|
Што е син Божји? |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | ||||||||||||||||||||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 18.Мај.2007 во 19:58 |
|||||||||||||||||||
Со хеленизирањето на христијанството и неговото претварање
од јудејска секта во посебна религија се сменал и самиот поим “Божји син“, така
да тој израз денес го нема она значение што го имал во Исусовото време. Во тоа
време Син божји не значел експлицитно боженственост. Синови божји биле сите
евреи и по тоа се разликувале од другите народи. “Вие сте синови на Јехова, на
Богот свој“ (Повторените закони)... “Јехова говори, синовите сум ти ги одгледал
и сум ги израснал“ (Исаија)......, “Тие се народот мој, синовите..“ (Исаија),
“Вратете се синови, што се одвративте“ (Еремија) Овој вообичаен назив за
евреите, пренесен кај паганите (за кој поимот Син Божји преставувал нешто
сосема друго) го создал митот за Исус Христос син божји испратен на земјата за
да со смртта го откупи човештвото од гревови. |
||||||||||||||||||||
hardcore
Сениор Регистриран: 20.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 268 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Prvo,Isus Hristos ne e mit....Ako go citiras Stariot Zavet,tie se sinovi Bozji zatoa sto se predodredeni kaj niv da se sluci ona sto se slucilo(doagjanjeto na Isus na zemjata).Isus e vistina sinot Bozji,sozdaden od svetiot duh,i otelotvorenie bozjo.Ke se obidam najednostavno da objasnam,za da ne zapagjame vo zamkite na izvrteni zborovi,tocki i zapirki;Bog e seopst,sekade i vo sekogo.Za da moze lugjeto da se uverat vo negovoto postoenje i dobrodetelstvo,toj se otelotvoruva(del od nego preku svetiot duh)vo Isus i taka se formira svetoto trojstvo(za toa veke pisuvavme).Koga vikas sinovi bozji,razmisli koj go stvori covekot.....
|
||||||||||||||||||||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Многу кратко... во времето на Исус, секој евреин се сметал себе си за син божји. Сите беа од племето израилово, синови божји... избраниот народ. Кај Римјаните, кај Грците, кај паганите поимот син божји преставуваше вистинско божество, значи навистина син на бог а не припадник на народ. Евреите си го викаа Бог - Татко, Грците не го викаа Зевса Татко. Кога евреин на евреин му кажува сине божјуи тоа не подразбира сродство каквошто го пиши во Нов завет за Исус, туку едноставно припадност на еден заеднички народ. Митот за божественоста на Исус, која ја нема во раното христијанство и во редовите на ерусалемската христијанска заедница (пошто јудаизмот не познава такви категории како безгрешно зачнување, син на Бог (во боженствена форма) свето тројство....) ја создава Павле во својот “хеленистички“ поглед на Исусовото дело.
|
||||||||||||||||||||
hardcore
Сениор Регистриран: 20.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 268 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Многу кратко... во времето на Исус, секој евреин се сметал себе си за син божји. Сите беа од племето израилово, синови божји... избраниот народ. Кај Римјаните, кај Грците, кај паганите поимот син божји преставуваше вистинско божество, значи навистина син на бог а не припадник на народ. Евреите си го викаа Бог - Татко, Грците не го викаа Зевса Татко.
***Bog rekol:"Jas sum vo vas i vie ste vo mene".Toa e za sinovite bozji.A za rimjanite i Grcite...tie koga ja primaat Hristijanskata vera???
|
||||||||||||||||||||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Па затоа и кај христјаните и грците најпрво се роила и прифатила идејата за боженстваноста на Исус. Таму се создал митот. Инаку првите христијани оние на ерусалемската заедница под водство на Јаков останаа јудаисти и за нив Исус не беше божество.
ПС Тоа е она што го нарекуваме хеленизација на христијанството. Павле ја спровел таа идеја. Изменето од Чорбаџија - 19.Мај.2007 во 00:00 |
||||||||||||||||||||
hardcore
Сениор Регистриран: 20.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 268 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
I pak...Isus ne e mit.Ne probuvaj da izvrtis (nametnes)nestosto ne e.A sto e so rimjanite???A sto e so drugiot Hristijanski svet?Ne....nema mitovi,nema prasanja od tipot"sto e Bozji sin".Tie se mnogupati odgovoreni,kako vo samata Biblija,taka i od lugje koi ja proucuvale...jas i ti ne mozeme da izmisluvame topla voda....
|
||||||||||||||||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
„митот“ дека Христос е Син Божји, се воспоставува најнапред во Ерусалим, веднаш по Христовото воскресение...
Всушнот, Петар, а не Павле, беше првиот кој го препозна тоа во Христос. |
||||||||||||||||||||
Studentski Klub
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Големата лингвистична збрка која има катастрофални последици за целиот свет можеби се сведува во 2 главни грешки кои од почетокот не требало да се толерираат. Тоа се преводите на зборовите Син (Чедо) и Бог (Господар). Во прв поглед зборовите во загради делуваат како синоними, но кога се зборува за Бог, тогаш мало лексишко преиначување може да доведе до катастрофален заклучок дека дека Бог има Син, што за Бог е апсолутно неприфатливо. Ќе ви прикажеме една паралела на зборовите на Исусовиот јазик
Арамејскиот терм РАББ = Господар (англиски=LORD), кој во арапскиот би бил еднаков на РАББ се однесува на Бог, но не стриктно нему. Така на пример, РАББУЛ-БЕЈТ = Господар на куќата. Значи, прифатливо би било Исус да се нарече Господар, во смисол Господин, но не во смисол - Бог. Прифатливо би било Исус, како и сите ние да се наречеме Чеда божји, во смисол – слуги Божји, тие за кои Бог се грижи, и ги сака, но не биолошки синови! Во Библијата во врска со ова има многу пасуси кои велат дека Сите луѓе се Божји Синови, па дури и Сатаната (пример: Матеј 5:45; Јов 1:6). Главниот разлог за до денешно неизјаснување на овие поими стои во тоа што денешната Библија не е во оригиналниот јазик на кој говореше Исус – Арамејскиот (или Хебрејскиот). Овие се главните разлози кои доведоа до потребата на религиското освежување што Бог одлучи да го направи со Мухамед (мир над него) како последен пратеник, објавувајќи му го к*ранот, Последното Откровение за целото Човештво. Исламот не е затворена религија, наменета за одреден народ или средина, туку последен отворен повик на Бог за секое човечко суштество за да му се покори само Нему. Исламот го потврди тоа што го кажаа пратениците пред него, но истотака го филтрира од грешките што настанаа во меѓувреме и го зајакна со потврда од самиот Бог: |
||||||||||||||||||||
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
|
||||||||||||||||||||
hardcore
Сениор Регистриран: 20.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 268 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Во к*ранот е поинаку. Во него луѓето се нарекуваат слуги Божји, но никаде не се вели дека се синови или чеда, за да не се измешаат поимите, па потоа и верувањето.(citat)
***A po knigickata k*ran,koj go sozdal covekot,pa da ne e sin Bozji(ako bukvalno preveduvas)....Ako sejtanot go sozdal(verojatno)togas toj e sluga Bozji za da gi iskupi grevovite svoi za pristap kon necistiot
|
||||||||||||||||||||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Сите евреи се сметаат за синови божји. Такја да и Исус и Петар и Јаков како и Давид и Соломон се синови божји. Кај евреите син божји не означува боженствена природа. Додека на пример кај Римјаните, кај Грците во нивните поими и сфаќања син божји значеше и боженствена природа. Така да во времето на Исус, во Израел, зборот јас или ти или оној е син божји значеше поинаку отколку истиот збор во Рим или Атина, или денес што значи.
|
||||||||||||||||||||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
i koga bi bilo taka kako sto Ti vikas, sepak samo eden megu site e Hristos MEsija |
||||||||||||||||||||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
||||||||||||||||||||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Месија е друго. Месија не подразбира син на бог. Не подразбира божество. Месија е пратеник од бога. Спасител, Човек, а во случајот со евреите Месија е крал од кралска лоза, човек и свештеник, оној кој ќе ги обедини племињата Израилеви, оној кој ќе го победи и истера неприателот од светата (божја) земја, ќе го изгради храмот и ќе владее со синовите божји (ецреите) по старозаветните закони.
|
||||||||||||||||||||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Isus toa fo dakazuva koga veli: "Jas postojam i pred Avraam"
|
||||||||||||||||||||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
||||||||||||||||||||
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Тука веќе влегуваме во докажувањата за Исус, во евангелијата пак се води неговото потекло од “семето Давидово“ иако пак се вели дека тој не е човек туку син на бога, значи не може да е со овоземско потекло. Самата потреба да се докаже месијанството на Исус, ги носи писателите на евангелијата да паѓаат во такви контрадикторности, така да на едно место го набројуваат родословот на Исуса како на обичен човек со татко, дедо и прадедо, а од друга страна велат дека настанал со безгреѓно зачнување од самиот дух свети.
Али тоа не е поентата што бил Исус туку што Евреите подразбирале под поимот божји син а што под месија. |
||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |