Испечати | Затвори го прозорот

На денешен Ден

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=7133
Датум на принтање: 26.Април.2024 во 01:36
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: На денешен Ден
Постирано од: Boogie
Наслов: На денешен Ден
Датум на внесување: 06.Април.2007 во 20:11

Оваа тема нека биде за случувањата во историјата на денот кога постирате

Бошковски: „Немам кредибилитет да ги распуштам ’Лавовите’“
06.04.2002
„Јас немам кредибилитет да ги распуштам „Лавовите“, а тие ќе бидат трансформирани во едно друго, порелаксирано време кое се надеваме дека ќа настапи“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски.

1789 - Џорџ Вашингтон е избран за прв претседател на САД.


1909 - Американскиот поларен истражувач Роберт Едвин Пири (1856-1920) стигна прв на Северниот пол. Тој се смета за негов откривач. Пири го испита и најсеверниот дел на Гренланд („Пириева земја„) и напиша неколку дела за своите патувања, како што се „Најблиску до полот“, „Северниот пол“ и „Тајните на поларните патувања“.


06.04.885 св.Методиј големиот Македонски просветител се упокои

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство



Коментари:
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 07.Април.2007 во 12:13
1348 - Во Прага е основан Универзитет, прв во централниот дел на Европа.

1939 - Фашистичка Италија започна инвазија врз Албанија.

1948 - Стапи во сила Уставот на Светската здравствена организација. Овој ден се прославува како Светски ден на здравјето.

1953 - Во Белград умре Димитар Влахов, македонски револуционер, политичар и публицист. Повеќе децении беше присутен на македонската историска сцена во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Роден е во Кукуш, Егејска Македонија, на 8.11.1878 година.

1945 - Американските авиони во Втората светска војна го потопија најголемиот јапонски воен брод „Јамато“.

1947 - Умре американскиот автомобилски магнат Хенри Форд. Првите „бензински кочии“ ги конструирал во 1896 година, а од 1899 го започнал производството на автомобили.

1953 - Шведскиот дипломат Даг Хамаршелд е избран за генерален секретар на Обединетите нации.

1980 - САД ги прекинаа дипломатските односи со Иран.

07.04.2002
Ако до вторник или среда обвинителството не ја прифати кривичната пријава, принципиелно ќе поднесам оставка до премиерот


Министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски и натаму се забавува со себе и со екс колегата Љубомир Фрчковски. Денеска тој со изјава дека не до вторник, сега до среда ќе си поднесе оставка или принципиелно ќе ја понудел до премиерот, ако Фрчковски не завршел зад решетки.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 08.Април.2007 во 11:56
1993 - Со акламација во Генералното собрание Република Македонија беше примена за 181 членка на ОН.

1848 - Во Бергамо умре Гаетано Доницети, италијански оперски композитор, романтичар, творец на музика, полна со драмска динамика. Главни негови дела се „Ќерката на полкот“, „Дон Пасквале“, „Лучија ди Ламермур“ и „Љубовна напивка“. Роден е во Бергамо, на 29.11.1797 година.

1909 - Во Прилеп е роден Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, коавтор (со Шаип Јусуф) на првата Ромска граматика, објавена во 1980 година, на збирката анегдоти, хуморески и легенди „Островот бил парче земја фрлен во вода“, објавена во 1993 година и на други дела. Умре на 3.11.1988 година.

1971 - Во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8-ми април за Светски ден на Ромите.

1973 - Во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера, умре Пабло Пикасо (вистинското име му е Роиуз), шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари. Тој е основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите „Госпоѓиците од Авињон“, „Герника“ и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз. Тој се соживеа со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и беше меѓу првите кои се огласи на солидарната акција за собирање на уметнички дела, испраќајќи ја својата позната слика „Глава на жена“. Роден е во Малага, Шпанија, на 25.10.1881 година.

1993 - Република Македонија воспостави дипломатски односи со Нов Зеланд.

2003: Трајковски ги ослободи од гонење Димовска и Цветков

Борис Трајковски ги ослободува од гонење Доста Димовска и Александар Цветков, обвинети како нарачател и извршител на прислушувањето во 2000 година.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 09.Април.2007 во 13:02
1626 - Во Лондон умре Франсис Бекон, англиски филозоф и државник. Неговите дела се значајни за историјата на филозофијата и за индуктивната логика. Најпознати негови трудови се „Органон“, „Нова Атлантида“ и „Есеи“. Роден е на 22.01.1561 година.

1821 - Во Париз е роден Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели на 19 век. Се занимаваше со литература и уметничка критика, а неговата поезија е одраз на очајот и на корупцијата на современата цивилизација. Ги надмина естетските форми на своето време, во поезијата внесе оргинални бои и егзотика, задржа елементи на романтизмот и го навести симболизмот. Главно негово дело е збирката песни „Цвеќето на злото“. Умре на 31.08.1867 година.

1873 - Од Солун во Велес пристигна првиот воз. Поради тоа, 9 април е прогласен за Ден на македонските железничари.

1983 - Во Скопје умре рускиот педагог и кореограф на Балетот при Македонскиот народен театар во Скопје, Александар Доброхотов. Тој е и прв балетски играч на скопската балетска сцена. Роден е во 1909 година.

2002: Судските вештаци без податоци за ексхумацијата во Љуботен

Судските вештаци денеска работеа на обдукција на двете тела што вчера беа ископани од гробиштата кај Љуботен, но не даваат податоци за начинот на кој настапила смртта, времето кога лешевите се закопани или нивниот идентитет.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 11.Април.2007 во 10:32
1514 - Умре италијанскиот архитект Донато Браманте. Проектираше многу згради и ја реконструираше црквата „Свети Петар“ во Ватикан.

1854 - Умре Карл Фон Базедов, познат германски лекар и научник, кој прв ја прикажа и детално ја опиша болеста која настанува поради нарушувањето на работата на штитната жлезда. Роден е во 1788 година.

1894 - Уганда стана британски протекторат.

1919 - На Мировната конференција во Париз е формирана Меѓународна организација на трудот.

1945 - Американските војници во Втората светска војна го ослободија нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд.

1961 - Нигерија воведе трговско ембарго спрема Јужна Африка поради политиката на апартхејд во таа земја.

1985 - Во Тирана умре Енвер Хоџа, албански политичар и државник, од 1948 година прв секретар на ЦК на Албанската партија на трудот. Роден е во Ѓирокастро, на 16.10.1908 година.

1990 - Владата на Ангола се согласи во Португалија да започне мировни преговори со припадниците на бунтовничкото движење Унита.

1991 - Советот за безбедност на Обединетите нации го соопшти формалниот крај на Заливската војна, прифаќајќи го ветувањето од страна на властите во Ирак дека ќе платат за штетите од војната и оти ќе го уништат оружјето за масовно уништување.

1992 - Во Министерстото за внатрешни работи на Република Македонија е регистриран Македонскиот олимписки комитет (МОК).

1995 - Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација.

2003: Претседателот и Владата во отворена војна

Шефот на државата и Владата влегоа во отворена војна по одлуката на Борис Трајковски за аболиција на Доста Димовска и на Александар Цветков.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 12.Април.2007 во 11:21
1588 - Роден е Томас Хобс, англиски филозоф, продолжувач и систематизатор на класичниот англиски емпиризам. Познат е по максимата „Човек на човека му е волк“. Напишал многу дела меѓу кои се „Левијатан“ и „За политичкото тело“. Умре на 4.12.1679 година.

1654 - Со мирот во Вестминстер (централен дел на Лондон) заврши првата англо-холандска војна. Со победата врз Холандија, Англија ја скрши холандската надмоќност на море.

1794 - Гилотиран е Жорж Дантон, француски револуционер, противник на монархијата во Француската буржоаска револуција. Тој беше жртва на јакубинскиот терор. Роден е на 6.10.1759 година.

1939. - Во градчето Самобор, во непосредна близина на Загреб, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни "Бели мугри" од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Збирката претставува извонредна поетска слика на најтипичните социјални појави во Македонија пред почетокот на Втората светска војна. Таа е антологија на болките и страдањата на македонскиот народ - експлоатацијата на тутунопроизводителите, на монополските работници и на надничарите. Покрај ова таа е проткаена со борбеност и револуционерен дух. Таа претставуваше стремеж за афирмација на македонската национална култура.

1955 - Британскиот премиер Винстон Черчил поднесе оставка на функцијата. Неговото премиерско место го наследи шефот на братанската дипломатија Ентони Идн.

1982 - Првите британски воени бродови испловија кон Фолкландските острови во Атланскиот Океан.

1987 - Во Скопје умре Калипсо Налча, прва жена - професионална артистка во Македонија. Родена е во Битола, во 1915 година.

1989 - Виетнам соопшти дека до 30 септември 1989 година ќе ги повлече сите војници од Камбоџа.

1992 - Во касарната во Охрид пристигна првиот регрут на АРМ

1999 - Властите во Либија ги предадоа двајцата Либијци осомничени дека во декември 1988 година ја предизвикале експлозијата на американскиот патнички авион „Боинг 747“ над местото Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 лица.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 13.Април.2007 во 13:04
1695 - Во Париз умре Жан Лафонтен, француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни. Роден е во Тиери, на 8.07.1621 година.

1885 - Во Будимпешта е роден Ѓерѓ Лукач, најголем унгарски филозоф, естетичар, политичар, еден од најзначајните марксистички филозофи на 20 век. Умре во Будимпешта, на 4.06.1971 година.

1898 - Француската академија на науките објави дека Марија Склодовска - Кири, хемичар и физичар од полско потекло откри нов елемент кој го доби името радиум.

1906 - Во Стар Дојран е роден Антон Панов, македонски драмски писател. Неговата литературна дејност е од извонредно значење за македонската литература. Инспириран од тешкиот живот на македонските печалбари, Панов на македонски јазик ја напиша драмата „Печалбари“, која првпат е изведена во Скопје на 3.03.1936 година. Тој напиша повеќе прозни и сценски текстови. Умре во Скопје, на 28.08.1968 година.

1913 - Во Општинскиот театар во Битола е одржана првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“.

2003: Човиќ: „Контакти на Земунскиот клан со македонски структури“
„Нема сомнение дека има поврзаност на Земунскиот клан со некои структури во Македонија“, изјави денеска српскиот вицепремеир Небојша Човиќ во интревјуто за „Телма“.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 14.Април.2007 во 13:14
- Денеска е Ден на Царинската служба на Република Македонија. Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник на 14 април 1994 година.

1629.- Роден е холандскиот астроном, математичар и физичар Кристијан Хајгенс, кој во 1655 година ја откри тајната на изгледот на прстенот на Сатурн набљудуван од Земјата и ги објасни промените на тој изглед во текот на хелиоцентричното движење на планетата. Тој го откри сателитот на Сатурн, Титан и точно го одреди траењето на неговата револуција. Тој ги пронајде законите на судирањето на телата, го постави законот за центрифугална сила и го објасни начинот на простирање на светлината. („Хајгенсов принцип“).

1759.- Умре германскиот композитор Георг Фридрих Хендл, кој заедно со Јохан Себастијан Бах е најистакнат претставник на барокот во музиката. Тој речиси целата кариера ја помина во Лондон како директор на Кралската музичка академија. Негови најпознати дела се оперите „Риналдо“, „Јулиј Цезар“, „Александар“, ораториумите „Месија“, „Самсон“, „Саул“ и други.

1914.- Умре американскиот филозоф и логичар Чарлс Сандерс Пирс, основач на прагматизмот, правец кој подоцна го разви Вилијамс Џејмс. Тој веруваше дека идеите најдобро можат да бидат испитани со истражување на последиците кои ги предизвикуваат. Неговите влијателни „Собрани списи“ се објавени постхумно.

1917.- Умре полскиот лекар и филолог Лазар Лудвиг Заменхоф, творец на меѓународниот јазик есперанто. Првиот учебник на тој јазик го објави во 1887 година под псевдонимот др Есперанто (тој кој се надева). Есперанто не стана меѓународен јазик во широка употреба како што се надеваше неговиот творец, но е најважен и најраспространет од сите вештачки јазици.

1929.- Роден е алжирскиот државник Садли Бенџедид, претседател на Алжир од 1979 до 1992 година.

1945.- Американското воено воздухополовство во Втората светска војна во текот на бомбардирањето на Токио ја погоди и палатата на јапонскиот цар.

1986.- Во Париз умре Симон де Бовоар, француска писателка и филозоф. Таа е автор на многу романи, есеи и мемоари, проткаени со духот на егзестенцијализмот. Меѓу нив се истакнуваат романите "Мандарини", "Другиот пол" и мемоарите "Спомените на добровоспитаната девојка". Родена е во Париз, на 9.01.1908 година.

1991.- Во Гевгелија умре Илија Џаџев, македонски културен деец, професор и писател, најистакнат интерпретатор на хавајски песни. Тој има објавено 19 стихозбирки, а напиша и околу 8.000 афоризми. Роден е во Гевгелија, на 5.10.1926 година.

1992.- Во гарнизонот во Охрид, пристигна првиот регрут, припадник на Армијата на Република Македонија.

1995.- Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставија дипломатски односи.

1997.- Во Скопје умре Видое Подгорец, македонски писател и патописец. Најпознати негови дела се "Развигорче", "Ајдучка чешма", "Белото циганче", "Весела азбука" и "Чисти раце". Роден е во селото Колешино, струмичко, на 8.06.1934 година.

1999.- Пакистан - три дена по сличен експеримент што го изврши Индија, успешно изврши проба на балистичка ракета со дострел од 2.000 километри, способна да носи нуклеарни проектили.

2000.- Во Скопје умре Јонче Христовски, врвен македонски интерпретатор на македонски народни песни и композитор на новокомпонирани македонски народни песни. Роден е во 1931 година.

2000.- Руската државна Дума по една година одложување, го ратификува Договорот Старт-2 за намалување на нуклеарното вооружување.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 16.Април.2007 во 11:12
- Денеска е Светски ден на културното наследство

1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја, шпански сликар и гравер. Неговата слика "Стрелањето на бунтовниците" го одбележа почетокот на новата ера во европското сликарство. Автор е на неколку циклуси графики и цртежи. Од делата најпознати му се "Трети мај 1808", "Борба со бикови", "Гола Маја" и "Облечена Маја". Роден е во Фуентетодос, Арагонија, на 30.03.1746 година.

1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо, француски романсиер, сатиричар и критичар. Негови најпознати дела се "Современа историја", "Злосторството на Силвестер Бонар", "Бунтот на ангелот", "Боговите се жедни" и други. Во 1921 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на својот имот Ла Бошлери, кај Тур, на 12.10.1924 година.

1867.- Роден е американскиот пилот и контруктор на авиони Вилбур Рајт, пионер на авијацијата, кој во 1903 година со неговиот брат Орвил со авион што го направија, го изведоа првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траеше 59 секунди и авионот прелета 285 метри. Браќата Рајт во 1905 година конструираа авион кој прелета 39 километри. Во 1909 година, ја основаа „Америкен Рајт компани“ за производство на авиони и истата година на САД им го испорачаа првиот борбен авион „Сигнал Корпс“.

1871.- Револуционерната власт на Париската комуна донесе "Декрет за напуштените претпријатија", според кој, целото стопанство, чии сопственици избегале од Париз, е предадено на работниците. Со тоа пролетеријатот првпат во историјата ги презеде во свои раце фабриките и другите претпријатија и се здоби со право да управува со нив.

1889.- Во Вилворт, предградие на Лондон, е роден Чарли Спенсер Чаплин, англиски филмски сртист, сценарист, режисер, најпознат светски комичар на 20 век. Има снимено 75 кусометражни и долгометражни филмови. Најпознати негови филмови се "Кучешки живот", "Потрага по злато", "Циркус", "Светлините на велеградот" и "Господин Ведру". Умре во швајцарскиот град Вевеј, на брегот на Женевското Езеро, на 25.12.1977 година.

1945.- Во Скопје, на Второто вонредно заседание на АСНОМ што се одржа од 14 до 16 април беа донесени значајни акти за натамошниот развој и афирмација на македонскиот народ. Меѓудругото, АСНОМ е преименуван во Народно собрание на Демократска Федеративна Македонија. Најзначаен акт донесен на заседанието е формирањето на првата Влада на ДФМ. Прв претседател на Владата беше Лазар Колишевски. Формирањето на Владата спаѓа меѓу најзначајните државно-правни акти, со кој е заокружено конституирањето на народната власт, како и афирмирањето на државната и националната самобитност на македонскиот народ.

1945.- Американските трупи во Втората светска војна влегоа во германскиот град Нирнберг.

1947.- Во градот Тексас во истоимената држава загинаа повеќе под 500 луѓе во експлозија на француски камион наполнет со нитрит.

1951.- Британската подморница „Афреј“ потона во каналот Ламанш при што загинаа 75 луѓе.

1991.- Собранието на СР Македонија го усвои нацрт-амандманот за бришење на атрибутот "Социјалистичка" пред името на Социјалистичка Република Македонија. Називот Република Македонија е усвоен на 7.06.1991 година.

1996.- Поранешниот премиер на Италија, Бетино Кракси, италијанскиот Суд на основа на обвинение кое го терети за корупција, го осуди на осум години и три месеци затвор.

2003.- Лидерите на 10 европски земји на Самитот на Европската унија во Атина потпишаа договори за приклучување во Европската унија на 1 мај 2004 година. Договорите ги потпишаа лидерите на Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Словачка, Словенија и Чешка.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 17.Април.2007 во 10:51
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога морето во Холандија ги проби заштитните насипи.

1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин, американски државник, филозоф, физичар, економист и писател. Покрај Џеферсон, автор е на американската "Декларација за независност". Со години тој се занимаваше со демократизација на Уставот и укинување на ропството. Како физичар се занимаваше со проучување на електрицитетот и го пронајде громобранот. Роден е во Бостон, на 17.01.1706 година.

1946.- Последните француски војници ја напуштија Сирија, која стекна независност.

1961.- Со подршка на американската Влада и со помош на ЦИА, кубанските контрареволуционери извршија неуспешен десант на Заливот на Свињите, со намера да ја урнат револуционерната власт на Фидел Кастро. Расплетот на драмата беше побрз отколку што очекуваше Вашингтон. Револуционерните сили брзо го разбија инвазиониот корпус.

1975.- „Црвените Кмери“ го зазедоа главниот град на Камбоџа, Пном Пен и веднаш почнаа терор кон сонародниците во текот на кој - до виетнамската окупација на земјата кон крајот на декември 1978 година - убија меѓу милион и два милиони луѓе.

1977.- Жените во Лихтенштајн прв пат гласаа на избори.

1983.- Од територијата на Индија успешно е лансиран вештачки сателит. Првиот индиски сателит е исфрлен со советска ракета во орбитата околу Земјата од космодромот Бајконур на 19 април 1975 година.

1984.- Во Чарлстон умре Марк Кларк, американски генерал, последен од петмината големи американски команаданти во Втората светска војна. Тој ја предводеше сојузничката инвазија на Италија во 1943 година и ја потпиша Спогодбата со која е окончана војната во Кореја. Тој заедно со генералите Џорџ Партон, Даглас Макартус, Двајт Ајзенхауер и Омар Бредли ги предводеше сите акции на американската армија во Втората светска војна. Роден е во 1897 година.

1989.- Полскиот синдикат „Солидарност“ е легализиран после седумгодишна забрана.

1992.- Во Скопје, претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров ја откри новата натпис - плоча на Домот на Армијата на која пишува "Република Македонија, Дом на Армијата - Скопје". Со тоа на симболичен начин беше одбележано доаѓањето на првите регрути на Армијата на Република Македонија и нејзиното воено осамостојување.

1993.- Во Анкара умре Тургут Озал, осми по ред турски претседател. За време на неговото претседателствување, Република Турција ја призна Република Македонија. Роден е на 13.10.1927 година, во источната турска област Малатија.

1997.- Умре израелскиот државник Хаим Херцог, претседател на Израел од 1983 до 1993 година.

2002.- Поранешниот герилски водач Ксанан Гусмао е прогласен за победник на првите претседателски избори во Источен Тимор.

2004.- Новиот водач на палестинското движење Хамас, Абдел Азиз ел Рантиси е убиен во израелски хеликоптерски напад врз неговото возило. Тој стана водач на движењето откако претходно исто така во израелски напад е убиен основачот и духовниот лидер на тој исламистичко движење шеикот Ахмед Јасин.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 20.Април.2007 во 11:27
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на исламот, според муслиманското верување - "последниот пророк". Во 40 година почна да проповеда нова вера во еден Бог, но во почетокот имаше малку приврзаници. Бидејќи не успеа во Мека, по 10 години отиде во Талф, а подоцна во Медина, каде што ја основа првата општина на новите верници.

1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер Кромвел го распушти Парламентот и воведе лична дикататура како лорд-протектор на Англија.

1657.- Англиската флота, под команда на адмирал Роберт Блејк ги нападна и потопи сите 16 шпански воени бродови во пристаништето Санта Круз на Тенерифе, а потоа го уништи градот.

1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден од најдобрите сликари на пејсажи во 18 век. Најмногу ја сликаше Венеција, нејзините канали и палати.

1889.- Во Браунау, Австрија е роден Адолф Хитлер, водач на Третиот рајх и на нацистичка Германија, еден од најголемите злосторници на историјата во човештвото. Откако на Радио Москва ја слушна веста дека единиците на Црвената армија истакнале црвено знаме на Рајстагот, на 30.04.1945 година, изврши самоубиство во својот бункер, во Берлин.

1893.- Роден е каталонскиот сликар и вајар Хуан Миро, еден од најголемите надреалистички уметници. Тој студираше во родната Барселона, а од 1919 година живееше во Париз. Кратко твореше под влијание на кубизмот, но од 1924 година го изгради неповторливиот личен стил заснован на крајно спонтано регистрирање на формата и знаците кои ги евоцираат подсвесните претстави на примарните и елементарните витални состојби.

1936.- Трупите на Италија кои во почетокот на октомври 1935 година без објавување војна влегоа во Етиопија, презедоа решавачка офанзива против етиопските сили и успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат земјата.

1948.- Во близина на селото Богацко, костурско, Егејска Македонија, во борба против грчките монархофашисти загина Јани Лукаров, истакнат борец во македонското националноослободително движење и на Демократската армија на Грција. Роден е во селото В'мбел, костурско во 1922 година.

1972.- Американското вселенско летало "Аполо 16" се спушти на површината на Месечината.

1982.- Во Скопје умре Ацо Шопов, македонски писател и академик. Неговата прва книга под наслов "Песни" е објавена во 1944 година. Негови познати дела се "На Грамос", "Стихови за маката и радоста", "Ветерот носи убаво време", "Небиднина" и други. Беше уредник на книжевните списанија "Иднина", "Нов ден", "Хоризонт", и "Современост". Роден е во Штип, на 20.12.1923 година.

1984.- Велика Британија соопшти дека нејзината администрација во Хонгконг ќе престане да функционира во 1997 година.

1994.- Израел и Палестинската ослободителна организација постигнаа Договор за пренесување на власта на Палестинците во областа Газа и во градот Ерихон на Западниот Брег.

миа НАЈАВИ & НАСТАНИ

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 23.Април.2007 во 11:31

- Денеска е Светски ден на книгата и авторското право

1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир, англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот. Во своите многубројни драмски дела уметнички силно ги прикажа универзалните човекови дилеми и заплети. Најпознати негови дела се "Хамлет", "Магбет", "Ричард Трети", "Крал Лир", "Ромео и Јулија" и "Отело". Умре во Стартфорд, на 23.04.1616 година.

1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес, прочуен шпански писател, творец на првиот реалистички роман на шпанската литература, ненадминливиот „Дон Кихот“. Ги напиша романите „Галатеја“ и „Персилеса и Сигисмунду“, поемата „Патување на Парнас“ и драмата „Нумансија“. Роден е на 9.10.1547 година.

1792.- Создадена е француската химна "Марселеза" која не ја компонира професионален музичар, туку инженерскиот капетан Руже де Лил и тоа како марш. Химната ја пееја револуционерните војници на маршот од Марсеј до Париз.

1858.- Во Киел е роден Макс Планк, германски физичар, основач на Квантната теорија, хипотеза дека енергијата се емитува и се апсорбира само со дискретни количества. Работеше и на теоријата за хемиска рамнотежа и на формулирањето на термодинамичките принципи. Во 1918 година ја доби Нобеловата награда за физика. Умре во Гетинген, на 4.10.1947 година.

1891.- Во Сонцовка е роден Сергеј Сергеевич Прокофјев, руски композитор и пијанист, еден од најоргиналните советски музички творци. Делото му е проткаено со руска национална музика, но во исто време и модерна според стилот на тонското изразување. Негови познати дела се балетите "Ромео и Јулија", "Пепелашка" и "Приказни за камениот цвет". Умре во Москва, на 5.03.1963 година.

1897.- Роден е канадскиот државник Лестер Боулс Пирсон, шеф на дипломатијата од 1948 до 1957 година и премиер на Канада од 1963 до 1968 година. Тој е добитник на Нобеловата награда за мир во 1957 година.  

1972.- Во Скопје е поставен камен-темелник на Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква "Свети Климент Охридски", кој е осветен на 12.08.1990 година.

1989.- Во Скопје умре проф. д-р Владимир Картов, професор на Правниот факултет во Скопје, истакнат научен работник, особено во областа на историјата на македонскиот народ. Роден е во селото Смоквица, гевгелиско во 1934 година.

1992.- Умре индискиот филмски режисер Сатјаџит Рај, еден од најголемите филмски творци на 20 век.  Негови најпознати филмови се „Непобедливи“, „Апуов свет“, „Каменот на мудроста“, „Салон за музика“, „Рабиндранат Тагоре“, „Три девојки“, „Метропола“ и други.

1996.- Лансиран е петтиот и последен модул на руската вселенска станица „Мир“ - научната лабораторија „Природа“, опремена со многу уреди, вклучувајќи оптички инстументи за истражување на ресурсите на Земјата.

2003.- Демаркациската линија под контрола на Обединетите нации која од 1974 година го дели Кипар на јужен грчки и северен турски дел е отворена за населението после 30 години. За само една недела околу 150.000 луѓе престојуваа на територијата на другата етничка заедница.

2004.- Соединетите Американски Држави ги ублажија санкциите против Либија после 20 години откако таа арапска земја објави дека се откажува од развојот на оружјето за масовно уништување.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 24.Април.2007 во 10:42

1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој објави повеќе од 250 дела, но светска слава му донесе романот „Робинсон Крусо“. Други негови познати дела се „Мол Фландерс“, „Полковник Џек“ и „Роксана“. 

1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека патентот за машина за шиење му припаѓа на механичарот Елиас Хау. Тој ја конструира машината за шиење и во потрага за покровител отиде во Англија, каде директорот на патувачкиот театар "Сингер" и други луѓе го измамија и почнаа да ја произведуваат познатата "сингерка". Своето право на патентот, Хау го доби по судски пат и секојдневно примаше по 4.000 долари за лиценцата.

1898.- Шпанија им објави војна на САД по американскиот ултиматум за повлекување на Мадрид од Куба.

1905.- Во селото Цер, кичевско во борба против турската војска загина (се самоуби заедно до единаесетмината негови соборци) Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери во борбата за македонското социјално и национално ослободување, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Роден е во Охрид, на 22.02.1878 година.

1942.- Родена е американската актерка и пејачка Барбара Стрејсенд. Нејзини најпознати филмови се "Смешна девојка", "Девојката која ја сакав", "Ѕвездата е родена", "Јентл" и "Огледалото има две лица".

1945.- Американската Армија во Втората светска војна го ослободи германскиот нацистички концентрационен логор Дахау.

1949.- Во Скопје се одржа првото Универзитетско собрание во Македонија. Притоа е формиран Скопскиот универзитет. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата, Универзитетот го доби името "Кирил и Методиј", а од 12.11.1992 година, "Свети Кирил и Методиј".

1970.- Лансиран е првиот кинески вештачки сателит.

1984.- Во Њујорк умре Харолд Арлен, американски композитор, автор на голем број популарни песни меѓу кои најпозната е "Над виножитото", која во филмот "Волшебникот од ОЗ" ја пееше Џуди Гарланд. Тој компонира повеќе од 500 песни од кои многу беа специјално напишани за филмови и за претстави на Бродвеј. Во 1939 година, тој доби "Оскар" за музиката во филмот "Волшебникот од ОЗ". Роден е во Бафало, на 15.02.1905 година.

1990.- Источна и Западна Геманија го одредија 2 јули како датум за економско обединување, како вовед во целосно обединување на двете германски држави на 3 октомври 1990 година.

1993.- Умре Митко Илиевски, еден од основоположниците на Катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Роден е во селото Блатец, виничко, на 17.05.1924 година.

1995.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво.

1995.- Во Битола умре Љубиша Георгиевски, македонски артист, првенец на Битолскиот народен театар. Роден е во 1930 година.

2003.- Во Багдад се предаде Тарик Азиз, поранешен заменик-премиер на Ирак, кој беше 43-ти на списокот на САД на 55 најбарани  припадници на соборениот режим на Садам Хусеин.

2005.- Умре поранешниот израелски претседател Езер Вајцман, кој имаше клучна улога во постигнувањето на мировниот договор меѓу еврејската држави и Египет во 1979 година.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 25.Април.2007 во 12:17

1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети Ѓорѓи" во селото к*рбиново, ресенско. На 19.10.1991 година е одбележана 800-годишнината од животописувањето на црквата.

1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански поет. Живееше во времето на ренесансата, а во својот богат опус се обидуваше да ги изрази моралните дилеми на своето време, да го фиксира судирот меѓу доброто и злото, меѓу пороците и добрите особини. Најпознати негови дела се "Ослободениот Ерусалим", "Аминта" и "Ротерисмондо". Роден е во Соренто, на 11.03.1544 година.

1744.- Умре Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном. Тој ја воведе поделбата на 100 степени на термометарската скала, Целзиусова скала. Во 1736 година, учествуваше во експедицијата која ги измери лаковите на мередијаните, прв го забележа дејството на поларната светлина врз магнетната игла и со сопствени средства ја изгради опсерваторијата во родниот град Упсала. Роден е на 27.11.1701 година.

1859.- Според проектот на францускиот конзул во Александрија Фердинант Лесепс, започна изградбата на Суецкиот канал, со кој Средоземното Море е поврзано со Црвеното Море. Каналот има големо стратегиско и економско значење, затоа што е најкраток пловен пат од Европа до земјите на Средниот и Далечниот Исток.

1874.- Роден е Џилјелмо Маркони, италијански инженер и пронаоѓач, еден од основачите на бежичната телеграфија. Тој прв успеа да го предаде сигналот преку Атланскиот Океан во 1901 година. Умре во 1937 година.

1943.- Умре Владимир Иванович Немирович - Данченко, руски театарски режисер и писател. Заедно со Станиславски, во 1898 година го основа Московскиот художествен театар, најдобриот руски театар и еден од најдобрите реалистични театри во светот. Роден е во 1853 година.

1945.- Во Сан Франциско, САД, почна основачката конференција на Организацијата на обединетите нации, во чија работа учествуваа 45 земји, членки на антихитлеровската коалиција. Право на учество имаа земјите кои до 1 март 1945 година им објавија војна на силите на Оската. Учесниците на конференцијата ја потпишаа Повелбата на ООН на 20 јуни, а ја ратификуваа на 24 октомври 1945 година (Ден на ООН).

1960.- Во Битола е основано Друштвото за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината.

1971.- Околу 100.000 демонстранти изведоа марш во Вашингтон поради американското воено ангажирање во Виетнам.

1979.- Во Битола е прогласено основањето на вториот Универзитет во СР Македонија. На 13 јуни 1993 година Собранието на Универзитетот во Битола донесе одлука од 30 јуни Универзитетот да се вика "Свети Климент Охридски".

1986.- Се случи хаварија на нуклеарната централа во Чернобил, Украина во СССР. Беа озрачени неколку илјади луѓе.

1995.- Во Скопје умре Јово Камберски, маекдонски писател. Тој ги напиша романите "Пресуда", "Колона", "Пресметка" и "Празник" и книгите раскази "Виденија" и "Траги". Роден е во Гевгелија, на 11.01.1923 година.

1996.- Република Македонија и Хондурас воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 26.Април.2007 во 10:19

- Денеска е Светски ден на дрвјата

- Денеска е Светски ден на интелектуалната сопственост

121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар (161-180) и филозоф. Во афористичка форма го напиша делото "Разгледување на самиот себеси" во 12 книги. Умре на 17.03.180 година.

1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар, архитект, инжинер, пронаоѓач и мислител Леонардо да Винчи. Направи релативно мал број слики, од кои најзначајни се „Мона Лиза“, „Богородица во пештера“, „Света Ана“ и „Тајната вечера“. Ниту едно негово вајарско дело не е сочувано. Тој се интересираше и за природните науки - физика, астрономија и хемија. Го напиша „Трактатот за сликарството“.

1607.- Капетан Џон Смит во Кејп Хенри, Вирџинија ги доведе првите колонисти, кои  ја основаа првата постојана британска населба во Америка. 

1798.- Во Шератон Сен Морис е роден Ежен Делакроа, француски сликар, главен претставник на романтизмот во сликарството. За него славниот уметник Пол Сезан рекол "Делакроа останува најубавата палета на Франција, сите сликавме според него". Негови најпознати дела се "Слобида на барикадите", "Колежот на Хиос", "Смртта на Сарданепал" и други. Умре во Париз, на 13.08.1863 година.

1900.- Во Хамилтон, Охајо, САД роден е Чарлс Рихтер, еден од пионерите на сеизмологијата и творец на скалата според која се мери јачината на земјотресот. Умре во Пасадена, Калифорнија, во САД, на 30.09.1985 година.

1937.- По налог на генерал Франко, фашистичките авиони го уништија шпанското градче Герника и убија стотина луѓе. Славниот сликар Пикасо го овековечи страдањето на Герника на својата истоимена слика, која стана симбол на борбата против фашизмот.

1942.- Во најголемата несреќа во историјата на рударството, во кинескиот рудник за јаглен во Бенкси, тогаш под окупација на Јапонија, загинаа најмалку 1.540 луѓе.

1962.- Во Кејп Канаверал, во САД, лансиран е првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат.

1964.- Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија.

1966.- Во ерупција на вулканот Келуд на индонезискиот остров Јава загинаа најмалку 1.000 луѓе.

1992.- Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име "денар".

1992.- Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина.

1993.- Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија.

2004.- Во Лос Анџелес умре Хјуберт Селби, помладиот, американски писател. Негови најпознати романи се "Последната станица Бруклин" и "Реквием за еден сон". Роден е во Бруклин, Њујорк, во 1928 година.

2005.- Сирија го заврши повлекувањето на своите сили од Либан согласно Резолуцијата на Обединетите нации и на тој начин стави крај на 29-годишното присуство во таа земја.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 27.Април.2007 во 09:16

1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците го убија Фернандо Магелан, португалски морепловец во служба на Шпанија. Пловејќи по должината на Јужна Америка и низ теснината на Огнена Земја на 16.03.1521 година, од Тихиот Океан пристигна на Филипинските острови. Роден е во Соброза, Италија, на 16.03.1480 година.

1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски физичар и сликар. Во 1837 година го пронајде телеграфот. Умре во 1872 година.

1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон Боливар, обвинет за диктаторски амбиции, поднесе оставка на функцијата претседател на Колумбија.

1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, кочанско, во борба против османлиската војска загина Никола Карев, македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република првата Македонска Република на Балканот од 1903 година. Роден е во Крушево, во 1877 година.

1915.- Умре Александар Николаевич Скрјабин, руски композитор и пијанист, прдвесник на експресионизмот. Во последната фаза од неговото творештво се чувствува мистична концепција ("Божествена поема", "Прометеј"). Компонираше оркестарски композиции, прелудиуми за клавир, сонати и друго. Роден е на 6.01.1872 година.

1941.- Атина во Втората светска војна ја зазедоа германските трупи после грчкиот отпор кој траеше 180 денови.

1945.- Италијанските партизани го фатија злогласниот Бенито Мусолини, кој се обиде да побегне од земјата. Набрзо, потоа, како еден од виновниците за Втората светска војна и за безбројните злосторства, е стрелан (28.04.1945 година).

1956.- Американскиот боксер во тешка категорија со италијанско потекло Роки Марчано се повлече од рингот како непоразен светски боксерски шампион.

1960.- Прогласена е независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија.

1961.- Прогласена е независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка. 1983.- Во Скопје умре Димо Тодоровски, македонски академик, познат вајар кој беше единствен скулптор во Македонија меѓу двете светски војни. Роден е во Солун, на 11.12.1910 година.

1972.- Умре ганскиот државник и публицист Кваме Нкрумах, прв премиер и претседател на Гана, истакнат борец против колонијализмот.

1983.- Во Скопје умре Кирил Миљовски, македонски револуционер, академик, општественик и прв ректор на Универзитетот во Скопје. Роден е во Ресен, на 27.05.1912 година.

1992.- Понеделник, вториот ден на православниот празник Велигден, првпат е прогласен за неработен ден во Република Македонија.

1992.- Замбиски воен авион во кој се наоѓаа фудбалските репрезентативци на таа африканска земја се урна во Атланскиот океан во близина на Габон. Во авионската несреќа загинаа 30 лица. 

1993.- Еритреја стекна независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласаа за независност.

1993.- Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнаа во Сингапур.

1995.- Во Скопје умре Цветко Мартиновски, македонски писател, преведувач и новинар. Негови најпознати книги раскази се "Луњинци", "Квечерини и разденувања" и "Пријатели". Роден е во Скопје, на 25.03.1930 година.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 29.Април.2007 во 16:24

- Денеска е Светски ден на танцот

1492.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. Во 1430 година беше заробена, а една година подоцна, во Руан, беше запалена. Во 19-тиот век, таа е прогласена за француска национална хероина. Родена е во 1412 година.

1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски војсководец. Војничката слава ја стекна во војните против Наполеон Бонапарта. По првиот пад на Наполеон, Велингтон беше британски делегат на Виенскиот конгрес. По враќањето на Наполеон во 1815 година, стана врховен командант на сојузничките сили и го порази Наполеон во битката кај Ватерло, на 18.06.1815 година. Умре во 1852 година.

1854.- Роден е францускиот математичар, физичар и филозоф Жил Анри Поенкаре, кој пред Алберт Ајнштајн ја постави специјалната теорија на релативитетот. Објави повеќе од 500 математички трудови, ја проучуваше аналитичката и небеската механика, хидродинамика, астрономијата, геодезијата, теориската и математичката физика. Ја создаде теоријата на автоморфните функции, еден е од основачите на топологијата, ја разви електромагнетската теорија на светлина, електрицитетот и даде критичка анализа на космогониските хипотези. Во филозофијата се занимаваше со теоријата на науката, теоријата на сознанието и општата методологија. Објави 32 книги. Најпознати негови дела се „Наука и хипотеза“, „Вредност на науката“, „Науката и методите“ и други.

1898.- Во Ќустендил умре Илија Марков Малешевски (познат како Дедо Иљо Малешевски), прочуен македонски ајдутски војвода, во втората половина на 19-тиот век, кој учествуваше во битките против Турците. Роден е во Берово, на 28.05.1805 година.

1899.- Роден е американскиот пијанист, композитор и шеф на оркестар Едвард Кенеди „Дјук“ Елингтон, еден од најзначајните џез музичари. Оркестарот што го основаше во 1926 година претставува пример за сите оркестри на џез музиката. Тој напиша околу 2.000 композиции.

1901.- Роден е јапонскиот цар Хирохито, кој владееше од 1921 година, кога како регент го заменуваше болниот татко. Крунисан е во 1926 година и беше на престолот до смртта во 1989 година.

1936.- Роден е индискиот диригент и виолинист Зубин Мета, еден од најпознатите диригенти на 20 век.

1945.- Во Втората светска војна капитулираа германските сили во северна италија, Австрија, Штаерска и Корушка.

1980.- Во Лос Анџелес умре Алфред Хичкок, британски филмски режисер, еден од најпознатите автори кој светска слава доби со филмови од криминалистички жанр, со филмови на страв и ужас. Негови најпознати филмови се: "Човекот кој многу знаеше", "Ребека", "Аферата Парадин", "Птици" и "Психо". Роден е во Лентонстаун, во близина на Лондон, на 13.08.1899 година.

1991.- Во земјотрес во Грузија загинаа повеќе од 140 луѓе.

1995.- Во Шри Ланка тамилските бунтовници соборија воен авион, усмртувајќи 52 лица кои се наоѓаа во него.

1997.- Во Лусембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишаа спогодбата за соработка.

2000.- Умре поранешниот виетнамски премиер Фам Ван Донг, кој до 1987 година повеќе од три децении беше претседател на Владата. Тој беше близок до виетнамскиот лидер Хо Ши Мин.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 30.Април.2007 во 09:12

311.- Римскиот цар Константин Први Велики со Миланскиот едикт го призна христијанството во Римското царство.

1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од Франција.

1777.- Роден е германскиот математичар, физичар и астроном Карл Фридрих Гаус, основач на познатата математичка школа и директор на опсерваторијата во Гетинген. Тој отвори нова етапа во развојот на диференцијалната геометрија, ги постави новите основи на небеската механика и астрономија, и го конструираше геодетскиот инструмент хелиотроп. 

1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв претседател на САД.

1870.- Роден е австрискиот композитор со унгарско потекло Франц Лехар, најзначаен претставник на виенската оперета во првата половина на 20 век. Негови најпознати оперети се „Веселата вдовица“, „Грофот од Луксембург“ и други.

1900.- Хаваи станаа составен дел на САД.

1903.- Во Солун се самоуби Орце Попјорданов, еден од организаторите на Солунските атентати. По минирањето на Отоманската банка, водеше неколкучасовна борба против османлиската војска.

1944.- Во селото Стаевци, кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание.

1945.- Водачот на Третиот рајх и на нацистичка Германија и еден од најголемите злосторници во историјата на човештвото, Адолф Хитлер, откако ја слушна веста на Радио Москва дека единиците на Црвената армија истакнале црвено знаме на Рајхстагот, изврши самоубиство во својот бункер во Берлин.

1989.- Умре италијанскиот филмски режисер Серџо Леоне. Негови најпознати филмови се „Колосот од Родос“, „За грст долари“, „Се викам Нико“, „Беше еднаш на Дивиот запад“, „Се случи во Америка“ и други.

1991.- Циклон во Бангладеш усмрти најмалку 125.000 луѓе.

1992.- Во Скопје, Редакцијата на весникот "Нова Македонија" и новинската агенцијата Франс прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на генералниот сервис на агенцијата.

2000.- Во Земскиот антенски центар Нова Брезница, скопско, е пуштена сателитската програма МРТ-МКТВ САТ, пред се наменета за македонските граѓани што работат и живеат во странство.

2002.- Во хеликоптерска несреќа во северен Тунис загинаа 13 високи офицери на туниска армија.

2003.- Либија ја прифати одговорноста за урнувањето на авионот на американската компанија „Пан америкен“ во 1988 година кај шкотското место Локерби, кога загинаа 270 луѓе во леталото и на тлото.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 01.Мај.2007 во 12:17

- Денеска е Меѓународен ден на трудот. Во 1886 година во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржа во Париз, во 1889 година беше решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет.

1923.- Роден е американскиот писател Џоезеф Хелер. Тој ги напиша романите „Нешто се случило“, „Добар како злато“ и драмата „Бомбардиравме во Њухевн“.

1931.- Официјално е отворен 102 спрата високиот облакодер Емпаер стејт билдинг во Њујорк, во тоа време највисока зграда во светот. 

1944.- Во злогласниот затвор "Хајдари" во непосредна близина на Атина, германските фашисти стрелаа 200 истакнати македонски и грчки комунисти, меѓу кои и Трифун Хаџијанев, македонски револуционер и борец за остварување на национална и социјална слобода на македонскиот народ. Хаџијанев е роден во Воден, Егејска Македонија, во 1890 година.

1945.- Во бункер во Берлин самоубиство изврши шефот на германската пропаганда во Втората светска војна, Јозеф Гебелс.

1991.- Во Македонската радио телевизија почна емитувањето на Музичкото радио - Канал 103. Тоа е првата и единствена субкултурна и некомерцијална медиумска појава во македонскиот етер. Многу македонски групи и артисти, своите почетоци во медиумската промоција ги имаа токму на Канал 103, а и своите први живи настапи ги имаа на некои од многуте концертни активности, што ова радио ги има организирано.

1994.- Во Имола, во Италија, умре Аиртон Сена, еден од најпознатите возачи на автомобилското натпреварување во светот на "Формула 1". Роден е во Сао Паоло, на 21.03.1960 година.

2002.- Во Холандија стапи на сила законот за еутаназија, една година откако Парламентот изгласа одлука со која таа земја стана прва во светот во која е дозволено убиство од милосрдие.

2004.- Во Даблин, Ирска, членки на Европската унија станаа Чешка, Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Словачка, Словенија, Унгарија, Малта и Полска.

2005.- Во напад на бомбаш-самоубиец на погребна поворка во градот Тал Афар, во северен Ирак, загинаа најмалку 25 луѓе, а 30 беа повредени.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 03.Мај.2007 во 11:01

1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар, архитект, инжинер, пронаоѓач и мислител Леонардо да Винчи, еден од најголемите умови на ренесансата. Направи релативно мал број слики од кои назначајни се „Мона Лиза“, „Богородица во пештера“, „Света Ана“ и „Тајната вечера“. Тој се интересираше физиката, астрономијата и хемијата. Работеше и на справа за летање. Го напиша „Трактатот за сликарството“.

1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл, основач и теоретичар на модерниот ционизам, кој се залагаше за основање еврејска држава во Палестина и го разработи концептот на таа држава. Тој во 1897 година е избран за прв претседател на Светската ционистичка организација. Негови познати дела се „Еврејска држава“, „Стара Нова земја“ и други.

1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон Рихтхофен, наречен „Црвен барон“, најславниот германски авијатичар во Првата светска војна. Во текот на војната собори повеќе од 80 непријателски авиони, пред да загине во воздушна борба во април 1918 година.

1903.- Во Македонското село Смилево, демирхисарско, почна Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот беше избран големиот Македонски деец Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјасни за кревање востание,ослободување на Македонија од вековното ропство и создавање на независна и суверена Македонска држава.

1933.- Германскиот канцелар Адолф Хитлер ги укина синдикатите.

1949.- Во Струмица е формиран Народниот театар "Антон Панов". Во театарот беше изведена првата претстава, "Бегалка" од македонскиот писател Васил Иљоски.

1967.- Лабуристичката Влада на Харолд Вилсон побара членство на Велика Британија во Европската економска заедница, завршувајќи ја долгата дебата за тоа дали Лондон треба да и пристапи на таа групација.

1982.- Британска подморница во Фокландската војна  го потопи аргентинскиот брод „General Belgrano“, усмртувајќи повеќе од 350 луѓе.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 04.Мај.2007 во 12:49

- Денеска е Светски ден на борба против астмата

1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска Македонија, во борба против османлиската војска загина Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и во почетокот на 20-от век. Роден е во Кукуш, Егејска Македонија, на 4.02.1872 година.

1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура, кавадаречко, од турските банди подмолно е убиен Пере Тошев, македонски револуционер и еден од основоположниците на ТМОРО во Битолскиот револуционерен округ и учесник во Илинденското востание од 1903 година. Роден е во Прилеп, во 1865 година.

1928.- Роден е египетскиот државник Хосни Мубарак, претседател на Египет од 1981 година, после убиството на Анвар ел Садат.

1929.- Родена е американската актерка со холандско потекло Еда фан Хемстра Хепберн, позната како Одри Хепберн, амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. Глумеше во филмовите „Празник во Рим“ (Оскар), „Појадок кај Тифани“, „Сабрина“, „Војна и мир“, „Љубов попладне“ и други.

1970.- Американската Национална гарда уби четворица и повреди 11 студенти од Универзитетот Кент во државата Охајо кои демонстрираа против Виетнамската војна.

1979.- Во Скопје умре Бранко Заревски, македонски поет, критичар и еден од доајените на македонското новинарство. Роден е во Битола, на 19.11.1920 година.

1980.- Во Љубљана умре Јосип Броз Тито, претседател на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија, претседател на Сојузот на комунистите на Југославија, маршал на Југославија и врховен командант на вооружените сили на СФРЈ. Роден е во селото Кумровец, Хрватско Загорје, во 1892 година.

1993.- Република Македонија и ПТТ управата се примени во членството на Меѓународната унија за телекомуникација - специјализирана организација на ООН во областа на телекомуникациите со седиште во Женева.

1999.- Во Охрид умре Трајан Мартиновски, македонски посет и есеист. Првата книга поезија што ја објави во 1982 година е "Премолчено време", а последниот негов труд, објавен во 1999 година, е "Златен венец на спомените". Роден е во селото Нерези, струшко, на 19.02.1951 година.

2001.- Во Скопје умре Васка Илиева, една од најпрочуените македонски пејачки на македонски народни песни. Родена е во Скопје, во 1927 година.

2002.- При урнување на нигериски патнички авион во градот Кано во Нигерија загинаа 148 луѓе. Во авионската несреќа загина и нигерискиот министер за спорт, Ишаја Марк Аку.

2003.- Швајцарецот со индиско потекло Дани Бекман е примен во Швајцарската гарда, единица која го чува папата, како прв нејзин припадник кој не е Белец.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 06.Мај.2007 во 20:06

1626.- Холандскиот доселеник Питер Минуит од Индијанците го купи островот Менхетен - на кој подоцна е изграден Њујорк.

1758.- Роден е Максимилијан Робеспјер, еден од најзначајните водачи на Француската буржоаска револуција. Беше водач на јакубинците, најреволуционерна партија во тоа време која се бореше за општо право на глас, внесено првпат во јакубинскиот устав во 1793 година, за укинување на монархијата и за воспоставување република, како и за укинување на ропството во колониите. По контрареволуционерниот пресврт, на 27.07.1794 година. Робеспјер е гилотиран.

1840.- Пуштени се во оптек првите поштенски марки во Велика Британија - од еден и два пени со ликот на кралицата Викторија Прва.

1848.- Во селото Лазарополе, гостиварско, е роден Васил Апостолов Икономов, македонски училител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач, калиграф и црковен певец. Умре во Лазарополе, на 4.06.1934 година.

1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. Негови најпознати дела се "Увод во психоанализата", "Кон психопатологијата на секојдневниот живот" и "Толкување на соништата". Умре во Лондон, на 23.09.1939 година.

1859.- Умре Александар фон Хумболт, германски географ, астроном и истражувач, еден од основачите на научната географија. Прв го постави правилото за намалување на температурата со зголемување на надморската висина. Пионер е на системските трудови за магнетизмот и прв автор на изотермалната карта на Земјата. Роден е на 14.09.1769 година.

1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула, една од најголемите знаменитости на градот. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена на парискиот плоштад Шан де Марс и е висока 320 метри.

1919.- На Версајската мировна конференција по Првата светска војна на Германија и се одземени колониите во Африка.

1924.- Во Виена, ВМРО (об.) издаде Манифест кон македонскиот народ, кон организираното револуционерно население во Македонија и кон македонските револуционери, познат како Мајски манифест на ВМРО (об.). Во него како главни цели на револуционерната борба беа фиксирани "ослободувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка заедница" и демократизирањето и сојузувањето на балканските држави во една федерална заедница која "единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна Македонија и независноста на другите балкански народи" и да ги парализира анексионистичките и империјалистичките стремежи на заинтересираните сили.

1952.- Во селото Лабуништа, струшко, умре Ангелко Крстиќ, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и учител. Најпознат е по романот "Трајан", објавен во 1932 година. Роден е во селото Лабуништа, на 1.11.1871 година.

1976.- Во северниот италијански град Удине во земјотрес загинаа 973 луѓе.

1978.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја осуди Јужна Африка поради инвазијата во Ангола и побара повлекување на нејзините војници од земјата.

1991.- Во Сплит, Република Хрватска загина 19-годишниот војник од Кавадарци, Сашко Гешовски. На денот на загинувањето тој беше на должност стражар во командата на Военопоморската област во Сплит, каде што протестираа над 30.000 демонстранти. Гешовски беше првата македонска жртва во југословенската војна. Тој од 17 септември 1990 година служеше во воената полиција во Сплит. Околностите под кои загина Гешовски се уште не се разјаснети.

1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското име и е Марија Магдалена фон Лош), прочуена американска филмска актерка од германско потекло. Родена е во Берлин, на 27.12.1901 година.

1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик. Роден е во Прилеп, на 27.06.1936 година.

1994.- Во Мексико, на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК.

1994.- Францускиот претседател Франсоа Митеран и англиската кралица Елизабета Втора го отворија тунелот под Ламанш.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: spaski
Датум на внесување: 07.Мај.2007 во 02:02
1915. na 7mi Maj germanskata podmornica U-20 go potopila britanskiot brod Lusitania, okolu 1200 zaginati.

-------------
http://www.macedonian-kingdom.piczo.com



Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 07.Мај.2007 во 10:16

- Денеска е Ден на македонската полиција. Во 1993 година со одлука на Владата на Република Македонија од 20.04.1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста.

1755.- На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет, кој првобитно имаше само филозофски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу стана центар на руската наука.

1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс, германски композитор, еден од најзначајните романтичари и мајстор на соло песната. Компонираше музика за клавир, виолина, камерна музика, симфонии и хорска музика. Умре во Виена, на 3.04.1897 година.

1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри методот на механичко сликање, односно ја пронајде фотографијата.

1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари на 19-от век. Негови најпознати дела се оперите "Евгениј Онегин" и "Пикова дама", балетите "Лебедово езеро" и "Заспаната убавица". Умре во Петроград, на 6.11.1893 година.

1861.- Во Калкута е роден Рабиндранат Тагоре, индиски поет и филозоф. Меѓу неговите најпознати дела спаѓаат збирките песни "Градинар" и "Гитанџали", романите "Дом и свет" и "Бродолом", драмите "Сударшана" и "Водопад" и публицистичкиот труд "Национализам". За својата литературна работа во 1913 година ја доби Нобеловата награда. Умре во Калкута, на 7.08.1941 година.

1901.- Роден е американскиот филмски актер Френк Џејмс Купер, познат како Гари Купер, еден од најомилените актери во историјата на Холивуд. Тој сними 84 филмови. Глумеше во филмовите „Законот на Дивиот Запад“, „Точно на пладне“, „Вера Круз“, „Љубов попладне“ и други.

1929.- За првпат е доделена наградата "Оскар", што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и друго.

1939.- Германија и Италија склучија пакт, познат како "Оска Берлин - Рим".

1954.- Француските колонијални сили потпишаа капитулација со што заврши познатата битка кај Диен Биен Фу. Во битката ослободителните сили на Виетнам, под команда на генерал Џап, извојуваа победа над француските колонијалисти.

1991.- Во Москва умре Васил Икономов, македонски писател и преведувач. Тој е еден од основачите и првите уредници на Книгоиздателството "Мисла" во Скопје, член на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на писателите на СССР. Автор е на стихозбирките "Жерани во пламен", "Разделбата на крвта со огнот", "Мртвите пешачат боси" и "Кон една генеза". Роден е во Скопје, во 1945 година.

1995.- Кандидатот на конзервативците, градоначалникот на Париз, Жак Ширак, победи на претседателските избори во Франција.

2002.- Во морето во североисточна Кина се урна кинески патнички авион, при што загинаа 112 патници и членови на екипажот.

2002.- Во напад на исламски терорист самоубиец во еден клуб јужно од Тел Авив загинаа најмалку 15 лица. Одоговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Хамас.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 08.Мај.2007 во 10:20

1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски хемичар, кој се смета за основач на модерната хемија. Прогласувајќи го законот за неуништивоста на материјата како основа за хемиските процеси, тој ја почна примената на егзактните физички методи за мерење на хемиските истражувања. На пример, докажа дека водата е соединение на водород и кислород (1783 година), а ги задолжи науката и човештвото со многу други значајни откритија. Роден е во Париз, на 26.08.1743 година.

