|
Фан клуб Интер |
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Автор | |
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рафаел Бенитез во Интер?
Рафаел Бенитез е многу близу до клупата на Интер, а италијанските медиуми тврдат дека Шпанецот со себе во Милано ќе ги доведе Хавие Маскерано и Дирк Кајт. "Газета дело Спорт" тврди дека техничкиот директор на европскиот првак Марко Бранка веќе ги завршил првичните преговори со шпанскиот стратег и тоа само неколку часа по објавувањето на веста дека Бенитез стави крај на соработката со Ливерпул. Како што наведува весникот, се е договорено, а се чека само зелено светло од претседателот на Интер Масимо Морати, кое не би требало да изостане. Бенитез ќе добие многу поголема сума за трансфери во споредба со онаа што ја имаше во Ливерпул, но прва задача ќе му биде да разговара со Маикон, снајдер и Диего Милито, кои сите сакаат да ги задржат во клубот. Потоа Шпанецот би можел да работи на доведување на играчите на Ливерпул, Маскерано и Кајт. Покрај Бенитез кандидат за местото тренер на Интер, на кое до неодамна седеше Жозе Мурињо, се споемнуваат и Гус Хидинк и Мануел Пелегрини. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
badboy92
Нов член Регистриран: 07.Мај.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 18 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
INTEEEEEEEEEEEEER SAMPIONIIIIIIIIIIIII ALE ALEEEE :D
|
|
I AM THE BEST AND f**k THE REST !! :D
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
stigma04
Сениор Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
inter sampionnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnnn
|
|
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Балотели им се извини на Мурињо и Интер
Долготрајната расправија која владее на релација тренерот на Интер Жозе Мурињо и неговиот 19-годишен напаѓач Марио Балотели привремено е запрена. Секако, попушти фудбалерот, кој му се извини на клубот, но и на тренерот Жозе Мурињо. "Се извинувам за ситуацијата која владее во последно време. Во неа најмногу загубив јас бидејќи не играв, но за сето тоа сум самиот виновен. Сега во тишина ќе ја чекам својата шанса повторно да се вратам во тимот. Не би сакал да се навраќам во минатото, туку сакам да размислувам за иднината и за мечевите на Интер кои следат, во кои сакам да помогнам. Знам дека можам да бидам далеку покорисен на тревникот." - изјавил Балотели. Овој играч не настапи на последните шест меча за Интер, а цело време нагласуваше каде еден ден ќе ја изнесе целата вистина во јавноста, со што ќе докаже дека не е виновен. Сепак "правата вистина" не ја обелодени и се одлучи на ваков чекор. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема да му се извинам на Мурињо, немам зошто
Сапуницата околу 19-годишниот Марио Балотели продолжува и сеуште не се гледа крајот. Нова епизода е направена за време на популарното ТВ шоу, "Чиамбрети Најт". Главен гостин на вечерта бил италијанскиот стратег Џовани Трапатони, кој моментално е селектор на ирската фудбалска репрезентација, но сепак емисијата кулминирала кога на телефонската линија се огласил играчот на Интер, Марио Балотели. Во текот на денешниот ден од Интер известија дека Мурињо нема да го вклучи "СуперМарио" во составот за првиот четвртфинален меч од ЛШ во кој Интер ја пречекува ЦСКА, што ќе биде шести меч по ред како Балотели го нема во составот. "Работите не се такви како што се презентираат и не е вистина она што го слушавте изминатите денови. Искрено, не сум глупав да не играм шест меча во низа и тоа да биде во ред" - рекол Балотели и продолжил: "Не, нема да му се извинам на Мурињо, бидејќи немам причина за тоа. Се ќе кажам, се ќе изнесам во јавноста кога за тоа ќе дојде време". |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интер во целост застана на страната на Мурињо, во „војната" со Балотели
Нагонот за расправии кај португалскиот тренер Жозе Мурињ, кој моментално ја врши должноста стратег на Интер, никогаш не бил доведен под знак прашалник. По доаѓањето во овој милански клуб "омилена" мета му беше 19-годишниот Марио Балотели со кого создаде вистински непријателски однос и веројатно не мина ниту еден месец без нивна караница. Последниот гаф кој го направи Балотели е оној од пред неколку дена кога во интервју за една ТВ станица покажал дрес на Милан на кој испишано било неговото презиме. Мурињо во петокот обави разговор со Балотели, по што играчот го напушти тренинг кампот на тимот каде се подготвуваат за денешното големо дерби на Серија А против Рома. Тоа ќе биде шести меч како Интер игра без Балотели. Сопственикот на Интер, Масимо Морати беше еден од најголемите фанови на Балотели, но и тој ги крена рацете од играчот по скандалот со дресот на Милан. Клубот, сепак и службено се огласи по ова прашање. "Во секој детал се согласуваме со нашиот тренер Мурињо и ги почитуваме неговите одлуки. Ако одлучи да го изостави Балотели, во целост се сложуваме со таквата одлука" - стои во извештајот. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фабрегас од лето во дресот на Интер
Има уште многу време до летниот преоден рок, но уште од сега се знае дека една од ѕвездите во летниот трансфер преоден рок ќе биде Фабрегас. Шпанецот е на мета на многу клубови, а изгледа дека е најблиску до екипата на Интер. Од следната сезона играчот од средниот ред на Арсенал Фабрегас ќе го носи дресот на Интер, барем така тврдат новинарите на "Скај Спорт" Италија. Според нивните пишувања, Италијанскиот шампион на својата листа на играчи за полисите за осигурување го има ставено и името на шпанскиот репрезентативец иако тој нема потпишано никаков договор со Интер. Но тоа е сосема доволно медиумите на Апенинскиот полуостров да го преселат Фабрегас во Италија. Тренерот на "нероазурите" Жозе Мурињо го обожава играчот на Арсенал кој во моментов е проценет на 55 милиони евра бидејќи има договор со "Топџиите" до јули 2014 година. Како дел од трансферот се споменува и напаѓачот на Интер Марио Балотели кој би се преселил во Лондон. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никој нема да не престигне
Италијанскиот шампион Интер успеа да ја преживее пеколната недела во која прво го мина Челзи во осминафиналето од Лигата на шампионите, а потоа одигра 1:1 на гостувањето кај Палермо за на крајот да остане на првата позиција на табелата во Серија "А" пред се благодарение на нерешениот резултат на нивниот конк*рент Милан во дуелот со Наполи. Екипата од Џузепе Меаца има само една победа на последните седум натпревари, што е најлоша серија по сезоната 2004/05. Меѓутоа тренерот Жозе Мурињо воопшто не е загрижен за ситуацијата во која се наоѓа неговиот тим, бидејќи верува дека фудбалерите се способни да одиграат квалитетно до крајот и да го одбранат трофејот. "Конк*рентите ги пропуштија своите шанси да не престигнат. Повеќе нема да им пружиме вакви можности. Сега играме со Ливорно и тоа ќе биде почетокот на нова наша победничка серија", изјави Мурињо. По дуелот со Ливорно в среда Интер ќе го одигра дербито на Олимпико против Рома еден од клучните мечеви за "Скудетото". На неговите изјави се приклучи и голманот Жулио Цезар кој додаде дека сите екипи кои играат против Интер дополнително се мотивирани и целосно мобилизирани, меѓутоа тоа не му пречи на неговиот тим во обидот да стигне до бодовите. "Апсолутно сум сигурен дека повторно ќе бидеме шампиони. Иако ги пропуштивме двата бода против Палермо, докажавме дека сме страшен тим. Сите противници се трудат максимално кога играат со нас, но тоа е логично. Ние сме шампиони и сите сакаат да се надигруваат со нас. Не стравувам од конечниот епилог на сезоната, бидејќи верувам дека Интер на чело со Мурињо ќе стигне до нова титула", изјави бразилскиот голман. По одигрувањето на 29 коло во Серија "А" Интер е на првата позиција со 60 освоени бодови, еден повеќе од Милан и четири од Рома на третото место. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прво нов договор со Мурињо, потоа Џерард
Италијанскиот спортски дневник Кориере дело спорт тврди дека раководството на Интер се подготвува да му понуди продолжување на договорот на тренерот Жозе Мурињо со кој ќе го задржи на Џузепе Меаца до 2013 година. Според истиот извор, португалскиот стручњак нема против да прифати такво нешто, а целата работа може да се заврши пред крајот на актуелната сезона независно од резултатите на тимот. Актуелниот договор на Мурињо е со важност до 2012 година, што значи дека Масимо Морати има желба да го задржи во својот тим уште една дополнителна сезона. Тоа ќе се обиде да го направи со зголемување на неговата годишна плата од 11 на 13 милиони евра. Кога ќе се заврши таа работа, Интер ќе тргне по засилувања за кои дополнително ќе бидат обезбедени финансиски средства. Инаку, прв на листата на желби е капитенот на Ливерпул, Стивен Жерард, за кого италијанскиот првак се посериозно "гризе". Како што е познато, Мурињо и додека беше менаџер на Челзи се обидуваше да го донесе Жерард во своите редови, но таа желба никогаш не успеа да си ја исполни. Бразилскиот интернационалец Тиаго Мота не ги оправда очекувањата, па со Жерард ќе се обиде да го засили средниот ред, за многумина најслабата линија во тимот на Интер. "Тој е одличен фудбалер, перфекционист и секогаш подготвен да го даде максимумот за својот тим. Мислам дека ќе ни биде од огромно значење и дека со него ќе останеме непобедливи во Италија", изјави Морати. Ако повторно не успее со Жерард, Интер ќе и конк*рира на Барселона во трката за фудбалерот на Арсенал, Цеск Фабрегас. И тука се мали шансите италијанскиот првак да успее, но раководството на клубот не се откажува од намерата летово да го засили средниот ред со квалитетен играч. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Адриано сака да се врати во Интер
Поранешниот бразилски напаѓач на италијанскиот Интер Адриано, рече дека сака да се врати во миланскиот Гранд.
"Би сакал да се вратам во Интер и да се извиним за начинот на кој си појдов", изјави Адријано во интервју за италијанско радио. Во истото интервју, сепак, Бразилецот сподели, дека е подготвен да игра и во друг италијански тим. За време на неговиот престој во Милано напаѓачот имаше психолошки проблеми и проблеми со тежината, и на крајот тој заврши договорот со клубот за заемна согласност на 24 април минатата година. Според радиото, Адриано е со десет килограми по малце по заминувањето од Интер. |
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Официјално: Ето потпиша со Интер 27/07/2009 22:05
И официјално Самуел Ето е новиот играч на Интер. Камерунецот околу 20:40 во присуство на потпреседателот Риналдо Гелфи потпиша 5 годишен договр кој ќе го задржи до 30-ти јуни 2014 на Џузепе Меаца. Ето официјално ќе биде презентиран утре со почеток во 14:00 во просториите на Интер. “Направив историја во Барселона, но тоа е веќе минато. Сега новата приказна ми започнува во Интер. Ја сакав оваа авантура и се надевам дека ќе помине добро.“ “Неможам ништо друго да му посакам освен среќа на Ибрахимовиќ. Освоив многу со Барселона и се надевам дека тој ќе освои дури и повеќе.“ “Ветувам дека ќе работам секој ден, како и што правев досега. Нема потреба да кажувам дека сакам да постигнам што повеќе голови. Знам дека сум способен за постигнување на голови и знам дека секогаш можам повеќе.“ - заврши Ето во својата прва изјава за медиумите како играч на Нероазурите. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Маикон: Ако не ја освојам ЛШ си одам од Интер 20/06/2009 03:27
Десниот бек на Интер Маикон призна дека најголема желба во кариерата му е да ја освои Лигата на шампионите и ако не го стори со Нерозаурите наредната сезона тогаш би можел да размислува за трансфер во друг клуб. “Мадрид е голем клуб и навистина би било убаво да играм таму, но јас имам договор со Интер до 2011.“ “За мојата иднина? Ќе видиме. Јас и моите соиграчи навистина сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите, но нешто во Интер мора да се смени. Сакам да ја освојам Европа со Интер, но ако не се случи тоа ќе пробам со друг клуб.“ - изјави Маикон за goal.com italia. Нероазурите се немаат радувано на овој трофех од 1960-та година. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
HI)H(
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 22.Јуни.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 258 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ABE INTER SE MRSNICI
|
|
1 Година верен форумџија
|
|
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |