IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2008 во 09:45

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

1844.- Роден е Илја Ефимович Рјепин, руски сликар, претставник на реалистичкиот правец. Негови најпознати дела се „Бурлаци на Волга“, „Иван Грозни и син му Иван“, „Запорожци“, „Враќање од прогонство“ и портретите на Мусогорски, Пирогов и други. Умрел во Финска, на 29 септември 1930 година.

1850.- Роден е Хенри Алберт Ги де Мопасан, француски раскажувач, претставник на европскиот натурализам и автор на околу 300 новели, шест романи и други дела. Меѓу многубројните збирки раскази се истакнуваат "Куќата на Телие", "Раскази и новели" и "Господин Паран". Умрел на 6 јули 1893 година.

1858.- Поставен е првиот трансатлантски кабел со кој се воспоставени телеграфски врски меѓу Канада и Велика Британија.

1884.- На влезот во Њујоршкото пристаниште е поставен камен-темелник на Статуата на слободата.

1895.- Во Лондон умре Фридрих Енгелс, германскиот филозоф, социјалист и научник, соработник на Карл Маркс. Негови најпознати дела се „Дијалектиката на природата“, „Анти Диринг“, „Развој на социјализмот од утопија до наука“, „Лудвиг Фоербах и крајот на германската класична идеологија“ и други. Се родил во Берлин, на 28 ноември 1820 година.

1906.- Во Прилеп е роден Ристо Зердески - Зерде, првиот филмски артист во Македонија. Умрел во Загреб, на 1 мај 1970 година.

1907.- Во Карнак, Бретања, роден е Ежен Гивик, француски писател, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 1976 година. Најпознати му се делата „Реквием“, „По море и копно“, „Карнак“ и други дела. Умрел на 21 март 1997 година.

1914.- Поставен е првиот електричен семафор во Кливленд, во државата Охајо, во САД.

1915.- Германците во Првата светска војна ја окупираа полската претстолнина Варшава.

1947.- Фубалските клубови од Скопје „Единство“, „Напредок“, „Зафер“ и „Љуботен“ ја формираа фудбалската екипа „Слога“.

1949.- Во силен земјотрес во Еквадор загинаа околу 6.000 лица.

1962.- Во Холивуд умре Мерилин Монро, северноамериканска филмска артистка. Играше во филмовите "Џунгла на асфалтот", "Нијагара", "Мајмунска работа", "Автобуска станица", "Седум години верност" и други. Се родела е во Лос Ангелес, на 1 јуни 1926 година.

1962.- Во Охрид се одржа Првиот светски шампионат во маратонско пливање на слатки води, кој прерасна во една од најголемите спортски манифестации од таков вид во Македонија. Меѓу професионалците победи Абдел Абу Хеиф од Обединатата Арапска Република, а меѓу аматерите неговиот сонародник Небил Шазди. Во женска конк*ренција победи охриѓанката Атина Бојаџи. Во професионалната трка од македонските пливачи голем успех постигна Дики Бојаџи - трето место и Климе Савин кај аматерите - четврто место. Од 1992 година шампионатот е именуван како Охридски пливачки маратон, една од трките што се бодува за Светскиот маратонски куп.  

1963.- Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Советскиот Сојуз го потпишаа договорот за забрана на нуклеарни проби во атмосферата, во вселената и под море. По ракетната криза околу Куба, тоа беше првиот симптом на ново попуштање во меѓународните односи.

1974.- Американскиот претседател Ричард Никсон, предавајќи му ја магнетофонската лента на истражниот судија, јавно призна дека учествувал во прикривањето на аферата "Вотергејт".

1984.- Умре велшкиот театарски и филмски актер Ричард Бартон. Глумеше во филмовите „Клеопатра“, „Бекет“, „Доктор Фауст“, „Сутјеска“ и други. 

1992.- Русија ја призна независноста на Република Македонија.

1995.- Во Скопје умре д-р Вулнет Старова, професор на Медицинскиот факултет во Скопје и поранешен претседател на Собранието на СР Македонија. Се родил е во селото Поградец, на 6 мај 1934 година.

2003.- Во експлозија на автомобил-бомба пред хотелот „Мериот“ во Џакарта која ја активирал исламски терорист самоубиец загинаа 14, а беа повредени околу 150 луѓе.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 10:35

1881.- Во Локфилд, Шкотска е роден Александар Флеминг, англиски микробиолог. Во 1928 година, тој открил дека габите на мувлата го спречуваат развитокот на некои микроорганизми. Ова откритие, Флеминг го нарече „пеницилин“, чија масовна примена започна во 1942 година. За откритието, во 1945 година, Флеминг добил Нобелова награда за медицина и филозофија. Умрел во Лондон, на 11 март 1955 година.

1868.- Еквадор го погоди силен земјотрес при што загинаа околу 40.000 луѓе.

1890.- Во њујоршкиот затвор „Обурн“, убиецот Вилијам Кемлер е првиот човек во светот што е погубен на електрична столица.

1900.- Во Битола, во т.н. „Поп-Ставрева афера“, османлиската власт го затвори, а потоа и го осуди на робија Македонскиот револуционер и борец за независна држава Македонија Даме Груев, еден од водачите на ТМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 година беше амнестиран, а потоа ја продолжи својата дејност.

1917.- Во Бриџпорт, во државата Конектикат, САД, се родил Роберт Мичам, американски филмски артист. Умрел во Санта Барбара, на 30 јуни 1997 година.

1928.- Роден е Енди Ворхол, американски сликар, графичар, филмски работник, најзначен претставник на поп-артот во светот и култна личност од 60-ите години на 20. век. Бил менаџер и духовен водач на музичката група „Велвет андеграунд“. Автор е на сликата и графиките „Златната Мерилин“, „Петочна несреќа“, „Брилобокс“, „Облаци“, на филмовите „Јадење“, „Империја“, „Бакнеж“ и на други дела. Умрел на 22 февруари 1987 година.

1932.- Во Венеција, Италија, од 6 до 21 август sе одржал првиот филмски фестивал во светот.

1940.- Со нападот на италијанските сили врз британска Сомалија почна битката за Африка во Втората светска војна. Моќните италијански сили претпрпеа пораз и за кратко време е ослободена целата територија што беше под контрола на Рим, вклучувајќи ја и Етиопија.

1943.- Во месноста Осојница над селото Ореов Дом, Велешко, во борба против бугарските контрачетници и полицијата загина Трајче Лазов Андреев (Петкановски), еден од најактивните борци во времето на НОВ во Македонија. Се родил во селото Бистрица, Велешко, на 7 октомври 1919 година.

1944.- Во селото Рамно, Кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини.

1945.- Соединетите Американски Држави ја фрлија првата атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима.

1962.- Јамајка стекна независност после 300 години британско владеење.

1978.- Во Ватикан умре поглаварот на Римокатоличката црква папата Павле Шести (Џовани Батиста Монтини). Папата Павле Шести за поглавар бил избран во 1963 година. Познат е како голем борец за мир во светот, против војната, за соработка меѓу сите народи и за коегзистенција меѓу сите вери. Се родил во Концезија, близу Бреша, во 1897 година.

1990.- Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно изгласа Резолуција за забрана на трговијата со Ирак заради инвазијата на ирачките трупи на Кувајт.

1991.- Во Штип умре Ружа Икономова, македонска артистка една од основоположниците на повоениот театар. Се родила во 1928 година.

1995.- Во Полињано, во близина на Бари, умрел Доменико Модуњо, еден од најпопуларните италијански музичари, пејач кој ја напиша и изведе песната „Воларе“, познат хит од 1958 година. Се родил во 1928 година.

1999.- Во Скопје умрел д-р Стеван Габер, професор на Правниот факултет во Скопје и истакнат научен работник во областа на државно-правната теорија и политикологија. Се родил во Велес, 1919 година.

2003.- Судот во Мадагаскар го осудил поранешниот претседател на оваа африканска островска земја Дидие Рацирака на 10 години принудна работа поради проневера на јавните фондови во вредност од 49 милиони малгашки франци (8,24 милиони долари).

2004.- Во Лос Анџелес умрел Рик Џејмс, американски пејач, текстописец и продуцент, една од најголемите фанк-ѕвезди во светот. Во 1981 година стана популарен со песната „Супер фрик“. Се родил во 1948 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2008 во 10:23

1533.- Умрел Лодовико Ариосто, италијански писател, автор на првите комедии на италијански јазик први дела од тој вид на народен јазик. Најпознато дело му е епот „Бесниот Орландо“, ремек-дело на италијанската ренесанса. Се родил  на 8 септември 1474 година.

1660.- Во Мадрид умрел Диего Родригес де Силва Веласкес, еден од најпознатите шпански и светски сликари. Неговите дела се одраз на генијалноста на уметникот, кој екстатичниот барок и мистицизмот на своето време ги надминал со духот на критичкиот реализам. Најпознати негови дела се "Дворски дами", "Предавањето на Бреда" (наречено и "Копја"), "Венера со огледало" и "Ткајачи на килими". Се родил е во Севилја, на 6 јуни 1599 година.

1816.- Францускиот лекар Рене Ленак го измислил стетоскопот. Овој инструмент за слушање на работата на срцето и белите дробови по неколку усовршувања стана составен дел од инструментите на секој лекар.

1830.- Француското Собрание го избрало Луј Филип за крал на Франција, после падот на Шарл Десетти Бурбонски во Јулската револуција. Новиот монарх станал познат како „кралот граѓанин“.

1858.- Кралицата Викторија Прва ја избрала Отава за престолнина на британскиот доминион Канада.

1895.- Во Венеција, Италија била отворена првата меѓународна изложба на модерната уметност, која оттогаш се одржува секоја втора година.

1900.- Умрел Вилхелм Либкнехт, германски револуционер. Тој бил еден од основачите на Втората Интернационала во 1869 година. Се родил  во 1826 година.

1938.- Умрел Константин Сергеевич Алексеев, познат како Станиславски, руски режисер, актер и основач на Московскиот художествен театар, во кој го афирмирал сценскиот реализам. Своите сеќавања, проверени низ практичната работа ги изложил во делата „Мојот живот во уметноста“ и „Работата на актерот над себе“. Се родил  на 17 јануари 1863 година.

1941- Во Калкута умрел Рабиндранат Тагоре, индиски поет, прозаист, филозоф, уметник, композитор и општественик. Меѓу неговите најдобри дела спаѓаат збирките песни „Градинар“ и „Гитанџали“, романите „Дом и свет“ и „Бродолом“ и драмите „Сударшана“ и „Водопад“, како и публицистичкиот труд „Национализам“. Во 1913 година ја добил Нобеловата награда за литература. Се родил  во Калкута, на 6 мај 1861 година.

1957.- Умрел американскиот филмски актер Оливер Норвел Нарди, симпатичниот „дебелко“, чиј неповторлив хумор во пар со Стен Лорел и сега ја засмејуваат публиката ширум светот. Тој глумел во филмовите „Ние од Оксфорд“, „Двајца добри другари“, „Голема работа“, „Наша жена“, „На дивиот запад“ и други.

1960.- Брегот на Слоновата коска прогласи независност од Франција.

1987.- Во Дојран умрел Михајло Апостолски, генерален полковник, народен херој и академик. Во НОВ на Македонија стана командант на покраинскиот, односно на Главниот штаб на НОВ и на партизанските одреди на Македонија со кои успешно раководел се до ослободувањето на земјата. Тој е еден од двигателите и основоположниците на современата македонска историографија при што ја бележешеше вистината за историјата, културата и самобитноста на македонскиот народ. Се родил  во Штип, на 08 ноември 1906 година.

1989.- Во Скопје умрел Ристо Калчевски, истакнат македонски сликар и ликовен педагог. Се родил во Прилеп, во 1933 година.

2001.- Албанските терористи грабнале петмина работници на градежната компанија „Маврово“ кои работеле на автопатот Скопје - Тетово. Притоа, биле  физички малтретирани... и со нож на телото им биле напишани првите букви од нивните имиња.

2002.- Меѓународниот монетарен фонд за економско опоравување на Бразил му одобрил кредит од 30 милијарди долари, што е најголем износ во историјата на оваа меѓународна финансиска институција.

2003.- Индонезискиот суд му изрече смртна казна на исламскиот терорист Амрозиј, вмешан во бомбашки напад на островот Бали во 2002 година во кој загинаа 202 луѓе, главно странски туристи.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 11:32

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

1627.- Францускиот кардинал Арман Ришелје ги предводел кралските трупи, и ја почнал опсадата на Ла Росел, упориште на хугенотите (француски протестанти) кое го освоил 14 месеци подоцна.

1675.- Врз основа на налогот на англискиот крал Чарлс Втори положен е камен-темелник на Кралската опсерваторија во јужното лондонско предградие Гринич, преку кое поминува нулта (гриничкиот) меридијанот. Опсерваторијата била изградена со цел да се проучи положбата на ѕвездите што е посебно значајно за навигацијата. За прв кралски астроном и шеф на опсерваторијата бил поставен Џон Флемстид.

1865.- Во Санкт Петербург се родил  Александар Пертович Глазунов, руски композитор, изразит симфоничар, еден од последните следбеници на руската национална школа. Најпознати му се делата „Стенка Разин“, „Рајмонда“ и други. Умрел во Париз, на 21 март 1936 година.

1903.- Неколку денови пред паѓањето на Крушевската Република, во Церско Поле, Демирхисарско, македонскиот војвода Јордан Пиперката паднал во заседа на осмалиската војска. По неколку часовна борба со османлиската војска се самоубил, за да не падне жив во рацете на турците. Се родил е во селото Козица, на 23 јуни 1870 година.

1903.- Кај месноста Дреновица, Кавадаречко, тиквешкиот војвода Петар Јуруков со неговата чета водел тешки борби против турската војска што била тргната во марш за Крушево. Во петчасовната борба загинале 21 турски војник и 17 комити.

1913.- Со мировниот договор потпишан во Бук*решт, завршила Втората балканска војна која на 30 јуни 1913 ја почнала Бугарија, со цел да приграби поголем дел од Македонија. Во оваа војна учествувале Црна Гора и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Во војната се вклучиле Романија и Турција. Со овој мировен договор Македонија е поделена на три дела помеѓу  Бугарија,  Србија и Грција. Поради недоречености на некои одредби во овојдоговор, Балканот стана подрачје на постојани недоразбирања меѓу државите.

1914.- Франција во Првата светска војна и објавила војна на Австро-Унгарија.

1983.- Во Белград умрел Воислав Нановиќ, еден од втемелувачите на поевоениот југословенски филм.Тој е режисер на првиот македонски игран филм „Фросина“, снимен во 1952 година. Се родил во Скопје, на 12 август 1922 година.

1993.- Во Скопје умрел Димитар Кондовски, академик, врвна фигура во македонското сликарство. Се родил во Прилеп, 1927 година.

1998.- Принцот Ел Мухтади Бил, постариот син на брунејскиот султан Хасан Болкиј, еден од најбогатите луѓе во светот, бил прогласен за наследник на престолот.

2001.- Во близина на скопското село Љубанци кај месноста Љуботен Бачило од подмолен напад на албанските терористи, возило на АРМ нагазило на мина, при што загинале осумина припадници на Армијата на Република Македонија - Маријанчо Бошковски (28), Бранко Јанев (37), Томислав Настески (28), Раде Јанковски (33), Ивица Златевски (25), Томе Бадаревски (33), Гоце Чанкуловски (39) и Томе Димовски (37), сите од Скопје и Скопско.

2001.- Во терористички напад на патнички воз јужно од главниот град на Ангола, Луанда, што го извршиле припадници на бунтовничкото движење УНИТА, загинале најмалку 252 луѓе.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2008 во 10:33

1762.- Се родил Кристоф Вилхем Хуфеланд, германски лекар. Станал познат по делото „Макробиотика“, објавено во 1796 година, кое е преведено речиси на сите европски јазици и на кинески јазик. Според тоа дело е наречена науката за зачувување и за одржување на здравјето. Умрел во Берлин, во 1836 година.

1848.- Во близина на градот Честерфилд умрел Џорџ Стивенсон, англиски пронаоѓач, „татко на железницата“, кој во 1814 година ја конструирал првата употреблива парна локомотива. Се родил  во Вајлем, кај Нукасл, на 16 октомври 1781 година.

1859.- Во Тутсвил, во американската држава Пенсилванија, случајно е пронајдена нафтата.

1898.- Со потпишување на протокол завршила шпанско-американската војна. Со протоколот Шпанија била принудена да ги напушти Куба и Порторико.

1900.- Во Велес се родил Ганчо Хаџипанзов, македонски револуционер и поет. Од неговото поетско творештво е позната само поемата „Ќе се вратам“. Се борел во првите борбени редови пред Мадрид како борец на интернационалните бригади во Шпанската граѓанска војна (1936 - 1939). Загинал при одбраната на Мадрид, на 19 ноември 1936 година.

1903.- Околу 15.000 турски војници и башибозук под водство на Бахтијар-паша почнале офанзива против Крушево и Крушевската република. Штабот на крушевските востаници, по добиениот ултиматум од Бахтијар-паша, за да се предадат одговори: „Востанавме за да се бориме за извојување на слобода за Македонија, а не да се предаваме“. Но, кога градот се нашол во безизлезна состојба, штабот наредил востаниците да се повлечат со цел да се зачува градот од разурнување. Во жестоката битка загинале 32 востаници. Меѓу нив неколкумина се самоубиле.  Крушевската република падна утредента, по борбите на преминот Слива и во месноста Мечкин Камен.

1905.- Во Велес се родил Бане Андреев - Ронката, бил член на КПЈ, на АВНОЈ и на АСНОМ, а од 1949 година партиски и воен раководител. Во 1949 година бил обвинет за недоследност во оживотворувањето на политиката на КПЈ и го исклучиле од партијата, по што заминал од политичката сцена. Во 1960 година повторно го примиле во редовите на СКЈ. Умрел во Белград, на 31 октомври 1980 година.

1928.- Умрел Леош Јаначек, чешки композитор. Најголемиот дел од животот го поминал во Брно, каде што основал школа за оргули и работел на Конзерваториумот за музика. Основен принцип на неговиот композиторски стил претставува примената на моравскиот музички фолклор. Се родил во 1854 година.

1938.- Германија објавила мобилизација на населението во рамките на подготовките за војна.

1945.- Основано е македонско Лекарско здружение.

1955.- Во Цирих умрел Томас Ман, германски писател. Негови назначајни дела се "Бунденброкови", "Доктор Фауст", "Волшебниот рид" и други. Во 1929 година ја добил Нобеловата награда за литература, а во 1949 година Гетеовата награда. Се родил во Лајпциг, на 6 јуни 1875 година.

1982.- Во Лос Анџелес умрел Хенри Фонда, американски филмски артист, еден од великаните и легендите на Холивуд. Се родил во Гренд Ајленд, на 16 мај 1905 година.

1990.- Во Скопје беше осветен Соборниот храм на автокефалната Македонска православна црква "Свети Климент Охридски".

1990.- Во Скопје била основана Партијата за целосна еманципација на Ромите од Македонија. За претседател беше избран Фаик Абди.

1993.- Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија беше примен во редовното членство на Меѓународната организација на преведувачите (ФИТ) и станал 19-ти член на Регионалниот преведувачки центар за Европа.

2000.- Во несреќа на руската нуклеарна подморница „к*рск“ на околу 120 наутички милји североисточно од Мурманск, која после две силни експлозии потона на дното на Баренцовото Море на последниот ден на големите поморски маневри на Северната флота на руската воена морнарица, загинале сите 118 членови на екипажот.

2004.- Во Грција беше пуштен во сообраќај мостот Рио-Антирио, најдолгиот висечки мост на челични сајли во светот, кој го поврзува полуостровот Пелопонез со остатокот на грчкото копно, долг 2.250 метри.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 13:26

1624.- Францускиот крал Луј Тринаесетти го поставил за прв министер  кардиналот Арман Жан ди Плеси Ришелје.

1826.- Умрел францускиот лекар Рене Теофил Јасинт Ленак, кој во 1819 година го измислил стетоскопот.

1863.- Во Париз умрел Ежен Делакроа, француски сликар, главен претставник на романтиамот, продолжувач на традицијата на Рубенс. Оставил дела кои се одликуваат со темперамент и со драматичност. Се родил во Шарентон Сен Морис, на 26 април 1798 година.

1899.- Во Лентостаун, во близина на Лондон, се  родил Алфред Џозеф Хичкок, британски филмски режисер. Светска слава добил со филмовите од криминалистичкиот жанр, страв и ужас. Негови најпознати филмови се "Триесет и девет скали", "Тајниот агент", "Човекот кој многу знаеше", "Ребека", "Аферата Парадин", "Птици", "Психо" и други. Умрел во Лос Анџелес, на 29 април 1980 година.

1903.- Во месноста Мечкин Камен, близу до Крушево, Македонскиот војвода Питу Гули го распоредил својот одред и со к*ршуми ги пречекувал јуришите на турската војска. Во епопејата на Мечкин Камен херојски загинаа Питу Гули, двајцата негови знаменосци Ѓорѓи Димев и Нове Сугаре и 40-тина македонски востаници. Питу Гули се родил во Крушево,  1865 година.

1906.- Кај Влашките колиби на Кожуф, во борба против андардите, загинал Лука Иванов, Македонски револуционер и војвода, учесник  во Илинденското востание. Како војвода дејствувал во Воденско, Костурско, Ениџеварско, Кичевско и во Крушевско. 

1912.- Умрел Жил Масне, француски композитор. Компонирал 20 опери, главно со лирска тематика, од кои најпознати се "Мантон", "Вертер" и "Дон Кихот". Се родил на 12 мај 1842 година.

1913.- Се родил Макариос, архиепископот на автокефалната Кипарска црква и претседател на Кипар. Умрел во Никозија, на 3 август 1977 година.

1914.- Франција во Првата светска војна и објавила војна на Австро-Унгарија.

1916.- Во Ресен се родил Радослав К. Петковски, македонски писател. Основна тема на неговите дела е животот на луѓето што се борат за основна егзистенција. Главни негови дела се збирките раскази „Рибарот Климе“ и „Рашанец“. Умрел во Охрид, на 26 октомври 1955 година.

1923.- Мустафа Кемал Паша, наречен Ататурк (татко на Турција) станал прв претседател на Турската Република. Учествувал во движењето на младотурците. Во Битола завршил виша воена школа, а во Цариград Генералштабна академија и бил еден од активните борци против султанската автократија. Како претседател на Турската Република спровел прогресивни реформи. Се родил во Солун,  1881 година, а умрел во 1938 година.

1936.- Во селото Велгошти, Охридско, се родил Живко Чинго, македонски писател. Неговите збирки раскази „Пасквелија“, „Нова Пасквелија“, романите „Сребрените снегови“, „Големата вода“, драмите „Образов“, „Ѕидот, водата“ и другите дела, му овозможија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература. Умрел во Охрид, на 11 август 1987 година.

1951.- Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт дека сакале да бегаат преку граница, убиени се пет струмички студенти, членови на ВМРО, и тоа: Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев, Ѓорѓи Јарамов и Ѓорѓи Костуранов.

1961.- Затворена е границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката капија,  што беше најава за изградба на Берлинскиот ѕид. 

1995.- Умрел д-р Душан Манаковиќ, еден од најпознатите македонски географи и основоположник на современата геоморфологија и спелеологија.

1995.- Во Софија умрел Симеон Гугуловски, македонски оперски уметник и солист на Операта при МНТ во Скопје. Се родил во Солун, во 1941 година.

2001.- Во Скопје беше потпишан Охридскиот рамковен договор, политички документ за решавање на кризата во Република Македонија. Документот го потпишале претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски и четворицата партиски лидери - на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДПА, Арбен Џафери и на ПДП, Имер Имери. На потпишувањето на документот присуствувале и високи меѓународни претставници.

2003.- Либија се согласила да исплати 2,7 милијарди долари на семејствата на 270 луѓе кои загинаа во експлозија на бомба во авион на компанијата „Пан Америкен“ над Локерби во Шкотска во 1988 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 17:54

1784.- На островот Кодијак, на Алјаска била формирана  првата руска колонија. Царска Русија ја продала Алјаска на САД во 1867 година за 7,2 милиони американски долари. Во 1963 година Алјаска стана една од сојузните држави на САД.

1867.- Во Кингстон Хил се родил Џон Голсворди, англиски писател, романсиер, драмски писател и поет. Познати му се пиесите „Сребрена кутија“, „Борба“ и „Правда“, романите „Во судот“, „Се дава под кирија“ и „Сопственикот“ - сите три објавени под заеднички наслов „Сага за Форсајтови“. Во 1932 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умрел во Хемпстед, на 31 јануари 1933 година.  

1893.- Франција станала прва држава во која е воведено задолжително ставање регистерски таблички на моторните возила.

1900.- Во селото Герман, Леринско, Егејска Македонија, се родил Богоја Фотев, првоборец и носител на „Партизанска споменица 1941“, бил учесник на Првото заседание на АСНОМ,  и прв повереник за финансии, а потоа и за земјоделство во Владата на НР Македонија. Од 1947 до 1950 година беше претседател на Президиумот на Народното собрание на НР Македонија. Тој беше борец за идеите на ВМРО (обединета), активен револуционер и толкувач на идеите на движењето МАНАПО. Умрел во селото Бистрица, на 27 јануари 1993 година.

1900.- Во Кина беше задушено „Боксерското востание“, бунт на потчинетите слоеви против домашната феудална власт. Во крвавата пресметка со востаниците учествувале корпуси на повеќе земји, меѓу кои  на Германија, САД и Јапонија.

1909.- Во Солун бил извршен втор неуспешен обид за убиство на македонскиот револуционер Јане Сандански и на неговите другари Стојко Хаџиев, Анастас Митрев и Иван Манолев.

1915.- Во селото Никифорово, Гостиварско, се родил Видое Смилевски - Бато, народен херој на Македонија, истакнат револуционер и општествено-политички работник. Умрел во Скопје, на 8 септември 1979 година.

1917.- Во Прилеп се родил Сотир Гулевски, македонски писател и литературен преведувач. Литературниот опус му е во знакот на прозата. Автор е на романите „Меѓа“, „Прекршен р'бет“, „Кога карпите р'тат“, „Модро млеко“, на театрологијата „Фурии“, на книгата со раскази „Висорамнина на ровјите“ и на други дела. Умрел во Скопје, на 20 јули 1985 година. 

1919.- Во Скопје се родил Раде Јовчевски Корчагин, македонски народен херој . Загинал во Скопје, во судирот со бугарските агенти и со полицијата, на 20 февруари 1943 година.

1921.- Во Трст - Баркола се родил Џорџо Стрелер, бил основач и духовен водач на најпознатиот италијански театар „Пиколо“ од Милано, најпознат италијански режисер. Умрел во Лугано, Швајцарија, на 25 декември 1997 година.

1934.- Во големиот концентрационен логор „Дахау“, во близина на Минхен, пристигнале првите композиции на затвореници од разни краишта на Германија, противници на Хитлеровиот режим. За време на Втората светска војна во логорот биле убиени стотици илјади затвореници од цела Европа.

1941.- Официјално бил објавен текстот на "Атланската повелба", што на палубата на еден брод во западен Атлантик ја потпишале британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт.

1947.- Пакистан прогласил независност од Велика Британија.

1949.- Конрад Аденауер станал првиот канцелар на Западна Германија.

1956.- Во Берлин умрел Бартолд Брехт, германски поет, прозаист и антифашист, еден од најзначајните драмски писатели и теоретичари на театарот во 20. век. Најпознати дела му се  „Мајка храброст“, „Спера за три гроша“ и др. Се родил  во Аузбург, на 20 февруари 1898 година.

1972.- Патнички авион на западногерманската компанија „Интерфлут“ се урнал во близина на источноберлинскиот аеродром Шенефелд, при што загинале 165 лица.

1984.- Умрел Тигран Петросјан, советски велемајстор и светски првак во шах. Се родил во 1929 година.

1988.- Умрел италијанскиот конструктор на спортски автомобили Енцо Ферари, еден од светските пионери на автомобилските трки.

1996.- Во еден дом за стари лица во Гичинг, Баварија, умрела Камила Хорн, германска артистка, ѕвезда на немиот филм. Со голема популарност се здобила за улогата во филмот „Фауст“, кој бил снимен во 1925 година од мајсторот на германскиот експресионизам, Фридрих Вилхелм Мурно. Се родила  во Франкфурт, на 24 април 1903 година.

2004.- Во Краков умрел Часлав Милош, полски и американски поет, белетрист, есеист, литературен историчар и правник. Позната му е збирката поеми „Дневна светлина“, расказот „Преземање на власта“, потоа делата „Поетски трактат“, „Лични задолжувања“, но најпознат е по расказот „Заробенот ум“. Во 1980 година ја добил Нобеловата награда за литаратура.Се родил  во Шетејнеј, Литванја, на 30 јуни 1911 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 11:12

1057.- Загинал шкотскиот крал Макбет, чиј живот го инспирирал англискиот писател Вилијам Шекспир, да ја напише една од своите најпознати драми.

1769.- Во Ајачио, на Корзика, се родил Наполеон Бонапарта, француски цар, еден од најголемите војсководци на сите времиња во светот. Во 1904 година бил крунисан за цар. Сакајќи да го освои светот, а претходно покорувајќи ја половина Европа, 1812 година тргнал во напад на Русија, но доживеал тежок  пораз. Во април 1814 година беше принуден да адбицира. Во 1815 година се обидел повторно да дојде до власт и, само по сто дена престој во Париз бил интерниран на јужноатланскиот остров Света Елена, каде што умрел на 5 мај 1821 година.

1771.- Во Единбург се родил Валтер Скот, шкотски писател, творец на модерниот историски роман. Собирал народни песни и пишувал по теркот на народните епови за историјата на Шкотска. Меѓу неговите најзначајни дела спаѓаат романите "Ајванхо", "Кенилворд", "Старинар" и други.

1883.- Во Врполе се родил Иван Мештровиќ, хрватски скулптор, еден од најголемите современи светски уметници. Изработил голем број релјефи, фигури и портрети, како и многу монументални јавни споменици. Умрел во САД, на 16 јануари 1962 година.

1893.- Умрел Жан Мартин Шарко, француски лекар, еден од најголемите невролози на сите времиња. Се занимавал со проблемите на хистеријата, хипнотизмот и склерозата.  е во 1825 година.

1894.- Во Ресен (во куќата Татарчеви) се одржало советување на првенците на ТМОРО. Со советувањето непосредно раководеле Даме Груев и Пере Тошев. Биле донесени значајни одлуки за натамошниот развој на револуционерното движење во Македонија. Ова прво советување на ТМОРО се смета за „голема предилинденска искра“.

1897.- Во селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија, се родил Стојан Христов, американски писател од македонско потекло, новинар и 12 години државен сенатор во САД. Во 1986 година при посетата на Македонија беше основана Фондацијата „Стојан и Маргарет Христов“. Најпознати негови дела се хрониката „Херои и убијци“, романите „Лавот од Јанина“, „Ова е мојата татковина“, „Мојот американски аџилак“ и мемоарскиот роман „Орелот и штркот“. Умрел во Томпсон Хаус, во Бретлборо, на 25 јануари 1996 година.

1911.- Во селото Крушаре, Ениџевардарско, беше убиен  Апостол Петков (наречен и како „Ениџевардарско сонце“) македонски револуционер и војвода, учесник во Илинденското востание. Се родил во селото  Бојмица, Солунско, во 1870 година.

1914.- Со поминувањето на бродот „Анкон“ беше отворен Панамскиот канал, прокоп долг 81,6 километри кој во најтесниот дел на средна Америка го спојува Атлантскиот и Тихиот Океан. Каналот официјално е отворен дури во јули 1920 година, а изградбата која во 1789 година ја почнал градителот на Суецкиот канал Французинот Фердинан де Лесепс, а САД ја презедоа во 1901 година, била проследена со финансиски афери, притисоци и воени интервенции.

1947.- Индија стекнала независност. - Национален празник на Индија.

1948.- Јужна Кореја станала независна држава под името Република Кореја.

1962.- Беше пробиен е патниот тунел под Мон Блан, највисокиот врв во западна Европа со кој францускиот град Шамони се поврзал со италијанската долина Аоста.

1971.- Бахреин стекнал независност после век и половина британска колонијална власт.

1993.- Во Сондерберг, Данска, на последниот ден од заседанието на Меѓународната федерација на студентите по медицина (ИФМСА), Сојузот на студентите по медицина на Македонија беа примени во полноправно членство.

1998.- Во Скопје се одржало Основачко собрание на Нотарската комора на Република Македонија. За претседател била избрана Зорица Пулејкова.

2003.- Во писмо до Советот за безбедност на Обединетите нации, Либија ја преземала одговорноста за експлозијата на бомба во авионот на „Пан Америкен“ над Локерби во Шкотска во која загинаа 270 луѓе.

2004.- Во Краков умрел Часлав Милош, полски и американски поет, белетрист, есеист и литературен историчар, правник, добитник на Нобеловата награда за литература во 1980 година за бескомпромисната јасност со која ја изразува застрашената положба на човекот во еден свет на остри конфликти. Меѓу најпознатите негови дела се „Три змии“, „Спасување“, „Дневна светлина“, „Заробен ум“, „Преземање на власта“ и други. Се родил во Шетејнеј, Литванија, на 30 јуни 1911 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2008 во 10:25

986.- Во Ихтиманскиот премин (Тројанова Врата), византискиот цар Василиј Втори претрпел пораз во борбата со војската на Македонскиот цар Самуил кој продолжил со нови освојувања се до 991 година.

1593.- Турскиот султан Мурат Втори и објавил војна на Австрија која траела 14 години.

1878.- Во селото Ново Село, Штипско, се родил Славјеко Арсов, македонски револуционер и војвода во Битолскиот револуционерен округ, бил соработник на Гоце Делчев и учесник на Смилевскиот конгрес во мај 1903 година, како и во Илинденското востание од 1903 година. На врвот Лингура, кај селото Долно Ѓуѓанце, Светиниколско, во борба против турската војска загинал на 22 јуни 1904 година.

1902.- Во Прилеп се родил Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Тој се борел за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината за Македонија. Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, беше осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Во октомври 1990 година е рехабилитиран. Умрел во Прилеп, на 24 јули 1957 година.

1903.- Во месноста Бигла, близу до селото Арменско, Егејска Македонија, здружените лерински и костурски одреди на македонските востаници извојувале голема победа над турската војска и го десеткувале турскиот гарнизон. Својот бес од претрпениот пораз непријателот го истурил врз Арменско. Селото било опожарено, а околу 130 жени, деца и старци биле убиени и масакрирани.

1943.- Во Штип, во борба против бугарската полиција, загинал Славчо Стојменски, народен херој. Се родил во Штип, на 16 октомври 1921 година.

1943.- Се родил американскиот филмски актер Роберт Де Ниро, една од најголемите светски филмски ѕвезди од крајот на 20 век, добитник на Оскар за улогите во филмовите „Кум II“ и „Разбеснетиот бик“. Тој глумеше и во филмовите „Беше еднаш во Америка“, „Ловец на елени“, „Њујорк, Њујорк“ и други. 

1976.- Во земјотрес на филипинскиот остров Минданао загинале околу 8.000 луѓе.

1987.- Германскиот воен злосторник Рудолф Хес, заменик на Адолф Хитлер, бил пронајден мртов откако се обесил со помош на електричен кабел во ќелија во затворот „Шпандау“. 

1993.- Во Санта Моника, Калифорнија, умрел Стјуарт Гренџер, англиски театарски и филмски артист, јунак во десеттина авантуристички и романтични филмови, како во „Скарамуш“, „Последното Сафари“, „Рудникот на кралот Соломон“ и во други. Се родил во Лондон, на 6 мај 1913 година.

1994.- Во Охрид почнал Првиот фестивал на новосоздадени македонски староградски трубадурски песни „Охридски трубадури '94“.

1995.- Во Скопје, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија, како прилог на весникот „Вечер“, излегол првиот број на „Армиски збор“, весник на Армијата на Република Македонија.

1999.- Во најтешката природна катастрофа во историјата на Турција, во земјотрес со епицентар кај градот Измир, на 150 километри западно од Истанбул, загинале повеќе од 30.000 луѓе.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 08:58
1662.- Умре Блез Паскал, француски математичар, физичар, писател и филозоф. Конструира математичка машина (аритмометар) која ги вршеше четирите математички операции. Математички прв го третираше проблемот на веројатноста во хазардните игри и ги постави основите на законот на веројатноста, ја измисли хидрауличната преса и утврди дека притисокот на воздухот опаѓа со висината, така што со помош на барометар може да се утврди висината на планините. Најпознато негово дело е "Мисли". Роден е на 19 јуни 1623 година.

1692.- Еден свештеник и пет жени обвинети дека се занимаваат со магии, беа запалени во Салем, Масачусетс, во САД. Овој настан му послужи како историска основа на познатиот американски драмкси писател Артур Милер, така што два и пол века подоцна тој ја напиша драмата „Вештерките од Салем“, која говори за прогоните на напредните сили во Америка од злогласниот „Макартиев комитет за истражување на антиамериканската дејност“.

1741.- Рускиот морепловец од данско потекло Витус Јонас Беринг ја откри Алјаска.

1847.- Роден е полскиот писател Александер Гловацки, познат како Болеслав Прус, најзначаен полски реалист. Дела: роматите „Кукла“, „Мртва стража“, „Еманципирана жена“, „Фарион“, збирките раскази „Потстанар во поткровје“, „Јакубовиот сон“, „Балски фустан“, „Проклета среќа“.

1849.- Роден е францускиот историчар Ернест Дени, основач на Словенскиот институт во Париз. Беше професор на универзитетот „Сорбона“ во Париз, а се бавеше и со историја на културата на Словените. Ги покрена списанијата „Чешка нација“ и „Свет на Словените“. Дела: „Голема Србија“, „Од Вардар до Соча“, „За почетоците на федуализмот кај Чесите“, „Крај на чешката независност“. 

1850.- Во Париз умре Оноре де Балзак, француски поет, еден од најистакнатите писатели на реалистичкиот роман. Во стотина дела наслика повеќе од две илјади ликови од сите слоеви на општеството. Од делата најпознати му се „Евгенија Гранде“, „Чичко Горио“, „Гопсек“, „Загубени илузии“, „Селани“, „Роднината Бета“, „Скокотливи приказни“ и други. Роден е во Тур, на 20 мај 1799 година.

1860.- Роден е францускиот државник Рејом Поенкаре, претседател на Франција од 1913 до 1920 година. Ја предводеше Франција во критичното време во Првата светска војна. Беше член на Француската академија на „бесмртните“. На чело на владата повторно дојде од 1922 до 1924 и од 1926 до 1929 година.

1871.- Роден е Орвил Рајт, американски инженер, пионер на авијацијата. Тој заедно со својот брат Вилбур (1867-1912), исто така инженер, експериментирале со едрилици, а потоа конструирале моторен авион. Орвил, во Кити Хок, Северна Каролина, на 17 декември 1903 година го извршија првиот лет со моторен авион што траеше само 59 секунди и прелета 285 метри. Веќе на 5 декември 1905 година двајцата прелетаа 39 километри за 38 минути и 3 секунди. Орвил Рајт умре во 1948 година.