1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан, швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година, кој подоцна прерасна во меѓународна организација. Во 1901 година ја доби Нобеловата награда за мир. Умре во Хајден, Швајцарија, на 3.10.1910 година.

1858.- Во Неапол е роден Руџеро Леонкавало, италијански композитор, претставник на веристичката насока. Неговото најзначајно дело е операта "Палјачи", која зборува за животот на една патувачка артистичка дружина. Умре во Монтекасино, кај Фиренца, на 9.08.1919 година.

1880.- Умре Гистав Флобер, француски писател, еден од основачите на реализмот во француската литература. Како противник на граѓанското лицемерие, верно ги сликаше секојдневниот живот и личностите од провинцијата. Напиша две театарски дела, неколку новели и остави многу значајни и обемни дела. Негови најзначајни дела се романите "Сентиментално воспитување", "Госпоѓа Бовари" и "Искушението на Антони". Роден е на 12.12.1821 година.

1902.- Во ерупција на вулканот Мон Пеле на Мартиник целосно е уништен градот Сен Пјер, а несреќата ја преживеаја само двајца од 30.000 жители.

1903.- Турската војска од Костур, Егејска Македонија, испрати засилен војнички одред за да го уништи селото Смрдеш, само затоа што со сметаше за најкомитско село во Костурско. Во ноќта и утредента, војниците и башибозукот направија големи штети во селото. Од 300 куќи во селото изгореа 240, 84 луѓе беа убиени или заклани, а 50 беа повредени. Селото беше речиси ограбено и опустошено.

1914.- Во селото Будинарци, беровско е роден Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој е првиот кларинетист на Македонската филхармонија. Автор е на првиот национален балет "Македонска повест". Умре во Скопје, на 15.03.1974 година.

1921.- Во Шведска е укината смртната казна.

1925.- Во Виена во Бург-театарот, од платеничката на бугарскиот двор Менче Карничева, е убиен Тодор Паница, истакнат борец на македонското националноослободително движење. Роден е во бугарскиот град Орахово, во 1878 година.

1992.- Република Филипини ја призна Република Македонија.

1995.- Република Македонија и Република Сингапур воспоставија дипломатски односи.

1996.- Умре шпанскиот борец со бикови Луис Мигел Лукас „Доминген“, веројатно најдобриот светски борец со бикови во 20 век, чија вештина го инспирира американскиот писател Ернест Хемингвеј.

2001.- Во Скопје, во издание на Македонскиот народен театар е промовиран првиот број на списанието за сценска уметност "Сцена".

2001.- Папата Јован Павле Втори ја заврши посетата на Сирија во текот на која како прв римокатолички поглавар во историјата влезе во една џамија.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 09.Мај.2007 во 11:18

- Денеска е Ден на Европа

1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер Колумбо, во служба на Шпанија, тргна на четвртото и последно патување во новиот свет. Во Шпанија се врати во ноември 1504 година, а умре две години подоцна, незадоволен бидејќи го одминаа ветените награди и почести. До последен момент Колумбо не знаеше дека ја открил Америка. Беше уверен дека стигнал до источните брегови на Азија.

1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер, борец за рамноправност на Црнците. На 2.12.1859 година федералната американска војска го фати тешко ранетиот Браун и го обеси. Неговата борба имаше широк одзив и и претходеше на Граѓанската војна (1861-1865) меѓу Северот и Југот на САД.

1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од најпознатите германски поети и драмски писатели. Во своите остварувања го истакнуваше идеалот на достоинството, слободата и убавината и незадоволството од тиранијата. Автор е на драмите "Интрига и љубов", "Разбојници", "Дон Карлос" и "Јованка Орлеанка". Роден е на 10.11.1759 година.

1873.- Роден е англискиот археолог Хауард Картер, кој во 1922 година ја откри гробницата на египетскиот фараон Тутанкамон.

1901.- Во Мелбурн е отворен првиот Парламент на Австралија.

1926.- Американците Ричард Брет и Флојд Бенет први го прелетаа со авион Северниот пол, што беше голем подвиг на младата недоволно сигурна авијација.

1927.- Канбера стана главен град на Австралија наместо Мелбурн.

1944.- Во Прилеп, во борба против бугарскиот окупатор загинаа Кире Гавриловски - Јане и Круме Волнароски - Коља, народни херои на Југославија од Македонија. Кире Гавриловски е роден во Прилеп, во 1918 година. Круме Волнароски е роден во Прилеп, во 1909 година.

1945.- Во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот.

1946.- Кралот Виторио Емануел Трети абдицира и Италија стана Република.

1947.- Во Скопје, во македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик. Тоа беше операта "Кавалерија рустикана" (или "Селска чест" како што е запишано на првиот плакат) од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. Диригент беше Тодор Скаловски, режисер Бранко Поморишац, а корепетитор Петре Богданов - Кочко.

1959.- Во Скопје умре Борис Бојаџиски, македонски писател, новинар и публицист. Автор е на драмите "Дадовме збор", "Дедо Мраз и кај нас", "Милка", на книгите раскази "Палавото зајаче", "Првите цутови", како и монографијата на народниот херој Орце Николов. Роден е во Охрид, на 23.02.1915 година.

1978.- Во Рим, во автомобил, е пронајдено телото на поранешниот италијански премиер, Алдо Моро.

1998.- Во Бирмингем, Велика Британија, се одржа 43 Фестивал на забавна музика во Европа - Песна на Евровизија, со учество на 23 земји (Евросонг 1998). На него, првпат учествуваше и Република Македонија. Неа ја претставуваше Владо Јаневски со песната "Не зори, зоро" на Глигор Копров. Јаневски освои 40 бодови и го освои 19 место.

2001.- Во најтрагична несреќа во историјата на африканскиот фудбал, на најголемиот стадион во Акра, главниот град на Гана, загинаа 126 луѓе во стампедо што го предизвика полицијата која употреби солзавец.

2002.- Американскиот Конгрес им забрани влегување во САД на граѓаните на седум земји кои го поддржуваат и толерираат тероризмот - Ирак, Иран, Куба, Либија, Северна Кореја, Сирија и Судан.

2004.- Претседателот на Чеченија, Ахмад Кадиров загина во експлозија на бомба, што ја поставија чеченските исламски терористи на стадионот во градот Грозни.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 10.Мај.2007 во 10:29

- Денеска е Светски ден на физичката активност

1497.- Италијанскиот морепловец Америго Веспучи тргна на првото патување во новиот свет. Вплови до бреговите на Хондурас и на Бразил и откри нов континент меѓу Европа и Азија, наречен Америка.

1876.- Во Врхника е роден Иван Цанкар, словенечки поет, раскажувач, драматург и публицист. Во своите дела ја разоткриваше неправдата и лицемерството на малограѓанската средина, се бореше за правата на обичниот човек. Негови познати дела се "Слугата Јернеј и неговото право", "Под крстот" и "Кралот на Бетајнова". Умре во Љубљана, на 11.12.1981 година.

1881.- Крунисан е романскиот крал од германско потекло Карол Први Хоенцолерн, првиот крал на Романија.

1899.- Роден е Фред Астер, американски филмски артист и танчер. Во танчерската техника го спојуваше класицизмот од почетокот на 20-от век со современите сваќања на танцот. Беше актер во филмовите "Време на свингот", "Смешно лице" и "Бродвејски мелодии". Умре во Лос Анџелес, на 22.06.1987 година.

1933.- Четири ипол месеци откако Хитлер ја приграби власта, разулавените нацисти во Берлин пред Рајхстагот, запалија повеќе од 25.000 книги. Слични настани се случија таа ноќ и во други германски градови.

1967.- Американското воздухопловство првпат во Виетнамската војна го бомбардираше пристаништето Хајфонг во Северен Виетнам.

1977.- Во Њујорк умре Џоана Крафорд, американска артистка. За улогата што ја играше во филмот "Милдред Пирс", во 1945 година ја доби наградата "Оскар". Во 1965 година, престана да снима филмови и ја напиша автобиографската книга "Мојот начин на живеење". Родена е во Сан Антонио, на 23.03.1908 година.

1977.- Во Саутемптон умре Џејмс Џонс, американски писател, автор на повеќе дела, меѓу кои и на познатиот роман "Одовде до вечноста", како и романите "Некои дојдоа трчајќи", "Тенка црвена линија" и други. Роден е во 1910 година.

1988.- САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која Израел е осуден за инвазија на јужниот дел на Либан. 

1989.- Алпинистите Димитар Илиевски (35) од Битола, Виктор Грошељ (36) од Љубљана и Стипе Божиќ (37) од Сплит го освоија највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Притоа загина Димитар Илиевски.

1993.- Повеќе од 200 работници загинаа во пожар во една фабрика за играчки во тајландската провинција Након Патом.

1994.- Нелсон Мендела како прв Црнец е инаугуриран за претседател на Јужна Африка.

1997.- Во земјотрес во источен Иран загинаа најмалку 1.560 луѓе.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Синдарела
Датум на внесување: 13.Мај.2007 во 11:36
Денеска е недела, 13 мај, 133 ден во 2007 година. До крајот на годината има 232 денови.

1607.- Капетан Џон Смит со група војници пристигна во Вирџинија и тоа место го нарече Џејмстаун, каде што е основана првата постојана британска населба во Новиот Свет.

1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани Марија Мастаи Ферети, од 1846 папа Пиј Деветти, чиј потификат траеше 31 година и 236 денови, најдолго во историјата на Римокатоличката црква. Тој во 1870 година прогласи догма за папската непрогресивност.

1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф Шафарик, словачки филолог и историчар, еден од најпознатите чешки и словачки народни преродбеници. Неговото дело е од големо значење за словенските народи. Меѓу другото, ги објави и житијата на словенските просветители Кирил и Методиј. Умре во Прага, на 26.06.1861 година.

1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први влегоа во Виена.

1840.- Во Ним е роден Алфонс Доде, француски писател. Неговата трилогија "Тартарен Тарасконецот", "Тарантско пристаниште" и "Тартарен на Алпите" претставуваат ремек-дело на француската хумористична проза.

1842.- Роден е Артур Саливен, познат британски композитор и диригент. Тој е основач на англиската оперета. Умре на 22.11.1900 година.

1871.- Во Италија е донесен закон со кој на Светата столица и се дозволува да има седиште во Ватикан.

1888.- Во Бразил е укинато ропството.

1901.- Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја формира првата македонска театарска група "Скрб и утеха".

1961.- Преку ТВ Белград е емитувана првата емисија на ТВ - студио Скопје, наречена "Балкански концерт" која ја изведоа првенците на Балетот при македонскиот народен театар, Елпида Пакоска и Јован Пашти.

1965.- Во Белград умре Ристо Лозаноски, македонски академски сликар. Неговиот опус што го создаде за неполни 15 години од неговиот творечки живот, изнесува 150 слики, цртежи и графики. Роден е во селото Големо Илино, кичевско, на 5.03.1923 година.

1965.- Израел и Западна Германија одлучија да воспостават дипломатски односи. После таа одлука повеќе арапски држави ги прекинаа односите со Бон.

1981.- Турскиот терорист Мехмед Али Агџа во Рим пукаше врз папата Јован Павле Втори и го повреди во стомакот и раката.

1996.- Повеќе од 600 луѓе загинаа во невреме во северниот дел на Бангладеш.

1999.- Перу и Еквадор потпишаа документ за разграничување, завршувајќи го после шест децении спорот поради кој двете латиноамерикански земји три пати војуваа.

2004.- Во Индија завршија маратонските парламентарни избори кои траеја повеќе од еден месец на кои после осум години во опозиција победи Конгресната партија на Соња Ганди.

-------------
http://www.fantasytrend.blogspot.com - TRENDY


Постирано од: Синдарела
Датум на внесување: 14.Мај.2007 во 12:24
1955.- Во Варшава, Полска, склучен е Варшавскиот Договор, воено-политички блок меѓу СССР, Полска, Бугарија, Романија, Чехословачка, Унгарија, ДР Германија и Албанија со рок на траење од 20 години.AngryAngryAngryAngryAngryAngry

-------------
http://www.fantasytrend.blogspot.com - TRENDY


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 11:03

1571. - Татарските освојувачи ја запалија Москва.

1767. -
Џенова и го продаде островот Корзика на Франција.

1848.-
Париските работници, незадоволни од политиката на буржоаската влада по прогласувањето на Француската република, упаднаа во зградата на парламентот, го распуштија новоизбраното уставотворно Собрание и избраа нова револуционерна влада. Со помош на војската, буржоаските сили успеаја да го задушат востанието на пролетаријатот и да ги уапсат сите поистакнати работнички водачи.

1859.- Во Париз е роден Пјер Кири, француски физичар и хемичар, кој го откри пиезо-електрицитетот на кристалот, а со својата сопруга Марија Склодовска - Кири ги откри радиоактивните елементи - полониумот и радиумот. Умре во 1906 година.

1926.- Во Загреб проработи првата среднобранова радио-станица на Балканот.

1943.- Во Москва, на иницијатива на Ј.В. Сталин е донесена одлука за распуштање на Комунистичката интернационала ( Коминтерна), со што формално е признато правото на самостојно решавање на секоја комунистичка партија.

1945.- Заврши Втората светска војна на европскиот континент, иако Европа како Ден на победата над фашизмот  го прославува 9 мај, датумот кога фашистичка Германија капитулира пред сојузниците. Последните операции против германските сили ги водеше југословенската војска.

1948.- Новосоздадената држава Израел ја нападнаа египатски авиони, а од север и исток навлегоа либански и јордански војници.

1955.-
Потпишан е австрискиот државен договор, според кој Австрија доби независност  во границите од 1.1. 1938 година. 

1957.- Велика Британија ја изврши првата термонуклеарна проба во централен Пацифик.

1963.- Од Кејп Канаверал. во САД, е лансиран вештачкиот сателит „Фејт-7“ со кој космонаутот Гордан Купер ја обиколи Земјата 22 пати. Купер е четвртиот американски, а осмиот светски космонаут кој изврши орбитален лет околу Земјата.  

1992.- Во Перт, Австралија, отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија.

1994.- Во Штип умре Киро Стоев, еден од основоположниците на повоениот музички живот во Штип, истакнат педагог и диригент.

1994.- Во Белград умре Олга Спиридоновиќ, една од најпознатите театарски и филмски актерки во поранешна Југославија. За улогата во Мис Стон во истоимениот македонски филм и е доделена Златна арена на Пулскиот фестивал. Родена е во Сплит, на 29.05.1923 година.

1995.- Кај селото Богомила, велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 16.Мај.2007 во 11:13

1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро. со мала група војници се истовари на севрното крајбрежје на Перу. Една година подоцна ја осови земјата и сурово го загуши бунтот на Инките.

1620.- Умре Вилијам Адамс, англиски морепловец, прв Англичанец кој дошол во јапонија и развил трговски верски со Јапонија. Роден е околу 1575 година.

1795.- Францускиот природонаучник и лекар за душевни болести, Филип Пинел, во париската болница "Салпетриер", отвори прво одделение за душевни болести.

1873.- Роден е францускиот писател Анри Барбис, поборник на работничката солидарност. Учествувал во Првата светска војна како доброволец , но набрзо се разочарал, изразувајќи ја својата огорченост во романот„ Пламен“,  во кој ги опишал страотните слики за војната. Со тоа тој силно влијаел на зголемувањето на бројот на антивоените писатели во Европа. Останати дела: романите "Пекол" и "Светлост", како и збирката песни "Тажачки".

1905.- Во Гренд Ајленд, Небраска, во САД, е роден Хенри Фонда, американски филмски актер. Играше во филмовите "Младиот Линколн", "Плодови на гневот", "Моја драга Клементина", "Војна и мир", "Само еднаш се живее", "Викендичка" и други. Умре во Лос Анџелес, на 12.08.1982 година.

1919.- Јавувајќи се на конк*рсот на лондонски „Дејли меил“, за прв пат Атлантикот гио прелетаа тројца американски пилоти: капетаните Тауер и Бедлингер и шпоручникот Рид. Тројката пилоти полетаа од САД со хидроавиони со намера прво да се спуштат на Азорските острови, потоа да продолжат кон Лисабон и на крајот да се спуштат на британската поморска база Плимут. Прв стигна пилотот Рид, преминувајжи го океанот за 13 часа и 19 минути.

1943.- Германските нацисти го задушија востанието, кое на 19 април 1943 година почна во Варшавското гето, едно од најголемите што за Евреите го изгради хитлеровата власт по окупацијата на Полска. Од 70.000 жители во гетото загинаа 13.000. Се спасија само околу 80-тина жители. 

1975.- Јапонката Јунко Табеи стана првата жена која го освои  највисокиот светски врв Монт Еверест.

1984. -
Умре американскиот писател Ирвин Шо, чија проза се одликуваше со силна драматичнност, општествена свесност и жив дијалог. Во Втората Светска војна се борел во Европа и Африка како американски војник.

1985.-
Во Париз умре Жан Дифибе, вајар и архитект, еден од најзначајните француски сликари по Втората светска војна. Тој е познат по својата "Арт брит" или "Уметност во природна состојба". Роден е во 1902 година.

1998.- Во Сремска Каменица умре академик Божидар Видоевски, еден од најголемите македонски лингвисти. 


-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 17.Мај.2007 во 11:32

1395.- На полето Ровине, кај Крајова, во Романија, во битката против влашкиот војвода Јован Мирче, загина Крали Марко, македонски феудален владетел, крал и легендарен јунак од усното народно творештво. Роден е околу 1355 година.

1510.- Умре италијанскиот сликар Сандро Ботичели, кој работеше религиозни и алегориски композиции, посебно познат по ликовима на „Богородица со малиот Христос“. Неговиот цртеж је елегантан и вознемирен, ликовите се идеализирани, а целото дело е проткаено со меланхолија и лирско расположение.

1809.- Францускиот цар Наполеон II издаде  декрет со  кој ги присвои папските територии. 

1874.- Во Асниер е роден Анри Барбис, голем француски писател, автор на познатиот роман „Оган“ и на низа други дела. По првата Светска војна романот „Оган“ е преведен на многу јазици. Умре во Москва, на 30. 8. 1935 година.

1903.- Во Ќустендил, во весникот „Изгрев’ , прв пат е објавен некролог на Гоце Делчев по неговата смрт на 4 мај. Тоа го сторија неговите другари истомисленици.
„Македонијо“ , на 4 мај ти го загуби Делчева. Ти го загуби најдостојниот меѓу достојните твои синови, ти го загуби својот легендарен херој, ти го загуби  љубимецот на сите шѕо тешко дишат во твоите прегратки, ти го загуби, о несречна земјо, најпреданиот, најрешителниот, најдоследниот твој борец, ти ја загуби половината од душата на твојот буден чувар...“ пишува на почетокот на некрологот. 


1904.- Во париза е роден Жан Габен, француски филсмски и театарски актер. Играше во над 90 филмови, толкуивајќи ликови на решителни, претпримечиви, често цинични и груби личности. најпознати му се улогите во филмовите„ Пепе ле Моко“, „Голема илузија“, „Брегот в магла“, „Човекот-ѕвер“, „Не гибај ги парите“ и други. Умре во Нумји, на 15 11. 1976 година.

1940.-
Нацистичка Германија го окупира Брисел, главниот град на Белгија.

1941.- Донесен е Мусолиновиот декрет со кој се востановува окупаторска административно-управна власт на територијата на западна Македонија.

1949.- Во Будимпешта умре Бела Бартош, унгарски писател и филмски теоретичар. Роден е во Сегедин, на 4 .8. 1894 година.  
 
1957.- Египат им забрани на израелските трговски бродови да минуваат низ Суецкиот канал.

1973.- Специјалниот сенаторски комитет во САД, ја започна истрагата за аферата "Вотергејт", во која беше вмешан и тогашниот американски претседател, Ричард Никсон.

1984.- Во швајцарскиот град Давос умре Ирвин Шо, американски раскажувач и драмски писател, автор на романот "Млади лавови", еден од најпознатите бестселери за време на Втората светска војна. Други негови дела се драмата "Да се погребат мртвите", "Опсада", "Синови и војници", "Богат и сиромав". Роден е во 1913 година.

1991. - Руската федерација на независни синдикати ја отфрли одлуката на советскиот претседатеч Михаил Горбачов за забрана на штрајкови.

1994.- Во Скопје е отворен Првиот меѓународен саем на книги и либрографика.

1995.- Победникот на председателските избори во Франција Жак Ширак ја презеде  должноста шеф на државата, ветувајќи дека ќе влее нов елан во нацијата разединувана со нееднаквост и невработеност.

1997.- Во Киншаса, главниот град на Заир, влегоа герилците, чиј водач Лоран Кабила ја презеде власта како нов шеф на државата, ден по бегството од Киншаса на претседателот Мобуту Сесе Секо. Кабила објави дека името Заир е сменето во Демократска Република Конго.

2004.- Масачусетс стана првата држава во САД во која е дозволен истополов брак.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 11:11

Денеска е меѓународниот ден на музеите. Во Москва, на 18 мај 1977 година, за време на Д ваесттото генерално собрание на ИКОМ, 18 мај е востановен за меѓународен ден на музеите.

1799.- Во Париз умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше, француски писател. Во своите дела ги критикуваше поткупливоста, подлоста и корупцијата во општеството. Според неговите комедии "Севилскиот бербер" и "Свадбата на Фигаро", композиторите Росини и Моцарт ги напишаа истоимените опери. Роден е во Париз на 24.01.1732 година.

1800.- Во Санкт Петербург умре Александар Василевич Суваров, славен руски војсководец, генерал и и еден од најголемите војсководци во 18 век. Војуваше цели 55 години, водеше 60 големи битки  и секогаш излегуваше како победник. Беше сестрано образуван и зборуваше седум јазици, ги владееше математиката, географијата и други области од науката. Роден е на 13.11. 1730 година.  

1803.- Велика Британија и објави војна на Франција затоа што Наполеон Бонапарта  ја продолжи воената кампања во Италија и Швајцарија.

1804. -
Наполеон Бонапарта е прогласен за цар на Франција, а во декември 1804 година е и  крунисан како Наполеон II.

1872.- Во Трелек е роден Бертранд Расел, англиски филозоф. Студираше математика и физика во Кембриџ. Во 1950 година ја доби Нобеловата награда за литература. Беше на чело на антинуклеарното движење во Британија и претседател на Судот за утврдување на воените злосторства во Виетнам. Умре во Пенриндидред на 2.02.1970 година.

1908.-
Умре Карл Колдевеј, германски поларен истражувач. Беше водач на првата германска експедиција на Северниот пол. Роден е на 26.10.1837 година.

1911.- Во Виена умре Густав Малер, австриски комшпозитор и диригент . Роден е во Калиш, Чешка, на 7.7. 1860 година  

1920.-
Роден е римокатоличкиот свештеник Карол Војтила, кој под името Јован Павле Втори во 1978 година, по 455 години, стана првиот папа кој не потекнува од Италија.

1954.- Стапи во сила Европската конвенција за човекови права.

1974.- Индија изврши прва нуклеарна проба во пустината во Раџастан, со што стана шеста држава која изврши нуклеарен тест.

1980.- Стотици илјади луѓе ја презедоа контролата над јужнокорејскиот град Квангџзу, по немирите во кои единиците на воената хунта убија најмалку двесте продемократски демонстранти.

1990. -  Вo Виена, западногерманскиот канцелар Хелмут Кол и источногерманскиот премиер Лотар Мезијер го потпишаа договорот за монетарна унија, што претставуваше  прв чекор кон обединувањ ена германија. 

1995.-
Умре рускиот балетан Александар Борисович Годунов, кој по емигрирањето од СССР во 1979 се стекна со светска слава.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Марковски
Датум на внесување: 18.Мај.2007 во 15:05
http://bg.wikipedia.org/wiki/1872 - 1872 г. — роден е ЈАНЕ САНДАНСКИ, Македонски револуционер

-------------
"Кръвта вода не страва" Венко Марковски


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 19.Мај.2007 во 11:30

1649.- Првпат е употребен називот „Комонвелт“, со кој англискиот војсководец и државник Оливер Кромвел ја нарече републиката, а подоцна и протекторат, кој ги опфати Шкотска и Ирска. Во 1900 година кон Комонвелтот се придружи и Австралија, а потоа и други држави.    

1825.- Во Париз умре Клод Анри Сен-Симон, француски социјал-утопист и фиолозоф. Некои негови мисли се приближуваат кон материјалистичкото сфаќање на историјата, па може да се смета за претходник на научниот социјализам. Роден е на 17.10.1760 година.
 
1890.- Роден е виетнамскиот државник Нгујен Тат Тан, познат како Хо Ши Мин, претседател на Демократска Република Виетнам од 1945 до неговата смрт во 1969 година.
1906.- Официјално е отворен тунелот Симплон под Алпите меѓу Италија и Швајцарија, долг 19,77 километри.

1912.- Во варшава умре Болеслав Прус, полски пистаел и еден од најзначајните претставници на полскиот реализам. Познат е по романот„ Кукла“ и по расказите „Мртва стража“ и „Вал се враќа“. Роден е на 20.8.1845 година.

1972.- Умре Александар Корнејчук, украински драмски пистаел и политичар. Познати негови дела се „Платон Кречет“, „Богдан Хмељницки“, „Фронт“ и други. Родене  во 1905 година.

1989.- Во Скопје умре Заре Лазаревски, борец од НОВ на Македонија кој, меѓу другото, особен придонес има за развојот на физичката култура, посебно за скијачкиот спорт во Македонија. Роден е  во селото Маврово, гостиварско, во 1924 година.

1990.- Во Велес е формирано Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) кое во 1993 година е примено во најпознатите европски и светски асоцијации.

1994.-
Умре поранешната американска "прва дама" Жаклина Кенеди Оназис, сопруга на претседателот на САД Џон Кенеди, убиен во 1963 година. Пет години подоцна Жаклина се мажи за грчкиот бизмисмен Аристотел Оназис.

1999.- Пратениците на Собранието на Република Македонија ја одржаа првата седница во преуредената, современо опремена собраниска сала.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 20.Мај.2007 во 15:10
- Денеска е меѓународен ден на метеорологијата

1498.- Португалскиот морепловац Васко да Гама вплови во пристаништето Каликат, во југозападна Индија, а претходно прв успеа со неговиот брод да обиколи околу Африке.

1506.- Умре шпанскиот морепловац со италијанско потекло Кристофер Колумбо, кој во
1492. ја откри Америка, иако до својата смрт веруваше дека го откри источното крајбрежје на Индија. 

1799.-
Роден е францускиот писател Оноре де Балзак, зачетник на европскиот реализам, автор на стотина книги со повеќе од 2.000 ликови. Во својот опус прикажа широка галерија ликови од сите опшествени средини, различни темпераменати и карактери, кои се движени од разнолични побуди - од пари до власти, од љубов и идеализам до слепи нагони и брутална експлоатација. Негови најпознати дела се романите "Евгенија Гранде", "Чичко Горио", "Изгубени илузии", "Селани" и "Роднината Бета".

1875.- Во Париз се одржа Дипломатска конференција за метарот, беше основано Меѓународното биро за мерки и тегови. Со тоа започна да се средува хаосот кој владеше во областа на метрологијата на мерните единици на одделни физички големини.

1876.- Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ.

1926.- Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија.

1981.- Во Скопје умре г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква. Роден е во Маврово на 7.12.1906 година.


1990.- Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас.

1991.- Во Белград умре Кирил Михајловски-Груица, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во Виница, во 1946 година.


-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 21.Мај.2007 во 12:17
1471.- Во Нинберг е роден Албрехт Дирер, германски сликар и гравер, еден од најголемите претставници на ренесансата во уметноста. Направи портрети и гравури во бакар и во дрво кои имаат голема уметничка вреност. Негови познати дела се "Четворицата апостоли", "Светото тројство" и "Богородица во градина со ружи". Умре во Нирнберг, на 6.04.1528 година.

