IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали постои Бог?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали постои Бог?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 51525354>
Автор
Порака
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 20:49
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Дали постои Бог?


 

 

Еден човек може да верува или да не верува во постоењето на  Бог. Трето нема. Првите се наречени Теисти, а вторите Атеисти.Теистите веруваат дека целиот универзум и се што е во него е планска и свесна креација на еден надинтелегентен Творец, кој е прапричина на секое битие и со овие атрибути се доближуваат до поимот Бог.Атеистите пак веруваат дека целиот универзум и се што е во него е случајно создадено, без присуство на никаква интелегенција, а за прапричина ја сметаат Материјата. (Или, што е еквивалентно,енергијата.  Е=м*с2 или м=Е/с2 )

Погрешно е теистите да се нарекуваат верници бидејќи веруваат во постоењето на Бог, бидејќи и атеистите се исто така еден вид верници кои веруваат во непостоењето на Бог. Така кога би морале едни од нив да ги наречеме верници, секако би ги одбрале оние кои имаат помалку аргументи за нивниот став.Подоле се наведени неколку од најчесто користените аргументи за постоењето на Бог (како Создател и Дизајнер на Универзумот, животот, природата, марко и микро светот.)Без разлика дали некој ќе го прифати теистичкиот или атеистичкиот приод, факт е дека мора да се тргне од една иста почетна основа, која, во обата приода, се сведува единствено на лично убедување, т.е. на вера.


(За да не биде овој пост преобемен и неприкладен за на форумов, целата содржина на аргументите ја ставив на посебен сајт ( Дали постои Бог? ), а тука ги наведов само линковите до аргументите.


Доколку имате други аргументи за, или против, постоењето на Бог, ве охрабрувам да ги постирате тука и заедно да си ги збогатиме нашите аргументи околу постоењето на Бог.Ајде да ги извагаме и двете страни и да видиме кој е поголем верник: теистите или атеистите.


 


Теистички аргументи:


 


 <A name=1></A>

 

    <FONT size=+1>1. Законот за каузалност

Секоја последица има своја причина или, што е еквивалентно,нема последица без причина.Причина за моето постоење се моите родители.Јас сум последицата.Причина за нивното постоење се нивните родители итн.Причина за постоењето на дрвената маса е некое дрво, тоа пак однекоја семка, семката пак од некое друго дрво итн. На овој начинсе создаваат каузални низи и бидејкји од една причина може дапроизлезат повеќе последици, кои потоа исто така стануваат причиниза некои други последици, всушност добиваме едно огромнопричинско-последично дрво (станува збор за симболично дрво).Ако погледнеме во коренот на ова дрво, доаѓаме до една прапричина(првопричина) за постоење на се друго, освен на првопричината, којамора да биде независна од сите творби, надвор од нив и над нив.Како што кажавме теистите веруваат дека прапричината е Бог,а атеистите материјата. Може ли материјата да биде прапричината?<A name=2></A>

    <FONT size=+1>2. Заклучоци од Контингентноста (условеност на постоење):

Контингентни се оние нешта кои не се самобитни т.е. причината занивното постоење не е во самите нив, туку надвор од нив.Основнисвојства на контингентност се:

