Македонски фудбал
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фудбал
Опис на форумот: Лига на шампиони, првенства, репрезентации...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8072
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 02:56 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Македонски фудбал
Постирано од: nina```
Наслов: Македонски фудбал
Датум на внесување: 23.Јуни.2007 во 12:11
според вас која е најдобра екипа?
------------- B_A_R_C_E_L_O_N_A--->> ZAKON
|
Коментари:
Постирано од: Ghost
Датум на внесување: 23.Јуни.2007 во 13:02
Македонија Ѓорче Петров
------------- MACEDONIA - LAND OF SUPERIOR NATION
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 23.Јуни.2007 во 15:12
Постирано од: MIRAVCI
Датум на внесување: 23.Јуни.2007 во 16:44
Постирано од: tuturutka
Датум на внесување: 24.Јуни.2007 во 14:18
КАРАОРМАН - СТРУГА
------------- STRUGA
|
Постирано од: B2
Датум на внесување: 05.Јули.2007 во 22:22
ajde da vidi me so ke napravime so cerno more
|
Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 26.Јули.2007 во 23:12
izgleda turnovo hehhehehhee
|
Постирано од: Alex10
Датум на внесување: 05.Август.2007 во 15:27
vardar e obelezjeto na mak fudbalot. Pozz do komiti
|
Постирано од: Патриот
Датум на внесување: 05.Август.2007 во 18:30
Каков Вардар најдобра екипа оваа година ке има затворот ИДРИЗОВО
-ајде кажете го составот? ^^ ^^ ^^ ^^
|
Постирано од: nemo84
Датум на внесување: 05.Август.2007 во 18:53
Македонија Ѓорче Петров!
-------------
|
Постирано од: heelooo
Датум на внесување: 09.Август.2007 во 13:38
Alex10 напиша:
vardar e obelezjeto na mak fudbalot. Pozz do komiti
|
se soglasuvam so tebe...ama naj kanta ekipa se...i rakovodstvo i se u pm pozdrav....i jas bev za niv edno vreme....ama sega definitivno gi mrazam i neka idat u pm
|
Постирано од: Alex10
Датум на внесување: 09.Август.2007 во 22:09
heelooo напиша:
Alex10 напиша:
vardar e obelezjeto na mak fudbalot. Pozz do komiti
|
se soglasuvam so tebe...ama naj kanta ekipa se...i rakovodstvo i se u pm pozdrav....i jas bev za niv edno vreme....ama sega definitivno gi mrazam i neka idat u pm
| kompletno si u pravo se soglasuvam so tebe no koga rekov obelezjeto mislev na toa sto go postignale i na toa sto niedna dr ekipa nema da go postigne za podolgo vreme, no sega se ubi boze igra koj ke stigne itn itn... greota za takov klub so takva tradicija. Poz
|
Постирано од: Maro
Датум на внесување: 10.Август.2007 во 05:43
Македонскиот фудбал е живо срање. Се случуваат толку лоши работи што ни самите не знаат веќе што е лошо а што добро. Одамна си имам дадено збор дека никогаш во живот нема да отидам на натпревар од прва Мак лига. Идам на само на Мак репрезентација и освен натпреварот со Украина немам пропуштено веќе 3 години натпревар на градски. Давам подржка на репрезентацијата зашто имаме барем играчи некои добри кои се изборија за првотимски статус во силни европски лиги. Само тие играчи вредат, другите се тиња огромна, подржана од федерацијата која како што гледам сеуште ги раководи како марионети сите тренери што доаѓаат на чело на репрезентација, дури и Катанец. Али сепак сакам да го видам Пандев, Седлоски, Новевски, Васовски...и други играчи кои стварно заслужуваат почит. Назад на Македонската лига...мислам дека е најслабата во европа, неаме трошка надеж за ништо, а доколку некој друг не мрда со прст, зашто па ја да ја мавам главата од ѕид и да давам подршка на нешто што не вреди. Едно време не идев на натпревари ама барем се интересирав читав по весници...сеа тие страни ги скокам, не ни ги гледам. Мислам дека поштено треба да се каже стоп на фудбалот, да немаме лига едно 5 години, па ако нешто се среди тогаш да продолжиме. Такви раководства не заслужуваат да водат јуниор куп а не една национална лига и тимови!
-------------
|
Постирано од: Azrael
Датум на внесување: 12.Август.2007 во 13:46
u makedonija najobra ekipa bese sloga. seka neam nekoja posebno favorit
|
Постирано од: heelooo
Датум на внесување: 13.Август.2007 во 15:23
FALKON напиша:
u makedonija najobra ekipa bese sloga. seka neam nekoja posebno favorit
|
sloga nema N od najdobar klub(bivs)..(eks)...ako nekoj ni gi napolni srcata toa definitivno ke bide rabotnicki.....a normalno vardar e klub so najdobra tradicija kaj nas...
|
Постирано од: MissSexy
Датум на внесување: 31.Август.2007 во 05:50
Rabotnicki , a i vcera me izraduvaa so 2-1 :) Ale ale ale
------------- U never get a second chance to make a first impression
|
Постирано од: Кршикоска
Датум на внесување: 31.Август.2007 во 09:23
Сампдорија аир да не видит....
------------- Крв, сузе и зној - то је Балкан мој!!!
-жалосна е околност с чиме привачим позорност, ал ова морате чути сместа па ми нису битна средства!!!
|
Постирано од: Кршикоска
Датум на внесување: 31.Август.2007 во 09:24
моја грешка.... македонски бил... мислев овој од сношти...
Туку од кога Македонија се пишела со ќ ??? како погоре во анкетата???
Чоек се ке научит на форумов....
------------- Крв, сузе и зној - то је Балкан мој!!!
-жалосна е околност с чиме привачим позорност, ал ова морате чути сместа па ми нису битна средства!!!
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 18.Јуни.2008 во 18:49
В сабота ждрепката за новата фудбалска сезона
Комесарот за натпреварување при фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Миле Спиркоски за в сабота 21 јуни, во хотелот „Континентал“ во Скопје, со почеток во 12 часот го закажа извлекувањето на двојките за следната натпреварувачка сезона. Извлекувањето ќе се изврши за паровите во Првата и Втората лига и националниот Куп на Македонија.
-------------
|
Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 25.Јули.2008 во 15:50
Добро бе кај е МИЛАНО на списоков ... мислам нема смисла
------------- OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
Постирано од: proud 2b albanian
Датум на внесување: 01.Август.2008 во 15:51
Milano i Sloga koja gi ponizese Vardar koga sakase
-------------
|
Постирано од: proud 2b albanian
Датум на внесување: 01.Август.2008 во 15:52
pamtite milano 9 vardar 1 ?
-------------
|
Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 01.Август.2008 во 19:32
proud 2b albanian напиша:
Milano i Sloga koja gi ponizese Vardar koga sakase |
оф топик : малку помали букви може
------------- OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
Постирано од: tetova
Датум на внесување: 01.Август.2008 во 22:39
samir_sneijder напиша:
proud 2b albanian напиша:
Milano i Sloga koja gi ponizese Vardar koga sakase |
оф топик : малку помали букви може | Milano ja pobedil vardar so 9-1 .. pa navistina ova e ponizuvacko ..
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 02:32
proud 2b albanian напиша:
pamtite milano 9 vardar 1 ?
|
ако се случило еднаш не значи дека ке има и втор пат... кој сака нека живее од минато Вардар иде напред!!!!
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 02:35
Анкетата е многу лошо напраена, еден човек може сто пати да гласа...а и двеста пати.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 02:38
samir_sneijder напиша:
proud 2b albanian напиша:
Milano i Sloga koja gi ponizese Vardar koga sakase |
оф топик : малку помали букви може |
точно
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 09:50
albanian kaj se bashkimi ovaa sezona? ne gi gledam nigde vo prva liga?
Старт на домашното фудбалско првенство
1 kolo 3.8.2008
* Македонија Ѓ.П. - Турново
* Ренова - Силекс
* Милано - Металург
* Напредок - Работнички
* Вардар - Победа
* Пелистер: слободен
-------------
|
Постирано од: tetova
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 13:27
[ pa ne znam dal gledas dobro posto bashkimi ima 222
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 13:30
moja utka ama istoto i za niv go mislam ....
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: tetova
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 13:30
Vardar1947 напиша:
albanian kaj se bashkimi ovaa sezona? ne gi gledam nigde vo prva liga?
Старт на домашното фудбалско првенство
1 kolo 3.8.2008
* Македонија Ѓ.П. - Турново
* Ренова - Силекс
* Милано - Металург
* Напредок - Работнички
* Вардар - Победа
* Пелистер: слободен | pa ako ne baskimi togas milano ili renova posto imaaat mnogu pari ..t.e kolku sto imaat site drugi zaedno
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 13:31
затоа ги нема .... пред 2 минути имаше 259 гласа за башкими а сега 320...дечко ај смири се малце може?
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 14:18
. Анкетата е затворена поради неконтролираното однесување на Тетова.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 01:46
Baskimi e vo juzen fron
Toj Big Bosot na Kumanovo
samo zs navijaci na baskimi ne glasale za DPA go zagasni
alalalla
-------------
|
Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 01:47
Milano Renova niedna ne e albanska ekipa
nemat nitu albansko ime nitu nistu
tie su Macedonian Ekipi :) ajd nazdravje
-------------
|
Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 01:51
http://www.voteyourteam.com/Europe/FYR-Macedonia/Baskimi.aspx - http://www.voteyourteam.com/Europe/FYR-Macedonia/Baskimi.aspx
spored ova anketa BASKIMI e na prvo mesto vo Macedonia :)
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 08:54
a slucajno da ne ne igra veke toj klub?
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Септември.2008 во 19:33
Во денешните резултати:
* Ренова - Пелистер 3:1
* Милано - Вардар 1:3
* Македонија ЃП - Победа 5:0
* Турново - Силекс 1:0
Вчера играа:
* Работнички - Металург 1:0
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 15.Септември.2008 во 18:11
Следно коло
Пелистер - Металург 21.09 17:00
Силекс - Работнички 21.09 17:00
Победа - Турново 21.09 17:00
Вардар - Напредок 21.09 17:00
Ренова - Милано 21.09 17:00
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 18.Септември.2008 во 22:29
Куп на Македонија 1/16 финале
Домашен фудбал во средина на неделата, 1/16-тина финале од националниот куп.
Единствено изненадување е елиминацијата на прволигашот Напредок од Дрита.
Куп на Македонија 1/16 финале, резултати:
* Локомотива - Работнички 0:2
* Тетекс - Македонија Ѓ.П. 0:1
* Вардино - Милано 0:4
* Фортуна - Победа 2:3
* Бабуна - Вардар 0:3
* Нов Милениум - Цементарница 1:0
* Слога Југомагнат - Ренова 2:4
* Влазрими - Силекс 0:2
* Кожуф - Пелистер 1:4
* 11 Октомври - Металург 0:1
* Дрита - Напредок 2:1
Утре играат:
Кравари - Шкендија
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 22.Септември.2008 во 18:08
Попладнево во х. Континентал беа извлечени двојките за националниот фудбалски куп, 1/8финале:
Металург - Милано
Вардар - Ренова
Работнички-Нов Милениум
Дрита - Миравци
Силекс - Беласица
Пелистер - Хоризонт Турново
Победа - Македонија ЃП
Шкендија - Охрид
Првите средби се играат на 22.10 со поч. во 14ч.
Реванш дуелите се на 29.10-во 13ч.
-------------
|
Постирано од: Harry Potter
Датум на внесување: 24.Октомври.2008 во 16:37
Вардар неуспеа да ја победи Ренова, за малку и дури ќе загубеше. Миравци изваде добар резултат во гости, додека Шкендија го декласираше Охрид.
------------- http://www.macedonianfootball.com - MacedonianFootball.com - се за мак фудбалот, од Прва па до Трета лига!
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 12.Ноември.2008 во 18:09
FFM go unisti makedonskiot fudbal!!! samo se krade i se mestat utakmici!
-------------
|
Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 13.Ноември.2008 во 14:08
Vardar1947 напиша:
FFM go unisti makedonskiot fudbal!!! samo se krade i se mestat utakmici! |
so vardar napred
dali si svesen kolku namesteni utakmici se od vardar :)
ne zs ne go sakam vardar zboruvam za dobroto na futbalot
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 13.Ноември.2008 во 14:19
gluposti
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 13.Ноември.2008 во 14:23
Red`Black напиша:
Vardar1947 напиша:
FFM go unisti makedonskiot fudbal!!! samo se krade i se mestat utakmici! | so vardar napred dali si svesen kolku namesteni utakmici se od vardar :)ne zs ne go sakam vardar zboruvam za dobroto na futbalot |
Da namesteni protiv vardar!!! ubavo pocna sezonata i sega sekoja utakmica ja mestat za da gubi vardar samo! taka i vo kupot so renova!
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 13.Ноември.2008 во 14:25
само шо другарот ред блек тврди дека се наместени за вардар да победува. тоа дека не сака да признае дека во вардар има добри играчи само што некој цело време ги дисквалификува.
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Ноември.2008 во 17:09
Пелистер - Вардар во 13. фудбалско коло
Класика од Мак фудбалот во 13. Прволигашко коло, Пелистер - Вардар под „Тумбе кафе“. Дербито доаѓа кога и двете екипи чекаат на победа веќе четири првенствени средби.
И Пелистер и Вардар со нови тренери се надеваат на крај на резултатската криза.
Вардар паднал само два пати во последните 20 средби во Битола. Минатата сезона Пелистер доби две од трите првенствени пресметки.
На битолчани дното им е зад петици, вардарци веќе не се на врвот.
Пелистер - Вардар в недела од 13. часот директно на А1 Телевизија.
-------------
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 14.Ноември.2008 во 18:08
официјална страна на ф.к вардар
http://fcvardar.com.mk/index.php - http://fcvardar.com.mk/index.php
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 16.Ноември.2008 во 16:58
Пелистер - Вардар 0:0, Силекс - Напредок 7:1
Фудбалерите на Вардар не успееја да стигнат до полн плен ниту на гостувањето во Битола против Пелистер. "Црвено црните" одиграа нерешено без голови, што за новиот стратег Милко Ѓуровски е трето реми со непопуларниот резултат 0:0.
И двата тима мечот го завршија со по десет играчи, во 18. минута Димитровски од Пелистер доби црвен картон, а во 66. минута беше исклучен и фудбалерот на Вардар, Брага.
Белег на колото остави мечот во Кратово на кој беа постигнати дури осум гола, а Силекс со убедливи 7:1 го победи Напредок. Македонија очекувано го победи Металург, додека Победа и Милано ги поделија бодовите.
Резултати:
* Пелистер - Вардар 0:0
* Металург - Македонија ЃП 0:1
* Силекс Кратово - Напредок 7:1
* Победа - Милано 0:0
Вчера:
* Работнички - Хоризонт Турново 4:1
Табела:
1. Македонија Ѓ.П. 28
2. Милано 24
3. Вардар 22
4. Ренова 22
5. Работнички 19
6. Победа 15
7. Силекс 13
8. Пелистер 12
9. Хоризонт Турново 11
10. Металург 10
11. Напредок 10
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 28.Ноември.2008 во 19:33
16-то коло од Првата фудбалска лига
16-то коло од Првата фудбалска лига го содржи дербито, Вардар - Милано. „Црвено - црните“ шест мечеви се без победа. На тоа денеска на тренинг ги потсетија и навивачите кои по казната ќе се вратат на трибините.
Наспроти очекувањата Милано не влезе во криза, три натпревари не е поразен. Доволно мотиви за добар фудбал на „Градски“. утрешниот пренос е на а2 во 13 часот.
„Очекувам пред се еден квалитетен натпревар, очекувам победа на Вардар, очекувам сите оние испромашени шанси во овие изминати четири-пет дена да ги реализираме на овој натпревар, да покажеме карактер и да докажеме дека не сме надвор од форма како што некои тврдат, мислам дека само немаме среќа“, изјави фудбалерот на ФК Вардар, Никола Ѓошевски.
Ардиан Цуцули - ФК Милано
„Нормално, Вардар е фаворит поради теренската иницијатива но, ние ќе се обидеме да ги победиме и да ја искористиме оваа криза што е во редовите на Вардар“, вели фудбалерот на ФК Милано, Ардиан Цуцули.
„Секој натпревар одиме да не примиме гол и во многу натпревари докажавме дека можеме да непримиме гол на гости, значи и овој пат ќе се обидеме да останеме непоразени на „Градски““, додава Цуцули.
Во натпреварите од 16-то коло:
* Пелистер - Ренова
* Вардар - Милано
* Победа - Македонија ЃП
* Силекс - Турново
* Металург - Работнички
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Ноември.2008 во 19:35
* Вардар - Милано Ајде после толку време една утакмица на домашен терен.....стискаме палци за Вардар (клубот де )
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 28.Ноември.2008 во 19:48
Mislam deka e vreme da pocneme pak so serija na pobedi
A Milano e pocetokot
Napred Vardar!!!
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Ноември.2008 во 19:49
Абе да, ама последно шо чув е дека 99% Брацо се враќа
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 28.Ноември.2008 во 20:25
Se nadevam deka ke ostane Trifun. No ako dojde Braco ke bide Vardar kako sto bese vo poslednive 2-3 godini! Kako prvo nema da ima vardar pari, drugo nema da ima dovolno dobri Igraci (nema ni da bidat plateni!), ke ima tapa rezultati i nema da dojde Vardar do titula...Ne samo sto Vardar ke bide slab nego i publika poslabo ke ide a i brojkata na Zapad ke se namali i ke ima Bojkoti kako lani...
Dobiv Informacija od eden od poglavnite clenovi na Komiti deka Trifun definitivno ostanuva!
P.S. Vo vesnik sve moze da pisuva samo za da se cita vesnikot
Eden e Vardar!!!
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Ноември.2008 во 20:33
Sonce ne zboram za od vesnik...ova pred 2 saati mi go kazaa od negde..ali daj boze da si u pravo
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 28.Ноември.2008 во 20:43
Pred nekoj den pisuvase Trifun definitivno ostanuva vo Vardar a sega pisuva shansata e golema deka ke se vrati Braco.
Neznam sto da kazam se nadevam deka e ovoj vo pravo sto mi kaza...Sepak mi rece im kazale sigurno deka Trifun ostanuva pa sea ke vidime...
-------------
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Ноември.2008 во 21:55
Дај боже реков јас
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 17.Декември.2008 во 12:25
Честито есенска титула на ѓорче петров
http://www.youtube.com/watch?v=FhtVRTXuLDY
али необичен начин за прослава на титула
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 23.Март.2009 во 16:55
Победи за Македонија ЃП и Вардар
Лидерот на табелата во елитното домашно фудбалско натпреварување, екипата на Македонија ЃП стигна до полн погодок на гостувањето во Битола против Пелистер, додека тимот од долниот дел на табелата, Металург успеа да се избори за бод на тешкото гостување против претендентот за висок пласман, Ренова.
Фудбалерите на кумановски Милано ја продлабочија кризата во која се наоѓа скопски Работнички, совладувајќи го со 1:0, додека Вардар, на нашиот најголем стадион славеше во дуелот на некогашните лути ривали, совладувајќи го Силекс со 2:0. Екипите на Напредок и Хоризонт Турново ги поделија бодовите играјќи нерешено, без голови.
Резултати:
* Пелистер - Македонија ЃП 0:2 (Ивановски 24', Брњарчевски 36')
* Милано - Работнички 1:0 (Алими (п) 72')
* Ренова - Металург 1:1 (Ибраими 39' - Илијоски 35')
* Вардар - Силекс 2:0 (Емрулаху 3', Костенцоски 65')
* Напредок - Хоризонт Турново 0:0
* Екипата на Победа беше слободна
-------------
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 08.Април.2009 во 16:46
Битка за влез во финалето на фудбалскиот куп на Македонија
Првите полуфинални натпревари од Купот на Македонија во фудбал ќе се одиграат денеска со почеток од 16 часот.
На „Градски“ Работнички е домаќин на единствениот второлигаш во полуфиналето, Шкендија од Тетово.
Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП ја пречекува екипата на Милано од Куманово.
Реванш натпреварите се закажани за 6 мај, а финалето треба да се одигра на 24 мај.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 19.Април.2009 во 01:24
Драстична казна за Победа
Македонскиот
фудбалски клуб Победа од Прилеп драстично е казнета, бидејќи во
следните осум години нема да може да настапува во европските
натпреварувања.
Дисциплинската комисија при УЕФА одлучила
дека, покрај клубот, треба да се казни и претседателот на Победа,
Александар Забрчанец, како и поранешниот капитен Николче Здравевски, со
доживотна забрана за вршење на функција во фудбалот.
Казната
уследи по истрагата поради мечот од 1 коло во квалификациите за Лигата
на Шампионите меѓу Победа и Пјуник одиграни на 13 и 21 јули 2004 година.
Ерменскиот претставник помина неказнет во случајов, а Победа има рок од три дена за жалба до повисоките инстанци.
Сега
на потег е Фудбалската федерација на Македонија која најави дека ќе ги
чека упатствата од УЕФА и ќе ги спроведе во целост. Тоа би значело дека
на Победа може да и бидат одземени бодови што би донело и преселба во
понизок натпреварувачки ранг.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 23.Април.2009 во 09:59
"Местењето е велепредавство"
По соопштението од страна на ФК Победа во кое како http://www.idividi.com.mk/sport/fudbal/521891/index.html - главни "виновници"-информатори за казните добиени од УЕФА поради сопствените криминални дејанија ги посочија Миленко Неделковски, Никола Илиевски - Џиџи, Драган Христовски и Мијалче Дургутов, вчера до нашата редакција со соопштение се огласи и Миленко Неделковски поради како што вели "изнесените лаги, измислици и навреди на негова сметка" од страна на ФК Победа од Прилеп.
"Македонската јавност, не само фудбалска, заслужува да ја знае вистината во врска со настаните во Нион каде за ФК Победа и нејзините луѓе беа изречени драконски казни заради местење натпревар. Ќе презентирам само факти. Оние факти кои се во обвинението и пресудата. Значи, не субјективни плачења, кодошења, етикетирања и закани. Само факти. Така што секој слободоумен и некорумпиран човек ќе може да си донесе свој заклучок:
- Обвинението е покренато врз основа на пријава од водечките европски обложувалници. Така стои во обвинението, така стои и во пресудата. Иницијатива и зла намера од кој било човек од Македонија не постои.
- Цврстиот доказ го презентираше експертот од Белгија, господинот Дот, кој приложи документи и анализа според која на таков натпревар, од тој ранг на екипи, во тој квалификациски циклус, обртот на обложувалниците низ светот би требало да биде околу 100.000 евра. За жал по Победа, бројките говорат дека само зијанот низ европските обложувалници бил меѓу 4 и 5 милиони евра. Тогаш е запалено црвеното светло во УЕФА. Значи, не по пријава на Македонци.
- Обвинителот во случајот на доживотно суспендираниот германски судија Хојцер беше еден од четворицата судии на рочиштето против Победа. Така што суспендирањата во Италија (Јувентус), разоткривањето на аферата Хојцер, апсењето на судиите во Полска само кажуваат дека УЕФА не удира само по 'некои таму мали клупчиња'. Напротив, дава јасна порака дека ќе се бори против ова зло на современиот фудбал насекаде низ светот.
- Моето присуство во Нион беше во улога на 'витнес оф д витнес' и на 'обџектив витнес', две правни форми за кои адвокатот на Победа немаше поим дека постојат. Тоа го пишува и во обвинението и во пресудата. Значи, никако не сум главниот сведок.
- На судењето, македонскиот фудбал максимално беше заштитен од самите судии кои не дозволија да се води расправа или кавга за работи во врска со ФФМ, фудбалот кај нас, и слично.
- Четворицата судии пресудата ја донесоа едногласно со 4:0.
Да заклучам. Не постои таква сила, уште помалку таков новинар, најмалку, пак, од Македонија што може да ја изманипулира УЕФА за да казни некој клуб со таква драконска казна.
Местењето на натпревари на штета на сопствениот тим и сопствената репрезентација е чин на велепредавство. Чин на поганење на својот народ и вера. Оние што им прогледуваат на местењата низ прсти се соочесници во велепредавството.
Македонија безмалку 25 века е делена територијално, по етничка, верска, а во најново време и по партиска основа. Чинам дека дојде времето на уште една поделба меѓу нас!? На оние што местат натпревари, и оние што се против тоа. Јас сум во овие вториве", се вели во соопштението од страна на Миленко Неделковски.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Април.2009 во 18:00
FT Fk Metalurg Skopje 1 - 0 Napredok
FT FK Sileks 2 - 3 Pobeda
FT FK Vardar 2 - 0 Rabotnicki
FT Makedonija 0 - 0 Pelister
FT Milano Kumanovo 1 - 2 FK Turnovo
Napred Vardar!!! Konecno go igraat toa so se ocekuva...a od leto ke bide uste podobro.
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 03.Мај.2009 во 21:01
Милано вторпат сезонава го совлада Вардар
Комплетното 29-то коло од Првата македонска фудбалска лига им припадна на домаќините. Победија во сите натпревари вклучувајќи ги дерби дуелите во Куманово, во Тетово и во Прилеп.
Единствената промена на табелата ја направи Силекс во бегство од опасната зона. Милано вторпат сезонава го совлада Вардар, овојпат дома со 1:0.
Ренова за одржување на втората позиција со 1:0 со голот на Ибраими беше подобра од Работнички кој очигледно се фокусираше на завршницата на купот.
Во мечот со најмногу голови Силекс го победи Напредок. За домаќините погодија Марковски, Темелков, Андонов и Ѓорѓевиќ, за гостите стрелци беа Степановски и Џангаровски со автогол.
Во пелагониското дерби, Крстев и Ацевски направија пресврт за триумф на Победа од 2:1 против Пелистер кој залудно поведе со голот на Димитровски.
Слободен беше металург.
Македонија стигна до 56 бода, но остана на плус 8 пред Ренова. Победа на следните два натпревара ќе ја промовираат во нов шампион.
Милано одржа приклучок со 46 бода, Вардар остана на 39 на 4-то место, Работнички петти со 38.
Силекс и Хоризонт Турново си ги сменија местата благодарение на гол разликата, кратовци речиси сигурно ќе имаат мирно лето.
Металург и Победа следуваат со по 28, Пелистер има 24, Напредок е последен со 21.
Katastrofa!!!
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 11.Мај.2009 во 17:24
Македонија ЃП е новиот македонски фудбалски шампион
Македонија Ѓорче Петров е шестиот фудбалски шампион во самостојна Република Македонија. Се исполнија очекувањата дека дербито на „Градски“ од 30. коло ќе се претвори во пресметка на стариот и новиот првак.
Триумфот од 1:0 на ѓорчепетровци им дозволи на три кола до крајот да ја почнат прославата.
Мирко Ивановски и ја донесе титулата на Македонија, во Куманово Глигоровски беше подобар голгетер од Ступиќ. Капитенот на Милано постигна хет трик Ступиќ два гола за Силекс.
Пелистер го совлада Напредок со 3:1 со головите на Главевски, на Јандриќ и на Димитровски иако кичевци поведоа преку Левков. Немаше победник на средбата Хоризонт Турново - Металург 1:1, Стефановиќ за гостите, Георгиев стрелец за домаќините.
Македонија ЃП заслужено го понесе пехарот
-------------
|
Постирано од: Neptun74
Датум на внесување: 17.Мај.2009 во 10:51
"Македонија ЃП е новиот македонски фудбалски шампион "
Gjorce ima uste eden shampion...
Sega na red e titula u Liga na Shampioni...
------------- DeepBlue
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 17.Мај.2009 во 11:00
Ќе биде ич да немаш гајле.
Ако не во овај век во другиот сигурно.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 17.Мај.2009 во 23:23
Dada garant ke vlezat vo liga na shampioni.
-------------
|
Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 16.Август.2009 во 14:11
Македонија ЃП против Вардар денес на А1 од 16:00 часот
Фудбалските прволигаши денеска ќе ги одиграат натпреварите од 3. коло, а лидерот на табелата Ренова гостува во Скопје кај екипата на Работнички.
Првакот Македонија ЃП по двете гостувања во Тетово првпат во новото првенство ќе биде домаќин и тоа на тимот на Вардар.Натпреварот ќе може да го проследите на А1 телевизија со почеток во 16 часот.
Во Кратово се очекува интересна битка на Силкес и на Слога Југомагнат, две екипи кои имаат освоено вкупно шест титули.
Дуел на големите ривали од минатото ќе има во Тетово, помеѓу Тетекс и Победа.
Во другите натпревари Хоризонт Турново е домаќин на Металург, а Пелистер на Милано.
На чело на табелата е Ренова со шест бодови, пред Вардар, Хоризонт Турново, Работнички и Пелистер кои имаат по четири.
-------------
|
Постирано од: Neptun74
Датум на внесување: 20.Август.2009 во 20:37
Shkup Bivsha Slloga
Eks Sljog
Abe me iznasmeavte...
------------- DeepBlue
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 25.Септември.2009 во 10:59
Велија и Благоја со уцени до Хаџи-Ристески!
Бурен период следните два месеци го очекува македонскиот фудбал непосредно пред Изборното собрание на ФФМ ако се суди според стартот на кампањата во "битката" за нов претседател на финансиски најмоќната домашна спортска организација.
Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, вчера на средбата со медиумите како "уцени и злоупотреба на медиумски простор за лични цели" ги оцени нападите, актуелни деновиве, од страна на медиумските куќи "А1" и "Време", кои се во сопственост на домашниот бизнисмен Велија Рамковски, а како дел од кампањата на новиот претседателски кандидат Благоја Николовски.
"Секако дека ги очекував нападите затоа што ми беа најавени преку срамен ултиматум од страна на Велија Рамковски", вели Хаџи-Ристески, веднаш дополнувајќи:
"Пред десет дена добив 'понуда' во рок од седум дена да поднесам оставка на функцијата претседател на ФФМ која, замислете, треба да ја депонирам до никој друг туку до Велија Рамковски и притоа во оставката да стои повлекување поради здравствени причини. Потоа, уште позанимливо, се бара понатаму да го поддржам и промовирам во јавноста неговиот кандидат за нов претседател на ФФМ, Благоја Николовски. Ако не се согласам на тоа, ќе следеле континуирани напади на телевизијата А1".
Како што е познато, Николовски само пред нешто помалку од два месеци поднесе оставка од претседателската функција во актуелниот шампион, Македонија ЃП, притоа обезбедувајќи накратко потоа поддршка од ОФС Скопје како кандидат за нов претседател на ФФМ.
"Се разбира, откако не го прифатив ултиматумот, веднаш од понеделникот следеа неаргументираните напади на А1. Можам да кажам дека таквите уцени единствено се злоупотреба на медиум за лични цели, или просто кажано - рекет. Поради тоа ќе ангажирам адвокат кој преку судски тужби ќе ги решава нападите", истакнува Хаџи-Ристески, според кого тоа се стари работи кои неаргументирано повторно се вадат на површина.
"Можам апсолутно да ви потврдам дека во моментов државните органи воопшто не контролираат никаква активност во ФФМ, ниту, пак, има какви било инспекции. Сите истакнати сега случаи се застарени работи на кои државни инспекции работеа осум месеци во 2007 година, меѓутоа потоа немаше никакво обвинение. Ако добро ја слушнете и изјавата на портпаролот на МВР, Иван Котевски, јасно истакнува дека испитувањата од МВР до Обвинителството се предадени, меѓутоа потоа обвинение никогаш не беше подигнато затоа што немаше основа за тоа, што значи случаите се завршени".
Не е апсолутно никаква тајна дека македонскиот фудбал, согласно сите свои параметри, е далеку од квалитетно живеење, далеку под просечноста оптоварен веќе подолг период со серија скандали. Но изборната трка следниот период ветува и тоа како нови занимливи денови, можеби како никогаш претходно во "борбата" за претседателската функција. Покрај Хаџи-Ристески и Николовски, кои се предложени од пооделни општински сојузи, во трката за нов претседател засега кандидиран е и Васко Кантарџиски.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 01.Март.2010 во 17:59
Одиграно првото пролетно коло во Првата фудбалска лига
Во Првата македонска фудбалска лига попладнево беа одиграни три натпревари во првото коло по зимската пауза.
Пелистер со пресврт победа од 2:1 против Тетекс во Тетово стигна до трите бода. На гостински терен се радуваа и фудбалерите на Металург кои во Прилеп ја победија Победа со 1:0. Силекс во Кратово го победи Хоризонт Турново со 3:0.
Вчера во Скопје, Вардар – Милано 2:0.
Слободни во ова коло беа Ренова и Работнички.
Табела: Ренова 42 бода, Работнички 37, Металург 31, Пелистер 26, Силекс 26, Хоризонт Турново 24, Победа 19, Тетекс 17, Вардар 16 и Милано 3.
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 10.Март.2010 во 17:41
најслаба лига у светов имаме
барем една година да имаме некој клуб у UEFA CUP или Лига на шампиони ама слабо
|
Постирано од: stigmata
Датум на внесување: 12.Март.2010 во 20:04
vardar e eden
------------- nikada nije bilo kao sto je bilo
|
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 14:52
ФИФА листа - Македонија „скокна“ пет места.......
ФИФА денес ја објави најновата ранг листа, на неа фудбалската репрезентација на Македонија бележи скок за пет места и се наоѓа на 60. позиција.
Најдобар ранкинг од нашите противници во следниот квалификациски циклус има Русија, која се наоѓа на единаесеттото место.
Зад Русија е Словачка на 38. место, Ирска е на на 43. позиција, Ерменија е на 99. место, додека Андора е 201. светска репрезентација.
На новата ФИФА листа, има промени на врвот, на првото место сега е Бразил, кој ја смени Шпанија, на третата позиција се искачи Португалија пред Холандија.
Следното рангирање ФИФА ќе го објави на 26. мај. .....
-------------
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 28.Април.2010 во 15:33
zamislena напиша:
ФИФА листа - Македонија „скокна“ пет места.......
ФИФА денес ја објави најновата ранг листа, на неа фудбалската репрезентација на Македонија бележи скок за пет места и се наоѓа на 60. позиција.
Најдобар ранкинг од нашите противници во следниот квалификациски циклус има Русија, која се наоѓа на единаесеттото место.
Зад Русија е Словачка на 38. место, Ирска е на на 43. позиција, Ерменија е на 99. место, додека Андора е 201. светска репрезентација.
На новата ФИФА листа, има промени на врвот, на првото место сега е Бразил, кој ја смени Шпанија, на третата позиција се искачи Португалија пред Холандија.
Следното рангирање ФИФА ќе го објави на 26. мај. ..... |
BRAVO ZA MAKEDONIJA
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Јуни.2010 во 14:46
http://www.vest.com.mk/?ItemID=5F78F0285ED80A41845B1C61162CB418&arc=1 - ТОП 5 МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ НА ГОЛЕМИ НАТПРЕВАРУВАЊА
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Јули.2010 во 16:15
ТОП 5 ЛОЈАЛНИ ФУДБАЛЕРИ
За македонските фудбалски интернационалци е вистинска реткост да издржат во еден клуб една или две сезони. Ние немаме свој Хавиер Занети, Аргентинец кој 15 години од својот живот му даде на италијански Интер. Ако се погледнат кариерите на некои фудбалери, тие како да се натпреваруваа кој ќе впише повеќе клубови во својата биографија. Но, таков е спортскиот живот, секогаш се бара нешто подобро.
"Вест" избра петмина македонски фудбалери кои невообичаено подолго останале верни на еден клуб.
1. Ока Николов
Можеби, не спаѓа во групата на интернационалци, бидејќи е германски државјанин, но кој друг фудбалер со македонско потекло може да се пофали со таква лојалност кон еден клуб. Николов е голман на Ајнтрахт Франкфурт непрекинато уште од 1994 година, па иако на периоди го губеше првотимскиот статус, оттогаш собра над 300 настапи. Пет пати го носеше и дресот на Македонија, но никогаш не зеде државјанство, па тоа беше ограничено само на пријателски средби.
2. Тони Савевски
Битолчанецот остави таква трага во дресот на АЕК, што и натаму се смета за еден од најдобрите странци кои играле во грчкото првенство. Тој го замени Вардар со атинскиот клуб во 1989 година и тој остана неговиот единствен клуб до крајот на кариерата 12 години подоцна. Во меѓувреме, одигра 356 натпревари и постигна импресивни 52 гола, а има и една сезона во Лигата на шампионите.
3. Николче Новески
Во Германија замина како анонимец од Пелистер пред 12 години, а денес е капитен на клуб од елитната Бундеслига. Од Ханза, преку Ерцгебирге, до Мајнц, 31-годишниот дефанзивец се селеше од првата во втората лига и обратно, но следната сезона ќе му биде седма по ред во дресот на популарниот "Нулфинфер". Колку е важен за тимот на Мајнц, покажува фактот што минатата сезона пропушти само еден од 34-те натпревари.
4. Бошко Ѓуровски
Постариот од најпознатите македонски фудбалски браќа носеше дрес на само два клуба откако во рани тинејџерски години го замени родното Тетово со Белград. Во првите 12 години, тоа беше Црвена звезда, каде што уживаше голема популарност меѓу навивачите. Остатокот од кариерата го помина во швајцарскиот прволигаш Сервет, кадешто се задржа шест сезони, до пензионирањето во 1995 година.
5. Илчо Наумоски
И додека секое лето се зборува дека ќе премине во овој или оној клуб, високиот репрезентативен напаѓач за тоа време успеа да собере околу 150 настапи и 40 погодоци во дресот на австрискиот прволигаш Матерзбург. Речиси целата кариера на прилепчанецот е врзана за австриската Бундеслига и во новото првенство влегува како староседелец на Матерзбург, играјќи ја шестата сезона.
-------------
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 04.Август.2010 во 01:59
Долго тетовско дерби, фудбалот во сенка на инцидентите
|
Инциденти на градското дерби во Тетово помеѓу
Шкендија и Тетекс, натпреварот траеше долго но сепак заврши, без голови
0-0. |
На дерби натпреварот во Тетово помеѓу Шкендија и Тетекс имаше малку фудбал, многу инциденти.
Актерите на двете екипи не покажаа многу на теренот, натпреварот заврши без голови.
Но затоа пак активни на трибините беа навивачките групи на двата тима, Балистите и Војводите.
Во текот на целиот натпревар постојани беа навредите на етничка основа, многу помалку се навиваше за својот клуб.
Напнатата атмосфера кулминираше на десетина минути пред крајот на
натпреварот кога некој од навивачите на Тетекс запалил солзавец што
придонесе за празнење на трибината.
Во теренот се најдоа членови на двете навивачки групи, но беа смирени од полицијата, нередите продолжија надвор од стадионот.
По подолгата пауза, натпреварот продолжи, се доиграа преостанатите минути на дуелот кој остана во сенка на инцидентите.
Дисциплинската комисија при ФФМ уште по првото коло во македонската фудбалска лига ќе има полни раце работа. |
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Септември.2010 во 13:40
Караџиќ и Цветков си заминаа од Силекс
И покрај резултатската криза која владее во редовите на прволигашот Силекс, раководството на кратовци наместо да го засилува тимот, деновиве ослободи двајца играчи од обврските. Десниот бек Симе Цветков (19), иако летово пристигна во Кратово, по само два месеца го напушти клубот. -Дојдов да играм, а не да седам на клупа. Не ја добив вистинската шанса од тренерот Андовски и затоа одлучив да побарам нова средина - вели Цветков. Иако беше најавен како големо засилување, кратовци не успеаја да ги комплетираат документите на Црногорецот Миодраг Караџиќ и трансферот пропадна. На оваа листа може да се додаде името и на напаѓачот Благојче Марковски, кој иако има важечки договор со Силекс, уште од мај не се појавил во Кратово. - Иако договорот не ми е завршен, мојот ангажман во Силекс е завршен. Во потрага сум по ангажман во странство, но пречка е обесштетувањето кое го бара Силекс - ни рече Марковски
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Септември.2010 во 21:32
Резултати од натпреварите во Првата македонска фудбалска лига
11.09.2010
А, откако не се прославија и нашите фудбалски репрезентативци, денеска се вративме во домашната реалност.
Во 6-тото коло од првата лига тетовското дерби и припадна на Ренова, скопското на Вардар, Работнички успешно во Битола, врвот и натаму за Металург.
Металург - Брегалница 1-0 со голот на Ѓуриќ. Силекс - Тетекс 0-0, Ренова - Шкендија 1-0, пресуди Али на десет минути до крајот.
Вандаир, Вујчиќ и Маневски за Пелистер - Работнички 0-3. Вардар - Скопје 1-0, стрелец Пандовски. Утре Хоризонт Турново ќе го пречека Напредок. mailto:iJ&@jGpl -
Табела:
- Металург 11 бодови
- Хоризонт Турново 10
- Тетекс 9
- Шкендија 8
- Ренова 8
- Напредок 8
- Скопје 7
- Работнички7
- Пелистер 4
- Силекс 4
- Брегалница 3
- Вардар 3
http://www.a1.com.mk/vesti/pecati.asp?VestID=127287 - |
http://www.a1.com.mk/vesti/sportpecati.asp?VestID=127287 - |
|
javascript:NovProzorec%28127287%29 - |
http://kajmakot.softver.org.mk/prijavi/?url=http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=127287 - |
http://kajmakot.softver.org.mk/prijavi/?url=http://www.a1.com.mk/vesti/sport.asp?VestID=127287 - |
|
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 23:19
Ренова го доби тетовското дерби
Благодарение на голот на Илбер Али во 80. минута, актуелниот првак Ренова ги освои трите бода на тетовското дерби против Шкендија во шестото коло на Првата фудбалска лига. Иако имаше два црвени картона (Гафури од Ренова и Хусеини од Шкендија), дуелот помина без инциденти, во убава атмосфера пред 7.000 гледачи на Градскиот стадион во Тетово. Во Битола, по штрајкот и останатите превирања во клубот, Пелистер, очекувано, го забележа и четвртиот пораз сезонава. Пелистерци настапија со подмладен состав против Работнички откако првотимците Ангеловски, Коковиќ и Брњарчевски не се појавија во клубот, а Цветковски си замина за Австралија. Најинтересните моменти се случија во првото полувреме, а во 39. минута домашните останаа без Александар Велјановски, кој заработи црвен картон за грубиот старт врз Ѓорѓи Мојсов. По средбата, претседателот на Пелистер Ванчо Атанасов повторно најави дека фудбалерите денеска ќе примат плата, што беше и причина за штрајкот, но најави и враќање на тројцата првотимци. Вардар ја прокнижи и втората победа по ред, овојпат над Скопје, и за првпат сезонава успеа да се одлепи од дното. Лидерот Металург не дозволи изненадување на домашен терен совладувајќи го повратникот во елитата Брегалница, а Силекс и Тетекс одиграа без голови во Кратово.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Септември.2010 во 23:26
Шкендија се прошета на арената Филип Втори
Најинтересниот натпревар од 8. коло во македонската Прва фудбалска лига, дуелот меѓу лутите ривали Вардар и Шкендија, заврши со триумф на гостите од Тетово. Така по пауза од неколку кола најтрофејниот клуб во нашата земја пак е на последното место на табелата, а прволигашот од Тетово со триумфот во Скопје покажа дека е подготвен да се бори и за шампионската титула. Лидерот на табелата Металург и Пелистер одиграа без голови под Тумбе кафе, со што "металурзите" и натаму се без пораз, како и Тетекс, кој вечера му гостуваше на Хоризонт. Екипата на Работнички по три успешни кола, одново ја почувствува горчината на поразот. "Романтичарите" се совладани од Силекс на гостувањето во Кратово, што им е трет пораз сезонава и одново се најдоа во долниот дел на табелата.
Резултати: Скопје - Напредок 1:0 (Кировски 90'), Вардар - Шкендија 0:2 (Сали 62', Цуцули 74'), Ренова - Брегалница 2:0 (Емурлаху 16', Али 52'), Силекс - Работнички 2:0 (Темелков 73', 90'пен), Пелистер - Металург 0:0. Хоризонт - Тетекс играа вчера.
1. Металург |
8 |
4 |
4 |
0 |
10:4 |
16 |
2. Ренова |
8 |
4 |
3 |
1 |
9:3 |
15 |
3. Шкендија |
8 |
4 |
2 |
2 |
13:4 |
14 |
4. Турново |
7 |
4 |
1 |
2 |
11:6 |
13 |
5. Скопје |
8 |
4 |
1 |
3 |
9:7 |
13 |
6. Тетекс |
7 |
2 |
5 |
0 |
6:3 |
11 |
7. Работнички |
8 |
3 |
2 |
3 |
9:9 |
11 |
8. Напредок |
8 |
3 |
2 |
3 |
5:5 |
11 |
9. Силекс |
8 |
2 |
3 |
3 |
7:12 |
9 |
10. Пелистер |
8 |
1 |
2 |
5 |
3:12 |
5 |
11. Брегалница |
8 |
1 |
1 |
6 |
4:13 |
4 |
12. Вардар |
8 |
2 |
0 |
6 |
4:12 |
3 | Следно коло (02.10): Напредок - Пелистер, Шкендија - Скопје, Тетекс - Вардар, Брегалница, Хоризонт Т., Работнички - Ренова, Металург - Силекс.
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Октомври.2010 во 18:03
Металург го прокнижи првиот пораз
Во деветото коло на Првата македонска фудбалска лига Металург на Железарница го доживеа првиот пораз оваа сезона И покрај водството од 1:0 против Силекс, гостите од Кратово на крајот се радуваа по конечните 1:2 Во останбатите средби се постигнати следните резултати: Напредок – Пелистер 3:1, Тетекс – Вардар 3:2, Брегалница 2008 – Хоризонт Турново 1:0, Работнички – Ренова 1:1. Шкендија и Скопје играат на 3.октомври
-------------
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 02.Октомври.2010 во 21:38
TURNOVO SHAMPION!
------------- Incredible Blue
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Октомври.2010 во 21:39
Marko Polo 1 напиша:
TURNOVO SHAMPION! |
-------------
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 02.Октомври.2010 во 21:40
ne
fino nekako mi zvuci, kako za shampion...
------------- Incredible Blue
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Октомври.2010 во 21:46
http://renova.winner.bg - 1. Ренова |
9 |
4 |
4 |
1 |
10 - 4 |
6 |
16 |
http://fk-turnovo.winner.bg - 2. ФК Търново |
9 |
5 |
1 |
3 |
12 - 7 |
5 |
16 |
http://fk-metalurg-skopje.winner.bg - 3. Металург Скопие |
9 |
4 |
4 |
1 |
11 - 6 |
5 |
16 |
http://kendija-.winner.bg - 4. Шкендия 79 |
8 |
4 |
2 |
2 |
13 - 4 |
9 |
14 |
http://fk-teteks-tetovo.winner.bg - 5. Тетекс Тетово |
9 |
3 |
5 |
1 |
9 - 6 |
3 |
14 |
http://napredok.winner.bg - 6. Напредок |
9 |
4 |
2 |
3 |
8 - 6 |
2 |
14 |
http://skopje.winner.bg - 7. ФК Скопие |
8 |
4 |
1 |
3 |
9 - 7 |
2 |
13 |
http://rabotnicki.winner.bg - 8. Работнички |
9 |
3 |
3 |
3 |
10 - 10 |
0 |
12 |
http://sileks.winner.bg - 9. Силекс |
9 |
3 |
3 |
3 |
9 - 13 |
-4 |
12 |
http://bregalnica-tip.winner.bg - 10. Брегалница Щип |
9 |
2 |
1 |
6 |
5 - 13 |
-8 |
7 |
http://fk-vardar.winner.bg - 11. Вардар |
9 |
2 |
0 |
7 |
6 - 15 |
-9 |
6 |
http://pelister-bitola.winner.bg - 12. Пелистер Битола |
9 |
1 |
2 |
6 |
4 - 15 |
-11 |
5 |
и во право ти звучи фино
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 02.Октомври.2010 во 21:47
Имате многу рамностојно првенство во Македоија
-------------
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 02.Октомври.2010 во 21:51
Aha... toa deka site ekipi se podednakvo slabi ...
Inaku sostojbata so infrastrukturata e sledna:
1. stadion Filip II - Vardar i Rabotnicki
2. Gradski stadion Tetovo - Teteks, Skendija, Renova
3. stadion Pod Tumbe Kafe - Pelister
... site drugi imaat igralista, spored mene...
------------- Incredible Blue
|
Постирано од: stigma04
Датум на внесување: 03.Октомври.2010 во 23:53
a dobro koi ekipi ke igraat za kupot na makedonija
mislam koi se plasiraja oti ne pratam
------------- Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Октомври.2010 во 23:59
stigma04 напиша:
a dobro koi ekipi ke igraat za kupot na makedonija mislam koi se plasiraja oti ne pratam |
повели Стигма
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=13830&PID=2400821#2400821 - http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=13830&PID=2400821#2400821
-------------
|
Постирано од: stigma04
Датум на внесување: 04.Октомври.2010 во 00:30
emil be zakon si
------------- Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Октомври.2010 во 13:33
Во Кичево навивачите на Шкендија го симнаа македонското знаме
Извор: Макфакс
За време на полувремето на натпреварот од 10 коло на првата македонска фудбалска лига помеѓу Напредок и Шкендија гостинските навивачи го симнале македонското знаме од јарболот.
Натпреварот беше во прекин, поради тоа што фудбалерите на домашната екипа Напредок не излегоа на теренот додека знамето не беше вратено на своето место. Мечот на крајот заврши нерешено 1:1.
Во Битола исто така мечот траеше подолго поради прекин кога навивачите на Пелистер влегоа на теренот. По испразнуввањето на трибините гостите од Кратово фудбалерите на Силекс го победија Пелистер со 3:1.
Во Скопје Вардар доживеа уште еден пораз и се зацврсти на последното место на табелата со само три бодови. Овој пат загуби од Брегалница со 1:2. Во останатите мечеви се постигнаа следните резултати: Хоризонт Турново – Работнички 0:2, Ренова – Металург 1:0, Скопје – Тетекс 1:0.
Табела: Ренова 19, Шкендија 18, Металург 16, Хоризонт Турново 16, Скопје 16, Напредок 15, Работнички 15, Силекс 15, Тетекс 14, Брегалница 10, Пелистер 5, Вардар 3
-------------
|
Постирано од: stigma04
Датум на внесување: 17.Октомври.2010 во 22:26
Mislam deka dosega ni edna navivacka grupa vo makedonija dosega ne imala simnato zname ma makar so bilo koja drzava da se igralo i bilo kade ova e cin koj treba da se osudi i mislam neznam zosto navivacite na skendija sekogas pravat skandali na mesta kade sto nema navivaci,i drugo sega oti nikoj ne gi osuduva a mozeja komitite site televizii da gi osudvat za pravenje incidenti na nacionalna baza,mislam strasno e ova komitite bea non stop napaganji za nisto,a sega zosto nikoj ne gi osuduva balistite ne mozam da svatam,i tie sami si pravat pogolema omraza sprema navivacite so nivnite pogresni potezi..
i ne vredi da komentiram za takvi navivaci koi nikogas ne imale nikakov rejting osven vo tetovo nikade na drugo mesto
i bez komentar za takva navivacka grupa koja nema nikakva cel i neznae kako da se prikazi a kamoli da naviva,posto navivacka grupa e onaa koja gi brani boite na klubot i onaa koja znae kako da se pretstavi so koregrafija i navivanje i onaa koja treba da gi pocituva znameto na drugata drzava,a od ovie site raboti balistite nemozat da se pronajdat vo niedno mesto posto ne znaat ni samite sto sakaat i kako da se pretstavat kako navivacka grupa koja realno ne spaga vo mak tifo dvizenjeto
------------- Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 18.Октомври.2010 во 08:30
Табелата ти е грешка,вардар има -3 бода,а клубовте не се пишат со се градовите.
ФК Пелистер е правилно
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Октомври.2010 во 08:58
Веднаш ќе им направам забелешка на Винер.Бг декаме излагали со табелата
-------------
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 18.Октомври.2010 во 09:00
ПА имаш македонски сајт за спорт,можеш од таму да земаш информации.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Октомври.2010 во 13:43
Шкендија без навивачи на гостувањата
Комитетот за итност во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука со која им се забранува на навивачите на фудбалксиот клуб Шкендија да го бодрат својот клуб на гостувањата до крајот на сезоната.
Причината за ваквата одлука е инцидентопт што го направија фановите на тетовскиот тим на мечот во Кичево против Напредок каде македонското знаме беше симнато од јарболот и фрлено на замја а на негово место било закачено албанското знаме.
-------------
|
|