1903.-
Кај селото Могила, Битолско, откако беше откриен во борба против турската војска загина Парашкев Цветков, македонски револуционер и војвода. Исто така, тука загинаа и борците на неговата чета. Беше назначен за војвода во Битолско, а подоцна беше избран за секретар на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ. Роден е во Плевен, во 1875 година.

1904.- Во Париз е формирана Меќународната фудбалска федерација, ФИФА.

1927.- Американскиот пилот Ларлс Линдберг летна со авион преку Атлантикот на пат долг 5.850 километри. По 33 часа и 29 минути, Линдберг слета во Париз и стана херој, за кого со голема возбуда зборуваше целиот свет.

1943.- Кај селото Градец, Виничко, во борба против бугарската полиција загина Ванчо Прќев-Сермен, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во село Ременин , гевгелиско, во 1921 година.

1956.- Американците ја исфрлија првата хидрогенска бомба во Пацификот.

1973.- Умре Иван Степанович Коњев, советски маршал. Во Втората светска војна беше командант на фронт ( на група армии). Неговите сили прво се сретнаа со претходницата на англо-американските сили на реката Елба и во завршните операции, заедно со силите на Георги Константинович Жуков, го зазедоа Берлин. Роден е во 1897 година.

1982.- Британските поморски десантни сили се истоварија на Малвинските ( Фокландските) Острови. Тоа беше најголема воена акција што ја презеде Лондон по Суецката криза во 1956 година.

1992.- Владата на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро.

1998.- Во Скопје умре Манол Пандевски, еден од најпознатите македонски историчари. Роден е во село Габрово, Струмичко, на 3.9.1925 година.

2001.- Во Битола умре Јосиф Јосифовски, еден од најреномираните македонски актери. Роден е во велес, во 1927 година.


-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 24.Мај.2007 во 11:36
-Ден на солунските браќа Кирил и Методиј, сесловенски и македонски просветлители.

-Меѓународен дена на женската акција за мир и разоружување.

-Православната црква во 11-от век, во чест на солунските браќа Кирил и Методиј одлучи 24 мај да се прославува, како Ден на солунските браќа Кирил и Методиј, сесловенски просветители. Македонија со посебен пиетет го празнува овој ден, во знак на признание за се она што го направија солунските браќа за самобитниот развиток на македонската култура.


1543.- Во Фромборг, во Полска, умре Никола Коперник, полски астроном. Тој докажа дека Земјата се врти околу Сонцето, а не Сонцето околу Земјата, како што се сметаше дотогаш. Роден е во Товин, на 19.02.1473 година.

1743.- Роден е Жан Пол Мара, француски револуционер, политичар и публицист, еден од водачите на Француската буржоаска револуција. Убиен е на 13.7.1793 година.

1905.- Роден е Михаил Шолохов, еден од најголемите руски прозаисти. Со светска слава се здоби со своето ремек-дело, романот "Тихиот Дон". Други негови познати дела се "Разорана ледина", "Наука на омразата" и "Човековата судбина". Умре во Станица Вешенскаја, во Ростовската област на Дон, на 21.02.1984 година.

1928.- Професорот на Лондонскиот универзитет, Александар Флеминг (1881-1955), го пронајде пеницилинот, прв антибиотик, ефикасен лек против многу болести.

1941.- Германскиот воен брод "Бизмарк" го потопи во Северен Атлантик англискиот крстосувач "Худ". Тогаш загинаа 1.300 британски моранри.

1941.- Роден е американскиот пеач и композитор Роберт Цимерман , попознат као Боб Дилан, едан од најпопуларните музичари на 20-тиот век. Во 1965 го измисли и популаризира фолк-рокот, иако компонираше и пееше и многу балади, протестни, кантри и фолк песни. На концертите ширум светот ја демонстрираше музичката универзалност, свирејќи усна хармоника, гитара и клавир.

1954.- Во Скопје, на сцената на скопската опера е изведена првата македонска национална опера "Гоце", од македонскиот композитор Кирил Македонски.

1974.- Во Њујорк умре Дјук Елингтон, американски џез музичар и композитор. Роден е во 1899 година.

1985.- Во циклонот што се спушти на бреговите на бангладеш и на островите во Бенгалскиот Залив, животот го загубија 10.000 луѓе, а неколку стотици семејства останаа без покрив над главата.

1994.- Во стампедо на муслиманските аџии во Мека, во Саудиска Арабија загинаа 270 лица.

1995.- Во Лондон умре Харолд Вилсон, една од најзначајните фигури на повоената британска политичка сцена, еден од најуспешните премиери на земјата и лидер на Лабуристичката партија. Роден е во 1916 година.

1996.- Во Штип е поставен камен-темелникот на црквата "Свети Кирил и Методиј".


-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 25.Мај.2007 во 11:29

1810.- Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започна бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презеде привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година.

1881.- Во Наѓсентмиклош е роден Бела Барток, унгарски композитор. Меѓународна репутација стекна како пијанист. Во 1940 година, како антифашист, емигрира во САД. запиша повеќе од 1.000 изворни народни мелодии и објави неколку капитални прилози за современата компаративна музикологија. Експлозивната сила на ритмиката е битно обележје на неговите дела. Умре во Њујорк, на 26.9. 1945 година.

1889. - Роден е рускиот конструктор на авиони и хеликоптери Игор Иванович Сикорски, едан од најзначајните пионери на авијацијата, кој хеликоптерот го конструира уште во 1908, а во 1913 година го изгради првиот авион со повеќе мотори. Неговите големи летала го прославија во Првата светска војна, посебно авионот "Иља Муромец", со четири мотори од 55 коњски сили. По неговото емигрирање во САД продолжи да конструира повеќемоторни авиони за интерконтинентални летови, а на изработката на хеликооптерите се врати во 1939 година, усовршувајќи ги во текот на Втората светска војна.

1892. - Роден е Јосип Броз, доживотниот председател на СФРЈ и на Сојузот на комунисти на Југославија, врховен командант на вооружените сили, кој беше на чело на Југославија цели 35 година. Точниот датум на неговото раѓање не е познат, а тој за роденден го признаваше 25 мај. Како австроунгарски каплар учествувал во Првата Светска војна. Во 1915 година е ранет и заробен во Русија, а по бегството од заробеништво земал учество во Октомвриската револуција. Во Југославија се вратил кон крајот на октомври во 1920 година, кога стана член на Комунистичката партија на Југославија, а во 1937 година и нејзин генерален секретар. Во 1936 и 1937 година работел во Коминтерната во Москва. Како лидер на КПЈ од 1941 гоидна го предводеше востанието против Германците во Втората Светска војна, а партизаните под негова команда се бореа и против усташите и против четниците. Умре во на 4 мај 1980 година во Љубљана.

1902.- Во селото Мелница, мариовско, е роден Стале Попов, македонски писател. Во 1953 година го објави романот "Крпен живот", а потоа и романите "Толе Паша", "Калеш Анѓа" и "Дилбер Стана". Познати се и неговите повести "Опасна печалба" и "Мариовски панаѓур". Умре во Скопје, на 10.03.1965 година.


1911.- Претседателот на Мексико, Порфирио Дејас поднесе оставка на функцијата по победата на револуционерните сили над владините трупи во граѓанската војна во државата.

1944.- Во близина на селото Витолиште, Мариовско, Втората Македонска НОУ бригада водеше жестока борба против германски и бугарски војници, бугарски полицајци и балистички платеници. Во оваа борба загинаа дванаесет борци на Бригадата, меѓу кои и Манчу Матак, народен херој на Југославија, од Македонија. Матак е роден во Крушево на 23.4. 1919 година.

1952.- Пуштена е во сообраќај железничката пруга од Ѓорче Петров до Гостивар

1958.- Во Гостивар почна со редовно производство фабриката за производство на огноотпорни материјали "Силика".

1963.- Во Адис Абеба заврши Самитот на африканските држави, на кој учесниците потпишаа Договор за создавање Организација на африканско единство.

1979.- Се случи најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урна авионот "ДЦ-10" на "Американ ерлајн", при што загинаа 272 патници и членови на екипажот.

1984.- Во Скопје умре Дени Стојчевски, македонски иселеник од Канада, истакнат општественик во Македонската иселеничка колонија во Торонто, продуцент и водител на една од најстарите радио и телевизиски програми на макеоднски јазик за македонското иселеништво во Торонто. Роден е во Лерин, Егејска Македонија, во 1924 година.

1997.- Кинотеката на Македонија е примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви.


-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 26.Мај.2007 во 11:27

1805.- Францускиот цар Наполеон Први е крунисан за крал на Италија во катедралата во Милано.

1854.- Франција и Велика Британија го окупираа грчкото пристаниште Пиреја, откако Грција беше блокирана од двете држави по обидот да ја нападне Турција.

1865.- Кај Шривперт, во Луизијана, се предаде и последната единица на конфедерациската армија, со што заврши Граѓанската војна во САД.

1882.- Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест - тубекулин. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина.

1905.- Во Велес е роден Стеван Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од организаторите на музичкиот живот во Македонија по 1945 година. Заслужен е за ширењето на хорскиот аматеризам. Како композитор е познат по обработката и стилизацијата на народните песни ( "Леле Јано", "Гора и јунак", " Ти синче", "Петлите пеат" и други) по творбите "Гудачки квартет во це-мол", "Кончертино" и други. Автор е на петнаесетина учебници за средно образование. Умре во Охрид, на 17.6.1992 година.

1907.- Во Вонтерсет е роден Џон Вејн, американски актер, режисер и продуцент. Умре во Лос Анџелес, на 11.6 1979 година.

1923.- Одржана е првата трка „ 24 часа Ле Ман“.

1940.- Армада од 800 бродови се собра пред француското пристаниште Денкерк за да ја изврши операцијата "Динамо“ за спасување на британските и француските единици по неочекуваниот пробив на германските тенковски единици низ Франција до Ла Манш.

1942.- Почна германската офанзива врз Сталинград и врз Кавказ, која по жестоките борби заврши поразно за нацистите.

1954.- Во Египет е откриен погребниот брод на фараонот Кеопс.

1972.- Во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското нуклеарно вооружување.

1986.- Во Скопје умре Јордан Грабуловски, академски скулптор, еден од најистакнатите македонски уметници, познат по своите дела не само во земјата туку и во странство. Неговите уметнички реализации, проткаени со мотиви од социјална тематика, текатиката од НОВ и тематиката од повоената изградба, се траен белег и потврда на неговиот творечки потенцијал. Од своите многубројни дела, својата грандиозност, убавина и посетеност, посебно место зазема Споменикот посветен на Народноослободителната борба и Илинденското востание во Крушево, свечено опткриен на 2 август 1974 година. Роден е во прилеп, на 19. 3. 1925 година.

1994.- Весникот на албански јазик "Флака е влазеримит" почна да излегува како дневен весник.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 27.Мај.2007 во 16:47

-Ден на македонското електростопанство. 

1564.- Во Женева умре Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква, по потекло од Јужна Франција. Калвинистичкиот протестантизам се разликува од лутеранскиот според тоа што беше целосно во служба на тогаш младата и револуционерна буржоазија. Следбениците на Калвиновото учење во Франција беа хугенотите, а во Англија пуританците. Роден е на 10.7. 1509 година.

1679.- Англискиот парламент го усвои "Xabeas corpus act", закон со кој граѓаните се штитеа од незаконско апсење и затворање. Основните принципи на овој закон подоцна беа вградени во Уставот на САД.

1703.- Рускиот цар Петар Велики го изгради Санкт Петербург, новата престолнина на Русија, сместена на вливот на реката Нева во Балтичко море. Иако многумина предвидуваа пропаст на зафатот, Санкт Петербург стана голем и модерен град, престолнина на Русија до 1918 година. По Првата светска војна градот беше прекрстен во Петроград, додека Болшевиците во 1924 година, по Октомвриската револуција во 1918 година, го преименуваа во Ленинград. Своето оригинално име градот си го врати во 1991 година.

1840.- Во Ница умре Николо Паганини, италијански композитор и виолинист. Компонира виолински концерти, сонати, камерна музика и познатите "каприча" на соло - виолина. Роден е во Џенова, на 27.10.1782 година.

1878.- Родена е Исидора Данкан, позната северноамериканска балерина, сопруга на рускиот поет Сергеј Есенин. Умре во Ница во 1927 година.

1937.- По повеќе од четири години изградба, во Сан Франциско беше пуштен во сообраќај „ Голден Гејт“, еден од најголемите мостови во светот, што стана симбол на овој град.

1941.- Британската морнарица го потопи најголемиот германски воен брод „Бизмарк“. Во артилерискиот двобој што траеше 20 минути, загинаа 2.300 германски морнари. Со пропаста на тој, по вооружување и оклоп тогаш најголем брод на светот, беа оневозможени нацистичките обиди со големи бродови да се запре сојузничкиот промет на Атлантикот.

1957.- Пуштен е во погон првиот агрегат на ХЕЦ "Вруток".

1964.- Во Њу Делхи умре Џаварахал Нехру, државник кој беше симбол на нова Индија. Со децении се бореше за независноста на земјата и стекна голем меѓународен углед. Тој е еден од основачите на Движењето на неврзаните. Роден е на 14.11.1889 година.

1996.- Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.

2003.- Во Скопје умре Александар Спасов, македонски литературен критичар, историчар, есеист и антологичар. Роден е во Скопје, на 18.8. 1925 година.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 28.Мај.2007 во 22:50
1660.- Роден е британскиот крал со германско потекло Џорџ Први, првиот монарх на Велика Британија од Хановерската династија. Во текот на неговото владеење од 1714 до 1727 година положбата на премиерот стана клучна во извршната власт.

1805.- Во Берово е роден Илија Марков - Малешевски, прочуен македонски ајдутски војвода во втората половина на 19 век. Учествуваше во многубројните битки против Турците и поради своето херојство го нарекуваа Цар Малешевски. Умре во Ќустендил, на 29.04.1898 година.


1805.- Во Мардид умре Луиџи Бочерини, италијански композитор и виолончелист. Заслужен е за развојот на камерната музика за која напиша голем број композиции. Роден е на 19.2. 1743 година.

1849.- Умре англиската писателка од ирско потекло Ана Бронте, најмладата од трите сестри писателки, автор на романот "Агнес Греј" и " Станарката во Вајлдфел Хол".

1871.- Седумдесет и двата дена на првата пролетерска револуција во историјата- Париската комуна, завршија со "крвава недела" во Париз, кога француските војници со помош на Прусија убија повеќе од 30.000 жители на Париз.

1937.- Невил Чемберлен стана англиски премиер. Беше решителен носител на англиската и на европската политика за смирување.

1940.- Австрискиот крал Леополд потпиша капитулација пред јуришот на единиците на Вермахтот во Втората светска војна. Меѓутоа, бегалската влада не го потпиша овој акт и се повлече во Франција.

1961.- По 78 години сообраќај на линијата Париз-Истанбул престана да се експлоатира возот „Ориент експрес“

1971.- Советскиот Сојуз во правец на Марс ја лансира автоматската вселенска сонда "Марс-3", со тежина од пет тони.

1993.- Република Македонија е примена во членството на Меѓународната организација на трудот со седиште во Женева, специјализирана агенција на ООН.

1994.- Во Битола е отворено Првото меѓународно графичко триенале.


-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 30.Мај.2007 во 09:56
1431.- По процесот пред англискиот црковен суд во Руан, на клада е спалена француската национална хероина Јованка Орлеанка. Осудена е на смрт поради обвинението дека е еретик и вештерка.

1498.- Шпанскиот морепловец со италијанско потекло Кристофер Колумбо со шест бродови исплови од шпанското пристаниште Санлукар на третото патување во Новиот свет, за време на кое ги откри Тринидад и брегот на Јужна Америка.

1640.- Во Антверпен умре Петар Паул Рубенс, фламански сликар, еден од најголемите мајстори на барокниот стил. Соединувајќи ги најдобрите традиции на италијанското сликарството и сликарството во северниот дел на Европа, тој создаде слики полни со драматика, еротика, раскош на костимите и сјај на боите. Роден е во Зегин, на 28.06.1577 година.

1672.- Во Москва е роден Петар Велики, цар на Русија. Беше коренит реформатор на рускиот социјален, економски и општествен живот. Се истакна како војсководец на копно и море. Беше мошне вешт политичар и дипломат. Основа многу училишта. Престолнината ја пресели во новоизградениот Петерсбург, односно Петроград. Умре во Санкт Петерсбург, на 8.02.1725 година.

1778.- Во Париз умре Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. Негово најпознато дело е филозофско-дидактичкиот роман "Кандид". Напиша и неколку епопеи, историски дела, трагедии и комедии. Роден е во Париз, на 21.11.1694 година.

1876.- Во Постите на Брач е роден Владимир Назор, хрватски писател, најзначаен писател на своето поколение. Негови најпознати дела се „Словенски легенди“, „Вели Јоже“, „Лирика“, „Дневник со партизаните“ и други. Умре во загреб, на 19.6.1949 година.

1909.- Роден е американскиот кларинетист и композитор Бенџамин Гудмен, познат како Бени Гудмен, еден од првите бели музичари кои се спротивставија на расната сегрегација. Во 1934 година формира џез оркестар во кој повика и црни музичари. Сними десетина филмови, а се занимаваше и со класична музика- го сними концертот за кларинет на Волфганг Амадеус Моцарт, а свиреше и со симфониски орекестар.

1912.- Умре американскиот пилот и конструктор на авиони Вилбур Рајт, пионер на авијацијата, кој заедно со братот Орвил во 1903 година, во авион што самите го изработија , го изведе првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траеше 59 секунди и за тоа време авионот мина 285 метри. Браќата Рајт веќе во 1905 година конструираа авион што прелета 39 километри.

1913.- Во Лондон е склучен мир меѓу Турција , од една страна , и Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија, од друга страна, за завршување на Првата балканска војна. Турција ги загуби сите свои балкански земји западно од линијата Енос-Мидија. Победниците ги поделија освоените територии и тоа : Бугарија - Тракија до линијата Енос- Мидија и источна Македонија, Грција - јужна Македонија до Солун и дел од Епир, Србија- централна и западна Македонија, Санџак, Косово и Метохија и Црна Гора - дел од Санџак и Метохија. По малку време дојде до жесток спор меѓу Бугарија и Србија околу Македонија. Тоа беше повод за нова пресметка, во која Бугарија стана „агресор“-почна Втората балканска војна.

1918.- Умре Георгиј Валентинович Плеханов, руски филозоф, политичар, историчар, критичар, естетичар и социолог. Најпознати негови дела се "За улогата на личноста во историјата", "Нашите размислувања" и "Уметноста и општествениот живот". Роден е на 11.12.1856 година.

1960.-Умре рускиот пистаел Борис Леонидович Пастернак, добитник на Нобеловатанаграда за литература за 1958 година, остар критичар на болшевичката диктатура, чија длабоко интимна интелектуална лирика делуваше пресвртнички на руската и на светската поезија. Беше прогонот од СССР во времето на тоталитарниот режим на Сталин , но ни подоцна не беше миленик на власта.

1973.- Западна Германија и Чехословачка постигнаа Договор за нормализација на односите, ставајќи крај на 32-годишните несогласувања меѓу двете земји.

1981.- Во Бангладеш во обидот за државен удар, убиен е претседателот Аиаур Рахман.

1998.- Во земјотресот, што ја зафати северната авганистанска провинција Тахар, загинаа најмалку три илјади лица.


-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 31.Мај.2007 во 11:32

1594.- Во Венеција умре Јакопо Робусти Тинторето, италијански сликар. Тој изврши големо влијание врз подоцнежните поколенија, особено врз импресионистите. Роден е во Венеција, во 1518 година.

1793.- Почна јакобинскиот терор во Француската револуција.

1809.- Во Виена, умре Франц Јозеф Хајдн, прв композитор на развитокот на оркестарот. Во извонредно големиот опус (104 симфонии, 83 гудачки квартети, повеќе од 20 опери), тој го усоврши изразот на симфониското музицирање. Роден е на 31.03.1732 година.

1854.- Во Загреб умре Ватрослав Лисински, еден од најдаровитите илирски композитори, втемелувач на операта, соло-песната, на хорската и оркестарската музика во Хрватска. Роден е во Загреб, на 8.7. 1819 година.

1859.- Почна да работи часовникот "Биг Бен" - на кулата на британскиот Парламент во Лондон.

1872.- Во селото Влахи, Пиринска Македонија, е роден Јане Сандански, истакнат македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО и доследен следбеник на Гоцевите идеи. Тој е најистакнат организатор и раководител на македонското националноослободително движење во Пиринска Македонија. Патувајќи од Мелник за Неврокоп, близу до Рожденскиот манастир, убиен е од врховистичките наемници, на 22.04.1915 година.

1903.- На планината Малимади, Костурско, на врвовите Локвата и Вињари, Егејска Македонија, се водеше една од најжестоките битки на обединетите костурски чети на Васил Чакаларов, Пандо Кљашев и Димчо Антонов против многубројната турска војска. Во борбата, откако беше тешко ранет, се самоуби војводата на Смрдешката чета Димчо Антонов. Тука загина и Лаки Поповски, еден од најпознатите мајстори за правење бомби во Костурско. На бојното поле останаа мртви 30 комити и над стотина турски војници.

1924. - Кина го призна СССР.

1942.- Чехословачките патриоти го убија водачот на Гестапо, Рајнхард Хајдрих, еден од најсуровите нацистички злосторници, организатор на најмасовните масакри врз Полјаците, Евреите и Русите. Во знак на одмазда, нацистите го уништија селото Лидице и ги убија нивните жители.

1961.- Јужна Африка се прогласи за Република, за претседател е избран Чарлс Робертс Сварт, а државата го напушти Британскиот комонвелт.

1962.- Во Израел е извршена смртна казна со бесење врз нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од главните егзекутори на Хитлеровото "конечно решение" на еврејското прашање во Европа. Во судскиот процес е утврдено дека Ајхман е виновен за смртта на шест милиони луѓе.

1970.- Перу го зафати катастрофален земјотрес, при што загинаа над 50 илјади луѓе, над 20 илјади исчезнаа, над 100 илјади беа полесно или потешко повредени.

1971.- Во Вирџинија, во САД, во авионска несреќа загина Оди Марфи, американски артист, познат како човек со најмногу американски одликувања за заслуги во Втората светска војна.

1991.- Во Лисабон е потпишан мировен Договор за Ангола, според кој, по околу 16 години заврши граѓанската војна во таа африканска земја.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 01.Јуни.2007 во 11:55
Меѓународен ден на детето

1804.- Во Новоспаско, кај Смоленск, е роден Михаил Ивановиќ Глинка, руски композитор и еден од основачите на националниот музички стил во Русија. Со своите композиции го прослави рускиот музички стил во целиот свет. Тој ја компонираше првата руска национална опера "Иван Сусанин", како и операта "Руслан и Људмила". Компонираше оркестарски дела, камерна музика, романси и друго. Умре во Берлин, на 15.2. 1857 година.

1876.- Во борбата против турската војска загина Христо Ботев, бугарски револуционер, поет и публицист. Пропагираше јужнословенско единство и социјалистички идеи. Неговата поезија е борбена, социјално бунтовна, но секогаш уметнички вредна. Песните "Борба", "Ѓурѓовден" , "Хаџи Димитар" содржат трајни универзални пораки со слободарско-бунтовнички карактер. Роден е на 6.1.1849 година.

1880.- Во САД е поставена прва јавна телефонска говорница во светот, во зградата на "Јејл банката" во Њу Хевен.

1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин (Мерилин Монро), американска филмска артистка. Играше во филмовите "Џунгла на асфалтот", "Нијагара", "Автобуска станица" и "Седум години верност". Умре на 5.08.1962 година.

1941.- Германците го освоија Крит и заробија 13.000 британски војници со што обезбедија важна база во Втората светска војна за операции на Блискиот Исток и во Северна Африка.

1943.- Врз основа на известувањето на германските шпиони во Мадрид, германски ловци соборија еден британски патнички авион, сметајќи дека во него се наоѓа британскиот премиер Винстон Черчил. Во злосторничкиот напад загинаа сите патници, меѓу кои и познатиот филмски артист Лесли Хауард.

1945.- Стапи во сила одлуката на Владата на ДФ Македонија од 19 мај 1945 за формирање на Македонски федерален статистички уред. на 1 јуни 1995 година е донесена одлука со која 1 јуни се прогласува за Ден на статистичарите на Македонија.

1947.- Започна мелиорацијата на Струмичкото Поле, односно прокопувањето на каналот за исушување на Моноспитовското блато.

1953.- Во Женева е основана Европската организација за нуклеарни истражувања.

1968.- Умре Хелен Келер, американска писателка и преведувач. Слепа и глувонема од втората година на животот, со одличен успех завршува филозофски студии и стана истакнат јавен работник на полето на општествената реформа . Напиша повеќе автобиографски дела , меѓу кои "Историја на мојот живот" и " Светот во кој живеам". Родена е во 1880 година.

1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и државник. Роден е во 1895 година.

1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот на Домот - музеј на народна музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 година.

1994.- Во Скопје е поставен камен темелник на Институтот за применета кинезиологија и рехабилитација.

1994.- Јужна Африка по 33 години се врати во Британскиот комонвелт.

1994.- Армандо Калдерон Сол стана прв претседател на Ел Салвадор по завршувањето на граѓанската војна која повеќе децении траела во оваа држава.


-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 02.Јуни.2007 во 11:50
1740.- Роден е францускиот писател Донасјен Алфонс Франсоа де Сад, познат како Маркиз де Сад, чии дела обилуваат со развратни сцени, познат по сексуалните перверзии, од чие презиме е воведен изразот садизам. Францускиот цар Наполеон Втори нареди да биде затворен во шарантонската болница како умоболен. Негови најпознати дела се " Јустина", Жилиета" и " 120 денови на Содома".

1840.- Роден е Томас Харди, англиски писател. Поради специфичниот реализам и извонредно пластичниот опис на амбиентот во кој се случува дејството на неговите романи, тој е сметан за најдобар англиски автор од тоа време- " последен викторијанец" .Неговите дела целосно го застапуваат трагично-фаталистичкиот поглед на светот. Умре на 11.1.1928 година.

1882.- На островот Капрера умре Џузепе Гарибалди, италијански револуционер и демократ, водач за обединување на Италија со револуција. Се истакна како смел воен раководител на народните маси. Роден е во Ница, на 4.07.1807 година.

1902.- Во селото Пателе, Леринско, Егејска Македонија, во борба против турската војска, откако му приврши муницијата, се самоуби Диме Абдарманов, истакнат македонски револуционер. Беше член на ТМОРО од 1896 година, а како комита особено стана популарен како народен заштитник. Роден е во Патале.

1924.- Конгресот на САД го призна правото на државјанство на сите Индијанци.

1945.- Комисијата за јазик и правопис дефинитивно го усвои проектот на македонскиот правопис, кој е озаконет со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија од 7.06.1945 година.

1946.- Во Италија со референдум е прогласена Република. Затоа 2 јуни е прогласен за национален празник на Италија.

1949. - Арапската блискоисточна држава Трансјорданија го промени името во Хашемитско кралство Јордан.

1953. - Британска кралица Елизабета Втора е крунисана во Вестминстерската катедрала во Лондон и тоа беше прва таква церемонија во историјата што ја пренесуваше телевизијата.

1966.- На Месечината се спушти првиот американски вселенски брод "Сервејер-1", без човечки екипаж.

1984.- Во Скопје умре Кирил Македонски, македонски композитор, чие име е поврзано со настанокот на првата македонска национална опера "Гоце", која својата прва претстава ја доживеа во Скопје во 1954 година. Покрај камерни творби, тој пишуваше музика и за радиодрами и за театарски пиеси, потоа за краткометражни филмови, како и за играниот филм "Македонска крвава свадба". Роден е во Битола, на 19.01.1925 година.

