IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Секс
  Активни теми Активни теми RSS - Секс занимливости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Секс занимливости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 49>
Автор
Порака Обратен редослед
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2010 во 13:48
 
 
Резултатите од едно Скандинавско испитување покажале дека...
..луѓето со пониско образование..почесто се сексаат...
..но оние Високообразованите...уживаат во поквалитетен секс..и
..повеќе сакаат да експериментираат....хи,%20хи......


Изменето од zamislena - 28.Август.2010 во 13:49
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 11:10
Никотински кондоми ја намалуваат желбата за цигара по секс

Дали некогаш сте запалиле цигара после секс? Ако сте пушач тогаш тој ритуал ви е и повеќе од познат. Шведската компанија Pharmacia Latex Aktiebolaget започна со производство на презервативи збогатени со никотин, со цел да ја намалат навиката за пушење цигари по сексот.

Никотинските кондоми имаат неколку предности. Бидејќи во себе ја содржат супстанцата никотин, пушачот по секс има намалена желба за цигара бидејќи својата никотинска доза ја добил преку кондомот. Слоганот под кои произведувачот ќе ги претстави овие кондоми на пазарот гласи More sex, less smoke (Повеќе секс, помалку пушење). Уште една предност лежи во фактот што никотинот е природен стимуланс, па поради тоа се претпоставува дека никотинските презервативи можат  сексуалниот однос да го направат поинтересен и интензивен.

Се сомневаме дека намерата на произведувачот била да се намалат зависниците од цигари, но можеби и се лажеме. Дистрибуцијата на кондомите започнува во 2011-та година на подрачјето на САД. Ако во случај дојдете во посед на еден ваков примерок секако јавете ни се и кажете го своето искуство.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2010 во 05:30

Секс за една ноќ – правила

0035007.17Колку и да е занимлив и возбудлив, сексот за една ноќ може да се претвори во прав ноќен кошмар. Затоа ве потсетуваме дека и за таква авантура постојат правила. Ево што морате да имате на ум..

Прво правило – отворете ги сите карти на маса! Бидете отворени и искрени, кажете што сакате – тоа е секс за една ноќ

Второ правило – прекршете го првото правило. Ако од неговата или нејзината уста излезе да го повториме ова а ви било одлично, вие сте добиле jack pot!

Трето правило – експериментирајте! Употребете лисици, правете нешто што никогаш не сте го пробале а отсекогаш сте сакале, најверојатно никогаш нема да се видите па и немате што да изгубите.

Четврто правило – бидете спремни и запомнете – ако не користите кондоми или премногу сте испиле таа вечер, можеби наскоро ќе почнете да штедите за школување на детето или да не спомнуваме за некоја венерична болест…

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2010 во 06:50
Пет важни вежби за долг и успешен сексуален живот

За да имате долг и успешен сексуален живот, одберете посета на сала за вежбање, но не и аптека. Секој вид на вежбање е добро за нашето здравје и формата, што е многу важно за успешниот и задоволувачкиот сексуален живот. Постојат вежби кои ќе ви помогнат да го зачините сексуалниот живот така што ќе ја зголемите вашата издржливост, флексибилност и техника, пишува магазинот Intimate Medicine.

Вежби за физичка снага

Овие вежби подразбираат фитнес, дигање на тегови и вообичаените вежби за рамен и цврст стомак, како и за силни раце. Со овие вежби не само што своето тело ќе го направите атрактивно, туку и нивото на тестостерон во крвта значително ќе порасне. Тестостерон е хормон кој ја игра главната улога во сексуалниот живот на мажите. Истражувањата покажаа дека краткотрајните, но интензивни вежби како дигање на тегови се поврзани со зголеменото ниво на тестостерон. Покрај атрактивното тело и разбуденото либидо, ќе забележите дека сте поиздржливи во кревет и дека можете да издржите некои нови пози кои бараат силни раце.

Вежби за флексибилност

Најфлексибилните луѓе се оние кои ја практикуваат јогата. Ако сакате да воведете нови позиции во вашиот сексуален однос со партнерот, a положбите бараат повеќе флексибилност, сила и кондиција, тогаш можете да пробате и да вежбате јога.

Аеробик против еректилна дисфункција

Истражувањата покажаа дека редовните аеробик вежби како што се брзо одење, трчање, возење велосипед, ги намалуваат ризикот од појавување на еректилна дисфункција за 30 отсто кај мажите постари од 50 години. Поминувањето на пет километри четири пати неделно ќе биде сосема доволно. Аеробикот е добар за вашето срце и крвни садови, ја подобрува циркулацијата и допринесува за долготрајна и цврста ерекција. Физичката издржливост и формата исто така се подобруваат. Аеробикот исто така го стимулира лачењето на ендорфинот кој вас ве опушта и допринесува за подобар сексуален однос.

