IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2008 во 10:04

- Светски ден на авиоконтролорите

1632.- Роден е англискиот архитект Кристофер Рен, основач на Кралското друштво во Лондон (Академија на науките) и прв претседател од 1680 до 1682 година. Проектираше голем број зданија по катастрофалниот пожар во Лондон во 1666 година, вклучувајќи 53 цркви, меѓу кои и монументалната катедрала „Свети Павле“.

1728.- Пожар уништи поголем дел од Копенхаген.

1784.- Роден е англискиот државник Хенри Џон Темпл, познат како лорд Палмерстон, двапати премиер помеѓу 1855 и 1865 година. Ја организираше „Опиумската војна“ против Кина и Кримската воја против Русија и беше иницијатор на задушување на антиколонијалното востание во Индија и Кина.

1827.- Во поморската битка кај Наварина во текот на грчката војна за ослободување, руските, британските и француските бродови ги уништија турската и египетската флота.

1854.- Роден е Артур Рембо, француски поет. Уште млад стана славен, а на 17 години ја напиша познатата поема „Пијаниот брод“. Во дваесеттата година престана да пишува минувајќи низ литературата како „метеор“, а оставајќи во наследство дело што ги навести симболизмот и надреализмот. Умре на 10 ноември 1891 година.

1875.- Во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија, е роден Димо Хаџи Димов, најборбен и најсестран идеолог и теоретичар на автентичното македонско национално ослободително движење, близок соработник на Гоце Делчев, на Јане Сандански и на други истакнати македонски револуционери. Во Софија, по порачка на бугарскиот двор, сред бел ден, терористот Величко Георгиев (Владо Черноземски) го застрела на 13 септември 1924 година.

1883.- Со мирот во Ангкор Перу се обврза на Чиле да и врати одредена територија богата со палитра. Истиот ден Боливија стана континентална држава без излез на море.

1884.- Роден е американскиот филмски глумец од унгарско потекло Бела Блашко, познат како Бела Лугоси, толкувач на голем број улоги на Дракула во филмовите на стравот, но се покажа и како врвен комичар. Филмови: „Тринаесетта столица“, „Дракула“, „Убиство во улицата Морж“, „Бакнеж на смртта“, „Остров на изгубените души“, „Црна мачка“, „Знакот на вампирите“, „Куќата на Дракула“, „Франкештајнов син“, „Горила“.

1887.- Светскиот научник Никола Тесла ги пријави своите први пронајдоци. Тоа беше почеток на револуцијата во електротехниката. Заштитата на своите патенти ја доби во следната 1888 година.

1890.- Умре англискиот истражувач, писател, преведувач и дипломат Ричард Бартон, прв Европјанин кој предводејќи ја експедицијата со Џон Хаминг Спик, во 1858 година го виде езерото Тангањика во Африка. Беше во воената служба во Индија и британски конзул во Бразил, Сирија и Италија.

1891.- Роден е англискиот физичар Џејмс Чедвик, добитник на Нобеловата награда за физика во 1935 година. Во 1932 година го откри неутронот. Во Втората светска војна како главен британски инструктор од 1943 до 1945 година работеше на “Менхетен проектот“ за развој на атомската бомба во Лоз Аламос, САД.

1915.- Во селото Игуменец (Гега), Пиринска Македонија, е роден Антон Попов, македонски револуцонер, публицист, писател, познат комунистички активист и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. Го стрелаа фашистичките џелати во Софија, на 23 јули 1942 година.

1918.- Германија ги прифати условите на сојузниците за капитулација во Првата светска војна.

1924.- Пуштена е во сообраќај железничката линија меѓу Велес и Штип.

1941.- Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт.

1943.- Во селото Д`мбени, Костурско, е одржан основачкиот состанок за формирање на организацијата Славјано-македонски националослободителен фронт (СНОФ) во Костурско.

1993.- Српскиот претседател Слободан Милошевиќ го распушти Парламентот и најави парламентарни избори.

1993.- Во Сомбор умре Милан Коњовиќ, српски сликар, со светско реноме. Роден е во Сомбор, на 28 јануари 1896 година.

1994.- Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. "Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија", изјави Елцин.

1945.- Египет, Сирија, Ирак и Либан ги предупредија САД дека со создавање на еврејска држава може да дојде до војна. Истиот ден арапските земји формираа организација за борба против ционизмот - Арапска лига.

1950.- Умре американскиот политичар Хенри Луис Стимсон, министер за труд на САД од 1911 до 1913 и од 1940 до 1945 година, идеен творец на најголемиот поединечен воен злочин во историјата на човештвото. На негова препорака претседателот на САД Хари Труман одлучи во август 1945 година да биде фрлена атомската бомба врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки, иако Јапонија веќе беше поразена во Втората светска војна.

1971.- Вили Брант, канцелар на Западна Германија ја доби Нобеловата награда за мир.

1991.- Во земјотресот на индиската страна на Хималаите загинаа повеќе од 340 луѓе и беа разорени десетици илјади куќи.  

1995.- Белгискиот политичар Вили Клас поднесе оставка на функцијата генерален секретар на НАТО поради вмешаност во корупциски афери.

1997.- Бројна владино-стопанска делегација на Руската делегација, предводена од вицепремиерот и министер за стопанство, Јаков Уринсон, престојува во Македонија, за да го поттикне заживувањето на стопанската соработка меѓу двете земји.

2003.- Почина Ѓоко Георгиев, водителот на првите контактни емисии на Македонското радио "Три гонга" и "Средби низ музика". Тој ќе остане запаметен и како автор на 3.000 текстови за поп-музика, и соработник-новинар во „Нова Македонија“, „Вечер“, „Журнал“ и „Екран“. Роден е во 1926 година.

2003.- Во Белград почина српскиот актер и комичар Миодраг Петровиќ - Чкаља. Тој е познат по своите улоги во театарски претстави, во повеќе од 25 филмови и 32 хумористични телевизиски серии меѓу кои најпознати се "Музеј на восочните фигури", "Сервисна станица", "Сачулатац" и сериите "Камионџии", "Жежок ветер" и "Подобар живот". Роден е на 1 април 1924 година во Крушевац.

2002.- На повторениот референдум Ирците го прифатија договорот од Ница за проширување на Европската унија.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2008 во 11:46

- Национален празник на Сомалија. Ден на основањето, 1969 година.

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но од 1412 година поради неколкуте напади на лудило го добил прекарот „Лудиот Шарл“.  Ја предизвикал граѓанската војна во француските покраини Армањак и Бургундија, а во текот на неговото владеење Англичаните во Стогодишната војна, предводени од кралот Хенри I, во 1415 година им нанеле голем пораз на француските трупи во битката кај Азенк*р.

1556.- Во Венеција умре Пиетро Аретино, италијански комедиограф, поет, сатиричар и мамфлетист. Познати се неговите комедии „Дворски работи“ и „Дворски маршал“. Роден е во Арецо, во 1492 година.

1760.- Роден е јапонскиот сликар Кацушика Хокусај, главен претставник на релаизмот во јапонското сликарство. Сликал сцени од секојдневниот живот и предели, вклучувајќи го и познатиот циклус „Триесет погледи на Фуџијама“.

1772.- Роден е англискиот писател и мислител Семјуел Тејлор Колриџ, еден од најзначајните англиски книжевни критичари и роматничарски писатели. Под влијание на германската идеалистичка филозофија, застапувал спиритуално и религиозно толкување на животот, наспроти англиската емпиристичка филозофија. Дела: „Кристобела“, „Лирски балади“, „Предавања“.

1790.- Роден е францускиот писател и политичар Алфонс де Ламартин, чија поезија е обоена со песимистичко и религиозно расположение. Во политиката, застапувајќи слободарски идеи, бил активен од 1834 година до државниот удар на Наполеон III во 1851 година. Бил член на привремената влада и министер за надворешни работи на Франција. Притиснат од политичкиот живот по државниот удар, се повлекол од јавниот живот и се посветил на пишувањето песни. Со голема слава се стекна со неговата прва збирка на песни „Песнички медитации“. Останати дела: „Песничка и религиозна хармонија“, „Жослен“, „Падот на еден ангел“, „Патот кон исток“.

1805.- Британската флота на адмиралот Хорејс Нелсон на излезот од шпанското пристаниште Кадис кај Трафалгар, во битката на тогаш најсилната поморска армада, ја победи француско-шпанската флота со која командуваше францускиот адмирал Пјер Силвестер де Вилнев. Во битката Французите изгубија 20 бродови, а Англичаните ниту еден. Победата на Анлија и овозможи превласт врз морињата за целиот нареден век, но Нелсон беше смртно ранет и истиот ден умре.

1833.- Во Стокхолм е роден Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец. Во 1867 година го пронајде динамитот, а во 1886 година балиститот, еден од првите бездимни барути. Патентира повеќе од 300 пронајдоци. Од производството на динамитот се збогати, па со тестамент остави фонд од 9,2 милиони долари за доделување на Нобеловата награда за вонредни достигнувања на подрачјето на физиката, хемијата, медицината, литературата, за залагањето за мир и за економија. Умре во Сан Ремо, во Италија, на 10 декември 1896 година.

1912.- Во Унгарија е роден Џорџ Шолти, американски диригент, од унгарско потекло. Се смета за еден од најголемите диригенти во светот во 20. век. Умре на 5 септември 1997 година.

1917.- Роден е американскиот трубач, пејач, композитор, аранжер и шеф на оркестарот на Џон Брикс „Дизи“ Гилеспи , еден од најдобрите трубачи и импровизатори во историјата на џезот. Одигра пресудна улога во создавањето на таканречената би-бап музика.

1938.- Јапонските окупациони трупи по неколку месеци бомбардирање го зазедоа кинескиот град Кантон.

1941.- Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.

1943.- Во селото Издеглавје, Охридско, е одржан Првиот свештенички собир на слободната територија на Дебарца. Триесетте народни свештеници, изразувајќи ги стремежите и определбите на православното свештенство и на верниците од цела Македонија, донесе мошне значајни одлуки. Свештениците и македонските христијани беа повикани да се вклучат во народноослободителното движење и со сите сили и средства да ја помагаат народната војска. Според одлуките на собирот, откажана е секаква јурисдикција на туѓите цркви врз Црквата на Македонија, а во црковната администрација е воведен македонскиот јазик. Притоа свештениците се ставија на располагање на народната власт. Потоа е формирана првата организирана црковна власт, формирано е архиерејско намесништво, а за прв намесник е поставен заслужниот деец и учесник во НОВ, прота ставрофор Антим Поповски. По повод одржувањето на Првиот свештенички собир, во Издеглавје, на 20 октомври 1983 година е отркиена спомен-плоча.

1944.- Американските трупи го зазедоа Ахен, прв поголем германски град кој во Втората светска војна падна во рацете на сојузниците.

1949.- Роден е израелскиот политичар Бењамин Нетањах, прв премиер на Израел избран на општи избори. На изборите во 1996 година како кандидат на десничарксата Ликуда го победи дотогашниот шеф на владата, лабуристот Шимон Перез. Три години подоцна беше поразен од Перезовиот наследник Ехуд Барак.

1990.- Во Струга е поставен камен-темелник на новиот црковен храм „Света Петка“.

1990.- Во селото Опае, Кумановско, е осветена црквата „Свети Ѓорѓи“.

1996.- Брдо од јаглена прашина близу рудникот во селото Аберфан во Велс се сруши врз школо при што усмрти 116 ученици и 28 возрасни лица.

1969.- Умре американскиот писател Жан Луј Керуак, познат како Џек Керуак, најпознат романсиер во британското движење на американските книжевници во педесеттите години од 20. век. Најчести теми во неговите романи се сексот, дрогата, мистицизмот, брзината... Дела: „На патот“, „Доктор Сакс“, „Маги Касиди“, „Ангелите пустошат“, „Сатира во Париз“, „Мексико Сити блуз“, „Химна - Господе моли се за мене“, „Расфрлени песни“, „Осамениот песник“, „Светите книги на златната вечност“.

1969.- Вили Брант ја формираше коалиционата влада на социјалдемократите и либералите и стана прв социјалдемократски канцелар на Западна Германија. Водеше политика на попустливост во светот, посебно во односите со источноевропските држави, а неговата „источна политика“ придонесе за стабилизација во Европа.

1984.- Во Париз умре Франсоа Трифо, еден од најпознатите француски филмски режисери со светска слава. Тој се истакна како извонреден филмски продуцент, критичар, актер и сценарист.

1984.- Во Париз умре Пјер Каст, еден од основачите на францускиот нов бран во филмот, режисер и писател. Роден е во Париз, на 22 декември 1920 година.

1990.- Водачот на либанската Национална либерална партија Дени Шамун, еден од лидерите на христијанската заедница во Либан, во Бејрут заедно со повеќе членови од неговата фамилија, убија ислмаски терористи.

1994.- САД и Северна Кореја потпишаа договор според кој Пјонгјанг ќе ја замрзне а потоа напушти нуклерната програма.

1995.- По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка.

1995.- Во Дејтон, САД, е потпишан мировен договор за Босна и Херцеговина.

1997.- Мило Ѓукановиќ е избран за претседател на Црна Гора.

1999.- Повеќе од 110 луѓе загинаа во ракетниот напад на чеченските исламски терористи на пазар во Грозни, главниот град на руската република Чеченија.

2000.- Умре Александар Ацо Ивановски - Ревија, еден од најпознатите македонски фотографи. Роден е во Тетово, на 14 март 1921 година.

2002.- Најмалку 14 луѓе загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Израел која ја активираа палестински исламски терористи.

2002.- Врховниот суд на САД го отфрли барањето за испитување на уставноста за погубување на луѓето кои имаат помалку од 18 години во моментот на извршувањето на кривичните дела за што им е изречена смртна казна.

2007.- Најмалку 17 турски војници и 32 к*рдски бунтовници загинаа во судир во близина на турско-ирачката граница.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 10:49

- Пантификален ден на Светата столица.

1721.- По две децении војување со Шведска, по што Русија излезе како нова сила на Балканот, Петар Велики се круниса за цар. Тој изврши многу важни реформи со кои Русија ја изведе од средновековната заостанатост.

1752.- Умре Александар Скарлати, италијански композитор, диригент и чембелист, основач на таканаречената „Неаполска школа“ во областа на операта. Во своите дела (околу 120 опери и над 800 кантати) синтетички ги опфати и ги продлабочи придобивките на италијанскиот барок. Компонираше и ораториумим концети за чембело и црковна музика. Роден е на 2 мај 1659 година.

1797.- Французинот Андре Жак Гарнериан прв го употреби падобранот, скокајќи од балон над Париз со висина од 680 метри.

1811.- Во Рајдинг е роден Франц Лист, унгарски пијанист и композитор, музичар со романтичарско определување и предводник на германската школа. Тој беше пијанистички виртуоз, кој изгради модерна техника и нов звучно-брилијантен клавирски стил. Зад себе остави нови симфониски поеми, низа камерни дела за оргули и вокални дела. Умре во Боајрот, Баварија, на 31 јули 1886 година.

1882.- Умре унгарскиот писател Јанос Арањ, најголем унгарски епски поет, кој заедно со Шандор Петефиј, беше најзначаен претставник на „народниот“ правец кој доминираше во унгарската литература во 19. век. Напишал многубројни студии и есеи и биографија за Фредерик Шопен.

1844.- Родена е француската глумица Анријета Розина Бернар, позната како Сара Бернар, која ја одбележа театарската епоха како најголема трагичарка во своето време. Уживаше исклучителна популарност и современиците ја нарекоа „божана Сара“. Нејзината слава не беше прекината дури ни кога во 1915 година и беше извршена ампутација на ногата, осум години пред нејзината смрт. Беше професор на Конзерваториумот во Париз. Ја напиша „Мемоари“.

1883.- Во Њујорк со изведбата на операта „Фауст“ на францускиот композитор Шарл Гуно беше отворено зданието „Метрополитен опера“.

1887.- Во Бирото за патенти во Њујорк Никола Тесла ги пријави своите шест изуми: асинхронен мотор, обратно магнетно поле, повеќефазна наизменична струја, начин на изработка на мотор за повеќефазна струја, генератор и трансформатор. Изумите во 1888 година ги откупи фирмата „Вестингхаус“, а нивните примени ги прикажа на светската изложба во Чикаго во 1893 година.

1887.- Роден е американскиот новинар и револуционер Џон Рид, чии дела „Дестте денови што го потресоа светот“ и „Црвена Русија“ се најдобрата хроника на Октомвриската револуција.

1906.- Умре Пол Сезан, француски сликар. Во почетокот работеше во духот на импресионизмот, а подоцна се откажа од аналитичкиот метод и правеше синтеза заснована врз геометриски форми, градација на тоналитетот и контрасти на бои. Изврши големо влијание врз развојот на модерното европско и светско сликарство во 20 век. Негови познати дела се : "Сина ваза", "Коцкари", "Планината Сен-Виктоар", и други. Роден е на 19 јануари 1839 година.

1913.- Роден е виетнамскиот цар Бао Дај, поселедниот монарх на Виетнам, кој како марионета „владееше“ со земјата под француска колонијална управа. По четири децении во бегство, умре во 1997 година во воената болница во Париз.

1917.- Во Прилеп е роден Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. Тој е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, на Уметничката школа во Скопје, на Уметничката галерија, на ликовната група „Денес“, професор на Педагошката академија во Скопје и на Академијата во Багдад, во Ирак. Најпознат е по своите фрески изведени во Скопје, во Кичево, во Велес и во Сиудат Мексико. Автор е и на повеќе мозаици. Умре во Скопје, на 16 јуни 1993 година.  

1927.- Во Белград умре Борисав - Бора Станковиќ, српски писател, еден од најзначајните српски прозаисти од почетокот на 20. век. Најпознат е по делата „Нечиста крв“ (роман), по драмите „Ташана“ и „Коштана“, како и по расказите „Стари денови“. Роден е во Врање, на 31 март 1875 година.

1943.- Родена е француската глумица Катрин Дорлек, позната како Катрин Денев. Во 1994 година беше именувана за амбасадор на добрата волја на УНЕСКО.

1953.- Благодарејќи на борбата на ослободителната армија на Патет Лао, Лаос се стекна со независност од Франција под чија управа беше од 1893 година.

1962.- Претседателот на САД, Џон Кенеди нареди морнарицата и авијацијата на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметаше дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се најде во најдраматичниот период по Втората светска војна, кога лесно можеше да избувне нуклеарна пресметка меѓу двете супер-сили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов доведе најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД, дека нема да ја нападнат Куба.

1964.- Францускиот писател и филозоф Жан Пол Сартр ја одби Нобеловата награда за книжевност.

1973.- Умре шпанскиот виолончелист од каталонско потекло Пабло Казалс, професор во Конзерваториумот во Барселона и Париз, кој од 1938 година како противник на диктаторскиот режим на Франциско Франко, живееше надвор од Шпанија.  Настапуваше ширум светот пленејќи ја публиката со совршенство и топлина во интерпретацијата на композициите.

1973.- Во Скопје умре Димитар Николоски - Луј, македонски музички педагог и композитор. Музика учеше во Белград и во Софија, а дипломира на музичкиот отсек на Педагошката академија во Скопје. Роден е во Прилеп, на 7 октомври 1913 година.

1991.- На општите избори во Турција, победи Партијата на вистинскиот пат на Сулејман Демирел.

1995.- Во Харлем, црнечко предградие на Њујорк, топло е поздравен кубанскиот водач Фидел Кастро, долгогодишен непријател на американската администрација, кој дојде во Њујорк по повод 50-годишнината од основањето на Обединетите нации.

1996.- Во пожарот предизвикан од солзавец фрлен од полицијата во еден затвор во Венецуела загинаа повеќе од 25 затвореници.

1997.- Најстарата македонска православна црква во Австралија, "Свети Ѓорѓи", во Фицрој, осветена во 1960 година, е продадена за 810.000 австралиски долари на градежна фирма.

1999.- Поранешниот герилски водач Ксананa Гусмao од затвор во Индонезија тримфално се врати во Источен Тимор, некогашна португалска колонија.

2005.- Нигерсики авион со 116 патници, меѓу кои повеќе високи официјални личности, се урна набрзо по полетувањето од Лагос. Несреќата не ја преживеа никој од патниците и членовите на екипажот.

2007.- Прогласен е новиот устав на Црна Гора.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 08:34

42. п.н.е.- Римскиот политичар Марко Јуниј Брут изврши самоубиство.

1596.- Турската војска на султанот Мухамед III кај Ерлау, во Унгарија, ги порази австриските трупи на Максимилијан.

1764.- Во Париз умре Жан Мари Леклер, француски виолинист и композитор, во почетокот балетски играч. Компонира повеќе дела меѓу кои особено се истакнуваат виолинските композиции. Роден е во 1697 година.

1817.- Роден е францускиот лексикограф и енциклопедист Пјер Атаназ Ларус, издавач на големиот светски речник на 19. век во 17 томови. Издавачката куќа „Ларус“ по неговата смрт 1875 година продолжи со издавање енциклопедиски речници.

1844.- Во Париз е родена Сара (Вистинското име и е Розин) Бернар, француска артистка, со исклучително убав глас и дарба. Нејзината глума обележа цела една епоха. Нејзини главни улоги се Корделија („Крал Лир“), Кралица („Руј Блаз“), во „Федра“, „Дамата со камелии“, „Хамлет“, „Тоска“, „Теодора“ и други. Умре во Париз, на 2 март 1923 година.

1872.- Умре Теофил Готје, француски писател. Пишуваше песни, романи, патописи и критики. Роден е во 1811 година.

1893 -  Во Солун е основана  Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), која подоцна станува македонско национално движење и дејствува со цел за извојување автономија  на Македонија преку револуционерна борба. Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври - според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе  Вардарско. Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската егзархиска машка гимназија. Набргу  учениците во гимназијата  создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите на ТМОРО вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формира структурата на организацијата, се започнува со процесот на создавање на вооружени  чети  и почнуваат набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.

1917.- Кај местото Луневил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна.

1917.- На седница на Централниот комитет на руската Социјалистичка работничка партија (болшевичка) донесена е одлука за покренување организирано востание. Со подготовките и изведувањето на Октомвриската револуција раководеше Владимир Илич Ленин.

1942.- Кај градчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка.

1944.- Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка во Втората светска војна. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби.

1944.- Сојузничките држави во Втората светска војна ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол.

1954.- САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија.

1956.- Француските колонијални власти го грабнаа авионот на мароканскиот султан, со кој водачите на алжирската револуција Ахмед Бен Бела, Мустафа Лашреф, Мухамед Будијаф, Мухамер Кидер и Ахмер Аит Хусеин летаа на состанокот со тунискиот премиер Хабиб Бургиба. Оваа постапка на француските единици предизвика протест во целиот свет.

1958.- Рускиот писател Борис Пастернак ја доби Нобеловата награда за книжевност.

1958.- Советската влада му одобри на Египет кредит за изградба на Асуанската брана.

1961.- На поранешниот генералeн секретар на Обединетите нации Швеѓанецот Халмар Агне Даг Хамаршелд, кој под сомнителни околности загина со авион во време на конгоанската криза, постхумно му е доделена Нобеловата награда за мир.

1962.- Советскиот Сојуз ги предупреди САД дека сопирањето на испораките на оружје на Куба може да доведе до термонуклеарна војна.

1973.- Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се согласиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток.

1973.- Главниот северновиетнамски преговарач со Американците во Виетнамската војна Ле Дук То ја доби Нобеловата награда за мир, кажувајќи дека нема мир во неговата земја.

1983.- Во самоубиствениот напад на исламски терористи, во камиони наполнети со експлозив, во штабот на американската морнарица во Бејрут во близина на зградата во која биле сместени француски војници, убиени се 241 американски и 58 француски војници.

1990.- Украинскиот премиер Виталиј Масол е принуден да поднесе оставка по масовните студенски протести, станувајќи прв советски функционер од тој ранг кој ја напушти власта под притисок на јавноста.

1991.- Претставниците на 19 земји на меѓународната конференција во Париз, во организација на Обединетите нации, го потпишаа мировниот договр за да се стави крај на 13-годишната граѓанска војна во Камбоџа.

1992.- По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото.

1993.- Во експлозија која ја подметнаа терористи на Ирската републиканска армија, во Белфаст загинаа 10 луѓе.

1994.- Во експлозија на бомба на еден предизборен митинг во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, загинаа најмалку 50 луѓе, вклучувајќи го и опозицискиот кандидат за претседател Гамини Дисанајак. 

1995.- Република Македонија и Австралија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

1998.- Израел и Палестинаката ослободителна организација по маратонските разговори со посредство на САД, го потпишаа долго одложуваниот таканаречен Вај безбедносен договор со кој е предвидено отстапување на делови од окупираната територија на Палестинците во замена за мир.

199.- Гувернерот на Илионис Џорџ Рајан стана првиот функционер на САД од тој ранг кој ја посети комунистичка Куба.

2003.- Чеченски исламски терористи упаднаа во московскиот театар „Дубровка“ уценувајќи дека во воздух ќе ги дигнат сите 800 посетители, а и себе, доколку руските власти не отстапат од операцијата во Чеченија и не ја повлечат војската од нивната земја. Во акцијата на руските сили за безбедност три дена подоцна во театарот загинаа 129 заложници и 41 терорист.

2006.- По повод одбележувањето на 50-годишнината од унгарската револуција и востание против советското владеење во Будимпешта во 1956 година, дојде до масовни демонстрации и судири со полицијата во близина на зградата на Парламентот. Церемонијата на Кошутовиот плоштад, свечената седница на Парламентот и полагањето венци на гробот на Имра Наѓ останаа во сенка, поради масовните нереди. За време на демонстрациите од паркинг пред Градската куќа е украден тенк од типот Т-34, музејски примерок донесен на свеченостана, како еден од експонатите со цел да се долови атмосферата од октомври 1956 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 12:14

1360.- Англискиот крал Едвард III и францускиот крал Жан II Добриот, англиски заробеник во битката кај Поатје во 1356 година, во Кале потпишаа договор со кој е окончана првата фаза на Стогодишната војна. Францускиот монарх беше принуден на Англија да и отстапи некои француски територии, а Едвард III за возврат да се одрече од полагање права во францускиот престол.

1601.- Умре данскиот астроном Тихо Брахе, кој подигна опсерваторија на островот Хвен и скоро две децении ги набљудуваше планетите, посебно Марс. Ја откри новата ѕвезда во соѕвездието Касиопеја.  

1632.- Роден е  холандскиот природонаучник Антони ван Левенхук, кој, иако по струка книжар, се бавел со микробиолошки истражувања и го откри дотогаш непознатиот свет на микроорганизмите. Ги создаде првите едноставни микроскопи, но подоцна посветувајќи им се нив, конструирал околу 400 микроскопи. Резултатите од истражувањата на крвните садови, структурата на коските, мускулите, еритроцитите и сперматозоидите ги објавувал во изданијата на Лондонското кралско друштво чиј член беше.

1648.- Со Вестфалскиот мир кој го склучија германскиот цар и владетелите на Франција и Шведска, заврши Тридецениската војна. Франција од Германија ги доби Алзас, Мец и Тул, Шведска ја доби скоро цела Померанија, а Германија остана поделена на голем број држави. Австрискиот цар и понатаму беше и германски цар, но со големи ограничени овластувања. Признати беа независноста на Швајцарија и на Холандија и беше прогласена рамноправноста на римокатолиците и протестантите.

1697.- Австрискиот фелдмаршал Еуген Савојски со околу 8.500 војници продре по долината на реката Босна во Сараево и го запали.

1725.- Умре италијанскиот композитор Пјетро Алесандро Гаспаре Скарлати, основач на оперската „Неаполска школа“. Дела: опери, кантати, црковни композиции.

1795.- Русија, Австрија и Прусија меѓу себе ја поделија територијата на Полска.

1797.- Лима, главниот град на Перу, го разурна земјотрес, при што загинаа околу 5.000 луѓе.

1857.- Во Шефилд, Англија, формиран е фудбалскиот клуб "Шефилд". Тој е најстариот фудбалски клуб во светот.

1891.- Роден е доминиканскиот диктатор Рафаел Леонидас Трухиљо Молина, кој како американски штитеник, владеел со Домениканската Република од 1930 до 1961 година. Во мај 1961 година беше убиен од заседа во близина на Сиудад Трухиља.

1898.- Умре Пувис де Шаванес, француски сликар. Роден е на 14 декември 1824 година.

1912.- Со победата на Првата српска армија под команда на Александар Караѓорѓевиќ над турската Вардарска армија Зеки-паша, заврши дводневната Кумановска битка, клучна во Првата балканска војна.

1914.- Роден е Џонас Едвард Салк, американски микробиолог. Во 1955 година ја откри вакцината против детската парализа (полиомиелитис). Тој спаси милиони деца во светот заболени од детска парализа. Умре во Ла Џола, Калифорнија, во САД, на 23 јуни 1955 година.

1915.- Роден е Тито Гоби, италијански оперски пејач, баритон. Настапуваше на сите оперски сцени низ светот и остави репертоар од над стотина улоги. Најголем успех постигна со креациите на Риголето, Скарпија ("Тоска"), Фалстав, Фигаро ("Севилскиот бербер") и Дон Џовани. Пееше и во повеќе музички филмови ("Џузепе Верди", "Палјачи"). Умре во 1984 година.

1917.- Германците и Австријците кај италијанското градче Капорето (сегашно Кобарид во Словенија) во Првата светска војна ја пробија одбраната на италијанската војска и и нанесоа тежок пораз. За 16 дена напаѓачите навлегоа 110 километри, заробија 293.000 италијански војници, повеќе од 300 топови и големи залихи на воен материјал.  

1918.- Сфаќајќи дека со распаѓањето на Австроунгарија целосниот пораз на централните сили е неизбежен, царот Карло побара интервенција од Католичката црква за прекинување на војната. Меѓутоа, интервенцијата на Ватикан немаше успех. Сојузниците продолжија со операцијата и ги натераа Австроунгарија и Германија на безусловна капитулација.

1920.- Во Охрид е роден Димче Протуѓер, македонски сликар и графичар, еден од основположниците на македонското сликарство по ослободувањето и еден од основачите на ликовната група „Денес“. Работеше пејзажи, мртви природи, дрворези, таписерии, илустрации за книги и друго. Умре на 30 март 1995 година.

1932.- Во Скопје е роден Воислав (Војче) Синадиновски, македонски спортист, ракометар, гимнастичар, кошаркар, еден од пионерите на современата одбојка во Македонија. Умре во Скопје, во 2000 година.  

1934.- Махатма Ганди истапи од Националниот конгрес на Индија, која беше под британско влијание и ги поведе масите во борба за независност на Индија.

1944.- Американски авиони во Втората светска војна, во текот на големата воздушно-поморска битка во филипнскиот залив Лејте, го потопија јапонскиот носач на авиони „Мусаши“, еден од најголемите некогаш изградении носачи.

1945.- Стапи во сила Повелбата на Организацијата на Обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се слави како Ден на Организацијата на Обединетите нации. Република Македонија е примена за рамноправен член на Организацијата на Обединетите нации на 8 април 1993 година.

1945.- Во Осло е стрелан водачот на норвешките нацисти и претседател на марионетската влада во Втората светска војна Видкун Квислинг, осуден претходно на смрт поради предавство, чие име стана симбол на предавството.

1948.- Умре австрискиот композитор Франц Лехар, најзначаен претставник на виенската опера во првата половина на 20. век. Дела: оперетата „Веселата вдовица“, „Грофот од Луксембург“.

1956.- Советската војска интервенираше во Будимпешта, ден по избувнувањето на вооружените нереди против политиката на водачот на унгарските комунисти Мараш Ракоши.

1957.- Умре францускиот моден креатор Кристијан Диор, еден од главните „модни диктатори“ во светот по Втората светска војна.

1962.- САД започнаа со блокадите на Куба.

1964.- Британската африканска колонија Северна Родезија се стекна со независност под името Република Замбија. Нејзин претседател беше Кенет Каунда. По акцијата за граѓанска непослушност, која во 1962 година ја организираше Обединетата национална партија за независност, предводена од Каунда, британската влада беше принудена да донесе устав во Северна Родезија и потоа, по 73 години од колонијалната управа, ја признае целата независност. До тогаш Северна Родезија беше во составот на британската колонија.

1974.- Умре рускиот виолинист и диригент Давид Фјордович Ојстрах, еден од најголемите мајстори на виолина во 20. век. Во родната Одеса го заврши конзерваториумот, а во 1935 година се прослави со наградата на меѓународниот виолински натпревар во Варшава, а во 1937 година со наградата „Исај“ во Брисел. Беше професор на Московскиот конзерваториум и со голем успех настапуваше ширум светот.

1990.- Во Тирана започна состанокот на министрите за надворешни работи на балканските земји на кој се разгледани можностите за унапредувањето на соработката на Албанија со Бугарија, Грција, Југославија, Романија и Турција. Беше создадена поволна атмосфера за развој на односите и решавање на споровите и проблемите на Балканот, но не беше постигнат конкретен договор.

1992.- Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени.

1997.- На пет километри под површината на Индискиот Океан, нуркачите го пронајдоа американскиот брод кој носеше 2.000 тони сребро, кое претседателот Рузвелт му го испрати на Сталин во 1944 година. Рузвелт сакаше да им помогне на Русите во борбата против Хитлер, но планот пропадна кога германскате подморници го потопија. Во бродот имаше сребро во вредност од најмалку 330 милиони долари.

1997.- Воената хунта на Сиера Леоне под меѓународен притисок се согласи да ја отстапи власта на избраниот претседател на земјата Ахмад Теџан Кабах.

2001.- Во американскиот напад врз авганистанскиот главен град Кабул убиени се 22 припадници на терористичката организција на палестинските исламисти „Харакат-ул-муџахедин“, милитантна групација која настојува да го оконча владеењето на Њу Делхи во северната индиска провинција Кашмир.

2005.- Умре афроамериканската Роза Паркс, прва црнкиња која во 1955 година се осуди да ги прекрши тогашните расни закони на југот од САД, во сојузната држава Алабама, одбивајќи на белец да му отстапи место во автобус. Тоа доведе до основање на движењето за црнечки права во Америка.

Кон врв
DelijaSkopje Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DelijaSkopje Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 13:12
1901 год. на денешен ден... Ана Тејлор е првата жена која со буре се спуштила по Нијагарините Водопади...!!!

1967 год. - Прва демонстрација на системите за КОЛОР телевизори, по системот "PAL"...
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2008 во 10:33

732.- Францускиот владар Шарл кај Поатје и нанесе пораз на инвазиската војска на Сарачен под команда на валијата Абд-ар-Рахман, припадник на екстремно фанатистичката муслиманска секта, што му го донесе прекарот „Шарл Чеканот“ (Мартел).

1154.- Умре англискиот крал Стивен, внук на Вилијам Освојувачот, кој во текот на владеењето искажа голема храброст предводејќи ја војската во многу битки во граѓанската војна, но и малиот политички талент.

1400.- Во Лондон умре Џефри Чосер, најголем англиски поет во средниот век, еден од основачите на англиската книжевност, современик на Петрарка и на Бокачо. Најзначајно му е делото "Кентерберски приказни", збирка од 24 циклуси приказни, од кои само две се во проза, а другите се во стихови. Тоа е првото и поголемо позначајно остварување на англиски јазик. Други негови познати дела се "Парламент на птици", "Троил и Кресида" и други. Роден е во Лондон, во 1340 година.

1495.- Во Португалија на престолот застана кралот Мануел I, кој современиците го нарекоа „Мануел Велики“ или „Мануел Среќниот“. За време на неговото владеење до 1521 година земјата економски и политички процвета и стана светска поморско-колонијална сила од прв ред. Им даде голема материјална помош на истражувачките потфати на морепловците Васко де Гама, Дијас де Новаес Бартоломеј, Дијего Кам, Педро Алварез Кабрал, со што одлучувачки придонесе во откривањето на поморскиот пат за Индија и откривајќи го Бразил, по што и Индија (денеска Индија и Индонезија) и Бразил станаа португалски колонијални имоти.

1415.- Англичаните во Стогодишната војна, под команда на кралот Хенри V, им нанесоа тежок пораз на Французите во битката кај Азенк*р во северна Франција.

1647.- Умре италијанскиот физичар и математичар Еванѓелиста Торичели, пронаоѓач на живиниот барометар, т.н. Торичелиева цевка.

1806.- Роден е германскиот филозоф Каспар Шмит, познат како Макс Штирнер, прв теоретичар на анархизмот.

1825.- Во Виена е роден Јохан Штраус - помладиот, австриски композитор, виолинист и диригент. Тој е создавач на класичната виенска оперета во која доминира валцерот. Најважни негови дела се оперетите: "Лилјакот", "Циганскиот барон", валцерите "На убавиот син Дунав" и други. Умре во Виена, на 3 јуни 1899 година.

1838.- Во Париз е роден Жорж Бизе, француски композитор, автор на многу познатата опера "Кармен", најуспешното дело на францускиот реализам. Компонира околу 50 соло-песни, една симфонија, свита и една увертира. Неговите опери "Иван Грозни" и "Ловци на бисери" (како и "Кармен") се изведуваат на сите големи сцени во светот. Умре во Бугивал, во близината на Париз, на 3 јуни 1875 година.

1881.- Во Малага, Шпанија, е роден Пабло Луис Пикасо, шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари, основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите "Госпоѓиците од Авињон", "Герника" и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз. Најголемиот дел од животот го помина во Париз, оставајќи зад себе голем печат врз уметноста на 20 век. Тој многу се соживеа со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и со солидарната акција за собирање уметнички дела. Тој меѓу првите се огласи, испраќајќи ја својата позната слика "Глава на жена". Умре во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера, на 8 април 1973 година.

1909.- Намесникот на Кореја и бившиот јапонски премиер принцот Ита Хиробуми убија корејски националисти, противници на протекторатот во нивната земја.

1936.- Нацистичка Германија и фашистичка Италија ја формираа Оската Рим - Берлин, со што е зацврстен сојузот на водечките фашистички држави во Европа. "Оската" подоцна со вклучувањето на Јапонија за кусо време стана првокласна меѓународна воена и политичка групација и извор на империјалистички амбиции и на агресивни планови.

1936.- Предаден е во употреба часовникот на Саат-кулата во Битола. Тој е подарок од Народниот сојуз на Германија, а во знак на бладораност што битолчани им дале на Германците плац за изградба на Тврдината на загинатите германски војници во Првата светска војна на боиштето на Македонскиот фронт. Инаку, Саат-кулата се претпоставува дека е изградена во 17. век или во 1830 година кога е изградена црквата „Свети Димитрија“.

1944.- Јапонците првпат извршија напад со „камикази“ (пилоти самоубијци) против американската морнарица во заливот Лејт на островот Самар, во Филипинскиот архипелаг. Притоа, потопени беа три носачи на авиони и три десантни брода. Јапонија во текот на војната изврши вкупно 2.314 напади од кои целта ја погодија 474 „камикази“.  

1956.- Египет, Јордан и Сирија основаа единствена воена команда.

1971.- НР Кина е примена во членството на ООН.

1983.- Трупи на САД ја окупираа кипарската островска држава Гренад.

1993.- Мелина Мерк*ри, артистката во филмот "Никогаш в недела", која ја доби функцијата министер за култура во Атина, вети дека ќе се бори за враќање на мермерните украси од Британскиот музеј, антички орнаменти кои го краселе Партенон. "Никогаш не почнувам борба без да ја продолжам и без да ја завршам", изјави Мерк*ри. Сите британски влади одбија да ги вратат мермерите, бидејќи тоа ќе значи преседан, со кој музеите низ светот ќе ги загубат своите богатства.

1994.- Седум слики на шпанскиот сликар Пабло Пикасо се украдени од една уметничка галерија во Цирих, соопшти полицијата. Вредноста на сликите е проценета на 250 милиони швајцарски франци, односно 208 милиони долари.

1995.- Амбасадата на Република Турција во Скопје го информира Министерството за надворешни работи на Република Македонија дека Република Македонија е примена за полноправна членка на Црноморската конвенција за соработка во областа на културата, образованието, науката и информирањето.

1995.- Врз основа на договорот меѓу Израел и ПЛО за палестинска самоуправа, израелските трупи почнаа со повлекување од градот Џенин.

2003.- Под обвинение за измама и огромни неплатени даноци уапсен е најбогатиот руски државјанин Михаил Ходорковски, мнозински акционер на гигантската нафтена компанија „Јукос“.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2008 во 11:46

1505.- Умре рускиот владетел Иван III Васиљевич, наречен „Иван Велики“, кој ја направи Русија многу моќна. Во 1480 година ја ослободи Русија од монголските власти. Настојуваше да ја зајакне централната власт. Ја почна изградбата на камени кули, како и палатата Кремљ во Москва.

1553.- Мигел Сервето, шпански лекар и теолог беше спален. Тој откри дека крвта во црниот дроб циркулира преку десната комора на срцето. Главно работше во Франција каде ја објави статијата „Christianismi restitutio“ во која ја отфрли апсурдната христијанска доктрина за Светото тројство, што предизвика гнев кај римокатолиците и протестантите. На барање на водачот на швајцарските протестанти Жан Калвин беше уапсен во Женева, во која се криеше од римокатоличката инквизиција и потоа беше осуден на смрт со спалување бидејќи неговото учење беше прогласено за јеретско.

1662.- Англискиот крал Чарлс II за 2,5 милиони ливри (400.000 фунти) го продаде француското пристаниште Денкерк на брегот на Ла Манш.

1676.- Турција и Полска склучија мир во Зуравна.

1728.- Роден е англискиот мореполовец Џејмс Кук, наречен „Капетан Кук“, најголемиот истражувач на Тихиот Океан. На првото патување од 1768 до 1771 ја разреши тајната за Австралија, го обиколи Нов Зеланд и утврди дека Нова Гвинеја е остров. Од 1772 до 1775 година ги истражува островите во Тихиот Океан, а од 1776 до 1779 година прв ја обиколи Аљаска и ги откри Хавајските Острови. Убиен е во 1779 година на Хаваи од островјаните.

1782.- Во Џенова е роден Николо Паганини, италијански виртуоз на виолина и композитор. Беше ненадминат мајстор на виолинската техника и му беше припишувана дури и маѓиска моќ. Компонираше виолински концерти, сонати, камерна музика и познатите "каприча" за соло виолина. Умре во Ница, Франција, на 27 мај 1840 година.

1806.- Францускиот цар Наполен I Бонапарта по победата кај Јен над Прусија го зазеде Берлин.

1811.- Роден е американскиот пронаоѓач Ајзак Мерит Сингер, кој во 1851 година ја направи првата машина за шиење, за масовна употреба.

1855.- Роден е рускиот биолог Иван Владимирович Мичурин, кој работеше на подобрување на овошките, со години експериментирајќи аклиматизација на билките на ладни зими. Со различни постапки - хибридизација, селекција и калемење одгледувше низа отпорни сорти на цреша, кајсија, винова лоза и вишња.

1858.- Роден е американскиот државник Теодор Рузвелт, претседател на САД од 1901 до 1909 година, чија политика создаде светска сила од дотогаш изолираната Америка. Должноста шеф на државата ја презеде како потпретседател на САД, по убиството на претседателот Вилијам Мекинли во 1901 година. Иницијатор е на изградбата на Панамскиот канал, а за посредување во руско-јапонската војна во 1905 година во 1906 ја доби Нобеловата награда за мир.

1867.- Италијанскиот револуционер Ѓузепе Гарибалди го почна маршот на Рим во обид да го ослободи градот од папската власт.

1898.- Во Велес е роден Димче Зографски, македонски револуционер и општествено- политички работник. Во младоста се вклучи во македонското национално движење. Поради својата револуционерна дејност е осуден на пет години затвор. За време на НОВ на Македонија работеше во Акциониот комитет за создавање и ширење на народноослободителното движење, за што е интерниран од бугарската окупаторска власт. Умре во Скопје, на 3 јуни 1985 година.

1914.- Роден е велшкиот писател Дилен Марле Томас, поет со силна реторичка дарба, свежи и прецизни слики и со нови и уверливи ритмови.

1918.- Британските, француските и италијанските сили во Првата светска војна на италијанскиот фронт по тридневни борби ја поразија хабзбуршката војска. Австроунгарската армија се распадна, бидејќи војниците го фрлија оружјето и заситени од војна, се вратија во родниот крај. За само неколку дена беа заробени 427.000 војници кои не даваа отпор.

1920.- Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана е на 19 април 1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите-членки на Лигата на народите) од Лондон е префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останаа се до 1945 година, кога и формално беше укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на Обединетите нации.

1920.- Во Битола е роден Стефан Наумов - Стив, народен херој на Македонија. Потекнува од печалбарско семејство. По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запиша на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапи на напредното работничко движење, поради што беше често затворан. По враќањето во Битола, во 1940 година беше избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Во април 1942 година го формира Битолскиот НО партизански одред "Пелистер". Загина (се самоуби) во борбата против бугарската фашистичка војска и полиција кај селото Болно, Ресенско, на 12 септември 1942 година.

1922.- Под притисок на фашистичкото движење на Бенито Мусолини, италијанската влада поднесе оставка.

1947.- Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните.

1956.- По референдумот со кој жителите во областа Сар гласаа за приклучување кон Западна Германија, владите на Бон и Париз се договорија за дефинитивно решавање на проблемот со спорната територија. Сар и е вратен на Германија, но до крајот на 1959 година Сар остана во стопанската унија на Франција.

1966.- Генералното собрание на Обединетите нации на Јужна Африка и го одзеде туторскиот мандат врз Југозападна Африка (Намибија).

1971.- Владата на Конго соопшти дека името на државата е сменето во Република Заир.

1973.- Мировните сили на Обединетите нации стигнаа во Каиро за да ја обезбедуваат линијата на раздвојување меѓу египетските и израелските сили.

1973.- Умре Семјон Михаилович Буѓони, советски маршал, еден од ветераните на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, висок воен раководител во Советскиот Сојуз и член на ЦК КПСС. Роден е во 1883 година.

1978.- Египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин ја добија Нобеловата награда за мир.

1990.- Во Рим умре Уго Тањаци, прочуен италијански артист, кој со подеднаков успех во 50-те години играше и комични и драмски улоги. Роден е во 1922 година.

1991.- Советската република Турменистан ја прогласи независноста од Москва.

1993.- Во Лос Анџелес умре Винсент Прајс, американски артист, холивудски ветеран, ѕвезда на класичните хорор филмови, како што се: "Куќа од восок", "Равен" и други. Роден е во 1911 година.

1993.- Во Женева, Советот на претставниците на ГАТТ (Општ договор за трговија и царини) донесе одлука со која Република Македонија доби статус на посматрач.

1994.- Стејт департментот одлучи во поранешна Босна и Херцеговина да упати 15 официри на САД заради интеграција на муслиманските и хрватските војски и воспоставување на заедничка команда на армијата на муслиманско-хрватската федерација.

1994.- Фестивалот „Охридско лето“ е примен во Европската фестивалска унија.

1996.- Во каирското предградие Хелиополис се урна станбена зграда, усмртувајќи 64 луѓе.

1998.- Герхард Шредел ја презеде должноста канцелар на Германија, ден по оставката на Хелмут Кол, кој беше поразен на изборите кои се одржаа претходниот месец.

1999.- Вооружени напаѓачи упаднаа во Парламентот на Ерменија и во Ереван каде убија девет луѓе, вклучувајќи ги премиерот Вазген Сарксијан, претседателот на парламентот Карен Демиркијан, двајца негови заменици и еден министер.

2003.- Во серија експлозии на автомобил-бомби пред седиштето на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и четири полициски станици во Багдат, во почетокот на најголемиот верски празник на муслиманите - Рамазан, загинаа преку 40, а ранети беа околу 200 лица.

2005.- Во предградие на Париз населено со арапски имигранти, почнаа повеќенеделни нереди кои се проширија и во другите француски градови во кои две лица загинаа, 4.500 луѓе беа уаспени, а  8.700 автомобили и 200 јавни згради беа запалени.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2008 во 10:18

48. п.н.е.- Римскиот војвода и државник Гнеј Помпеј Велики е убиен во Египет каде се криеше, бидејќи во битката кај Фарсал го порази Гај Јулиј Кајсер. Учествуваше во гушењето на востанието на римските робови кое од 71 до 69 година п.н.е. го предводеше Спартак, а со глас на голем војсководител се стекна во 66 година п.н.е. со победата над понтскиот крал Митридат VI Еупатор, со што ја зацврсти власта во Мала Азија.

1066.- Норманскиот војвода Вилијам, иден англиски крал Вилијам I Освојувачот се истовари со својата војска кај Певенси во јужната англиска покраина Сасекс и го започна освојувањето на Англија.

1465 или 1466.- Роден е Ротердамски Еразмо (вистинското име му е Герт Гертс), холандски писател, филолог и еден од родоначалниците на европскиот хуманизам. Поради големото влијание врз современиците е наречен „крал на хуманистите“. Имаше големо влијание врз германската реформација, а реформата на Црквата ја замислуваше како реформа на клерот и на црковните општини, а не како реформа на догмата. Познати се неговите дела „Домашни разговори“, „Пофалба на лудоста“ и други. Умре на 12 јули 1536 година.

1492.- На првото патување преку Атлантикот, во потрага по нов пат до Индија, Кристифор Колумбо ја откри Куба.

1704.- Умре Џон Лок, англиски филозоф. Во своето најважно дело "Есеј за човековото сознание", ги постави темелите на сознанието како посебна филозофска дисциплина. Тој ја образложи теоријата на емпириското сознание. Роден е на 29 август 1632 година.

1728.- Роден е Џемс Кук, најпознат поморски истражувач, познат како капетан Кук. Го откри источниот брег на Австралија, многу острови во јужниот Пацифик и прв ги обиколи бреговите на Алјаска. Загина на 14 февруари 1779 година.

1803.- Роден е францускиот писател Проспер Мериме, кој се одликуваше со угледен и сижет стил. Неговите новели „Кармен“ и „Коломбо“ го инспирираа неговиот сонародник Жорж Бизе да компонира опери.

1818.- Во Орел е роден Иван Сергеевич Тургенев, руски писател, еден од најпознатите претставници на рускиот реализам. Изврши големо влијание врз развитокот на новелистиката. Негови најпознати дела се "Спроти новите дни", "Татковци и деца", "Ловечки записи", "Благородничко гнездо" и други. Умре во Париз, на 22 август 1883 година.

1864.- Во Лондон е основана Првата интернационала, прва меѓународна револуционерна организација на работниците, за која Статутот и Основачкиот манифест ги изработи германскиот филозоф Карл Маркс.

1869.- Во Охрид е роден Стефан Јакимов Дедов, македонски деец, основач на македонскиот клуб со читалиште во Белград, издавач на неговиот орган „Балкански гласник“ и во Софија на весниците „Балкан“ и „к*рир“, член на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург и коавтор, заедно со Мишајков, на Меморандумот до руската влада, прва македонска националноослободителна програма. Умре во Софија, на 19 септември 1914 година.

1873.- Во Штип е роден Мише Развигоров, македонски народен учител и член на Скопскиот окружен комитет на ВМРО. Во Штип, откако беше предаден заедно со неколкумина македонски соборци, во борба против турската војска загина (изгоре или се самоуби) на 2 април 1907 година.

1891.- Умре американскиот писател Херман Мелви, автор на романот „Моби Дик“. Во неговите дела мајсторски користи симбол и алегорија. Дела: „Тајпи“, „Ому“, „Били Бад“.

1895.- Умре францускиот хемичар и биолог Луј Пастер, пронаоѓач на вакцината против беснило, антракс и црвен ветер. Тој исто така откри дека храната може да се конзервира со спречување на размножување на бактериите, при што ја разви постапката наречена „пастеризација“. Во 1888 година го основа Институтот во Париз кој го носи неговото име.

1902.- Умре францускиот писател Емил Зола, творец и најизразит претставник на натуралистичкиот роман. Пишуваше и приказни, драми, книжевна и уметничка критика, а страсно се бореше за правда и напредок. Дела: „Нана“, „Жерминал“, „Трујачка“, „Човек ѕвер“, „Пари“, „Земја“, „Плодност“, „Работа“, „Вистина“, „Трите града: Лурд, Рим, Париз“.

1924.- Роден е италијанскиот филмски глумец Марчело Мастројани, еднакво успешен комичар и романтичен херој, драмски актер, љубовник и толкувач на улоги во филмови со херметички интелектуализам. Филмови: „Девојката од Шпанскиот плоштад“, „Хроника за сиромашните љубовници“, „Бели ноќи“, „Сладок живот“, „Развод на италијански начин“, „Ноќ“, „Семејна хроника“, „Осум и пол“, „Приватен живот“, „Мирисот на жените“.

1934.- Родена е француската филмска глумица Брижит Бардо, најголем филмски секс симбол. Се стекна со огромна популарност откривајќи ги женските вештини пред сите други актерки порано. Кариерата ја прекина релативно рано, многумина тоа го сметаат за мудро бидејќи во посериозните години скромниот актерски квалитет би и бил неповолен потпирач. Филмови: „И Господ ја создал жената“, „Жената и нејзината играчка“, „Во случај на несреќа“, „Вистина“, „Бабет оди во војна“, „Приватен живот“, „Парижанка“, „Вива Марија“.

1944.- Единиците на Црвената армија во Втората светска војна преминаа во Србија врз основа на југословенско-советскиот договор.

1947.- Во Скопје, во киното "Култура", филмските работници на Македонија го организираа првиот филмски преглед. Во него е прикажан секојдневниот живот во Републиката, активностите на градежништвото, прославата на 9 Септември во Пиринска Македонија и бербата на памукот во Струмичко. Сниматели беа Трајче Попов и Благоја Дрнков.

1949.- Москва еднострано го откажа договорот за пријателство и взаемна помош меѓу СССР и Југославија, што следеше откако тоа го направија и останатите земји „од социјалистичкиот синџир“ - Унгарија на 30 септември, Бугарија и Романија на 1 октомври, Чехословачка на 4 октомври 1949 година.

1966.- Умре францускиот писател Андре Бретон. Дела: „Надреалистичка револуција“, „Наѓа“, „Сјајот на земјата“, „Изгубени чекори“, „Фатаморгана“, „Надреализам и сликарство“.

1970.- Умре египетскиот државник Гамал Абдел Насер, шеф на државата од 1956 година, творец на модерниот Египет и еден од основачите на Движењето на неврзаните.

1978.- Умре папата од италијанско потекло Јован Павле Први, поглавар на римокатоличката црква само 33 дена, кој со идеите изложени во почетокот на понфиктот многу ги вознемири ватиканските власти. Од 1969 година беше надбискуп во Венеција, а за папа беше избран на 26 август 1978 година. Умре под неразјаснети околности.

1990.- Умре италијанскиот писател Алберто Моравија, кој славата ја стекна со дилеми за моралното раслојување на италијанската буржоазија. Пишуваше романи, театарски комедии, приказни, есеи, патописи, филмски и театарски критики. Дела: „Рамнодушни луѓе“, „Римјанка“, „Досадување“, „Конформист“, „Чочара“, „Јас и тој“, „Внимание“, „Годината 1934“, „Внатрешен живот“, приказните „Автомат“, „Римски приказни“, „Втор живот“.

1990.- Работниците од „Рудпроект“ од Скопје го минираа првиот фабрички оџак во Скопје, кој беше симбол на првата фабрика за преработка на зеленчук, „Мичурин“, изграден уште во триесеттите години на 20. век.

1992.- Во Собранието на Република Македонија, пратениците го изгласаа Законот за државјанство. Услов за добивање на државјанство е 15-годишен престој.

1994.- Во најголемата мирновременска поморска несреќа во Европа, повеќе од 900 луѓе го загубија животот кога во Балтичкото Море спроти финскиот брег потона ферибродот „Естонија“.  

1995.- Израел и Палестинската ослободителна организација во Вашингтон го потпишаа договорот за враќање на поголемиот дел од Западниот Брег под палестинска самоуправа.

1998.- Во Девон умре Тед Хјуз (вистинското име му е Едвард Џемјс), еден од најзначајните британски поети во 20. век, во 1994 година добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата. Наречен е „Британски кралски поет“, а беше сопруг на американската поетеса Силвија Плат. Од делата познати се „Сокол на дожд“, „Луперкал“, „Врана“, „Пештерски штици“ и други. Роден е во 1930 година.

1999.- Умре Рафаел Алберти, шпански поет, учесник во Шпанската граѓанска војна. Добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1978 година. Ги напиша делата „Морнар на копното“, „Драга“, „За ангелите“, „Матадор“ и други. Роден е во 1902 година.

2000.- Умре канадскиот државник Пјер Елиот Трудо, кој со неколку прекини 16 години ја водеше земјата. Првпат беше избран за премиер во 1968, а на власт остана до 1979 година. Од 1980 до 1984 повторно ја водеше извршната власт на Канада. На чело на Либералната партија беше од 1968 до 1984 година.

2002.- Исламски терористи го убија американскиот дипломат Лоренс Фоли близу куќата во која жиевееше во јорданската престолнина Аман. Ова е прво убиство на еден дипломат од Запад во Јордан.

2003.- Умре американскиот филмски режисер од грчко потекло Елија Казан, добитник на наградата на Американската филмска академија за животно дело. Има добиено 20 оскари за негови филмови во различни категории, вклучувајќи и два за режија. Филмови: „Џентлменски договор“ (Оскар), „Источно од рајот“, „Сјај во трева“, „Бумеранг“, „Паника на улиците“, „Бејби Дол“, „Дивата река“, „Америка, Америка“, „Посетители“, „Трамвајот наречен желба“.

2005.- Умре српскиот театарски, филмски и телевизиски актер Љубомир Љуба Тадиќ. Овои многубројни национални театарски и филмски признанија, меѓу кои и две награди за животно дело „Добричин прстен“ во областа на театарот и „Павле Вуисиќ“ за филмска уметност.

2007.- Коалиционите сили предводени од американските војници убија околу 80 талибанци во текот на шестчасовната борба на југот на Авганистан. Борбата се водеше кај градот Муса Кале, во провинцијата Хелман, најголем центар за производство на опиум во светот.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2008 во 09:18

1507.- Роден е шпанскиот војсководец Фернандо Алварес де Толедо Алба, кој како намесник на Холандија со инквизиторски терор во 1565 година ја предизвика војната за ослободување, која заврши во 1581 година, со нејзино отцепување од Шпанија. Во 1581 година ја освои Португалија во која исто така направи крвопролевања.

1811.- Роден е францускиот социјалист-утопист Жан Жозеф Шарл Луј Блан, кој тврдеше дека социјалистичкото општество може да биде создадено по мирен пат, со помош на државата, со основање на „здружени работилници“ и земјоделски комуни. Дела: „Организација на работата“, „Истoрiја од десет години 1830-1840“, „Историја на Француската револуција“.

1814.- Првиот воен брод на пареа „Фултон“ кој го конструираше Роберт Фултон, исплови од Њујоршкото пристаниште.  

1888.- Во Цариград е потпишана Конвенцијата за Суецкиот канал, според која „Каналот треба да биде слободен и отворен за сите трговски и воени бродови без разлика на знамето, како за време на војна така и во мир“. Тоа е почитувано, освен во војната кога Каналот беше затворен за непријателската Велика Британија, тогаш „тутор“ на Египет.

1889.- Умре рускиот писател, книжевен критичар и естетичар Николај Гаврилович Чернишевски, кој создаде естетички систем и силно влијаниешр на руската книжевност во 19. век. Поради пропагирањето на идејата за селанска револуција и утописки социјализам е прогонет во Сибир. Во романот „Што да се прави“ силно ги пропагира социјалситичко-утописките погледи на проблемите за брак, семејство, еманципација на жените и општествените идеали. Дела: „Погледи за руската книжевност во периодот на Гогољ“, „Русин на рандеву“.

1827.- Роден е германскиот воен злосторник Јозеф Гебелс, министер за пропаганда на Третиот рајх.

1910.- Роден е англискиот филозоф Џулс Алфред Ејер, чија книга „Јазик, вистина и логика“ е своеврстен манифест на логичкиот позитивизам. Дела: „Засновање на емпериското знаење“, „Проблем на сознанијата“.

1911.- Умре американскиот новинар од унгарско потекло Џозеф Пулицер, основач на „жолтиот печат“, чија фондација секоја година ја доделува „Пулицеровата награда“ за новинарство, карикатура, американска историја, поезија, драма, роман и музика. Како млад емигрира во САД, каде учествуваше во Американската граѓанска војна и беше биран на Конгрес. На унивезитетот „Колумбија“ во 1903 година ја основа првата новинарската школа.

1923.- Турција е прогласена за Република. - Национален празник на Турција. Генералот Мустафа Кемал од 1930 година наречен Ататурк е првиот претседател на Република Турција.

1929.- Крахот на Њујоршката берза, познат како „црн вторник“ го означи почетокот на големата криза на американското стопанство во која големи банки и моќни компании отидоа во стечај, а неколку илјади луѓе се доведени до просјачки стап. Со тоа се создаде ерата на самоубиства, големи недоверби и крајна безнадежност. Индустриското производство падна на ниво од почетокот на векот, а без работа останаа 26 милиони луѓе.

1936.- Во првиот воен удар во арапскиот свет, генералот Бакр Сидки ја собори ирачката влада.  

1940.- Во Ленинград умре Димитрија Чуповски, еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла, општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог. Беше иницијатор и прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво, основано во Петроград во 1902 година. Го основа и Национално-просветното (1912) и Руско-македонското друштво (1914) во Петроград, а во периодот од 1912 до 1915 година на руски јазик го издаваше списанието "Македонски голос". Роден е во селото Папрадиште, Велешко, во 1878 година.

1944.- Во селото Горно Врановци, Велешко, излезе првиот број на весникот "Нова Македонија" на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство.

1950.- Умре шведскиот крал Густав Петти, кој во текот на владеењето од 1907 година до неговата смрт и осигури неутрален статус на Шведска во двете светски војни.

1956.- Искористувајќи го француско-британскиот напад на Египет, израелската армија продре во Синај и брзо ги порази слабите египетски сили. Војната која двете западни земји ја поведоа заради заштита на политичките и економските интереси на Суец заврши во почетокот на ноември, по интервенцијата на Обединетите нации и острите предупредувања од СССР и САД.

1957.- Диктаторот Фулхенсио Батиста го суспендира кубанскиот устав.

1962.- САД се откажаа од поморската блокада на Куба на барање на генералниот секретар на ОН У Танта. САД ја блокираа Куба заради инсталирање на советско воено оружје на островот, со што е предизвикана Карипската криза, која заврши претходниот ден со договор помеѓу американскиот и рускиот лидер Џон Кенеди и Никита Хрушчов.

1964.- Обединетата република Тангањика, Занзибар и Пемба го промени името во Танзанија.

1973.- Мировните сили на ООН успаеја на египетската армија на Синај да и ги достават првите количества вода, храна и лекови.

1975.- Во Скопје умре Ристо Крле, македонски писател и драматург. Неговото дело има големо значење за македонската драмска литература. Драмите "Парите се отепувачка", "Милиони маченици" и "Антица", создадени пред Втората светска војна, претставуваат своевиден блесок и се придружија кон творештвото на Антон Панов и Васил Иљоски. По војната ги напиша уште и драмските дела "Гроф Миливој" и "Велик ден", како и фрагментарно објавената биографија. Роден е во Струга, на 3 септември 1900 година.

1989.- Во Скопје умре Димитар Гешовски, еден од најпознатите македонски артисти. Во својата богата артистичка дејност оствари над стотина театарски, телевизиски и филмски ликови. Роден е во Прилеп, на 14 септември 1928 година.

1990.- Во Скопје, на Градските гробишта „Бутел“, точно на 50-годишнината од смртта, беа положени посмртните останки на Димитрија Чуповски, еден од најзначајните личности од историјата на македонскиот народ, кои на 29 јуни 1990 година беа пренесени од Санкт Петербург, каде што умре на 29 октомври 1940 година.

1993.- Прифатена е нотификацијата на Република Македонија со која се пристапува кон Виенската конвенција за патниот сообраќај од 1968 година. Тоа значи дека возилата регистрирани во Република Македонија од овој датум ја носат ознаката „МК“.

1994.- По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес-центарот.

1996.- Во Виена е одржана аукција на околу 8.000 слики, скулптури и останати уметнички дела кои од австриските Евреи во Втората светска војна ги одзедоа австриските и германските нацисти, а приходот беше наменет за луѓето кои го преживеале холокаустот.

1998.- Ветеранот на американската астронаутика Џон Глен во 77 година од животот повторно полета во вселената, 36 години по неговата прва вселенска мисија.

1998.- Република Македонија ја потпиша Конвенцијата за забрана на нуклеарни проби.

1998.- Во Скопје, во населбата Тафталиџе, почна изградбата на американската гимназија „Нова“.

2002.- Државниот обвинител покрена обвинение против претседателот на Никарагва Енрике Боланосо и потпретседателот Хосе Ризо поради изборни измами. Тоа е прв случај во историјата на централноамериканската земја кривичното дело да е на терет на шефот на државата додека ја обавува должноста.

2002.- Во пожарот во петкатниот меѓународен трговски центар во најголемиот виетнамски град Хо Ши Мин (поранешен Сајгон) загинаа 61 човек.

2004.- Во Рим, лидерите на Европската унија го потпишаа првиот Устав на Европската унија, чија цел е блокот од 25 земји да има поважна улога на светската сцена.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2008 во 09:12

1751.- Роден е англискиот писател и политичар од ирско потекло Ричард Бринсли Батлер Шеридан. Како член на британскиот парламент од 1780 до 1812 година се прослави како одличен оратор. Дела: комедии „Школо за озборување“, „Соперници“, „Критичар“.

1762.- Роден е францускиот писател Андре де Шениер, еден од најголемите класични писатели на 18. век. Дела: песните „Пратеничка со свои дилеми“, „Хермес“, „Америка“, „Младата Тарантинка“, „Нера“, „Слепец“, „Младата затвореничка“.

1830.- Умре црногорскиот писател Петар I Петровиќ Његош, митрополит на Српската православна црква кого Црквата по смртта го прогласи за светец под името Свети Петар Цетињски. Владееше без малку половина век со Црна Гора зацврстувајќи го единството на државите. Напиша голем број епски песни и „Историја на Црна Гора“.

1839.- Роден е францускиот сликар од англиско потекло Алфред Сисли, еден од основачите на импресионизмот.

1864.- Потпишан е Виенски мир со кој Данска е принудена на Прусија да и ги отстапи покраините Шлезви, Холтајн и Лауенбург.

1871.- Роден е Пол Валери, француски писател, еден од најголемите лиричари на Франција. Најпознати дела му се поемите "Морнарски гробишта" и "Младата Парка", како и есеите "Вовед во методот на Леонардо да Винчи" и "Танецот". Умре на 20 јули 1945 година.

1885.- Роден е американскиот писател Езра Паунд. Објави повеќе критички книги: „Духот на романтиката“, „Критички есеи“, „Како да читаме есеј“, „Џеферсон и/или Мусолини“.  

1890.- Охридското граѓанство испрати молба до Високата порта во Цариград, во која молеше да се дозволи основање на македонски училишта во градот и околината и да се дозволи наставата во училиштата да се изведува на македонски јазик.

1910.- Умре швајцарскиот филантроп Жан Андри Динан, творец на идејата за Црвениот крст, еден од основачите на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година. Добитник е на Нобелобата награда за мир во 1901 година. Искуството од битките кај Солферино во 1859 година кога организираше помош за ранетите, го наведе во 1864 година да предложи конвенција според која во војна мора да се поштедуваат болните и ранетите, како и санитарните работници. Бидејќи падна во заборав и во беда дури во длабоката старост доживеа признание за огромната филантропска работа. Како признание за исклучителниот придонес во работата на Црвениот крст, во 1965 година е востановена „Медала Андри Динан“, највисоко одликување на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Дела: „Сеќавање на Солферино“, „Меѓународно братство и милосрдие за време на војна.

1918.- Престана да постои Отоманската империја. Врз основа на актот за капитулација, Турција мораше да ја распушти војската, на победниците да им пушти премин преку Црното Море, да се повлече од Арабија, Месопотамија, Сирија, Ерменија и делови од Килики.

1918.- Словачка се отцепи од Унгарија и се обедини со Чешка - Чехословачка. Чехословачка е првата новосоздадена држава по Австроунгарија во Првата светска војна.

1922.- По „Маршот на Рим“ со кој фашистите ги заплашија режимот и дворот, Бенито Мусолини формира влада.

1932.- Роден е францускиот филмски режисер Луј Мал, кој посебно инсистираше на интелектуализмот. Филмови: „Лифт за губилиште“, „Љубовници“, „Приватен живот“, „Вива Марија“, „Калкута“, „Црн месец“, „Атлантик сити“.

1938.- Младиот режисер Орсон Велс ја објави во Њујоршкото радио Ен-Би-Ес радиодрамата "Војната на световите", врз основа на текстот на Џ. Велс. Нападот на Марсовците на Земјата, режисерот го прикажа така што повеќе слушатели поверуваа во вистинитоста на настанот, што предизвика неверојатен хаос и тревога во тој дел на Америка. Орсон Велс преку ноќ стана еден вид национален харој.

1944.- Германските војници во Рисан, Бока Которска, во Втората светска војна убија 42 цивили. Најстарата жртва во градот имаше 80, а најмладата една година.

1945.- Индија стана член на Организацијата на Обединетите нации.

1947.- Потпишана е Општата спогодба за царини и трговија - ГАТТ, којашто од 1995 година ја замени Светската трговска организација...

1967.- За првпат во историјата на космонаутиката е извршено спојување и раздвојување на вештачки земјини сателити. Ова го изведоа советските научници со леталата "Космос - 186" и "Космос - 188".

1973.- Пуштен е во сообраќај мостот на Босфор, во Турција, кој ги поврзува Европа и Азија.

1975.- Тешко болниот шпански диктатор Франсиско Франко беше заменет од принцот Хуан Карлос.

1983.- Во силниот земјотрес со сила од 6 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Анадолија, во Турција, загинаа 1.300 луѓе.

1994.- Граѓаните на Република Македонија по вторпат излегоа на гласање во рамките на вторите повеќепартиски избори.

1995.- Во Луксембург, Советот на европските министри ја даде својата согласност за вклучување на Македонија во структурата на програмата ФАРЕ, наменета за земјите од Централна и од Источна Европа.

1995.- Со минимално мнозинство на референдумот за независност на канадската провинција Квебек победија противниците на отцепувањето.

1998.- Во пожарот во македонскиот клуб, изнајмен за пригода на к*рдската младина во шведскиот град Гетеборг загинаа 63 лица.

1998.- Џон Глен, астронаут и американска легенда, на возраст од 77 години, повторно полета во вселената на шатлот „Дискавери“, 36 години по неговата прва, историска мисија

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2008 во 12:36

- Меѓународен ден на штедењето.

1517.- Водачот на германските реформи Мартин Лутер на вратата на римоктоличката катедрала во Витенберг истакна 95 тези за реформи на црквата, со што во германските земји започна протестантската верска реформа и широкото народно движење против папските власти.

1517.- Умре италијанскиот сликар Фра Бартоломео, еден од последните фирентински ренесансни мајстори. Најмногу сликал религиозни теми, при што посебно го интересирале проблемите со композиција.

1795.- Роден е англискиот писател Џон Китс, еден од најголемите поети во англиската книжевност. Дела: „Ендимион“, „Ода на славејот“, „Ода на грчката урна“, „Ода за есен“, „Писма“.

1832.- Роден е холандскиот сликар Јан фан Делфт Фермер, кој се смета за еден од наголемите уметници во историјата на сликарството иако изработил само околу 40 слики. Дела: „Жена со писмо“, „Девојка со ѓердан“, „Во атеље“, „Млекарка“, „Час по музика“, „Девојка со турбан“, „Поглед на Делфт“, „Улица во Делфт“.

1851.- Умре црногорскиот писател Петар II Петровиќ Његош, владетел на Црна Гора и владика во Српската православна црква. Најпознато негово дело е „Горски венец“.

1887.- Роден е кинескиот генералисимус Чанг Кај Шек, кој со помош на Запад, посебно од САД, 47 години диктаторски владееше најпрво со Кина, потоа и со Тајван во кој по поразот од комунистите пребегнал заедно со неговите истомисленици. И покрај огромната материјална помош од САД, неговиот режим крахира во обидот да ја згасне револуцијата која ја предводеше лидерот на комунистите Мао Це Тунг. Во февруари во 1950 година со остатокот од трупите премина на островот Формоза, сегашен Тајван, каде ја воспостави таканаречена Република Кина, со која владееше се до смртта во 1975 година.   

1918.- Во селото Болно, Ресенско, е роден Димитар Богоевски - Мите, народен херој на Македонија, револуционер и поет. Потекнува од земјоделско и печалбарско семејство. Основно образование заврши во родното место, Граѓанска школа во Ресен, а се школуваше и во Трговската академија во Битола. Се занимаваше со пишување на револуционерни песни. Поради својата револуционерна активност во 1940 година беше уапсен од српската полиција и затворен во Белград. Поради недостиг на докази беше пуштен. Во 1942 година, беше уапсен од бугарска полиција во Ресен. По суровото мачење е ослободен. Во 1942 година учествуваше во формирањето на НО партизански одред "Даме Груев". Во месноста Долец, во Болонската Планина, Ресенско, во нерамноправна борба против бугарската окупаторска војска и полиција, не сакајќи жив да падне во рацете на окупаторот, се самоуби (заедно со неговиот другар, народниот херој Стефан Наумов - Стив) на 12 септември 1942 година.

1918.- Во атентат е убиен поранешниот унгарски премиер гроф Иштван Тиса, носител на политиката на угнетување на неунгарскиот народ во Австроунгарија.

1922.- Роден е камбоџанскиот крал Нород Сиханук, кој на престолот застана во 1941, а во 1954 година ја прогласи независноста на Камбоџа од Франција. По низата бурни политички промени, во 1993 година повторно стана крал на Камбоџа, но во корист на еден од неговиоте синови абдицираше во 2004 година.

1924.- Во Милано, Италија е одржан Првиот меѓународен конгрес на штедилниците. Тој ден е прогласен за Светски ден на штедењето.

1925.- Реза Шах го презеде престолот во Иран и ја основа династијата Пахлави, која владееше со земјата до исмамската револуција во 1979 година.

1926.- Умре американскиот магионичар по потекло унгарски Евреин Хари Худин, најпознат магионичар во 20. век. Роден е како Ерих Вајс, а името го промени во чест на францускиот магионичар Жан Езен Роберт Худин.

1952.- САД на пацифичките Маршалски Острови ја изведоа првата проба на хидрогенски бомби.

1956.- Во Египет избувна Суецката војна. Намерата на империјалистичките сили да ги зачуваат своите стратегиски, стопански и политички интереси во Египет, посебно контролата на Суецкиот канал, ја условија тројната француско-британско-израелска агресија врз Египет, која започна кога британските и француските авиони ги бомбардираа египетските аеродроми.

1961.- Телото на советскиот диктатор Јосиф Сталин е тргнато од мавзолејот на Црвениот плоштад и е погребано во ѕидините на Кремљ.

1980.- Во Белград умре (погребан е во Скопје) Бане Андреев - Ронката, носител на „Партизанска споменица 1941“, учесник во напредното младинско движење, револуционер и до 1949 година партиски и државен раководител. Во 1922 година е примен во СКОЈ, а наредната година стана член на КПЈ. Поради својата револуционерна дејност е осуден на 15 години робија, а во затвор во Сремска Митровица помина дванаесет и пол години. Од првите денови на окупацијата беше активно вклучен во организирањето на оружената борба на македонскиот народ против окупаторот. Беше член на ПК КПЈ за Македонија, член на ЦК КПМ, политички комесар на ГШ на НОВ и ПО на Македонија, член на АВНОЈ и на АСНОМ, а по ослободувањето и прв министер за рударство во Владата на ФНРЈ. Во 1949 година е обвинет за недоследност со политиката на КПЈ и е исклучен од Партијата, по што замина од политичката сцена. Во 1960 година беше повторно примен во редовите на СКЈ. Роден е во Велес, на 12 август 1905 година.

1984.- Индискиот премиер Индира Ганди пред резиденцијата во Њу Делхи беше убиена од Сики-екстремисти, припадници на личната гарда. Студираше во Швајцарија и на Оксфорд, но главните политички и животни искуства ги стекна од нејзиниот татко, првиот премиер на Индија и еден од основачите на Движењето на неврзаните Џавахарл Нехру. Во 1955 година стана член на Извршниот комитет на владејачката Конгресна партија, а за претседател на партијата е избрана во 1959 година. Во Владата влезе по смртта на нејзиниот татко во 1964 година како министер за информации. На функцијата премиер со прекин од три години беше од 1966 до крајот на животот.

1991.- На првите повеќепартиски избори во Замбија победи водачот во борбата за независност и прв претседател Кенет Каунда

1992.-  Во Скопје, во организација на Пионерскиот дом „Карпош“ од Скопје, почна Првиот детски фолк-фестивал „Плетенка“.

1993.- Умре италијанскиот филмски режисер и сценарист Федерико Фелини, еден од најголемите синеисти на 20. век. Фимови: „Улица“ (Оскар), „Пробисвет“, „Сладок живот“ (прва награда во Кан), „Осум и пол“ (Оскар), „Џулиета и духовите“ (Златен глобус“, „Кловнови“, „Амаркорд“, „Казанова“, „Градот на жените“, „Бродот плови“, „Џенифер и Фред“, и др.

1994.- Лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ, објави "воена состојба" во Босна, наредувајќи сите резервисти да се јават кај своите команданти, за да се подготват за контра-офанзива во северозападниот дел на земјата.

1995.- Република Македонија е вклучена во програмата ФАРЕ.

1996.- Бразилскиот патнички авион „Фокер 100“ се урна во близина на Сао Паоло, веднаш по полетувањето, усмртувајќи ги сите 96 лица во авионот и уште пет на земја.

1996.- Во Париз умре Марсел Карне, еден од најистакнатите претставници на француската кинематографија. Во својата богата кариера реализираше вкупно 22 филмски дела. Роден е во Париз, во 1909 година.

1999.- Во Република Македонија се одржаа третите претседателски избори. По прегласувањето во вториот круг, на 5 декември 1999 година, за претседател на Република Македонија е избран Борис Трајковски, втор претседател, по Киро Глигоров, по осамостојувањето на Република Македонија.

2001.- Умре најдобрата француска скијачка Регина Кавањо, победничка на осум трки во Светскиот куп, два дена по падот на скијачката патека во Австрија.

2002.- Во земјотерес во Италија загинаа 30 лица, вклучувајќи и 26 ученици во разурнатото основно училиште во местото Сан Џулијано ди Пуља.

2006.- Умре Питер Бота, јужноафрикански претседател од времето на апартхејдот. Бота е сменет во 1989 година, а новиот претседател Де Клерк ги отфрли законите на кои се засноваше апартхејдот. Комисијата за вистина и помирување во конечниот извештај во 2003 година констатира дека Бота е одговорен за голем број прогони и убиства извршени во последните 10 години од неговото владеење. Се смета дека за време на неговиот претседателски мандат во Јужна Африка се убиени повеќе од 2.000 луѓе и дека околу 25.000 луѓе се затворани без судење, со честа полициска тортура.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 11:43

1500.- Роден е италијанскиот вајар (златар) Бенвенуто Челини, чија автобиографија „Животот на Бенвенуто Челини пишуван со сопствена рака“ е значаен документ за културната историја на неговото време. Го напишал „Трактот за вајарство“, изработил голем број скулптури и големи рељефни формати. 

1755.- Во катастрофалниот земјотрес што го зафати Лисабон загинаа 60.000 луѓе.

1757.- Роден е италијанскиот вајар Антонио Канова, најголем мајстор на италијанскиот класицизам, кој влијаел врз целокупното европско вајарство. Дела: „Амор и Психа“, „Паолина Боргезе како Венера“, „Персеј“, „Три Грации“, спомениците на папата Клемент XII и Клемент XIV, Наполеоновата биста.

1801.- Во Катанија е роден Винченцо Белини, италијански оперски композитор. Тој е творец на италијанскиот оперски стил, наречен белканто. Најпознати му се оперите: "Норма", "Месечарка", "Пуританци", "Капулети и Монтеки" и други. Умре на 24 септември 1835 година.

1813.- Во Његуш е роден Петар Петровиќ-Његош, владика и владетел на Црна Гора, еден од најголемите црногорски поети. Како владетел ги среди политичките состојби во земјата, организира судови, воведе данок, формира сенат, го изгради првото основно училиште и формира печатница во 1834 година. Познати се неговите епови: "Луча микрозма", "Шќепан Мали" и "Горски венец", најдоброто негово дело кое е преведено на сите европски јазици. Умре во Цетиње, на 31 октомври 1851 година.

1871.- Во селото Лабуништа, Струшко, е роден Ангелко Крстиќ, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и учител. Најпознат е по романот „Трајан“. Умре во селото Лабуништа, на 6 мај 1952 година.

1886.- Во Белград е основана Српската академија на науките.

1892.- Во Москва е роден Александар Александровиќ Алехин, руски шаховски велемајстор, еден од најголемите мајстори во историјата на шахот. Беше светски првак од 1927 до 1935 година и од 1937 до 1946 година. Умре на 24 март 1946 година.

1909.- Во Трст е роден Бруно Бјелински, хрватски композитор, професор и правник. Од творечкиот опус познати му се пет симфонии, 13 инструментални концерти, соло-песни, музика за пијано, а најголема популарност доживеа со балетот за деца „Петар Пан“. Умре во 1992 година.

1928.- Во Турција арапското писмо е заменето со латиницата. Тоа е дело на прозападните реформи на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк.

1936.- Италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини го објави основањето на Оската Рим - Берлин.  

1945.- Австралија е примена за член на Обединетите нации.

1945.- Британија официјално соопшти дека според сите траги и индикации Адолф Хитлер, најверојатно извршил самоубиство во својот бункер во Берлин.

1946.- Обединетите нации формираа Меѓународен фонд за помош на децата (УНИЦЕФ).

1952.- Американците ја активираа првата пробна хидрогенска бомба на островот Ениветок во Пацификот.

1954.- "Револуцонерниот комитет за единство на Алжир низ акција", крена вооружено востание против француската колонијална власт. Борбата на алжирскиот народ за слобода траеше осум години и заврши со ослободување од колонијалниот јарем. По тој повод 1 ноември е прогласен за национален празник на Алжир.

1956.- На предлог на Југославија, Генералното собрание на Обединетите нации на вонредно заседание ја усвои резолуцијата со која се бара Велика Британија, Франција и Израел веднаш да се откажат од оружената акција, да се повлечат од територијата на Египет и да се овозможи повторно отворање на Суецкиот канал.

1963.- Во воениот удар во Јужен Виетнам е убиен претседателот Нао Дин Диј.

1972.- Умре американскиот писател Езар Паунд. Врвен поет и е еден од втемелувачите на поетската имажинистичка школа. Јавно ја искажувал поддршката на италијанскиот фашизам, па во 1945 година му беше судено за велепредавство. Беше прогласен за психички болен и 13 години помина во установа од затворен тип, но никогаш не се покаја и ги задржа своите екстремни верувања. Негово ремек дело е „Кантос“, исклучително сложено и тешко четиво, составено од низа независни песни, кое беше објавено во 1972 година. Објавил и критички книги: „Духот на романтиката“, „Критички есеи“, „Како да читаме есеи“, „Џеферсон и/или Мусолини“.

1973.- Од станицата Трубарево тргна првиот електричен воз во Македонија.

1985.- По предлог на Џулиус Камбараг Њерер кој беше 24 години на чело на Танзанија за негов наследник за претседател беше назначен тогашниот потпретседател на Танзанија Али Хасан Мвињи.

1987- Кинескиот лидер Денг Сјаопинг формално се повлече од сите функции во владејачката Комунистичка партија.

1995.- Во американскиот град Дејтон, започнаа преговорите за Босна и Херцеговина. По три недели мировниот договор го прифатија претседателите на Србија и Хрватска, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман, и лидерот на босанските муслимани Алија Изетбеговиќ.

1995.- Во Скопје умре Васил Иљоски, македонски драмски писател, есеист, критичар и книжевен историчар. Најпознати негови дела се пиесата „Бегалка“ и комедиите „Чорбаџи Теодос“ и „Свадба“.

1996.- Умре Џунијус Ричард Џајаворден, премиер на Шри Ланка од 1977 по изборната победа на неговата Обединета национална партија. По воспоставувањето на претседателскиот систем, во 1978 година стана шеф на државата и на таа функција остана до 1988 година.

1998.- Република Македонија стана 24-та членка на Европската организација за безбедност на воздухопловната навигација - ЕУРОКОНТРОЛ со седиште во Брисел.

2000.- СР Југославија е примена во Обединетите нации како 190-та членка, иако Југославија беше еден од основачите на организацијата на ОН.

2002. - Македонското Собрание со 72 гласа "за" и 28 "против" ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски.

2006.- Умре американскиот писател Вилјам Стајро, добитник на Пулицеровата награда за книгата „Исповеди на Нет Таrнер“, и автор на книгата „Изборот на Софија“ чија екранизација е наградена со Оскaр. Дело: „Легни во мракот“, некој вид на автобиографија.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 13:10

1307.- Швајцарските кантони прогласија дека не ја признаваат хабзбуршката власт, што подоцна беше почеток на швајцарската држава.

1575.- Роден е Гвидо Рени, италијански сликар, припадник на Болоњската школа. Умре во Болоња, на 18 август 1642 година.

1650.- Роден е англискиот крал Вилијам III, кој во текот на влаедењето од 1689 до 1702 година помогна во јакнењето на граѓанските и деловни кругови и општо во капиталистичкото стопанство. За време на неговото владеење Англија повторно ја зазеде Ирска.

1840.- Роден е Огист Роден, француски скулптор. Се смета за основоположник на модерната европска скулптура. Неговата најголема заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и последното третирање на скулпторската материја и на фигурата. Светлината е значаен фактор во неговата скулптура. Најпознати му се делата: "Мислител", "Бакнеж", "Граѓаните на Кале", "Балзак" и други. Умре на 17 ноември 1917 година.

1814.- Прогласен е норвешкиот Устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку персонална линија.

1847.- Умре германскиот композитор и диригент Феликс Менделсон, основач на конзерваториумот во Лајпциг, истакнат претставник на романтизмот. Како пијанист дебитираше на девет години, а на 15 години ја напиша првата симфонија. На 16 години напиша мајсторско дело, сценска музика за „Сонот на летната ноќ“. Дела: „Шкотска“, „Италијанска“, „Хебриди“ или „Фингаловата пештера“, „Песни без зборови“, „Концерт за виолина и оркестар во e-mol“, соло-песни, камерна музика и други.

1890.- Во Лондон беше отворена првата линија на подземна електрична железница во светот - метро. Второто метро во светот, а прво на европскиот континент беше будимпештанското, отворено во 1896 година.

1893.- Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, учител од селото Смилево, Петар Поп Арсов, учител од селото Богомила, д-р Христо Катарчев, лекар од Ресен, Иван Хаџи Николов, книжар од Кукуш, Андон Димитров, учител од селото Ајватово и Христо Батонџиев, учител од Гуменџа, е формирана Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански, Никола Карев и многу други револуционери.

1918.- Во Првата светска војна загина англискиот писател Вилфред Овен, во чија поезија најсилно ги осудува воените ѕверства. Значително влијаеше врз модерните англиски поети, посебно на Вистен Хју Одн и Стивен Спендер.

1918.- Силите на Антантата се согласиле со условите за капитулација на Германија во Првата светска војна, заснована на „14 точки“ предложени од претседателот на САД Вудро Вилсон.

1921.- Јапонскиот премиер Такаши Хар беше убиен во атентат.

1922.- Во долината на кралевите кај Луксор во Египет, англискиот археолог Хауард Картер го откри гробот на фараонот Тутанкамон.

1931.- Друштвото на народите ја обвини Јапонија за агресија врз Манџурија, а напуштањето на организацијата во март 1933 година уследи како одговор на Јапонија на осудата од страна на светската јавност.

1939.- На барање на претседателот Френклин Рузвелт, Конгресот го донесе законот за продажба на воени материјали врз основа на принципот „плати па носи“, што беше првиот чекор на САД за влез во Втората светска војна. Во март 1941 година тој закон е заменет со нов - за заем и наем - со уште поголеми привилегии за земјите кои се бореле против нацизмот.

1940.- Британските сили се истоварија на Крит.

1942.- Британската Осма армија на генералот Бернард Монтгомери ги победи германско-италијанските сили на Ел  Алајмен (Африканскиот корпус на генералот Ервин Ромел) во Втората светска војна. Четири дена подоцна следеше исфрлувањето на сојузниците во северна Африка по што во мај 1943 година потполно ги уништија силите на Оската во Африка.

1944.- Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот.

1944.- Грција наполно е ослободена од нацистичката окупација.

1946.- Основана е УНЕСКО (Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура) заради решавање на проблемите со образованието во земјите погодени во Втората светска војна. Подоцна задачите на УНЕКСО беа проширени, посебно во заштита на културното и историското богатство и размена на научни работници и публикации. Република Македонија е примена за членка на УНЕСКО на 18 јули 1993 година, а Повелбата на УНЕСКО во Лондон ја потиша на 18 јуни 1993 година.

1952. - Републиканецот Двајт Ајзенхауер победи на изборите за претседател на САД, кој за време на двата четиригодишни мандата не се истакна посебно.

1952.- Во Скопје, фудбалскиот клуб Вардар го победи фудбалскиот клуб Пролетер од Зрењанин со 4:0 и по три сезони поминати во Втората фудбалска лига, се врати во Првата фудбалска лига.

1956.-  Советската армија ја задуши буната во Унгарија и наместо Имро Наѓ, кој засолниште побара во амбасадата на Југославија, претседател на владата стана Јанош Кадар.

1956.- Генералното собрание на ОН усвои резолуција за упатување на „сини шлемови“ на Блискиот Исток.

1966.- Најголемите поплави во историјата на Италија се случија на третина од нејзината територија при што штетите беа огромни. Во древниот град Фиренца значително беше оштетено културното богатство.

1974.- Претставници на над 100 земји на светот се собраа во Рим да ги разгледаат мерките за решение на проблемот на гладот во светот.

1976.- Велика Британија предложи независност на Јужна Родезија (сегашна Зимбабве) под владение на црнечкото мнозинство од 1 март 1978 година. До 165 година земјата беше британска колонија. Од април 1980 година Зимбабве е меѓународно призната земја со која раководи црнечкиот лидер Роберто Мугабе.

1979.- Исламски студенти во Техеран ја окупираа амбасадата на САД при што 52 службеници држеа 444 дена како заложници барајќи да им биде испорачан шахот Реза Пахлави, кој во тоа време се наоѓаше во болница во Каиро.  

1980.- За претседател на САД беше избран републиканецот Роналд Реган, кој на оваа функција остана два мандата, бидејќи ги доби изборите и во 1984 година.

1983.- Во Либан загинаа повеќе од 40 израелски војници со детонација на камион полн со експлозив, која ја предизвика исламски терорист-самоубиец.

1984.- Првите слободни избори во Никарагва завршија со победа на Сандинистичкиот фронт кој освои 68 отсто од гласовите.

1995.- Убиен е израелскиот претседател Јицак Рабин, во моментот додека го напушташе мировниот митинг во Тел Авив на кој говореше. Беше шеф на владата од 1974 до 1977, и од јуни 1992 до убиството.

1996.- Умре Жан Бедел Бокаса, бивш самопрогласен цар на Централноафриканската Република. Роден е во 1921 година.

2000.- Умре Миле Ангеловски, македонски новинар. Роден е во селото Горна Бошва, Кавадаречко, во 1936 година.

2004.- Соединетите Американски Држави ја признаа Република Македонија под уставното име.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,500 секунди.