IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски фудбал
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски фудбал

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 10111213>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2012 во 06:43

МИЛЕ КРСТЕВ: „МЕТАЛУРГ ПОДГОТВЕН ЗА ТИТУЛА!“






Во интервју за СпортАрена капитенот на Металург Миле Крстев со осврт на досегашниот дел од сезоната и подготовките и амбициите на клубот годинава.


Како течат подготовките на клубот?


„Почнавме на 11.01.2012, а тренинзите започнаа во Скопје каде што се задржавме се до 20.01.2012, потоа екипата замина на подготовки во Негорски Бањи. Тука ќе останеме до 28.01.2012, повторно се враќаме во Скопје и на 04.02.2012 заминуваме за Охрид каде ке останеме се до завршувањето на овие зимски подготовки односно до 18.02.2012. Во тој период исто така планирано е да се одиграат и неколку пријателски натпревари каде што ќе се темпира формата за продолжување на пролетниот дел од сезоната.“


Кои се амбициите на Фудбалскиот клуб Металург за вториот дел од сезоната ?


„Амбициите остануваат исти како што беше договорено уште од почетокот на првенството, а тоа е борбата за првото место, односно титула.“


Задоволни ли сте од тактичките определби на тренерот Ѓорѓи Христов ?


„Ѓорѓи Христов е пред се одличен стратег и талентиран тренер кој во досегашната соработка покажа врвни резултати. Имаме одлична игра и поставеност и доста голема соработка помеѓу играчите што покажуваат самите резултати. Се разбира дека сме задоволни од досегашната игра и се надевам дека и во иднина ке продолжиме со истото темпо и ќе дојдеме до шампионската титула.“


Ќе се засилува и дали веќе се засили Металург во јануарскиот преоден рок ?


„Не сум компетентен да одговорам на прашањево бидејќи не сум јас тој што ги донесува овие одлуки.“


Што мислите каде треба да се подобри играта на екипата, во кој сегмент ?


„По доаѓањето на Ѓорѓи Христов играта се подобри во сите линии. Иако е подобрена, сепак најголемиот проблем останува нашата лоша реализација, која се надевам дека ке ја подобриме во наредниот дел од сезоната.“






Дали оној гол од 60 метри против Хоризонт ви е најомилен ?


„Имам постигнувано многу убави голови, но овој се разбира дека ми е еден од најомилените во мојата кариера.“


Каде се  има настапувано Крстев ?


„Вардар-Неготино, Победа-Прилеп, Атинаикос-Грција, Херенвен, Гронинген, Вендам-Холандија и Металург-Скопје.“


Го продолживте договорот со Металург, тоа значи дека имате одлична соработка со управата на клубот ?


„Соработката со Металург започна во 2009 год и од тогаш до ден денес оди многу добро и се надевам дека така ќе продолжи и во иднина.Односот што го имаме воспоставено е пред се професионален и коректен како од страна на управата така и од мене. Металург е најорганизиран клуб во Македонија во сите аспекти, условите за работа се одлични и иако имав понуди од други клубови јас сум презадоволен од управата и одлучив да ја продолжам соработката на уште 3 год.“


Што мислите генерално за македонскиот фудбал и што според вас треба да се превземе за тој да ги надмине ракометот и кошарката ?


„Моментално макeдонскиот фудбал е во една незавидна положба, односно во фаза на стагнирање каде што веднаш се потребни драстични измени во секој аспект. Мое мислење како компарација на моето досегашно искуство во Македонија и надвор од неа е дека кај нас потребна е промена на целокупната инфраструктура, прво на спортските терени, условите за работа, а пред се на зајакнување и промовирање на младинските категории, кои се најосетливата група во фудбалот и нашата иднина, а од тоа зависи и квалитетот на македонскиот фудбал.“


На репрезентативно ниво сме катастрофални, мислите ли дека „странец“ како Тошак би можел да ја оспособи репрезентацијата за поголеми успеси ?


„Без коментар.“

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2012 во 19:33





Фудбалерите на Работнички денеска го доживеаја и првиот неуспех на подготовките во Анталија, откако сосема неочекувано загубија со 2-1 од украинскиот второлигаш Олимпик Доњецк. Тренерот Певник ја искористи оваа средба за да им даде можност и на дел од помладите фудбалери, се реши да настапи со комбиниран состав, а противникот од Украина знаеше како да го искористи тоа за да дојде до победата. 

 

По првото полувреме што заврши без поголеми возбудувања, сите погодоци од овој меч беа постигнати во вторите 45 минути. Најпрвин на самиот почеток од вториот дел Олимпик дојде во водство, за во 57. минута Борче Маневски да постигне прекрасен погодок за израмнување. На десетина минути до крајот Украинците стигнаа до втор гол, што за нив значеше и победа, и тоа од сомнително досуден пенал во нивна корист. 

 

Со овој пораз беше ставен крај на серијата од шест меча без неуспех (пет победи и едно реми), а воедно двата гола примени од Олимпик се првите што „романтичарите“ ги примаат во текот на овие подготовки. Избраниците на тренерот Певник веќе утре ги очекува нов голем предизвик, ако се знае дека против себе ќе го имаат силниот украински прволигаш Арсенал од Киев. 

Македонскиот тим денеска против Олимпик Доњецк настапи во следниот составШишковски, Глигоров, Богдановиќ (Живковиќ), Најдоски, Петровиќ, Аврамовски (Д. Велковски), Газиев (Мицевски), Пандовски, Настевски (Чои Сонг Кук), Ангелов, Маневски (Ступиќ). 

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2012 во 19:50
Овој Бугаринот добар е?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2012 во 04:46
екстра сум да
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2012 во 09:08
Да де , уште ти да играше фудбал:)

Овој Газиев каков фудбалер е?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2012 во 00:34
слаб фудбалер е 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2012 во 17:19

ФФМ го одложи првенството само за мерак на својот потпретседател!


Целата рашомонијада околу одложувањето на пролетната фудбалска полусезона е за да се задоволат апетитите на Ренова, клубот во сопственост на потпретседателот на ФФМ, Кенан Идризи. Ова индиректно го навести и тренерот на тимот од Џепчиште, Влатко Костов, кој пред две недели апелираше за одложување поради тоа што немале каде да тренираат, а потврда даде и денеска, кога во изјава за спортскиот портал „Екипа“ соопшти дека одложувањето било потребно, поради тоа што „неколку екипи што останале во Македонија се соочиле со абнормални услови за работа“.

Идризи е и газда на Ренова и потпретседател на ФФМ

Само параван е оправдувањето дека на терените има снег, а чист и непобитен факт е дека стадионите ќе бидат чисти до 4 март, а единствената вистина е дека Ренова и „другите екипи“ нема да бидат во форма. Со одложувањето на пролетниот дел од сезоната, и со тоа што ФФМ им ја исполни желбата на „гипсарите“, уништена е целата работа на неколку екипи што платија подготовки во Анталија, играа пријателски средби и темпираа форма за почетокот, а не за средината на март. Вардар, Шкендија, Работнички, Турново беа во Анталија на подготовки, се подготвуваа како сериозни екипи, но само Вардар и Турново беа против одлуката за одложување. Преостанатите екипи, на ниво на аматери, седеа во Македонија кога беше снежното невреме, се туфкаа дека снегот ги попречува и ковеа план како да ја одложат сезоната. И на крај, го сковаа планот, кој им штети само на тие што визионерски ги планираа подготовките. Во нормална земја, четирите клуба би добиле обесштетување за загубеното време, пари и нерви, но…

Последно од сета оваа рашомонијада е веста дека Вардар и Хоризонт Турново писмено до ФФМ побараа стартот на првенството да се врати за терминот на 4 март, ама за тоа ќе треба да лобираат и кај другите клубови. Но, ако се знае вистинската причина за одложувањето, попусто ќе одат на преговори…




Изменето од емил - 24.Февруари.2012 во 17:19
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 18:46

Работнички останува најдобропласиран македонски клуб на рејтинг листата на Меѓународната асоцијација за фудбалска историја и статистика (IFFHS).

rabotnicki.jpg500

„Романтичарите“ на денеска објавената листа се наоѓаат на 171.место со коефициент 95,5 што значи три места подобар пласман во однос на претходното рангирање.

Меѓу 400 екипи од целиот свет, од Македонија освен Работнички е присутен и Металург. „Металурзите се на 324.место со коефициент 67,5.

Во ТОП 10 светски фудбалски екипи се:

1. Барселона (Шпанија) (коефициент 369), 
2. Реал Мадрид (Шпанија) (292), 
3. Велез (Аргентина) (291), 
4. Манчестер Јунајтед (Англија) (255), 
5. Манчестер Сити (Англија) (251), 
6. Универзидад де Чиле (245), 
7. Универзидад Католика (Чиле) (232,5), 
8. Сантос (Бразил) (231), 
9. Шалке (Германија) (230), 
10. Клуб Либертад Асунсион (Парагвај) (227,5).


Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2012 во 18:15



Email: nikola.gjurovski@ekipa.mk

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Луксембург. Аирлија нека ни е новиот прекар, отсега сме Лузембург. Не, не, не...одамна сме Лузембург, само сега се освестуваме затоа што треснавме силно со главата во дното.

Зошто сме фудбалски Лузембург, сите тоа го знаеме, на сите ни е јасно, ама никој не сака јавно да каже или да напише...Има најмалку илјада причини, секоја од нив важна на свој начин. Еве јас ќе почнам прв да ги редам, а кога ќе се заморам, а дел од нив сигурно и ќе заборавам, Ве молам продолжете Вие со коментари под текстот...

 

ЗОШТО СМЕ ФУДБАЛСКИ ЛУЗЕМБУРГ?

- Затоа што оваа година славиме деценија откако тогашниот анонимус и обичен претседател на прволигашки клуб, Харалампие Хаџи-Ристески, на гласање за нов претседател на ФФМ убедливо го победи македонскиот фудбалер за изминатиот век, Дарко Панчев...

 - Затоа што Џон Тошак не ги знае презимињата на нашите фудбалери, а составот му го суфлираат неговите помошници, на чело со Бобан Бабунски...

- Затоа што фудбалерите што играат за репрезентацијата не се најдобрите, а кога ќе го облечат националниот дрес не чувствуваат никаква одговорност, чест и гордост...

 - Затоа што јавна тајна е дека повикот во репрезентативните селекции се плаќа на ваков или на онаков начин...

 - Затоа што младинските репрезентативни селекции се очајни, со чест на исклучоци, за нив воопшто не се води сметка, а уште оттаму се почнува со процесот на играње поради „посебни релации“...  

 - Затоа што во фудбалот ги нема прославените Дарко Панчев, Илија Најдоски, Чедомир Јаневски, Бошко и Милко Ѓуровски, Саша Ќириќ, Митко Стојковски, Тони Мицевски, Драган Канатларовски, и многу други истакнати фудбалски имиња...

 - Затоа што речиси сите репрезентативци кои ја остварија онаа историска победа од 11-1 над Лихтенштајн сега се далеку од фудбалот, или се заборавени некаде на маргините...  

 - Затоа што немаме ниту еден вистински стадион во државата, а на Градски прво му дадовме звучно име  „Филип Втори“, па дури потоа го правиме – фаза по фаза...

- Затоа што државата направи фудбалски игралишта кои се веќе пропаднати и никој за нив не води грижа...

 - Затоа што Првата лига ни е далеку од професионална, а најголем дел од фудбалерите играат за плата што не е поголема од 200 евра и среќни се ако врзат крај со крај...

 - Затоа што на дел од прволигашките стадиони нема ниту топла вода за туширање по завршување на натпреварите...

 - Затоа што националниот телевизиски сервис, МРТВ, или некоја друга национална телевизиска станица, не го пренесува македонското фудбалско првенство за да ја зголеми неговата популарност...

 - Затоа што најголемите македонски компании бегаат од фудбалот како од црн ѓавол, наместо да вложуваат во неговиот развој...  

 - Затоа што низ годините наназад ги снема поранешните шампиони Слога Југомагнат, Македонија Ѓорче Петров, откако нивните раководства сакаа да стават крај на анархијата на ФФМ...

 - Затоа што просториите на ФФМ повеќе наликуваат на некоја селска задруга, отколку на „куќа на фудбалот“...  

 - Затоа што сите оние кои што појавија желба да го рушат Харалампие Хаџи – Ристески, всушност сакаат да ја грабнат власта и тие потоа да удрат на крадење...    

 - Затоа што Вардар на сила го спасија од Втората лига, го фузираа со Миравци, наместо по природен пат да се вратеше во елитата...

 - Затоа што на прволигашки фудбалски меч во Кичево беше симнато македонското знаме од јарболот од навивачите на Шкендија, а за тоа никој не одговараше...

 - Затоа што „Тумбе кафе“ во Битола наликува на руина, а некогашната фудбалска гордост Пелистер сега се мачи во второлигашка конкуренција и ја сонува елитата...

 - Затоа што Беласица, клубот од каде потекнуваат Пандев, Попов, Стојков, Балдовалиев, кој беше расадник на таленти, сега е на работ на пропаст...

 - Затоа што ФК Победа беше суспендирана од УЕФА и ФИФА како клуб кој „местел натпревари“, досието и беше предадено в рака на министерката за внатрешни работи, а досега не е преземена никаква акција. За разлика од кај нас, насекаде низ светот се води жестока борба против организираниот криминал во фудбалот и лажирањето на резултатите...   

 - Затоа што членови од докторскиот тим на ФК Работнички, кои беа суспендирани поради допинг аферата на мечот со Лацио, потоа добија „Медал за заслуги за Македонија“ како дел од ракометната репрезентација на Македонија...

 - Затоа што претседателот на Вардар го покани Динамо Загреб да гостува во Скопје за јубилејот на најтрофејниот клуб, а не знаеше дека зборува со спортскиот директор Зоран Мамиќ...  

 - Затоа што петлињата, пионерите, кадетите, младинците, наместо на фудбалски игралишта учат да играат фудбал на ниви и на споредни терени...   

 - Затоа што кога имаше снег до колена, Миле Спиркоски тврдеше дека нема да го одложи почетокот на пролетниот дел од првенството, а кога пукна сонце, со „заговор“ на дел од клубовите, фудбалската пролет е одложена за седум дена подоцна...   

 - Затоа што елитен фудбал одамна нема во Велес, Кочани, Куманово, Струга, Кавадарци, Валандово, Македонска Каменица ...

 - Затоа што сите македонски фудбалери прво би одлучиле да заминат на печалба во Казахстан, Узбекистан, Индонезија, Албанија, Кипар, отколку да играат во Македонија, а подобрите лиги за нив веќе се недостижни...


Едно зошто, илјада затоа... тага

You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2012 во 22:26

Ne zezaj, od selskata zadruga naskoro kje se preselat u noviot objekt na FFM. Mozebi im falat uste nesto finansii da ja dopravat, pa morale nekako da se snajdat...

Inaku, jas se sekjavam na Dejvi Glavevski... Parce gi napravi toa Lihtenstajncite...
Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2012 во 17:17
Мала група навивачи бараат оставка од „ФФМ мафија“

 
Група од стотина фудбалски навивачи се собраа пред седиштето на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ), за да побараат оставка од раководството кое го доведе македоскиот фудбал на мошне ниско ниво
 
 
Со скандирање „ФФМ мафија“ и „бандо криминална“, групата побара оставка од актуелното фудбалско раководство и од првиот човек на ФФМ, Харалампие Хаџиристески.

Далеку под очекувањата за помасовно мобилизирање на навивачи, кое се организираше преку Facebook, на протестите пристигнаа одвај стотина навивачи. На протестите пристигна еден автобус со "Чкембари" од Битола, а има и припадници на групата "Фаланга" од Штип. Од скопските "Комити" присутни се само мал број од оние кои се нарекуваат "Стара гарда Комити".

На ваков чекор навивачите се одлучија по поразот на националниот тим од Луксембург во пријателскиот натпревар што се одигра пред една недела и поради константниот пад на рејтингот на македонскиот фудбал. Токму денеска и ФИФА ја објави најновата ранг листа, на која Македонија се најде на 102 место.

Просторот околу зградата каде што е сместена ФФМ го обезбедува значителен број на полицајци.

Кон врв
pilafce Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Февруари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pilafce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2012 во 23:26
Кој фк миравци предавници за 20000ден му го дадоја местото на вардар
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2012 во 23:43
Originally posted by pilafce pilafce напиша:

Кој фк миравци предавници за 20000ден му го дадоја местото на вардар



Мизерија е се поврзано со фудбалот во Македонија освен некои фудбалери кои сеуште имаат чист образ. Се друго е за на голи оток.
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2012 во 08:52
Шкендија и Вардар нема да играат бидејќи „балистите“ подготвувале пекол

 
Дербито од Првата македонска фудбалска лига помеѓу Шкендија и Вардар, кое беше закажано за денес, сепак нема да се одигра бидејќи полицијата дошла до сознанија дека навивачката група на Шкендија, позната како „балисти“, подготвувале сценарио со насилство
 



Тетовската полиција на повеќе локации во градот пронашла летоци на кои имало пароли што повикуваат на војна за време на натпреварот со скопски Вардар.

„Две војни и две гигантски битки нè чекаат, а победата ќе биде само одмазда, и се колнам во тебе, Шкендија, дека никогаш нема да бидеш сама“, било напишано на албански јазик на летоците што ги пронашла полицијата.

По ваквите сознанија МВР организираше состанок со Фудбалската федерација на Македонија, СВР Тетово и преставниците на Шкендија и Вардар, по што е донесена одлука за одложување на натпреварот.

„Одложувањето е со цел да им се даде повеќе време на клубовите-домаќини за подобро организирање на натпреварите во нови термини“, е објавено на интернет страницата на ФФМ.

Покрај овој натпревар нема да се одигра и дуелот Тетекс-Напредок, кој исто така е дел од 20-то коло, а според предвиденото требаше да се игра во петок. 

Новите термини за одигрување на натреварите ќе бидат дополнително одредени.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 10111213>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.