1987.- Во Мадрид умре Андрес Сеговија, еден од најпознатите шпански музичари-гитаристи, кој ја пренесе славата на шпанската гитара низ целиот свет. За неговото име се врзува и поговорката "нема гитара како шпанската, а Сеговија од неа направи кралица, боженство". Роден е во Лимарес, на 17.2. 1893 година.

1995.- Во едно предградие на Чикаго, САД, е регистриран Ротари клубот Скопје, кој на 1.7.1995 година официјално е промовиран како член на Ротари интернешенел. Прв претседател беше Димитар Јуруковски, директор на ИЗИС.

2004.- Хари Костов е избран за премиер на Република Македонија. Опозицијата не присуствуваше на гласањето за избор на новиот владин Кабинет, што го предложи Костов. 


-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 04.Јуни.2007 во 10:26

1878.- Англија го присвои Кипар. Претседателот на бристанската влада Бенџамин Дизраели потпиша таен договор со Портата, со кој Англија се обврза да ги брани турските поседи во Азија, а како награда за тие „идни услуги“ Турција и го предаде на „привремена управа“ островот Кипар- важна стратегиска точка во источниот дел на Средоземното Море. До овој настан дојде неколку дена пред почетокот на Берлинскиот конгрес, каде се решаваше прашањето на Санстефанскиот мир и териториите што ги држеше Турција. Англија, подготвувајќи се за берлинскиот конгрес, настојуваше да ги зајакне своите позиции на штета на Портата со „заштита на турските интереси загрозени со Санстефанскиот мир“.

1903.- Во близина на манастирот „ Свети Стефан“, кај месноста Гумниште, Охридско, подмолно и мистериозно е убиен Наум Чакаров-Лондра, македонски војвода, член на Охридското револуционерно началство, горски началник на Охридската околија и учител. Роден е во Струга, во 1869 година.

1916.- Под команда на рускиот генерал Алексеј Брусилов почна првата фаза на руската летна офанзива во Првата светска војна. Целта беше да се пробие австро-унграскиот фронт, кој беше успешно завршен до 16.6. 1916 година. Во пробивот Австријците загубија околу 250.000 војници. Притоа, руските единици стигнаа до Карпатите, а Романија тогаш влезе во војната на страната на Антантата.

1917.- Доделена е првата "Пулицерова награда". Во доцниот 19 век, Џозеф Пулицер е еден од главните личности на американското новинарство. Тој е човекот кој прв го овозможил школувањето на новинарите на универзитетско ниво во школите за новинарство. Денешните Пулицерови награди за новинарство, музика, литература и драма всушност се посветени на неговото визинерство.

1934.- Во селото Лазарополе, гостиварско, умре Васил Апостолов Икономов, македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач и калиограф. Роден е во селото Лазарополе, на 6.05.1848 година.

1944.- Осмата британска и Петтата американска армија го зазедоа Рим. Германскиот командант во Италија, фелдмаршал Кесерлинг, се откажа од неговата одбрана, прогласувајќи го Рим за "отворен град".

1971.- Во Будимпешта, умре Ѓерѓ Лукач, унгарски писател, критичар, естетичар, политичар, филозоф, еден од најистакнатите марксистички теоретичари на 20 век . Книгата „Историја на класната свест“ ( објавена е во Москва во 1923 година) според некои, е негово најзначајно дело и покрај тоа што за него беше обвинет за ревизионизам. Роден е во Будимпешта, на 13.4. 1885 година.

1989.- Во Пекинг, НР Кина, кинеската влада свирепо го задуши седумнеделниот протест на кинеските студенти на плоштадот „Тјенанмен“. Загинаа неколку стотини, а беа повредени неколку илјади студенти...Студентските протести почнаа спонатно на 15.4.1989 по смртта на кинескиот револуционер Ху Јаобанг, кој во 1987 година по студентиските протести во градот Анхуиј јавно призна дека е виновен за продорот на буржоаскиот либерализам во Кина...

1992.- Во близина на планината Љубаш, на Елеонската Гора, кавадаречко, е осветен новоизградениот манастир "Свети Спас".

1992.- Во Скопје умре Ратко Несторовски-Кинез, македонски академски сликар. Роден е во Скопје, во 1948 година.

1993.- Во Скопје излезе првиот број на македонскиот информативно-политички неделник „Дело“.

1997.- Филолошкиот факултет во Скопје, го доби името "Блаже Конески", значи - Филолошки факултет "Блаже Конески".



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 05.Јуни.2007 во 09:51

Светски ден на заштитата на животната средина. Во Стокхолм, на 5 јуни 1972 година, на Првата конференција на Обединетите нации за животна средина, 5 јуни е прокламиран за Светски ден за заштита на животната средина.

1723.- Роден е Адам Смит, претставник на англиската класична политичка економија. Ги напиша делата "Теорија на моралните чувства" од областа на етиката, "Истражување на природата и причините на богатството на народот" од областа на економијата. Умре во Единбург, на 17.07.1790 година.

1826.- Во Лондон умре Карл Марија Вебер, германски композитор, творец на германската романтичарска опера. Компонираше и оркестарски композиции, камерна музика, кантати и друго. Роден е во Ојтин, на 18.11.1786 година.

1944.- Кај селото Кушкулија, Струмичко, како заменик командант на Вториот баталјон на Третата македонска НОУ бригада, учествувајќи во борбата против бугарскиот окупатор, загина Панче Пешев, македонски композитор и хороводител. Покрај другото, автор е најубавата и најпопуларна македонска борбена песна од НОВ, Марш на Третата македонска НОУ бригада „Ко челик сме ние“ , за која стиховите ги напиша пистаелот Ацо Шопов, борец на истата бригада. Роден е во Велес, во 1915 година.

1945.- Четирите сојузнички сили (СССР, САД, Велика Британија и Франција) ја презедоа врховната управа над Германија и, притоа, во Германија се создадени четири окупациони зони и формиран е сојузнички контролен совет.

1947.- Во Париз е објавен Маршаловиот план за помош од САД на Европа, кој го прифатија 16 држави, а стапи во сила во 1948 година. Наречен Маршалов план според името на Џорџ Маршал, тогашен министер за надворешни работи на САД.

1964.- Од Црни Врв е емитуван првиот директен ТВ - пренос на РТВ Скопје.

1967.- Почна израелската вооружена агресија врз Египет, Сирија и Јордан. Овој, трет по ред, израелско-арапски судир траеше шест дена.

1970.- Во Милано умре Џузепе Унгарети, еден од најголемите италијански поети. Ги напиша збирките песни "Болка", "Песни", "Ветена земја" и "Крик и пејсажи". Роден е во 1888 година.

1972.- Во Стокхолм, на Првата конференција на Обединетите нации за животна средина, 5 јуни е прокламиран за Светски ден за заштита на животната средина.

1975.- Во Хелсинки умре Паул Керес, истакнат советски шаховски велемајстор. Беше трикратен шампион на СССР, како и победник на повеќе меѓународни турнири во светот. Роден е во 1916 година.

1992.- Во Скопје е формирана Лекарската комора на Македонија - асоцијација која има за цел да ги штити професионалните интереси на лекарите, на докторите по медицина и на докторите по стоматологија.

2001.- Кај селото Гајре, на патот Тетово-Попова Шапка, албанските терористи од заседа убија петмина припадници на Армијата на Република Македонија. При престрелката беа повредени и шестмина припадници на безбедносните сили.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 06.Јуни.2007 во 10:42

LOL
LOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOL1599.- Во Севилја е роден Диего Родригес де Силва Велескес, еден од најголемите шпански и светски сликари. Неговите дела се одраз на генијалноста на уметникот кој екстатичниот барок и мистицизмот на своето време ги надмина со духот на критичкиот реализам. Најпознати негови дела се "Дворски дами", "Предавањето на Бреда", "Венера со огледало" и "Ткајачки на килими". Умре во Мадрид, на 7.08.1660 година.

1683.- Во градот, Оксфорд, Англија, отворен е "Есмолиен", првиот јавен музеј во светот.

1799.- Во Москва е роден Александар Сергеевич Пушкин, еден од најголемите руски и светски писатели. Негови најпознати дела се "Евгениј Онегин", "Борис Годунов", "Пикова дама" и "Капетановата ќерка". Умре во Санкт Петербург, на 10.02.1837 година.

1875.- Во Лајпциг е роден Томас Ман, германски писател - романсиер, есеист, новелист и критичар. Негови најзначални дела се "Буденброкови", "Доктор Фауст" и "Волшебниот брег". Во 1929 година ја доби Нобеловата награда за литература, а во 1949 година, Гетеовата награда. Умре во Цирих, на 12.08.1955 година.

1898.- Во Марибор е роден Ханс Ем, најстариот член на МАНУ. Во 1972 година е избран за дописен член, а во 1976 година за редовен член на МАНУ. Учесник е во НОВ на Македонија од 1941 година. Умре на 9.7 1992 година.

1901.- Роден е Ахмед Сукарно, првиот претседател на Индонезија. За време на неговото владеење Индонезија стекна независност.

1903.- Во Тбилиси е роден Арам Хачатуријан, советски композитор од ерменско потекло. Познати му се балетите „Гајане“ и „Спартак“ , како и концертите за клавир, симфониите, камерната музика и друго. Умре во 1978 година.

1932.- Во Скопје е родена Мирослава Радева, македонски книжевен и научно-стручен преведувач, долгогодишен директор на Школата за странски јазици. Пред се преведуваше на македонски јазик дела од француската литература. Умре во Скопје, на 16.2. 1986 година.

1944.- Во северозапдна Франција почна најголемата десантна операција во историјата-истоварувањето на сојузниците во Нормандија и отворањето на западниот фронт против фашистичка Германија. Врховен командант на сојузничките трупи беше американскиот генерал Двајт Ајзенхауер, а операцијата беше наречена „Оверлорд“.

1948.- Во Скопје е формиран Пионерскиот дом "Карпош".

1951.- Во Скопје, на иницијатива на македонски повратници од странство, културни и општествени работници во и надвор од Република Макеоднија, во форма на здружение на граѓани е регистрирана „ Матица на иселеници на Македонија“.

1956.- Роден е шведскиот тенисер Бјорн Борг, петкратен победник на турнирите во Вимблдон, најпрестижно "грен слем" натпреварување.

1967.- Египет го затвори Суецкиот канал, еден ден по започнувањето на израелско-арапската војна.

1972.- Во експлозија во рудник за јаглен во Родезија загина 431 рудар.

1982.- Израел започна инвазија врз Либан.

1995.- Во Јужна Африка е укината смртната казна.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 07.Јуни.2007 во 12:06

1494. - Колонијалните сили Португалија и Шпанија во Тордесиља потпишаа спогодба за поделба на новооткриените земји, според која териториите источно од 50-от степен географска должина (западно од Гринич) ги доби Португалија, а западно од таа линија Шпанија. Границата ја повлече иницијаторот на спогодбата, папата Александар, за да ги спречи судирите на колонијалните сила во Новиот свет. Во 17. и 18. век во борба за колониите се вмешаа и Англија и Холандија, кои не ја почитуваа папината поделба.

1523.- По победата над Данците, Густав Васа е прогласен за крал на Шведска под името Густав И.

1848.- Во Санкт Петербург умре Висарион Григориевич Белински, руски литературен критичар, филозоф и публицист. Основач е на руската реалистичка естетика и на литературната критика. Познати се неговите прикази за делата на Пушкин, Лермонтов и Гогољ. Тој го формира новиот правец во руската литература наречен „натурална школа“. Роден е во Свеаборг, Финска, на 13.6. 1811 година.

1848.- Во Париз е роден Пол Гоген, француски сликар. Тој се инспирираше од егзотичен свет на островите Тахити и Фати - Ива. Формите на неговите слики се мирни и монументални, проткаени со еротика. Влијаеше врз развојот на експресионизмот и на формирањето на фовизмот, а се занимаваше и со скулптура. Умре на Маркишките Острови, во 1903 година.

1862.- САД и Велика Британија потпишаа Договор за борба против трговијата со робови.

1905.- Членовите на норвешкиот Парламент донесоа одлука за одвојување на Норвешка од Шведска.

1935.- Умре Иван Владимирович Мичурин, советски биолог, генетичар. Се занимаваше со подобрување на сортите на овошките во централна и во северна Русија, како и со создавање нови сорти. Работеше врз вкрстувањето меѓу водовите и родовите, притоа користејќи ја и вегетативната хибридизација (калемењето), добиваше семе и со вештачко запрашување, при што забележа дека тоа семе е поотпорно. Роден е во Долгоево, на 15.10.1855 година.

1943.- Кај селото Никодин, Прилепско, во борба против бугарската окупаторска војска, откако тешко беше ранет, се самоуби Блажо Тодоровски-Чичето, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во селото Ресава, Кавадаречко, на 13.4. 1902 година.

1945.- Со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија е озаконет Правописот на македонскиот јазик, чиј дефинитивен текст беше усвоен пет дена порано. Утврдувањето и озаконувањето на Македонскиот правопис преставуваше израз на континуираната борба на македонскиот народ за свој литературен јазик и правопис, кој во понатамошните години се надградуваше со нови содржини.

1948.- Претседателот на Чехословачка, Едуард Бенес поднесе оставка со образложение дека не сака да го потпише новиот Устав според кој, земјата стана комунистичка држава.

1971.- Советскиот вселенски брод "Сојуз ИИ" во орбитата околу Земјата се спои со вселенската станица "Салјут".

1991.- Со одлуката на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, одредницата "Социјалистичка" од името на СР Македонија е изоставена и Републиката го носи називот Република Македонија.

1993.- Умре д-р Милош Константинов, македонски етнолог и историограф. Роден е во Ресен, на 28.3.1926 година.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 11.Јуни.2007 во 11:10

-Ден на културата на Република Македонија

-Ден на Социјалните работници на Македонија

1610. - Првите холандски иселеници во Америка се истоварија на островот Менхетн, денеска централен дел на Њујорк.

1819.- Роден е Густав к*рбе, француски сликар. Беше учесник во Париската комуна, основач и главен претставник на реалистичката школа, еден од првите уметници кои работеа во природа. Суров и силен, ги оптфрли романтичните пејсажи и идеализирањето на луѓето и доживувањата, вршејќи огромно влијание врз целокупното европско сликарство во 19 век. Умре на 31.12.1877 година.

1912.- Во селото Црвена Вода, охридско е роден Ванчо Николески, истакнат македонски писател. Негови познати дела се "Македонче", "Школско ѕвонче", "Крај огниште", "Мице", "Волшебното самарче" и "Гоце Делчев", "Чуден свет". Умре во Охрид, на 15.04.1990 година.

1912.- Во Љубљана умре Антон Ашкерц, истакнат словенечки поет, претставник на реализмот во словенечката литература. Покрај епска поезија пишуваше балади и романси. Роден е на 9.01.1856 година.

1942.- Почна битката на Козара, една од најславните епопеи на краишките партизани и на народот од тој крај против германските фашисти и домашните предавници. Во битката, која траеше до 18 јули 1942 година, Германците убија 540 ранети војници, а во логори изведоа околу 50.000 луѓе. Сепак, целта на непријателската операција не успеа.

1967.- Умре американскиот филмски актер Спенсер Трејси, извонреден толкувач на редица карактерни ролји, прв актер кој две години по ред добива Оскар за филмовите "Храбриот капетан" во 1937 година и "Градот на децата" од 1938 година.

1971.- По 21 година САД го укинаа трговското ембарго кон Кина

1985.- Во Скопје, умре Стефан Русјаков, еден од основоположниците на македонската опера и учесник во првата опера изведена на македонски јазик - "Кавалерија Рустикана" од Пјетро Маскањи.

1990.- На претседателксите избори во Перу победи перуанскиот политичар со јапонско потекло Алберто Фуџимори, победувајќи го писателот Марио Варгас Љоса.

1997.- Со наредба на водачот на камбоџанската маоистичка герилска фракција "Црвени Кмери", Пол Пот, убиен е еден од неговите најблиски соработници Сон Сен и 11 членови на нивните семејства.

2000. - Умре сирискиот диктатор Хафез ел Асад, кој власта ја приграби со државен удар во ноември 1970 година, за по само неколку месеци да биде избран за шеф на државата. Беше еден од највлијателните државници на Блискиот исток, чија улога беше незаобиколива во трагањето по стабилност во овој немирен регион.

2004. - Умре американскиот музичар со африканско потекло Реј Чарлс ,"татко на соулот", кој успеа да ги совлада и сиромаштијата и слепилото и зависноста од хероин и потоа да прерасне во еден од најпопуларните и најплодни светски музичари на 20-от век. Во текот на 58 години издаде 250 албуми и одржа 10.000 концерти.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 12.Јуни.2007 во 10:16

1683.- Турската војска под водство на големиот везир Мустафа, ја почна блокадата на Виена, главен град на хабсбуршкото царство. По два месеци турски напади, полскиот генерал Јан Собејски, заедно со силите на Карло Лотарински, ги порази Турците, чии разбиени чети се разбегаа на сите страни, оставајќи го на боиштето големиот воен плен.

1691.- Ахмед Втори на турскиот престол го наследи султанот Сулејман Трети.

1798.- Француската армија го зазеде средоземниот остров Малта.

1812.- Францускиот император, Наполеон Бонапарта, на чело на "големата армада" ја мина реката Њемен и ја започна офанзивата на Русија. Напаѓачката армија располагаше со околу 530.000 луѓе и 1.000 топови. Наполеоновата војска успеа да навлезе во Москва, која ја напуштија руските единици. Наместо мир напаѓачите доживеаа отпор и зимското невреме сосема ги уништи.

1898.- Филипинскиот генерал Емилио Агиналдо за време на американско-шпанската војна со поддршка на САД прогласи независност на Филипини. Американците, потоа ги окупираа Филипините и го срушија отпорот на филипинските националисти, а тој пацифички архипелаг стекна формална независност во 1946 година.

1943.- Кај село Лавци, Битолско, во борба против бугарскиот окупатор се самоуби Тодор Ангелевски, меѓу народот познат како Тошо Даскалот, македонски учител и просветител и еден од првите учесници во НОВ на Македонија. Роден е во село Лавци, на 4.1. 1909 година.

1944.- Во реонот на селото Стрмешево, Неготинско, два баталјона на Втората македонска НОУ бригада го нападна бугарскиот полициски одред "Бенковски". Во тешките борби тие го разбија одредот и го присилија на повлекување. Непријателот имаше 30 мртви и голем број ранети полицајци, а партизанските единици имаа 4 загинати и 6 ранети борци. Во оваа борба загина и Коце Стојановски-Металец, истакнат борец и револуционер од Скопје. Роден е на 14.5.1914 година.

1945.- Грчка воена единица го опколи македонското село Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци.

1964.- Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште седуммина истакнати раководители на ослободителното движење против расистичкиот режим во Јужна Африка, осудени се на доживотна робија во познатиот "Прес Ривони". Мандела е ослободен во 1990 година, а на 10.05.1994 година, во Преторија, даде заклетва како прв црнечки претседател на Јужноафриканската Република.

1976.- При воениот удар во Уругвај од власт е симнат претседателот Хуан Бордабери, со што започна деветгодишната диктатура на армискиот врв.

1991.- Борис Елцин е избран за претседател на Русија.

1993.- Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница.

1997.- Република Македонија и Република Џибути воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

2001.- Владата на Република Македонија донесе одлука за нормализирање на односите со НР Кина.. На 18 јуни 2001 година Република макеоднија и НР Кина воспоставија дипломатски односи, а истиот ден Република Македонија и Република Кина Тајван ги раскинаа дипломатските односи.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 13.Јуни.2007 во 11:48

323 г.п.н.е. - Во Вавилон умре Александар Македонски, син на Филип Втори Македонски и на Олимпија, ученик на Аристотел. Со своите походи, на кои неговата војска за осум и пол години мина 18.000 километри, создаде држава каква што не постоела во пространство ниту пред него, ниту по него. Роден е во Пела, на 22.07.356 г.п.н.е.

1831 - Во Единбург е роден Џемс Кларк Максвел, англиски физичар, најголем теоретски физичар на 19 век. Тој ги даде теоретските основи на радиобрановите. Умре во 1897 година.

1894 - Пуштена е во сообраќај железничката пруга Битола - Солун.

1943 - Во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница, кичевско, во несреќен случај загина Кочо Рацин, македонски поет и револуционер. Неговата прерана смрт претставува голема загуба за македонската литература. Најпознато негово дело е збирката песни „Бели мугри“.

1944 - Германија во Втората светска војна започна да го бомбардира јужниот дел на Англија.

1956 - Последните британски трупи ги напуштија базите кај Суецкиот Канал, препуштајќи му го, по 74 години, овој воден пат на Египет.

1973 - Во Париз, САД, Северен Виетнам, Јужен Виетнам и ослободителното движење Виетконг потпишаа Договор за прекин на огнот.

1982 - Умре кралот на Саудиска Арабија, Калид ибн Абдул Азиз, кој го наследи престонаследникот Фахд.

1993 - Ким Кемпбел стана прва жена премиер во историјата на Канада.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 14.Јуни.2007 во 09:27

1800 - Наполеон Бонапарта на чело на француската војска ги победи австриските трупи кај италијанското село Маренго и повторно ја освои Италија.

1837 - Во Неапол умре Џакомо Леопарди, еден од најголемите италијански поети. Неговата поезија е израз на неговиот песимистички став кон човековото битисување. Во стих и проза, тој создаде „силен“ јазичен израз. Роден е во Реинати, на 29.06.1798 година.

1904 - Во Сремска Каменица умре Јован Јовановиќ Змај, српски писател, преведувач, новинар, академик и лекар, еден од најпопуларните детски писатели, кој се смета за родоначалник на српската поезија. Негови познати дела се „Пејанија“ и „Трендафилчиња“. Како новинар основа и уредуваше повеќе списанија од кои најзначајни се сатиричното дело „Змај“ и списанието за деца „Невен“. Роден е во Нови Сад, на 6.12.1833 година.

1962 - Во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената.

1986 - Во Женева умре Хорхе Луис Борхес, аргентински писател, фантазер, еден од најголемите интелектуалци на современата култура, која длабоко ја одбележа латинско-американската книжевност, поради што се вбројува меѓу најголемите светски писатели. Најпознати негови дела се „Универзална историја на бесчестието“, „Фантазии“, „Алеф“, „Извештај за Броди“ и „Девет есеи за Данте“. Роден е во Буенос Аирес, на 24.08.1899 година.

1993 - Тансу Чилер стана прва жена премиер во историјата на Турција.

1994 - Во Лос Анџелес умре Хенри Мансини, познат американски композитор на музика за многу филмови. Роден е во Кливленд, на 16.041924 година.

1996 - Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар.

2001- Терористите бараат да седнат на преговарачка маса

Лидерот на албанските терористи кои се борат против македонската армија денес прифати да се разоружаат, но само ако трупите на НАТО влезат во државата и ако на терористите им се даде место на преговарачката маса.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 17.Јуни.2007 во 12:09
- Меѓународен ден на акции против сушите и поплавите

1696. - Умре полскиот војсководец и крал Јан Собиески, кој во токот на владеењето од 1674 година до неговата смрт го оневозможи подлабокиот пробив на Турците во Европа. Во текот на втората опсада на Виена во 1683 година војската под негова команда ги порази Турците и го ослободи градот од опсадата.

1818.- Во Париз е роден Шарл Гуно, француски композитопр, кој заедно со Санс е главен претставник на класичниот правец на француската музика во 19 век. напиШал 200 соло-песни, пишуваше црковна музика и ораториуми. Меѓутоа, најзначајни се неговите опери "Ромео и Јулија", "Фауст", "Миреј", "Со сила лекар", како и обработката на Баховиот прв клавирски концерт. Умре на 18.10.1893 година.

1843. - Домородците Маори почнаа бунт против Британците кои го окупираа Нов Зеланд.

1882.- Во Ораниенбаум, кај Санкт Петербург, е роден Игор Фјодорович Стравински, руски композитор. Се сметаше за еден од четворицата главни основачи и претставници на т.н. нова музика на 20-тиот век ( другите тројца се Барток, Хиндемит и Шенберг) Неговиот балет "Жар птица" првпат е изведен во 1910 година, а наредната година и прочуениот балет "Петрушка", двата инспирирани од изворниот народен мелос. Умре во Њујорк, на 6.4. 1971 година. .

1944.- Основана е Република Исланд, со што заврши унијата меѓу таа островска земја и Данска.

1947.- Прогласена е независноста на Република Бурма, дотогаш британска колонија.

1967.- Владата на НР Кина објави дека изврши прва експлозија на атомска бомба.

1971.- САД и Јапонија потпишаа спогодба со која островот Окинава и е вратен на Јапонија.

1977.- Во Скопје умре Лазо Наумовски, македонски новинар, уредник во весникот "Нова Македонија" и писател. Автор е на книгата за деца "Големата авантура". Роден е во Гостивар, во 1923 година.

1986.- Во Скопје, умре Ристо Шишков, македонски театарски, филмски и телевизиски артист. Освен на театарската сцена, играше и во дваесеттина македонски играни филмови ("Републиката во пламен", "Црно семе", "Жед" и "Истрел"). Роден е во селото Мрсна, кај Серез, Егејска Македонија, на 23.03.1940 година.

1990.- Во Скопје е основана ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство. За претседател е избран Љупчо Георгиевски. Регистрирана е на 3.8.1990 година.

1992.- Во Охрид умре Стеван Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од најстарите организатори на музичкиот живот во Македонија по 1945 година. Како композитор посебно е познат по обработката и стилизацијата на народните песни "Леле Јано", "Гора и јунак", "Ти, синче","Петлите пеат" и други, по творбите "Гудачки квартет во це-мол", " Кончертино" и други. Автор е на петнаесетина учебници за основно и средно образование. Роден е во велес, на 26.5.1905 година.

2000.- Умре проф.д-р Митко Панов, македонски научник на полето на демографијата и просторните обележја на република Македонија, еден од подготвувачите на новата административна поделба на Република Македонија во 1996 година. Роден е во Скопје, во 1927 година.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 17.Јуни.2007 во 12:17
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

1944.- Основана е Република Ирска, со што заврши унијата меѓу таа островска земја и Данска.



Ова е некоја грешка... Ова се однесува на Исланд, а не на Ирска...


-------------


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 18.Јуни.2007 во 10:12

1583 - Во Лондон е издадена првата полиса за животно осигурување во светот.

1936 - Во местото Горки, кај Москва, умре Алексеј Максимович Пешков, алијас Максим Горки, руски, односно советски писател, еден од основачите на советската книжевност. Негови најпознати дела се драмите „На дното“, „Малограѓани“, романите „Животот на Клин Самгин“, „Делото на Артанови“ и „Мајка“. Роден е во Нижни Новогород, на 28.03.1868 година.

1940 - Францускиот генерал Шарл де Гол ги повика од Лондон сите Французи да ја продолжат борбата против германските освојувачи, кои во тие денови целосно ги поразија вооружените сили на Третата република. Во таа пригода Шарл де Гол ја изговори познатата мисла „Французите загубија една битка, но не и војната“.

1940 - Германците во Втората светска војна го зазедоа француското пристаниште Шербур.

1953 - Египет е прогласен за република по соборување на Фаруковиот режим. Прв претседател на Египет стана Нагиб.

1965 - Во Алжир е извршен државен воен преврат. Хари Бумедиен ја презеде власта наместо дотогашниот претседател Бен Бела.

1996 - Бенјамин Нетанјаху ја презеде должноста премиер на Израел по изборната победа на неговата десничарска коалиција.

1997 - Турскиот премиер Неџметин Ербакан поднесе оставка на функцијата.

2000 - Башар ал Асад е избран за лидер на владеачката сириска Баас партија, по смртта на претседателот Хафез ал Асад.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 19.Јуни.2007 во 09:47

1623 - Роден е Блез Паскал, француски математичар, физичар, книжевник и филозоф. Конструира математичка машина (аритмометар) која ги вршеше четирите основни математички операции. Ги постави основите на законот на веројатноста, ја измисли хидрауличната преса и утврди дека притисокот на воздухот опаѓа со висината, така што со помош на барометар може да се утврди висината на планините. Умре на 19.08.1662 година.

1819 - Американскиот параброд Савана пристигна во англиското пристаниште Ливерпул. Тоа беше првиот брод на водена пара кој го помина Атлантикот.

1862 - Конгресот на САД донесе решение за укинување на ропството на својата територија.

1949 - Во Загреб умре Владимир Назор, хрватски писател. Пишуваше епски песни, раскази, романи, есеи, критики и мемоари. Негови познати дела се „Словенски легенди“, „Вели Јоже“ и „Дневникот со партизаните“. Роден е во Постире, на 30.05.1876 година.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 20.Јуни.2007 во 12:05

1527.- Во Фиренца умре Николо Макијавели, италијански политичар, дипломат, воен стручњак, поет и комедиограф. Во своите расправи ги постави темелите на првата граѓанска теорија за државата. Негови најпознати дела се „Владетел“, „Историја на Фиренца“, „За воената вештина“ и комедиографијата „Мандрагола“. Роден е во Фиренца, на 3.5. 1469 година.

1819.- Во Келн е роден Жак Офенбах, француски композитор по потекло Германец. Се смета за творец на новиот вид сценска музика-операта. Напиша 100 сценско-музички дела, меѓу кои најпознати се „Убавата Елена“, „Орфеј на пеколот“, операта „Хофмановите приказни“ и други. Умре во Париз, на 5.10.1880 година.

1912.- Во Кавадарци, од предавник и врховистички платеник, на подмолен начин е убиен Добри Даскалов, македонски револуционер и војвода, еден од најмаркантните револуционерни личности во Кавадарци. Роден е во Кавадарци, на 13.11. 1882 година.

1932.- Во селото Расиха, во реонот на Троцки, е роден Роберт Рождественски, руски писател, прв добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата- во 1966 година. Умре во Москва, на 20.8. 1994 година.

1933.- Во Архангелское, кај Москва, умре Клара Цеткин, познат политички работник на германското и на меѓународното социјалистичко движење, писателка и публицистка. Родена е на 5.07.1857 година.

1936.- По повод организираниот штрајк на македонските градители, овој датум е прогласен за Ден на градежните работиници на Македонија.

1963.- САД и Советскиот Сојуз постигнаа спогодба за воспоставување на "црвен телефон", меѓу Москва и Вашингтон. Директна линија е воспоставена по кубанската криза заради итни консулатации меѓу шефовите на двете супер-сили во критични ситуации.

1979.- Во издание на НИП "Нова Македонија", Редакција "Вечер", излезе првиот број на енигматскиот забавник "Котелец".

1985.- Во Охрид умре Сотир Гулевски, македонски писател и книжевен преведувач. Автор е на романите „Меѓа“, „Прекршен рбет“, „Кога карпите ртат“, „Модро млеко“. „ Им се суди на дивите ветрови“, на театрологијата „ Фурии“ и други. Роден е во Прилеп, на 14.8. 1917 година.

1995.- - Во Париз умре Емил Сиоран, франсуски писател од романско потекло, еден од најценетите мислители во втората половина на 20-тиот век.Негови познати дела се „На врвот на очајот“, „Книгата на недоразбирање“, „ Прецизност на распаѓањето“ и други. Роден е во 1911 година.

1996.- Во Брисел, Република Македонија и Европската унија, со размена на писма го прифатија текстот на Спогодбата за соработка.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 21.Јуни.2007 во 10:00

1818. - Францускиот научник Рене Лаенек во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот.

1874. - Умре Јонас Ангстрем, шведски физичар и астроном. Го истражуваше Сончевиот спектар и ја воводе единицата за бранова должина на светлината - „ангстрем (А)“. Роден е во 1814 година.

1905. - Во Париз е роден Жан Пол Сартр, француски филозоф и писател. Тој е основоположник на француската егзистенцијалистичка школа и импресивна фигура во современата литература на својата земја. Најпознати негови дела се романите „Тегобност“, „Патишта на слободата“, драмите „Валкани раце“, „Зад затворени врати“, филозофските дела „Битие и ништожност“ и „Критика на дијалектичкиот ум“. Во 1964 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Париз, на 15.04.1980 година.

1935. - Во Париз (од 21 до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата.

1963. - Франција ги повлече поморските сили од НАТО.

1990. - Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна.

1994. - Почна пописот на населението, домакинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија.

1994. - Република Македонија и Република Киргистан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

1996. - Република Македонија и Туркменистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 22.Јуни.2007 во 10:36

- Денеска е Меѓународен Олимписки ден

1533. - По неуспешната опсада на Виена-1529 година и безуспешниот поход на престолнината на Австрија во 1532 година, турскиот султан Сулејман Втори со Австрија мораше да потпише договор за мир.

1805.- Во Џенова е роден Џузепе Мацини, италијански револуционер и демократ. Во 1831 година во Марсеј, Франција го основа револуционерното здружение "Млада Италија". Учествуваше во борбите за обединување на својата земја и до крајот остана верен на републиканските начела, протестирајќи против обединувањето на Италија врз монархистички основи. Умре на 10.03.1872 година.

1815. - Францускиот цар Наполеон Први- четири дена по поразот на неговата армија кај Ватерло - по втор пат мораше да абдицира од престолот и потоа е одведен на островот Света Елена, во Атлантскиот океан, каде умре во 1821 година.

1904.- На врвот Лингура, кај селото Долно Ѓуѓанце, Светиниколско, здружените чети на Славејко Арсов и на Атанас Бабата водеа тешка борба против турската војска. Во судирот загинаа голем број македонски борци, меѓу кои и војводата Славејко АСрсов ( роден е во селото Ново Село, Штипско, на 17.8. 1878 година) , а Атанас Бабата беше тешко ранет. Турската војска имаше 60 загинати и ранети војници.

1907.- Во Рим е роден Алберто Моравија, италијански писател. Најпознати негови дела се "Рамнодушни луѓе", "Конформист", "Римјанка", "Презир", "Чочара" и "Римски приказни". Умре во Рим, на 26.09.1990 година.

1913.- Во Санкт Петербург излезе првиот број на списанието „Македонски голос“ („Македонски глас“), орган на привзаниците на независна Македонија. Списанието излегуваше на руски јазик. Само песната„ Крали Марко“ во бр. 9/1914 година е на македонки јазик, мијачки дијалект. Издавач на списанието беше Димитар Чуповски. Списанието престана да излегува на 3.12.1914 година, заклучно со бројот единаесет.

1941.- Во раните утрински часови, Хитлерова Германија го нападна Советскиот Сојуз. Копнените и воздушните борби го зафатија целиот фронт од Црно Море до Балтичко Море, со содејство на околу 200 пешадиски и механизирани нацистички девизии определени за секавична војна.

1976.- Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинување на смртната казна.

1995.- Во Брисел, министрите за надворешни работи на Русија, Андреј Козирев и заменикот генерален секретар на НАТО Серџо Баланзино го потпишаа документот на „Партнерство за мир“.

1999.- Претседателот на САД Бил Клинтон ја посети Република Македонија.... Ова е прва посета на претседател на САД на Република Македонија.

2001.- Македонските безбедносни сили ја почнаа решавачката офанзива за чистење на теренот од албанските терористи во селото Арачиново, Скопско.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 23.Јуни.2007 во 10:35

1633. - Судот во Рим, составен од црковни лица, го осуди Галилео Галилеј на доживотна робија, а неговите дела ги забрани како опасни за христијанскиот свет. Тој работеше на откривањето на тајните од областа на астрономијата. Во 1608 година, го конструира првиот телескоп, со кој дојде до нови сознанија за движењето на Земјата и на другите планети.

1668. - Во Неапол е роден Џовани Батиста Вико, италијански филозоф. Се смета за основач на филозофијата на историјата како научна дисциплина и на психологијата на културата. Умре во Неапол, на 21.01.1744 година.

1915. - Во Прилеп е роден Кузман Јосифовски-Питу, народен херој на Македонија. Бугарската полиција го уби во Скопје, на 25.02.1944 година.

1995. - Во Ла Џола, во САД, умре Џонас Салк, американски микробиолог, кој во 50-те години на 20 век ја откри вакцината против детската парализа. Роден е во 1914 година.

2001. -Продолжува акцијата во Арачиново.Македонската војска и полиција ја продолжува решителната акција за отсранување на албанските терористити од Арачиново и неговиот регион.

2001. - Воено воздухопловство на Македонија.Над Македонија денеска летаа првите авиони на Военото Воздухопловство на РМ, http://www.fas.org/man/dod-101/sys/ac/row/su-25.htm - СУ-25 (жабља нога).



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 24.Јуни.2007 во 12:35

1859.- Во селото Солферино, во близина на Мантова и езерото Гарда, во Италија, во текот на војната за обединување на Италија (1850-1870) се водеше една од најтешките битки во текот на 19 век, кога загинаа или беа ранети околу 40.000 луѓе. Во битката здружената француско-пиемонтска војска ја порази австриската војска. Победата над Австрија го забрза процесот на обединување на Италија.

1861.- Во Загреб излезе од печат Зборникот на народни песни, епохално дело на браќата Димитар и Константин Миладиновци, македонски преродбеници во 19 век. Зборникот стана поетски учебник за идните генерации македонски писатели. Обајвувањето на Зборникот го овозможи познатиот хрватски бискуп, Јосип Јурај Штросмаер.

1864.- Во Париз е роден Анри де Тулуз Лотрек, француски сликар, голем мајстор на литографијата, чии омилени мотиви беа личностите и настаните од ноќниот живот на Монпарнас, во Париз.

1916.- Почна офанзивата на силите на Антантата на реката Сена, во Франција, во која стотици илјади луѓе, со месеци со своите животи ја плаќаа кратковидоста на своите команданти. Во таа најкрвава битка во Првата светска војна Французите загубија 590.000, Англичаните 412.000, а Германија имаше половина милион мртви и ранети војници.

1975.- Меѓународната организација на трудот во Женева, ја усвои Конвенцијата за работниците-емигранти. Конвенцијата предвидува обврска на сите земји-членки да ги почитуваат основните човекови права на сите странски работници на работа во нивното стопанство и да обезбеди еднакви можности за вработување, социјално осигурување и индивидуални и колективни слободи.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 25.Јуни.2007 во 11:48

- Денеска е Ден на телесните инвалиди на Македонија

1822.- Во Берлин умре Ернст Теодор Амадаус Хофман, германски писател, композитор и музички критичар, претставник на доцната романтика. Најпознати негови дела се "Животните погледи на мачорот Мур", "Серапиновите браќа" и други. Роден е во Кенигсберг (Калинград) на 21.01.1776 година.

1905.- Меѓу селата Куклица и Пендаќ, триилјадна турска војска и жандармерија ја опколи четата од 13 борци на македонскиот војвода Атанас Бабата ( А. Димитров). Се разви жестока борба. Кога ја привршија муницијата борците ја изгореа архивата на четата, ги искршија пушките и револверите, извикувајќи „Да живее слободна Македонија“ и се самоубија, следејќи го примерот на својот славен војвода. Атанас Бабата е еден од првите членови на ТМОРО (1897-1905). Работеше во повеќе од 16 реони, а беше раководител на околу 40 борбени акции. За време на Илинденскоот востание од 1903 година дејствуваше во Кратовско. Атанас Бабата е роден во село Санитово, пазарџиско, во 1875 година.

1906.- По една акција на четата на војводата Ѓорѓи Ацев кај селото Крапа, кај Македонски Брод, против една великосрпска платеничка чета, војводата беше ранет, а за да не биде заробен, се самоуби. Тој е брат на познатите македонски војводи Мирче и Петар Ацев. Роден е во селото Ораовец, Прилепско, во 1883 или 1884 година.

1920.- Градот Хаг, во Холандија, е избран за седиште на Меѓународниот суд на првадата.

1978.- Во Оклахома, градче недалеку од Манчестер, во Англија, е родена Луси Браун-првото дете „зачнато“ во епрувета, вештачки оплодено со составување на мајчината јајце-клетка со татковото семе.

1984.- Во Париз умре Мишел Фуко, прочуен француски мислител и еден од најеминентните светски филозофи. Роден е во 1926 година.

1991.- Ден на државноста на Република Словенија.

1992.- Литванија ја призна Република Македонија.

1996.- Република Македонија и Катар воспоставија дипломатски односи.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 26.Јуни.2007 во 12:07

- Светски ден на борба против дрогата.

1541. - Во судирот меѓу шпанските освојувачи за власт на новоткриените територии, е убиен нивниот водач Франциско Писаро. Тој во 1532 година, со само 200 војници, со измама, ја зазеде престолнината на Инките, Кахамарка, и го зароби царот Атахуалпа, по што Перу стана шпанска колонија, а во 1535 година ја основа Лима, подоцна престолниа на Перу.

1810.- Имре Жозеф Моголфие, француски пронаоѓач. Со својот брат Етјен го конструира првиот аеростат-воздушен балон наполнет со топол воздух. Роден е во 1740 година.

1824.- Роден е Вилијам Томсон Келвин, англиски физичар. Работеше на воведувањето на апсолутен систем на единици и мерења, учествуваше во полагањето на трансатланскиот телефонски кабел и изработи температурна скала. Умре во Белфаст, на 17.12.1907 година.

1843. - Хонг Конг е прогласен за британска кралска колонија.

1861.- Во Прага умре Павел Јозеф Шафарик, словачки филолог и историчар, еден од најистакнатите чешки и словачки народни преродбеници. Неговото дело е од големо значење за словенските народи. Меѓу другото, ги објави и Житијата на Кирил и Методиј. Родене во Кабеларево, на 13.5. 1795 година.

1892.- Родена е Перл Бак, американска писателка. Светска слава стекна со своите романи за животот на кинескиот народ. Најпознати нејзини дела се "Добра земја", "Мајка", "Исток-запад", "Синови", "Разурнат дом" и други. Добитник е на Пулицеровата награда во 1931 година и на Нобеловата награда за литература во 1938 година. Умре во Данби, на 6.03.1973 година.

1906. - Во францускиот град Ле Ман е одржана првата автомобилска Гранд при трка

1945.- Во Сан Франциско, во САД, претставници на 50 земји потпишаа Повелба за основање Организација на обединетите нации (ООН). Повелбата стапи во сила на 24.10.1945 година (овој ден се прославува како Ден на Обединетите нации).

1992.- Во Скопје, е формирана Македонската фармацевстка комора, со цел да ја организира и унапредува фармацијата како неделив елемент на здравството.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 27.Јуни.2007 во 10:22

1574.- Во Фиренца умре Џорџо Вазари, италијански сликар, архитект и писател, еден од основачите на историјата на уметноста. Неговите биографии на италијанските уметници меѓу 13-тиот и 16-тиот век претставуваат главен извор за проучување на италијанската уметност во тоа време. Роден е во Аредо, на 30.07.1511 година.

1858.- Со мирот во Тенцин заврши Кинеско-англиската војна. Кина беше принудена на англиските бродови да им отвори свои пристаништа и да ја легализира трговијата со опиум.

1905. - Побунети руски морнари, на отворено море, ја зазедоа крстарицата "Потемкин" од саставот на црноморската флота и потоа со црвено знаме впловија во пристаништето Одеса. Бунтот на "Потемкин" е прв масовен израз на незадоволство во руската царска армија со кој се најавија бурните револуционарни случувања во Русија.

1916.- Во Берлин, под обвинение дека ги организирал демонстрациите во Берлин, пред суд е изведен Карл Либнехт, еден од основачите на Комунисттичката партија на Германија. Беше осуден на четири години затвор од кој што никогаш не излезе. Овој водач на германскиот пролетеријат беше ѕверски убиен на 15.1.1919 година.

1941.- Македонскиот револуционер Иван Козарев-Балкан ја поведе првата партизанска група во Пиринска Македонија и влезе во борба против бугарската полиција во своето родно село Добриништа, Разлошко. Козарев е роден на 15.01.1901 година. Учесник е во Септемвриското востание од 1923 година против режимот на Цанков и еден од најистакнатите работници на ВМРО (об.) Поради неговото дејствување против режимот често беше затворан. Во тејкот на војната тој претставуваше олицетворение на храброст, бестрашност и верност кон идеалите на македонскиот народ.

1941.- Унгарија и Финска му објавија војна на Советскиот сојуз.

1954. - Првата нуклеарна електрана во светот е отворена во Обнинск, крај Москве.

1966.- Во Тананарива, главен град на Малгашката Република, е основана Заедничка африканска и малгашка организација (ОЦАМ). Организацијата е основана од 14 африкански држави.

1977.- Официјално престана да постои прекуокеанската територија Афар и Иса која стана независна Република Џибути (држава во североисточна Африка).

1978.- Од советскиот косомдром "Бајконур" е лансиран вселенскиот број "Сојуз-30" со меѓународен екипаж, што го сочинуваа 37-годишниот полски мајор Миропслав Гермашевски и 35-годдишниот советски полковник Петар Климук. Гермашевски е првиот Полјак кој летна кон вселената. По осумдневен престој во вселената, на кој двајцата космонаути на орбиталната станица " Саљут-6" се состанаа со екипажот на "Сојуз- 29" Владимир Ковалјанко и Александар Иванченков, "Сојуз -30" се спушти на земјата.

1995.- Република Македонија и Монголската народна Република воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 28.Јуни.2007 во 11:02

1577.- Во Зиген е роден Петар Паул Рубенс, фламански сликар, еден од најголемите мајстори на барокниот стил. Соединувајќи ги најдобрите традиции на северњачкото и на италијанското сликарство, тој создаде слики полни со драматика, еротика, раскош на костимите и сјај на боите. Умре во Антверпен, на 30.05.1640 година.

1712.- Во Женева е роден Жан Жак Русо, француски писател и филозоф - просветител. Негови познати дела се "Расправа за науката и уметноста", "Емил", "Општествен договор" и други. Умре во Ерменонвил, на 2.07.1778 година.

1867.- Во Аргиент е роден Луиџи Пирандело, италијански писател. Меѓу најзначајните негови дела се драмите "Шест лица го бараат писателот", "Хенри 4", романот "Покојникот Матија Паскал" и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1934 година. Умре во Рим, на 10.12.1936 година.

1895.- Под раководство на македонскиот социјалист Васил Главинов почна да излегува весникот на македонските социјалисти „Револуција“. Весникот излегуваше еднаш неделно на Македонски јазик и наиде на голем реакција кај големобугарските кругови, кои го оценија како сепаратистички.

1914.- Во Сараево е извршен атентат врз австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд. Атентатот го изврши Гаврило Принцип, еден од основачите на организацијата „Млада Босна“. Овој атентат го искористија австро-унгарските империјалисти за да ја нападнат Србија. По неприфатениот ултиматум на Австро-Унгарија,таа на 28.7.1914 година и објави војна на Србија со што почна Првата светска војна.

1919.- Во Версај, кај Париз, е потпишан договор за мир меѓу преставниците на германската Влада и претставници на земјите победнички во Првата светска војна.

1921.- Во Софија, од заведен атентатор на врховистите-платеници на бугарскиот двор, е убиен Ѓорче Петров, една од личностите која целиот свој живот го посвети на борбата за слобода на македонскиот народ. Тој е еден од најверните идејни соработници на Гоце Делчев и истакнат заштитник на целите и на принципите на Внатрешната македонска револуционерна организација. Иако беше противник за кревање на востание на македонскиот народ, тој зеде активно учество во Илинденското востание од 1903 година. Роден е во варош, Прилепско, на 2.4. 1865 година.

1970. - Силите на САД почнаа да се повлекуваат од Камбоџа

1993.- Во Лондон, Република Македонија го потпиша Уставот на УНЕСКО, со што формално стана членка на оваа асоцијација на ООН.

1995.- Република Македонија и Република Азербејџан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.

2001.- Умре Оливер Китановски ( на 21 год.) од Башино село, Велешко, припадник на МВР на РМ. Тој умре од здобиени тешки рани во борбите на 23.6.2001 година против албанските теросристи меѓу селата Брњарви и Арачиново.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 29.Јуни.2007 во 11:11

1586.- Во Дерендинген, Германија, умре Примож Трубар, словенечки протестантски реформатор и писател, „татко на словенечката книга“. Во 1551 година издаде прва печатена книга на словенечки јазик. Роден е во рашица, на 8.6. 1508 година.

1798.- Во Реинати е роден Џакомо Леопарди, еден од најголемите италијански поети. Неговата поезија е израз на неговиот песимистички став кон човековото битисување. Во стих и во проза, тој создаде силен и помодерен јазичен израз. Главни негови дела се "Песни" и "Дијалози и есеи". Умре во Неапол, на 14.06.1837 година.

1877.- Во селото Стричиќи, кај Бања Лука, е роден Петар Кочиќ, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам. Пишуваше песни, проза и сатира. Расказите му се одликуваат со силно чуваство за животот на подјармениот босански селанец. Во сатирата остро го критикува состојбите во босанското село под австриска окупација. Меѓу неговите дела најпознати се „Јазовец пред суд“ , „Суданија“ и други. Умре во белград, на 27.8. 1916 година.

1917.- Кралството Грција ги раскина односите со Централните сили и застана на страната на Антантата. На таа одлука и претходеше истоварувањето на сојузничките трупи, што го забрза падот во прогерманската влада во Атина.

1939.- Извршен е првиот комерцијален лет преку Атлантикот. Авионот "Диск Клипер" долета од САД на аеродромот во Лисабон, Потугалија.

1943.- Американските единици во Втората светска војна се истоварија на Нова Гвинеја, остров во Пацификот, втор по големина во светот.

1945.- Кај Радовиш, во сообраќајна несреќа загина Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Роден е во селото Никифорово, гостиварско, на 16.11.1923 година.

1990.- Од Ленинград во Скопје донесени се моштите на Димитрија Чуповски (македонски политичар, патриот, просветител, историчар, картограф, новинар...) и се положени во црквата "Свети Спас".

2000.- Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Гвинеја-Бисао и со Федералната Исламска Република Коморски Острови.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 11:15

1859. - На ортома растегната над Нијагарините водопади Чарлс Блондин, пред 25.000 гледачи, мина од САД во Канада

1908.- Во источен Сибир падна метеор , предизвикувајќи џиновска експлозија и земјотрес што се почувствува и во централна Европа

1913.- Со нападот на бугарските сили на позициите на српската и на грчката војска во Македонија почна Втората балканска војна, што заврши со мирот заклучен во Бук*решт, на 10.08.1913 година.

1934.- Германскиот нацистички водач Адолф Хитлер ја започна пресметката со политичарите и со воените личности од сопствената Национал-социјалистичка партија. Притоа се убиени стотина негови приврзаници и други активисти, меѓу кои и Ернст Рем, еден од највлијателните личности.

1941.- Непосредно по капитулацијата на Полска (1939 г.), Германците изградија логор за масовно уништување, познат како "Аушвиц", според градот Освенцим, западно од Краков.

1949.- Во Скопје е изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно, а во кореографија на Ѓорѓи Македонски.

1960.- Белгија ја призна независноста на својата дотогашна африканска колонија - Конго.

1972.- Укината е смртната казна во САД.

1973.- Сенка на Месечината го прекри целиот африкански континент. Тоа беше најдолгото замрачување на Месечината во поновата историја.

1974. - Алберта Кинг, мајка на убиениот американски свештеник, црнечки лидер и нобеловец Мартин Лутер Кинг , е убиена во текот на молитва во црква, шест години по атентатот на нејзиниот син.

1974. - Рускиот балетски играч Михаил Николајевич Баришников емигрира од СССР во теком на турнејата низ Канада на ансамблот на балетот на "Бољшој театарот".

1993.- Битолскиот универзитет го доби името на еден од најистакнатите личности на словенската писменост "Свети Климент Охридски"



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 01.Јули.2007 во 17:31

- Меѓународен ден на архитектурата и Ден на архитектите на Република Македонија

1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас Мор е осуден на смрт поради велепредавство откако одби да положи заклетва за верност на кралот Хенри Осми.

1804.- Во Париз е родена Жорж Санд (вистинското име и е Орора Дипен), француска писателка, чии собрани дела опфаќаат сто томови. Таа беше борец за еманципација на жените и голем критичар на хипокризијата во тогашното општество. Пишуваше сентиментални, социјални романи и раскази за селото. Умре на 8.6. 1876 година.

1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската Влада донесе "Северноамерикански закон" со кој е воспоставена канадска држава под називот "Доминион". Поради опасност од многу посилните САД, Канаѓаните наместо на југ, од тој момент тргнаа во освојувањето на големите пространства на запад по течението на реката Сент Лоренс, преку големите езера, прерии и капести планини. Создадена е голема држава од 10 милиони квадратни километри со 50 милиони жители. - Национален празник на Канада.

1871.- Рим стана престолнина на Обединета Италија.

1960.- Формирана е обединета и независна Република Сомалија.-Национален празник на Демократска Република Сомалија.

1962.- Руанда и Бурунди прогласија независност. - Национален празник на Република Бурунди.

1984.- Умре Лилиан Хелман, американска писателка. Позната е по напредните и слободоумни идеи. Напиша голем број драмски дела, од кои најпознати се „Малите лисици“, „Деновите што ќе дојдат“, „ Стража на рајна“ и други. Родена е во 1905 година.

1993.- Малезија ја призна Република Македонија.

1993.- Македонските железници станаа рамноправна членка на Меѓународната унија на железниците (УИЦ).

1994.- По 27 години прогонство, палестинскиот лидер Јасер Арафат го направи своето историско враќање во Газа.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 04.Јули.2007 во 11:24

1776.- Во Филаделфија, Конгресот на претставниците на северноамериканските колонии, кои се побунија против Англија, донесе "Декларација за независност" (составувач е Т.Џеферсон) со која е прогласена нивната независност под името Соединети Американски Држави. Најзначаен дел од Декларацијата е уводот во кој се изложени демократските стремежи на новата нација, духот што тогаш беше уште непознат во земјите на феудална Европа. Целосна независност САД извојуваа дури во 1781 година со победата над британската колонизаторска војска.- Национален празник на САД.

1798.- Со походот на Египет, Наполеон Бонапарта го зазеде градот Александрија, кој дотогаш беше турска провинција. Во рацете на Франција остана до 1801 година.

1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди, италијански револуционер и демократ, водач за обединување на Италија по револуционерен пат. Умре на островот Капрера, на 2.06.1882 година.

1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на САД (1801-1809). Роден е на 13.04.1743 година.

1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на Денот на независноста-4 јули, Франција им ја подари на САД статуата "Слободата го осветлува светот", позната како Статуата на слободата. Статуата е дело на Густав Ајфел и е висока 93 метри.

1934.- Во санселмоз, Франција, умре Марија Кири-Склодовска, француска физичарка, хемичарка и математичарка од полско потекло, мажена за францускиот научник Пјер Кири, со кого ги откри радиумот и плутониумот и ја постави основата на модерната наука за радиоактивност. Со Пјер Кири ја доби Нобеловата награда за физика во 1903 година, а во 1911 година самата и за хемија. Родена е во Варшава, на 7.11.1867 година.

1946.- По 47 години под власт на САД, основана е независна Република Филипини.

1972.- ДНР Кореја и Јужна Кореја се откажаа со посебен договор од употребата на сила во решавањето на меѓусебните односи и во начело се согласија да работат на новото обединување на Кореја на мирен начин без мешање однадвор.

1996.- Република Македонија и Канада воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

2001.- Умре Никола Ковачевски, еден од доајените на спортското новинарство во Македонија. Роден е во Скопје, во 1923 година.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 05.Јули.2007 во 12:00

1811.- Венецуела стана прва јужноамериканска држава која прогласи независност од шпанските колонијални власти. Беше шпанска колонија од 1498 година. Таа е најбогата земја во Латинска Америка, со најголем национален доход по жител.- Национален празник на Венецуела.

1857.- Родена е Клара Цеткин, познат политички работник на германското и на меѓународното социјалистичко движење, писателка и публицистка. Умре во Архангелское, кај Москва, на 20.06.1933 година.

1889.- Роден е Жан Кокто, француски писател. Тој помина низ сите фази на модерната уметност: кубизам, дадаизам, футуризам, неокласицизам и надреализам. Во неговите сценски дела се застапени сите родови на техниката, од пантомима, балет и мело-драма, до комедии и класични трагедии. Од 1955 година беше член на Француската акдемија на науките. Умре на 11.10.1963 година.

1891.- Во Врагорац е роден Аугустин-Тин Ујевиќ, еден од најголемите поети на современата хрватска литература. Познати се неговите стихозбирки "Лелек на ратајот". "Медал", 'Песни", "Жеден камен на кладенец". Умре во Загреб, на 2.11.1955 година.

1920.- Весникот "Социјалистичка зора", орган на Обласниот секретаријат на Социјалистичката работничка партија на Југославија ( комунисти) за Македонија и стара Србија објавија статија под наслов "Нашите непосредни задачи" , во која се укажува на последиците од империјалистичките војни на Балканот. Од нив најмногу беше оштетена Македонија. Во врска со ова, се вели: "Цели градови и села стојат разурнати, изгорени и ннаселението како сенка поминува низ изгорените патишта од гранати. Селата и градовите што војната не ги уништи не страдаат помалку, бидејќи империјалистичките орди и воената луња и таму оставија длабоки трагии".

1943.- Со офанзивата на германските сили од правците Орел и Харков почна битката кај к*рск, најголемата тенковска битка во Втората светска војна. Германците кај к*рск претрпеа пораз од советската армија, од кој веќе не можеа да се повратат.

1954.- Во Мемфис, САД, Елвис Присли, американски рокенрол пејач, ја сними песната "Се е во ред мамо" . Овој датум се смета за почеток на рокенрол музиката.

1988.- Во Скопје умре Драга Чаловска-Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје. Родена е во Битола, на 13.10.1923 година. 2000.- Во Скопје , во издание на ДНИД "Огледало" ДОО излезе првиот број на дневниот весник "Вест".

2001.- Началникот на Генералштабот на АРМ Панде Петровски и генералот на полицијата Ристо Галевски, од македонска страна, со Европската унија и со НАТО потпишаа изјава за прекин на огнот со албанските терористи. Иста изјава потпишаа и претставникот на ОНА Али Ахмети, генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон и претставникот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана.

2006.- Во Република Македонија се одржаа петтите парламентарни избори. Партиите, односно коалициите ги освоија следните пратенички мандати: ВМРО-ДПМНЕ - За подобра Македонија-44, СДСМ- За Македонија заедно-32, ДУИ-ПДП-18, ДПА-11,ВМРО-Народна-7, НСДП-6, ДОМ-1 и ПЕИ-1.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 07.Јули.2007 во 11:14

1533.- Во Ферари умре Лодовико Ариосто, прославен италијански епски пет, чиј витешки еп "Бесниот Роналдо" стана блескав поетски израз на духот на уметничките и на модерните тенденции на италијанската ренесанса. Роден е на 8.9. 1474 година.

1887.- Во Витебск, во Русија, е роден Марк Шагал, еден од најоргиналните европски сликари. Создаде фантастични композиции од животот на Евреите и на руските селани. Се занимаваше со графика и сценографија. Умре во Ница, во Франција, на 28.03.1985 година.

1893.- Во Загреб е роден Мирослав Крлежа, хрватски писател, еден од најзначајните личности на културно-книжевните случувања во периодот по Првата светска војна. Неговиот книжевен опус опфаќа поезија, критики, полемики, драми, есеи, студии, романи и друго. најзначајни негови дела се "Хрватскиот бог Марс", "На работ од умот", "Господа Глембаеви", "Во агонија" и други. Умре во Загреб, на 29.12.1981 година.

1921.- Во селото Брусник, битолско, е роден Васко Каранѓелески, народен херој на Македонија. Загина во несреќен случај, на 3.02.1977 година.

1937.- Јапонската армија го нападна кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставија, па Јапонија тоа го искористи како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна траеше се до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 09.Јули.2007 во 13:02

-Меѓународен ден на уништување на оружјето.

1873.- Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска.

1942.- Во Скопје, во Обласната полициска управа, бугарските фашисти го убија Цветан Димов, народен херој на Македонија. Роден е во Скопје, на 5.03.1909 година.

1943.- Кај селото Врбница, во близина на Фоча, во Босна, четниците го стрелаа Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ. Автор е на поемата "Јама". Роден е во Луковдол, Горски Котор, на 21.03.1913 година.

1944.- Кај селото Татар Елевци, во близина на Дебар, во борба против Германците и балистите загина Панче Поповски, народен херој на Југославија , од Македонија. Роден е во Гостивар, на 9.3. 1924 година.

1992.- Во Скопје, умре Ханс Ем, најстариот член на МАНУ. Учесник е во НОВ на македонскиот народ од 1941 година. Роден е во Марибор, на 6.06.1898 година.

1997.- Специјалната полиција на Република Македонија изведе акција со која од собранијата на Гостивар и на Тетово беа симнати знамињата на Албанија и на Турција...

1997.- Националната валута-денарот девалвира за 16,1 отсто.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 11.Јули.2007 во 11:13

1807.- Во Њујорк, по реката Хадсон, заплови првиот параброд под називот "Клермонт". Го конструира Роберт Фултон. Со тоа е отворена нова епоха во развојот на бродарството.

1882.- Под изговор за задушување на арапскиот бунт во Египет, британските трупи ја нападнаа Александрија, а потоа го зазедоа Каиро и зелата земја. Во заднината на тој поход, во стилот на "викторијанската ера", намерата на Лондон беше да се добере до Суецкиот канал, пловен пат значаен за врските со источните колонии. На меѓународната конференција која следеше, Англичаните утврдија спогодба за безбедност на Суецкиот канал, што Египет го доведе до полна зависност од големите сили се до 1956 година, кога претседателот Насер го национализира Суецкиот канал.

1921.- Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија.

1936.- Германија и Австрија потпишаа спогодба со која Берлин формално и ја гарантира независноста на Австрија. Две години подоцна , Адолф Хитлер, прогласи "аншлус" (присоединување) и Австрија со сила се присоедини конГерманија.

1937.- Во Холивуд умре Џорџ Гершвин, голем американски композитор и музичар. Автор е на познатата "Рапсодија во сино", компонирана за клавир и оркестар. Негово најзначајно дело е операта за животот на американските Црнци "Порги и бес". Роден е во Бруклин, на 26.09.1898 година.

1943.- Политичките затвореници од Кичево и Кичевско, од Кичево преку Струга со камиони беа пренсени во затворите во Албанија, каде што останаа се до капитулацијата на фашистичка Италија, на 8.9. 1943 година.

1974.- Во Стокхолм умре Пер Фабијан Лахерквист, шведски писател. Негови познати дела се збирката песни во стихови и во проза" Страв", пиесата "Последниот човек", драмата "Оној што повторно може да го почен својот живот", автобиографскиот роман "Гостин во стварноста" и други дела. Во 1951 година ја доби Нобеловата награда за литература.Роден е во Векше, на 23.5. 1891 година.

1979.- Американската вселенска станица "Скајлаб" по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето.

1982.- Во Белград умре Меша Мехмед Селимовиќ, писател. Негово најзначајно дело е романот "Дервишот и смртта". Покрај тоа познати се неговите романи "Тишина", "Тврдина", "Магла и месечина", "Круг", како и збирките раскази "Првата чета", "Туѓа земја" и други. Роден е во Тузла, на 26.04.1910 година.

1995.- Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 12.Јули.2007 во 10:00

100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски војсководец, политичар и писател, еден од најпознатите личности во класичната историја, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја. Неговите записи од Галските војни спаѓаат меѓу ремек - делата на старата римска литература. Група републикански заговорници го убија во Рим, на 15. 03. 44 г. пред н. е.

1536. - Умре Ротердамски Ерзамо, прочуен холандски хуманист. Поради големото влијание на современиците наречен е "крал на хуманистите". Имаше големо влијание на германската реформација, а реформата на црквата ја замислуваше како реформа на клерот и на црковните општини, а не како реформа на догмата. Роден е во 1465 година.

1784. Францускиот професор по физика С. Ленорман, заедно со Жан Моголфје, го конструирал првиот падобран.

1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани, италијански сликар. Поголемиот дел од животот го мина во Париз. Тој е еден од претставниците на "париската школа", но со препознатлив стил, бидејќи неговите ликови имаат стилизирани издолжени форми. Најмногу сликаше женски актови и фигури на работници. Умре во Париз, на 25. 01.1920 година.

1895.- Родена е Кристен Флагстад, норвешка оперска певица, сопран, најистакнат толкувач на Вагнеровите женски ликови. Умре во 1962 година.

1904. - Во Парел е роден Пабло Неруда, Чилеански поет, комунист и опшествен работник. Меѓу најпознатите негови дела се "Празнична песна", "Самрак", Престој на земјата"," Шпанија во срцето" и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1971 година и на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1972 година. Умре во Сантјаго, на 23.09. 1973 година.

1960. - Франција им призна независност на своите поранешни колонии Дахомеј, Нигерија, Горна Волта, Брегот на Слоновата Коска, Чад, Централна Африка и Конго.

1992.- Во Скопје и во сите места во светот каде живеат Македонци се одржа Светски семакедонски протестен митинг под мотото "Да, Република Македонија, да", а против Декларацијата на Европската заедница од 27.6. 1992 година , со која се бараше Република Македонија да го промени името ( да не се содржи зборот Македонија).

1993.- Република Македонија е примена за полноправна членка на Универзалната поштенска унија, специјализирана Агенција на Организацијата на обединетите нации со седиште во Берн, Швајцарија.

1996.- Република Македонија и Авганистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

1996.- Република Македонија и Суверениот Воен Ред на Малта воспоставија дипломатски односи.

2001.- Во Скопје умре Јован Котески, македонски пистаел. Зад себе остави богат поетски опус. Првата негова книга песни е "Насмевка пред зорите", објавена во 1958 година, а последната е стихозбирката за деца "Глувчето со двоглед" , објавена во 1991 година. Роден е во селото Присовјани, Струшко, на 14.1. 1932 година.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 13.Јули.2007 во 12:08

1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По Халеевата смрт беше директор на Грини£ката опсерваторија.Во 1728 година ја објасни појавата на аберацијата на светлоста и ја откри појавата на нутацијата. Роден е во 1693 година.

1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат француски револуционер, еден од вода£ите на француската буржоаска револуција. Убиството го изврши Шарлота Кордеј, приврзани£ка на жирондистите и на монархистите. Роден е на 24. 05. 1734 година.

1941.- Во близина на селото Долни Дисан, Неготинско, е убиен Диме Поп-Атанасов, член на месниот комитет на СКОЈ во кавадарци и чЛен на КПЈ, прва жртва на бугарскиот окупатор во Македонија. Роден е во селото Стрмашево, Неготинско, во 1918 година.

1946. - При Земската болница во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републички завод за трансфузиологија.

1951.- На Голи Оток, во таканаречената "болница на работилиштето мермер", умре Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител, хуманист, воденичар, кафеџија, градинар и слуга, најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ, прв претседател на заседанието и прв потпретседател на АСНОМ, прв доверител за информации во првата привремена влада на Македонија, најблизок соработник на Матодија Андонов -Ченто, еден од плејадата херои-маченици на Голи Оток. Роден е во Велес, на 9.8. 1883 година.

1990.- Во Скопје е основана Социјалистичката партија на Македонија. За претседател е избран Киро Поповски.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 14.Јули.2007 во 11:41

1789.- Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската буржоаска револуција. Старата феудална власт е укината и пред формалната одлука. - Национален празник на Франција.

1817.- Во Париз умре Мадам де Стал, француска писателка. Во 1810 година ја напиша книгата - манифест "За Германија", која Наполеон ја забрани, затоа што авторот се восхитува на германската филозофија и литература. Ја сметаат за основоположник на францускиот романтизам која ги постави новите основи на целата француска литература и култура. Родена е во Париз, на 22.04.1766 година.

1889.- Во Париз, во присуство на 335 делегати од европските земји и од Америка е отворен Првиот конгрес на Втората интернационала. Втората интернационала под официјално име „Меѓународно здружение насоцијалистичките партии“, е основано на иницијатива на Енгелс. На основачкиот конгрес се усвоени повеќе одлуки, меѓу кои и онаа за прославата на Први мај, како ден ана меѓународната солидарност на работничката класа.

1907.- Кај селото Ракле, Прилепско, на планинскиот врв Ножот, се одигра најкрвавата борба против турското владеење по Илинденското востание. Група од 45 костурски востаници, одбивајќи ја наредбата за повлекување и под мошне тешки услови, прифатија борба со многубројната турска војска, командувана од мајорот Енвер-беј. „Ножовци“ беа однапред решени на саможртвување. Сите 45-мина загинаа со херојска смрт. Повеќето паднаа при непријателски јуриши, а неколкумина од нив се самоубија. Притоа, со аскерски плотун, турскиот мајор им оддаде почит на мртвите македонски јунаци.

1942.- Во своето родно село Русиново, Беровско, умре Никола Петров-Русински, македонски социјалист и национален револуционер. Учесник е во Илинденското востание, а остави и неколку брошури богати (необјавени) спомени за својата политичка активност. Роден е во 1875 година.

1944.- Во Струмица, во борба против бугарската полиција, загина Благој Јанков - Мучето, народен херој на Македонија. Роден е во Струмица, во 1911 година.

1996.- Во велес, на градските гробишта, беа погребани останките на 53 стрелани во ноќта на 15.1.1945 година.

1998.- Во Скопје умре Ненад Стојановски, макеоднски актер. Роден е во 1952 година.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 15.Јули.2007 во 11:32

1556.- Во Рим свечено е осветена грандиозната купола на црквата Свети Петар, која ја изгради прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум е земен како ден на раѓањето на барокот.

1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант, познат холандски сликар. Умре во Амстердам, на 4.10.1669 година.

1882.- Во Кратово е роден Павел Шатев, македонски револуционер, родољуб и публицист, еден од легендарните солунски атентатори наречени „гемиџии“, крунски сведок што остана да раскажува за она што се случуваше во Солун во 1903 година. Неговиот живот е мошне бурен и мачен. Беше член на АСНОМ и министер за правосудство во првата македонска влада. Поради несогласување со повоената државна политика беше отстранет од политичката сцена. Умре во Битола, на 30.1. 1951 година.

1904.- Во Баденвалер умре Антон Павлович Чехов, руски новелист, раскажувач и драмски писател. Најпознати негови дела се драмите "Галеб", "Три сестри", "Вујко Вања" и "Вишновата градина", како и збирките раскази "Човекот во футрола", "Куќа на кат", "Селани" и други. Роден е во Таганрог, на 29.01.1860 година.

1916.- Во Санкт Петербург умре Наце Димов (Чуповски) , македонски деец, еден од најистакнатите членови на Македонското научно-литературно другарство и на македонската колонија во Санкт Петербург, брат на Димитрија Чуповски. Роден е во селото Папардиште, Велешко, на 31.1. 1876 година.

1944.- Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера Циривири-Трена, првоборец и активен учесник во напредното работничко движење. Родена е во Прилеп во 1921 година.

1965.- Американскиот вселенски брод "Маринер 4" го испрати првите снимки од планетата Марс.

1987.- Во Скопје умре Панде Поповски, еден од доајените на македонското новинарствто. Учесник е во НОВ на Макеоднија од 1941 година. Во 1944 година стана член на Агит-проп во Главниот штаб на НОБ во Горно Врановци, а во 1945 година беше еден од првите пионери-новинари на Радио Скопје. Особено значење има неговиот придонес во ширењето на репортерството и на сликарството во првите повоени години, како и во пропагирањето за описменување на македонскиот народ и во афирамацијата на нашата земја меѓу нашите иселеници во прекуокеанските земји и насекаде каде што имаше македонски иселеници. Роден е во селото Царев Двор, Ресенско, во 1912 година.

1990.- Во Охрид е извршено осветување на новоизградената црква "Света Тројца".

1999.- Во Прилеп умре Олга Наумовска, македонска актерка, доајен на Битолскиот народен театар и на македонското глумиште. Родена е во Скопје, во 1927 година.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 01:15
Вторник, 17 јули 2007


1790.- Во Единбург умре Адам Смит, најпознат претставник на англиската класична политичка економија. Ги напиша делата "Теорија на моралните чувства" од областа на етиката, "Истражување за природата и причините за богатството на народот" од областа на економијата. Роден е на 5.06.1723 година.

1821.- Шпанија се откажа од Флорида во корист на САД.

1862.- Во САД стапи во сила Законот за ослободување на црнците-робови. Тогаш околу 190.000 поранешни робови од територијата на југот на САД стапија во редовите на федералната армија.

1936.- Франциско Франко, шпански диктатор, ги поведе своите трупи против Републиканската армија на премиерот Асано.Тоа беше почеток на Шпанската граѓанска војна, која набрзо прерасна во борба на демократските сили против фашизмот.

1941.- Во шумата крај загреб усташите го стрелаа Аугуст Цесарец, истакнат хрватски револуционер и писател. Ги напиша делата „Судете ми“, „Царево кралство“, „Тонкината единствена љубов“ , „Синови на татковината“ и други. Роден е во загреб, на 4.12.1893 година.

1945.- Во Подсдам, во близина на Берлин, лидерите на трите големи сили-Сталин, Черчил и Труман- се согласија да расправаат за судбината на Германија која капитулира. На конференцијата се скалучени неколку спогодби: да се формира совет на министри за надворешни работи од СССР, Велика Британија, САД, Кина и ан Франција, кој требаше да предложи решенија за територијалните прашања, да се спроведе контрола на разоружувањето и на демилитаризирањето на Германија, укажување на фашистичките закани и казнување на злосторниците, контрола на наставата и на судството и децентрализација на Германија.

1965.- Американските бомбардери од типот "Б-52" познати под името "летачки тврдини" од базата Гуам за првпат ги бомбардираа целите на територијата на Виетнам.

1969.- Во Скопје умре Нестор Алексиев Мирчевски, резбар, последен од големата тајфа на макеоднски резбари, врвен мајстор во резбарање на дрво и на мермер. Зад себе остави големо дело кое може да се сретне во резбарените иконостаси во Македонија и во другите балкански држави. Во 1939 година ја освои првата награда на Светската изложба на уметничко занаетчиство во Берлин. Роден е во селото Осој, Дебарско, на 25.3. 1873 години.

1976.- Умре Вељо Личеноски, прв филмски монтажер во Македонија, еден од основоположниците на македонскиот филм и еден од најистакнатите режисери на ТВ Скопје. Роден е во 1930 година.

1984.- Лансиран е советскиот вселенски брод "Сојуз 12". Членот на екипажот Светлана Савицкаја стана прва жена која "прошета" во вселенскиот простор надвор од леталото.

1993.- Во Будимпешта, деветте земји-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), ја примија Република Македонија како полноправна, десетта членка на оваа асоцијација. .



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 18.Јули.2007 во 14:47

64. - Во Рим избувна голем пожар во кој стариот град изгоре до темели. Легендата вели дека пожарот го подметнал неурамнотежениот римски император Нерон. Но, за тоа нема никакви докази во старите извори. Веднаш по катастрофата по наредба на царот, почнала планска изградба на Рим, така што сите згради морале да бидат ѕидани од камен отпорен на оган.

1374. - Во Арква, во близината на Падова, умре Франческо Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса. Се смета за основач на модерната европска поезија и несомнено за еден од најсовршените поети во историјата на светската книжевност. Целиот негов живот и книжевно дело се обоени со неговата љубов спрема убавата Лаура. Светска слава стекна со делото "Канционер" - зборник од 366 сонети, канцони и мадригали. Роден е во Арецо, на 20.07.1304 година.

1846. - Во Бостон д-р В. Мортон првпат во својата забна ординација го употреби етерот како средство за наркоза. Тој датум се смета за предпочеток на модерната анестезиологија.

1898.- Во Париз француските научници, сопружниците Марија и Пјер Кири го открија полониумот, прв познат радиоактивен елемент.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 19.Јули.2007 во 11:31

1834.- Во Париз е роден Едгар Дега, француски сликар, еден од најпознатите претставници на ликовната уметност во 19 век. Изработи низа бакрописи, цртежи и скулптури. Умре во Париз, на 26.07.1917 година.

1870.- Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година.

1893.- Во грузиското село Багдада е роден Владимир Владимирович Мајаковски, руски поет и сликар, еден од основачите на футуристичкиот правец во Русија. Беше голем борец против сите видови угнетување на човекоти ја ставаше под удар на својата сатира малограѓанштината во советското општество. Неговите дела извршија големо влијание врз советската поезија. Меѓу поголемите негови поеми се „Ленин“, „ Добро“, „За тоа “, „На сиот глас“, а од сценографските дела се „Мистеријата Буфо“, „ Тафтабита“ и „Студен туш“. Се самоуби во Москва , на 14.4. 1930 година.

1900.- Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум-кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања.

1921.- Во Прилеп е роден Борка Талески, народен херој на Македонија. Тој е непосреден организатор на востанието на 11 октомври. Загина во близина на селото Плетвар, прилепско, на 2.03.1942 година.

1943.- Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим. По бомбардирањето, на 24 јули Големото фашистичко собрание му ја одзеде довербата на Мусолини, а следниот ден, тој е уапсен по наредба на кралот Виторио Емануел Трети.

1993.- Република Македонија стана 175 членка на УНЕСКО.

1998.- Во Скопје умре Душко Аврамов, македонски писател за деца. Во 1970 година ја објави неговата прва книга „Славејот на одмор“ , а во 1996 година последната -„Стевче смелче“. Роден е во Скопје, на 29.4. 1938 година.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 20.Јули.2007 во 18:30

1304.- Во Арецо е роден Францеско Петрарка, голем лирски поет на италијанската предренесанса. Се смета за основач на модерната европска поезија. Светска славa стекна со делото "Канцониер" - зборник од 366 сонети, канцони и мадригали. За епот "Африка" доби "Ловоров венец". Умре во Арква, во близина на Падова, на 18.07.1374 година.

1785.- Роден е турскиот султан Махмуд Втори, кој во текот на владеењето од 1808 година до смртта во 1839 година спроведе реформи во обидот да го централизира феудално-апсолутистичкиот поредок на Отоманската империја.

1819.- Република Колумбија доби независност. Беше шпанска колонија од 1509 година. - Национален празник на Колумбија.

1847.- Роден е германскиот сликар и графичар Макс Либерман, најзначаен претставник на германскиот импресионизам.  

1913.- Во текот на Балканските војни (1912-1913), во близина на селото Бел Камен, Леринско, во борба против грчката војска загина Васил Чакаларов, македонски војвода и деец на ВМРО. Учесник е на Смилевскиот конгрес (1903) и на Илинденското востание (1903). Роден е во селото Смрдеш, Костурско, во 1874 година.

1919.- Роден е сер Едмунд Хилари, новозеландски офицер и истражувач, учесник во хималајските и во поларните експедиции. На 29.05.1953 година, со Непалецот Норкај Тенсинг се искачи на највисокиот хималајски врв Монт Еверест.

1937.- Умре италијанскиот електроинжинер и пронаоѓач Гуљермо Маркони, еден од пионерите на бежичната телеграфија, кој во 1909 година ја подели Нобеловата награда за физика со германскиот физичар Карл Фердинанд Браун.

1938.- Родена е американската филмска актерка Наташа Гардин, позната како Натали Вуд, една од ретките која стана филмска ѕвезда како дете со филмот „Чудо на 34 улица“ и успеа да оствари успешна филмска кариера. Таа глумеше во филмовите „Бунтовник без причина“, „Сјај во трева“, „Трагачи“ и „Приказна за западната страна“.

1945.- Грчка воена единица го опколи македонското село Косинец, Костурско и го малтретираше населението. Притоа уапси осум младинци и две жени. Повод за тоа беше кинењето на повикот за мобилизација и зборувањето на македонски јазик. Истовремено, една грчка воена единица го опколи македонското село Владово, Воденско, со цел со сила да ги натера Македонците да потпишат декларација дека се Грци и дека го сакаат кралот. Малубројните селани кои се најдоа во селото, штом разбраа за намерата на грчката единица, избегаа во планина.

1969.- Лунарното возило „Орел“ на американскиот вселенски брод „Аполо 11“, со астронаутите Нил Амстронг и Едвин Олдрин, се упати на површината на Месечината, додека Мајкл Колинс го продолжи кружењето околу Месечевата орбита со матичниот брод „Аполо 11“.

1988.- Јужна Африка, Ангола и Куба прифатија Договор за повлекување на странските трупи од Ангола и признавање на независноста на Југозападна Африка.

1989.- Британската воена хунта го стави во куќен притвор водачот на опозицијата Аунг Сан Су Чи, поради нејзината отворена критика на бруталните методи на владеење на воениот врв.

1994.- Шефот на израелската дипломатија Шимон Перес пристигна во посета на Јордан како највисок израелски функционер кој дотогаш ја посетил таа соседна арапска земја.

1996.- Во Бурунди бунтовниците од племето Хуту го нападнаа бегалскиот камп на ривалското племе Тутси, усмртувајќи околу 320 луѓе.

1997.- Умре Лилјана Чаловска, македонска писателка. Автор е на книгите „Бдение за Виетнам“, „Антидневник“, „Пребир“ и други. Родена е во Софија, во 1920 година.

2000.- Виетнам во Хо Ши Мин (поранешен Сајгон) отвори берза.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 20.Јули.2007 во 23:34
Само за М_Г
На 20 јули 1913 година е испратен втор меморандум до владите на балканските држави и до Балканскиот комитет во Лондон. Во двата меморандуми се бараше автономија за Македонија и воспоставување на старата Охридска архиепископија.


-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: pero
Датум на внесување: 22.Јули.2007 во 10:18
na denesen den 356g.p.n.e. vo PELA e roden  ALEKSANDAR MAKEDONSKIStar


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 22.Јули.2007 во 13:19

356 г.п.н.е.- Во Пела е роден Александар Македонски, син на Филип Втори Македонски и на Олимпија, ученик на Аристотел, најголем војсководец на сите времиња. Со своите походи мина 18.000 киломтери , создаде држава каква не постоела по пространство ниту пред ниту по него. Умре во Вавилон, на 13.06.323 година п.н.е.

1812.- Во битката кај Саламанка, во Шпанија, британската војска под команда на војводата Велингтон, ја порази француската војска со која командуваше Наполеоновиот маршал Мармон.

1888.- Роден е американскиот микробиолог Селман Ејбрахам Ваксман, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1952 година. Наградата ја доби за пронаоѓањето на стрептомицинот, првиот антибиотик кој успешно ја сузбива туберкулозата. Тој го пронајде и неомининот и ја напиша автобиографијата „Мојот живот со микробите“.

1908.- Младотурците ја презедоа власта во Битола и ги ослободија сите затвореници.

1933.- Американскиот авијатичар Вили Пост го изведе првото самостојно летање со авион околу Земјината топка.

1943.- Сојузничките сили во Втората светска војна го ослободија италијанскиот град Палермо на островот Сицилија.

1944.- Создадена е првата народна власт во Полска. Овој ден се прославува како државен празник на НР Полска.

1947.- Во Скопје, со фузионирањето на спортските друштва „Македонија“ и „Победа“ е формирано спортското друштво „Вардар“

1948.- Во Скопје, со одлука на Владата на Народна Република Македонија, е основан Институт за национална историја.

1962.- Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира.

1981.- Турскиот терорист Мехмед Али Агџа е осуден на доживотен затвор поради обидот да го убие поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори на 13 мај 1981 година.

1992.- Најголемиот колумбиски шверцер на дрога Пабло Ескобар избега од затвор.

2000.- Во Пакистан е симнат од власт премиерот Наваз Шариф. Тој е осуден на 14 години тешка работа откако судот го прифати обвинението за корупција и му изрече забрана да се занимава со политика 21 година.

2003.- Американските трупи во нападот на вилата во Мосул во северен Ирак ги убија Удај и Кусај, синови на проанешниот ирачки претседател Садам Хусеин. Кусај беше шеф на ирачките специјални сили за безбедност и тајна полиција на личното обезбедување на неговиот татко, а Удај беше командант на парамилитантните елитни единици.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: MoNiKa
Датум на внесување: 22.Јули.2007 во 23:01
NA DENESEN DEN E RODEN ALEKSANDAR MAKEDONSKIBig%20smile


Постирано од: adzigogov2001
Датум на внесување: 23.Јули.2007 во 12:10
Да така викаат, само податокот е климав
22.07 365 пне како беше деLOL


-------------
ЌЕ ТЕ ИЗГОРАМ


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 23.Јули.2007 во 16:23

1915 - Во селото Битуше, гостиварско, роден е Тихомир Милошевски, народен херој на Македонија. Беше генерал-полковник и прв командант на македонските воени единици во текот на НОВ на Македонија.

1942 - Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа Никола Јонков Вапцаров, македонски поет и патриот, Антон Попов-Дончо, македонски револуционер, писател и публицист и Атанас Романов, македонски патриот.

1942 - Почна Сталинградската битка меѓу германските фашисти и советската армија.

1992 - Во Скопје е формирана Комора на приватниот капитал на Македонија.

1993 - Република Македонија стана 138 членка на Светската организација за интелектуална сопственост.


2001
: Арабати Баба Теке завземено од терористите

Според последните информации на нашиот дописник од Тетово добиени околу 23 часот терористите вечерва влегле во угостителскиот комплекс Арабати Баба Теке и им наредиле на вработените да го напуштат.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 23.Јули.2007 во 17:29
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

1915 - Во селото Битуше, гостиварско, роден е Тихомир Милошевски, народен херој на Македонија. Беше генерал-полковник и прв командант на македонските воени единици во текот на НОВ на Македонија.

1942 - Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа Никола Јонков Вапцаров, македонски поет и патриот, Антон Попов-Дончо, македонски револуционер, писател и публицист и Атанас Романов, македонски патриот.

1942 - Почна Сталинградската битка меѓу германските фашисти и советската армија.

1992 - Во Скопје е формирана Комора на приватниот капитал на Македонија.

1993 - Република Македонија стана 138 членка на Светската организација за интелектуална сопственост.


2001
: Арабати Баба Теке завземено од терористите

Според последните информации на нашиот дописник од Тетово добиени околу 23 часот терористите вечерва влегле во угостителскиот комплекс Арабати Баба Теке и им наредиле на вработените да го напуштат.



НОВ имал и 17 и 18 годишни борци се Македонски синови,Команданти на бојно поле се раѓаат според подвизи и брзината на смртта на поранешниот командант.Значи може 30 год. командант да загине во првата битка и да го наследи 27 год. каплар кој кога ке загине ке биде наследен од обичен 18 год. војник.Во војната и на бојното поле немало тогаш којзнае каква командна поврзаност битно било да има водач.На баба ми братот загонал мислам на 21 год. возраст со чин капетан значи бил во НОВ на 17 год возраст.Овие работи треба да ти се логични Венелин ти си интелигентен дечко


-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 24.Јули.2007 во 12:27

1567.- Незадоволното благородништво ја принуди да абдицира шкотската кралица Марија Стјуарт поради нејзиниот обид да ја наметне римокатоличката политика во протестантска шкотска.

1704.- Британските сили под команда на адмиралот Џорџ Рук го одзедоа Гибралтар од Шпанците.

1783.- Роден е јужноамериканскиот револуционер и државник Симон Боливар, најзначајна личност во борбата за независност на Јужна Америка од Шпанија. По многубројните воени победи над Шпанците тој е наречен ослободувач на татковината. Ги ослободи Венецуела, Еквадор, Панама и Перу и е избран за претседател на Колумбија и Боливија која по него го доби и своето име. Обвинет е за намера да се прогласи за монарх, се повлече од власта во 1830 година и набрзо умре.

1802.- Во Вила Котере е роден Александар Дима-таткото, француски писател, автор на авантуристички романи, меѓу кои најпознати се „Тројцата мускетари“ , „Гроф Монте Кристо“, „Црното лале“ и „Краличиниот ѓердан“. Умре во 1870 година.

1828.- Во Саратов е роден Николај Гаврилович Чернишевски, руски книжевен критичар, писател и револуционер. Поради пропагирањето идеи на селската револуција и утопистичкиот социјализам беше осуден на прогонство во Сибир. Умре во Саратов, на 29.10.1889 година.

1908.- Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција.

1883.- Во обид да ги преплива брзаците на реката над Нијагарините водопади се удави Метји Веб, кој во 1875 година прв го преплива каналот Ламанш.  

1923.- Грција, Турција и сојузничките сили во Првата светска војна ја потпишаа Лозанската декларација, врз основа на која е извршено принудно иселување на христијанското население од Турција во Грција и на муслиманското население од Грција во Турција, со што во голема мера е изменет националниот состав на Егејска Македонија.

1943.- Сојузничкот воздухопловство во Втората светска војна ја почна операцијата „Гомора“, концентрирано тешко бомбардирање на германскиот пристаништен град Хамбург.

1946.- Во Пацификот, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија.

1957.- Во Прилеп умре Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ, за вистината на Македонија. Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје, е осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Рехабилитиран е во 1990 година. Умре како маченик. Роден е во Прилеп, на 17.08.1902 година.

1974.- Умре англискиот физичар Џејмс Чедвик, добитник на Нобеловата награда за физика во 1935 година, кој три години претходно го откри неутронот. Во Втората светска војна во Лос Аламос, САД, тој беше главен британски инструктор на проектот за развој на атомска бомба.

1976.- Американскиот вселенски брод „Викинг 1“ се спушти на Марс со што почна истражувањето на можноста за живот на таа планета.

1991.- Умре еврејскиот писател Исак Башевис Сингер, добитник на Нобеловата награда за литература во 1978 година. Неговите дела се инспирирани од традицијата и фоклорот на Евреите во Источна Европа, особено во родната Полска, каде што живееше до преселувањето во САД во 1935 година. Негови познати дела се „Изгубен во Америка“, „Непријатели: Љубовна приказна“, „Москатови“, „Стара љубов“ и други.

1992.- Во Скопје, во издание на Министерството за народна одбрана на Република Македонија е промовиран првиот број на списанието „Одбрана“.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 25.Јули.2007 во 16:31

1925 - Во Скопје е родена Невена Георгиева Дуња, млада македонска партизанка во НОВ. Кај селото Папрадиште, велешко, велешкиот партизански одред Димитар Влахов беше нападнат од бугарската полиција. Невена Георгиева, која се бореше во првите борбени редови на својот одред, на 6.12.1942 година беше смртно погодена.

1945 - Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор е поделена на четири зони: источна-советска, северозападна-британска, југозападна-американска и западна-француска. Таа поделба подоцна доведе до формирање на двете германски држави.

1984 - Советскиот космонаут Светлана Савитцкаја стана првата жена која излегла надвор од бродот во вселената и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која два пати била во нејзиното пространство.

1987 - Во Скопје умре Крсто Симовски, учесник во НОВ, истакнат општествено-политички работник, основач и прв директор на Институтот за овоштарство на Македонија.

2003: „Црешовото топче“ се врати во Македонија
„Црешовото топче“ со кое пред 100 години илинденските востаници ја бранеле Крушевската република доцна попладнево пристигна на скопскиот аердром.





-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 26.Јули.2007 во 10:40

1858.- Лионел Ротшилд стана првиот Евреин, член на Долниот Дом на британскиот Парламент.

1926.- Во Софија, умре Крсте Петков Мисирков, македонски национален деец филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Се школуваше во соседните земји и во Русија. Тоа му овозможуваше да ги согледа стремежите на соседните земји кон Македонија и Mакедонскиот народ, но и да ги согледа патиштата за национална слобода на Mакедонскиот народ. Во 1903 година ја издаде книгата „За македонцките работи“, негово фундаментално дело, во кое се истакнува посебноста на Mакеоднскиот народ и на Mакедонскиот јазик. Роден е во Престол, Ениџе-Вардарско, Егејска Македонија, на 18.11.1874 година.

1943.- Роден е англискиот музичар Мик Џегер, основач и пејач на рок групата „Ролингстоунс“.

1946.- Со пресуда на прекиот воен суд на Ениџе-Вардарско, грчките монархофашисти ја стрелаа Мирка Гинова( заедно со уште шестмина другари) истакнат раководител на движењето на отпорот против фашизмот, македонска учителка и партизанка. Таа првата жена осудена на смрт од еден грчки воен суд, чија пресуда и егзекуција своевремено предизвика широки протести во прогресивната меѓународна јавност. Нејзината херојска смрт е опеана во повеќе македонски народни песни, а напредната грчка поетеса Рита Буми Папа, во својата книга „Илјада стрелани девојки“ посвети посебни стихови за смртта на Мирка Гинова.Таа беше член на Воденскиот окружен комитет на НОФ за Егејска Македонија, прва секретарка на АФЖ на Вардарскиот округ и член на КП на Грција. Родена е во селото Русилово, Воденско, во 1916 година.

1952.- Умре Ева „Евита“ Перон во тој момент несомнено најпопуларна личност во Аргентина, 33-годишната сопруга на претседателот Хуан Перон.

1963.- Катастрофален земјотрес го разурна главниот град на Република Македонија - Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен 4/5/од стамбениот фонд. Веста за земјотресот, што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност.

1963.- Во Скопје, од последиците на катастрофалниот земјотрес, умре Димитар Пандилов Аврамовски-Зографски, македонски сликар. Академија заврши во Софија во 1924 година. Извесно време престојуваше на постдипломски студии во париз, во Монпелје и во други места во Франција. Познати му се циклусите „Жетви“, „Железнички станици-вагони“, „Збегови“ и други. Беше ликовен педагог во гимназија и професор на Школата за применета уметност во Скопје. Самостојно излагаше во Монпелје, во Софија и во Скопје. Родене е во селото Тресонче, Гостиварско, на 1.3. 1898 година.

1965.- Малдивските острови во Индискиот Океан - британски протекторат од 1887 година, добија независност.

1984.- Умре американскиот статистичар Џорџ Хорас Галуп, директор на „Галуповиот институт“ за испитување на јавното мислење што го основа во 1935 година.

1993.- При урнување на јужнокорејски патнички авион во близина на Сеул загинаа 66 луѓе.

1996.- Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици.

1996.- Република Македонија и Европската унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската унија. 1996.- Пристигна првиот американски амбасадор во Република Македонија, а тоа е Кристофер Хил.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 27.Јули.2007 во 18:34

916.- Умре сеМакедонскиот просветител Климент Охридски, ученик на МАкедонските  просветители Кирил и Методиј, еден од најистакнатите писатели на старата словенска книжевност. По мисионерската работа во Панонија и Моравија, тој во Охрид изгради манастир, а во 886 година ја основа школата во која учеа околу 3.500 ученици.

1789.- Американскиот Конгрес основа Одделение за надворешни работи.

1841.- Во Пјатогорск умре Михаил Јурјевич Лермонтов, руски писател. Делата што ги напиша уште како сосема младо момче претставуваат толку зрели уметнички остварувања што влегоа во сите збирки и антологии. Поради немоќта на интелегенцијата да ги реши прашањата на епохата, во своите дела создаде лик на „нестабилен човек“. Го напиша романот „Јунак на нашето време“ и низа поеми. Роден е во Москва, на 15.10.1814 година.

1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и физичар, еден од основачите на анатомската теорија на материјата, што прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото "Нов систем на филозофијата и на хемијата", го објасни Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини на хемиски елементи. Ги испитуваше основите на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологија. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа аномалија, која според него е наречена "далтонизам". Роден е во Иглсфилд, во северниот дел на Англија, на 6.09.1766 година.

1915.- Роден е италијанскиот оперски пејач Марио дел Монако, кого критичарите го прогласија за „тенор на епохата“. Уметничката кариера ја почна во 1941 година во Миланската скала. Благодарение на добриот глас стекна голема популарност.

1917.- Умре швајцарскиот хирург Емил Теодор Кохер, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1909 година. Тој ја испитуваше функцијата на штитната жлезда и значително придонесе за развој на современата хирургија.

1921.- Канадските лекари Фредерик Грант Бентинг и Чарлс Бест првпат го изолираа инсулинот, што набрзо овозможи ефикасно лекување на дотогаш смртоносната шеќерна болест.

1927.- Во село Лавци, битолско, е родена е Фана Кочовска - Цветковиќ, најмлад народен херој од НОВ, носител на партизанска споменица 1941. Почина на 17 април 2004 година.

1965.- Американските авиони во Виетнамската војна првпат ги нападнаа противвоздушните системи на северновиетнамската армија.

1970.- Во Лондон умре Џон Барбироли, еден од најголемите диригенти на светот, основач на камерниот оркестар „Барбироли“, диригент на операта Ковент Гарден, диригент на Њуроршката филхармонија и диригент на оркестарот „Хале“ во Манчестер. Роден е во Лондон, на 2.12. 1899 година.

1980.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство Мохамед Реза Пахлави, кој 37 години владееше со Иран. Роден е во 1819 година.

1981.- Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути.

1984.- Во Лозана, Швајцарија, умре Џемс Мејсн, познат британски актер, кој многу генерации го паметат по голем број успешни артистички остварувања во повеќе од 80 филмови и театарски дела. Роден е во 1909 година.

1984.- На патот Скопје-Приштина, во сообраќајна несреќа загина Венко Домазетовски, македонски писател, литературен критичар и есеист. Автор е на книгата „Структурата на македонскиот роман“ и „Студии и согледби“. Роден е во Белград, на 10.1. 1950 година.

1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на к*рсот за дообука, во касарната "Кузман Јосифовски - Питу" е одбележан почетокот на високото воено школство во Република Македонија.

1996.- Во текот на Олимписките игри во Атланта експлодира бомба во забавен парк, усмртувајќи двајца и повредувајќи 110 луѓе.

2002.- При урнување на украинскиот ловец „СУ-27“ на аеромитинг во близина на украинскиот град Лавов загинаа 89 лица, а 199 беа повредени.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 28.Јули.2007 во 11:56

1586.- Томас Хериот од Колумбија ги донесе првите компири во Англија.

1741.- Умре италијанскиот композитор и виолински виртуоз Антонио Вивалди. Познати негови дела се „L' estro armonico“ и „Il cimento dell'armonia e dell'inventione“.

1750.- Во Лајпциг умре Јохан Себастијан Бах, еден од најзначајните композитори во историјата на музиката. Роден е во Ајзенах, на 21.03.1685 година.

1821.- Аргентинскиот генерал Хозе Сан Мартин ја освои Лима и прогласи независност на Перу, главно упориште на шпанските власти во Латинска Америка. Перу беше шпанска колонија од 1531 година . Овој ден се слави како ден на независноста на Перу.

1904.- На Селечка Планина, во близина на селото Селце, прилепско, во борба против османлиската војска загина Никола Каранџулов, македонски револуционер, војвода и учител. Роден е во Прилеп, во 1880 година.

1914.- Почна Првата светска војна. По атентатот (на 23.07.1914 година) извршен врз војводата Фердинанд во Сараево, владата на Австро-Унгарија ја обвини Србија како причина за атентатот и упати ултиматум...кој беше отфрлен. Тоа беше повод Австро-Унгарија да и објави војна на Србија, три дена подоцна Германија и објави војна на Русија, а на 3 август на Франција.

1922.- На иницијатива на Трифун Хаџијанев, истакнат македонски револуционер од Егејска Македонија, во неговата куќа во Воден е одржана основачка конференција на која е формирана првата социјалистичка организација за Воден и за Егејска Македонија.

1937.- Јапонците ја окупираа кинеската престолнина Пекинг.

1945.- Во Скопје излезе првиот број на весникот "Трудбеник", орган на Земскиот одбор на Единствените синдикати на Македонија. Весникот излегуваше еднаш неделно.

1945.- Американскиот бомбардер Б-25 удри при густа магла во „Емпаер стејт билдинг“ во Њујорк, тогаш највисока зграда во светот, усмртувајќи 14 луѓе.

1976.- Во земјотресот што го погоди кинескиот град Тангшан загинаа најмалку 242.000 луѓе.

1996.- Во Белград умре д-р Ставре Нолчев, доктор на медицински науки и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје, специјалист по пневмофитизиологија. Роден е во Кочани, на 20.4.1949 година.

2004.- Во самоубиствен напад во ирачкиот град Бакуба загинаа најмалку 68 лица.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 29.Јули.2007 во 11:39

1014.- Во битката на планината Беласица, кај Струмица војската на Македонскиот цар Самоил беше поразена од војската на византискиот цар Василиј Втори, кој нареди околу 15 илјади воени заробеници да бидат ослепени, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите кај цар Самоил. Потресен од глетката, цар Самоил умре на 6.10.1014 година. Четири години по неговата смрт, царството се распадна.

1856.- Умре Роберт Шуман, германски композитор и музички писател, еден од најзначајните претставници на романтизмот во музиката. Особено се истакнува како автор на клавирски минијатури и соло-песни, а компонира и камеран и сценска музика, компонира четири симфонии и една опера. Роден е на 8.06.1810 година.

1883.- Роден е италијанскиот диктатор Бенито Мусолини кој владеше со Италија од 1922 до 1943 година. Набрзо по почетокот на Првата светска војна, тој е исклучен од Социјалистичката партија, а во 1919 година формира фашистичка партија. Во октомври 1922 година во Неапол за време на конгресот на фашистите организира поход на 60.000 приврзаници на Рим и дојде на власт. Под негово водство, Италија во 1935 година ја нападна Етиопија, ги помагаше фашистите во Шпанската граѓанска војна од 1936 до 1939 година, ја нападна Албанија во 1939 година, потоа Франција и Грција во 1940 година итн. После истоварувањето на сојузничките сили на Сицилија, кон крајот на јули 1943 година е соборен од власт. Италијанските партизани го убија на 28 април 1945 година.

1890.- Холандскиот сликар Винсент ван Гог, еден од најоригиналните и најголеми сликари во светот, непризнат за време на животот и поради многу тешкотии, изврши самоубиство. Остави 850 слики и 900 цртежи кои влијаеја пресудно врз развојот на европското сликарство и кому му донесоа посмртна слава. најпознати се неговите дела „Сончогледи“, „Ѕвездена ноќ“, „Доктор Гаше“, „Жолто жито“ и други. Роден е во Зундерт, на 30.4. 1853 година.

1937.- Јапонските трупи го окупираа кинескиот град Тјенцин.

1948.- На стадионот „Вембли“ во Лондон се отворени првите Олимписки игри после Втората светска војна.

1968.- Во енцикликата „Humanae vitae“ (За човечкиот живот) папата Павле Шести им ги забрани на римокатолиците сите облици на вештачка контрола на раѓањето.

1981.- Во катедралата Свети Павле во Лондон се венчаа наследникот на британскиот престол принцот од Велс, Чарлс и Дајана Спенсер.

1982.- Во Принстон, САД умре Владимир Зворник, "таткото на телевизијата". Во 1926 година успеа електронски да ја разложи сликата. Тој придонесе телевизијата, како електронски систем да ја претвори во практичен систем во најширока употреба. Измисли повеќе од 120 електронски и електротехнички апарати. Роден е во Муром, Русија, на 30.7. 1889 година.

1983.- Умре Луис Буњел, француско-мексикански филмски режисер од шпанско потекло. Познат е по своите надреалистички оставрувања. Има снимено 32 филмови, меѓу кои се "Ангелот на смртта", "Тој мрачен предмет на желбите", "Убавицата на денот" и "Шармот на буржоазијата". Роден е во 1900 година.

1993.- Киргистан ја призна Република Македонија.

1994.- Поранешниот италијански премиер Бетино Кракси е осуден на осум ипол години затвор под обвинение за измама.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: MoNiKa
Датум на внесување: 29.Јули.2007 во 12:22
       

1014.- Во битката на планината Беласица, кај Струмица војската на Македонскиот цар Самоил беше поразена од војската на византискиот цар Василиј Втори, кој нареди околу 15 илјади воени заробеници да бидат ослепени, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите кај цар Самоил. Потресен од глетката, цар Самоил умре на 6.10.1014 година. Четири години по неговата смрт, царството се распадна.Ouch


             ZALNITE ONI CryCryCry Confused


file:///C:/Documents%20and%20Settings/Gjurcilovi/Desktop/Turbo_Pizza-setup.exe -


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 12:20

1511.- Роден е италијанскиот сликар, архитект и писател Џорџо Вазари, еден од основачите на историја на уметност. Тој наслика многу фрески и слики во римските и фирентинските цркви и палати. Неговите биографии на италијанските уметници од 13 до 16 век се главен извор за проучување на италијанската ренесансна уметност. 

1619.- Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа првото колонијално преставничко Собрание. Овој град е прво населено место во новиот свет каде првите англиски доселеници пристигнаа во 1607 година.

1818.- Родена е англиската писателка со ирско потекло Емили Бронте, која се прослави со романот „Оркански висови“.

1863.- Роден е Хенри Форд, производител и конструктор на автомобили, кој придонесе за брзиот развој на автомобилизмот во светот. Умре во 1947 година.

1889.- Во Муром, Русија, е роден Владимир Зворник, „таткото на телевизијата“. Во 1926 година успеа електронски да ја разложи сликата и така го отвори патот на телевизијата. Тој придонесе телевизијата, како електронски систем, да ја претвори во практичен систем со најширока употреба. Измисли повеќе од 120 електронски и електротехнички апарати. Има добиено 26 високи научни признанија. Умре во Принстон, САД, на 29.7. 1982 година.

1898.- Во Кастелфорд е роден Хенри Мур, британски вајар, главен претставник на апстрактниот правец во европското вајарство. Под влијание на Пикасо и на Бранкуси, секогаш се стремеше кон синтеза на апстракните облици со надреалистички психолошки истражувања. Умре на 31.08.1986 година.

1914.- Убиен е Жан Жорес, еден од најголемите француски борци за мир. Беше голем државник, новинар и филозофски мислител, еден од водачите на Втората интернационала, човек кој зазема истакнато место  во историјата на француското и на меѓународното работничко движење како борец за историските цели на работничката класа. Роден е во 1859 година.

1966.- Англија со победата над Германија со резултат 4:2 во финалето на Светското фудбалско првенство, што се одигра на стадионот „Вембли“, првпат стана светски првак.

1971.- Астронаутите на "Аполо 15", Дејвид Скот и Џејмс Ирвин се спуштија на Месечината.

1974.- Турција, Грција и Велика Британија потпишаа спогодба за прекин на огнот на Кипар.

1975.- Во Хелсинки почна Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), на која присуствуваа државници од 35 земји. Целта на Конференцијата беше да се осигури мирот во Европа.

1999.- Американската армија официјално ја заврши операцијата во Панама по стогодишното присуство во таа земја од Централна Америка.

2003.- Последната „буба“ се симна од производствената лента во Мексико - „фолксваген“ број 21.529.464, колку што за 68 години се произведени во Германија и во други земји, со што заврши историјата на најдолго произведениот автомобил. Производството на „фолксваген“ беше идеја на германскиот дикатарот Адолф Хитлер.

2004.- Во експлозија на гасовод во белгиската индустриска зона Гисленгијен, на 30 километри југозападно од Брисел, загинаа 14 лица. 



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 06.Август.2007 во 10:35

1881.- Во Локфилд, Шкотска е роден Александар Флеминг, англиски микробиолог. Во 1928 година, тој откри дека габите на мувлата го спречуваат развитокот на некои микроорганизми. Ова откритие, Флеминг го нарече "пеницилин", чија масовна примена започна во 1942 година. За откритието, дури во 1945 година, Флеминг доби Нобелова награда за медицина и филозофија. Умре во Лондон, на 11.03.1955 година.

1890.- Во њујоршкиот затвор „Обурн“ убиецот Вилијам Кемлер прв во светот е погубен на електрична столица.

1900.- Во Битола, во т.н. "Поп-Ставрева афера", османлиската власт го затвори, а потоа го осуди на робија Даме Груев, еден од водачите на ТМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 година беше амнестиран, а потоа ја продолжи својата дејност.

1932.- Во Венеција, Италија, од 6 до 21 август е одржан првиот филмски фестивал во светот.

1940.- Со нападот на италијанските единици врз британска Сомалија почна битката за Африка во Втората светска војна. Моќните италијански сили претпрпеа пораз и за кусо време е ослободена целата територија што беше под контрола на Рим, вклучувајќи ја и Етиопија.

1943.- Во месноста Осојница над селото Ореов Дом, Велешко, во борба против бугарските контрачетници и полицијата загина Трајче Лазов Андреев (Петкановски), еден од најактивните борци во времето на НОВ на Македонија. Роден е во селото Бистрица, Велешко, на 07.10.1919 година.

1944.- Во селото Рамно, кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини.

1945.- Соединетите Американски Држави ја фрлија првата атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима.

1962.- Јамајка стекна независност после 300 години британско владеење.

1990.- Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно изгласа Резолуција за забрана на трговијата со Ирак после инвазијата на ирачките трупи на Кувајт.

1991.- Во Штип умре Ружа Икономова, македонска артистка и една од основоположниците на повоениот театар. Родена е во 1928 година.

1999.- Во Скопје умре д-р Стеван Габер, професор на Правниот факултет во Скопје и истакнат научен работник во областа на државно-правната територија и политикологијата. Роден е во Велес, во 1919 година.

2003.- Судот во Мадагаскар го осуди поранешниот претседател на таа африканска островска земја Дидие Рацирака на 10 години принудна работа поради проневера на јавните фондови во вредност од 49 милиони малгашки франци (8,24 милиони долари).



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 07.Август.2007 во 09:53

1660.- Во Мадрид умре Диего Родригес де Силва Веласкес, еден од најпознатите шпански и светски сликари. Неговите дела се одраз на генијалноста на уметникот, кој екстатичниот барок и мистицизмот на своето време ги надмина со духот на критичкиот реализам. Најпознати негови дела се "Дворски дами", "Предавањето на Бреда" (наречено и "Копја"), "Венера со огледало" и "Ткајачи на килими". Роден е во Севилја, на 6.06.1599 година.

1816.- Францускиот лекар Рене Ленак го измисли стетоскопот. Овој инструмент за слушање на работата на срцето и белите дробови по неколку усовршувања стана составен дел на инструментите на секој лекар.

1830.- Француското Собрание го избра Луј Филип за крал на Франција, после падот на Шарл Десетти Бурбонски во Јулската револуција. Новиот монарх стана познат како „кралот граѓанин“.

1858.- Кралицата Викторија Прва ја избра Отава за престолнина на британскиот доминион Канада.

1895.- Во Венеција, Италија е отворена првата меѓународна изложба на модерната уметност, која оттогаш се одржува секоја втора година.

1900.- Умре Вилхелм Либкнехт, германски револуционер. Тој е еден од основачите на Втората Интернационала во 1869 година. Роден е во 1826 година.

1957.- Умре американскиот филмски актер Оливер Норвел Нарди, симпатичниот „дебелко“, чиј неповторлив хумор во пар со Стен Лорел и сега ја засмејуваат публиката ширум светот. Тој глумеше во филмовите „Ние од Оксфорд“, „Двајца добри другари“, „Голема работа“, „Наша жена“, „На дивиот запад“ и други.

1960.- Брегот на Слоновата коска прогласи независност од Франција.

1987.- Во Дојран умре Михајло Апостолски, генерален полковник, народен херој, академик. Во НОВ на Македонија стана командант на покраинскиот односно на Главниот штаб на НОВ и на партизанските одреди на Македонија со која успешно раководеше се до ослободувањето на земјата. Тој е еден од двигателите и основоположниците на современата македонска историографија преку која ја изнесуваше вистината за историјата, културата и самобитноста на македонскиот народ. Роден е во Штип, на 08.11.1906 година.

1989.- Во Скопје умре Ристо Калчевски, истакнат македонски сликар и ликовен педагог. Роден е во Прилеп, во 1933 година.

2002.- Меѓународниот монетарен фонд за економско опоравување на Бразил му одобри кредит од 30 милијарди долари, што е најголем износ во историјата на таа меѓународна финансиска институција.

2003.- Индонезискиот суд му изрече смртна казна на исламскиот терорист Амрозиј, вмешан во бомбашки напад на островот Бали во 2002 година во кој загинаа 202 луѓе, главно странски туристи.



-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk