|
Вселена |
Внеси реплика | страница 123 8> |
Автор | ||||||
Ghost
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Universe is my limit Регистриран: 30.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 6109 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 26.Јуни.2007 во 15:50 |
|||||
Нашиот сончев систем, нашата галаксија, други галаксии, претпоставки за уништување, опасности од други цивлизации, преживување на човечката раса зависно од пронаоѓање друга слична планета како нашата, општо за вселената може да се коментира тука...
Изменето од Ghost - 26.Јуни.2007 во 16:18 |
||||||
MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
||||||
Ghost
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Universe is my limit Регистриран: 30.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 6109 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Млечен патМлечниот пат (на латински Via Lactea, со корени во грчкиот термин Γαλαξίας (Galaxias) ), е спирална галаксија која припаѓа на локалната група на галаксии во нашиот универзум. Иако млечниот пат е само една од билијардата галаксии кои егзистираат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвотот и е дом на Соларниот систем. Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во млечниот пат. Галаксијата е најсветла во делот кадешто е соѕвездието – Стрелец, кон галактичкиот центар. Главниот диск на галаксијата е широк помеѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во дијаметар, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека млечниот пат содржи помеѓу 200 и 400 билиони ѕвезди. СтаростСтароста на галаксијата се претпоставува дека е 13.6 билиони години, или врсник на нашиот универзум. Овие бројки се базираат на истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи. Местото на сонцето во Млечниот патСонцето а со тоа и земјата и соларниот систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Раката на Орион, на оддалеченост од 7.94±0.42 парсека од галактичкиот центар. Далечината помеѓу Орионовата рака и Раката на Персеј која е следна изнесува 6,500 светлосни години. На сонцето му се потребни помеѓу 225-250 милиони години да заврши една орбита околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на соларниот систем е околу 217 км во секунда. Иднината на млечниот патНајновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до млечниот пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 билиони годиниа. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето сонце и други ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу билион години. |
||||||
MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
||||||
Ghost
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Universe is my limit Регистриран: 30.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 6109 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Сончев систем
Финалната дефиниција на сончевиот систем го отфрла Плутон како планета и со тоа содржи осум планети
Сончев систем е планетарен систем кој се состои од Сонцето и останатите небески тела кои орбитираат (кружат) околу него: 8-те планети заедно со своите природни сателити и прстени, илјадиците астероиди и комети, метеоридите и останатиот меѓупланетарен материјал. Границите на Сончевиот систем се простираат и по орбитата на Плутон (кој не е планета), кој орбитира со просечна далечина од 30 AU, и ги вклучува Појасот Купер кој достига до 50 AU и Oблакот Орт составен од комети од кои некои се оддалечуваат од Сонцето и до 100.000 AU (1,5 Светлосни години). По донесувањето на првата дефиниција на планета на 24 август, 2006, Плутон престанува да биде планета и станува планета-џуџе. Со тоа Сончевиот систем има 8 планети. Сите планети имаат директна орбита, т.е. тие ротираат околу Сонцето во истата насока во која ротира и самото Сонце; движењето на повеќето сателити е исто така директно. Сонцето е далеку најмасивно тело во Сончевиот Систем, неговата маса е 330.000 пати поголема од земјината. Меѓупланетарниот простор содржи космичка прашина и екстремно малку јонизиран гас (честички од сончевиот ветер). Сончевиот систем настанал пред речиси 5000 милиони години, како резултат на згуснувањето на облак од меѓуѕвезден гас и прашина (сончевата небула). Постојат и останати вакви системи кои се центрирани околу други ѕвезди и се викаат „сончеви системи“, а постоењето на дискови од материја кои ги опкружуваат ѕвездите наведуваат на заклучок дека планетите се нус производ од формирањето на ѕвездите. Растојанијата во сончевиот систем најчесто се искажуваат во астрономски единици кои се означуваат со AU. 1 AU е растојанието помеѓу Земјата и Сонцето или околу 150 милиони километри. |
||||||
MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
||||||
Ghost
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Universe is my limit Регистриран: 30.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 6109 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Астероиден појасАстероидниот појас е прстен широк 100 500 km. составен од каменести вселенски остатоци, кои се наоѓаат меѓу орбитите на Марс и Јупитер. Астероидите се разликуваат според големината и повеќето од нив имаат неправилен облик. Астероидите кружат окулу Сонцето уште од моментот на создавањето на Сончевиот Систем, но силната гравитација на Јупитер ги оневозможила да се претворат во планета. Ако се случело тоа, големината на планетата би била една триесет и третина од големината на месечината. Некои астероиди скршнуваат од патот на астероидниот појас и се движат преку орбитите на планетите. |
