IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2008 во 10:54

1504.- Умре шпанската кралица Исабела I Католичка, кралица на Кастиља од 1474 година. Со стапувањето во брак со Фернанд II Арагонски во 1479 година ги соедини Кастиља и Арагон и ја создаде Шпанија. Во настојувањето да ја засилат римокатоличката црква и монархијата во 1480 година го втемелија судот на инквизиција. Борбите со Маварите победоносно ги завршија во 1492 година, протерувајќи ги од јужната шпанска покраина Гранада. Истата година ја опремија експедицијата на Крисифор Колумбо која ја откри Америка, а во 1503 година од Франција го презедоа Наполското кралство.

1648.- Папата Инохентие X го осуди Вестфалскиот мир со кој еден месец порано заврши Триесетгодишната војна.

1703.- Во дводневната „Голема луња“ во јужна Англија загинаа најмалку 8.000 луѓе.

1812.- Француската војска предводена од Наполеон Бонапарта претрпе тешки загуби при повлекувањето од Москва преку Березин.

1855.- Умре полскиот писател Адам Мицкијевич, најголем полски романтичар, чии дела се одликуваат со исклучително богат и сликовит јазик. Умре во Турција каде дојде за време на Кримската војна со намера да формира полска заедница за борба против Русија. Познати дела: збирка песни „Балади и романси“, „Кримски сонети“, еповите „Гражина“, „Конрад Валенрод“ и други.

1857.- Во Мелбурн, Австралија, е отворено Заседанието на првиот австралиски парламент.

1888.- Во Сен Луис, Мисури, САД, е роден Томас Стерн Елиот, американско-англиски писател, критичар и есеист. Меѓу познатите негови дела се „Пруфрок и други опсервации“, „Пуста земја“, „Шупливи  луѓе“, „Четири квартети“, „Убиство во катедралата“, „Семеен собир“ и други. Во 1948 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Лондон, на 4 јануари 1965 година.

1907.- Заради постојаното прогонство од страна на полицијата Владимир Илич Ленин беше принуден да ја напушти Русија.

1914.- Во експлозијата на британскиот воен брод „Булворк“ во Првата светска војна, во моментот кога во него се внесуваше муницијата, преживеаја само 12 од 750 членови на екипажот.

1917.- Советската влада во Првата светска војна се обрати до сите завојувани држави предлагајќи им мир без анексија и контрибуција.

1922.- Отворена е гробницата на фараонот Тутанкамон, која ја откри англискиот археолог Хауард Картер.

1924.- На Третиот вонреден конгрес на Социјалистичката партија на Грција учествуваше и македонскиот револуционер Трифун Хаџијанев и тоа како делегат на воденската организација. На овој конгрес грчката партија ги прифати решенијата на Коминтерната за правото на самоопределување, а во таа смисла и за правото на македонскиот народ за создавање сопствена држава.

1939.- Со напад на советската армија почна Советско-финската војна. Во октомври 1939 година, Советскиот Сојуз постави силни гарнизони во Литванија, Летонија и во Естонија, а од Финска побара дел од територијата за воена одбрана на Ленинград (Санкт Петербург) и заштита на мурманските пруги. Бидејќи владата во Хелсинки барањето го одби, советската армија продре во Финска, а со пробивот на фронтот, на 12 март 1940 година потпишан е мир со кој Советскиот сојуз ги доби бараните области.

1940.- На Хитлерова заповед е создадено варшавското гето во кое есесовците протераа околу половина милион Евреи не само од Варшава, туку и од други градови во Полска, па дури и од Германија. Десетици илјади луѓе умираа од глад и од болести. Повеќе од 310.000 Евреи оттаму беа испратени во логорите на смртта, каде што беа убиени во гасни комори.

1942.- Во Бихаќ, во Втората светска војна, е основано Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија. На Заседанието 54 делегати го избраа Извршниот одбор - АВНОЈ на чело со д-р Иван Лола Рабар. Тоа беше некаков вид на влада на ослободените територии до Второто заседание на АВНОЈ во Јајце 1943 година, кога е избран Националниот комитет.

1949.- Индија го прифати уставот со кој таа се организира како федерална република во рамките на британскиот Комонвелт.

1952.- Умре шведскиот истражувач и патописец Севен Андерс Хедин, кој ја предводеше експедицијата во Таримската котлина, Синканг, на Тибет, во Монголија и во подрачјето на Хималаите. Дела „Низ азиските пустини“, „Во срцето на Азија„, „Јужен Тибет“, „Трансхималаи“, „По копно во Индија“, „На големата пловидба“.

1965.- Франција го лансираше својот прв вештачки сателит.

1966.- Во Рогдаел, Австралија, е формирано Македонското КУД „Илинден“.

1967.- Во поплавите во централна Португалија загинаа најмалку 250 луѓе.

1968. - Умре германскиот писател Арнолд Цвајг, чии дела врз основа на искуството стекнато во Првата светска војна се полни со антимилитаризам, со горка иронија и со критичка анализа на општествените односи. Дела: романи „Случај на наредникот Гриш“, „Младите жени во 1914 година“, „Верденско воспитување“, лирската проза „Новели за Клаудиј“.

1968.- Во Њујорк умре Антон Синклер, северноамерикански писател и публицист, борец за социјални права и мир во светот. Меѓу најпознатите негови дела се "Џунгла", "Џими Хигинс", "Крај на светот" и други. Роден е на 20 септември 1878 година.

1970.- Еден боливиски сликар, облечен како свештеник, се обиде во Манила, главниот град на Филипини, да го убие папата Павле VI, но не успеа.

1978.- Муслиманските верски лидери и политичари кои настојуваа да го симнат шахот Реза Пахвали прогласија генерален штрајк со кој Иран беше парализиран.

1979.- Падот на пакистанскиот „боинг 707“ во Саудиска Арабија не го преживеа никој од 156 патници и членови на екипажот.

1983.- Умре Евгени Савов, судија на Врховниот суд на Македонија и долгогодишен соработник на весникот "Нова Македонија". Подолго од две и пол децении ја уредуваше рубриката "Правен советник", преку која весникот "Нова Македонија" директно кореспондираше со илјадници читатели во Македонија, давајќи им потребни советни и упатства.

1985.- Во Загреб умре Јоаким Марушиќ, хрватски телевизиски режисер, автор на голем број ТВ-серии, ТВ-драми и радио-драми. Роден е во Сплит, на 26 август 1937 година.

1986.- Иранската ракета која падна во ирачкиот главен град Багдад уби 48 цивили.

1987.- Тајфун усмрти 270 Филипинци и разруши околу 14.000 куќи.

1986.- Во Скопје излезе првиот број на додатокот за литература, идеи и култура на весникот "Нова Македонија" - "ЛИК".

1990.- Советот за безбедност на Обединетите нации го одобри мировниот план за Камбоџа.

1991.- Беше пуштен во употреба автопатот Титов Велес - Градско.

1993.- Првиот генеарлен штрајк во Белгија после половина век го парализира стопанството и сообраќајот со што ја принуди владата на преговори со синдикатот.

1998.- Во заедничката декларација во текот на посетата на кинескиот претседател Џанг Цемин стои дека кај Јапонија предизвика „длабоко покајување“, поради акциите што ги презеде во Кина во Втората светска војна.

2000.- Рупубликанецот Џорџ Буш Јуниор по повеќе од 20 дена по претседателските избори во САД е прогласен за победник во Флорида. Ова мачно натегање настана поради пребројување на гласовите во Флорида кое беше прекинато врз основа на судска одлука. Електронските гласови од Флорида (25) пресудно влијаеја за кандидатот на Републиканската партија на Буш да биде прогласен за претседател на САД.

2006.- Швајцарците на референдум одлучија да им дадат економска помош на најновите членки на Европската унија во висина од 620 милини евра со што продолжи блиската соработка на оваа земја со ЕУ. Повеќето граѓани со право на глас го поддржаа предлогот, а истиот најголема поддршка доби во градовите на француското говорно подрачје. Две години порано членки на Унијата станаа Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка и Словенија.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 13:27

- Меѓународен ден против потрошувачка грозница.

8.п.н.е.- Умре римскиот литерат Хорације, најголем римски лирски поет, кој повеќе од кој било грчки или римски поет се одликува со разноликиот поетски израз. Дела: „Сатири“, „Песни“ или „Оди“, „Писма“.

1570.- Умре италијанскиот архитект и вајар Јакопо Сансовино, мајстор на перцепција и совршени хармонизирани конструкции и декори. Ги изработил статуите „Нептун“ и „Марс“ на скалилата на Дуждевата палата и рељефот во мермер во ложата на црквата „Свети Марко“.

1701. - Во Упсала е роден Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном. Тој ја воведе поделбата на 100 степени на термометарската скала - Целзиусова скала. Во 1736 година учествуваше во експедицијата која ги измери лаковите на меридијаните, прв го забележа дејството на поларната светлина врз магнетна игла и со сопствени средства ја изгради опсерваторијата во родниот град Упсала. Умре на 25 април 1744 година.

1874.- Роден е израелскиот државник и хемичар Хаим Азриел Вајцман, пронаоѓач на синтетичкиот ацетон. Беше прв претседател на Израел од 1948 до смртта во 1952 година. Вајцман беше директор на Лабораторија во Британија од 1916 до 1919, претседател на Светската ционистичка организација од 1920 до 1931 и на Еврејската агенција од 1929 до 1931 и од 1935 до 1946 година.

1879.- Француското собрание е преместено од Версај во Париз.

1895.- Умре францускиот писател Александар Дима Син, кој ги удри темелите на театарските драми. Напиша 16 драмски парчиња, вклучувајќи ја и драматизацијата на романот „Дамата со камелии“. Останати дела: „Незаконски син“, „Дениза“, „Господин Алфонс“, „Полусвет“.

1895. - Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. "Наградите треба да се делат без оглед на националноста", пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум.

1919. - По Првата светска војна, во која учествуваше на страната на Оската, Бугарија потпиша мир (Нејски мировен договор, потпишан во Неј на Сена) врз основа на кој Добруџа и припадна на Романија, приморјето на Тракија на Грција, а градовите Струмица, Благоевград и Цариброд на Кралството СХС.

1921.- Роден е чехословачкиот државник од словачко потекло Александер Дубчек, водач на реформското движење во Чехословачка кон крајот на шеесетите години на 20. век, познато како „Прашка пролет“. Во Втората светска војна во 1944 година учествуваше во словачкото народно востание. Од 1963 година беше на чело на Комунистичката партија на Словачка, а во јануари 1968 година беше избран за генерален секретар на Централниот комитет КПЦЦ наместо Антоњин Новотни. Во декември 1969 година беше наименуван за амбасадор во Турција, но во 1970 година беше отповикан и потоа две децении помина во потполна политичка изолација. По падот на комунистичкиот режим во 1989 година, Александер Дубчек е избран за претседател на чехолсовачкото собрание.

1926. - Ахмет Бег Зогу во Тирана потпиша пакт со Мусолини за зајакнување на својот реакционен феудален режим во Албанија.

1940.- Нацистичка Германија ги анектираше во Втората светска војна (и формално) француските покраини Лорен (Лотарингија) и Алзас.

1940.- Во Романија профашистичката „Железна гарда“ уби повеќе од 60 соработници на пребеганиот крал Карол II, вклучувајќи го и поранешниот премиер Никол Јорг.

1941.- Сојузниците ја зазедоа покраината Гондар во Етиопија. Така е скршен и последниот отпор на италијанските сили во Источна Африка, Еритреја, Етиопија и Сомалија беа ослободени.

1942.- Роден е американскиот рок пејач, гитарист и пишувач на песни од африканско потекло Џими Хендрикс, еден од најпопуларните музичари во светот во шеесетите години на 20. век. Умре во 1970 година од предозирање со дрога.

1942. - Француската морнарица потопи поголем дел од својата воена флота во Тулонското пристаниште за да не падне во рацете на нацистите.

1944.- Во селото Горобинци, Светиниколско, е осветен и поставен камен-темелникот на новата црква „Свети Спас“.

1946. - Солунскиот партиски весник "Лаки Фони" објави список на околу 100 лица од Леринско и од Воденско (претежно Македонци), кои беа интернирани на егејските острови.

1953.- Умре американскиот писател Јуџин Гледстон О`Нил, творец на модерната американска драма, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1936 година. Дела: „Зад хоризонтот“, „Ана Кристи“, „Сите божји деца имаат крилја“, „Големиот бог Браун“, „Цар Џонс“, „Второ патување во Европа“.

1955. - Во Париз умре Артур Хонегер, француски композитор од швајцарско потекло, еден од најистакнатите полифоничари во современата француска музика. И припаѓаше на композиторската група "Шестмина". Роден е на 11 март 1892 година.

1961.- Советскиот Сојуз предложи неодложна забрана на нуклеарните проби без меѓународна контрола.

1982. - Лидерите на 31 африканска земја, на состанокот во Триполи, ги осудија Соединетите Американски Држави поради нивната "економска, воена и нуклеарна соработка со Јужноафриканската Република".

1983.- При падот на колумбискиот авион „боинг 747“ во близина на мадритскиот аеродром „Барахас“ загинаа 181 патник и еден член на екипажот.

1989.- Во воздушната експлозија на колумбискиот авион „боинг 727“, судејќи по се, предизвикана од подметната бомба, загинаа сите 107 патници и членови на екипажот.

1990.- Министерот за финансии Џон Мејџор е избран за премиер и шеф на Конзервативната партија на Велика Британија, по оставката на Маргарет Тачер.

1993.- Во Крањ, во Словенија, во Основното училиште „Франце Прешерн“ почна наставата на македонски јазик за македонски деца од предучилишна до средношколска возраст, државјани на Република Словенија.

1995.- Во Женева, на Генералното собрание на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Црвениот крст на Македонија е примен за рамноправен член на оваа асоцијација.

1996.- Во Скопје умре проф. д-р Димко Кепески, еден од основачите на Клиниката за ортопедски болести во Скопје. Роден е во Прилеп, на 14 септември 1918 година.

1996.- Во експлозија на гас во рудник за јаглен во кинеската провинција Шанси загинаа најмалку 91 рудар.

1997.- Во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија.

2000.- Во западна Норвешка е пуштен во употреба тунелот Лердал, кој со должина од 16,9 километри го надмина Свети Готхард, дотогаш најдолгиот друмски тунел во светот.

2001.- НАСА соопшти дека вселенскиот телескоп „Хабл“ откри атмосфера на една планета 150 милиони светлосни години од Земјата, што претставува прво директно откритие на атмосфера надвор од нашиот Сончев систем.

2005.- Во експлозија на рудник за јаглен во покраината Хелионџианг, во североисточна Кина, загинаа 183 рудари.

2005.- Доктори во Франција први во светот изведоа делумна трансплантација на лице врз пациентка на која и беше изобличено лицето од напад на куче.

2006.- При пад на ирански воен авион загинаа 36 лица. Две лица ја преживеаја несреќата на авионот „Антонов 74“ кој требаше да лета за Шираз, илјада километри јужно од иранската престолнина. Авионските несреќи се многу чести во Иран. Во јануари истата година во северозападниот дел на Иран се урна воен авион „Фалкон“, усмртувајќи 11 лица, а во декември авион се урна врз зграда во Техеран, при што загинаа 115 лица.

2006.- Собранието на Канада одлучи да ја признае франкофонската покраина Квебек  како посебна нација внатре во Канада. Со оваа одлука кончено е признаена јазичната и културна посебност на Квебек. Сепаратизмот во оваа провинција, која е една од четирите кои во 1867 се обединија и ја основаа Канада, предизвикуваше повеќе пати сериозна криза, па дури и воспоставување на вонредна состојба.

Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 14:33
1940 - Роден Брус Лихерој
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 13:20

- Меѓународен ден на солидарноста со палестинскиот народ

1314.- Умре францускиот крал Филип IV Убавиот, кој во 1306 година од Франција ги протера сите Евреи и им го конфискуваше имотот. Во судирот за превласт го надмина папата Бонифаци VIII и ја пренесе папската столица во Авињон. Заради зајакнување на позицијата во борбата против ватиканските к*рии, во 1302 година првпат во историјата на Франција свика Собрание на трите сталежи со што граѓанскиот сталеж почна да учествува во политичкиот живот на земјата.

1516.- Во Венеција умре италијанскиот сликар Џовани Белини. Наслика многу композиции и портрети. Им беше  учител на Џорџоне и Тицијан. Тој е еден од создавачите на таканаречената Венцијанска ренесанса. Роден е во Венеција, во 1426 година.  

1543.- Умре германскиот сликар Ханс Холбајн Младиот, еден од најзначајните светски портретисти. Посебно место заземаат портретите од англиското аристократско друштво, изработени со креда во кралскиот дворец во Виндзор, каде беше дворски сликар на кралот Хенри VIII.

1643.- Во Венеција умре Клаудио Монтеверди, еден од најистаканатите италијански оперски композитори од епохата на барокот. Роден е во Кремона, на 4 декември 1567 година.

1780.- Умре австриската царица, чешка и унгарска кралица Марија Терезија, која во текот на владеењето од 1740 до нејзината смрт ги спроведе реформите во духот на просветниот апсолутизам, но вршеше и германизација и насилно покатоличување.

1797. - Во Бергамо е роден Гаетано Доницети, италијански оперски композитор, романтичар, творец на лесна и убава музика, полна со драмска динамика. Негови познати дела се: "Ќерката на полкот", "Дон Пасквале", "Лучија ди Ламермур" и "Љубовна напивка". Умре во Бергамо, на 8 април 1848 година.

1864.- Во Сенд Крик во американската држава Колорадо единицата на полковникот Џон Чивингтон масакрира најмалку 400 Чеени и Апачи, кои се предадоа и им беше ветена заштита на местото каде се населија.

1890.- Отворено е заседанието на првото јапонско собрание.

1895.- Роден е американскиот филмски режисер и кореограф Вилијам Беркли Инос, познат како Базби Беркли, кој го втемели принципот на мјузиклот како филмски жанр. Филмови: „Копачи на злато 1933“, „Холивудски хотел“, “Бебе на Бродвеј“, „42. улица“, „Римски скандали“.

1902.- Роден е италијанскиот писател Карло Леви, автор на романот „Христос застана во Еболија“, во кој го опишува тешкиот живот на италијанските селани за време на фашизмот. Во тоа време беше интерниран на југот на Италија.

1924.- Умре италијанскиот композитор Џакомо Пучини. Неговите опери се одликуваат со силни емоции, патетичност и сентименталност. Дела: операта „Боеми“, „Тоска“, „Мадам Батерфлај“, „Турандот“, „Манон Леско“, „Девојката од Запад“, „Џани Скики“.

1926. - Во Тетово е пуштена во редовно производство хидроелектраната "Пена", прв и најстар хидроенергетски објект во Македонија. Изградена е во периодот од 1924 до септември 1926 година. Инвеститор беше Тетовското индустриско акционерско друштво формирано на иницијатива на Михајлович, руски емигрант кој живееел во Тетово.

1932.- Роден е францускиот државник Жак Рене Ширак, премиер од 1974 до 1976 и повторно во 1986, а претседател на Франција од 1995 до 2007 година.

1943. - Во Јајце почна Второто заседание на АВНОЈ. Беше основан Националниот комитет за ослободување на Југославија. Декларативно беше одлучено „Југославија да се изгради на демократски федеративен принцип како заедница на рамноправни народи“, а на кралската влада која пребегна  и беше забрането враќање во земјата.

1943.- Народноослободителниот комитет на селото Сливово, Охридско, ја изрече првата пресуда. Воедно тоа е и првата пресуда што ја изрекоа органите на народната власт во НОВ на територијата на Македонија. Сослушувањето и пресудата ја изрече Танаско Трајковски, а се однесуваше за разрешување на имотните односи меѓу тројца селани. Странките се согласија со донесената пресуда.

1945.- Во Југославија беше укината монархијата и сите права на кралот Петар II Караѓорѓевиќ.

1947.- Генералното собрание на Обединетите нации изгласа поделба на Палестина, на еврејски и палестински дел. Ерусалим беше под контрола на Светската организација, а тоа во 1948 година овозможи создавање на државата Израел.

1949.- Во Скопје, на платото пред некогашната Женска гимназија е откриен Споменикот на паднатите борци во НОВ на Македонија. Изработен е во бронза, а е дело на хрватскиот скулптор Иван Мирковиќ.

1953. - Во Велес почна со работа фабриката за порцелан и керамички плочки "Борис Кидрич".

1958. - Скопје и некои други градови од Македонија имаа можност со добар прием да ја гледаат Италијанската телевизија.

1962. - Велика Британија и Франција потпишаа спогодба за изработка на суперсоничен авион од типот "Конкорд".

1973.- Во пожар во стоковна куќа во јапонскиот град Кумамото загинаа повеќе од 100 луѓе.

1973. - Во Маврови Анови е формирано Здружението на радиостаниците во Република Македонија.

1981.- Умре американската филмска глумица Натали Вуд, која стана филмска ѕвезда уште како дете („Чудо на 34. улица“). Останати филмови: „Бунтовник без причина“, „Сјај во трева“, „Трагачи“, „Приказна од западната страна“.

1987.- Јужнокорејски авион со 115 патници и членови на екипажот се урна врз Бурма. Во Бахреин потоа беше уапсена жена која призна дека е севернокорејски агент и дека го поставила експлозивот во авионот по наредба на нејзината влада со цел да се спречи одржувањето на Олимписките игри во Сеул во 1988 година.

1990.- Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуцијата за употреба на сите мерки за истерување на Ирачаните од Кувајт доколку ирачките трупи не се повлечат до 15 јануари 1991 година.

1991.- Д-р Ксенте Богоев е избран за нов претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

2001. - Умре англискиот музичар Џорџ Харисон, поранешен член на „Битлси“, легендарната четворка од Ливерпул. Иако беше во сенка на тандемот Џон Ленон и Пол Макартни, значително придонесе во опусот на музичката група и создаде повеќе незаборавни песни.

2003.- Во Велика Британија му беше одобрен политичкиот азил на водачот на чеченските исламски терористи Ахмед Закајев.

2006.- Во Рига на самитот на шефови на држави на земјите-членки на НАТО е постигнат договор за прием на Србија во Партнерство за мир.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 12:30

1508.- Роден е италијанскиот архитект Андреа Паладио. Тој разви модерен стил засновен врз класичните принципи на римското градежништво и е еден од најзначајните претставници на доцната ренесанса. Се одликува со извонредна смисла за монументално и функционално градење. Градел цркви, палати, вили, воени објекти, паркови и други урбанистички целини, а најповеќе во Винченца и во Венеција, вклучувајќи ја и прочуената вила Ротонд кај Винченце и црквата Ротендор во Венеција. Теориските ставови ги објавил во делото „Четири книги за архитектурата“.

1667. - Во Даблин е роден Џонатан Свифт, најголем англиски сатиричар еден од најостроумните критичари на човековата природа и општествените процеси. Негови познати дела се романот "Гуливеровите патувања", "Битка на книги" и "Приказна за бурето". Умре во Даблин, на 19 октомри 1745 година.

1694.- Умре италијанскиот лекар и ботаничар Марчело Малпиги, творец на микроскопската анатомија.

1718.- Загина шведскиот крал Карл XII при опсадата на Фредрикш на почетокот на шведската инвазија на Норвешка. Во текот на владеењето од 1697 година се посвети главно на војувањето.

1835. - Роден е Марк Твен, голем американски хуморист, новинар и предавач. Неговото книжевно дело е големо. Меѓу најдобрите дела се оние со тематика од животот крај реката Мисисипи и на нејзините брегови. Негови најпреведувани дела се: "Доживувањата на Том Соер", "Доживувањата на Хаклбери Фин" и "Животот на Мисисипи". Умре на 21 април 1910 година.

1838.- Мексико и објави војна на Франција која три дена порано го окупира градот Вера Круз.

1853.- Русија во Кримската војна ја уништи турската флота пред црноморското пристаниште Синопе.

1872.- Во Глазгов е одигран првиот меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Англија и Шкотска, кој заврши со резултат 0:0.

1874. - Роден е Винстон Леонард Спенсер Черчил, британски државник и писател. Како офицер се бореше од 1897 до 1898 година во колониите (Индија, Судан), потоа стана државен потсекретар на колониите, министер за трговија и за внатрешни работи и прв лорд на Адмиралитетот. Во најтешките денови за Англија, во Втората светска војна, беше претседател на владата и водач на Конзервативната партија. Заедно со Сталин и Рузвелт даде решавачки придонес за победата над фашизмот и над силите на Оската. Негови познати дека се: "Втората светска војна", "Моето африканско патување", "Историја на светската војна", и други. Во 1953 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на 24 октомври 1965 година.

1894. - Македонскиот револуционер Гоце Делчев (лично од Даме Груев) е примен за член на ВМРО.

1900. - Во Париз умре Оскар Вајлд, ирски писател. Со своето пишување ги скрши викторијанските општествени конвенции. Негови најпознати дела се комедијата "Ладалото на Леди Виндермаер", "Важно е да се викаш Ернест", "Идеален маж" и романот "Сликата на Доријан Греј". Роден е во Даблин на 15 октомври 1854 година.

1939.- Стрелан е унгарскиот револуционер Бела Кун, водач на Унгарската револуција во 1919 година.

1939.- Повеќе од 20 советски дивизии го започнаа нападот врз Финска „змиска војна“, кој заврши со мировен договор во март 1940 година. Со мировниот договор Финска беше принудена да се откаже од градот Виборг.

1955.- Во Белград умре Јосип Славенски хрватски композитор. Најпознати дела од неговиот богат опус се „Песна на мојата мајка“, „Словенска соната“, „Симфонија на ориентот“ и други. Роден е во Чаковец, на 11 мај 1896 година.

1957.- Умре италијанскиот оперски пејач Бењамино Ѓиљи, еден од најголемите тенори на 20. век. Тој блескаше во оперите на италијанските и француските композитори, а исто така играше и во многу филмови.

1966. - Барбадос, еден од островите на Малите Антили, кој 300 години беше британска колонија, прогласи независност.

1971.- Советската автоматска станица „Марс-2“ влезе во орбитата околу Марс и на неговата површина спушти посебна капсула со советско знаме.

1975.- Африканската земја Дахомеј го промени името во Бенин. До 1960 година беше составен дел на Француска Западна Африка, а потоа стана незавизна.

1986.- Умре американскиот филмски глумец од англиско потекло Кери Гранд, кој се истакна како блескав комичар во комедиите на Хаурад Хокс, но и како толкувач на карактерни улоги во филмовите на Алфред Хичкок. Филмови: „Страотна вистина“, „Само ангелите имаат крилја“, „Филаделфиска приказна“, „Арсеник и старите чипки“, „Осомничен“, „Ден и ноќ“, „Мајмунски работи“, „Север-северозапад“.

1989.- Терористи го убија западногерманскиот банкар Алфред Херхаузен.

1996.- Владата и бунтовниците во африканската земја Сиера Леоне потпишаа договор за крај на шестгодишната граѓанска војна.

1998.- Собранието на Република Македонија ја избра новата Влада на Република Македонија на чело со премиерот Љубчо Георгиевски.

1999.- Во морето покрај источниот брег во Кина потона патнички брод. На бродот се наоѓаа 302 патника (вклучувајќи го екипажот), а несреќата ја преживеаја само 22 лица.

2000.- Претседателот на Собранието на Република Македонија Саво Климовски поднесе оставка на оваа функција, а за претседател на Собранието на Република Македонија е избран Стојан Андов.

2002.- Турција после 15 години ја укина вонредната состојба во југоситочниот дел на земјата, каде во текот на к*рдската буна загинаа најмалку 30.000 луѓе, меѓу кои голем број цивили.

2004.- Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Бенин и Буркина Фасо.

2004.- Умре Џон Д. Баримур, американски актер. И припаѓаше на актерската династија Баримур. Роден е во Беверли Хилс, на 4 јуни 1932 година.

2007.- При падот на патничкиот авион на приватната турска компаија „Атлас Џетер“ загинаа 56 патници од кои седуммина беа членови на екипажот. Авионот се урна во планините во близина на градот Испарт, околу 150 километри северно од познатиот туристички центар Анталија, на југот на Турција. Авионот полета од Истанбул а исчезна од радарските екрани непосредно пред слетувањето на аеродромот „Сулејман Демирел“ во Испарт. 

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 11:26

- Светски ден на борба против сидата

- Национален празник на Романија

1135.- Умре англискиот крал Хенри I, младиот син на Вилијам I Освојучот. Во текот на владеењето од 1100 година, ја зацврсти кралската власт, а во 1106 година ја освои Нормандија и ја припои кон Англија.

1455.- Умре италијанскиот вајар Лоренцо Гиберти, познат по изработката на вратите на крстителната катедрала во Фиренца. На конк*рсот во 1401 година во силна конк*ренција му е доверена изработката на други врати во црквата, кои ги заврши во 1424 година, а од 1425 до 1453 година ја изработи третата врата, наречена „врата на рајот“, кај која на нов начин го реши проблемот со просторот. Изработи и повеќе кипови во Фиренца и Сиена, вклучувајќи го и релјефот за катедралата во Сиена, работен од 1417 до 1427 година, а неговите „Commentarii“  се документ од голема вредност за изучување на италијанското сликарство.

1516. - Во Рим, умре Џовани Белини Џамболино, голем италијански сликар, најзначаен од тројцата браќа (Јакопо, Џентиле, Џовани) Белини од Венеција. Сликаше композиции, портрети, им беше учител на Џорџене и Тицијан и е еден од основачите на Венецијанската сликарска школа во италијанската ренесанса. Роден е во 1430 година.

1603. - Во Лондон умре Вилијам Гилберт, англиски научник-лекар и физичар. Особено се занимаваше со испитувањето на магнезиумот и електрицитетот и воведе повеќе поими и изрази за магнетите и за електричните големини. Неговото класично дело "Де магнете" (1600) претставува прво големо научно дело објавено во Англија. Називот "Гилберт" е даден на единицата на магнетомоторните сили. Роден е во 1540 година.

1640.- Португалија по востанието со кое е отфрлена шпанската власт повторно се стекна со независност, а две недели подоцна војводата од Браганц е крунисан за португалски крал под името Жоао IV. Шпанија независноста на Португалија ја призна дури во 1668 година.

1813. - Русија, Прусија и Австрија се согласија да извршат инвазија врз Франција, бидејќи Наполеон одговори неодредено на мировните услови на сојузниците.

1821.- Независност од Шпанија прогласи и Доминиканската Република, теритотија која го зафаќа источниот дел од карипскиот остров Хаити, тогаш познат како Хиспањола.

1822.- Основачот на бразилското царство Дом Педро е крунисан за цар на Бразил под името Педро I. По потекло му припаѓаше на португалското кралско семејство Браганц.

1825.- Умре рускиот цар Александар I Петрович Романов. По стапувањето на престолот во 1801 година започна со серијата либерални реформи, а во текот на владеењето Русија значитело се прошири територијално.

1885.- Во Викли, Франција, е роден Алберт Лондрес, француски писател и новинар, еден од најпознатите воени известувачи. Соработуваше во весниците „Матину“, „Петтиот журнал“, „Ексцејлор“, „Квотидиен“, „Петтиот Паризиен“ и во други весници. Беше известувач од Првата балканска војна и од Првата светска војна. Како новинар напиша повеќе од 800 написи од сите области.

1891.- Во Палешник е роден Славко Колар, хрватски писател. Пишуваше раскази, новели, сатирична проза, хуморески, драми и комедии. Од делата познати му се „Назад во нафталин“, „Седуммина во подрум“, „На своето тело господар“ и други. Умре во Загреб, на 15 септември 1963 година.

1896.- Роден е Георгиј Константинович Жуков, маршал на Советскиот Сојуз, истакнат војсководец во Втората светска војна. Раководеше со скршувањето на германската офанзива на Москва, ги водеше битките кај Волгоград (тогаш Сталинград) и Санкт Петербург (тогаш Ленинград), а трупите под неговата команда го зазедоа и Берлин, во мај 1945 година. Напиша мемоари под наслов „Спомени и размислувања“. Умре во Москва, на 18 јуни 1974 година.

1906.- Во Париз е отворено киното „Omnija Pate“, во светот прва сала наменски изработена за прикажување филмови.

1918. - Во градот Алба Јулија, народот од Трансилванија, претставен од делегации од сите места, прокламира обединување на Трансилванија со Романија. Со овој историски акт е заокружен процесот на националното обединување на романскиот народ, започнат истата година, кога романските провинции Бесарабија и Буковина, кои беа под странска доминација, во март односно во ноември, се приклучија кон матичната земја.

1918.- Со одлука на данското собраие Исланд се стекна со независност.

1918.- Во Белград регентот Александар Караѓорѓевиќ го прогласи обединувањето и создавањето на Кралството на Срби, Хрвати и Словенци.

1934.- Во Ленинград е убиен членот на Политбирото и сректар на Централниот комитет на Советската комунистичка партија Сергеј Миронович Киров. По убиството на Киров, Сталин започна со бранот чистки и до 1938 година физички леквидира повеќе стари револуционери, водачи на Октомвриската револуција.

1935.- Роден е американскиот филмски глумец и режисер Ален Стјуарт Кенигсберг, познат како Вуди Ален, обновувач на холивудската филмска комедија во седумдесеттите години од 20. век. Филмови: „Земи ги парите и бегај“, „Се што отсекогаш сте сакале да знаете за сексот но не сте се осудиле да прашате“, „Љубов и војна“, „Ени Хол“, „Менхетен“, „Ентериери“, „Сонот на летната ноќ“.

1936.- Умре италијанскиот писател Луиѓи Пирандело, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1934 година, еден од најзначајните драмски писатели во 20. век. Напиша 33 драми, собрани под насловот „Голи маски“. Дела: „Приказни за една година“, „Покојниот Матија Паскал“, „Нејзиниот сопруг“, „Ѓакомино“, „Хенри IV“, „Шест лица го бараат писателот“.

1943. - Во Дебарца излезе првиот број на весникот "Братство", орган на Првата македонско-косовска НОУ бригада.

1943. - Во селото Зборско, на планината Кожув, излезе првиот број на весникот "Народна борба", орган на Втората македонска НОУ бригада.

1943.- Во селото Пелинце, Кумановско, е формиран Кумановскиот НОП баталјон „Јордан Николов - Орце“.  

1974.- Во несреќата на американскиот авион „боинг 727“, кој се урна во близина на Вашингтон, загинаа сите 92 патници и членови на екипажот.

1981.- Во најголемата авионска несреќа во историјата на југословенското воздухопловство, авионот „DC-9 super 80“ на љубљанската „Инекс адриа авиопромет“, кој удри во планина во близината на Корзика, загинаа сите 178 патници и членови на екипажот.

1992.- Во Сараево умре Мирослав Шпилер, хрватски режисер. Роден е на 19 декември 1906 година.

1987. - Во Скопје, умре Андон Димитровски - Петко, првоборец и носител на "Партизанска споменица 1941". По ослободувањето работеше во органите за внатрешни работи. Роден е во Крушево, во 1922 година.

1988.- Беназир Буто стана премиер на Пакистан, како прва жена на чело на една исламска земја.

1989.- Михаил Горбачов како прв советски лидер го посети Ватикан и со папата Јован Павле II договорија да се воспотават дипломатски односи меѓу Советскиот Сојуз и Ватикан.

1991.- На референдум во советската република Украина граѓаните со големо мнозинство се изјаснија за независност.

1994.- Во Бордо, Франција, на 21. Генерално собрание на Светската федерација на воени ветерани, што се одржа од 1 до 6 декември, Сојузот на борците од Народнослободителната и антифашистичка војна на Македонија е примен за полноправен член.

1995.- Хавиер Солана, е избран за генерален секретар на Атлантската алијанса. Во Брисел, амбасадорите на НАТО, постигнаа договор за назначување на Солана, како наследник на Вили Клас.

1997.- Во Париз умре Стефан Грапели, француски џез-виолинист. Се прослави со ромскиот гитарист Дианго Рајнхар, со кого го формираше Квинетот на Хост Клуб на Франција во 1934 година. Роден е во 1908 година.

1998.- Нафтената компанија „Ексон“ се согласи за рекордна сума од 76,6 милијарди долари да ја купи корпорацијата „Мобил“, со што е создадена најголемата светска нафтена компанија.

2002.- Во пожарот кој зафати дискотека во центарот на Каракас загинаа најмалку 50 луѓе, од кои најмногу од нив се задушија.

2004.- Во Утрехт умре принцот Бернард де Лип - Бистерфелд, таткото на холандската кралица Беатрис. Принцот Бернард е роден во германскиот град Јена, на 29 јуни 1911 година. Во 1937 година се ожени со тогашната холандска престолонаследничка Јулијана со која имаше четири ќерки: Беатрис (родена 1938), Ирене (1939), Маргрит (1943) и Кристина (1947).

2005.- Еден од петмината главни команданти на меѓународната терористичка мрежа Ал Каида, Египјанецот Абу Хамза Раби, е убиен во Северен Вазиристан, област во Пакистан во близина на границата со Авганистан.

2006.- Повеќе од илјада луѓе загинаа, околу 500 беа повредени, а околу 600 се водат за исчезнати, во налетот на тајфунот кој ги погоди источните делови на Филипини.

2006.- Повеќе од 250 луѓе загинаа во поплавите кои ги погодија источноафриканските земји Кенија, Сомалија, Руанда и Етиопија.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 13:13

- Денеска е Светски ден на лицата со хендикеп

1368.- Роден е францускиот крал Шарл VI, кој до својата смрт во 1422 година на престолот беше 42 години. Во почетокот од владеењето беше познат како „Шарл Саканиот“, но бидејќи од 1392 година имаше неколку напади на психичко растројство го доби прекарот „Шарл Лудиот“. Ја предизвика граѓанската војна меѓу француските земји Армањак и Бургундија, а во текот на неговото владеење Англичаните во Стогодишната војна, предводени од кралот Хенри V, во 1415 година им нанесоа тежок пораз на француските трупи во битката кај Аенк*р.

1800.- Во Врба, кај Блед, е роден Франце Прешерн, еден од најголемите словенечки поети. Најзначајно негово дело е „Сонатен венец“. Умре во Крањ, на 8 август 1849 година.

1808.- Мадрид се предаде на воените сили на францускиот цар Наполеон I.

1810.- Велика Британија ги презеде од Франција островите Реунион и Маурицијус. Реунион подоцна и е вратен така што и денеска е со статус на француска прекуморска територија.

1857.- Роден е Џозеф Конрад, англиски писател, по потекло Полјак. Најчеста тема на неговите романи и раскази е борбата на човекот со морето. Негови најзначајни дела се романите „Прогонетиот од островот“, „Ностромо“, „Лорд Џим“ и други дела. Умре на 3 август 1924 година.

1883.- Роден е австрискиот композитор Антон Фридрих Ернст фон Веберн, еден од најистакнатите експресионисти. Изведувањето на неговата музика беше забрането од нацистите. Создаде специфичен музички јазик со префинети нијанси. Дела: камерна за гудачки квартет „Пет ставови“, „Шест багатели“, оркестарска „Шест парчиња“, „Пет парчиња“, „Симфонија за камерен оркестар“, „Варијации, соло песни“.

1894.- Роден е индискиот државник Реџендро Прасад, прв претседател на независна Индија од 1950 до 1963 година.

1894.- Умре шкотскиот писател Роберт Луис Балфур Стивенсон, извонреден стилист. Се обиде во своите дела да го обнови духот на романтиката. Дела: романите „Остров со богатство“, „Чудните случаи на докторот Џекил и господинот Хајд“, приказните „Нови приказни од 1001 ноќ“, патописот „Патување со магаре“, есејот „Virginibus puerisque“.

1917.- Претседателот на САД Вудро Вилсон побара од Конгресот во Првата светска војна да и објават војна на Австро-Унгарија.

1918.- Заменик началникот на италијанската Врховна команда генералот Пјетро Бадољо и поднесе на владата меморандум за разбивање на штотуку прогласеното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Меморандумот беше прифатен и со години беше основа за политиката на Рим кон Југославија, со цел заземање на Далмација и на други територии.

1919.- Умре францускиот сликар Пјер Огист Реноар, еден од најистакнатите импресионисти и еден од најголемите европски сликари во 19. век. Во староста работеше и како скулптур.

1923.- Во Њујорк е родена Марија Калас, американска оперска пејачка, сопран, од грчко потекло. Големиот гласовен распон и вонредната сугестивна глума придонесе за нејзината светска слава и да се вброи во најголемите светски пејачки. Умре во Париз, на 16 септември 1977 година.

1930.- Роден е францускиот режисер Жак Лик Годар, водечка личност во „новиот бран“ француски филмови. Филмови: „До последниот дух“, „Жената е жена“, „Лудиот Пјер“, „Бројот два“, „Да се живее својот живот“, „Карабињери“, „Мажена жена“, „Машко и женско“, „Викенд“, „Еден плус еден“, „Источен ветер“,„Спасувај се кој може“, „Име: Кармен“.

1931.- Усвоен е Вестминистерскиот статут, според кој доминионите на Велика Британија се стекнаа со потполна законодавна независност.

1942. - Во Тетово излезе првиот број на весникот на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација "Востаник". Излегуваше до февруари 1943 година.

1949. - Умре Елин Пелин (вистинското име му е Димитар Иванов Стојанов), прв оригинален бугарски писател за деца, еден од најдобрите сликари на бугарското село. Најпознати дела му се "Раскази", "Пижо и Пендо", "Земја", "Јас и Ти, Тој", "Дедовата ракавица", " Сказни и раскази", "Јан Бибијан на Месечината" и други. Роден е во 1877 година.

1952.- Генералното собрание на Обединетите нации го прифати предлогот на Индија за воспоставување примирје во Кореја.

1962.- Едот Спарлок Сампсон стапи на должноста судија во општинскиот суд во Чикаго, станувајќи прва Афроамериканка на местото судија во САД.

1965. - Умре Благоја Стефановски - Гојчо, македонски револуционерен и воен раководител. Уште во најраната возраст се вклучи во борбата на Синдикатот. Беше член на СКОЈ и на КПЈ. Роден е во Куманово, на 15 август 1915 година.

1967. - Лекарите во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, објавија дека во болницата "Гроте Шур", за првпат во историјата , е извршена успешна трансплатација на човечко срце. Екипата на чело со д-р Кристијан Барнар изврши операција врз заболениот Луис Вашкански, меѓутоа тој умре по десетина дена.

1971.- Почна Индиско-пакистанската војна поради Кашмир, која заврши на 17 декември со победа на Индија и одвојување на Бангладеш, кој дотогаш беше во источен Пакистан, во посебна држава.

1975.- Во Лаос власта ја презедоа комунистите со што престана да постои 600-годишната стара монархија.

1980. - Во Скопје умре Драги Костовски, познат македонски артист кој на најшироката јавност и е познат по исклучителните остварувања, по многубројните улоги на театарската сцена, на филмот, на телевизијата и во радиодрамската уметност. Роден е во Битола на 22 април 1930 година.

1984.- Во градот Бопал во Индија умреа околу 4.500 луѓе, 500 ослепеа, а 50.000 луѓе беа затруени со гас кој истече од „Јунион карбајд“, фабрика за производство на средства за заштита на растенијата.

1989.- Во Источна Германија оставки поднесоа лидерот на единствената Работничка партија на Германија (комунисти) Егон Кренц и сите членови на партиското Политбиро и Централниот комитет на владејачката партија.

1991.- Русија ја призна независноста на Украина, а рускиот претседател Борис Елцин се заложи за што побрзо нормализирње на меѓудржавните односи на Русија и Украина.

1991.- Во Струмица умре Стојан Гогов, доајен на народниот театар "Антон Панов" од Струмица. Роден е во 1924 година.

1994.- Во Виена умре Франтишек Вацлав Мареш, чешки професор по славистика на Виенскиот универзитет, научник од светски ранг кој има извонредни заслуги за афирмацијата на македонистиката во светот. Тој беше и член надвор од работниот состав на МАНУ. Роден е во Бенешов, кај Прага, на 12 декември 1922 година.

1995.- Поранешниот претседател на Јужна Кореја Чун До Хван е уапсен поради одговорност за масакарот во градот Квангџу во мај 1979 година кога војската уби повеќе од 200 демонстранти.

1997.- Германското Министерство за одбрана поведе дисциплинска постапка против шестмина војници, кои просториите во нивните касарни ги краселе со слики на Адолф Хитлер и со нацистички знамиња.

1999.- Хрватскиот суд одлучи дека тешко болниот Фраљо Туѓман не е во состојба да ја обавува функцијата шеф на држава.

2006.- Умре Елиот Велис, еден од најпознатите ловци на нацистите. Велис, кој ги преживеа стравот и ужасот во концентрационите логори во Полска, стана познат кон крајот на седумдесетите години на 20. век. Беше упорен околу расветлувањето на случаите на летонскиот нацист Болесав Мијаковскис.

2007.- По конференцијата во Анаполис, на која беше одлучено да се постигне мировен договор до крајот на 2008 година, Израел ослободи 429 палестински затвореници од израелските затвори.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2008 во 08:59

1154.- Николас Брекспир, е првиот и единствен Англичанец кој беше избран за папа и  беше устоличен за поглавар на римокатоличката црква како Адријан IV.

1547. - Во Севилја умре Херман Кортес, шпански конквистадор. Користејќи го огненото оружје со околу 700 војници го освои Мексико (1519 до 1521год.) и го уништи царството на Ацтеките. Роден е во 1485 година.

1567. - Во Кремона е роден Клаудио Монтеверди, италијански композитор, еден од најистакнатите оперски композитори од времето на раниот барок. Освен опери, компонираше мадригали, миси, концерти и други музички дела. Умре во Венеција, на 29 ноември 1634 година.

1642. - Умре Арман Жан ди Плеси Ришелје, француски државник, кардинал, прв министер на Луј XIII. Ги сузбиваше заговорите на племството и го зацртуваше кралскиот апсолутизам. Роден е на 5 септември 1585 година.

1679. - Умре Томас Хобс, англиски филозоф, продолжувач и систематизатор на класичниот англиски емпиризам. Тој е творец на теоријата "Човек на човек е волк". Најпознати му се делата "Левијатан" и "За политичкото тело". Роден е на 5 април 1588 година.

1732.- Умре англискиот писател Џон Геј, автор на сатирични поеми. Посебно е запаметен по музичката комедија „Просјачка опера“, составена од многу и сега популарни балади.

1791.- Излезе првиот број на британскиот „Обзервер“, најстар неделник во светот.

1795.- Роден е шкотскиот историчар и филозоф Томас Карлајл, чии дела се изразито фактографски поткрепени и се одликуваат со живи и драматични излагања. Дела: „Француска револуција“, „За хероите“, „Животот на Фридрих Велики“, „Сартор Ресартус“, „Минато и сегашност“, „Критички есеи“. Умре во 1881 година.

1798.- Умре италијанскиот лекар и научник Луиѓи Галвани, кој во 1789 година го пронајде галванскиот електрицитет и го нарече „животински магнетизам“. Неговото име го носат многу инструменти и ознаки во електромагнетизмот и во електрониката воопшто.

1875. - Во Прага е роден Рајнер Марија Рилке, германски писател, еден од најголемите гемански лиричари. Негови познати дела се "Нови песни", "Песна за љубовта и смртта на корнетот Кристофер Рилке", "Сонети за орфеј", "Записите на Малте Лауридс Бриге" и други. Умре во Швајцарија, на 29 декември 1926 година.

1892.- Роден е Франциско Франко, долгогодишен диктатор на Шпанија. Роден е во офицерско семејство и ја продолжува семејната традиција. Се покажа како ретко вешт офицер во текот на војната (гушење на буната) во шпанско Монако. Во 1926 година стана најмлад генерал во историјата на Шпанија. Беше изразито монархистички и католички ориентиран. Во 1939 година го воспотави режимот кој траеше се до неговата смрт во 1975 година. Иако кралот Хуан Карлос набрзо го воведе демократскиот систем, основниот тек на Франконовиот систем се покажа како голема витална и популарна шпанска монархија.

1893. - Во Загреб е роден Аугуст Цесарец, истакнат хрватски револуционер и писател. Негови значајни дела се стиховите "Судете ме", "По новиот пат", "Тонкината единствена љубов" и други. Во шумата кај Загреб го стрелаа усташите, на 17 јули 1941 година.

1912.- По победата во Првата балканска војна, балканските сојузници Србија, Грција и Бугарија потпишаа примирје со Турција.

1922.- Роден е францускиот филмски и театарски глумец Жерар Филип. Во театарот  со огромен успех ги игра главните рољи во драмите на Вилијам Шекспир, Албер Ками, Пјер Корнеј, Хајнрих фон Клајст, Алфред де Мисе. Филмови: „Ѓавол во тело“, „Фанфан Лала“, „Убабица во ноќта“, „Црвено и црно“, „Големи маневри“, „Идиот“, „Опасни врски“, „Господин Рипо“.

1942.- Американската авијација во Втората светска војна првпат бомбардираше територии во Италија.

1943.- Претседателот на САД Френклин Рузвелт, британскиот премиер Винстон Черчил и турскиот претседател Исмет Инени во Каиро ги разгледуваа заедничките акции во рамките на антихитлеровската коалиција, но Турција одби да и објави војна на Германија.

1945. - Во Пасадена, Калифорнија, умре Томас Хант Морган, американски биолог, основач на генетиката, наука за наследните особини. Во 1933 година ја доби Нобеловата награда за откритието во врска со функцијата на хормозомите во пренесувањето на наследните особини. Роден е во Легсингтон, Кентаки, на 25 септември 1866 година.

1972.- Чилеанскиот претседател Славадор Аљенде во Обединетите нации изјави дека американската телефонска и телеграфска компанија ITT прави се за да предизвика граѓанска војна во Чиле. Генералот Аугусто Пиноче со американска помош организираше воен удар во кој беше убиен Аљенде, на 11 септември 1973 година.

1974.- Падот на холандскиот авион "DC-8" во близина на главниот град на Шри Ланка, Коломбо, не го преживеа никој од 191 патник и членови на екипажот.

1976.- Умре англискиот композитор Едвард Бенџамин Бритн. Дела: оперите „Питер Грајмс“, „Алберт Херинг“, композициите за оркестар „Пролетна симфонија“, „Варијации на тема Франко Бриџ“.

1977.- На југот на Малезија загинаа 100 луѓе при пад на авион кој го киднапира јапонската терористичка група „Црвена армија“.

1977.- Диктаторот Жан Бедел Бокас на церемонијата, која чинеше четвртина од националниот производ на земјата, сам се круниса за цар на Централноафриканското царство.

1980.- Во авионската несреќа што се случи во близина на Лисабон, за која се претпоставува дека е саботажа, загина португалскиот премиер Франсиско Карнеиро.

1981.- Во Риека умре Муртеза Пеза, раскажувач, романсиер и драмски писател од албанска националност во Македонија. Автор е на збирките „Дали ќе се вратиш“, „Скалите на Кел“ и на романите „Мејруша“ и „Во мојата улица“ и на други дела. Роден е во Елбасан, Албанија, на 20 јуни 1919 година.

1989.- Членките на Варшавскиот пакт - Бугарија, Унгарија, ДР Германија, Полска и Советскиот Сојуз - кои ја окупираа Чехословачка во 1968 година, на состанок во Москва ја осудија воената интервенција и соопштија дека тоа било „мешање во внатрешните работи на суверена Чехословачка“.

1993.- Владата на Ангола и побунетото движење УНИТА постигнаа солганост за условите за примирје и за ставање крај на 18-годишната граѓанска војна во земјата.

1993.- На изборниот Архиепископско-црковен народен собир на МПЦ, што се одржа во катедралниот храм на охридските архиепископи "Св. Софија", во Охрид, Господин Михаил, Митрополитот Повардарски е избран за поглавар на Македонската православна црква.

1993.- Во Лос Ангелес умре Френк Зана, американска рок-ѕвезда. Неговата група „Мадерс оф инвеншн“, формирана во 1964 година, беше специјализирана за изведба на авангарден рок, што тој го нарече „Звучно осакатување“. Роден е во 1941 година.

1995.- Во несреќата на камерунскиот авион „боинг 737“ загинаа 72 патника од вкупно 77 и членови на екипажот.

1995.- Во Скопје умре Петар Глигоровски, македонски академски сликар на анимирани филмови. Роден е во Скопје, во 1938 година.

1996.- Во Скопје умре Круме Стојанов, еден од доајените на македонскиот театар, актер. Роден е во Скопје, во 1917 година.

1997.- Во канадскиот главен град Отава претставници на 121 држава потпишаа историски договор за забрана на противпешадиски мини, но повеќе земји, вклучувајќи ги и САД, одбија тоа да го сторат.

1998.- Последните борци на „Црвените Кмери“ и се предадоа на армијата на Камбоџа, со што по две децении заврши нивната борба против владините сили.

2005.- Во Казахстан се одржани претседателски избори, на кои по трет пат едно по друго победи актуелниот претседател Нурсултан Назарбајев.

2005.- Во рускиот град Чусовој, на Урал, се урна покрив на базен, усмртувајќи 14 лица, меѓу кои десеттина деца.

2006.- Најмалку 45 луѓе загинаа кога автобус падна во бездна покрај патот во  Андим. Несреќата која се случи во перуанскиот округ Пуно, на границата со Боливија, 860 километри југоисточно од главнот град Лима, ја преживеаја само возачот на автобусот и едно петгодишно момче.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2008 во 09:59

1421.- Роден е англискиот крал Хенри Шестти, последниот монарх од династијата Ланкастер, кој формално стана владетел во 1422 година, во осмиот месец од животот. Соборен е во династичките борби („Војна на двете ружи“) и е убиен во мај 1471 година во лондонскиот затвор „Тауер“.

1492.- Христофер Колумбо го откри островот Хаити.

1507.- Германскиот картограф Мартин Валдземилер ја објави првата географска карта на новиот континент на кој му беше дадено името Америка. За време на изработката на новото издание на Птоломеовиот атлас тој ги прочита писмата на Америго Веспучи од Новиот свет, во кои италијанскиот морепловец тврдеше дека патот преку Атлантикот не води до Азија, туку до дотогаш непознатиот континент. Валдземилер врз основа на тие описи ја нацрта картата и на неа го стави зборот - Америка.

1779.- Умре Жан Батист Шарден, француски сликар. Теми во неговото сликарство пред се се мртва природа и ентериер. Припаѓа во генерацијата на претходниците на модерната уметност. Роден е на 2 ноември 1699 година.

1833.- Во Нови Сад е роден Јован Јовановиќ - Змај, српски поет, преведувач, новинар, академик и лекар, еден од најпознатите поети за деца. Негови најпознати дела се "Пејанија", "Трендафилчиња" и други. Како новинар основа и уредува повеќе весници од кои најзначајни се сатиричниот "Змај" и весникот за деца "Невен". Умре во Сремска Каменица, на 3 јуни 1904 година.

1877.- Американскиот пронаоѓач Томас Едисон во Вест Оринд во Њу Џерси ја демонстрираше првата тонска снимка.

1882.- Умре англискиот писател Ентони Тролоп, кој во голем број романи реалистички ги опишува граѓанските слоеви на викторијанска Англија. Меѓу нив, најуспешни се романите од циклусот за имагинарната покраина Барсет, како што се „Чувари“, „Торњеев Барсет“ и „Последната хроника на Барсет“, во кои се појавуваат истите ликови во различна доба.

1889.- Умре американскиот државник Џеферсон Дејвис, претседател на Конфедерацијата на Американските Држави (11 отцепени јужни држави во САД) во текот на граѓанската војна од 1861 до 1865 година. Уапсен е по поразот на јужните држави во граѓанската војна, но во 1867 година е пуштен од затвор без судење.

1907.- Во една од најголемите несреќи на рудници во САД, загинаа 361 рудар во рудникот за јаглен Монон, во Вирџинија.  

1916.- Германски трупи во Првата светска војна влегоа во романската престолнина Бук*решт.

1917.- Собранието во Хелсинки ја прогласи независноста на Финска, која ја призна советска Русија. Финска по Наполеоновите борби потпадна под руска власт и во 1809 година стана големо војводство во составот на Руското царство. Дотогаш таа беше составен дел на Шведска.

1917.- Во сударот на францускиот брод „Мон Блан“, товарен со експлозив вклучувајќи и 5.000 тони ТНТ, со белгискиот брод „Имо“ во пристаништето на градот Халифакс во Канада, загинаа повеќе од 1.500 луѓе и околу 8.000 беа ранети, а голем дел од градот беше разорен.

1921.- Велика Британија потпиша мировен договор со Ирска, според кој е воспоставена Ирска Слободна Држава (без поголем дел од Алстера - Северна Ирска) како членка на Британскиот комонвелт.

1925.- Италија и Египет потпишаа договор за границите на италијанската колонија Либија.

1926.- Умре Клод Моне, француски сликар, еден од основачите на импресионизмот. Според неговата слика "Импресија, зајдисонце", изложена во 1874 година, во Париз, дадено е името на целиот сликарски правец.

1927.- Во Ќустендил умре Ефрем Цветков Каранов, собирач на македонски народни умотворби. Тој, заедно со Ѓорѓи Пулевски, П. Киновски, Ѓ. Абаџиев, В. Икономов, Д. Матов, Е. Спространов и други, се појави како значаен популаризатор на македонското народно поетско творештво. Каранов е основач и претседател на Македонското емигрантско друштво во Ќустендил, прво од таков вид во Бугарија. Роден е во Кратово, на 25 јануари 1852 година.

1929.- Во Република Турција, жените беа изедначени со мажите во поглед на правото на глас.

1941.- Почна контраофанзивата на силите на Црвената армија против германските сили на фронтот пред Москва. На фронтот, широк 300 километри, беа пробиени германските линии. Нацистичките девизии беа прегазени или опколени, а подоцна разбиени.

1942.- Кај селото Папрадиште, Велешко, партизанскиот одред „Димитар Влахов“ беше нападнат од бугарската полиција. Младата партизанка Невена Георгиева - Дуња, која се бореше во првите борбени редови на овој одред, беше смртно погодена од фашистички рафал. Контрашите, наоѓајќи го мртвото тело, ѕверски го масакрираа и нејзината глава набиена на кол ја шетаа низ велешките села за да го заплашат населението, а потоа ја ставија во излогот на еден велешки дуќан. Родена е во Скопје, на 25 јули 1925 година.

1968.- Во Велес се одржаа првите „Детски Рацинови средби“, манифестација во чест на ликот и делото на македонскиот поет Кочо Рацин, а покрај тоа, има за цел да го афирмира детското литературно и ликовно творештво.

1971.- Индија ја призна Бангладеш, поранешен Источен Пакистан, а Пакистан возврати со прекин на дипломатските односи со Индија.

1978.- Шпанците на рефернедум го усвоија новиот устав, според кој Шпанија е дефинирана како уставна монархија со парламентарна демократија.

1983.- Умре Роберт Олдрич, американски филмски режисер. Снимаше трилери, вестерни, хорор филмови, психолошки драми и комедии. Меѓу неговите попознати филмови се "Што се случи со Бејби Џејн", "Апачи", "Дванаестмината жигосани", "Бакнеж на смртта" и други.

1989.-  Во едно од најголемите масовни злосторства во историјата на Канада, убиец усмрти 14 студентки на Универзитетот во Монтреал кој потоа се самоуби.

1992.- Инду екстремисти ја уништија џамијата во Ајоџа, во северна Индија, која, како што се верува, муслиманските освојувачи ја изградиле во средниот век. Во експлозијата загинаа најмалку 400 луѓе.  

1994.- Во Битола умре Методија Марковски, актер на Битолскиот народен театар. Роден е во 1944 година.

1994.- Во Будимпешта, Унгарија, на Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС), КЕБС го промени името во Организација за европска безбедоснот и соработка.   

1995.- Помеѓу Хабаровск и Сахалин падна рускиот авион „Tu-154“. Несреќата не ја приживеа никој од 97 патници и членови на екипажот.

1997.- Најмалку 85 луѓе загинаа во близина на Иркутск кога руски транспортен авион од типот "An-124", кој превезуваше два борбени авиони, се урна во едно станбено населено место.

2001.- Антиталибанските сили ја зазедоа главната база на водачот на исламските терористи Осама бин Ладен во планинското подрачје во источен Авганистан, но самиот тој им побегна.

2004.- Лидерите на 12 јужноамерикански држави, кои претставуваат 361 милион луѓе, во перуанскиот град Куск, потпишаа  декларација за создавање Јужноамериканската заедница на народите.

2005.- При падот на иранскиот воен авион „херкулес“ врз густо населениот кварт во Техеран, загинаа сите 94 патници и членови на екипажот, како и 34 лица на земјата.

2005.- Во самоубиствен напад на две жени-бомбашки врз полициската академија во Багдат, загинаа најмалку 45 лица, а 75 беа ранети.

2006.- Долниот дом на австралиското собрание го усвои законот со кој се одобрува клонирање на луѓе за терапевтски цели, кој горниот дом (сенатот) веќе одамна го усвои. Новиот закон дозволува производство на човечки ембриони со клонирање, заради земање на матични клетки. Таа техника наводно го отвора патот за лечање дијабетес, карцином и Алхајмерова болест.

2007.- Во експлозија на метан во рудникот за јаглен „Сињао“ во провинцијата Шанси, во северна Кина, загинаа 105 рудари, додека 26 останаа заробени во окната. Во несреќите во рудниците во Кина годишно во просек страдаат до 10.000 луѓе.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 12:12

65 п.н.е.- Роден е римскиот литерат Хорациј, најголем римски лирски поет, кој повеќе од сите други грчки или римски поети се одликува со различности во својот поетски израз. Во текот на престојот во Атина подробно ги запозна грчката култура, филозофија и уметност. Дела: „Сатири“, „Песни“ или „Оди“, „Писма“.

883. - Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригнален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид е назначен за прв словенски епископ на Балканот.со тоа продолжува Јустинијана прима - првата Македонска архиепископија - Ден на свети Климент Охридски, патронен празник на Македонската православна црква.

1542.- Родена е шкотската кралица Мери Сјуарт, која со непопуларната римокатоличка политика ги поттикна народот и протестантите на Шкотска на буна, па во 1568 година мораше да побегне во Англија. Во 1587 година англиската кралица Елизабета Прва нареди да ја предадат на суд по што беше погубена.

1626.- Родена е шведската кралица Кристина Аугуст, која во 1644 година и стави крај на војната со Данска, а во 1648 година на Триесетгодишната војна, правејќи ја Шведска голема сила, а Балтикот „шведско море“. Кралица стана во 1632 година во осмата година од животот, а беше крунисана 12 години подоцна. Како една од најобразованите жени во Европа, беше вљубена во науката и книжевноста, па така во дворецот доаѓаа учени луѓе, вклучувајќи го и францускиот филозоф Рене Декарт.

1741.- Умре Витус Беринг, дански морепловец и истражувач во служба на руската влада. По налог на рускиот цар Петар Велики тргна да го испитува источниот дел на Азија. Во 1728 година го откри протокот меѓу Северна Америка и Азија, наречен според него Берингов Проток. Роден е во 1680 година.

1832.- Роден е норвешкиот писател Бјерншјерн Мартиниус Бјернсон, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1903 година, водечка личност во норвешкиот културен живот во 19. век. Дела: „Среќно момче“, „Татко“, „Крал“, „Нов систем“, „Над моќта“, „Ракавица“ и други.

1861.- Роден е францускиот филмски режисер Жорж Мелијес, пионер на светскиот филм. Технички образован, во филмот ги пренесува поделбата на чиновите, сценографијата, костимографијата, начинот на глума и маскирањето. Го пронајде системот на користење филмски трикови што му овозможи во студио (атеље) да снима филмови од научната фантастика. Сними околу 500 филмови, вклучувајќи го и „Патот до Месечината“, пропратен со филмски авантури. Умре во 1938 година, во крајна беда во време на комерцијалниот процвет на филмот. Филмови: „Сонот на астрономите“, „Пат во немоќноста“, „Гуливеровите патувања“, „Освојување на Северниот пол“.

1863.- Британскиот боксер Том Кинг стана прв светски шампион во тешка категорија, со победата над Американецот Џон Хинан.

1865.- Роден е Јан Сибелиус, фински композитор, најголем композитор на својата земја. Покрај симфониските песни, со кои се вброи меѓу најголемите композитори на 20. век, напиша и значајни дела за хор и голем број соло песни на текстови на фински уметници. Умре на 20 септември 1957 година.

1903.- Умре англискиот филозоф и социолог Херберт Спенсер. Дела: „Систем на синтетичката филозофија“, „Вовед во социолошките студии“, „Фактори на органската еволуција“, „Класификација на науката“, „Автобиографија“.

1914. - Германските воени бродови по враќањето од Тихиот Океан требаше, според планот на адмирал Шпе, да ја уништи англиската база на Фокландските Острови. Кога Англичаните отворија оган Шпе сфати дека наишол на многу поголем отпор од очекуваниот. Во оваа поморска битка Германците претрпеа големи загуби во бродови и во луѓе.

1923.- Соединетите Американски Држави потпишаа договор за пријателство и ненапаѓање со Германија.

1925. - По неуспешниот пуч на нацистите во Минхен во 1923 година, нивниот водач Адолф Хитлер ја објави книгата "Мојата борба", во која ја разработува националистичката фашистичко-расистичка идеологија на агресивниот германски национализам.

1925.- Роден е американскиот пејач, танчер и глумец од африканско потекло Семи Дејвис, еден од најголемите забавувачи во 20. век.

1941.- САД и Велика Британија ден по нападот врз Перл Харбур во Втората светска војна и објавија војна на Јапонија.

1941.- Во Прилеп учениците на гимназијата организираа тридневен штрајк поради исклучувањето на петмина скоевци од гимназијата. Поставени беа барања да се испита одлуката за исклучувањето на учениците, да се укине школарината и носењето униформи, да се расформираат младинските фашистички организации во училиштето и друго. Штрајкувачите ги искинаа сликите на цар Борис во училниците, а истакнаа пароли „Да живее слободна Македонија“, „Да живее Советскиот Сојуз“, „Смрт на германско-бугарските окупатори“ и слично.

1944.- Во Скопје се одигра фудбалскиот натпревар меѓу СК Македонија и фудбалската селекција на припадниците на корпусот на Народна одбрана. Резултатот беше 1:2.

1948. - Во Лерин три жени Македонки од селото Екши - Су, Леринско, беа обвинети за соработка со НОФ и со партизаните, за што беа осудени на смрт и стрелани.

1949.- Генералисимус Чанг Кај Шек, лидер на кинеските националисти (антикомунисти) кој со приврзаниците по поразот од страна на комунистите побегна од Кина, воспостави влада на кинескиот остров Формоз (Тајван).

1966.- При хаваријата на грчкиот ферибот „Хераклион“ кој потона во невремето кое го зафати островот Мелос, загинаа 234 патници и членови на екипажот.  

1966.- Договорот за забрана на нуклеарното оружје во космосот го потпишаа 28 земји, вклучувајќи ги Советскиот Сојуз и САД.

1970.- Советот за безбедност на ООН усвои резолуција со која го осудува режимот на Лисабон поради вмешаност во обидот за соборување на гвинејската влада на Секу Туре.

1974.- Грците на референдум се изјаснија Грција да стане република, со што беше укината монархијата воспоставена во 1832 година.

1978.- Умре израелската државничка Голда Мабович Мејрсон, позната како Голда Меир, прва жена претседател на влада на Израел од 1969 до 1974 година. Од родниот Киев во 1906 година оди во САД, а во Палестина преминува во 1921 година. Беше раководител во Сојузот на синдикатите и Светската еврејска агенција, а од 1948 година стана првиот амбасадор на Израел во Советскиот Сојуз. Остави необично интересни мемоари.  

1980. - Во Њујорк е убиен Џон Ленон, еден од основачите и "идолот" на британската музичка група "Битлси". Роден е на 9 октомври 1940 година.

1991.- Русија, Белорусија и Украина формираа Заедница на независни држави.

1993.- Во Скопје, од 9 до 11 декември, во Универзалната сала, се одржа Првиот интернационален фестивал на ромската музика „Шутка фест“.

1995.- Во Лондон почна дводневната конференција на која наместо да се основа женевска Мировна конференција за поранешна Југославија, основан е Совет за остварување мир во 40 земји, вклучувајќи ја и СРЈ. За висок претставник  на меѓународната заедница во поранешна Југославија е избран шведскиот дипломат Карл Билт.

1997.- Двете најголеми швајцарски банки соопштија дека се интегрираат, со што се формира најголема банкарска актива во светот со фонд во вредност од еден трилион долари.

2000.- Поротата во Тенеси заклучи дека убиството на американскиот борец за чокови права од африканско потекло Мартин Лутер Кинг, кое беше извршено 32 години порано, не е акт на атентатор поединец, како што гласи во официјалната верзија, туку резултат на заговор.

2000.- Во Охрид е поставен камен-темелникот за обнова на црквата „Свети Пантелејмон“, која свети Климент ја изградил во 893 година.

20001.- Во знак на одмазда за минофрлачките напади на Палестинците врз еврејското население во појасот Газа, израелските борбени авиони ја гаѓаа палестинската зграда на разузнавачките служби и претседателската гарда на Јасер Арафат во Рафа, на југот од појасот Газа.

2001.- Од подметнат пожар изгоре црквата во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ во Мала Речица, Тетовско.

2005.- Во експлозија која ја предзивика бомбаш-самоубиец во автобус кој од Багдат возел за шиитскиот град Насирија, загинаа 32 лица, а 44 беа ранети.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2008 во 11:25

- Меѓународен ден на правата на човекот

1520.- Германскиот црковен реформатор Мартин Лутер ги прекина сите врски со Рим.

1603.- Умре англискиот лекар и физичар Вилијам Гилберт, наречен „татко на електрицитетите“, личен лекар на кралицата Елизабета Прва. Во физиката се прослави, иако таа гранка му беше само хоби, со капиталното дело „За магнетите“. Докажа дека Земјата е голема топка магнет и дека иглата на компасот не управува според небото, како што дотогаш се веруваше, туку според магнетните полови на планетата. Со сфаќањата на магнетизмот на небеските тела и електрицитетот силно влијаеше на развојот на науката во 17. век.

1810.- Францускиот цар Наполеон Први на Франција и додаде германски територии со градовите Хановер, Бремен, Хамбург, Лауенбург и Либек.

1819.- Роден е италијанскиот револуционер Фелице Орсини, еден од најистакнатите членови на „Млада Италија“, движење за ослободување и обединување на италијанските земји. Во 1858 година се обиде да изврши атентат врз францускиот цар Наполеон Трети, по што беше погубен. Дела: „Австриски темници“, „Спомени и авантури“, „Политички спомени“.

1822. - Роден е Сесар Франк, француски композитор од белгиско потекло, оргулист, еден од најголемите творци во француската музика во 19 век.  Дела: „Симфонија d-mol“, симфониските поеми „Eolides“, „Psyche“, „Les Djinns“, „Симфониски варијации за клавир и оркестар“, соната за виолина и клавир, клавирски квинтет, композиции за оргули и за клавир. Умре на 8 ноември 1890 година.

1830.- Родена е Емили Дикинсон, најголемата американска поетеса. За време на својот прозаичен живот на осамена домаќинка објави само четири песни, додека посмртно беа откриени повеќе од илјада песни, а потоа објавени во шест тома. Умре во 1886 година.

1845.- Англискиот градежен инженер Роберт Томпсон ја патентираше првата пневматска гума.

1848.- Луј Наполеон со големо мнозинство ги доби изборите за претседател на Франција. Четири години подоцна изврши државен удар и се прогласи за цар Наполеон Трети.

1868.- Првите семафори за регулирање на сообраќајот во светот почнаа да работат во Лондон, на булеварот пред зградата на парламентот.  

1896. - Во Сан Ремо умре Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец. Во 1867 година го пронајде динамитот, а во 1886 година балиститот, еден од првите бездимни барути. Патентира повеќе од 100 изуми. Од производството на динамитот се збогати, па во тестаментот од 27 ноември 1895 година, остави фонд од 9,2 милиони долари за доделување награди за вонредни достигнувања, на подрачјето на физиката, хемијата, медицината, литературата, за залагањето за мир и за економија - Нобелова награда. Наградите за физика, хемија, медицина, литература и за залагање за мир првпат се доделени 1901 година. Роден е во Стокхолм на 21 октомври 1833 година.

1898.- По поразот во америкаснко-шпанската војна, Шпанија во Париз со мировен договор се откажа од Куба, Порторико, Гуама и Филипини. Тоа беше крај на шпанското колонијално царство освен од териториите во Африка.

1904.- Роден е чехословачкиот државник Антоњин Новотни, генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Чехословачка од 1953 година и шеф на државата од 1957. Од функцијата е сменет во почетокот на 1968 година, кога почнаа реформите наречени „Прашка пролет“, кои беа оневозможени со воената интервенција на Варшавскиот пакт во август 1968 година.

1911.- Во Каиро е роден Нагиб Махфуз, египетски филозоф, белетрист и драмски писател. Во 1988 година ја доби Нобеловата награда за литература за творештвото што и придава на арапската белетристика општочовечка вредност. Познати негови дела се „Виор на лудоста“, „Игри на судбината“, „Новото Каиро“, „Почеток и крај“, „Крадецот и кучињата“, „Меден месец“ и други. Умре во 2006 година.

1913. - Познатата слика на Леонардо да Винчи "Мона Лиза" е вратена во парискиот музеј Лувр, од каде што две години порано беше украдена.

1931.- Нисето Алкало Саморо и Торес стана првиот уставно избран претседател на Република Шпанија.

1936.- Британскиот крал Едвард Осми абдицираше и стана војвода од Виндзор, за да  се ожени со Американската Волис Симпсон, која претходно беше двапати мажена.

1936.- Во Рим умре Луиџи Пирандело, италијански писател. Меѓу најзначајните негови дела се драмите „Шест лица го бараат писателот“, „Хенри 4“, романот „Покојникот Матија Паскал“ и други. Роден е во Аргигент, на 28 јуни 1867 година.

1941.- Јапински авиони во Втората светска војна во Јужнокинеското Море ги потопија британските воени бродови „Рипалс“ и „Принц од Велс“, на кои загинаа околу 800 луѓе.

1948.- Генералното собрание на Органицијата на обединетите нации, во Париз, во Палатата Шајо, ја усвои Декларацијата за правата на човекот, па тој ден се прославува како Ден на правата на човекот.

1962. - Во Скопје умре Василие Поповиќ - Цицо, сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на сценографијата во Македонскиот народен театар. Роден е во Скадар на 12 февруари 1914 година.

1963.- Султанатот Занзибар, африканска островска држава на Индијскиот Океан, британски протекторат од 1890 година, се стекна со независност во рамките на Британскиот комонвелт. Наредната година стана република и со Тангањика создаде нова држава која го доби името Танзанија.

1964. - Познатиот црнечки политичар и борец за црнечките права во САД Мартин Лутер Кинг ја доби Нобеловата награда за мир.

1967.- Првата комерцијална термонуклеарна експлозија е извршена во Ново Мексико (САД). Причината е вадење на природен гас од подземјето.

1980.- Милтон Оботе е прогласен за претседател на Уганда, како прв африкански шеф на држава кој се врати на власт по отстранувањето со воен удар. Војската во 1985 година по втор пат го симна од власт.

1982.- Двајцата советски космонаути се вратија на Земјата по рекордни 211 дена поминати во вселената во бродот „Саљут 7“.

1983.- Раул Алфонсин ја презеде должноста претседател на Аргентина како прв демократски избран шеф на држава по осумгодишното владеење на воената хуната.

1987.- Во Чехословалчка власта ја презеде првата некомунистичка влада од 1948, година, а претседателот Густав Хусак поднесе оставка.

1992.- Британскиот престолонаследник принцот Чарлс и неговата сопруга, принцезата Дајана се разведоа. Нивното венчавање во катедралата Сент Пол на 29 јули 1981 година беше светски медиумски настан.

1996.- Преседателот на Јужна Африка Нелсон Мандела го потпиша уставот со кој сите граѓаните, без оглед на расата, се исти пред законот. Тоа беше завршниот чин во демонтирањето на системот на апартхејдот.

1997.- Во Скопје излезе првиот број на магазинот „Став“, весник на студентите на новинарство при Правниот факултет.

1998.- Палестинската ослободителна организација ги поништи одредбите во својот устав кои повикуваа на уништување на Израел.

1998.- Во Скопје е отворен постојан конзулат на Канада во Македонија.

2000.- Во Скопје умре Хари Миновски, македонски новинар. Роден е во Скопје, на 20 март 1930 година.

2006.- Умре поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче. На власт дојде со воениот удар во 1973 година, кога е тргнат легално избраниот претседател Салвадор Аљенде. На чело на Чиле беше до 1990 година. Под негов режим се убиени, од политички причини, скоро 32.000 луѓе, а близу 30.000 трпеа разни облици на репресија. И покрај бројните обвиненија, ниеден судски процес против него не е изеден до крај.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 11:57

1204.- Умре Мојсие Мајмоинид, еврејски филозоф, лекар, математичар и астроном, како и следбеник на Аристотел. Најважното негово филозофско дело е „Водич на љубовта“. Напиша и повеќе астрономски и математички расправи и 18 медицински трактати со теории многу пред времето во кое живееше.

1466.- Во Фиренца умре Донати ди Николо ди Бето Барди - Донатело, италијански скулптор, еден од најпознатите ренесансни уметници кој ги надмина средновековните модели на скулпторското однесување. Познати се неговите дела „Давид“ (прв европски бронзен акт по антиката), релјефи во базиликата „Свети Антон“ во Падова и други. Роден е во Фиренца, во 1386 година.

1553.- Роден е францускиот крал Анри IV, прв монарх од династијата Бурбон. Во текот на владеењето од 1589 до смртта во 1610 година, кога беше убиен од еден католички верски фанатик,  и го врати внатрешниот мир на Франција, а учествуваше и економски и политички со што ја зајакна кралската власт. Андри IV традиционално го сметаат за најголемиот владетел во историјата на Франција, познат како „Андри добриот“.  

1570.- Данска ја призна независноста на Шведска.

1642.- Холандскиот морепловец Абел Тасман ја откри земјата на која и го даде името холандска провинција Нов Зеланд, но поради стравот од домородците не се истовари. Заслуга за октривањето на Нов Зеланд има и англискиот морепловец Џејмс Кук, кој во 1769 година се истовари на еден од новозелендските острови.

1780.- Роден е рускиот дипломат Карл Роберт Васиљевич Неселрод. Беше министер за надворешни работи на Русија од 1822 до 1856 година. Одговорен е за влегувањето на Русија  во Кримската војна против Османликското царство во 1853 година. Во оваа војна на Русија и се придружија Франција, Велика Британија и Сардинија. По рускиот пораз во 1856 година поднесе оставка.

1784.- Умре англискиот писател и лексикограф Семјуел Џонсон, чиј „Речник за англиски јазик“ од 1755 година повеќе од еден век важеше за најавторитетен за англиското говорно подрачје. Останати дела: трагедијата „Ирена“ и критичкото дело „Животите на поетите“.

1797.- Во Дизелдорф е роден Хајнрих Хајне, германски поет, чија поезија претставува врвен дострел на германскиот романтизам. Неговата светска слава се темели врз лирската „Книга на песни“ и врз подоцнежните збирки „Нови песни“ и „Ромецеро“. Умре во Париз, на 17 февруари 1856 година.

1808.- Мадрид капитулираше пред францускиот цар Наполеон I.

1816. - Роден е Ворнер фон Сименс, германски пронаоѓач и индустријалец, еден од пионерите на електротехниката. Го усоврши телеграфот со стрелки, ја изгради првата подолга телефонска линија во Европа (1849), ја пронајде динамо-машината и друго. Умре во 1892 година.

1862.- Во битката кај Фредериксбург во Американската граѓанска војна, генералот Роберт Ли со 80.000 војници од северна го победи генералот Амброаз Бејсад од јужната страна кој командуваше со повеќе од 150.000 војници. Во текот на тешките борби по должината на реката Масапонакс Бејсад изгуби околу 14.000 војници.

1869. - Роден е Анри Матис, француски сликар и вајар. Почна како фовист, но со време стана попрефинет и сликаше со отмен колорит, за да заврши на крајот со чиста демокративност. Силно влијаеше врз модерното европско сликарство, чиј е еден од главните претставници. Умре на 3 ноември 1954 година.

1881. - Во Загреб умре Аугуст Шеноа, хрватски писател, автор на реалистички раскази и фељтони, романтичарски песни и историски романи. Шеноа беше влијателен театарски критичар. Заслужен е за создавањето на современата хрватска проза. Најпознато негово дело е романот "Селанска буна", како и романите "Златарево злато", "Диогенеш", "Клетва", "Чувај се од сењската рака", "Питачот Лука" и комедијата "Љубица". Роден е во Загреб, на 14 ноември 1838 година.

1937.- Јапонските трупи го окупираа кинескиот град Нанкинг. Во текот на наредните шест недели настрадаа околу 200.000 Кинези, повеќето цивили. Кинеската историографија овој период го опиша како „силување на Нанкинг“.

1939.- Во првата голема поморска битка во Втората светска војна британските крстосувачи „Ексетер“, „Ајабк“ и „Ахил“ кај заливот Ла Плата во Атлантскиот Океан тешко го оштетија и онеспособија гераманскиот воен брод „Адмирал Граф фон Шпе“, кој претходно во текот на гусарските крстарења во јужниот Атлантик и Индискиот Океан потопи девет трговски брода.

1944.- Јапонски авион наполнет со експлозив, со кој управуваше пилот-самоубиец (камиказа), удри во американскиот крстосувач „Нешвил“ и усмрти 133 членови на екипажот.  

1981.- Претседателот на Полска Војчех Јарузелски воведе вондредна состојба во земјата. Беше забранета натамошната активност на т.н. синдикат „Солидарност“.

1983. - Во Бук*решт умре Никита Станеску, еден од великаните на романската литература. Првата збирка песни "Смислата на љубовта", ја објави во 1960 година. Во богатото поетско творештво во повеќе од две децении објави околу 30 книги поезија и спаѓа меѓу најплодните европски поети. Неговите дела се преведени на многу странски јазици. Трипати едноподруго ја доби наградата на Сојузот на писателите на Романија, а добитник е и на Хардеровата награда за литература во 1976 година и на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1981 година. Роден е во Плоешти, во 1922 година.

1988.- Во Конго е потпишан протоколот со кој Ангола, Куба и Јужна Африка со посредство на Советскиот Сојуз и на САД и обезбедија пат кон независноста на Намибија (Југозападна Африка) и крај на граѓанската војна во Ангола која почна во 1975 година.

1990.- Претседателот на Африканскиот национален конгрес Оливер Тамбо дојде во Јужна Африка, првпат после 30 години бегство.

1991.- Поранешните советски републики Казахстан, Киргизија, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан се приклучија во Заедницата на Независни Држави.  

1992.- На границата меѓу Република Македонија и Албанија беа отворени три нови гранични премини.

1994.- Претседателот на Намибија Сам Нујом и неговата владејачка партија се прогласени за победници на првите избори по стекнувањето независност на државата.

1995.- Генералното собрание на ОН во Њујорк, со мнозинство гласови гласаше во полза за итно запирање на нуклеарните проби кои се изведуваат во Франција и Кина, единствени земји што изведуваат контроверзни проби.

1995.- Европскиот парламент ја прими Турција во европската Царинска унија, и покрај бројните забелешки кон Анкара за кршење на човековите права.

1995.- Романски патнички авион се урна по полетувањето од аеродром во Верона во северна Италија. Во несреќата загинаа сите 49 лица кои беа во авионот.  

2001.- Пет исламски терористи-самоубијци влегоа во Конгресната зграда во Њу Делхи при што во судирот со обезбедувањето загинаа вкупно 14 лица, вклучително и терористите. Индија за вмешаност во овој терористички акт обвини две милитантни исламистички групи од Пакистан.

2003.- Американските трупи во Ирак кај Тикрит го уапсија веќе соборениот ирачки претседател Садам Хусеин. Садам се криеше откако во јуни истата година американските сили го скршија отпорот на Ирачаните.

2003.- Американскиот претседател Џорџ Буш го потпиша законот со кој се воведени санкции против Сирија заради наводно нејзини врски со терористите.

2006.- Белгиската национална телевизија во ударниот вечерен термин приреди симулација за отцепување на Фландрија. Дури 89 отсто од гледачите изјавија дека поверувале дека Белгија престана да постои според наводните одлуки на фламанското собрание. Веста сериозно ја сфатија дури и некои меѓународни и дипломатски кругови.

2006.- Во Њујорк умре Питер Бојл, американски актер, познат како вечен епизодист, но многу впечатлив и со особен стил на глума. Роден е во Филаделфија, во 1933 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 11:53

- Ден на есперантската книга

37.- Роден е римскиот цар Нерон Клаудиј Цезар Август Германик, еден од најконтроверзните владетели во историјата на Римското царство. На престолот во 54 година го донесе неговата мајка Јулија Агрипин Помладата, која претходно го отру царот Клаудиј, на кого му беше четврта жена. 

1675.- Умре холандскиот сликар Јан Вермер, кој се вбројува меѓу најголемите уметници во историјата на сликарството иако изработи само околу 40 слики. Најчесто работеше фигури во енертиер, а неговите композиции се одликуваат со хармоничност, духовност и поетичност, математичка точност, блескав колорит и светлина. Дела: „Жена со писмо“, „Девојката со ѓерданот“, „Во атеље“, „Млекарка“, „Час по музика“, „Девојката со турбанот“, „Поглед на Делфт“, „Уличката во Делфт“.

1711.- Во Копенхаген изби епидемија на куга, усмртувајќи илјади животи.

1806.- Францускиот цар Наполен Први влезе со трупите во Варшава.

1832. - Роден е Александар Густаф Ајфел, француски инженер и градител на познатата Ајфелова кула во Париз која е висока 320 метри. Позната е и неговата конструкција на Статуата на слободата на влезот во њујоршкото пристаниште. Умре во 1923 година.

1840.- Ковчегот со посмртните останки на францускиот цар Наполен Први беше положен во „Домот на инвалидите“ во Париз, 19 години по неговата смрт на островот Света Елена.

1852.- Роден е францускиот физичар Антоан Анри Бекерел, пронаоѓач на радиоактивниот зрак (Бекерелови зраци), добитник на Нобеловата награда за физика во 1903 година. Во негова чест мерната единица за радиоактивност е наречна бекерел.

1859.- Роден е полскиот лекар и филолог Лазар Лудвиг Заменхоф, творец на меѓународниот јазик есперанто. Првиот учебник на тој јазик го објави во 1887 година, под псевдонимот д-р Есперанто (оној кој се надева). Есперанто не стана меѓународен јазик во пошироката употреба како што се надеваше неговиот творец, но е најважниот и најраширениот од сите вештачки јазици.

1874.- Владетелот на Сандвичките Острови (сегашните Хаваи) Дејвид Калаку стана првиот крал кој на покана на претседателот Симпсон Грант ги поседи САД.

1875.- Над англискиот град Чатам, на височина од околу 30-ина метри прелета „летечка машина“, чудна комбинација на чадор и змев.

1890.- Убиен е индијанскиот полгавар „Бикот што седи“, водач на племето Сијукс, врз основа на наредбата на повереникот на владата на САД во резерватот во Јужна Дакота. Го предводеше сојузот на племињата, познат како „Дакота“. Се бореше против бруталната политика на САД која систематски се спроведуваше врз Индијанците. Тој беше најзаслужен за победата на неговите сонародници во битката кај Литл Биг Хорн во 1876 година кога беше уништен дел од Седмата коњаничка дивизија под команда на Џорџ Кастер.

1897.- Умре францускиот писател Алфонс Доде. Пишуваше романи, драми и новели. Дела: „Сафо“, „Нума Руместан“, „Бесмртник“.

1901.- Во селото Д`мбени, Костурско, е роден Атанас Близнаков, основач на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, прв од ваков вид на Универзитетот, од која се стипендираат студенти кои покажуваат особени резултати во студиите. Умре во Скопје, на 10 јули 1998 година.

1910.- Во селото Горно Борди, Серско, е роден Михаил Сматракалев (познат под псевдонимот како Ангел Жаров), македонски револуционер, публицист и писател, еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938 - 1941), од 1992 година почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Во 1935 година од печат излезе неговата прва и единствена објавена поетска книга на македонска тема „Бура над родината“. Автор е и на делата „Македонскиот литературен кружок“, „Модрите широчини на татковината“ и „На македонски теми“. Умре во Софија, на 16 април 1998 година.

1938.- Загина рускиот пилот Валериј Павлович Чкалов испробувајќи го новиот тип на ловечки авион. Тој се прослави со многу потфати, вклучувајќи го и прелетувањето преку Северниот пол. Во 1937 година го изведе летот преку најсеверната точка на земјата без спуштање, прелетувајќи со авионот „Ан-25“ за 64 часа и 25 минути 12.000 километри од Москва до американскиот град Ванкувер кај Портланд, а со тоа постави светски рекорд. Во чест на тој сензационален лет, во Ванкувер му е подигнат споменик и посветен музеј.

1944.- Во Скопје почна Првата национална конференција на Антифашистичкиот фронт на жените на Македонија. Конференцијата ја отвори Мара Нацева, а политички реферат поднесе Веселинка Малинска. Притоа е избран Главен одбор на АФЖ на Македонија, а за претседател е избрана Васка Циривири.

1945.- Во селото Нестрам, Костурско, грчките власти изведоа пред суд 61 Македонец, бидејќи своите деца ги учеа да пишуваат и да читаат на свој мајчин македонски јазик.

1945. - Симфонискиот оркестар на денешната Македонска филхармонија го оддржа својот прв симфониски концерт.

1946. - Во Скопје започнаа првите предавања на Филозофскиот факултет. Основањето на Филозофскиот факултет претставува значаен настан за целокупната културна преродба на македонскиот народ, израз на стремежите на македонскиот народ, што побрзо да ја надмине заостанатоста наследена од минатото и да зачекори кон посветла иднина. Наставата на филозофскиот факултет беше тесно сврзана со науката и затоа тој беше и остана силен двигател на научната мисла во општествените науки сврзани со македонскиот национален дух и неговата историја.

1961. - Судот во Ерусалим го осуди на смрт нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, одговорен за смртта на повеќе стотици илјади невини цивили во Втората светска војна.

1961.- Генералното собрание на Обединетите нации го отфрли советскиот предлог за прием на Кина во светската организација.

1964.- Собранието на Канада го прифати новото национално знаме - црвено бело во водорамни полиња при што на централното бело поле се наоѓа црвен јаворов лист. Знамето беше општоприфатено како симбол на Канада.

1966. - Во Бурбанк, Калифорнија, умре Волт Дизни, познат северноамерикански цртач и филмски продуцент, творец на модерниот цртан филм. Роден е во Чикаго, на 5 декември 1901 година.

1970.- На Венера се спушти советскиот вселенски брод „Венера 7“ од кој сигналите стигнуваа само неколку минути кои дадоа одговори на многу прашања.

1974.- Умре Анатол Литвак, американски филмски режисер. Роден е во 1902 година.

1978.- Претседателот на САД Џими Картер соопшти дека неговата земја од 1 јануари 1979 година ќе воспостави дипломатски односи со Кина, а односите со Тајван ќе ги прекине.

1989.- Собранието на Панама го именува за претседател на владата генералот Антонио Норијег, поранешен штитеник на САД, и прогласи дека Панама „е во воена состојба“ со САД.

1991.- Пред египетското пристаниште Сафага фериботот „Салем Експрес“ удирајќи во корален гребен потона, усмртувајќи 474 патници.

1991.- Во Скопје, во Гранд хотел „Скопје“, за првпат се одржа манифестацијата за избор на најубава Ромка во Република Македонија. Титулата најубава ја понесе Лиза Јашарова.

1993.- Во Њујорк умре Мирна Лој, американска филмска актерка. Има остварено улоги во повеќе од 120 филмови. Родена на е на 2 август 1905 година.

1994.- По едномесечна политичка криза, Џон Брутон стана нов премиер на Република Ирска.

1997.- Во Скопје умре Тома Киров, еден од основоположниците на македонскиот театар. Роден е во 1926 година.

1997.- Умре Илија Црвенов, оперски пејач, првенец на Операта при Македонскиот народен театар и еден од доајените на македонската оперска уметност. Роден е во 1937 година.

1999.- Шефот на УНМИК Бернар Кушнер ја формираше преодната влада на Косово за што во Приштина потпиша документот со албанските политички претставници. Документот е напишан на англиски и на албански јазик и е донесен без консултација со претставниците на Србија. Извршниот одбор на Српскиот национален совет на Косово и Метохија заклучи дека со создавањето на преодната влада УНМИК го продлабочил јазот меѓу Србите и Албанците.

1999.- Во Собранието на Република Македонија е извршена свечена инаугурација на новиот (втор по ред по осамостојувањето, по Киро Глигоров) претседател на Република Македонија Борис Трајковски.

2000.- Украинскиот претседател Леонид Кучма нареди да се затвори нуклеарната електрана во Чернобил во која 14 години претходно се случи најголемиот инцидент во историјата на нуклеарните централи.

2004.- На југот на Франција свечено е отворен највисокиот друмски мост во светот „Мијо“, чиј највисок столб има 340 метри. Мостот, долг два километри, е заеднички француско-британски потфат.

2006.- Јапонија за првпат после поразот во Втората ветска војна доби Министерство за одбрана. До оваа одлука јапонската влада во својот состав имаше само Агенција за одбрана, формирана во очи на Корејската војна во 1954 година. Непосредно по капитулацијата во 1945 година, на Јапонија и е строго забрането да поседува вооружени сили.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2008 во 11:06

- Национален празник на Република Етиопија

1485.- Родена е шпанската принцеза Катарина Арагонска, прва од шестте жени на англискиот крал Хенри VIII. Разводот во 1533 година, извршен без дозвола од папата, предизвика реформи во англиската црква и прекин со Ватикан. Хенри VIII се разведуваше повеќе пати бидејќи немаше машки деца кои би биле наследници на престолот.

1678.- Умре англискиот економист Вилијам V, творец на теоријата на работните вредности, кој според Карл Маркс ги постави темелите на политичката економија како наука. Дела: „Нешто за парите“, „Политичка анатомија на Ирска“, „Политичка аритметика“.

1770. - Во Бон е роден, Лудвиг Ван Бетовен, германски композитор, еден од најголемите композитори на сите времиња. Универзалноста на неговата генијалност се гледа во поетското и длабоко доживувано отсликување на природата, во непосредното изразување на лирските и љубовните чувства, во вербата на посреќната иднина и создавањето на општочовечкото богатство. Компонира девет симфонии, сонати и друго. Умре во Виена, на 26 март 1827 година.

1773.- Незадоволна од високите увозни царини и британската колонијална власт, група американски колонисти, во бостонското морско пристаниште ги исфрли сандаците полни со чај од еден британски брод. Тој случај, подоцна наречен „бостонска чајанка“, ја навести американската војна за независност започната во 1775 година.

1775.- Родена е англиската писателка Џејн Остин. Таа во романите реалистички го слика секојдневниот живот на англиската провинција. Заплетите на нејзините романи, проткаени со хумор и блага иронија се едноставни и произлегуваат од психологијата на ликовите на обичните човечки односи, а дијалогот е многу вешто воден. Дела: „Гордост и предрасуди“, „Менсфилдски парк“, „Ема“ и други.

1859.- Умре германскиот писател Вилхелм Грим, собирач и обработувач на народни бајки  кои како и повеќето други дела ги објави заедно со неговиот постар брат Јакоб. Тој ја проучуваше и митологијата.

1869. - Во Ресен е роден д-р Христо Татарчев, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација во Солун, во 1893 година. Беше претседател на Организацијата од неговото основање, па се до 1901 година. Умре на 5 јануари 1952 година, во Торино, Италија.

1899.- Роден е англискиот писател, глумец и пејач Ноел Кауард, многу популарен меѓу Првата и Втората светска војна во Велка Британија и САД. Пишуваше и режираше драми, комедии и музички ревии, а за повеќето негови комедии се снимени и филмови. Дела: „Збор и музика“, „Приватен живот“ и други.

1912. - Во селото Војница, Велешко, е роден Коле Неделковски, истакнат македонски поет и револуционер. Во 1940 година ја објави првата стихозбирка "М'лскавици", а во 1941 година и втората збирка "Пеш во светот". Се самоуби во борба против бугарската фашистичка полиција во Софија, на 2 септември 1941 година.

1914.- Во Загреб умре Иван Зајц, хрватски композитор, диригент, пијанист и музички педагог. Роден е во Риека, на 3 август 1832 година.

1917.- Роден е англискиот писател и визионер Артур Кларк. Во неговите научно-фантастични романи и приказни главни теми се истражувањето на вселената, морските длабочини, како и времето. Го интересираа и последиците на можните човечки контакти со вонземската цивилизација. Дела: „2001: Одисеја во вселената“, “2001: Конечна одисеја“, „Крај на детството“, „Град и ѕвезди“, збираката приказни „Од другата страна на небото“, „Приказни за десет света“, „Средба со Медуза“, „Сончев ветер“.

1918.- Онована е Комунистичката партија на Полска.

1920.- Силен земјотрес ја погоди Кина, при што ја опустоши провинцијата Шанси. Под урнатините на зградите загинаа околу 180.000 луѓе.

1921.- Умре Камиј Сен - Санс, француски композитор, главен претставник на класичниот правец во француската музика од 19. век. Најзначајно дело му е операта „Самсон и Далида“. Роден е на 3 октомври 1835 година.

1942.- Врховната команда на Германија во Втората светска војна издаде директива за борба против партизанските единици која е спротивна на одредбите на Женевската конвенција. Со директивата беше наредено германските војници да не се повикуваат на одговорност поради брутално однесување.

1944.- Германците во Втората светска војна во Ардените, со силна артилериска подготовка и со спуштање на 1.500 падобранци, ја започнаа контраофанзивата на Западниот фронт, изненадувајќи ги американските сили. Во борбите кои завршија со пораз на Германија, сојузниците изгубија 77.000 војници, а Германците 130.000.

1945. - Во Костур, Егејска Македонија, започна судскиот процес против 106 Македонци од гратчето Хрупишта, Костурско, обвинети за соработка со окупаторот и покрај тоа што повеќето од нив беа борци на ЕЛАС. Некои од нив беа осудени на казна доживотен затвор, а други на временски казни.

1946.- Започна наставата на катедрите по математика, физика, хемија, биологија и географија со етнологија на Природно-математичкиот оддел на Филозофскиот факултет во Скопје.

1949.- Во Бугарија е извршена смртна казна врз Трајче Костов кој беше долгогодишен истакнат лидер на Комунистичката партија на Бугарија. Тој во монтиран политички процес во Софија беше осуден заради „титоизам“.

1949.- Водачот во борбата за независност Ахмед Сукарно беше избран за претседател на Индонезија, по стекнувањето на независност од Холандија.

1960.- Во сударот на американските патнички авиони „DC-8“ и „Супер констелејшн“ врз Њујорк, загинаа сите 128 патници од двата авиона и осум луѓе на земјата.

1965. - Умре Вилијам Сомерсет Мом, англиски писател. Напиша голем број приказни, романи и драми. Во поголемиот број од делата го критикува англиското граѓанско општество, а ги проучуваше и обичаите на другите, особено на егзотичните земји. Роден е на 25 јануари 1874 година.

1965.- Умре Тито Скипа, италијански оперски пејач. Роден е во 1890 година.

1966.- Советот за безбедност на Обединетите нации на предлог на Велика Британија едногласно ги изгласа економските санкции против режимот на белото малцинство во Родезија.

1969.- Долниот дом на британскиот парламент ја укина смртната казна.

1969. - Во Скопје умре Васил Хаџиманов, македонски етномузиколог и педагог. Меѓу најзначајните негови дела се вбројуваат "Зборникот на македонски народни песни", "Соборски народни песни", "Македонски борбени народни песни" и "Моми тиквешанки". Роден е во Кавадарци, на 14 јануари 1906 година.

1982.- Во Скопје е формиран Хорот на просветните работници „Св. Кирил и Методиј“.

1993.- Со размена на официјални документи, во Скопје, шест земји-членки на ЕУ - Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија и Данска - воспоставија целосни дипломатски односи со Република Македонија.

1995.- Со одлука на Извршниот комитет на Европската конфедерација на синдикатите (ЕКС), Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) стана член на Форумот на ЕКС.

1996.- Јужнокорејскиот апелационен суд ја преиначи смртната пресуда на бившиот претседател на Јужна Кореја Чун Ду Хван во казна доживотен затвор.

1998.- Американски и британски авиони го нападнаа Ирак.

1999.- Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол призна дека погрешил заради прикривање на донациите на Христијанско-демократската унија, владејачката германска паритија која тој ја предводеше, но го отфрли тврдењето дека станува збор за подмитување.

2004.- Новиот претседател на САД Џорџ Буш го именуваше пензионираниот генерал Колин Пауел за државен секретар, кој стана прв Афроамериканец на функцијата шеф на дипломатијата.

2002.- Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана и генералниот секретар на НАТО Џорд Робинсон го официјализираа стратешкото партнерство на двете организации за управувањето со кризи, со што беше овозможено ЕУ да создаде сопствени сили за брза интервенција и сама воено да интервернира во странство.

2003.- Швајцарското собрание ја сувои резолуцијата со која масакарот врз Ерменците кој се случи во Турција во текот на Првата светска војна е означен како геноцид.

2004.- Во Тајван, во престолнината Тајпеј се монтирани најбрзите лифтови во светот (1.014 метри во минута). Монтирани се на дотогаш највисоката градба во светот (508 метри).

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.