IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ЦЕЛИБАТ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЦЕЛИБАТ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 16>
Автор
Порака
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ЦЕЛИБАТ
    Испратена: 29.Јуни.2007 во 15:51
Уште една проблематична и искривена догма во денешната верска заедница, наречена МПЦ, што многу малку има заедничко со Христос и учењето на Неговите Апостоли, е  учењето за задолжителен целибат на владиците.

Иако во пракса, знаеме дека ова правило на сите можни перверзни начини се заобиколува (како случајот со Владиката Агатангел што се откажа од своите малолетни деца по смртта на сопругата и ги пресели кај роднини) за да може да се добие функцијата Епископ, сепак и самото правило е анти-христијанско.

Во Новиот Завет, целибатот за никого не е обврзувачки. Вистина е, дека за оние кои можат да се оддадат на таков подвиг, тоа е препорачано и добро, во очите Божји. Но како задолжителен закон е спротивно на Божјите уредби.

Всушност, речиси сите старозаветни пророци (Авраам, Мојсеј, Давид, Осија, итн.) имаа сопруги. Исто така, најверојатно и сите апостоли во раната црква исто така имале сопруги. За „главниот“ апостол Петар, тоа е сигурен податок.

Иако за Павле немаме директна изјава дека бил женет, постојат силни индикации дека имал сопруга, која најверојатно или починала или го оставила. Ваквото тврдење е потврдено од пишувањата на Климент Римски и на Евзебиј, како и од фактот што како член на Еврејскиот Санхредрин, тој МОРАЛ да биде женет. Во самите списи на Апостолот може да се насети, особено во 1 Кор. 9:5:

„Зар немаме право да водиме со себе сестра, жена верничка (gunaica periagein), како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа?“

Ова исто така посочува дека другите Апостоли биле женети. Ваквото тврдење е потврдено од раните црковни историчари...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 21:57
А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отпаднат од верата и ќе слушаат измамливи духови и демонски учења, преку лицемерството на лажливци кои се жегосани во својата совест, кои забрануваат стапување во брак...
1 Тимотеј 4:1-3

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2007 во 02:41
"...i sovetuvaat vozdrzhuvananje od jadenje (postenje?), sto gi stvoril Bog, vernicite da gi jadat so blagodarnost i onie, sto ja poznaa vistinata. Oti sekoe tvorenie Bozhjo e dobro i nishto ne e za otfrluvanje, stom se prima so blagodarnost, bidejki se osvetuva preku slovoto Bozhje i so molitva."

Mnogu dobro zabelezhano EvAngelos. Ne znam zoshto, no ova go imam izumeno. Blagodaram sto me potseti. Ne znam kako katolicite skoknuvaat preku ovoj del od Noviot Zavet. Interesno e da se najde nivnoto tolkuvanje, ako voopshto imaat nekoe.

P.S. Inaku ne me interesira dali nekoj saka da se zheni ili ne. Smetam deka toa si e lichen izbor i nikoj ne treba nikomu da mu nareduva nishto vo vrska so toa. Me interesira samo kako oficijalnoto verouchenie zazelo odredeni stavovi po ovaa osnova.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2007 во 03:00
Ова, пак, ви го велам како совет, а не како заповед.
Оти сакам, сите луѓе да се како јас; но секој си има свој дар од Бога
- еден ваков, друг инаков.
А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде, ако останат како јас.
Но, ако не можат да се воздржат, нека се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да се возбудуваат.


Од овие стихови јасно се гледа дека оние кои сакаат совршено да му се посветат на Бога: добро ќе им биде, ако останат како јас. Но ако не можат да се воздржат, нека се женат и мажат.

И истовремено јасно е дека Павле не може да бил женет. А тоа масонските индиции кажувај му ги на мали деца. Впрочем нели протестантот не се потпира на индиции туку „само на Библијата“.

Така и секој од вас, кој не се откаже од се што има, не може да биде Мој ученик

Монахот е тој ученик кој се откажува од се што има.


Изменето од sard - 30.Јуни.2007 во 03:01
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2007 во 03:06
sard, ако е СОВЕТ, а не ЗАПОВЕД, тогаш ти не кажуваш ништо ново од она што Аџија во воведот го истакна.
Прашањето всушност беше:
Ако е СОВЕТ, а НЕ ЗАПОВЕД, тогаш ЗОШТО за да бидеш епископ во "право"славната црква ти НЕ СМЕЕШ да се жениш? Smile

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2007 во 04:02
Добро е се согласивме за библиското признавањето на целибатот.
Ако Црквата советот си го сфатила како заповед не е ли тоа побогоугодно. Тоа е и Павловата поента ако внимателно читаш, не сакал да им даде заповед, но побарал да биде доброволно прифатено како такво.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2007 во 10:16
Некој овде упорно се повикува на „Отците“ а не слуша што пишале и што правеле...