||||||
MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
||||||
Ghost
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Universe is my limit Регистриран: 30.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 6109 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
ЦРНИ ДУПКИ
Црната дупка претставува редион во просторот,со многу голема маса концентрирана на релативно мала површина.Објектите кои ќе бидат привлечени од екстремно големата гравитација на црните дупки немаат шанса да избегаат т.е. заробени се засекогаш. Постојат два начина да се објасни колку се големи црните дупки.Првиот начин е според концентрирана маса на единица површина,а вториот начин е според површината што ја зазема во просторот. Не постои ограничување за тоа колку најмалку маса треба да има една црна дупка.Секое количество на маса би можело да стане црна дупка ако тоа количество маса биде подложено на истите условите под кои се формира црната дупка.(голем притисок). Најголемиот дел од црните дупки во вселената се формираат од експлозија на масивни ѕвезди и се претпоставува дека тие црни дупки имаат маса слична или иста на ѕвездите од кои се формирани.Типичната маса на стеларна црна дупка е 10 пати поголема од онаа на нашето сонце или околу 10^31 килограми(10на 31) т.е. 10.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 килограми.Исто така се претопставува дека има и црни дупки со милион пати повеќе маса од нашето сонце!!!!!! Колку повеќе маса има црната дупка толку повеќе простор зазема.Ако некоја црна дупка има маса 10 пати поголема од друга црна дупка толку првата црна дупка има поголем радиус од втората(10 пати).типична 10соларна супер дука има радиус од три милиони километри.Тоа можеби изгледа многу но земено со неверојатно големиот универзум тоа е многу мало. Да претпоставиме
дека се наоѓаме во вселенски брод и сме во центарот на нашата галаксија
близу до некоја црна дупка.Наеднаш скокнуваме од вселенското летало!!! Што гледаме додека паѓаме кон центарот на црната дупка? Ако некој пријател би не набљудувал од страна што би забележал тој? |
||||||
MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
||||||
mark
Нов член Регистриран: 30.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 27 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
ja mislam deka vselenata zasekogas ke ostane misterija za nezinata evolucija, kako e mozno da ima beskone4en prostor, kako e mozno vselenata da se preraga da eksplodira i sl i site procesi vo nea ke ostanat misterija za covekoviot um, zaso toa e nesto enormno i beskrajno mokno.
|
||||||
принцот
Нов член Регистриран: 12.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Многу ми е интересно кога некој ке каже дека можно е да бидеме нападнати од друга цивилизација...Замислете кога би стигнале тие на нашата планета а знаеме дека во близина нема друга цивилизација колку уствари тие би биле понапредни од нас и можеби не размислуваат како нас само да поробуваат некој и потчинуваат,можеби ке бидат племенити и добри-мене тоа ми е пологично заради цивилизациската напредност!!!
|
||||||
Ghost
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Universe is my limit Регистриран: 30.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 6109 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
НАСА и ЕСА заедно во нови мисии
09.07.2007 Американската и Европската вселенска агенција ќе соработуваат на две мисии, кои се од витална важност за разбирањето на Вселената. Станува збор за вселенскиот телескоп Џејмс Веб (Јames Webb Space Telescope) и мисијата Лиса Патфајндер (Lisa Pathfinder). Телескопот Џејмс Веб е опишан како наследник на Хабловиот вселенски телескоп и ќе работи со бранови од спектарот на видливата и инфрацрвената светлина, а лансирањето е предвидено за 2013 година. Именуван е по Џејмс Веб (James E. Webb), раководител на НАСА за време на мисиите Аполо. Треба да поседува способност за забележување на најоддалечените и најрани објекти кои ја сочинуваат Вселената. Ќе функционира на криолитски температури, за да не емитува сопствена инфрацрвена радијација, со што инаку би ги покрил слабите астрономски сигнали.
Телескопот ќе биде поставен на оддалеченост од 1,5 милиони километри од Земјата, во Лагранжовата точка 2 - место на гравитационен баланс, кој ќе го одржува во линија Сонце - Земја. Ќе биде заштитен од Сонцето со штит, што ќе овозможи да остане ладен и со тоа да се зголеми неговата чувствителност на инфрацрвена радијација. Три главни инструменти ќе прават снимки на Вселената во инфрацрвениот дел на спектарот, а од нив треба да се добијат информации за тоа како се создале првите ѕвезди и галаксии неколку стотици милиони години по Биг Бенгот. Лиса Патфајндер е мисија создадена за да ги испроба технологиите потребни за мисијата Лиса (Laser Interferometer Space Antenna), со која ќе се тестира основното предвидување на Општата теорија на релативитет на Ајнштајн - предвидувањето за гравитационите бранови.
Нашето севкупно знаење за Вселената е засновано на набљудувања на електромагнетни бранови, какви што се видливата светлина, инфрацрвената, радио и Х-зраците. Меѓутоа, постојат нешта во астрономијата и астрофизиката кои не можеме да ги видиме со нив. Се верува дека тие можат да се видат со гравитационите бранови. Според Ајнштајн, постојат бранови во простор-времето и за нив се верува дека се вкрстуваат во Вселената со брзина на светлината, но нивното постоење допрва треба да се набљудува директно. А, токму тоа ќе го прави Лиса - ќе ги детектира овие бранови, со што ќе ни отвори нов поглед на Вселената. Леталото треба да биде способно да детектира радијација која е остаток од самиот Биг Бенг, па со тоа да ни овозможи да допреме и до првите моменти на создавањето, како и да разрешиме некои од контрадикторните теории за овој период од еволуцијата на Вселената. Мисијата се потпира на технологии кои никогаш не биле користени претходно, па оттаму и неможноста истите да се проверат. Затоа Европската вселенска агенција стартува со оваа мисија. Се очекува Лиса Патфајндер да биде лансиран во 2010 година, а чини околу 247 милиони евра. |
||||||
MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
||||||
Ghost
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Universe is my limit Регистриран: 30.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 6109 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Заеднички проект на најголемите вселенски агенции
03.07.2007 Кон крајот на месец мај, најголемите вселенски агенции ја претставија својата заедничка визија за глобално координирање на идните вселенски истражувања на Месечината, Марс и пошироко. Глобалната стратегија за истражување (Global Exploration Strategy) ја нагласува општествената подлога за истражување на Вселената и ги определува моменталните фокуси во развојот на идните истражувања. Меѓу останатите работи, пред сè, тоа се враќање на Месечината и истражување на Марс.
Во овие преговори беа вклучени НАСА, ЕСА, Британскиот национален вселенски центар (British National Space Centre), како и вселенските агенции од Австралија, Кина, Франција, Канада, Германија, Индија, Италија, Украина, Кореја и Јапонија. Решението да се превземе еден ваков чекор, Агенциите го објаснуваат со следниве аргументи: „Половина век по Спутник време е да се обединат сите нации со
искуство во вселенските истражувања. Со обединување на повеќе нации,
многу од младите научници ќе можат да соработуват на повеќе проекти од
фундаментално значење. Многу работи кои денес ги користиме се продукт
на развивање на вселенската програма: глобални метеоролошки сателити,
сателити за тревога во случај на прородни катастрофи, како и сателити
за глобална комуникација. Овие системи повеќе не можат да бидат од
интерес само за една нација.“ |
||||||
MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
||||||
Ghost
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Universe is my limit Регистриран: 30.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 6109 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Прстени околу Млечниот Пат
02.07.2007 Научниците од Научниот центар „Спицер“ (Spitzer Science Center) пронајдоа три огромни потоци од ѕвезди, налик на прстени, кои се наоѓаат високо над Млечниот Пат. Тие се остaток од канибализирани галаксии и ѕвездени јата, кои пред многу милиони години дошле во контакт со нашата галаксија. Потоците се наоѓаат на оддалеченост помеѓу 13 000 и 130 000 светлински години од Земјата, и се протегаат скоро низ целото северно небо.
Два од новооткриените потоци се остатоци од антички ѕвездени јата. Попознати како затворени (глобуларни) ѕвездени јата, овие големи ѕвездени „градови“ можат да содржат од илјадници, па до неколку милиони ѕвезди. Иако денес се познати околу 150 затворени јата кои кружат околу Млечниот Пат, порано може да имало и неколку илјади. Откритието е направено со анализа на податоците добиени од опсерваторијата Апачи (Apache Point Observatory) во Ново Мексико, дел од програмата Sloan Digital Sky Survey. При анализата биле измерени околу 70 милиони ѕвезди, распространети преку една четвртина од целото небо. Со споредба на бојата и светлината на овие ѕвезди, во однос на ѕвездите од постоечките ѕвездени јата, тие биле изолирани во групи, распоредени по целото небо. Веднаш откако била направена поделбата, огромните прстени станале видливи. Третиот откриен поток се протега на поголем дел од небото и најверојатно е остаток од некоја џуџеста галаксија. Џуџестите галаксии можат да содржат и до 100 милиони ѕвезди, а понекогаш и значителен дел од мистериозната темна материја. Околу нашата галаксија денес се познати околу 20 џуџести галаксии, иако според научниците оваа бројка треба да биде многу поголема. Овие потоци се едни од најголемите објекти на небото. Според претпоставките, тие прават еден комплетен круг околу нашата галаксија. Ова откритие навестува дека можеби околу нашата галаксија има многу повеќе вакви формации, иако ова е само деветтиот поток од ѕвезди кој е откриен досега. Па така, нашата галаксија оддалеку можеби наликува и на една голема топка. Анализите на овие објекти ќе продолжат понатаму, давајќи ни една покомплетна слика за развојот на Млечниот Пат. |
||||||
MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
||||||
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
kako e mozno da ima beskone4en prostor,... [/QUOTE]
Одговорот е во мултидимензионалноста! |
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Не е точно! Експлозија на ѕвездата еден од 3те вида на смрт кај ѕвездите според астрономите. Овој вид на смрт на една ѕвезда се нарекува уште и Супер Нова, при чија експлозија материјата од ѕвездата се распрснува низ просторот и нема некое правило што понатака ќе се случи со таа материја. Ако во близина има друга ѕвезда дел од нејзината материја може да продолжи како природен сателит околу соседната ѕвезда, или пак нејзините парчиња да патуваат низ вселената како метеори. Дел од ѕвездата најчесто преминува и во маглина/и.
Втората смрт на една ѕвезда е топлотната смрт т.е. таа да олади и да се претвори во едно ладно небесно тело со радиус поголем од соседните планети. Според астрономите, нашето Сонце ќе заврши вака.
Третата смрт на една ѕвезда е кога нејзината гравитациона сила ќе ја надвладее нуклеарната сила која дејствува во јадрото на ѕвездата (со тенденција да ја шири). При оваа јака гравитација самата ѕзвезда си ја привлекува својата површина кон јадрото и колку повеќе се збива толку повеќе расте и нејзината гравитациона сила. Никој не може да знае до каде се набива оваа ѕвезда бидејќи во еден момент нејзината гравитација е толку силна што не им дозволува ни на светлината да ја напушти нејзината површина.
Оваа смрт на некои ѕвезди се нарекува црна дупка. Според некои астрономи, се верува дека ваквите ѕвезди се збиваат колку едно зрно ориз, електрон или пак сосема исчезнуваат просторно и дека со нивната силна гравитација која, спроед Специјалната Теорија на Ајнштај го закривуваат дури и просторот. Оттука па натаму науката повеќе преминува во филозофија и претпоставки, затоа што физичарите не можат со сигурност да потврдат дека класичните закони, па и оние квантно-релативистички, важат при такви услови. Некои веруваат дека доколку паднеме во црна дупка, ние ќе се појавиме на друго место во универзумот и во друго време. Јас сметам дека ова е претерано. При самото наше приближување кон црна дупка, на едно критично растојание нашето тело би се распаднало на елементарни честички. Итн, ај доста пишував.
|
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Не бе, човекот си има право. Судбината на една ѕвезда зависи од нејзината почетна маса! Ако е премногу масивна таа (парадоксално) побрзо ќе го потроши нејзиното нуклеарно гориво и ќе стане нестабилна (да не го објаснувам сега целиот процес у детаљи) при што нејзиниот внатрешен дел (јадрото) во милисекунда ќе се собере (и ќе формира црна дупка), а надворешниот дел (обвивката) ќе експлодира во супернова! |
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Судбината на една ѕвезда зависи од нејзиниот однос маса/радиус. Ако една ѕвезда има голема маса, а мал радиус тогаш, како што веќе кажав погоре, кога нејзините нуклеарни реакции во јадрото ќе се намалат, нејзината силна гравитација ќе ја привлече нејзината површина и целата ѕвезда ќе се проголта самата себе збивајќи се во нејзиното јадро до големина која никој не може да ја дознае, бидејќи под некое ктирично R таа станува Црна Дупка која не зрачи ниту рефлектира светлина и голта се што ќе се приближи до неа.
За теоријата која ја наведуваш, дека јадрото се збива, а површината експлодира, прв пат слушам, а и малку ми е смешна, од неколку причини.
1. Нуклеарните реакции се создаваат во јадрото, а не во надворешниот дел на ѕвездата.
2. Кога нуклеарните сили во јадрото ќе се намалат и ќе станат помали од гравитационите, јадрото се привлекува самото себе кон својот центар, а воедно и го привлекува и надворешниот дел на ѕвездата.
3. На надворешниот дел на ѕвездата делуваат 2 сили: Нуклеарната која тежи да ја шири ѕвездата, и гравитационата која тежи да ја збие ѕзвездата. Овие сили кај една обична ѕзведа се во рамнотежа, но штом нуклеарната ослабне (пред гравитационата), тогаш резултантата на овие две сили е вектор насочен кон центарот на ѕвездата и тежи да ја збие и да ја претвори во Црна Дупка.
4. Освен овие 2 сили чија резултанта е насочена кон центарот, не постои ниедна друга сила која тежи да го прошири (експлозија) надворешниот дел на ѕвездата.
Поздрав. Изменето од EvAngelos - 09.Февруари.2008 во 11:54 |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
Внеси реплика | страница 123 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |