajot a tie ka skapt u pekol..... neli toa e osnovnata pricina za negovoto izmisluvanje kaj robovite ako nie sega ke se macime ama podocna tie sto sega ne im mozeme nisto ke gorat u pekolot..... Gideon daj malku sredi gi mislite te molam...... |
|
end off days 15...14...13....
|
|
Gideon
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 302 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vidi vaka prvo sekoj covek po svojata priroda e gresen,nepovtorliv!I zatoa sme podlozni na site losi i dobri nesta vo zivotot nas zemjen!zatoa site sme staveni vo iskusenie,toa e otest za nasata verba i duhovno-telesna izdrzlivost!No,Sekogas postoi nadezta i molitvata,spasot e neizbezen samo treba da go pobarame Mavnata!vo zivoto ke bideme staveni na sekakvi iskusenija i probi,no samo nie samite mozeme da gi pobedime!
Znaes vo zivotot sekogas se borime za sloboda za pobeda,onaa vistinskata,no nemoze da ja izvojuvame konecno!tuku nasata Borba prodolzuva sekogas,barem vo tekot na nasite zemni zivoti ,a ponatamu samo Bog znae!Znaci sekogas od ednata strana nie Zloto,demonot,Zmejot a od drigata pomosnikot,Branitelot,Sovetnikot i dobroto,e tie sekogas se borat megjusebe,samo nase e da odlucime komu ke se oslonime i kogo ke prifatime!Eh tezok e patot do konecniot mir i sloboda no veruvaj samo so istrajna i silna Vera ke ja dobieme onamu Gore!
Se nadevam deka me razbiras i dobro ti objasniv!Pa zatoa prodolzi si so tvojata vera i nazad ne skrenuvaj,veruvaj sekogas postoi dobra pricna za toa!Ej nekogas ne mora da poveruvas vo nesto pa duri ako toa se cini sosema nemozno!!!
pozdrav
|
|
In God we Trust!
God Bless our Land! |
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
verojatno zatoa so toj si ja znae podobro rabotata od nas, barem Toj znae deka losoto e ponekogas dobro za nas. Kako da e eden vid na vitamin koj e neophoden za pothranuvanjeto na nasiot duh
|
|
Внеси реплика | страница 123 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |