Вселена
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Наука
Опис на форумот: Астрономија, Генетика, Физика...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8115
Датум на принтање: 05.Декември.2024 во 02:48 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Вселена
Постирано од: Ghost
Наслов: Вселена
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 15:50
Нашиот сончев систем, нашата галаксија, други галаксии, претпоставки за уништување, опасности од други цивлизации, преживување на човечката раса зависно од пронаоѓање друга слична планета како нашата, општо за вселената може да се коментира тука...
------------- MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
Коментари:
Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 15:51
Млечен пат
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0:Milky_Way_2005.jpg">
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0:Milky_Way_2005.jpg">
Графички приказ како изгледа нашата галаксија доколку се набљудува одозгора
Млечниот пат (на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8 - латински Via Lactea, со корени во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D1%80%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA - грчкиот
термин Γαλαξίας (Galaxias) ), е спирална галаксија која припаѓа на
локалната група на галаксии во нашиот универзум. Иако млечниот пат е
само една од билијардата галаксии кои егзистираат во познатиот
универзум, галаксијата е од особено значење на човештвотот и е дом на
Соларниот систем. Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела
светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од земјата.
Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во млечниот пат.
Галаксијата е најсветла во делот кадешто е http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A1%D0%BE%D1%95%D0%B2%D0%B5%D0%B7%D0%B4%D0%B8%D0%B5_%D0%A1%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D1%86&action=edit - соѕвездието – Стрелец , кон галактичкиот центар. Главниот диск на галаксијата е широк помеѓу 80.000 и 100.000 http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BB%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0 - светлосни години во http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%94%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80&action=edit - дијаметар , и околу 1000 http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BB%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0 - светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека млечниот пат содржи помеѓу 200 и 400 билиони ѕвезди.
Старост
Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13.6 билиони години,
или врсник на нашиот универзум. Овие бројки се базираат на истражувања
во http://mk.wikipedia.org/wiki/2004 - 2004 , кои ги спроведе тим на реномирани http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%90%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC&action=edit - астрономи .
Местото на сонцето во Млечниот пат
Сонцето а со тоа и земјата и http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD_%D1%81%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BC - соларниот систем , се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A0%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9E%D1%80%D0%B8%D0%BE%D0%BD&action=edit - Раката на Орион , на оддалеченост од 7.94±0.42 http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9F%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%B5%D0%BA&action=edit - парсека од http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%93%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80&action=edit - галактичкиот центар . Далечината помеѓу Орионовата рака и http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A0%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%9F%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%B5%D1%98&action=edit - Раката на Персеј
која е следна изнесува 6,500 светлосни години. На сонцето му се
потребни помеѓу 225-250 милиони години да заврши една орбита околу
галактичкото јадро. Орбиталната брзина на соларниот систем е околу 217
км во секунда.
Иднината на млечниот пат
Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%BD%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B0 - Андромеда
се приближува до млечниот пат со брзина од 300 км/с. Според ова
истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 билиони
годиниа. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5 - сонце и други ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%95%D0%BB%D0%B8%D0%BF%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B0_%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0&action=edit - елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу билион години.
------------- MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 15:53
Сончев систем
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0:Solar_sys2.png">
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0:Solar_sys2.png">
Финалната дефиниција на сончевиот систем го отфрла http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BB%D1%83%D1%82%D0%BE%D0%BD - Плутон како планета и со тоа содржи осум планети
Сончев систем е http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD_%D1%81%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BC&action=edit - планетарен систем кој се состои од http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5 - Сонцето и останатите небески тела кои орбитираат (кружат) околу него: 8-те http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B0 - планети заедно со своите http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD_%D1%81%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%82 - природни сателити и прстени, илјадиците http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B4 - астероиди и http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%B0 - комети , http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9C%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B4&action=edit - метеоридите и останатиот меѓупланетарен материјал. Границите на Сончевиот систем се простираат и по орбитата на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BB%D1%83%D1%82%D0%BE%D0%BD - Плутон (кој не е планета), кој орбитира со просечна далечина од 30 http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%90%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0&action=edit - AU , и ги вклучува http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9F%D0%BE%D1%98%D0%B0%D1%81%D0%BE%D1%82_%D0%9A%D1%83%D0%BF%D0%B5%D1%80&action=edit - Појасот Купер кој достига до 50 AU и http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9E%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D0%BA_%D0%9E%D1%80%D1%82&action=edit - Oблакот Орт составен од комети од кои некои се оддалечуваат од Сонцето и до 100.000 AU (1,5 http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BB%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%B0_%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0 - Светлосни години ).
По донесувањето на првата http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B5%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B0 - дефиниција на планета на http://mk.wikipedia.org/wiki/24_%D0%B0%D0%B2%D0%B3%D1%83%D1%81%D1%82 - 24 август , http://mk.wikipedia.org/wiki/2006 - 2006 , Плутон престанува да биде http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B0 - планета и станува http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B0-%D1%9F%D1%83%D1%9F%D0%B5&action=edit - планета-џуџе . Со тоа Сончевиот систем има 8 планети.
Сите планети имаат директна орбита, т.е. тие ротираат околу Сонцето
во истата насока во која ротира и самото Сонце; движењето на повеќето
сателити е исто така директно. Сонцето е далеку најмасивно тело во
Сончевиот Систем, неговата http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%81%D0%B0 - маса е 330.000 пати поголема од земјината. Меѓупланетарниот простор содржи космичка прашина и екстремно малку http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%88%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD_%D0%B3%D0%B0%D1%81&action=edit - јонизиран гас (честички од http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A1%D0%BE%D0%BD%D1%87%D0%B5%D0%B2_%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B5%D1%80&action=edit - сончевиот ветер ).
Сончевиот систем настанал пред речиси 5000 милиони години, како
резултат на згуснувањето на облак од меѓуѕвезден гас и прашина
(сончевата небула). Постојат и останати вакви системи кои се центрирани
околу други ѕвезди и се викаат „сончеви системи“, а постоењето на
дискови од материја кои ги опкружуваат ѕвездите наведуваат на заклучок
дека планетите се нус производ од формирањето на ѕвездите.
Растојанијата во сончевиот систем најчесто се искажуваат во http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%90%D1%81%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0&action=edit - астрономски единици кои се означуваат со AU. 1 AU е растојанието помеѓу Земјата и Сонцето или околу 150 милиони километри.
------------- MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 15:55
Астероиден појас
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0:InnerSolarSystem-en.png">
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0:InnerSolarSystem-en.png">
Главниот астероиден појас (претставен со бела боја) помеѓу орбитите на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D1%81 - Марс и http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D1%83%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%80 - Јупитер .
Астероидниот појас е прстен широк 100 500 km. составен од каменести вселенски остатоци, кои се наоѓаат меѓу http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9E%D1%80%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B0&action=edit - орбитите на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D1%81 - Марс и http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D1%83%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%80 - Јупитер . http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B4 - Астероидите
се разликуваат според големината и повеќето од нив имаат неправилен
облик. Астероидите кружат окулу Сонцето уште од моментот на создавањето
на Сончевиот Систем, но силната гравитација на Јупитер ги оневозможила
да се претворат во планета. Ако се случело тоа, големината на планетата
би била една триесет и третина од големината на месечината. Некои
астероиди скршнуваат од патот на астероидниот појас и се движат преку
орбитите на планетите.
------------- MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 16:49
ЦРНИ ДУПКИ
Црната
дупка претставува редион во просторот,со многу голема маса
концентрирана на релативно мала површина.Објектите кои ќе бидат
привлечени од екстремно големата гравитација на црните дупки немаат
шанса да избегаат т.е. заробени се засекогаш. Постојат два начина
да се објасни колку се големи црните дупки.Првиот начин е според
концентрирана маса на единица површина,а вториот начин е според
површината што ја зазема во просторот. Не постои ограничување за
тоа колку најмалку маса треба да има една црна дупка.Секое количество
на маса би можело да стане црна дупка ако тоа количество маса биде
подложено на истите условите под кои се формира црната дупка.(голем
притисок). Најголемиот дел од црните дупки во вселената се
формираат од експлозија на масивни ѕвезди и се претпоставува дека тие
црни дупки имаат маса слична или иста на ѕвездите од кои се
формирани.Типичната маса на стеларна црна дупка е 10 пати поголема од
онаа на нашето сонце или околу 10^31 килограми(10на 31) т.е. 10.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000
килограми.Исто така се претопставува дека има и црни дупки со милион
пати повеќе маса од нашето сонце!!!!!! Колку повеќе маса има
црната дупка толку повеќе простор зазема.Ако некоја црна дупка има маса
10 пати поголема од друга црна дупка толку првата црна дупка има
поголем радиус од втората(10 пати).типична 10соларна супер дука има
радиус од три милиони километри.Тоа можеби изгледа многу но земено со
неверојатно големиот универзум тоа е многу мало. Да претпоставиме
дека се наоѓаме во вселенски брод и сме во центарот на нашата галаксија
близу до некоја црна дупка.Наеднаш скокнуваме од вселенското летало!!!
како прво ние не би почуствувале никакво дејство на гравитационата
сила.Ние слободно паѓаме и се чувствуваме како да сме во безтежинска
состојба.како одиме се поблиску до центарот на црната дупка така ние
чувствуваме “сластна“ гравитациона сила.Да замислиме дека нашите
стапала се поблиску до центарот на црната дука од нашата
глава.Гравитацијата е поголема во делот каде што се нашите стапала
отколку кај главата.Како резултат на тоа ние се чувствуваме како
растегнати. Што гледаме додека паѓаме кон центарот на црната дупка?
Всушност не гледаме ништо интересно.Никој кој се наоѓа позади нас не би
можел да не види се додека светлината од околните ѕвезди прво не не
помине нас. Ако некој пријател би не набљудувал од страна што би забележал тој?
Тој би ги гледал работите многу различно од нас.Колку повеќе се
доближуваме до центарот на црната дупка тој гледа дека ние се движиме
се побавно и побавно.Колку и да гледа нашиот пријател тој никогаш нема
да види дека ние стигнуваме до центарот на црната дупка.Нашиот пријател
во еден момент би не видел како наеднаш застануваме т.е.не одиме повеќе
кон центарот. Зошто така тој ги гледа работите? Ова всушност
претставува оптичка илузија.Не е потрбно бесконечно долго време за да
стигнеме до центарот на црната дупка.Колку побргу се движиме кон
центарот на црната дупка светлината поминува низ нас се рефлектира и
продолжува во просторот.На таа светлина што се рефлектира од нас и е
потрбно многу време да стигне до очите на нашиот пријател.Затоа тој не
гледа како стоиме во едно место.(всушност ние веќе сме во центарот на
црната дупка и за неколу секунди би биле мртви-а тоја не гледа како
стоиме!!!!!!!).По многу поминато време ние веќе стануваме невидливи за
нашиот пријател(а веќе сме неколу часови мртви). Поголемиот дел
светлина што ќе ја емитираме додека не сме го достигнале центарот на
црната дупка би била инфрацрвена.кога ќе го испуштиме последниот фотон
од нашето тело(со одбивањето на последниот зрак светлина) ние веќе ќе
бидеме во центарот,а до нашиот пријател тој последен фотон би стигнал
по неколу часа и тоа би му било последното наше видување.
------------- MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
Постирано од: mark
Датум на внесување: 01.Јули.2007 во 20:32
ja mislam deka vselenata zasekogas ke ostane misterija za nezinata evolucija, kako e mozno da ima beskone4en prostor, kako e mozno vselenata da se preraga da eksplodira i sl i site procesi vo nea ke ostanat misterija za covekoviot um, zaso toa e nesto enormno i beskrajno mokno.
|
Постирано од: принцот
Датум на внесување: 12.Јули.2007 во 16:43
Многу ми е интересно кога некој ке каже дека можно е да бидеме нападнати од друга цивилизација...Замислете кога би стигнале тие на нашата планета а знаеме дека во близина нема друга цивилизација колку уствари тие би биле понапредни од нас и можеби не размислуваат како нас само да поробуваат некој и потчинуваат,можеби ке бидат племенити и добри-мене тоа ми е пологично заради цивилизациската напредност!!!
|
Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 12.Јули.2007 во 16:55
НАСА и ЕСА заедно во нови мисии
09.07.2007
Американската и Европската вселенска агенција
ќе соработуваат на две мисии, кои се од витална важност за разбирањето
на Вселената. Станува збор за вселенскиот телескоп Џејмс Веб (Јames
Webb Space Telescope) и мисијата Лиса Патфајндер (Lisa Pathfinder).
Телескопот Џејмс Веб е опишан како наследник на Хабловиот вселенски
телескоп и ќе работи со бранови од спектарот на видливата и
инфрацрвената светлина, а лансирањето е предвидено за 2013 година.
Именуван е по Џејмс Веб (James E. Webb), раководител на НАСА за време
на мисиите Аполо. Треба да поседува способност за забележување на
најоддалечените и најрани објекти кои ја сочинуваат Вселената. Ќе
функционира на криолитски температури, за да не емитува сопствена
инфрацрвена радијација, со што инаку би ги покрил слабите астрономски
сигнали.
|
Уметнички приказ на
вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Во малото квадратче прикажана е
позицијата на втората Лагранжова точка, во која ќе биде поставен
телескопот. | |
Телескопот ќе биде поставен на оддалеченост од 1,5 милиони километри
од Земјата, во Лагранжовата точка 2 - место на гравитационен баланс,
кој ќе го одржува во линија Сонце - Земја. Ќе биде заштитен од Сонцето
со штит, што ќе овозможи да остане ладен и со тоа да се зголеми
неговата чувствителност на инфрацрвена радијација. Три главни
инструменти ќе прават снимки на Вселената во инфрацрвениот дел на
спектарот, а од нив треба да се добијат информации за тоа како се
создале првите ѕвезди и галаксии неколку стотици милиони години по Биг
Бенгот.
Лиса Патфајндер е мисија создадена за да ги испроба технологиите
потребни за мисијата Лиса (Laser Interferometer Space Antenna), со која
ќе се тестира основното предвидување на Општата теорија на релативитет
на Ајнштајн - предвидувањето за гравитационите бранови.
|
Уметнички приказ на Лиса Патфајндер | |
Нашето севкупно знаење за Вселената е засновано на набљудувања на
електромагнетни бранови, какви што се видливата светлина,
инфрацрвената, радио и Х-зраците. Меѓутоа, постојат нешта во
астрономијата и астрофизиката кои не можеме да ги видиме со нив. Се
верува дека тие можат да се видат со гравитационите бранови. Според
Ајнштајн, постојат бранови во простор-времето и за нив се верува дека
се вкрстуваат во Вселената со брзина на светлината, но нивното постоење
допрва треба да се набљудува директно. А, токму тоа ќе го прави Лиса -
ќе ги детектира овие бранови, со што ќе ни отвори нов поглед на
Вселената.
Леталото треба да биде способно да детектира радијација која е
остаток од самиот Биг Бенг, па со тоа да ни овозможи да допреме и до
првите моменти на создавањето, како и да разрешиме некои од
контрадикторните теории за овој период од еволуцијата на Вселената.
Мисијата се потпира на технологии кои никогаш не биле користени
претходно, па оттаму и неможноста истите да се проверат. Затоа
Европската вселенска агенција стартува со оваа мисија. Се очекува Лиса
Патфајндер да биде лансиран во 2010 година, а чини околу 247 милиони
евра.
------------- MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 12.Јули.2007 во 16:57
Заеднички проект на најголемите вселенски агенции
03.07.2007
Кон крајот на месец мај, најголемите вселенски
агенции ја претставија својата заедничка визија за глобално
координирање на идните вселенски истражувања на Месечината, Марс и
пошироко. Глобалната стратегија за истражување (Global Exploration
Strategy) ја нагласува општествената подлога за истражување на
Вселената и ги определува моменталните фокуси во развојот на идните
истражувања. Меѓу останатите работи, пред сè, тоа се враќање на
Месечината и истражување на Марс.
Во овие преговори беа вклучени НАСА, ЕСА, Британскиот национален
вселенски центар (British National Space Centre), како и вселенските
агенции од Австралија, Кина, Франција, Канада, Германија, Индија,
Италија, Украина, Кореја и Јапонија.
Решението да се превземе еден ваков чекор, Агенциите го објаснуваат со следниве аргументи:
„Половина век по Спутник време е да се обединат сите нации со
искуство во вселенските истражувања. Со обединување на повеќе нации,
многу од младите научници ќе можат да соработуват на повеќе проекти од
фундаментално значење. Многу работи кои денес ги користиме се продукт
на развивање на вселенската програма: глобални метеоролошки сателити,
сателити за тревога во случај на прородни катастрофи, како и сателити
за глобална комуникација. Овие системи повеќе не можат да бидат од
интерес само за една нација.“ „Во текот на изминатите 50 години
постигнати се големи успеси во истражување на Вселената, но колку
далеку ќе одиме во иднина, зависи од тоа колку заедно ќе работиме на
нови идеи за мисии и летала кои ќе одат што подлабоко во Сончевиот
систем. Како пример за една ваква соработка е и мисијата кон
Месечината, која ќе ја лансира Индиската вселенска агенција во
соработка со Британскиот национален вселенски центар, кој ќе ги развива
уредите за геолошко истражувње на почвата на Месечината.“
------------- MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 12.Јули.2007 во 17:09
Прстени околу Млечниот Пат
02.07.2007
Научниците од Научниот центар „Спицер“ (Spitzer
Science Center) пронајдоа три огромни потоци од ѕвезди, налик на
прстени, кои се наоѓаат високо над Млечниот Пат. Тие се остaток од
канибализирани галаксии и ѕвездени јата, кои пред многу милиони години
дошле во контакт со нашата галаксија. Потоците се наоѓаат на
оддалеченост помеѓу 13 000 и 130 000 светлински години од Земјата, и се
протегаат скоро низ целото северно небо.
|
Трите новооткриени прстени, кои се протегаат високо над Млечниот Пат (уметнички приказ) | |
Два од новооткриените потоци се остатоци од антички ѕвездени јата.
Попознати како затворени (глобуларни) ѕвездени јата, овие големи
ѕвездени „градови“ можат да содржат од илјадници, па до неколку милиони
ѕвезди. Иако денес се познати околу 150 затворени јата кои кружат околу
Млечниот Пат, порано може да имало и неколку илјади.
Откритието е направено со анализа на податоците добиени од
опсерваторијата Апачи (Apache Point Observatory) во Ново Мексико, дел
од програмата Sloan Digital Sky Survey. При анализата биле измерени
околу 70 милиони ѕвезди, распространети преку една четвртина од целото
небо. Со споредба на бојата и светлината на овие ѕвезди, во однос на
ѕвездите од постоечките ѕвездени јата, тие биле изолирани во групи,
распоредени по целото небо. Веднаш откако била направена поделбата,
огромните прстени станале видливи.
Третиот откриен поток се протега на поголем дел од небото и
најверојатно е остаток од некоја џуџеста галаксија. Џуџестите галаксии
можат да содржат и до 100 милиони ѕвезди, а понекогаш и значителен дел
од мистериозната темна материја. Околу нашата галаксија денес се
познати околу 20 џуџести галаксии, иако според научниците оваа бројка
треба да биде многу поголема.
Овие потоци се едни од најголемите објекти на небото. Според
претпоставките, тие прават еден комплетен круг околу нашата галаксија.
Ова откритие навестува дека можеби околу нашата галаксија има многу
повеќе вакви формации, иако ова е само деветтиот поток од ѕвезди кој е
откриен досега. Па така, нашата галаксија оддалеку можеби наликува и на
една голема топка.
Анализите на овие објекти ќе продолжат понатаму, давајќи ни една покомплетна слика за развојот на Млечниот Пат.
------------- MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 16:07
kako e mozno da ima beskone4en prostor,... [/QUOTE]
Одговорот е во мултидимензионалноста!
-------------
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 01:57
Ghost напиша:
Најголемиот дел од црните дупки во вселената се формираат од експлозија на масивни ѕвезди |
Не е точно! Експлозија на ѕвездата еден од 3те вида на смрт кај ѕвездите според астрономите. Овој вид на смрт на една ѕвезда се нарекува уште и Супер Нова, при чија експлозија материјата од ѕвездата се распрснува низ просторот и нема некое правило што понатака ќе се случи со таа материја. Ако во близина има друга ѕвезда дел од нејзината материја може да продолжи како природен сателит околу соседната ѕвезда, или пак нејзините парчиња да патуваат низ вселената како метеори. Дел од ѕвездата најчесто преминува и во маглина/и.
Втората смрт на една ѕвезда е топлотната смрт т.е. таа да олади и да се претвори во едно ладно небесно тело со радиус поголем од соседните планети. Според астрономите, нашето Сонце ќе заврши вака.
Третата смрт на една ѕвезда е кога нејзината гравитациона сила ќе ја надвладее нуклеарната сила која дејствува во јадрото на ѕвездата (со тенденција да ја шири). При оваа јака гравитација самата ѕзвезда си ја привлекува својата површина кон јадрото и колку повеќе се збива толку повеќе расте и нејзината гравитациона сила. Никој не може да знае до каде се набива оваа ѕвезда бидејќи во еден момент нејзината гравитација е толку силна што не им дозволува ни на светлината да ја напушти нејзината површина.
Оваа смрт на некои ѕвезди се нарекува црна дупка. Според некои астрономи, се верува дека ваквите ѕвезди се збиваат колку едно зрно ориз, електрон или пак сосема исчезнуваат просторно и дека со нивната силна гравитација која, спроед Специјалната Теорија на Ајнштај го закривуваат дури и просторот. Оттука па натаму науката повеќе преминува во филозофија и претпоставки, затоа што физичарите не можат со сигурност да потврдат дека класичните закони, па и оние квантно-релативистички, важат при такви услови. Некои веруваат дека доколку паднеме во црна дупка, ние ќе се појавиме на друго место во универзумот и во друго време. Јас сметам дека ова е претерано. При самото наше приближување кон црна дупка, на едно критично растојание нашето тело би се распаднало на елементарни честички. Итн, ај доста пишував.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 10:14
EvAngelos напиша:
Ghost напиша:
Најголемиот дел од црните дупки во вселената се формираат од експлозија на масивни ѕвезди |
Не е точно! Експлозија на ѕвездата еден од 3те вида на смрт кај ѕвездите според астрономите. Овој вид на смрт на една ѕвезда се нарекува уште и Супер Нова, при чија експлозија материјата од ѕвездата се распрснува низ просторот и нема некое правило што понатака ќе се случи со таа материја. Ако во близина има друга ѕвезда дел од нејзината материја може да продолжи како природен сателит околу соседната ѕвезда, или пак нејзините парчиња да патуваат низ вселената како метеори. Дел од ѕвездата најчесто преминува и во маглина/и.
Втората смрт на една ѕвезда е топлотната смрт т.е. таа да олади и да се претвори во едно ладно небесно тело со радиус поголем од соседните планети. Според астрономите, нашето Сонце ќе заврши вака.
Третата смрт на една ѕвезда е кога нејзината гравитациона сила ќе ја надвладее нуклеарната сила која дејствува во јадрото на ѕвездата (со тенденција да ја шири). При оваа јака гравитација самата ѕзвезда си ја привлекува својата површина кон јадрото и колку повеќе се збива толку повеќе расте и нејзината гравитациона сила. Никој не може да знае до каде се набива оваа ѕвезда бидејќи во еден момент нејзината гравитација е толку силна што не им дозволува ни на светлината да ја напушти нејзината површина.
Оваа смрт на некои ѕвезди се нарекува црна дупка. Според некои астрономи, се верува дека ваквите ѕвезди се збиваат колку едно зрно ориз, електрон или пак сосема исчезнуваат просторно и дека со нивната силна гравитација која, спроед Специјалната Теорија на Ајнштај го закривуваат дури и просторот. Оттука па натаму науката повеќе преминува во филозофија и претпоставки, затоа што физичарите не можат со сигурност да потврдат дека класичните закони, па и оние квантно-релативистички, важат при такви услови. Некои веруваат дека доколку паднеме во црна дупка, ние ќе се појавиме на друго место во универзумот и во друго време. Јас сметам дека ова е претерано. При самото наше приближување кон црна дупка, на едно критично растојание нашето тело би се распаднало на елементарни честички. Итн, ај доста пишував. |
Не бе, човекот си има право.
Судбината на една ѕвезда зависи од нејзината почетна маса! Ако е премногу масивна таа (парадоксално) побрзо ќе го потроши нејзиното нуклеарно гориво и ќе стане нестабилна (да не го објаснувам сега целиот процес у детаљи) при што нејзиниот внатрешен дел (јадрото) во милисекунда ќе се собере (и ќе формира црна дупка), а надворешниот дел (обвивката) ќе експлодира во супернова!
-------------
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 09.Февруари.2008 во 10:39
Судбината на една ѕвезда зависи од нејзиниот однос маса/радиус. Ако една ѕвезда има голема маса, а мал радиус тогаш, како што веќе кажав погоре, кога нејзините нуклеарни реакции во јадрото ќе се намалат, нејзината силна гравитација ќе ја привлече нејзината површина и целата ѕвезда ќе се проголта самата себе збивајќи се во нејзиното јадро до големина која никој не може да ја дознае, бидејќи под некое ктирично R таа станува Црна Дупка која не зрачи ниту рефлектира светлина и голта се што ќе се приближи до неа.
За теоријата која ја наведуваш, дека јадрото се збива, а површината експлодира, прв пат слушам, а и малку ми е смешна, од неколку причини.
1. Нуклеарните реакции се создаваат во јадрото, а не во надворешниот дел на ѕвездата.
2. Кога нуклеарните сили во јадрото ќе се намалат и ќе станат помали од гравитационите, јадрото се привлекува самото себе кон својот центар, а воедно и го привлекува и надворешниот дел на ѕвездата.
3. На надворешниот дел на ѕвездата делуваат 2 сили: Нуклеарната која тежи да ја шири ѕвездата, и гравитационата која тежи да ја збие ѕзвездата. Овие сили кај една обична ѕзведа се во рамнотежа, но штом нуклеарната ослабне (пред гравитационата), тогаш резултантата на овие две сили е вектор насочен кон центарот на ѕвездата и тежи да ја збие и да ја претвори во Црна Дупка.
4. Освен овие 2 сили чија резултанта е насочена кон центарот, не постои ниедна друга сила која тежи да го прошири (експлозија) надворешниот дел на ѕвездата.
Поздрав.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 09.Февруари.2008 во 14:07
Не викам дека се што кажуваш е погешно, ама ако стварно те интересираат овие работи ти препорачувам малку подобро да прочепкаш и ќе видиш дека има повеќе типови супернова (односно тип I и тип II, со некои поттипови) а и повеќе типови црни дупки!
-------------
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 10.Февруари.2008 во 13:04
james dean напиша:
Не викам дека се што кажуваш е погешно, |
А што од тоа што кажав досега е погрешно?
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 10.Февруари.2008 во 14:21
Па на пример за тоа што викаш дека не е точно тоа дека
јадрото на масивнта ѕвезда во еден момент колапсира, а обвивката експлодира во супернова! Дури викаш дека оваа теорија ти е смешна, а тоа е стварно така, токму затоа те посоветував да расчепкаш малку подобро, за да видиш дека тоа е точно!
-------------
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 10.Февруари.2008 во 23:51
Ајде, штом ти си "прочепкал" и веруваш дека на една ѕвезда јадрото може да и колапсира, а обвиквата експлодира, тогаш објасни ми која е причината поради која обвивката на ѕвездата експлодирува?
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 11.Февруари.2008 во 09:46
Извини, ама стварно не мислам да го објаснувам процесот на фузија на две страни, само за да ти докажувам нешто за што не веруваш! (Искрено, немам толку време)!
Type II Supernova
P.S. Грешката не е во ѕвездите драги Бруте, туку во нас самите! - Цезар
-------------
|
Постирано од: hacko
Датум на внесување: 25.Март.2008 во 18:58
james dean напиша:
kako e mozno da ima beskone4en prostor,... |
Одговорот е во мултидимензионалноста![/QUOTE]
koga bi bilo beskonecno,toa bi bilo kako...na pr. da si odis i da si odis i da si odis....i da nema kraj...I koga bi postoelo zivot,togas,ispagja bi imalo beskonecno zivi sustestva.
------------- Svijet je okrutan...Okrutniji od juce...
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 26.Март.2008 во 00:08
Бесконечен простор, бесконечна вселена.
Колку што ми е познато денес веќе нема сомневање дека нашата вселена, таква каква што ние ја познаваме е акцелерациска, значи забрзано се шири, иако до скоро се веруваше дека не е така.
Но, ако вселената е акцелерациска и ако се шири до бесконечност, значи и просторот е бесконечен, има ли убавина во таква вселена каде никогаш не би можеле да ги дознаеме и дефинираме целосно сите закони кои важат во неа (а како мо`еме кога таа е бесконечна), туку само законите во некој дел од неа.
Конечната вселена во смисол на конечен простор но без граници, е веќе доволен предизвик за размислување на изнаоѓање на физичките закони кои владеат во неа.
Тука веќе има предизвик!!!!!!!1
|
Постирано од: sasebt
Датум на внесување: 13.Април.2008 во 23:20
beskonecno ili beskrajno?
tuka ima razlika. krugot e konecen, ali beskraen. mozno e da e i vselenata takva ... ili nekoja povisoka dimenzija da e kruzna... pr. ako e vremeto kako dimenzija kruzno, toas se ke se vrti vo krug i ke se povtoruva, isto ili razlicno... zavisi koja filozofija ti e interesna.
------------- http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=3883 - Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
|
Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 14.Април.2008 во 00:13
Beskonecno ili beskrajno e samo igra na zborovi!!!!
Zboruvame za otvorena ili zatvorena vselena; beskonecna no vo zatvoreno granici
ili beskonecna bez granici!!!!
Sea dugacka prikazna za objasnuvanje, jebi ga!!!!
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 15.Април.2008 во 18:59
sasebt напиша:
beskonecno ili beskrajno?tuka ima razlika. krugot e konecen, ali beskraen. mozno e da e i vselenata takva ... ili nekoja povisoka dimenzija da e kruzna... pr. ako e vremeto kako dimenzija kruzno, toas se ke se vrti vo krug i ke se povtoruva, isto ili razlicno... zavisi koja filozofija ti e interesna.
|
Во право си. Вселената е бесконечна но во нашата димензија, а конечна во повисоката димензија. Нашата вселена е всушност еден вид хиперсфера која се шири (акцелерира или експандира).
По аналогија - ако тргнеш во еден правец по површината на сферата (како што е земјата на пр. - ќе се вратиш на истото место од каде што си тргнал. Истото би се случило и во вселената (само што таа е толку голема, а плус и нон стоп се зголемува), што нема шанси да "свртиме круг" во неа!!!
-------------
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 15.Април.2008 во 19:11
se znae
ako vselenata se siri togas e ogranicena
no se prasuvam gospod e vnatre ili nadvor od neja
ako e vnatre- kaj bil pred da kaze NEKA BI SVETLINA
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 15.Април.2008 во 20:32
anakin напиша:
se znaeako vselenata se siritogas e ogranicenano se prasuvamgospod e vnatre ili nadvor od nejaako e vnatre- kaj bil pred da kaze NEKA BI SVETLINA
|
А што си ти љисиц!!!
-------------
|
Постирано од: Petkovsky
Датум на внесување: 15.Април.2008 во 22:00
Како и да е, најблиската ѕвезда до нашата планета е околу 4 светлосни години така да речиси е невозможно човештвото да излезе од овој "кафез" и да ги разреши мистериите на вселената.
За најуспешни живи суштества досега познати на човекот се сметаат диносаурусите, кои преживеале 160 милиони години(не ме фаќајте за збор), па сите знаеме како завршиле тие.
Така да, или ке се уништиме меѓу себе, или пак природата ке не уништи. Во било кој случал би бил добар организмите околу нас би профитирале.
|
Постирано од: sasebt
Датум на внесување: 23.Април.2008 во 01:19
james dean, to e samo edna mozna teorija :) nema dokazi ... citaj go brian green, ima metod kako da se dokazi. toa so merenje na radiusot na krugot, t.e. vo 3D so volumen na sferata
------------- http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=3883 - Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 23.Април.2008 во 18:11
Мислам дека закривеноста на вселената во 4-тата просторна димензија е веќе измерена со помош на закривеноста на зраците светлина кои патуваат од далечните галаксии кон нас. Меѓутоа 4-тата просторна димензија не е последна. Скоро сигурно се знае дека нашата вселена е 10-то димензионална. Тоа го кажуваат пресметките од Суперстринг теоријата. Во секој случај се ќе се знае сигурно кога ќе се разреши Теоријата на се!
-------------
|
Постирано од: IQ
Датум на внесување: 23.Април.2008 во 22:23
eh konechno nekoj da pishuva neshto i vo nauka
izvinete vaka off topic
------------- http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 23.Април.2008 во 23:34
IQ напиша:
eh konechno nekoj da pishuva neshto i vo nauka
izvinete vaka off topic |
Што бе конечно? Си пишуваме ние, ама тебе те нема да дојдеш да провериш!
(Ете сега и мене ме натера off topic, да ја расипувам темата )
-------------
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 23.Април.2008 во 23:41
aj naucno
vo vselenata
ima nekoi dupki demek crni- ono sekogas dupka e temna pa ako vikat deka se crni togaj so da ne im veruvame
iskreno celata vselena e crna pa tesko vo neja se primetuvat crnite dupki i crncite
vikat deka tie dupki goltat se zivo i divo i deka nastanaa od nekoja zvezda dolema
se sobrala zvezdata ko eftini makicki i deka ima goema masa
i jas doma imam golema masa no ne e crna nego kafena
no koga sedam zad neja e ko crna dupka se butam vo mene
ova e polunaucno
a za kometi drug pat i za trabanti isto taka no ne od tie od DDR
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 23.Април.2008 во 23:56
Ja znam deka ako napolnis kutivce od kibrit so materija od pulsar ili neutronska zvezda i ja stavis na edniot kraj od klackalica, a na drugiot kraj dva slona...kibritot ke bide potezok zosto atomite bile do taa merka zbieni da miruvaat vo taa gustina...u stvari znam deka ova nema vrska so imeto...
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 03.Септември.2008 во 23:49
...majku mu ibam,citav deka ne samo crni,imalo i beli dupki...i onakvi probuseni,od edna strana ke vlezes i mora da izlezes od sprotivnata..!e toa e nesto....
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 27.Март.2009 во 01:13
Дали Месечината го промени своето лице?