За секој што малку уклучува и мозок, знае дека Павле бил женет, а ако тоа е толку гооооолем грев да го признае кривославецот, тогаш и Павлета прогласете го за еретик, нема да ви е ни прв ни последен пат...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2007 во 10:59
Originally posted by sard sard напиша:

Добро е се согласивме за библиското признавањето на целибатот.
Ако Црквата советот си го сфатила како заповед не е ли тоа побогоугодно. Тоа е и Павловата поента ако внимателно читаш, не сакал да им даде заповед, но побарал да биде доброволно прифатено како такво.


Ако некој воопшто се согласи тука, мислам дека тоа си ти, бидејќи никој во предходните постови тоа не го негираше.
Ако некоја си "црква", советот го направила ЗАПОВЕД, тоа значи дека истата посегнала по диктатура и дека ЗАБРАНУВА нешта што Бог ОДОБРИЛ, со други зборови го крева својот збор над Божјиот, а тоа е ЕРЕС!

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2007 во 12:18
Originally posted by аџија аџија напиша:

Некој овде упорно се повикува на „Отците“ а не слуша што пишале и што правеле...

За секој што малку уклучува и мозок, знае дека Павле бил женет, а ако тоа е толку гооооолем грев да го признае кривославецот, тогаш и Павлета прогласете го за еретик, нема да ви е ни прв ни последен пат...


Значи Павле лажел:
А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде, ако останат како јас.

Дај да ги видиме тие податоци, што ги матосуваш луѓето!?
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2007 во 12:26
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by sard sard напиша:

Добро е се согласивме за библиското признавањето на целибатот.
Ако Црквата советот си го сфатила како заповед не е ли тоа побогоугодно. Тоа е и Павловата поента ако внимателно читаш, не сакал да им даде заповед, но побарал да биде доброволно прифатено како такво.


Ако некој воопшто се согласи тука, мислам дека тоа си ти, бидејќи никој во предходните постови тоа не го негираше.
Ако некоја си "црква", советот го направила ЗАПОВЕД, тоа значи дека истата посегнала по диктатура и дека ЗАБРАНУВА нешта што Бог ОДОБРИЛ, со други зборови го крева својот збор над Божјиот, а тоа е ЕРЕС!


Ако невестата Црквата се ограничи во она што младоженецот Христос и го дозволил значи дека е благочестива невеста. А од друга страна не е добро за младоженецот да и се натура на невестата затоа тоа е побарано без заповед туку со барање.
Не е ли така во бракот. Партнерот не смее да и ја ограничи слободата на другата страна, ама другата страна треба да си ја знае лекцијата на самоограничување и таму каде што и е дадена слобода, во спротивно големи се шансите дадената слобода да ја заведе во неверство. Читај го цитатот и ќе ја сфатиш поентата во позадина.
Само вашата блудна невеста си ја зема секоја можна слобода која ќе ја најде и не си ја пази чесноста.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2007 во 12:43
Какви благочестиви невести ми спомнуваш мил сарде LOL
Ако не разбра, еве ќе ти повторам...


Ако некоја си "црква", советот го направила ЗАПОВЕД, тоа значи дека истата посегнала по диктатура и дека ЗАБРАНУВА нешта што Бог ОДОБРИЛ, со други зборови го крева својот збор над Божјиот, а тоа е ЕРЕС!

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2007 во 13:18
Не може Црквата да згрешила ако советот за себе си го послушала, туку ќе биде уште поблагочестива пред Бога, за разлика од блудните „цркви“ кои и стриктната заповед ја претвораат во совет кој не мора да се спроведува.

А Петар им рече: »Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исуса Христа за простување на гревовите; и ќе примите дар од Светиот Дух.

Па блудните невести Христови сепак велат, не мора да се крстиш. Ако со крштевањето се простуваат гревовите, тогаш како ќе се спаси човек кому претходните гревови не му се простени.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2007 во 13:21
Или кои не ја слушаат Црквата туку самите си толкуваат:

ако ли не те послуша, поведи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор;
ако ли, пак, не ги послуша и нив, кажи й на црквата; па, ако и црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и митник.

Што има еден протестант да ја слуша заедницата на верниците кога тој сам си ја толкува Библијата и таа сама му се кажува.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2007 во 13:30
дете ти скроз забега Smile ептен те истоштија овие непреспиени ноќи тука на форумов, почна и да бладаш...
Какви благочестивости спомнуваш, зошто мешаш крштевање, покајание, спорови во црквата, кога темата воопшто не е тоа, туку темата е Целибат!
Се работи за ерес во рамките на православната црква

Ако некоја си "црква", советот го направила ЗАПОВЕД, тоа значи дека истата посегнала по диктатура и дека ЗАБРАНУВА нешта што Бог ОДОБРИЛ, со други зборови го крева својот збор над Божјиот, а тоа е ЕРЕС!

Православната црква забранува нешто што Бог одобрил, разбираш?! ЕРЕС! Диктатура! Непотребен Јарем!


Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.