  • ПроменливостАко некоја творба се менува, таа нема внатрешна самобитност.Материјата се менува, значи таа неможе да биде самобитна.Таа е контингентна.
  • ВременостКога нешто постои во даден облик, форма или вид само определено време,тоа се одликува со временост.Секој конкретен вид и облик на материјата е привремен.Бидејќи материјата не постои континуирано во еден ист вид, облик,туку се менува, таа се одликува со временост, а не со вечност.Тоа важи и за целата Вселена. Затоа таа ниту била, ниту ќе бидевечна, самобитна.
  • Конечност, ОграниченостСе што постои во одредена големина, а би можело да биде и поголемо,е конечно и ограничено. Секој вид и облик на материја е токму таков,конечен и ограничен. Ако секој дел од материјата е таков, тогаш ицелината е таква (целината не може да биде поголема од збирот на деловите).Алберт Ајнштајн во општата теорија на релативноста одредува дури иприближни вредности за радиусот и масата на целата вселена.<FONT face="fixedsys,arial black">Р = 1000....0 м (26 нули) ; М = 1000....0 Кг (53 нули) Се разбира не можеме да очекуваме висока прецизност на овие вредности,но од поголем интерес за нас е тоа што овие вредности, колкави и да се,се конечни.Значи, целата вселена, сиот материјален свет е контенгентен, а несамобитен, од променлив, конечен и временски карактер, а не од постојан,бесконечен и вечен карактер. Таква е и материјата.Јасно е дека и бесконечна низа на контингентни творби не можеда ја одигра улогата на првична прапричина за нејзиното постоење,а таа прапричина да не биде контингентна. Такво својство по дефиницијаможе да има само вечниот, непроменливиот и самобитен Бог.<A name=3></A>
      <FONT size=+1>3. Бог е најдоброто објаснување за почетокот на Универзумот.
       1) Се што почнува да постои мора да има своја причина.   2) Универзумот има свој почеток. (15-20 милијарди години)   3) Затоа Универзумот има своја причина
  • Првата премиса следи дирекно од законот на каузалноста. Последицата епочетокот на новото постоење.Но дали може Причината да произведеПоследица, ако таа Причината сеуште не постои?
  • Втората премиса е добро позната.Универзумот не е вечен. Спротивнототврдење се судрува со Вториот Термодинамички Закон. Тој вели декасо текот на времето ентропијата(мерка за неред) расте, а потенцијалнатаенергија со која може да се изврши некоја работа се намалува. Па такаако универзумот би бил вечен, сите ѕвезди, вклучувајќи го и нашето Сонцеби требало могу многу одамна(бесконечно минато време) да согорелет.е. топлотната смрт требала да се случи многу одамна. Но не е така,Сонцето и уште милијарди други ѕвезди сеуште светат.Без конк*ренција, една од најпознатите и најприфатените теории занастанокот на универзумот е теоријата <FONT face="fixedsys,arial black">Биг Банг (Големата Експлозија)Теоријата вели дека таа експлозија се случила пред 15-20 милијардигодини, иако е тоа пред огромно време, сепак е конечно.
  • Третата премиса е логичка импликација од првите две.<A name=4></A>
      4. <FONT face=" ms sans serif" size=+1>Eh nihilo, nihil fit
    Аксиомата "Од ништо произлегува само ништо" е фундаменталена заприродните закони. Но за жал таа не е фундаментална за атеистите,некои од нив, на пример Питер Еткинс, пробуваат да не убедат декаи покрај огромната големина и разновидност, Вселената претставуваедно усовршено и привлечно преуредување на ништото, пробува да неубеди дека Ништото се претворило во Материја, која потоа си создалаприродни закони, кои ја натерале да се шири и да се организира, за дабиде она што е денес. Сега ќе разгледаме колку требало да бидатпрецизни параметрите на природните закони кои си ги создала"Интелегентната Материја"<A name=5></A>
      <FONT size=+1>5. Прецизно поставени параметри
    1) Полнежот на протонот и електронот е совршено еднаков.2) Ако односот на масите на протонот и електронот (<FONT face="fixedsys,arial black">1836 : 1) бешезначително поинаков, не би можеле да се образуваат неопходнитемолекули, па ни би имало ни хемија, ни живот, ни физичари кои биго истражувале тоа.       Релативниот однос меѓу четирите основни сили во природата:3) Односот меѓу релативните јачини на електромагнетната и гравитационатасила е фасцинантен. И двете сили играат неопходна улога во формирањетои градбата на ѕвездите.Тие се држат меѓу себе со помош награвитационата сила, а енергијата која ја зрачат е во вид наелектромагнетно зрачење. Физичарите укажува дека доколку гравитацијатаби била различна за само еден илјадити дел, тогаш ѕвезди каконашето сонце воопшто не би постоеле, а сосема сигурно не би постоелеи облици на живот кои за свое одржување зависат од ѕвезди-сонца.4) Исто така односот помеѓу Јаката и Слабата нуклеарна сила воатомот е фасцинантен. Овие две сили ги определуваат заемодејстватапомеѓу протоните, неутроните и електроните во атомот.
  • Физичарите укажуваат дека доколку Јаката нуклеарна сила би биласамо малку послаба, атомите кои во своите јадра содржат повеќе одеден протон, никогаш не би можеле да се образуваат.Во таков случај целата вселена би се состоела од водород,кој има само еден протон во своето јадро.
  • Од друга страна ако Јаката нуклеарна сила би била малку појака,целокупниот водород во раната вселена би се претворил во хелиум,а без присуство на водород во подоцнежната фаза, не би можеле дасе формираат ѕвезди.
  • И најмали промени во Слабата нуклеарна сила би имале погубнодејство врз животот, но таа е токму на потребното ниво коеовозможува водородот да гори бавно и со иста брзина во огненатавнатрешност на ѕвездите.Стивен Хокинг го нагласува значењето на прецизнатаурамнотеженост меѓу основните сили и заклучува:Станува јасно дека има релативно мал избор на бројни вредности коиовозможуваат развиток на каков било облик на интелегентен живот.5) Стивен Хокин вели дека: Ако експанзијата на универзумот би биласамо сто илјади милиони милионити дел побавна, целиот универзумби колапсирал многу рано. А ако експанзијата би била појголема заеден милионити дел, тогаш галаксии, ѕзвезди и планети немашеникогаш да се формираат.6) Ако резонантното ниво на Јаглерод 12 беше за <FONT face="fixedsys,arial black">4% пониско,Јаглеродот немше да се формира. А ако пак беше за <FONT face="fixedsys,arial black">0.5% повисоко,тогаш речиси целиот Јаглерод би бил "исчистен", што би значело декане би се соединувал со хелиумовите јадра за да создаде кислород.А ако нема јаглерод ќе не нема ни нас.Јаглеродот, Кислородот, Азотот и други потешки елементи потребни заживот, сите зависат од ова.7) Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од сонцето,за да добива соодветно количество на топлина и светлина.8) Наклонетоста на Земјината оска од <FONT face="fixedsys,arial black">23.45° во однос нарамнината на нејзината орбита, игра голема улога во климатскитепромени на земјата, а уште поинтересно е што нашата месечина јаобиколува Земјата по орбиталната рамнина, додека секоја другамесечина во Сончевиот систем кружи околу својата планета поекваторијалната рамнина. Иако овој феномен останува мистерија заастрономите, знаеме дека само ваквата конфигурација ги овозможувапојавите на плима и осека на Земјата, кои играат важна улогаза животот на земјата.Ова што досега го изложивме е само дел од индикациите декасоздавањето на космосот, галаксиите, ѕвездите, планетите,атомите, молекулите, животот и неговото одржување на земјата естрога, планска и високо интелегентна космичка функција,која бара крајно сложени и прецизно поставени параметри.<A name=6></A>
      <FONT size=+1>6. Плански создадена планета
    Научниците се уште трагаат по докази за евентуално постоење на живот и надруги планети, а не само на Земјата. Тоа е во ред, но во меѓувреме да сепотсетиме какви се уникатни и строги услови треба да исполнува една планета,за да поддржува живот, и колкава е реалната веројатност да најдеме живот надруга планета.
  • Потребна е погодна галаксија - Само спиралните галаксии, каква што енашата, можат да поседуваат услови за живот. А такви галаксии во вселенатаима само 5%. Преостанатите 95% од галаксиите се или елиптични или сонеправилен облик. Кај елиптичните галаксии, образувањето на ѕвездитезавршува уште пред да се образуваат доволни количества од потешките хемискиелементи во меѓуѕвездениот простор. А за да има услови за живот, неопходно езбогатено присуство на овие елементи. Проблемот, пак, со галаксиите сонеправилен облик е во тоа што кај нив постојат активни јадра од хемискиелементи, кои со своето нуклеарно зрачење го уништуваат животот.
  • Потребна е посебна ѕвезда (сонце) - Познатите научници, Шкловски и Саган,пресметале дека ѕвездата, која би овозможила живот на планетата во нејзинаблизина, би морала да биде со строго определена маса. Ѕвезда која би ималапоголема маса од нашето Сонце, би горела премногу брзо и енергично, со штоби оневозможила постоење на живот на соседната планета. Од друга страна,таа ѕвезда (сонце) не би смеела да биде ни со премногу мала маса, саштово таков случај, планетата би била премногу близу до своето сонце и нивнатамеѓусебна интеракција би била таква што нема да овозможи услови за живот.
  • Потребни се погодни планети-придружнички - Во 1993 , истражувачот напланети Џорџ Ведерил (<FONT face="Times New Roman">Георге Њетхерилл) од Институтот Карнеги воВашингтонг, преку компјутерска симулација дошол до интересно сознание занашиот Сончев систем. Имено, без планетата Јупитер, и тоа токму со таквадимензија и токму на тоа растојание, планетата Земја би била 1000 патипочесто погодувана од комети и кометски материјал.
  • Погодна Месечина - Нашата месечина е уникатна меѓу небесните тела по тоашто е релативно голема во однос на својата планета (Земјата). Резултат одтоа е релативно силната гравитација на Месечината врз Земјата.А благодарение на тоа, крајбрежните води на океаните се прочистуваат,водата се меша (во спротивно ќе се усмрди, како некоја бара).
  • Погодна ротација на планетата - Ако една планета ротира премногу бавно,разликите во температурите преку ден и преку ноќ би биле многу големи.Од друга страна, ако една планета ротира многу брзо, брзината на ветровитеби била катастрофални за каква било форма на живот. На пример, дури и еденмирен ден на Јупитер (ротира за 10 часа) создава ветришта со брзини однеколку илјади километри на час!
  • Гравитацијата на Земјата е идеално погодна. Ако е поголема, во атмосфератаќе има премногу метан и амонијак, кои би ги отруле лугето и животните,а ако е помала, ќе се изгуби неопходната вода во атмосферата.
  • Растојанието на Земјата од Сонцето е идеално погодна. Кога Земјата би билаподалку од Сонцето, температурите на Земјата би биле премногу ниски запостоење на живот. Кога Земјата би била поблиску до Сонцето, температуритеби биле премногу високи за живот.
  • Магнетното поле на Земјата е идеално за живот. Ако е поголемо, би ималосилни електромагнетни бури; ако е послабо, озонската обвивка и животот наповршината на Земјата не би биле соодветно заштитени.
  • Дебелината на кората на Земјата е идеална. Кога би била поголема, премногукислород би преминувал од атмосферата во кората; кога би била помала, биимало премногу вулкански ерупции и тектонски пореметувања.
  • Односот меѓу вкупната и рефлектираната светлина што паѓа на Земјата еидеален за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стакленабавча; ако е помал, ќе настапи замрзнување.
  • Озонската обвивка околу земјата е идеално димензионирана.Нејзината дебелина изнесува само околу 3-4 милиметри, а сепак таа енајодговорна за евектот на стаклена градина кој е од суштинско значењеза одржување на климата на Земјата во рамките на дозволените границиза да истата може да подржува живот.Кога таа би била 2 пати потенка, температурите на земјата би биле над <FONT face="fixedsys,arial black">70°Ц,би имало премногу ултравиолетово зрачење и Сонцето би не испржило.Исто така и ледените слоеви на половите би се одмрзнале и скоро сите островии полуострови би биле збришани. И Холандија нема да биде исклучок.А доколку таа би била 2 пати подебела температурите би биле далеку под нулата.Штетното влијание на озонските дупки, кои по површина се минимален процент одцелата озонска обвивка, се само еден предвесник и доказ за оваа прецизнопоставена заштитна обвивка од Создателот на нашиот дом - планетата Земја.
  • Количеството на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата е идеалнопогоден за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стакленабавча; ако е помал, ќе нема доволно фотосинтеза.
  • Бојата и  интензитетот на светењето на Сонцето треба да е погодна.Ако брановата должина на зрачењето е повеќе од црвената боја, ќе немадоволно фотосинтеза. Истото би се случило и ако бојата е поместена консината боја.
  • Наклонетоста на Земјината оска од 23.45° во однос на рамнината на нејзинатаорбита, игра голема улога во климатските промени на земјата, а уштепоинтересно е што нашата месечина ја обиколува Земјата по орбиталнатарамнина, додека секоја друга месечина во Сончевиот систем кружи околусвојата планета по екваторијалната рамнина. Иако овој феномен останувамистерија за астрономите, знаеме дека само ваквата конфигурација гиовозможува појавите на плима и осека на Земјата, кои играат важна улогаза животот на земјата.Меѓу преостанатите параметри кои мораат да бидат многу точно погодени,ќе ги споменеме уште:
  • проѕирноста на атмосферата
  • атмосферскоит притисок
  • минерализација на почвата
  • сеизмичките активности
  • температурниот градиент на атмосферата
  • соодносот меѓу океаните и континентите
  • локацијата на белите џуџуња и нивната честота на појавувања
  • густината на планетата, и многу други параметри.Ова што досега го изложивме е само дел од индикациите дека создавањето нагалаксијата, ѕвездата, планетата, животот и неговото одржување е сложена,строга и високо интелегентна космичка функција, која бара крајно сложени ипрецизно поставени параметри. Нема да си играме со бројките за да одредимекоја е веројатноста да најдеме живот на друга планета, но нема да бидемесубјективни ако кажеме дека таа веројатност е многу мала.Прашање до атеистите:Ако веројатноста да се најде живот на друга планета е екстремно мала,зошто нашата планета е исклучок? Кој ги поставил условите погоре?<A name=7></A>
      <FONT size=+1>7. Од каде потекнува Животот ?
    Дали може животот да потекнув од неживата неинтелегентна материја?Дали јас и ти, еден комарец и еден слон е можно да сме само еднаслучајна рекомбинација на материјата, која заедно со природнитезакони се само една случајна трансформација на Ништото ?Ако  земете едно парче месо (не зготвено) и го фрлите во двор,а потоа за неколку дена го набљудувате ќе видите многу мали црвчињаво него. Порано некои луѓе сметале дека мртвото месо, само од себеси создавало црви за да го изедат потоа. Сега со ова тврдење тешкоможе да се положи испит по биологија. Денес јасно се знае дека црвитене потекнуваат од мртвото месо туку од ларвите заробени во него,кои навлегле во него додека било живо (на пример преку исхраната).
  • Милеровиот експериментПовеќето атеистички научници сметаат дека животот настанал случајново една прабиотичка супа, каде случајно се нашле потребните зачини ипотоа громовите, брановите и ветровите ја мешале оваа супа од којапроизлеговме денес јас, ти и се живо околу нас.Како и да е, пред околу 53 години Опарин, Милер, Широно и другиизлегоа со фасцинантни идеи за тоа како се готвела оваа супа,со фасцинантни планирани драми за одигрувањето на оваа случка.Во строго определени лабараториски услови овие научници се обидоада ја одиграат таа драма и добија неколку амино киселини. Избрзано сеизрадуваа и му соопштија на светот дека живот може да се добие волабараторија. Но кога Милер продолжи да го унапредува експериментот,неговиот оптимизам спласна.1) Од околу 100 познати аминокиселини, само 20 се користатат вопротеините и сите од нив се левораки. Аминокиселините кои ониги добија беа половина левораки, половина деснораки.Односот бил <FONT face="fixedsys,arial black">50 : 50 . Тоа е смртоносна комбинација. Кога би севметнала макар и само една деснорака аминокиселина, би го разурналацелиот сиџир од аминокиселини.2) Постои и концепски проблеми. На пример: нема причина да верувамедека произволното соединување на аминокиселините ќе образува нештокорисно, а доколку ги спомнеме можните комбинации, броевите (како штоподоле ќе видиме) се од редот на бројот на честици во целатавселена, па и далеку поголем од него.3) Случајните настани и неинтелегентното создавање го заменаа солабараториски услови и со интелегентни научници. Творецот натаженоги гледаше овие научници како се обидуваат да го имитираат.Но гласовите замреа, 53 години поминаа, а напредок нема.Франкенштајн остана во филмовите.4) Колкви се броевите?Големи се.
  • Информациите што ги содржи еден хромозом кај човекот сееквивалентни на <FONT face="fixedsys,arial black">500 милиони зборови. Со просек од <FONT face="fixedsys,arial black">400 зборови постраница, би биле потребни <FONT face="fixedsys,arial black">5435 книги од по <FONT face="fixedsys,arial black">230 страници за да сезапишат овие зборови, а цела библиотека од <FONT face="fixedsys,arial black">250000 книги за да сезапишат информациите кои се содржат во 46-те хромозоми кајоплоденото човечко јајце.
  • Франсис Крик ја пресметал веројатноста за спонтано образувањена една најпроста протеинска компонента од само 200 аминокиселини(нешто многу попросто од една ДНА молекула)Тој добил <FONT face="fixedsys,arial black">1 : 10000...0 (260 нули).Бројот на честици во вселената изнесува околу <FONT face="fixedsys,arial black">1000..0 (80 нули)Ако овој број го помножите три пати сам со себе, бројот погоресепак ќе биде околу сто милиони билиони пати поголем од овој производ.
  • Во своето дело "Еволуција од Вслелената", познатиот британскиастроном Фред Хојл и Викрамасинге пишуваат дека веројатностаживотот да настанал случајно изнесува <FONT face="fixedsys,arial black">1 од 1000...0 (40 000 нули)За споредба, бројот на честиците во Вселената би требало сега<FONT face="fixedsys,arial black">500 пати да го помножиме сам со себе за да дојдеме до овој број.Хојл вели: Кога ќе размислите дека еден типичен ензим има синџирод можеби <FONT face="fixedsys,arial black">200 врски и дека има <FONT face="fixedsys,arial black">20 можности за секоја врска, лесно еда се увиди дека бројот на бескорисни комбинации е огромен, поголемод бројот на атомите во сите галаксии видливи со најголемитетелескопи. Тоа е само еден ензим, а има преку <FONT face="fixedsys,arial black">2000 такви кои служатза многу различни цели.Оттука, како дошло до оваа ситуација која ние сме ја затекнале ?Хојл додал: Наместо да ја прифатиме извонредно малата веројатностдека животот настанал преку слепите сили на природата, изгледа декаби било подобро да претпоставиме дека потеклото на животот биледен промислен интелектуален чин.5) Атеистите најчесто велат дека Времето е херојот на драмата,ако има доволно време, се може да се случи, невозможното стануваверојатно, а веројатното станува сигурно. Но дали е навистина така?Како што видовме, Универзумот има свој почеток, минатото е огромно(15-20 милијарди години според Биг Банг), но сепак тоа е конечно,атеистичкиот херој е конечен.Научникот Франк Салсбери вели:Замислете си сто милиони билиони планети и на секоја од нив поеден океан длабок <FONT face="fixedsys,arial black">2км и збогатен со присуство на погодниделови од ДНА кои се размножуваат <FONT face="fixedsys,arial black">1000 000 пати во секунда,со присутни мутации во секоја последователна репродукција.Под вакви услови, Салзбери пресметал дека би биле потребни билионивселени за да има реални шанси да се развие еден ген во текотна 4 милијарди години, дури и ако <FONT face="fixedsys,arial black">1000...0  (100 нули) различниДНА молекули би можеле да ја извршуваат истата генетска функција.<A name=8></A>
      <FONT size=+1>8. Мини Биг Бенг
    Ајде да направиме еден мал експеримент. За момент замисли си декаво десната рака имаш динамит, а во левата имаш неверојатно добармикроскоп. Еве за момент биди Бог и запали го динамитот и создади сисвој Универзум, а потоа појди на местото на експлозијата и со помошна микроскопот трагај по живот. Дали веруваш дека некаде ќе најдешчовек како седи пред компјутер и чита теистички аргументи?Или човек што се обидува во лабараторија да се создаде самиот себеси?Кога и не би ти успеало, не очајувај. Можеби во првиот обид сеодиграла неочекуваната ситуација. Еве замисли си уште еден динамит,па обиди се повторно. Па повторно, па повторно...па повторно...Ти ја подарувам вечноста. Но тебе не ти треба тоа, ти имаш разум,за разлика од материјата.<A name=9></A>
      <FONT size=+1>9. Антрополошко-Психолошки сведоштва
    Материјата не е свесна за своето постоење, не знае што е тоаинтелегенција, не знае ни колку букви содржи тој збор.Материјата нема емоции. Гравитацијата ги привлекува честичките,но дали е таа клучна во привлекувањето кај нас луѓето?Тешко дека искрено заљубен човек ќе го убедите дека љубовта есоздадена од материјата.Кај материјата не постојат морални и етички норми, не постоичувство на вина. Протонот не се срами од неутронот. Фотонот неплаче, ниту се смее. Електроните не играат оро околу јадрото.Зарем е можно кога размислуваме за сите овие работи,да мислиме дека размислувањето е само продукт на некои хемискиреакции во нашата глава. Многу е тешко да се биде атеист.Да се навратиме на почетокот. Рековме дека и Теистите, и Атеиститепочнуваат од една иста почетна основа, од темелот на верата.<FONT size=+1>Зошто би избрал да верувам во неверојатното?

    Поздрав,


    EvAngelos

     


  •                         
    Кон врв
    *moon* Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 27.Јануари.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 7657
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 20:52
    uste nesto da dodadese, da dokopirase...od koj sajt go iskopira
    Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
    Кон врв
    KINGDAVID Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Solomon's father

    Регистриран: 09.Октомври.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 9420
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2009 во 21:07
    Originally posted by *moon* *moon* напиша:

    uste nesto da dodadese, da dokopirase...od koj sajt go iskopira



    Go procita li toa sto pisuva tamu ili samo napisa nesto kolku da se napise
    Кон врв
    Flix Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Клабинг

    Регистриран: 14.Септември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 9229
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Flix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2009 во 00:37
    Да ако се лажиме :)
    колку што постојат и сите досега богови измислени.

    Видетеја вистината

    http://www.youtube.com/watch?v=BNf-P_5u_Hw
    Кон врв
    Македон Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор

    Caesar Constantinus

    Регистриран: 20.Јули.2008
    Локација: Macedonia
    Статус: Офлајн
    Поени: 9928
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2009 во 00:52
    Originally posted by Flix Flix напиша:

    Да ако се лажиме :)
    колку што постојат и сите досега богови измислени.

    Видетеја вистината

    http://www.youtube.com/watch?v=BNf-P_5u_Hw


    Колега, кога ќе имаш слободно време, земи историски докази, проверувај ги и спореди ги со ова од "документарецот" и самиот ќе извлечеш заклучок дали е така или не. Ако има потреба цел пост имам специјално за ова, базиран на историски докази, кажи ми, ќе го најдам, ќе го постирам.

    Доволно е да кажам дека Хорус не е бог на сонцето во египетската митологија, туку Амон Ра.голема%20насмевка


    Изменето од macedon_alex - 13.Јули.2009 во 00:56
    Кон врв
    LSFC Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 12.Јули.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 1004
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LSFC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2009 во 04:06
    Postoi i uste kako
    Кон врв
    KINGDAVID Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Solomon's father

    Регистриран: 09.Октомври.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 9420
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2009 во 04:11
    Originally posted by Flix Flix напиша:

    Да ако се лажиме :)колку што постојат и сите досега богови измислени. Видетеја вистинатаhttp://www.youtube.com/watch?v=BNf-P_5u_Hw




    Flix, ima mnogu izmisleni "bogovi" no eden e vistinskiot BOG.

    BOG na Avraam, Isak , Jakov, Otecot na nasiot Gospod Isus Hristos.AMIN!
    Кон врв
    Cvekence Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 21.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 2509
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cvekence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 00:30
    postoi Bog i ima ekstremno cudna smisla za humor
    respect my authoritaaa
    Кон врв
    mylife Кликни и види ги опциите
    Нов член
    Нов член


    Регистриран: 15.Април.2014
    Статус: Офлајн
    Поени: 5
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mylife Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2014 во 13:41
    da, bog ne postoi, ni isus ni allah. eve da se molis na nekomu nema nisto da ti dade. e sega ako postoi nekoj na primer allah, ako postoi i ako se molis i ako ne ti dade toa sto se molis, ili e nekakov diktator ako postoi, ili ne postoi. cao.

    Изменето од mylife - 30.Април.2014 во 13:44
    Кон врв
    Messenger Кликни и види ги опциите
    Администратор
    Администратор

    Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

    Регистриран: 21.Април.2006
    Статус: Офлајн
    Поени: 18208
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2014 во 20:26
    Оригинално молитвата била и останала благодарност за оноа што веќе се добива, за простување на долговите и избавување од грешните мисли, а не како што се протворило подоцна - барање за исполнување на конкретни желби. 

    Кога го прашале Исус како да се молат тој им одговорил вака:

    Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес, и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници и не воведувај не во искушение, туку избави не од лукавиот. Зашто Твое е Царството, и силата и славата во веки. Амин.






    Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
    Кон врв
    karaoglu Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 25.Март.2014
    Статус: Офлајн
    Поени: 244
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај karaoglu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2014 во 20:32
    постоеше.....некогаш
    Кон врв
    Klara-D Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 03.Март.2011
    Статус: Офлајн
    Поени: 2671
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2014 во 11:45
    Sekako deka postoi !
    eve jas utrovo si razgovarav so nego
    potocno mu kazuvav edna molitva no ne vo sebe tuku glasno gledajki nagore, dvizejki se po ulica
    Odnapred znaev deka molitvata ke mi bide ispolneta, bez da si go postavuvam prasanjeto - Dali ???
    No mi se pojavi edno drugo prasanje ,  zosto otkako si ja kazav molitvata glasno
     instiktivno se zavrtev okolu sebe da vidam dali nekoj mozebi me slusnal
    pa da si pomisli, so devojkava nesto ne e vo red ???
    Кон врв
    Орка Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 30.Август.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 44574
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2014 во 18:22
    Кон врв
    ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Power

    Регистриран: 26.Мај.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 19172
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2014 во 23:18

    Научниците потврдија: Сè е енергија! 


    Добитниците на Нобелова награда за физика успеаа да докажат, надвор од секој сомнеж, дека физичкиот свет е еден огромен океан на енергија која се материјализира и дематеријализира во делче од секунда, секогаш повторно и повторно. Ништо не е цврсто. Тоа е свет на квантната физика.



    Тие докажале дека токму мислите се она што го собира и држи заедно ова променливо енергетско поле во објекти какви што гледаме.

    Па, зошто тогаш гледаме луѓе, наместо растреперена насобрана енергија?

    Размислите за филмската лента. Филмот е збир од околу 24 слики во секунда. Секоја слика од другата е одвоена со растојание. Но, со оглед на брзината со која сликите се менуваат, нашите очи се прелажани и гледаат слика која континуирано се движи.

    Размислете за телевизијата. Катодната цевка едноставно е цевка со голем број на електрони кои удираат во екранот на одреден начин, создавајќи илузија на обликот и движењето.

    Во секој случај, тоа е она што ги сочинува сите објекти.



    Ние имаме 5 физички сетила (за вид, слух, допир, мирис и вкус). Секое од тие сетила има специфичен спектар – на пример, кучето слуша поинаков спектар на звуци отколку ние, а змијата гледа поинаков спектар на светлина од нас. Со други зборови, нашиот збир на сетила перцепира море од енергија од одредено ограничено стојалиште, од кое се добива целосната сликата. Но, тоа не е потполно и не е точно, туку претставува само интерпретација.

    Сите наши интерпретации се темелат исклучиво на нашата „внатрешна карта“ на реалноста која ја имаме, а не на апсолутната вистина. Нашата „карта“ е резултат на колективните искуства од нашиот личен живот. Нашите мисли се поврзани со таа невидлива енергија и тие одредуваат како таа ќе биде оформена. Нашите мисли буквално ја менуваат Вселената на основа на „честичка по честичка“, креирајќи го вашиот физички живот.



    Погледнете околу себе. Сè што гледате во нашиот физички свет започнало како идеја, која растела сè додека не прераснала во физички објект преку низа чекори. Вие буквално станувате она на што најмногу мислите. Вашиот живот станал она што сте го замислувале или во што сте верувале. Светот е буквално ваше огледало, овозможувајќи ви да го доживеете на физички план она што го држите како своја вистина – сè додека не ја промените. 

    Квантната физика ни покажува дека светот не е непроменлив како што се чини. Наместо тоа, тој е многу флуидно место кое континуирано се гради со помош на нашите индивидуални и колективни мисли.

    Она што мислиме дека е вистина, всушност е илузија, речиси магија. За среќа, почнавме да го разоткриваме привидот и што е највашно, како истиот да се промени.

    Од што тогаш се состои нашето тело?

    Човечкото тело опфаќа девет системи: крвен, дигестивен, ендокрин, мускулен, нервен, репродуктивен, респираторен, скелетен и уринарен систем.



    Од што се изградени тие системи? – Ткива и органи. 
    Од што се изградени ткивата и органите? – Од клетки.
    Од што се изградени клетките? – Од молекули.
    Од што се изградени молекулите? – Од атомите.
    Од што се изградени атомите? – Од субатомски честички.
    Од што се изградени субатомските честички? – Од енергија!

    Тоа значи дека ние сме чиста енергетска светлина во нашата најубава и најинтелигентна конфигурација. Енергијата постојано се менува под површината, а сето тоа ние го контролираме со нашиот силен ум. Ние сме големи и силни човечки суштества.

    Доколку би можеле да се видите под силен електронски микроскоп и да вршите разни експерименти врз себе, би виделе дека сте составени од насобрана вечно променлива енергија во облик на електрони, неутрони, фотони и тн. Таков е случајот и со сето останато во нашата околна. 

    Квантната физика ни говори дека чинот на набљудување на објектите е она што предизвикува објектот да се наоѓа таму. Објектот всушност не постои независно од својот набљудувач. Па, така, како што може да заклучите, вашето внимание и набљудување насочено кон нешто, како и вашата намера, буквално ја менуваат таа работа. Тоа е и научно докажано.



    Вашиот свет се состои од душата, телото и умот. Секоја од трите ставки има функција која е единствена. Она што го гледате со вашите очи и го искусувате со вашето тело е физичкиот свет кој само го нарекуваме Тело. 

    Телото е ефект, создаден од причина. Таа причина се нарекува Мисла. Телото не може да се создава. Тоа може да доживува и да биде доживеано – тоа е неговата единствена функција.

    Мислата, пак, не може да се доживее – таа може да се создаде и интерпретира. Нејзе потребен и’ е светот на релативноста (физичкиот свет, телото) за да може да се доживее.

    Душата е она што им дава живот на мислата и телото. Телото нема моќ на создавање, иако дава илузија дека може тоа да го прави. Токму оваа илузија е извор на многу фрустрации кај луѓето. Телото е чист ефект и нема моќ да предизвикува нешто или да создава.

    Клучот на сите овие информации е како да го перцепираме Универзумот поинаку отколку што го гледаме сега, така што би можеле да го манифестираме сето она што навистина го сакаме.

    Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 51525354>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,172 секунди.