Со пливање до квалитетен секс во староста

Истражувањето кое опфати 160 пливачи од двата пола, покажа дека тие во шеесеттите години имале ист сексуален живот како што имале и во четириесетитте. Потребно е да пливате бар три пати неделно по пола час. Пливањето ја зголемува издржливоста, ги зајакнува мускулите и помага при губењето на вишокот килограми кои му сметаат на вашиот сексуален живот. Покрај зголемувањето на издржливоста и силата, пливањето го зголемува вашето либидо и либидото на вашиот партнер.

Кегел важбите не се наменети само за жени

Практикувајќи ги вежбите за мускулите на карлицата кои го задржуваат протокот на урината, ќе станете поиздржливи и со тоа полесно ќе ја контролирате и ќе ја одложите вашата ејакулација. Puobococcygeus или PC мускулите, се мускули кои го контролираат протокот на семенот и урината, цврстината на пенисот при ерекција и силата на лансирање при ејакулација. Овие мускули навистина е важно да ги одржите здрави и цврсти. За да ги лоцирате овие мускули пробајте запрете ја урината додека уринирате. Мускулите што ќе ви бидат најстегнати се PC мускулите. Овие мускули се во вид на лулка и се протегаат од срамната коска до т.н. опашка кај луѓето, формирајќи го дното на карличното јадро и им помагаат на карличните органи.

При изведувањето на Кегеловите вежби, вие всушност контрахирате иста група на мускули. Контрахирајте ги мускулите десет секунди, опуштете се исто толку време, па повторно контрахирајте десет секунди.

Вашиот неделен план на вежбање мора да вклучува најмалку три вида на вежби за подобар секс кои траат по триесет минути. Вие ќе бидете задоволни, ќе се чувствувате подобро и ќе изгледате подобро. Сигурно ќе ви се допадне реакцијата на вашата партнерка откако ќе имате подолг, подобар и поинтензивен секс.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2010 во 09:17
...
 

Сексот е физичка активност која различно ја доживуваат и мажите и жените. Секако целта и уживањето се исти, но сепак неколку прашања во врска со сексот на мажите се уште не им се одговорени и им се вечна дилема.....

Што ако сексот стане досаден?

Секое машко се плаши од тоа сексот да замре. Во долгите врски, нормално е еден период сексот да замре. Вашиот партнер ќе биде спремен да се откаже зошто ќе мисли дека нема што друго да се направи во врска со вас, но тоа не значи дека и вие треба сосема да се откажете и да раскинете со него. Едноставно треба повеќе да се потрудите и да бидете повеќе слободоумна во поглед на експериментирањето. Зачинете го сексот и спасете си ја врската.

Мојата девојка сака да имаме секс, но не сака секс набрзина. Зошто?

Секое момче понекогаш сака набрзина да има секс. Доколку имате проблеми со навлажнување, обидете се со некој лубрикант. Некои жени веднаш се возбудуваат, но на телото му е потребно време за да почне да реагира. Дозволете му го тоа задоволство. Ќе ви се допадне и на вас.

Зошто не сака кога гледам порно филмови и порно списанија?

Уште од појавата на првиот број на Playboy, жените се гнасат од таквите списанија и филмови. Девојки, на мажите тоа им е интересно и вие тоа не можете да го промените. Колку повеќе му забранувате, толку повеќе тој ќе сака да гледа такви филмови и списанија. Покажете му дека не ви смета да го прави тоа, но да не ги преминува границите. Сосема е друга ситуацијата доколку е опседнат со порнографски материјали.

Што ако не сака сега да имаме секс?

Момчињата понекогаш се плашат да бидат одбиени. Но, тоа не значи дека треба да правите нешто што вие не сакате. Не треба премногу бурно да реагирате доколку тој посака да имате секс. Ако немате желба во тој момент, љубезно одбијте го и доколку ве сака и почитува, ќе ве разбере и нема да ве тормози. Нагласете му дека не го одбивате него туку сексот.


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 08:58
Жежок секс со добро подмачкување

Најдобриот начин да имате совршен секс во кој и двајцата ќе дојдете до состојба на врвна кулминација е да користите лубрикант. На крајот на краиштата, ако лизга нека лизга добро.


Ладно задоволство

Ставете го лубрикантот во фрижидер да се излади, а потоа нанесете малку по стомакот, нозете и задникот. Отпрвин ќе имате ладно лизгаво чувство, а потоа како што ќе се загреваат телата така ќе се зголемува и возбудата помеѓу партнерите.

Продолжете го сексот

Женската вагина по определено време започнува помалку да се навлажнува, што во суштина е многу природно. За да го продолжите задоволството нанесете лубрикант и доколку сте љубители на мисионерската поза нозете на партнерката нека бидат поставени на рамената на партнерот.

Влажни по цело тело

Постои и опција да нанесете лубрикант по целото тело, па да се фрлите на работа. Единственото нешто на што треба да внимавате е да не почнете да летате еден врз друг.


Па нормално де,затоа постојат Секс шоповида
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 15:11
газење%20од%20смеењесмеење

изгледа и сопругот бил на покрив со швалеркатагазење%20од%20смеење

Паднале од прозорец поради секс

Двојка која имала афера не сакајќи паднала од прозорецот додека практикувала таен секс.

Голите љубовници од германскиот град Лубек, паднале од првиот кат и се нашле голи во дворот на зградата, но и покрај многуте соседи и очевидци на настанот жената тврдела дека НЕМАЛЕ секс туку дека само се шегувале.

-Немавме секс само се вртевме наоколу. Не се сеќавам на ништо од падот, истакнала жената која веќе подолго време се среќавала со својот љубовник во истиот апартман. За бизарноста да биде уште поголема сопругот на жената веќе неколку дена бил во болница поради пад од кров.

Љубовниците кои паднале од прозорецот се здобиле со скршеници по телото и повреди на лицето, а мажот бил задржан во болница на понатамошно набљудување.


Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 07:57

10 типа секс што мора да ги пробате

 

Сексот е едно од најголемите задоволства, па затоа никогаш не треба да го занемарувате. Кога сте во долга врска, може да се случи да дојдете до момент во кој ќе почувствувате дека сте пробале сè и дека повеќе ништо не може да ви ја врати возбудата. Но, ако имате желба за експериментирање и ако сте подготвени да го зачините вашиот сексуален живот, тогаш ништо нема да може да ја изгасне страста под чаршафите (и не само таму).

Нема подобро време за секс и за обновување на сексуалната интимност од летниот одмор.

Сакате повеќе возбуда? Еве неколку предлози:

  • Секс на одмор
    Ах... лето, плажа, врз вас минимум облека, коктели, релаксација. Нема подобро време за секс и за обновување на сексуалната интимност од одморот. Кога сте на одмор, грижите ги оставате зад себе, па затоа сте поподготвени да пробате нешто ново, нешто што не би до направиле дома. Флертувајте отворено во ресторан, имајте секс на плажа, секс во колата, секс под туш. Целото време е ваше, затоа искористете го разумно.
  • Див брз секс
    Долгите ноќи во романтична атмосфера се одличен начин да се поврзете интимно со партнерот. Но, понекогаш брзиот див секс е токму она што ќе направи да добиете вртоглавица (во позитивна смисла). Имате 15 минути додека да пристигнат гостите, а вие не можете да се одделите еден од друг? Не се воздржувајте. Фрлете ги алиштата и прескокнете ја предиграта.
  • Секс за помирување
    Често слушаме дека ваквиот секс е исполнет со најмногу страст. По викањето и карањето, се создава желба за повторно поврзување и токму тоа ги поттикнува паровите веднаш да скокнат во прегратка. Некои парови дури и намерно започнуваат мала расправија за да ја зголемат возбудата и да ја искусат уште еднаш страста од сексот за помирување.
  • Утешителен секс
    Сексот не е само за моментите кога се чувствувате среќни и расположени. Тој има сила да ви ја врати насмевката, па не го прескокнувајте во тажните мигови. Утешителниот секс се случува кога еден од партнерите има тежок ден или кога е тажен и многу емоционален, затоа што желбата да се поврзете еден со друг е поголема отсекогаш.
  • Долгоочекуван секс
    Започнете ја предиграта уште од утрото и одложувајте го сексот до вечерта. Закажете му незаборавна ноќ на партнерот. Уште на почетокот на денот подарете му неколку страсни бакнежи што ќе му потскажат што го очекува подоцна. Додека сте разделени во текот на денот, сликајте ја долната облека што планирате да ја носите и пуштете му ја да ја види. Може и да му напишете неколку збора што ќе го натераат да мисли само на тоа. А кога вечерта ќе застанете очи в очи, нема да му е важна долната облека. Како мало дете што цела година го очекува новогодишниот подарок, тој ќе сака само набрзина да го отвори „подарокот“ и да го добие она што го посакува.
  • Секс од фантазиите
    Секој заслужува да проба секс од фантазиите. Тешко дека постои нешто повозбудливо од тоа да ви се оствари некоја фантазија. Нема причина зошто да не си ги исполнувате фантазиите ако и двајцата сметате дека нема ништо лошо во тоа. Освен што ќе го зачините сексуалниот живот, ќе научите и подобро да комуницирате и да бидете поотворени еден кон друг. Влезете во улогата на секси медицинска сестра или еротска танчерка ако знаете дека тоа ќе го „полуди“.
  • Сензуален секс
    Кога повеќето жени би си ја замислите совршената ноќ со партнерот, тогаш тие мислат на долг, романтичен, сензуален секс. Започнува со вечера на свеќи, продолжува со десерт в кревет, опуштање со еротска масажа, долга предигра и бавен секс за време на којшто ќе уживате во секој момент. Стимулирајте му ги сите сетила – овозможете му убав поглед со тоа што ќе облечете секси долна облека, негувајте го телото за да копнее да го допре и помириса, нахранете го со јагоди со шлаг, отворете си шампањско и пуштете заводлива музика.
  • Маратонски секс
    Имате слободен ден или пак немате никакви обврски овој викенд? Тогаш е време да го искусите маратонскиот секс. Останете цел ден в кревет. Порачајте си храна со достава до дома и истрошете ја вашата сексуална енергија максимално. На крајот на денот и двајцата ќе бидете преморени, но исклучително задоволни.
  • Секс во секое ќоше од домот
    Спалната не е единственото место за интимно поврзување со партнерот. Менувањето на местото на коешто ќе се разголите ќе внесе спонтаност во вашата врска, а ќе направи и двајцата да се посакувате уште повеќе. Ако додека готвите тој дојде да ве бакне, бакнете го со страст што нема да го остави рамнодушен и имајте луд, забавен секс во кујната. Следниот пат, пробајте ја бањата или пак скалите...
  • Секс под отворено небо
    Кога ќе го запознаете секое катче во вашиот дом, пренесете ја возбудата надвор. Сексот под отворено небо може да ви донесе многу проблеми. Не само што некој може да ве види, туку може да си заработите и казна. Можеби пак затоа и е толку возбудлив. Секогаш има ризик дека ќе бидете фатени на дело. Сепак, за да избегнете проблеми, внимавајте нешто да ве крие од очите на јавноста.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2010 во 12:24
Алал да ти е за трудот Бијонседасмеење
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 23:09
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:


Originally posted by renatax renatax напиша:

Ајде машки...набавете си ваква играчка....елиминатор на стрес.голема%20насмевкаНего Бијонсе дај најди некој привезок и за нас женските.намигнување
Е тоа е проблемот ren , што жените од стрес не се ослободуваат со такви секс направи да не речам играчки.......туку едноставно идат на шопинг...трошењето пари низ продавниците го смирува женскиот стрес!!! ама ај си реков да побарам на нет можеби има слично и за жената ....и ете што ми се отвори кога побарав антистрес направа за жени......смеење <h1>[COLOR="#ff0000">Female Stress Reliever   газење%20од%20смеење[/COLOR"></h1>

Подобра антистрес направа не можеше да најдеш bijonse


Изменето од Calipso - 17.Јули.2010 во 23:10
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 22:38
Originally posted by renatax renatax напиша:

Ајде машки...набавете си ваква играчка....елиминатор на стрес.голема%20насмевка
Него Бијонсе дај најди некој привезок и за нас женските.намигнување


Е тоа е проблемот ren , што жените од стрес не се ослободуваат со такви секс направи да не речам играчки.......туку едноставно идат на шопинг...
трошењето пари низ продавниците го смирува женскиот стрес!!! ама ај си реков да побарам на нет можеби има слично и за жената ....и ете што ми се отвори кога побарав антистрес направа за жени......смеење

Female Stress Reliever   газење%20од%20смеење


Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 18:24
За техничарче незнам колку беше, ама си висеше и луѓе се смееја кога ке ги извадев клучевите. Викам, беше веселкоплазење
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 18:20
мало ама техничарче , а ? .....плазење
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 18:18
јас имав на времето едно гумено к*ре привезок за клучеви. Многу беше весело, такво малечко ама оригиналкулголема%20насмевка
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 49>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.