IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2007 во 09:56
1431.- По процесот пред англискиот црковен суд во Руан, на клада е спалена француската национална хероина Јованка Орлеанка. Осудена е на смрт поради обвинението дека е еретик и вештерка.

1498.- Шпанскиот морепловец со италијанско потекло Кристофер Колумбо со шест бродови исплови од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во Новиот свет, за време на кое ги откри Тринидад и брегот на Јужна Америка.

1640.- Во Антверпен умре Петар Паул Рубенс, фламански сликар, еден од најголемите мајстори на барокниот стил. Соединувајќи ги најдобрите традиции на италијанското сликарството и сликарството во северниот дел на Европа, тој создаде слики полни со драматика, еротика, раскош на костимите и сјај на боите. Роден е во Зегин, на 28.06.1577 година.

1672.- Во Москва е роден Петар Велики, цар на Русија. Беше коренит реформатор на рускиот социјален, економски и општествен живот. Се истакна како војсководец на копно и море. Беше мошне вешт политичар и дипломат. Основа многу училишта. Престолнината ја пресели во новоизградениот Петерсбург, односно Петроград. Умре во Санкт Петерсбург, на 8.02.1725 година.

1778.- Во Париз умре Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. Негово најпознато дело е филозофско-дидактичкиот роман "Кандид". Напиша и неколку епопеи, историски дела, трагедии и комедии. Роден е во Париз, на 21.11.1694 година.

1876.- Во Постите на Брач е роден Владимир Назор, хрватски писател, најзначаен писател на своето поколение. Негови најпознати дела се „Словенски легенди“, „Вели Јоже“, „Лирика“, „Дневник со партизаните“ и други. Умре во загреб, на 19.6.1949 година.

1909.- Роден е американскиот кларинетист и композитор Бенџамин Гудмен, познат како Бени Гудмен, еден од првите бели музичари кои се спротивставија на расната сегрегација. Во 1934 година формира џез оркестар во кој повика и црни музичари. Сними десетина филмови, а се занимаваше и со класична музика- го сними концертот за кларинет на Волфганг Амадеус Моцарт, а свиреше и со симфониски орекестар.

1912.- Умре американскиот пилот и конструктор на авиони Вилбур Рајт, пионер на авијацијата, кој заедно со братот Орвил во 1903 година, во авион што самите го изработија , го изведе првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траеше 59 секунди и за тоа време авионот мина 285 метри. Браќата Рајт веќе во 1905 година конструираа авион што прелета 39 километри.

1913.- Во Лондон е склучен мир меѓу Турција , од една страна , и Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија, од друга страна, за завршување на Првата балканска војна. Турција ги загуби сите свои балкански земји западно од линијата Енос-Мидија. Победниците ги поделија освоените територии и тоа : Бугарија - Тракија до линијата Енос- Мидија и источна Македонија, Грција - јужна Македонија до Солун и дел од Епир, Србија- централна и западна Македонија, Санџак, Косово и Метохија и Црна Гора - дел од Санџак и Метохија. По малку време дојде до жесток спор меѓу Бугарија и Србија околу Македонија. Тоа беше повод за нова пресметка, во која Бугарија стана „агресор“-почна Втората балканска војна.

1918.- Умре Георгиј Валентинович Плеханов, руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог. Најпознати негови дела се "За улогата на личноста во историјата", "Нашите размислувања" и "Уметноста и општествениот живот". Роден е на 11.12.1856 година.

1960.-Умре рускиот пистаел Борис Леонидович Пастернак, добитник на Нобеловатанаграда за литература за 1958 година, остар критичар на болшевичката диктатура, чија длабоко интимна интелектуална лирика делуваше пресвртнички на руската и на светската поезија. Беше прогонот од СССР во времето на тоталитарниот режим на Сталин , но ни подоцна не беше миленик на власта.

1973.- Западна Германија и Чехословачка постигнаа Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји.

1981.- Во Бангладеш во обидот за државен удар, убиен е претседателот Аиаур Рахман.

1998.- Во земјотресот, што ја зафати северната авганистанска провинција Тахар, загинаа најмалку три илјади лица.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2007 во 11:32

1594.- Во Венеција умре Јакопо Робусти Тинторето, италијански сликар. Тој изврши големо влијание врз подоцнежните поколенија, особено врз импресионистите. Роден е во Венеција, во 1518 година.

1793.- Почна јакобинскиот терор во Француската револуција.

1809.- Во Виена, умре Франц Јозеф Хајдн, прв композитор на развитокот на оркестарот. Во извонредно големиот опус (104 симфонии, 83 гудачки квартети, повеќе од 20 опери), тој го усоврши изразот на симфониското музицирање. Роден е на 31.03.1732 година.

1854.- Во Загреб умре Ватрослав Лисински, еден од најдаровитите илирски композитори, втемелувач на операта, соло-песната, на хорската и оркестарската музика во Хрватска. Роден е во Загреб, на 8.7. 1819 година.