23.03.2009
„Блиската“ страна на Месечината е секогаш свртена кон Земјата, бидејќи
Месечината се врти еднаш околу својата оска за време еднакво на она кое
и е потребно за да сврти околу Земјата. Но ситуацијата можеби била
поинаква пред милијарди години. Компјутерската анализа на бројот на
кратери на различните хемисфери на Месечината покажува дека подалечната
страна можеби некогаш била свртена кон Земјата. Ударот на голем
астероид можеби предизвикал Месечината да ја промени страната свртена
кон Земјата.
|
Редок поглед кон далечната страна на Месечината.
|
| Последица
на тоа што Месечината се наоѓа „заклучена“ во резонанса на синхрона
ротација е дека повеќе удари би требало да се случуваат на западната
хемисфера на Месечината отколу на источната, бидејќи таа страна ќе биде
свртена кон Земјата и со тоа ќе има поголема веројатност да биде удрена
од остатоци.
Но Марк Вицгорек (Mark Wieczorek) и Матју Ле Февре
(Matthieu Le Feuvre) од Парискиот институт за физика на Земјата (Paris
Institute of Earth Physics) во Франција ја споредиле релативната
старост на кратерите, користејќи податоци за секвенцата во која
исфрлениот материјал се таложи на површината и открија дека спротивното
е точно. Иако базените од помлади удари беа сконцентрирани на западната
хемисфера, како што беше очекувано, постарите беа најмногу собрани на
исток, па следи претпоставката дека некогаш источната страна била
повеќе бомбардирана отколку западната. Ова можело да се случи ако удар
на голем астероид предизвикал Месечината да ја промени својата страна
свртена кон Земјата. Истражувачите проценуваат дека по ударот,
Месечината почнала да скршнува гледано од Земјата и полека да доаѓа во
својата сегашна положба.
Со проучувањето на неколку од големите
месечеви ударни базени, има неколку сомнителни од аспект на удари кои
можеби привремено ја „отклучиле“ Месечината од синхроната ротација.
„Ние сметаме дека има веројатност помала од 2% дека најстарите месечеви
ударни базени се случајно распоредени низ месечевата површина“, велат
истражувачите. “Понатаму, овие базени се најмногу сместени близу
антепексот на движење на Месечината и постои веројатност помала од 0,3%
дека оваа конфигурација е случајна.” Тимот ги проучуваше релативната
старост и распределба на 46 познати кратери. Вицгорек вели дека
орбитерите Чандрајаан-1 (Chandrayaan-1) или Кагуја (Kaguyа) можат да
обезбедат информации за повеќе кратери кои ќе може да помогнат за
идните истражувања во оваа област.
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 01.Мај.2009 во 13:11
Научниците открија блиска планета со големина на Земјата
30.04.2009
Во потрагата по планети слични на Земјата, астрономите неодамна најдоа
две планети кои многу личат на нашата. Едната е блиску до точната
големина, а другата е на вистинската позиција (оддалеченост од
ѕвездата). Европските истражувачи рекоа дека тие не само што ја
пронашле најмалата екстрасоларна планета наречена Gliese 581 e, туку сфатиле дека и претходно откриената блиска планета Gliese 581 d била во населивата зона каде постои веројатност за постоење на живот. „Светиот
грал на тековната потрага за екстрасоларни планети е откривањето на
цврста планета слична на Земјата во зона каде е можен живот“, вели
Мишел Мајор, астрофизичар од Универзитетот во Женева, Швајцарија. Еден
американски експерт го нарече откривањето на малата планета
„извонредно“. Gliese 581 e
е само 1.9 пати поголема од нашата планета, додека претходно
пронајдените планети надвор од нашиот Сончев систем имаат слична
големина со Јупитер, чив волумен е за 1000 пати поголем од Земјиниот. Gliese 581 e
се наоѓа блиску до ѕвездата, што значи дека е многу топло за да има
подршка за развој на облици на живот. Сепак, Мајор рече дека неговото
откритие во планетарен систем кој е оддалечен 20,5 светлосни години од
Земјата е „добар пример дека напредуваме во откривањето на планети
слични на Земјата“. | Уметничка претстава за екстрасоларна планета.
|
|
Научниците исто така открија дека орбитата на планетата Gliese 581 d,
која беше откриена во 2007 година, е лоцирана во рамките на населивата
зона - регион околу ѕвезда слична на Сонцето во кој на површината на
некоја планета е возможно да има вода во течна состојба, вели Мајор.
Тој збореше на конференцијата за печат одржана минатиот четврток на
Универзитетот во Хертфордшир за време на Европската недела на
астрономија и науката за Вселената. Gliese 581 d е
веројатно многу голема за да биде составена само од цврст материјал,
рече соработникот и член на тимот Стефани Удру, додавајќи дека е можно
планетата да има „голем и длабок“ океан. „Ова е многу сериозен кандидат
за ‘свет со вода’“, рече Удру. Главниот конк*рент на Мајор во
однос на ловот на планети, Џеф Марси од Универзитетот во Калифорнија,
Беркли, го пофали откривањето на Gliese 581 e
како „највозбудливо откритие“ што се однесува на екстрасоларните
планети. „Ова откритие е апсолутно извонредно“, изјави Мерси за
Associated Press, нарекувајќи го откритието значаен чекор во потрагата
по планети слични на Земјата. Додека Gliese 581 e
е премногу топла за појава на живот, „сепак тоа покажува дека природата
прави такви мали планети, веројатно во голем број“, коментира Мерси.
„Сигурно Галаксијата содржи десетици билиони планети слични на малава
планета со маса на Земја за која сега се известува“. Близу 350 планети
се досега откриени надвор од нашиот сончев систем, но скоро за само
една од нив е крајно неверојатно да има живот. Најголемиот дел
се или премногу блиску или премногу далеку од нивната ѕвезда, заради
што се или премногу топли или премногу студени за формирање на облици
на живот. Другите се премногу големи и веројатно се гасовити џинови
како Јупитер кои немаат услови за појава на живот. Тие што се премали
се премногу тешки за откривање. Двете Gliese 581 d и Gliese 581 e се сместени во насока на созвездието Вага и орбитираат околу Gliese 581. Како и другите планети кои кружат околу таа ѕвезда - http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=1185 - научниците досега открија четири - Gliese 581 e
е откриена со користење на телескопот на Европската јужна опсерваторија
во Ла Сила, Чиле. Телескопот има специјален инструмент кој ја дели
светлината со цел на разни бранови должини да се најдат нишања (wobble)
на ѕвездите. Овие нишања може да го откријат постоењето на други
светови. „Ова е одлична работа и го покажува потенцијалот на оваа
метода за откривање“, вели Лиза Калтенегер, астроном во
Харвард-Смитсониановиот центар за астрофизика.
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Dr. Cullen
Датум на внесување: 01.Мај.2009 во 23:19
james dean напиша:
Мислам дека закривеноста на вселената во 4-тата просторна димензија е веќе измерена со помош на закривеноста на зраците светлина кои патуваат од далечните галаксии кон нас. Меѓутоа 4-тата просторна димензија не е последна. Скоро сигурно се знае дека нашата вселена е 10-то димензионална. Тоа го кажуваат пресметките од Суперстринг теоријата. Во секој случај се ќе се знае сигурно кога ќе се разреши Теоријата на се!
|
Може да објасниш нешто повеке во врска со десетте димензии? И нели 4-тата димензија не беше просторна, туку апстрактна (времето?
|
Постирано од: sasebt
Датум на внесување: 17.Јуни.2009 во 02:41
james dean, to e iskrivuvanje na prostorot, gravitacioni leki, e sea dali vo 4ta ili e nesto drugo, ne sum sretnal objasnuvanje. a za 10, ja procita knigata a? 11 se tamu
------------- http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=3883 - Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 17.Јуни.2009 во 14:09
Една од најдобрите книги кои за и околу вселената е "Кратка историја на времето" од Стивен Хокинг. Книгава пред неколку години излезе и кај нас на македонски јазик, но брзо се распродаде и не знам зошто не се препечатува повторно (во издание на Култура беше). Инаку книгата лесно може да се најде и на англиски во пдф формат. За сите заинтересирани, еве ви директен линк
http://vaghelasv.com/Documents/Stephen.Hawking.A.Brief.History.Of.Time.pdf - http://vaghelasv.com/Documents/Stephen.Hawking.A.Brief.History.Of.Time.pdf
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: sasebt
Датум на внесување: 22.Јуни.2009 во 01:51
jas edna sea procitav, za crni dupki, mnogu ubavo objasnato. neam link ama filename e:
Lucent Library of Science and Technology - Black Holes 2004.pdf
------------- http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=3883 - Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
|
Постирано од: Marko sk
Датум на внесување: 01.Јули.2009 во 19:06
Eve edena odlichna animacija so objasnuvanje za Black Holes. Kako nastanuva supernova i shto e najinteresantno navedeni se trite dominantni teorii koi razglabaat shto se sluchuva koga kje se "zagubish" vo vnatreshnosta na ovie crni dupli:)))
http://www.thinktechnologies.com/portfolio/demos/Blackhole.html - http://www.thinktechnologies.com/portfolio/demos/Blackhole.html
|
Постирано од: Marko sk
Датум на внесување: 01.Јули.2009 во 19:12
Tuku shto parvime so ova temnava energija, mav kje ne stori za edno 50 mld god, :)))
Енергија која ќе ја уништи Вселената
Силата која астрономите ја нарекуваат „енергија на темната материја“ во иднина толку многу ќе ја растегне вселената што ќе излезе надвор од границите за детекција, а галаксиите, ѕвездите и планетите ќе бегаат од окото на научниците побрзо и од брзината на светлината. Кога астрономите од иднината ќе погледнат во небото ќе помислат дека ние Земјаните сме единствени во вселената.
.....
- Ништо не може побрзо да се движи низ просторот побрзо од брзината на светлината, но просторот, барем колку што ние знаеме, може да прави „што ќе посака“, изјави астрономот Лоренс Краус од државниот универзитет во Аризона за време на состанокот на Американското здружение за напредок во науката.
Научниците открија дека некои делови од вселената се движат побрзо од светлината и тоа без помош на темната енергија.
http://www.idividi.com.mk/Futurama/Planeta/519441/index.html - http://www.idividi.com.mk/Futurama/Planeta/519441/index.html
|
Постирано од: Dr. Cullen
Датум на внесување: 05.Јули.2009 во 23:30
@Marko
Па штом некои објакти во вселената ке се движат побрзо од брзината на светлината, сигурно тоа е могуќе и сега. Ако би било могуќе би биле во можност да патуваме низ времето, односно да имаме целосна контрола над тоа дали ке патуваме во иднината или минатото.
|
Постирано од: Marko sk
Датум на внесување: 07.Јули.2009 во 17:25
Dr. Cullen напиша:
@Marko
Па штом некои објакти во вселената ке се движат побрзо од брзината на светлината, сигурно тоа е могуќе и сега. Ако би било могуќе би биле во можност да патуваме низ времето, односно да имаме целосна контрола над тоа дали ке патуваме во иднината или минатото. |
немогуќе
Могуќе е само делови од свемирот, значи комплетно просторот и се она во тој простор...а во самиот простор било што, што има маса е НЕВОЗМОЖНО да се движи со бризнта на светлината .
Еве дообјаснување од посочениот линк, цитат:
- Кога нешто такво се случува, просторот со себе ги носи сите објекти кои се наоѓаат во него. Слично како сурферите на брановите. Светлоста на овие ѕвезди не може да стигне до нас, што ќе доведе до тоа Вселената да исчезне пред нашите очи, објасни Краус.
Сепак, нема причина за паника, бидејќи според сегашните проценки на брзината на ширење, мрачниот период ќе дојде дури за околу 50 милијарди години. Тогаш Сонцето веќе одамна ќе биде мртво, како и Земјата, но нашата цивилизација сигурно ќе колонизираа други планети од нашата галаксија.
-Сосема разумно е да се очекува дека некои други цивилизации, не толку различни од нашата, ќе живеат во нашата Вселена, но таа ќе биде празна и црна, вели Краус.
Истражувачите, кои трагаат по причината за оваа фасцинантна природна појава, која постепено и полека ја развлекува за нас познатата Вселена, уверени се дека ја пронашле „вината“ за оваа појава – гравитациските бранови. Експертите сметаат дека гравитациските бранови се скриени во заднинското зрачење кое останало од „Големата експлозија“.
-Мислам дека следната деценија ќе дознаеме дали воопшто може да се откријат овие гравитациски бранови, а потоа откако ќе ги откриеме ќе може да се позанимаваме со нив, вели Алек Гут, Институтот по технологија во Масачусетц.
Во текот на месецов Европската вселенска агенција треба да го лансира Планк телескопот кој ќе почне да го проучува заднинското зрачење. До решението на оваа вселенска загатка научниците можеби ќе дојдат со помош на Големиот хадронски судирач, кој се наоѓа во близина на Женева.
-Живееме во особено интересен период, а тоа за првпат можеме и емпириски да го потврдиме, заклучи Клаус.
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 10.Јули.2009 во 18:38
Направа која им овозможува на радиобрановите да патуваат побрзо од светлината
09.07.2009
|
Поларизациски синхротрон - забрзувач (акцелератор) во кој
наелектризираните честички се забрзуваат по фиксна кружна патека со
помош на електрично поле, а се оддржуваат на таа патека со засилување
на магнетното поле
|
|
Џон
Синглтон (John Singleton) е научникот кој создаде направа која може да
ги натера радибрановите да патуваат побрзо од светлината. Иако Ајнштајн
има предвидено дека честичките и информациите не можат да патуваат
побрзо од светлината, со овој експеримент се потврдува дека феноменот
на радиобрановите е приказна сама за себе. Поларизацискиот
синхротрон ги комбинира брановите со помош на брзоротирачко магнетно
поле, а исходот од ваквиот експеримент дава објаснување на прашањето
зошто пулсарите (супергустите ротирачки ѕвезди кои се подкласа на
неутронските ѕвезди) емитираат толку моќни сигнали. Феноменот на
пулсарите е нешто што веќе долго време претставува загатка за
научниците. Поларизацискиот сихротрон толку моќно ги третира
радиобрановите што, на крај, тие се „предаваат“ и почнуваат да се
движат побрзо од светлината. Можеби точно ова е она што се случува и во
пулсарите. Она што досега го знаеме за пулсарите е дека тие се
брзоротирачки неутронски ѕвезди кои емитираат радибранови преку
пулсеви. Но, не знаеме со сигурност зошто овие пулсеви се толку светли,
или како е можно тие да патуваат на толку долги растојанија. Направата
се состои од 2 метри долг и благо закривен лак од алуминиум (елемент
кој претставува диелектричен материјал) и низи од електроди, прикачени
на правилни интервали долж лакот. Со применување на синусоиден напон
низ секоја од електродите и со блага промена на фазата на напонот од
една електрода во друга, се генерира синусоидно-варирачки поларизациски
бран, кој се движи низ направата. На овој начин, истржувачите тврдат
дека со внимателното прилагодување на фреквенцијата на напонот и на
фазата, на радиобрановите може да им се даде брзина поголема од онаа на
светлината. Од друга страна, пак, знаеме дека не постои квантен полнеж
кој патува побрзо од светлината. Покрај одговорот за пулсарите,
кој овој пронајдок им го дава на астрономите, откритието на Синглтон
може да претставува голем технолошки придонес и во голем број други
области, како што се медицината и комуникациите. Така, на пример, една
од придобивките на откритието на радиобранови со брзина поголема од
онаа на светлината (кои можат да се „спакуваат“ во еден високо-моќен
бран со големина на песочно зрно) лежи во произведувањето на нова
генерација мобилни телефони, кои би комуницирале директно со
сателитите, што би ја заменило денешната пракса на трансмисија преку
релејни кули. Телефоните би нуделе многу посигурни услуги и би биле
многу потешка цел за хакерите. Брзите радиобранови, исто така,
би извршиле и револуција во компјутерската технологија. Податоците би
биле пренесувани со поголема брзина, а со нивна употреба во
полупроводниците каширањето би се одвивало многу побрзо, а
спроведувањето комуникација помеѓу различни парчиња силикон би било
речиси инстантно. Во сверата на здравството, пак, брановите со
брзина поголема од онаат светлината можат да најдат употреба во
прецизно насочената хемотерапија, каде што по земање на лековите од
страна на пациентот радиобрановите би ги активирале медикаментите во
точно определената област околу туморот. Dali ova znachi deka sepak ima nesto pobrzo od svetlinata izvor: http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=1839 - www.astronomija.com.mk
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Petkovsky
Датум на внесување: 10.Јули.2009 во 19:34
Глупости...и тоа на квадрат...па радиобранови и светлина е едно исто. Кога ке се спомне светлина, интуитивно се мисли на видливиот спектар. Радиобранови, микробранови, гама и икс зраци итн...се се тоа електромагнетни бранови во кои спаѓа и светлината. Се се тоа фотони. И ај сега кажи дека светлината може да патува побрзо од светлината и очекувај да не ти се смеат.
http://en.wikipedia.org/wiki/Electromagnetic_spectrum
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 11.Јули.2009 во 00:46
Petkovski ova mene dan mi se smeat mislese? Ne se grizi mozebi ne znam neso drugo ama za svetlinata (elek. branovi), bar nekoj najopsti podatoci veruvaj znam
Statijata ubavo si kaza deka uspeale da se zabrzaat radiobranovite do brzini pogolemi od brzinata na svetlinata, ovdeka aludirajki na ona poznatoto 300 000 km/s. Toa im bese poentata, veruvaj, zatoa sto lugeto sto go ureduvaat sajtov mnogu dobro ja razbiraat fizikata i ne bi si dozvolile da napravat takov gaf za nekoj ko ti da im faka seir . A ti ili ozbilno ne sfati ili sakase da ispadnes segovit ne znam
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Petkovsky
Датум на внесување: 11.Јули.2009 во 01:21
Не се лути одма, за статијата зборев, не за тебе
Еве ке се повторам. Светлина и радиобранови е еден ист феномен. Разликата е само во брановата должина.
Луѓето што го уредуваат сајтот не ги знам, но, доколку се навистина добри во својата бранша, тогаш објавување на ваква статија е крајно непрофесионално.
Ко прво, немаат ни извор ставено. Второ, како воопшто можат да објават ваква контроверзна статија, без претходно да ја проверат. Погледни http://digg.com/general_sciences/Scientists_Make_Radio_Waves_Travel_Faster_Than_Light - овде , и прочитај ги коментарите подолу. Ке се повикам на еден за да го подржам мојот став:
As I've been saying elsewhere in this thread, I am the undergraduate student (in fact, the only person at the moment) working on the hardware for this project at the Los Alamos National Lab. This article poorly represents what we are doing, and is very outdated to boot. John Singleton was not allowed to review this article before it was published, so it contains a number of falsehoods that would lead people to believe that this whole concept is pure quackery. I assure you, no radio waves are traveling faster than light.
John Singleton
www.astronomija.com.mk и уште поголеми
Voila. Case closed
Уште нешто:
The phase velocity of a radio signal can exceed the speed of light. This is not prohibited.
However, the group velocity (which corresponds to the velocity that information is sent) is exactly equal to the speed of light. That's because radio IS light.
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 11.Јули.2009 во 13:47
Znachi za lugeto so go ureduvaat ovoj sajt i nivnata struchna podgotvenost ne sporam niso bar ako ne za site bar za 2-3 so sigurnost znam deka se izvrsni fizichari zatoa shto i mene mi predavale fizika
Drugo statijata mi se vide za interesna i zatoa ja staviv da si naprajme muabet, koga moze da se zbori po cel mesec za "vechnata" mashina na g. Vojo zsh da ne i za ova
Drugo jas nikade ne rekov deka toa shto go pishe vo statijata e tochno, v prochem i mojot komentar na ova bese prashane: Dali ova znachi deka sepak ima nesto pobrzo od svetlinata
Duri i lugeto shto si go objavile ova vo eden del od svojata statija vikaat: Од друга страна, пак, знаеме дека не постои квантен полнеж
кој патува побрзо од светлината.
I ushte ova, chovekot koj stoi zad sevo ova John Singleton voopshto ne e naivno ime vo naukata
Ti blagodaram shto se povrotuvash, ne znam shto sakash da mi ukazhesh: Еве ке се повторам. Светлина и радиобранови е еден ист феномен. Разликата е само во брановата должина.
Znam deka svetlinata se odnesuva i kako elektormagneten bran
I ne znam tebe shto ne ti jasno vo vrska so statijata, ne zboruvamn za nejzinata verodostojnost, bidejki osven ovaa statija nemam poglednato ni eden drug materijal vo vrska so ova ne se zavzemam ili ograduvam, megutoa taa vika deka uspeale da gi zabrzaat elektormagnetnite branovi od redot na radiobranovite do brzini pogolemi od 300 000 km/s
i zatoa tvojot del od postot za toa kako svetlinata e pobrza od svetlinata go sfakam deka ne si ja razbral statijata
Bi bilo podobro da se kazat prichini zasho ne bi bilo vozmozhno ili bi bilo vozmozhno toa (bar jas taka si ja zamisluvav diskusijata ko go postorav linkot) nego da se fakas za prevodot i da se trudish da lovish jazichni greshki
Svetlinata odsekogas bila problem za tie shto ja prouchuvale, tokmu radi nejzinata dualna priroda, toa shto ne mozheme da ja klasificirame vo svoja (makar i nekoja nova) grupa, tuku si ja setame vo zavisnost od poterebite te vamu te tamu t.e. vo zavisnost od toa shto ni treba si se povikuvame na nekoja od "nejzinata prirodi", a za moment ne ja gledame drugata, jasno ni kazhuva deka neshto propushtame, deka neshto ni izmaknuva
... ama zatoa pak aktivno se raboti na nejzino prouchuvanje, prouchuvanjeto na crnite dupki, silnite gravitacii od masivnite tela, odnesuvanjeto na svetlinata pod takvi okolnosti (vo prostorvremeto) i red drugi raboti (pak vo tie granici) se ona shto se vika moderna fizika, toa ke vleze vo "Ajnshtajnovata fizika" ilii Fizkika posle Ajnshtajn, kako sakas
Za zhal ne sum sigurna deka nashata generacija ke gi vidi nejzinite blagodeti, mozhebi posle 100-tina godini ama nas ni ostanuvaat mnogute prashalnici, skepticizmot nasproti entuzijazmot, idealistichki pretpostavki ...
p.s. Jas se izinuvam za off-topicot ama hipotezata za singularitetot stvarno ni mrsi konci
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Petkovsky
Датум на внесување: 11.Јули.2009 во 23:07
Znachi za lugeto so go ureduvaat ovoj sajt i nivnata struchna podgotvenost ne sporam niso bar ako ne za site bar za 2-3 so sigurnost znam deka se izvrsni fizichari zatoa shto i mene mi predavale fizika.
|
Студираш физика некаде? Не, озбилно.
Drugo statijata mi se vide za interesna i zatoa ja staviv da si naprajme muabet, koga moze da se zbori po cel mesec za "vechnata" mashina na g. Vojo zsh da ne i za ova.
|
Секоја чест. Мило ми е што некој се интересира.
I ne znam tebe shto ne ti jasno vo vrska so statijata, ne zboruvamn za nejzinata verodostojnost, bidejki osven ovaa statija nemam poglednato ni eden drug materijal vo vrska so ova ne se zavzemam ili ograduvam, megutoa taa vika deka uspeale da gi zabrzaat elektormagnetnite branovi od redot na radiobranovite do brzini pogolemi od 300 000 km/s.
|
Еве вака значи. Во физиката, поточно кај брановите, постои нешто што се вика фазна брзина. Директно од википедија:
The phase velocity of electromagnetic radiation may, under certain circumstances, (for example anomalous dispersion) exceed the speed of light in a vacuum, but this does not indicate any superluminal information or energy transfer.
Значи, да, веќе е познато дека фазната брзина на електромагнетен бран може да е поголема од с. Во статијата, она што не ми се допаѓа, воопшто не се спомнува за каква брзина се зборува. Впрочем целиот феномен доаѓа во втор план, повеќе се зборува за можните технолошки достигнувања. Со други зборови, John Singleton останува недоречен, а не кажав дека не го бива.
Bi bilo podobro da se kazat prichini zasho ne bi bilo vozmozhno ili bi bilo vozmozhno toa (bar jas taka si ja zamisluvav diskusijata ko go postorav linkot) nego da se fakas za prevodot i da se trudish da lovish jazichni greshki |
Ете, погоре напишав што е возможно.
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 12.Јули.2009 во 00:59
Cetvrtokot go polozhiv posledniot ispit (vo Razno chastev, pa ako ostanalo nesho slobodno posluzhise, a ako nema kazhi sho da te pochastam)
Inache si vo pravo deka "fizikata" e izostavena, megutoa so ogled na toa kakvi luge odat na Astronomija, poveketo ne se ni so osnovni fizichki poznavanja, mislam deka namerno e izostaveo toa, povekje e od informativen nego od edukativen karakter, ama vredno za diskusija e, shteta shto podforumot Nauka e slabo poseten tuka, a bash fino mesto za zbogatuvanje i prodlabochuvanje na znaenjata... ama nema so kogo
p.s. Ti imash nekoi direktni vrski so fizikata?
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Petkovsky
Датум на внесување: 12.Јули.2009 во 01:20
Епа честитки. Јас во четвртокот го положив последниот...ама од прва година .
Директни врски со физиката....ехем...официјално, еден семестар (ако не рачунаме средно и основно)
Инаку вака си читкам од време на време списанија, си гледам документарки и така...
Подфорумот наука е запоставен Не знам дали не им е интересен на луѓето, или мислат дека ја откриваме Америка овде.
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 12.Јули.2009 во 12:12
Da pogodam, na Elektro? Kako i da e ti blagodaram za cestitkite, cestitki i za tebe i mnogu uspesi ponataka
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 16.Јули.2009 во 03:08
Petkovsky напиша:
...па радиобранови и светлина е едно исто. Кога ке се
спомне светлина, интуитивно се мисли на видливиот спектар.
Радиобранови, микробранови, гама и икс зраци итн...се се тоа електромагнетни бранови во кои спаѓа и светлината. Се се тоа фотони... |
Чекај сега Петковски, ме буниш! Велиш електромагнетните бранови се фотони?!
Но, нели светлината има дуалистичка природа, односно во некои ситуации
се однесува како бран, а во други како фотон (корпускула, квант)?
Според ова неможе фотон да биде бран! А ти велиш дека е! Јас ли не
разбирам или нешто друго е во прашање?
Sunny напиша:
Cetvrtokot go polozhiv posledniot ispit (vo Razno chastev,
pa ako ostanalo nesho slobodno posluzhise, a ako nema kazhi sho da te
pochastam) ... |
И ти траеш, а? Ќе те убијааааам!
Нема ништо останато од честењето. Се испиле ... Праќај и наваму нешто
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: Petkovsky
Датум на внесување: 16.Јули.2009 во 15:24
Може лошо се изразив ама ајде...еве да се дообјаснам:
Photon: a quantum of electromagnetic radiation; an elementary particle that is its own antiparticle
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 30.Ноември.2009 во 15:53
Zlatnik напиша:
Petkovsky напиша:
...па радиобранови и светлина е едно исто. Кога ке се
спомне светлина, интуитивно се мисли на видливиот спектар.
Радиобранови, микробранови, гама и икс зраци итн...се се тоа електромагнетни бранови во кои спаѓа и светлината. Се се тоа фотони... |
Чекај сега Петковски, ме буниш! Велиш електромагнетните бранови се фотони?!
Но, нели светлината има дуалистичка природа, односно во некои ситуации
се однесува како бран, а во други како фотон (корпускула, квант)?
Според ова неможе фотон да биде бран! А ти велиш дека е! Јас ли не
разбирам или нешто друго е во прашање?
Sunny напиша:
Cetvrtokot go polozhiv posledniot ispit (vo Razno chastev,
pa ako ostanalo nesho slobodno posluzhise, a ako nema kazhi sho da te
pochastam) ... |
И ти траеш, а? Ќе те убијааааам!
Нема ништо останато од честењето. Се испиле ... Праќај и наваму нешто
|
Oh mori majko jas sega gledam deka si me prozval (od tolku mavanja po glava, umov mi se zede pa zaboraviv da vidam vo nauka dali ima neso novo )
Niso sega moram nova castenka da pravam
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: sasebt
Датум на внесување: 01.Декември.2009 во 13:05
hmmm, bas sea citav po forumi za ovaa masinata so napraila da se dvizat em branovi so pogolema brzina od c, i kako so gleam, ne e nisto novo, nego toa bilo nekoja fazna brzina, taka da, barem sea zasea, ne gleam nesto novo ili "cudno"
------------- http://foto.idividi.com.mk/portfolio.asp?ID=3883 - Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
|
Постирано од: agent_007
Датум на внесување: 10.Декември.2009 во 22:58
Da ve prasam nesto ima li zivot vo galaksijata Andromeda?
Dali postoi ziv svet?
Pzdrav Krste
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 31.Декември.2009 во 00:36
agent_007 напиша:
Da ve prasam nesto ima li zivot vo galaksijata Andromeda?
Dali postoi ziv svet?
Pzdrav Krste |
E aj da ne prasas ama koj da ti kaze ... i jas se prasuvam istoto Tuku zosto bas na Andromeda, si slusnal nesto interesno? Koj znae moze veke i se spustile kaj nas ...
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 25.Јануари.2010 во 16:06
Нептун и Уран кријат океани од дијаманти
Лос Анџелес, 22 јануари (МИА) - Во нашиот Сончев
систем кружат планети како Нептун и Уран на кои постојат океани од
течни дијаманти по кои плутаат „санти“ од кристализирани драгоцени
камења, тврдат научници во напис објавен во најновиот број на списанието
„Нејчер физикс“.
Првите детални мерења на точката на топење на
дијамантите во лабораториски услови покажаа дека тие се однесуваат како
вода во процесот на замрзнување и топење и оти нивните кристали, исто
како мразот, плутаат по дијаманти во течна состојба.
Ова откритие
овозможи подобро познавање на дијамантите како и условите кои владеат
на најодалечените планети од нашиот систем.
Научниците веруваат
дека Нептун и Уран кријат големи дијамантски океани што би можело да
објасни зошто ниту една од овие две гигатнтски гасни планети, за разлика
од Земјата, нема магнетски полови кои се совпаѓаат со нивните
географски полови.
- Дијамантите се релативно чест материјал на
земјата, но нивната точка на топење никогаш не е измерена, изјави Џон
Егерт од лабораторијата „Лоренс Ливермор нешанел“ во Калифорнија.
Неговиот
тим со ласер стопил мал дијамант широк само пола милиметар, под
притисок сличен на оној кој владее на Уран и Нептун. Малиот дијамант е
претворен во течна состојба под притисок кој е 40 милиони пати поголем
од оној на нивото на морето на Земјата, а потоа со постепено намалување
на температурата и притисокот на површината на течоста почнале да се
појавуваат кристали. Како што притисокот паѓал, на површината на
течноста плутале се повеќе такви цврсти формации.
Кај поголемиот
дел елементи цврстата состојба е погуста од течната. Водата е еден од
исклучоците, а истражувањето на калифорниските научници покажале дека
истото важи и за дијамантите.
___________________________________________
Znaci zatoa se trudat ovie sto pobrzo da stignat do niv
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: ManushkA
Датум на внесување: 30.Јануари.2010 во 16:11
Интересно ова со дијамантиве
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 06.Февруари.2010 во 21:12
Ајде девојки,одиме на Нептун по дијаманти
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 07.Февруари.2010 во 01:40
Renatax koga trgnuvame
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 07.Февруари.2010 во 10:31
НАСА претстави модел на наредната генерација вселенски летала |
|
|
Американците во понеделникот добија можност да го видат моделот на новото вселенско летало „Орион" што треба да го врати човекот на Месечината до 2020-та. НАСА планира со вакви летала да започне нова ера во вселенските истражувања.
Раководителот на проектот „Орион" на НАСА, Дон Пирсон, одговараше на прашања на насобраните покрај моделот на леталото на Националното шеталиште во Вашингтон. „Орион" ќе го врати човекот на Месечината до 2020-та, половина век откако тој првпат стапна на неа.
-Моделот е во оригинална големина. Ќе понесе шест астронаути. Орион е од новата генерација летала што ќе се користи по пензионирањето на спејс-шатл леталата наредната година, вели Пирсон.
За позирање или допирање, „Орион" и само како модел привлече големо внимание во Вашингтон. Пирсон вели - тоа ќе придонесе новите генерации да се заинтересираат за науката и математиката:
-Кога за прпат лансиравме спејс-шатл, владееше возбуда – авион, свртен на страна, лансиран во вселената. Нека биде исто и со „Орион".
НАСА го планира човековото враќање на Месечината како преодна фаза за испраќање на астронаути на Марс. Самата одисејата до и од Марс би траела три години. Пирсон се надева дека некои од децата кои ги сретна неделава - еден ден ќе учествуваат во таа мисија.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 07.Февруари.2010 во 10:37
Sunny,на ова летало има место за шест астронаути,ние сме три....нека се присоберат уште три и правац на Нептун
П.С.се нервирам што неможам да ја постирам сликата на Орион,за да видиш какво превозно средство обезбедив
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 10:30
Планетата повеќе не може да не храни
Планетата Земја стана премала за сите луѓе кои живеат на неа. Луѓето во иднина ќе се соочат со недостиг на нафта, со недоволно обработливи површини, недостиг на вода... Како да се зачува сегашниот стандард на живот?
Ахим Штајнер, шеф на програмата на Обединетите нации за животна средина, УНЕП, вели:
„Живееме на планета на која бројот на жителите за два века се зголеми од милијарда и пол, на шест и пол милијарди, а за 40 години бројот на жителите ќе се зголеми на 9 милијарди. Мора да разбереме дека проблемот на пример не е само недостигот на нафта, туку се ќе биде премалку за светската популација“.
За тоа со што ќе се соочат идните генерации Чарлс Хопкинс професор од Универзитетот Јорк во Торонто, вели:
„Нашите наследници ќе мора да најдат нови решенија. На пример, како на помали обработливи површини да обезбедат храна за 50 отсто повеќе луѓе. Педесет отсто повеќе луѓе ќе мораат да се справат со помалку вода, бидејќи денес ги црпиме праисториските резерви на подземните води. Ќе мораат да живеат без риба, бидејќи морињата се веќе опустошени, а да не заборавиме дека мора три пати да се зголеми производството на енергија, при што нема да смее да се ослободува јаглен-диоксид“.
За американски стандард - четири и пол планети
Во најновиот извештај на независниот вашингтонски Институт „Ворлдвоч“ пресметано е колкав стандард може да издржи планетата. Ако сите шест и пол милијарди жители денес би имале американски стандард, би им биле потребни четири и пол планети, Европјаните се малку поскромни - на нив би им биле доволни три, но и просечниот стандард на Тајланд или Јордан веќе ги надминува можностите на планетата.
Рецептите кои биле во ред, кога на Земјата живееле милијарда и пол до две милијарди луѓе и кога имало доволно ресурси за сите, одамна повеќе не важат. Мора да се менува стопанството, како и односот на секој поединец кога се работи за потрошувачката. Шефот на УНЕП Ахим Штајнер вели:
„Денес постојат работи кои се сосема извесни - нема да можеме мирно да живееме заедно на оваа планета, доколку стопанските модели од 20 век едноставно ги пренесеме во 21 век“.
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 10:33
vselenata e ...~!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 10:40
brza напиша:
vselenata e ...~! |
И таа безкрајност се некогаш ќе заврши.Моментално се говори за 21.12.2012.Но дали е така никој незна.
-------------
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 16:31
I ti li so taa 2012
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 16:39
Sunny напиша:
I ti li so taa 2012 |
неверувам дека крајот ќе дојде 2012.Просто споделив
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Март.2010 во 23:08
ufff,...stvarno mi olesna ,...shto ne veruvash !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Март.2010 во 07:14
Земјата под напад од комети
Невидлива ѕвезда можеби се врти околу Сонцето и предизвикува смртоносни комети да ја бомбардираат Земјата, истакнаа вчера научниците. Кафеното џуџе кое е петпати поголемо од Јупитер можеби е виновно за многуте изумирањата кои се случуваат на секои 26 милиони години.
Ѕвездата наречена Немезис е невидлива затоа што емитува само инфрацрвена светлина и се наоѓа на огромна далечина од Земјата.
Се верува дека Немезис орбитира во соларниот систем на растојание кое 25.000 пати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето.
Како што се движи низ галаксијата, неговата гравитација повлекува замрзнати тела, кои подоцна се исфрлаат кон Земјата како комети. Овие комети може да предизвикаат катастрофа како астероидот кој што ги уништил диносаурусите пред 65 милиони години.
Сега НАСА верува дека ќе успее да го пронајде Немезис користејќи нов телескоп кој открива топлина и веќе започна да го скенира небото уште во јануари.
Првиот доказ за постоењето на Немезис беше бизарната орбита на џуџестата планета Седна.
Мајк Браун, кој ја откри Седна во 2003-та истакна дека таа е мошне чуден објект, бидејќи не треба да биде таму каде што се наоѓа.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Март.2010 во 16:52
И да уништиме астероид, тој пак ќе се формира
Најновaтa студија покажува дека разнесените астероиди би можеле повторно да се формираат во рок од неколку часа, исто како и познатиот модел T-1000 во култниот филм Терминатор 2...
Хипотетички поставено, ако замислиме астероид со големина на Општина Ѓорче Петров (околу 60км2) како лета кон Земјата и дека ударот е неминовен што би значело крај на човештвото како го познаваме. Што би можеле да направиме во таква ситуација?
Традиционалниот одговор веројатно би било „Да го разнесеме!“, но новата студија на Националната лабораторија во Лос Аламос, на Универзитетот на Калифорнија, покажува сосема нови информации околу ова.
Имено, ако астероидот се движи премногу бавно, или пак ако нуклеарната бомба нема да биде доволно силна, едноставно би се реформирал. Пренесено во некакви реални размери и бројки, тоа би значело дека астероид со дијаметар од еден километар, по експлозијата, би се реформирал за време од 2 до 18 часа.
Сепак, не е се безнадежно, бидејќи за ’тотално уништување’ без можност за реформирање, потребно е нуклеарно оружје со јачина од 900 килотони, што за среќа е во рамките на денешните хидрогенски бомби.
Но, астероидот кој ги избришал диносаурусите од лицето на Земјата бил десет пати поголем од тоа, па научниците сугерираат дека експлозија покрај астероид би било попаметен избор, бидејќи би можело да ја сврти патеката на движење. Со тоа и опасноста да се реформира би била помала, како и шансата да не снајде дожд од парчиња астероид.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Март.2010 во 15:43
Бура предизвика речиси 4.000 молњи во Чешка
Метеоролозите беа изненадени од невообичаената снежна бура проследена со удари од громови, што ја зафати Чешка ноќта меѓу неделата и понеделникот, објавија денеска прашките медиуми.
Како што јавуваат медиумите од Прага, според метеоролошките статистики најголем број, односно околу 95 проценти, од бурите попратени со молњи и громови се карактеристични за летниот период, а последен пат „зимска“ бура во Чешка е забележана во 2006 година.
- Пресметавме дека удрија вкупно 3.798 молњи. Невремето донесе и значително заладување, претходно температурата беше четири степени, а по бурата се спушти на минус два степени Целзиусови, изјави метеорологот Дагмар Хонсова.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Март.2010 во 15:18
Големата црвена дамка на Јупитер конечно целосно откриена
Големата црвена дамка на Јупитер, која е на местото на огромна бура и може да ја проголта Земјата ги фасцинира астрономите со векови.
Научниците сега ја направија првата детална временска мапа за мистериозниот регион, благодарение на фотографиите сликани од големиот телескоп на Европската Опсерваторија.
Картата е поврзана со системот за бура и температура и на неа ги има прикажано ветровите, притисокот, составот, а посебно е истакната црвеникавата боја.
- Ова е нашиот прв детален поглед во внатрешноста на најголемата бура во Сончевиот систем. Ние мислевме дека Големата црвена дамна е само обична дамка без многу структура, но овие резултати покажуваат дека таа всушност е екстремно комплицирана, изјави Глен Ортон, предводник на тимот на астрономи кои што ја направија студијата.
Европската опсерваторија откри дека црвената боја на Големата црвена дамка кореспондира со жешкото јадро кое се наоѓа во средината на ладната бура, која има просечна температура од -160 Целзиусови степени.
Фотографиите исто така покажуваат црни линии на рабовите од бурата, места како што гасовите опаѓаат, особено во подлабоките региони на планетата.
Дамката во една или во друга форма континуирано е набљудувана со векови, а сегашниот облик го има 160 години. Таа лежи на 22 степени јужно од екваторот на Јупитер.
- Еден од највозбудливите наоди покажува дека најинтензивниот портокалово црвен дел е за четири степени потопол од околината околу него. Оваа температурна разлика може да не изгледа многу, но доволно е да ја овозможи бурата. Не само тоа, туку во другите делови на Јупитер, промената на температурата е доволна за да ги смени ветровите и да овозможи креирање на огромни облаци. Ние не можеме со сигурност да кажеме кои хемикалии и процеси ја предизвикуваат силната црвена бојам но знаеме дека таа е поврзана со условите на животната средина во срцето на бурата, изјави главниот автор Ли Флечер.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 31.Март.2010 во 14:11
Месечината на Сатурн личи на Pac-man
Вселенското летоло Касини коe кружи околу Сатурн направи интересни снимки од малата месечина Мимаса, кои веројатно многумина може да ги потсети на играта од 80-те години на минатиот век - Pac-man.
Со сондата е мерена температурата на површината на објектот и направена е мапа на температурните варијации кои изгледаат како славната игра Pac-man.
Научниците не можат со сигурност да кажат поради што Мимас има такви варијации во температурата, сепак се претпоставува дека станува збор за различна текстура на површинскиот материјал.
Некои текстури можат подолго да држат топлина од други, велат научниците.
Површината на Мимас изнесува 400 километри. На површината на малата месечина се наоѓа карактеристична „лузна“, наречен кратер Хершел, и се споредува со „Ѕвездена смрт“ од Војна на ѕвездите.
Научниците исто така истакнаа дека креирањето на кратерот имало клучна улога на површината на месечината.
Вселенското летало Касини е заеднички проект на вселенската агенција НАСА, Европската агенција ЕСА и италијанската вселенска агенција АСИ. Мисијата на Касини е продолжена до 2017 години.
-------------
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 15.Мај.2010 во 01:26
Пронајдена најоддалечената галаксија
Тим
составен од астронаути од Јапонија и Германија ја откри најоддалечената
галаксија која од планетата Земја се наоѓа на 9,6 милијарди светлосни
години, што е за 0,4 милијарди светлосни години срушен стариот рекорд.
Научниците галаксијата ја откриле со помош на телескопите Subaru и
XMM Newston Deep Field, пренесува Telegraph.
Откриениот кластер
на галаксија е составен од стари масивни галаксии настанати во разните
фази од создавањето на Вселената.
- Со ова се докажува постоењето
на кластер галаксии во соѕвездието Со ова се докажува постоењето на
кластер галаксии во соѕвездието Cerus, изјави Масауки Танака, научник од
Универзитетот во Токио, кој го предводеше тимот на научници од
Универзитетот Kyoto и германскиот институт Max Planck.
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Мај.2010 во 13:45
vikaat...bezgranichna bila,...isto kako i vo zemjava,....gluposta!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 20:29
„Хабл“
откри ѕвезда во моментот кога “проголтува“ планета
Вселенскиот
телескоп „Хабл“ собра податоци за ѕвезда од нашата галаксија која
полека, но сигурно „проголтува“ една од планетите во својот систем.
Жртвата
на овој „огнен бакнеж“ е планетата со име „Васп-12б“ на која и
преостанале „само“ уште 10 милиони години живот.
Откриена во
2008 година, „Васп-12б“ е оддалечена околу 600 светлосни години од
Земјата во соѕвездието „Аурига“ и е за 300 пати поголема од Земјата.
Бидејќи се наоѓа многу блиску до
нејзината ѕвезда, својата орбита ја поминува за нешто повеќе од 24
часа, а на нејзината површина температурата достигнува 1.500 Целзиусови
степени, што е највисоката температура на една планета во Млечниот Пат.
Телескопот
„Хабл“ се наоѓа премногу далеку од „Васп-12б“ за да може јасно да се
сними моментот на нејзиното исчезнување, но податоците кои досега ги
собрал овозможиле на научниците од НАСА да направат веродостојна слика
за тој настан.
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 21.Јуни.2010 во 12:47
Секакви чуда во вселената па и жешки вселенски усни http://www.time.mk/read/NONE/ae6ae8f543/index.html - Вселенскиот телескоп на НАСА снимил “бакнеж“ од вселената
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Јули.2010 во 08:50
Откриена планета со опашка како комета
Вжештена планета, која се наоѓа надвор од нашиот сончев систем, неверојатно близу орбитира околу својата ѕвезда поради што нејзината атмосфера е разнесена во форма на светечка опашка на гигантска комета, соопштија од НАСА.
Постоењето на планетата и нејзината чудна опашка, која беше предмет и на некои други студии, неодамна го потврди и Hubble, вселенскиот телескоп на НАСА. Новите опсервации на гигантската гасовита планета, наречена HD 209458b, сугерираат дека силни ветрови од блиската ѕвезда ја разнесуваат нејзината атмосфера, поради што небесното тело се вжештува и добива облик на комета со опашка.
- Уште од 2003 година научниците теоретизираат дека загубената маса е истуркана во опашката, тие дури и пресметуваа како тоа изгледа. Сега ги имаме најдобрите докази за да ја поткрепиме теоријата. Го измеривме гасот кој излегува од планетата со специфична брзина, вели астрономот Џефри Лински од University of Colorado, кој раководи со студијата.
Планетата орбитира околу својата ѕвезда на далечина од околу седум милиони километри , што е 100 пати поблиску од растојанието на кое Јупитер кружи околу Сонцето. Сепак масата на HD 209458b е само малку помала од онаа на Јупитер. HD 209458b прави цел круг околу својата ѕвезда за 3.5 дена. За споредба, најбрзата планета во нашиот соларен систем Мерк*р прави цел круг околу Сонцето за 88 дена.
Поради толкавата мала оддалеченост од ѕвездата, температурата на атмосферата на HD 209458b изнесува 1.093 Целзиусови степени. Според некои претходни студии, планетата секоја секунда губи по 10.000 тони гас поради ветриштата кои дуваат од матичната ѕвезда. Еден ден сиот гас на планетата ќе исчезне, оставајќи зад себе само вжештена лава. Дури и да е така, тоа ќе трае долго, што значи ќе помине многу време пред планета целосно да биде уништена.
- Тоа ќе трае со милијарди години, пред планетата да исчезне, вели Лински.
Планетата се наоѓа на околу 153 светлосни години од Земјата.
-------------
|
Постирано од: BiBi_G
Датум на внесување: 11.Август.2010 во 19:42
ПРОНАЈДЕНА НАЈМАСИВНАТА SВЕЗДА ДОСЕГА
Астрономите ја пронајдоа досега најголемата ѕвезда. Таа има повеќе од
300 пати поголема маса од онаа на нашето Сонце и е двојно поголема од
претходно најголемата забележана ѕвезда.
Тимот предводен од Пол Кроутер, професор по астрофизика на
Унивезитетот Шефилд го употребувале Многу големиот телескоп, како и
архивски податоци од Хабл за да изучуваат два млади кластери на ѕвезди,
односно НГЦ 3603 и РМЦ 136а.
Ѕвездата Р136а1 е најмасивната досега пронајдена ѕвезда со маса колку
265 сончеви маси, а во моментот кога е створена имала маса од 320
сончеви маси.
Со старост од околу 1 милион години, оваа екстремно голема ѕвезда e
веќе средновечна и има отфрлено околу една петтина од својата маса, што е
еднакво на 50 Сонца. Овие супер-тешки ѕвезди се навистина ретки и се
формираат само во далечни ѕвездени кластери.Сé уште не е познато како
настауваат толку големи ѕвезди.
Оваа ѕвезда, не само што е најголемата досега пронајдена туку е и
најсветлата. Таа е околу 10 милиони пати посветла од Сонцето.
-------------
NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 13.Август.2010 во 13:55
Слушнете ги звуците на создавањето на http://www.youtube.com/watch?v=BdaF4WuD_Js&feature=player_embedded#%21 - вселената !
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 14:15
Постирано од: brza
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 17:54
krtugot e beskonecjen,...taka i vselenata,..ama, sepak ,..i krugot ima granici ,..nadvoreshni...
...dali i vslelenata moze da gi ima?...
...sepak,..teshko deka bi imala nekoi fizichki granici,..
...zatoa shto,...se shto ima granici...ima i neshto nadvor od niv,...
...a shto bi mozelo da ima ,.."zad"...vselenata?........
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Август.2010 во 06:39
Јупитер ’лапнал’ планета
Јупитер е најголема планета во соларниот систем бидејќи проголтал помал ривал од себе пред тој да успее да стане поголем, тврдат научниците. Истражувањата покажаа дека Јупитер има многу мало јадро во споредба со својата вкупна големина.
Иако Јупитер 120 пати е поголем од Земјата, мерењата покажаа дека неговото јадро тежи само десет пати повеќе од нашата планета.
Научниците се сомневаат дека јадрото на Јупитер веројатно испарило по судирот со планета која од Земјата била десет пати поголема, објави Дејли Меил.
Истражувачите од Универзитетот во Пекинг, Кина, со моделирање покажаа што најверојатно се случило при судирот. Симулациите покажаа дека карпеста планета била смачкана кога влегла во атмосферата на Јупитер. Половина час по влегувањето во атмосферата погодила во јадрото.
Тешките елементи во јадрото, како што се металите, испариле и се помешале со водородот и хелиумот во атмосферата на планетата. Научниците веруваат дека со ова може да се објасни зошто јадрото на Јупитер е многу мало, додека атмосферата е екстремно густа.
Даглас Лин од Универзитетот во Калифорнија изјави дека во случај планетата да не се судрела со Јупитер, би прераснала во гигантска планета.
Неговиот тим оцени дека тешките елементи во атмосферата на Сатурн веројатно се резултат на слични судири со мали планети.
Планетите од Соларниот систем настанале по судири со мали, џуџести планети кои кружеле околу Сонцето. Во тие судири, малите планети се споиле заедно за да формираат големи планети.
Месечината и Земјата биле создадени како резултат на судир меѓу две планети со големина на Марс и Венера. Температурата на Земјата била голема, околу 7.000 Целзоусови степени, а карпите и металите се растопиле.
-------------
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 23.Август.2010 во 23:53
"Соларниот систем е постар отколку што се мислеше
Анализирајќи ги минералите од метеоритот пронајден 2004-та година во пустината Сахара на северозападна Африка, научниците дошле до сознанија дека нашиот соларен систем може да биде дури два милиони години постар отколку што до сега се сметаше." ...
... prezemeno od naslovna na IDIVIDI"...
Duri 2 MILIONI godini postar?...
Ko 2 sekundi u covecki zivot.
Bidejki statijava ja procitav i nekade na drugo mesto, so istata greska... Nikoj nema da pravi euforii za 2 milioni... Valjda se raboti deka za 2 Milijardi godini ni e postar sonceviov sistem.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 24.Август.2010 во 00:24
valjda,.. ...i najverojatno e prepishana od angliski nekade,..pa, ovie "bistri" ovdeshni novinari,..mislele deka tamu ima greshka ,..pa,..
...angliskite 2 bilioni,..im gi prepravile vo nash*te ,...milioni..
...ne e prvpat ,..takvi gluposti ...od tukashni priucheni novinari!
nekogash tie bilioni ne gi ni prepravaat voopshto tuku,...direktno ni gi prenesuvaat!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 25.Август.2010 во 19:39
Ту бре ова научнициве, сите нерешителни .. сега постара е или помлада Земјава од тоа што се мислеше
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Август.2010 во 21:42
shto ima nejasno , pa?
postara e,..duri za dve sekundi,...mereno sprema prosechniot chovechki zivot,...
i ,.osobeno,....mereno sprema ..
.."pametot" na,..makedonskte novinari!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 31.Август.2010 во 13:18
Нови мисии кон Марс
НАСА и Европската вселенска агенција (ЕВА) работат на заедничка програма за истражување на Марс во текот на следната декада, со назив ExoMars. Неодамна беа одбрани и петте инструменти кои ќе бидат дел од првата заедничка мисија – ExoMars Trace Gas Orbiter. Орбитерот треба да биде лансиран во 2016-та година и ќе биде прв од трите заеднички роботизирани мисии на НАСА и ЕВА.
Со првата мисија ќе се проучува хемискиот состав на атмосферата на Марс, при што се очекува чувствителноста на инструментите да биде за околу 1000 пати поголема од таа на претходните марсови орбитери. Акцентот ќе биде ставен на гасовите кои во атмосферата ги има во траги (како, на пример, метанот), а чие потекло би можело да биде геохемиско или биолошко и кои би можеле да бидат индикатори за постоење на живот на Марс. Орбитерот, исто така, ќе служи и како дополнителен комуникациски предавател за мисиите на површината на Марс кои ќе бидат лансирани по 2018-та година.
Освен овие две мисии, заедничката програма се состои од уште една подоцнежна мисија за враќање на примероци од Марс на Земјата. Првата мисија се состои од: орбитерот ExoMars Trace Gas, кој е изграден во Европа; претежно американски научен товар; и ракета за лансирање и комуникациски компоненти кои ќе бидат обезбедени од НАСА. Мисијата во 2018-та ќе вклучува ровер со способност за копање, исто така изграден во Европа, и систем за слетување и ракета за лансирање кои ќе бидат обезбедени од НАСА. Овие две мисии ќе бидат подготвителни чекори кон третиот заеднички проект за мисија со која треба да се вратат примероци од Марс, а која ќе биде лансирана во 2020-тите.
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 02.Декември.2010 во 22:35
Rea vo drustvo na Epimetej (pomalata mesecina) niz prstenite na Saturn
Vselenskoto letalo Kasini detektiralo kislorod vo tenkata atmosfera na ledenata Rea, vtorata po golemina od 62-te mesecini na Saturn...
------------- Incredible Blue
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Јануари.2011 во 06:54
Откриена најмалата планета надвор од Сончевиот систем
Американската вселенска агенција (НАСА) соопшти дека ја открила најмалата планета надвор од Сончевиот систем, само 1,4 пати поголема од Земјата.
Новооткриената планета наречена Кеплер-10б, која кружи околу ѕвездата Кеплер-10, е оддалечена од Земјата 560 светлосни години и има слични геолошки карактеристики.
Како што се наведува во соопштението на НАСА, на планетата, чија маса е 4,5 пати поголема од Земјината, не е можен живот, бидејќи орбитата и е 20 пати поблиску до нејзината ѕвезда отколку што е Мерк*р оддалечен од Сонцето, па температурата на нејзината површина достигнува 1.500 степени Целзиусови.
„Кеплер“ е име на вселенски телескоп лансиран во 2009 година, со цел откривање на планети слични на Земјата надвор од Сончевиот систем.
Телескопот има ултра-превизен фотометар, кој мери мали отстранувања во сјајот на ѕвездите до кои доаѓа кога некоја од планетите поминува пред неа, наведува НАСА и додава дека големината на планетата може да се пресмета според траењето на тие периодични намалувања на сјајноста
-------------
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 14.Јануари.2011 во 13:29
емил напиша:
... Телескопот има ултра-прецизен фотометар, кој мери мали отстранувања во сјајот на ѕвездите до кои доаѓа кога некоја од планетите поминува пред неа, наведува НАСА и додава дека големината на планетата може да се пресмета според траењето на тие периодични намалувања на сјајноста |
Колку за споредба, за да се види за каква прецизност се работи, тоа е исто кога комарец ќе прелета пред фар од автомобил на оддалеченост од 15 km.
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 14.Јануари.2011 во 17:00
ВСЕЛЕНА - ЗНАЧИ ДЕКА Е ВСЕЛЕНА !!!
ИНАКУ ЌЕ СЕ ВИКАШЕ - НЕВСЕЛЕНА
------------- PARADISE MACEDONIA
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 14.Јануари.2011 во 18:08
a od kaj pa ...vselena?
..srbite svemir vikaat, shto i se podarzbira zoshto,..kosmos ne znam shto znachi,..a, vselena pa, ich, ...ne gledam od shto ja ''izvlekle''!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 25.Јануари.2011 во 07:02
Земјата би можела наскоро да добие уште едно сонце
Планетата Земја кон крајот на годината би можела да добие уште едно сонце, тврдат австралиските научници.
Тоа ќе се случи кога ќе експлодира една од најсјајните ѕвезди на небото, која забрзано ја губи масата.
Оваа супернова би можела да биде најголем „лајт шоу“ од настанокот на Земјата, а ќе биде толку светла што ноќта ќе се претвори во ден, во период од една до две недели, тврдат експертите.
Ѕвездата „Betelgeus“, која е во состав на соѕвездието „Орион“, оддалечен 640 светлосни години од Земјата, е црвен џин кој забрзано ја губи масата, што значи дека наскоро ќе експлодира.
А кога тоа ќе се случи ќе изгори толку силно што од Земјата ќе изгледа како на небото да има две сонца, пишува лондонски „Дејли мејл“, додавајќи дека сепак за сега е неизвесно времето на експлозијата.
Спотед професорот по физика на Универзитетот на Јужен Квинсленд, Бред Картер, експлозијата може да се очекува „кон крајот на оваа година или пак во некој момент на наредните милион години“.
-------------
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 22:21
Gаlaksijata NGC 2841.
Oddalecena 46 milioni svetlosni godini...
------------- Incredible Blue
|
Постирано од: vivi1
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 22:23
mozam jas i do tamu da otidam
------------- vivi
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 06.Март.2011 во 23:43
vivi1 напиша:
mozam jas i do tamu da otidam |
Jas mozam da ti pomognam...
------------- Incredible Blue
|
|