IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ЦЕЛИБАТ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЦЕЛИБАТ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 141516
Автор
Порака Обратен редослед
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2007 во 15:51
Уште една проблематична и искривена догма во денешната верска заедница, наречена МПЦ, што многу малку има заедничко со Христос и учењето на Неговите Апостоли, е  учењето за задолжителен целибат на владиците.

Иако во пракса, знаеме дека ова правило на сите можни перверзни начини се заобиколува (како случајот со Владиката Агатангел што се откажа од своите малолетни деца по смртта на сопругата и ги пресели кај роднини) за да може да се добие функцијата Епископ, сепак и самото правило е анти-христијанско.

Во Новиот Завет, целибатот за никого не е обврзувачки. Вистина е, дека за оние кои можат да се оддадат на таков подвиг, тоа е препорачано и добро, во очите Божји. Но како задолжителен закон е спротивно на Божјите уредби.

Всушност, речиси сите старозаветни пророци (Авраам, Мојсеј, Давид, Осија, итн.) имаа сопруги. Исто така, најверојатно и сите апостоли во раната црква исто така имале сопруги. За „главниот“ апостол Петар, тоа е сигурен податок.

Иако за Павле немаме директна изјава дека бил женет, постојат силни индикации дека имал сопруга, која најверојатно или починала или го оставила. Ваквото тврдење е потврдено од пишувањата на Климент Римски и на Евзебиј, како и од фактот што како член на Еврејскиот Санхредрин, тој МОРАЛ да биде женет. Во самите списи на Апостолот може да се насети, особено во 1 Кор. 9:5:

„Зар немаме право да водиме со себе сестра, жена верничка (gunaica periagein), како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа?“

Ова исто така посочува дека другите Апостоли биле женети. Ваквото тврдење е потврдено од раните црковни историчари...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 141516
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.