1859.- Почна да работи часовникот "Биг Бен" - на кулата на британскиот Парламент во Лондон.

1872.- Во селото Влахи, Пиринска Македонија, е роден Јане Сандански, истакнат македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО и доследен следбеник на Гоцевите идеи. Тој е најистакнат организатор и раководител на македонското националноослободително движење во Пиринска Македонија. Патувајќи од Мелник за Неврокоп, близу до Рожденскиот манастир, убиен е од врховистичките наемници, на 22.04.1915 година.

1903.- На планината Малимади, Костурско, на врвовите Локвата и Вињари, Егејска Македонија, се водеше една од најжестоките битки на обединетите костурски чети на Васил Чакаларов, Пандо Кљашев и Димчо Антонов против многубројната турска војска. Во борбата, откако беше тешко ранет, се самоуби војводата на Смрдешката чета Димчо Антонов. Тука загина и Лаки Поповски, еден од најпознатите мајстори за правење бомби во Костурско. На бојното поле останаа мртви 30 комити и над стотина турски војници.

1924. - Кина го призна СССР.

1942.- Чехословачките патриоти го убија водачот на Гестапо, Рајнхард Хајдрих, еден од најсуровите нацистички злосторници, организатор на најмасовните масакри врз Полјаците, Евреите и Русите. Во знак на одмазда, нацистите го уништија селото Лидице и ги убија нивните жители.

1961.- Јужна Африка се прогласи за Република, за претседател е избран Чарлс Робертс Сварт, а државата го напушти Британскиот комонвелт.

1962.- Во Израел е извршена смртна казна со бесење врз нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од главните егзекутори на Хитлеровото "конечно решение" на еврејското прашање во Европа. Во судскиот процес е утврдено дека Ајхман е виновен за смртта на шест милиони луѓе.

1970.- Перу го зафати катастрофален земјотрес, при што загинаа над 50 илјади луѓе, над 20 илјади исчезнаа, над 100 илјади беа полесно или потешко повредени.

1971.- Во Вирџинија, во САД, во авионска несреќа загина Оди Марфи, американски артист, познат како човек со најмногу американски одликувања за заслуги во Втората светска војна.

1991.- Во Лисабон е потпишан мировен Договор за Ангола, според кој, по околу 16 години заврши граѓанската војна во таа африканска земја.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2007 во 11:55
Меѓународен ден на детето

1804.- Во Новоспаско, кај Смоленск, е роден Михаил Ивановиќ Глинка, руски композитор и еден од основачите на националниот музички стил во Русија. Со своите композиции го прослави рускиот музички стил во целиот свет. Тој ја компонираше првата руска национална опера "Иван Сусанин", како и операта "Руслан и Људмила". Компонираше оркестарски дела, камерна музика, романси и друго. Умре во Берлин, на 15.2. 1857 година.

1876.- Во борбата против турската војска загина Христо Ботев, бугарски револуционер, поет и публицист. Пропагираше јужнословенско единство и социјалистички идеи. Неговата поезија е борбена, социјално бунтовна, но секогаш уметнички вредна. Песните "Борба", "Ѓурѓовден" , "Хаџи Димитар" содржат трајни универзални пораки со слободарско-бунтовнички карактер. Роден е на 6.1.1849 година.

1880.- Во САД е поставена прва јавна телефонска говорница во светот, во зградата на "Јејл банката" во Њу Хевен.

1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин (Мерилин Монро), американска филмска артистка. Играше во филмовите "Џунгла на асфалтот", "Нијагара", "Автобуска станица" и "Седум години верност". Умре на 5.08.1962 година.

1941.- Германците го освоија Крит и заробија 13.000 британски војници со што обезбедија важна база во Втората светска војна за операции на Блискиот Исток и во Северна Африка.

1943.- Врз основа на известувањето на германските шпиони во Мадрид, германски ловци соборија еден британски патнички авион, сметајќи дека во него се наоѓа британскиот премиер Винстон Черчил. Во злосторничкиот напад загинаа сите патници, меѓу кои и познатиот филмски артист Лесли Хауард.

1945.- Стапи во сила одлуката на Владата на ДФ Македонија од 19 мај 1945 за формирање на Македонски федерален статистички уред. на 1 јуни 1995 година е донесена одлука со која 1 јуни се прогласува за Ден на статистичарите на Македонија.

1947.- Започна мелиорацијата на Струмичкото Поле, односно прокопувањето на каналот за исушување на Моноспитовското блато.

1953.- Во Женева е основана Европската организација за нуклеарни истражувања.

1968.- Умре Хелен Келер, американска писателка и преведувач. Слепа и глувонема од втората година на животот, со одличен успех завршува филозофски студии и стана истакнат јавен работник на полето на општествената реформа . Напиша повеќе автобиографски дела , меѓу кои "Историја на мојот живот" и " Светот во кој живеам". Родена е во 1880 година.

1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и државник. Роден е во 1895 година.

1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот на Домот - музеј на народна музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 година.

1994.- Во Скопје е поставен камен темелник на Институтот за применета кинезиологија и рехабилитација.

1994.- Јужна Африка по 33 години се врати во Британскиот комонвелт.

1994.- Армандо Калдерон Сол стана прв претседател на Ел Салвадор по завршувањето на граѓанската војна која повеќе децении траела во оваа држава.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2007 во 11:50
1740.- Роден е францускиот писател Донасјен Алфонс Франсоа де Сад, познат како Маркиз де Сад, чии дела обилуваат со развратни сцени, познат по сексуалните перверзии, од чие презиме е воведен изразот садизам. Францускиот цар Наполеон Втори нареди да биде затворен во шарантонската болница како умоболен. Негови најпознати дела се " Јустина", Жилиета" и " 120 денови на Содома".

1840.- Роден е Томас Харди, англиски писател. Поради специфичниот реализам и извонредно пластичниот опис на амбиентот во кој се случува дејството на неговите романи, тој е сметан за најдобар англиски автор од тоа време- " последен викторијанец" .Неговите дела целосно го застапуваат трагично-фаталистичкиот поглед на светот. Умре на 11.1.1928 година.

1882.- На островот Капрера умре Џузепе Гарибалди, италијански револуционер и демократ, водач за обединување на Италија со револуција. Се истакна како смел воен раководител на народните маси. Роден е во Ница, на 4.07.1807 година.

1902.- Во селото Пателе, Леринско, Егејска Македонија, во борба против турската војска, откако му приврши муницијата, се самоуби Диме Абдарманов, истакнат македонски револуционер. Беше член на ТМОРО од 1896 година, а како комита особено стана популарен како народен заштитник. Роден е во Патале.

1924.- Конгресот на САД го призна правото на државјанство на сите Индијанци.

1945.- Комисијата за јазик и правопис дефинитивно го усвои проектот на македонскиот правопис, кој е озаконет со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија од 7.06.1945 година.

1946.- Во Италија со референдум е прогласена Република. Затоа 2 јуни е прогласен за национален празник на Италија.

1949. - Арапската блискоисточна држава Трансјорданија го промени името во Хашемитско кралство Јордан.

1953. - Британска кралица Елизабета Втора е крунисана во Вестминстерската катедрала во Лондон и тоа беше прва таква церемонија во историјата што ја пренесуваше телевизијата.

1966.- На Месечината се спушти првиот американски вселенски брод "Сервејер-1", без човечки екипаж.

1984.- Во Скопје умре Кирил Македонски, македонски композитор, чие име е поврзано со настанокот на првата македонска национална опера "Гоце", која својата прва претстава ја доживеа во Скопје во 1954 година. Покрај камерни творби, тој пишуваше музика и за радиодрами и за театарски пиеси, потоа за краткометражни филмови, како и за играниот филм "Македонска крвава свадба". Роден е во Битола, на 19.01.1925 година.

1987.- Во Мадрид умре Андрес Сеговија, еден од најпознатите шпански музичари-гитаристи, кој ја пренесе славата на шпанската гитара низ целиот свет. За неговото име се врзува и поговорката "нема гитара како шпанската, а Сеговија од неа направи кралица, боженство". Роден е во Лимарес, на 17.2. 1893 година.

1995.- Во едно предградие на Чикаго, САД, е регистриран Ротари клубот Скопје, кој на 1.7.1995 година официјално е промовиран како член на Ротари интернешенел. Прв претседател беше Димитар Јуруковски, директор на ИЗИС.

2004.- Хари Костов е избран за премиер на Република Македонија. Опозицијата не присуствуваше на гласањето за избор на новиот владин Кабинет, што го предложи Костов. 
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2007 во 10:26

1878.- Англија го присвои Кипар. Претседателот на бристанската влада Бенџамин Дизраели потпиша таен договор со Портата, со кој Англија се обврза да ги брани турските поседи во Азија, а како награда за тие „идни услуги“ Турција и го предаде на „привремена управа“ островот Кипар- важна стратегиска точка во источниот дел на Средоземното Море. До овој настан дојде неколку дена пред почетокот на Берлинскиот конгрес, каде се решаваше прашањето на Санстефанскиот мир и териториите што ги држеше Турција. Англија, подготвувајќи се за берлинскиот конгрес, настојуваше да ги зајакне своите позиции на штета на Портата со „заштита на турските интереси загрозени со Санстефанскиот мир“.

1903.- Во близина на манастирот „ Свети Стефан“, кај месноста Гумниште, Охридско, подмолно и мистериозно е убиен Наум Чакаров-Лондра, македонски војвода, член на Охридското револуционерно началство, горски началник на Охридската околија и учител. Роден е во Струга, во 1869 година.

1916.- Под команда на рускиот генерал Алексеј Брусилов почна првата фаза на руската летна офанзива во Првата светска војна. Целта беше да се пробие австро-унграскиот фронт, кој беше успешно завршен до 16.6. 1916 година. Во пробивот Австријците загубија околу 250.000 војници. Притоа, руските единици стигнаа до Карпатите, а Романија тогаш влезе во војната на страната на Антантата.

1917.- Доделена е првата "Пулицерова награда". Во доцниот 19 век, Џозеф Пулицер е еден од главните личности на американското новинарство. Тој е човекот кој прв го овозможил школувањето на новинарите на универзитетско ниво во школите за новинарство. Денешните Пулицерови награди за новинарство, музика, литература и драма всушност се посветени на неговото визинерство.

1934.- Во селото Лазарополе, гостиварско, умре Васил Апостолов Икономов, македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач и калиограф. Роден е во селото Лазарополе, на 6.05.1848 година.

1944.- Осмата британска и Петтата американска армија го зазедоа Рим. Германскиот командант во Италија, фелдмаршал Кесерлинг, се откажа од неговата одбрана, прогласувајќи го Рим за "отворен град".

1971.- Во Будимпешта, умре Ѓерѓ Лукач, унгарски писател, критичар, естетичар, политичар, филозоф, еден од најистакнатите марксистички теоретичари на 20 век . Книгата „Историја на класната свест“ ( објавена е во Москва во 1923 година) според некои, е негово најзначајно дело и покрај тоа што за него беше обвинет за ревизионизам. Роден е во Будимпешта, на 13.4. 1885 година.

1989.- Во Пекинг, НР Кина, кинеската влада свирепо го задуши седумнеделниот протест на кинеските студенти на плоштадот „Тјенанмен“. Загинаа неколку стотини, а беа повредени неколку илјади студенти...Студентските протести почнаа спонатно на 15.4.1989 по смртта на кинескиот револуционер Ху Јаобанг, кој во 1987 година по студентиските протести во градот Анхуиј јавно призна дека е виновен за продорот на буржоаскиот либерализам во Кина...

1992.- Во близина на планината Љубаш, на Елеонската Гора, кавадаречко, е осветен новоизградениот манастир "Свети Спас".

1992.- Во Скопје умре Ратко Несторовски-Кинез, македонски академски сликар. Роден е во Скопје, во 1948 година.

1993.- Во Скопје излезе првиот број на македонскиот информативно-политички неделник „Дело“.

1997.- Филолошкиот факултет во Скопје, го доби името "Блаже Конески", значи - Филолошки факултет "Блаже Конески".

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2007 во 09:51

Светски ден на заштитата на животната средина. Во Стокхолм, на 5 јуни 1972 година, на Првата конференција на Обединетите нации за животна средина, 5 јуни е прокламиран за Светски ден за заштита на животната средина.

1723.- Роден е Адам Смит, претставник на англиската класична политичка економија. Ги напиша делата "Теорија на моралните чувства" од областа на етиката, "Истражување на природата и причините на богатството на народот" од областа на економијата. Умре во Единбург, на 17.07.1790 година.

1826.- Во Лондон умре Карл Марија Вебер, германски композитор, творец на германската романтичарска опера. Компонираше и оркестарски композиции, камерна музика, кантати и друго. Роден е во Ојтин, на 18.11.1786 година.

1944.- Кај селото Кушкулија, Струмичко, како заменик командант на Вториот баталјон на Третата македонска НОУ бригада, учествувајќи во борбата против бугарскиот окупатор, загина Панче Пешев, македонски композитор и хороводител. Покрај другото, автор е најубавата и најпопуларна македонска борбена песна од НОВ, Марш на Третата македонска НОУ бригада „Ко челик сме ние“ , за која стиховите ги напиша пистаелот Ацо Шопов, борец на истата бригада. Роден е во Велес, во 1915 година.

1945.- Четирите сојузнички сили (СССР, САД, Велика Британија и Франција) ја презедоа врховната управа над Германија и, притоа, во Германија се создадени четири окупациони зони и формиран е сојузнички контролен совет.

1947.- Во Париз е објавен Маршаловиот план за помош од САД на Европа, кој го прифатија 16 држави, а стапи во сила во 1948 година. Наречен Маршалов план според името на Џорџ Маршал, тогашен министер за надворешни работи на САД.

1964.- Од Црни Врв е емитуван првиот директен ТВ - пренос на РТВ Скопје.

1967.- Почна израелската вооружена агресија врз Египет, Сирија и Јордан. Овој, трет по ред, израелско-арапски судир траеше шест дена.

1970.- Во Милано умре Џузепе Унгарети, еден од најголемите италијански поети. Ги напиша збирките песни "Болка", "Песни", "Ветена земја" и "Крик и пејсажи". Роден е во 1888 година.

1972.- Во Стокхолм, на Првата конференција на Обединетите нации за животна средина, 5 јуни е прокламиран за Светски ден за заштита на животната средина.

1975.- Во Хелсинки умре Паул Керес, истакнат советски шаховски велемајстор. Беше трикратен шампион на СССР, како и победник на повеќе меѓународни турнири во светот. Роден е во 1916 година.

1992.- Во Скопје е формирана Лекарската комора на Македонија - асоцијација која има за цел да ги штити професионалните интереси на лекарите, на докторите по медицина и на докторите по стоматологија.

2001.- Кај селото Гајре, на патот Тетово-Попова Шапка, албанските терористи од заседа убија петмина припадници на Армијата на Република Македонија. При престрелката беа повредени и шестмина припадници на безбедносните сили.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2007 во 10:42

LOL
LOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOL1599.- Во Севилја е роден Диего Родригес де Силва Велескес, еден од најголемите шпански и светски сликари. Неговите дела се одраз на генијалноста на уметникот кој екстатичниот барок и мистицизмот на своето време ги надмина со духот на критичкиот реализам. Најпознати негови дела се "Дворски дами", "Предавањето на Бреда", "Венера со огледало" и "Ткајачки на килими". Умре во Мадрид, на 7.08.1660 година.

1683.- Во градот, Оксфорд, Англија, отворен е "Есмолиен", првиот јавен музеј во светот.

1799.- Во Москва е роден Александар Сергеевич Пушкин, еден од најголемите руски и светски писатели. Негови најпознати дела се "Евгениј Онегин", "Борис Годунов", "Пикова дама" и "Капетановата ќерка". Умре во Санкт Петербург, на 10.02.1837 година.

1875.- Во Лајпциг е роден Томас Ман, германски писател - романсиер, есеист, новелист и критичар. Негови најзначални дела се "Буденброкови", "Доктор Фауст" и "Волшебниот брег". Во 1929 година ја доби Нобеловата награда за литература, а во 1949 година, Гетеовата награда. Умре во Цирих, на 12.08.1955 година.

1898.- Во Марибор е роден Ханс Ем, најстариот член на МАНУ. Во 1972 година е избран за дописен член, а во 1976 година за редовен член на МАНУ. Учесник е во НОВ на Македонија од 1941 година. Умре на 9.7 1992 година.

1901.- Роден е Ахмед Сукарно, првиот претседател на Индонезија. За време на неговото владеење Индонезија стекна независност.

1903.- Во Тбилиси е роден Арам Хачатуријан, советски композитор од ерменско потекло. Познати му се балетите „Гајане“ и „Спартак“ , како и концертите за клавир, симфониите, камерната музика и друго. Умре во 1978 година.

1932.- Во Скопје е родена Мирослава Радева, македонски книжевен и научно-стручен преведувач, долгогодишен директор на Школата за странски јазици. Пред се преведуваше на македонски јазик дела од француската литература. Умре во Скопје, на 16.2. 1986 година.

1944.- Во северозапдна Франција почна најголемата десантна операција во историјата-истоварувањето на сојузниците во Нормандија и отворањето на западниот фронт против фашистичка Германија. Врховен командант на сојузничките трупи беше американскиот генерал Двајт Ајзенхауер, а операцијата беше наречена „Оверлорд“.

1948.- Во Скопје е формиран Пионерскиот дом "Карпош".

1951.- Во Скопје, на иницијатива на македонски повратници од странство, културни и општествени работници во и надвор од Република Макеоднија, во форма на здружение на граѓани е регистрирана „ Матица на иселеници на Македонија“.

1956.- Роден е шведскиот тенисер Бјорн Борг, петкратен победник на турнирите во Вимблдон, најпрестижно "грен слем" натпреварување.

1967.- Египет го затвори Суецкиот канал, еден ден по започнувањето на израелско-арапската војна.

1972.- Во експлозија во рудник за јаглен во Родезија загина 431 рудар.

1982.- Израел започна инвазија врз Либан.

1995.- Во Јужна Африка е укината смртната казна.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2007 во 12:06

1494. - Колонијалните сили Португалија и Шпанија во Тордесиља потпишаа спогодба за поделба на новооткриените земји, според која териториите источно од 50-от степен географска должина (западно од Гринич) ги доби Португалија, а западно од таа линија Шпанија. Границата ја повлече иницијаторот на спогодбата, папата Александар, за да ги спречи судирите на колонијалните сила во Новиот свет. Во 17. и 18. век во борба за колониите се вмешаа и Англија и Холандија, кои не ја почитуваа папината поделба.

1523.- По победата над Данците, Густав Васа е прогласен за крал на Шведска под името Густав И.

1848.- Во Санкт Петербург умре Висарион Григориевич Белински, руски литературен критичар, филозоф и публицист. Основач е на руската реалистичка естетика и на литературната критика. Познати се неговите прикази за делата на Пушкин, Лермонтов и Гогољ. Тој го формира новиот правец во руската литература наречен „натурална школа“. Роден е во Свеаборг, Финска, на 13.6. 1811 година.

1848.- Во Париз е роден Пол Гоген, француски сликар. Тој се инспирираше од егзотичен свет на островите Тахити и Фати - Ива. Формите на неговите слики се мирни и монументални, проткаени со еротика. Влијаеше врз развојот на експресионизмот и на формирањето на фовизмот, а се занимаваше и со скулптура. Умре на Маркишките Острови, во 1903 година.

1862.- САД и Велика Британија потпишаа Договор за борба против трговијата со робови.

1905.- Членовите на норвешкиот Парламент донесоа одлука за одвојување на Норвешка од Шведска.

1935.- Умре Иван Владимирович Мичурин, советски биолог, генетичар. Се занимаваше со подобрување на сортите на овошките во централна и во северна Русија, како и со создавање нови сорти. Работеше врз вкрстувањето меѓу водовите и родовите, притоа користејќи ја и вегетативната хибридизација (калемењето), добиваше семе и со вештачко запрашување, при што забележа дека тоа семе е поотпорно. Роден е во Долгоево, на 15.10.1855 година.

1943.- Кај селото Никодин, Прилепско, во борба против бугарската окупаторска војска, откако тешко беше ранет, се самоуби Блажо Тодоровски-Чичето, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во селото Ресава, Кавадаречко, на 13.4. 1902 година.

1945.- Со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија е озаконет Правописот на македонскиот јазик, чиј дефинитивен текст беше усвоен пет дена порано. Утврдувањето и озаконувањето на Македонскиот правопис преставуваше израз на континуираната борба на македонскиот народ за свој литературен јазик и правопис, кој во понатамошните години се надградуваше со нови содржини.

1948.- Претседателот на Чехословачка, Едуард Бенес поднесе оставка со образложение дека не сака да го потпише новиот Устав според кој, земјата стана комунистичка држава.

1971.- Советскиот вселенски брод "Сојуз ИИ" во орбитата околу Земјата се спои со вселенската станица "Салјут".

1991.- Со одлуката на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, одредницата "Социјалистичка" од името на СР Македонија е изоставена и Републиката го носи називот Република Македонија.

1993.- Умре д-р Милош Константинов, македонски етнолог и историограф. Роден е во Ресен, на 28.3.1926 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2007 во 11:10

-Ден на културата на Република Македонија

-Ден на Социјалните работници на Македонија

1610. - Првите холандски иселеници во Америка се истоварија на островот Менхетн, денеска централен дел на Њујорк.

1819.- Роден е Густав к*рбе, француски сликар. Беше учесник во Париската комуна, основач и главен претставник на реалистичката школа, еден од првите уметници кои работеа во природа. Суров и силен, ги оптфрли романтичните пејсажи и идеализирањето на луѓето и доживувањата, вршејќи огромно влијание врз целокупното европско сликарство во 19 век. Умре на 31.12.1877 година.

1912.- Во селото Црвена Вода, охридско е роден Ванчо Николески, истакнат македонски писател. Негови познати дела се "Македонче", "Школско ѕвонче", "Крај огниште", "Мице", "Волшебното самарче" и "Гоце Делчев", "Чуден свет". Умре во Охрид, на 15.04.1990 година.

1912.- Во Љубљана умре Антон Ашкерц, истакнат словенечки поет, претставник на реализмот во словенечката литература. Покрај епска поезија пишуваше балади и романси. Роден е на 9.01.1856 година.

1942.- Почна битката на Козара, една од најславните епопеи на краишките партизани и на народот од тој крај против германските фашисти и домашните предавници. Во битката, која траеше до 18 јули 1942 година, Германците убија 540 ранети војници, а во логори изведоа околу 50.000 луѓе. Сепак, целта на непријателската операција не успеа.

1967.- Умре американскиот филмски актер Спенсер Трејси, извонреден толкувач на редица карактерни ролји, прв актер кој две години по ред добива Оскар за филмовите "Храбриот капетан" во 1937 година и "Градот на децата" од 1938 година.

1971.- По 21 година САД го укинаа трговското ембарго кон Кина

1985.- Во Скопје, умре Стефан Русјаков, еден од основоположниците на македонската опера и учесник во првата опера изведена на македонски јазик - "Кавалерија Рустикана" од Пјетро Маскањи.

1990.- На претседателксите избори во Перу победи перуанскиот политичар со јапонско потекло Алберто Фуџимори, победувајќи го писателот Марио Варгас Љоса.

1997.- Со наредба на водачот на камбоџанската маоистичка герилска фракција "Црвени Кмери", Пол Пот, убиен е еден од неговите најблиски соработници Сон Сен и 11 членови на нивните семејства.

2000. - Умре сирискиот диктатор Хафез ел Асад, кој власта ја приграби со државен удар во ноември 1970 година, за по само неколку месеци да биде избран за шеф на државата. Беше еден од највлијателните државници на Блискиот исток, чија улога беше незаобиколива во трагањето по стабилност во овој немирен регион.

2004. - Умре американскиот музичар со африканско потекло Реј Чарлс ,"татко на соулот", кој успеа да ги совлада и сиромаштијата и слепилото и зависноста од хероин и потоа да прерасне во еден од најпопуларните и најплодни светски музичари на 20-от век. Во текот на 58 години издаде 250 албуми и одржа 10.000 концерти.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2007 во 10:16

1683.- Турската војска под водство на големиот везир Мустафа, ја почна блокадата на Виена, главен град на хабсбуршкото царство. По два месеци турски напади, полскиот генерал Јан Собејски, заедно со силите на Карло Лотарински, ги порази Турците, чии разбиени чети се разбегаа на сите страни, оставајќи го на боиштето големиот воен плен.

1691.- Ахмед Втори на турскиот престол го наследи султанот Сулејман Трети.

1798.- Француската армија го зазеде средоземниот остров Малта.

1812.- Францускиот император, Наполеон Бонапарта, на чело на "големата армада" ја мина реката Њемен и ја започна офанзивата на Русија. Напаѓачката армија располагаше со околу 530.000 луѓе и 1.000 топови. Наполеоновата војска успеа да навлезе во Москва, која ја напуштија руските единици. Наместо мир напаѓачите доживеаа отпор и зимското невреме сосема ги уништи.

1898.- Филипинскиот генерал Емилио Агиналдо за време на американско-шпанската војна со поддршка на САД прогласи независност на Филипини. Американците, потоа ги окупираа Филипините и го срушија отпорот на филипинските националисти, а тој пацифички архипелаг стекна формална независност во 1946 година.

1943.- Кај село Лавци, Битолско, во борба против бугарскиот окупатор се самоуби Тодор Ангелевски, меѓу народот познат како Тошо Даскалот, македонски учител и просветител и еден од првите учесници во НОВ на Македонија. Роден е во село Лавци, на 4.1. 1909 година.

1944.- Во реонот на селото Стрмешево, Неготинско, два баталјона на Втората македонска НОУ бригада го нападна бугарскиот полициски одред "Бенковски". Во тешките борби тие го разбија одредот и го присилија на повлекување. Непријателот имаше 30 мртви и голем број ранети полицајци, а партизанските единици имаа 4 загинати и 6 ранети борци. Во оваа борба загина и Коце Стојановски-Металец, истакнат борец и револуционер од Скопје. Роден е на 14.5.1914 година.

1945.- Грчка воена единица го опколи македонското село Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци.

1964.- Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште седуммина истакнати раководители на ослободителното движење против расистичкиот режим во Јужна Африка, осудени се на доживотна робија во познатиот "Прес Ривони". Мандела е ослободен во 1990 година, а на 10.05.1994 година, во Преторија, даде заклетва како прв црнечки претседател на Јужноафриканската Република.

1976.- При воениот удар во Уругвај од власт е симнат претседателот Хуан Бордабери, со што започна деветгодишната диктатура на армискиот врв.

1991.- Борис Елцин е избран за претседател на Русија.

1993.- Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница.

1997.- Република Македонија и Република Џибути воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

2001.- Владата на Република Македонија донесе одлука за нормализирање на односите со НР Кина.. На 18 јуни 2001 година Република макеоднија и НР Кина воспоставија дипломатски односи, а истиот ден Република Македонија и Република Кина Тајван ги раскинаа дипломатските односи.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2007 во 11:48

323 г.п.н.е. - Во Вавилон умре Александар Македонски, син на Филип Втори Македонски и на Олимпија, ученик на Аристотел. Со своите походи, на кои неговата војска за осум и пол години мина 18.000 километри, создаде држава каква што не постоела во пространство ниту пред него, ниту по него. Роден е во Пела, на 22.07.356 г.п.н.е.

1831 - Во Единбург е роден Џемс Кларк Максвел, англиски физичар, најголем теоретски физичар на 19 век. Тој ги даде теоретските основи на радиобрановите. Умре во 1897 година.

1894 - Пуштена е во сообраќај железничката пруга Битола - Солун.

1943 - Во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница, кичевско, во несреќен случај загина Кочо Рацин, македонски поет и револуционер. Неговата прерана смрт претставува голема загуба за македонската литература. Најпознато негово дело е збирката песни „Бели мугри“.

1944 - Германија во Втората светска војна започна да го бомбардира јужниот дел на Англија.

1956 - Последните британски трупи ги напуштија базите кај Суецкиот Канал, препуштајќи му го, по 74 години, овој воден пат на Египет.

1973 - Во Париз, САД, Северен Виетнам, Јужен Виетнам и ослободителното движење Виетконг потпишаа Договор за прекин на огнот.

1982 - Умре кралот на Саудиска Арабија, Калид ибн Абдул Азиз, кој го наследи престонаследникот Фахд.

1993 - Ким Кемпбел стана прва жена премиер во историјата на Канада.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2007 во 09:27

1800 - Наполеон Бонапарта на чело на француската војска ги победи австриските трупи кај италијанското село Маренго и повторно ја освои Италија.

1837 - Во Неапол умре Џакомо Леопарди, еден од најголемите италијански поети. Неговата поезија е израз на неговиот песимистички став кон човековото битисување. Во стих и проза, тој создаде „силен“ јазичен израз. Роден е во Реинати, на 29.06.1798 година.

1904 - Во Сремска Каменица умре Јован Јовановиќ Змај, српски писател, преведувач, новинар, академик и лекар, еден од најпопуларните детски писатели, кој се смета за родоначалник на српската поезија. Негови познати дела се „Пејанија“ и „Трендафилчиња“. Како новинар основа и уредуваше повеќе списанија од кои најзначајни се сатиричното дело „Змај“ и списанието за деца „Невен“. Роден е во Нови Сад, на 6.12.1833 година.

1962 - Во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената.

1986 - Во Женева умре Хорхе Луис Борхес, аргентински писател, фантазер, еден од најголемите интелектуалци на современата култура, која длабоко ја одбележа латинско-американската книжевност, поради што се вбројува меѓу најголемите светски писатели. Најпознати негови дела се „Универзална историја на бесчестието“, „Фантазии“, „Алеф“, „Извештај за Броди“ и „Девет есеи за Данте“. Роден е во Буенос Аирес, на 24.08.1899 година.

1993 - Тансу Чилер стана прва жена премиер во историјата на Турција.

1994 - Во Лос Анџелес умре Хенри Мансини, познат американски композитор на музика за многу филмови. Роден е во Кливленд, на 16.041924 година.

1996 - Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар.

2001- Терористите бараат да седнат на преговарачка маса

Лидерот на албанските терористи кои се борат против македонската армија денес прифати да се разоружаат, но само ако трупите на НАТО влезат во државата и ако на терористите им се даде место на преговарачката маса.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2007 во 12:09
- Меѓународен ден на акции против сушите и поплавите

1696. - Умре полскиот војсководец и крал Јан Собиески, кој во токот на владеењето од 1674 година до неговата смрт го оневозможи подлабокиот пробив на Турците во Европа. Во текот на втората опсада на Виена во 1683 година војската под негова команда ги порази Турците и го ослободи градот од опсадата.

1818.- Во Париз е роден Шарл Гуно, француски композитопр, кој заедно со Санс е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век. напиШал 200 соло-песни, пишуваше црковна музика и ораториуми. Меѓутоа, најзначајни се неговите опери "Ромео и Јулија", "Фауст", "Миреј", "Со сила лекар", како и обработката на Баховиот прв клавирски концерт. Умре на 18.10.1893 година.

1843. - Домородците Маори почнаа бунт против Британците кои го окупираа Нов Зеланд.

1882.- Во Ораниенбаум, кај Санкт Петербург, е роден Игор Фјодорович Стравински, руски композитор. Се сметаше за еден од четворицата главни основачи и претставници на т.н. нова музика на 20-тиот век ( другите тројца се Барток, Хиндемит и Шенберг) Неговиот балет "Жар птица" првпат е изведен во 1910 година, а наредната година и прочуениот балет "Петрушка", двата инспирирани од изворниот народен мелос. Умре во Њујорк, на 6.4. 1971 година. .

1944.- Основана е Република Исланд, со што заврши унијата меѓу таа островска земја и Данска.

1947.- Прогласена е независноста на Република Бурма, дотогаш британска колонија.

1967.- Владата на НР Кина објави дека изврши прва експлозија на атомска бомба.

1971.- САД и Јапонија потпишаа спогодба со која островот Окинава и е вратен на Јапонија.

1977.- Во Скопје умре Лазо Наумовски, македонски новинар, уредник во весникот "Нова Македонија" и писател. Автор е на книгата за деца "Големата авантура". Роден е во Гостивар, во 1923 година.

1986.- Во Скопје, умре Ристо Шишков, македонски театарски, филмски и телевизиски артист. Освен на театарската сцена, играше и во дваесеттина македонски играни филмови ("Републиката во пламен", "Црно семе", "Жед" и "Истрел"). Роден е во селото Мрсна, кај Серез, Егејска Македонија, на 23.03.1940 година.

1990.- Во Скопје е основана ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство. За претседател е избран Љупчо Георгиевски. Регистрирана е на 3.8.1990 година.

1992.- Во Охрид умре Стеван Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од најстарите организатори на музичкиот живот во Македонија по 1945 година. Како композитор посебно е познат по обработката и стилизацијата на народните песни "Леле Јано", "Гора и јунак", "Ти, синче","Петлите пеат" и други, по творбите "Гудачки квартет во це-мол", " Кончертино" и други. Автор е на петнаесетина учебници за основно и средно образование. Роден е во велес, на 26.5.1905 година.

2000.- Умре проф.д-р Митко Панов, македонски научник на полето на демографијата и просторните обележја на република Македонија, еден од подготвувачите на новата административна поделба на Република Македонија во 1996 година. Роден е во Скопје, во 1927 година.



Изменето од Boogie - 17.Јуни.2007 во 12:47
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2007 во 12:17
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

1944.- Основана е Република Ирска, со што заврши унијата меѓу таа островска земја и Данска.



Ова е некоја грешка... Ова се однесува на Исланд, а не на Ирска...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.