1901.- Роден е италијанскиот писател Славаторе Квазимодо, добитник на Нобеловата награда за литература во 1959 година. Дела: збирките песни „Мирис на еукалиптисот“, „Животот не е сон“, есејот „Писател и политичар“.

1914.- Германската војска во Првата светска војна по жестоките борби и неочекувано силниот отпор на белгиските трупи го зазеде Брисел.   

1936.- Франкистите од Шпанија го застрелаа Федерико Гарсија Лорка, шпански писател од Гренада, народен драматург, сликар, музичар и еден од најголемите лиричари воопшто. Изврши значително влијание врз развојот на поновата европска поезија. Најпознати негови збирки песни се "Песни", "Цигански романсиер", "Поет во Њујорк", драмите "Домот на Бернарда", "Крвави свадби" и други. Роден е во Фуенте Вакерос, на 15 јуни 1899 година.

1961.- На крајот на „студената војна“ меѓу Исток и Запад, на границата помеѓу Источен и Западен Берлин, источногерманските власти почнаа да подигаат ѕид во должина од 40 километри.

1973.- Полковникот Пападопулос, шеф на воената хунта која изврши пуч на 21 април 1967 година, се прогласи за претседател на Република Грција. Претходно на референдум, во режија на пучистите, укината е монархијата.

1975.- Американскиот вселенски брод „Викинг I“ е лансиран кон Марс, каде доспеа во јули 1976 година.

1980.- Италијанскиот алпинист од германско потекло Рајнхолд Меснер прв успеа сам да се искачи на највисокиот врв во светот Монт Еверест.

1982.- Во Скопје умре Адем Гајтани, македонски писател од албанска националност во Македонија и новинар во весникот „Флака е влазеримит“ во Скопје. Роден е во селото Подуево, на Косово, на 21 јули 1935 година.

1991.- Собранието на советската балтичка република Естонија објави целосна независност од Москва.

1995.- Умре Хуго Прат, прославен италијански илустратор. Дела: „Пустински шкорпии“, „Наредникот Кирк“, „Ана од џунглата“, „Сент Егзепери“, „Макумба“.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2008 во 16:37

1165.- Роден е францускиот крал Филип Втори Август. Владеел од 1179 до 1223 година. Успешно војувал против Англичаните, одземајќи им ги имотите во западниот дел на Франција. Со англискиот крал Ричард Лавовско Срце и германскиот цар Фридрих Први Барбаросон ги предводел крстоносците во Третата крстоносна војна. Во 1208 година основа универзитет во Париз и подига голем дел од париските Богородични цркви (катедралата Нотр-Дам).

1764.- Роден е британскиот крал Вилијам Четврти, кој на престолот беше од 1830 се до неговата смрт во 1837 година. Неговите поданици му го дале прекарот „Лудиот Били“, а го нарекувале и „кралот морнар“ бидејќи од 1778 до 1790 година служел во морнарицата. Имал десет вонбрачни деца со ирската актерка Доротеј Џордан пред да се ожени во 1818 година со една германска принцеза.

1780.- Роден е словенечкиот славист Јернеј Копитар. Се залагал за примена на народниот јазик во литературата, иако не бил доследен - пишувал на германски најмногу поради безначајниот број читатели на словенечки јазик.

1798.- Роден е францускиот историчар и писател Жил Мишле, исклучителен стилист, автор на низа историски, филозофски и литерарни акти. Се противел на монархијата и црквата. Дела: „Историја на Франција“, „Историја на Француската револуција“, „Историја на XIX век“, „Планина“, „Птица“.  

1854.- Умре Вилхелм Шелинг, германски филозоф, последен претставник на германската класична идеалистичка филозофија. Во своето учење го поврзуваше Фихтеовиот идеализам со Спиновиот пантеизам. Најпознати негови дела се „Идеја за филозофијата на природата“, „Систем на трансцеденталниот идеализам“ и „Филозофија на уметноста“. Роден е на 27 јануари 1775 година.

1904.- Роден е американскиот џез музичар од афроамериканско потекло Вилијам „Каунт“ Бејзи, композитор и водач на оркестар. Со врвни музичари - вклучувајќи ја пејачката Били Холидеј и трубачот Бак Клејтон, во 1937 година го основа оркестарот кој набрзо се стекна со славата - најдобар свинг-оркестар во светот.

1911.- Светски познатата слика „Мона Лиза“ на италијанскиот сликар Леонардо да Винчи од парискиот музеј „Лувр“ ја украде италијанскиот келнер Виченцо Перуџи. Сликата е пронајдена и вратена во музејот во 1913 година.

1935.- Во Москва заврши Седмиот конгрес на Коминтерната, на кој беше извршена анализа на меѓународната ситуација и беше укажано дека на сите слободарски и демократски сили во светот им се заканува опасност од фашизмот. Конгресот им препорача на комунистичките партии да пристапат кон формирање на народни фронтови за борба против фашистичката агресија.

1940.- Умре рускиот револуционер Лав Троцки, еден од водачите на Октомвриската револуција. Претходниот ден беше смртно ранет од платен убиец, шпански комунист. Советската влада ја отфрли одговорноста, но набрзо се воспостави дека атентатот најверојатно го нарачал Сталин.  

1941.- Умре индискиот писател и филозоф Рабиндранат Тагоре, добитник на Нобеловата награда за литература во 1913 година. Напишал повеќе од илјада поеми, 24 драми, осум романи, најмалку осум томови раскази, повеќе од 2.000 песни и многу есеи. Пишувал на бенгалски јазик, а поезијата сам ја преведувал на англиски јазик. Главната цел му била поврзување на источната и западната култура. Дела: збирките песни „Градинар“, „Гитанџали“, збирките раскази „Златен чамец“, „Доцна жетва“, „Сништа“, романот „Гора“, лирските драми „Читра“, „Малини“, публицистичкиот труд „Нацинализам“.

1944.- Во Дамбартон Оукс, кај Вашингтон, почна конференцијата на претставниците на Советскиот Сојуз, САД, Велика Британија и Кина за основање на четири главни органи на Обединетите нации - Советот за безбедност, Генералното собрание, Меѓународниот суд за правда и постојани секртаријати.

1960.- Прогласена е независноста на Сенегал (држава во западна Африка), поранешна француска колонија која беше во федерација со Мали.

1961.- На границата на Источен и Западен Берлин е завршена изградбата на ѕид долг 43 километри и висок 3 метри. Тоа беше само една од епизодите на студената војна меѓу двете супер-сили, САД и СССР. Берлинскиот ѕид „падна“ на 9 ноември 1989 година.

1964.- Умре италијанскиот политичар Палмиро Тољати, еден од основачите на Комунистичката партија на Италија во 1921 година и нејзин генерален секретар од 1927 до 1964 година. Разработувајќи го концептот на „италијанскиот пат во социјализмот“, го прекинува сталинизмот и решително придонесува за самостојност на неговата партија во однос на Москава.

1968.- Советскиот Сојуз и другите земји на Варшавскиот пакт, освен Романија, влегоа во Чехословачка. Со тоа е означен крајот на „Прашката пролет“, а се формира принципот на "ограничен суверенитет" во рамките на социјалистичката заедница.

1969.- Во Скопје, од 20 до 24 август е одржана Првата светска изложба на карикатури со учество на 33 земји и 146 автори, а на тема „Мир, солидарност, хуманост“. 

1991.- Советската балтичка република Летонија прогласи независност од Москва.

1994.- Во Москва умре Роберт Рождественски, руски поет, прв носител на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезија (1966 година за песната „Се родив“). Меѓу неговите најзначајни поетски книги се „Проверка“, „Враќање“, „За 20 години“, „Радар на срцето“ и други. Роден е во 1932 година.

1997.- Во авионска несреќа, заедно со уште 13 луѓе, загина претседателот на владата на Авганистан Абдур Рахим Гафурзаи.

2005.- Умре пионерот на електронската музика Роберт Моуг, чии синтисајзери внесоа нов звук во светот на музиката во 60-тите и 70-тите години на 20. век.

2006.- Во дом за старци во Новато, Калифорнија, умре Џо Розентал американски фотограф, кој на јапонскиот остров Иво Џима, на планината Сурибачи во 1945 година, го фотографира покревањето на американското знаме, што значеше симбол на американската решителност да го поврати Пацификот под своја контрола... Роден е во 1912 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 13:51

1485.- Англискиот крал Ричард Трети загина во битката кај Босворт во борбата против единиците на Хенри Седми, основач на династијата Тјудор. Со тоа заврши „Војната на двете ружи“ - наречна така, бидејќи династијата Ланкастр, со која Хенри Седми беше во сродство, имаше во грбот црвена, а династијата Јорк бела ружа.

1642.- Во Англија почна граѓанската војна меѓу приврзаниците на круната и Парламентот, по изјавата на кралот Чарлс Први Стјуард дека членовите на Парламентот се предавници. Војната заврши во 1645 година, со пораз на кралот, кој врз основа на пресудата на револуционерниот суд беше погубен во 1649 година.

1859.- Поради воените неуспеси, финансискиот крах на државата и отпорот на полициското репресивно движење на Хабзбуршката монархија, царот Франц Јозеф Први го смени дотогаш семоќниот министер за внатрешни работи Александар Бах, со што заврши епохата во историјата позната како „Бахов апсолутизам“.

1862.- Роден е францускиот композитор Клод Дебиси, творец на музичкиот импресионизам и втемелувач на ниви модерни тенденции. Инспириран од симболизмот во поезијата и импресионизмот во сликарството, создаде сопствен музички јазик и стил. Дела: „Араберска“, „Бергамска свита“, „Детско катче“, „Естампе“, „Слики“, „Ноктурно“, „Море“, „Пет Бодлерови песни“, „Заборавени ариети“, „Галантни свечености“, „Пелеас и Мелисанда“, камерна музика.

1854.- Потпишана е Женевската конвенција за заштита на ранетите во војна.

1891.- Умре чешкиот писател Јан Неруда, кој одигра важна улога во формирањето на чешкиот реализам во борбата против малодушните сонародници кои беа под германското културно влијание. Дела: збирките раскази „Арабеска“, „Железнички работници“, збирките песни „Прости мотиви“, „Вселенски песни“, „Балади и романси“, „Песни на Велики петок“, есеите „Чешко општество“, „Литратура, театар, ликовна уметност и музика“, „Штетни насоки“, „Модерен човек и уметност“.

1914.- Австроунгарија во Првата светска војна и објави војна на Белгија.

1923.- Во селото Сингелиќ, Скопско, е родена Вера Јоциќ, народен херој на Македонија. Беше ранета во НОВ и умре во селото Саса, Кривопаланечко, на 22 мај 1944 година.

1927.- Харвардскиот професор Филип Дринкер израбори апарат за вештачко дишење наречен челични гради.

1940.- По атентатот во Мексико умре Лав Троцки, еден од водачите на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија. Со тоа убиство дојде до израз разузнувачката моќ на сталинистичката политика, во која, во годините пред Втората светска војна, беа ликвидирани голем број вистински или потенцијални критичари. По разидувањето со Сталин, тој замина во бегство. Роден е во Ивановка, на 7 ноември 1879 година.

1941.- Трупите на нацистичка Германија во Втората светска војна допреа до Ленинград (денешен Санкт Петербург) со што почна битката за овој град, која заврши во јануари 1944 година со победа на советската армија. Иако во текот на опсадата и херојскиот отпор животот го дадоа околу 620.000 жители на градот, повеќето од глад, Ленинград не се предаде.

1942.- Умре рускиот балетски играч, кореограф и педагог Михаил Михаилович Фокин. Кореографии: „Шопенијана“, „Петрушка“, „Франческа да Римини“, „Шехерезада“, „Смртта на лебедот“.

1944.- Во Дамбертон Оксу, во близина на Вашингтон, почна конференцијата на претставниците на СССР, САД, Велика Британија и на Кина за основање четири главни органи на Обединетите нации - Совет за безбедност, Генерално собрание, Меѓународен суд за правата и постојани секретаријати. За постојан член на Советот за безбедност, покрај учесниците на конференцијата, предвидена беше и Франција. Конференцијата заврши на 9 октомври со објавување на проектот на повелбата на ООН.

1947.- Со одлука на Владата на Народна Република Македонија во Скопје е формирано специјализирано претпријатие за производство на филмови Вардар-филм. Својата дејност претпријатието ја започна на 5 декември 1947 година.

1958.- Во Белград умре Стеван Христиќ, српски композитор, диригент, академик, професор на блеградската Музичка академија и основач и директор на Операта во Белград. Од неговите дела најпознати се музичката драма „Примрак“ и балетот „Охридска легенда“. Роден е во Белград, на 19 јуни 1885 година.

1958.- Умре францускиот писател Роже Мартен ди Гар, добитник на Нобеловата награда за литература во 1937 година. Дела: романите „Жан Боро“, „Семејството Тибо“,комедијата „Тестаментот на чичкото Леле“.

1964.- Умре Палмиро Тојати, еден од основачите на Комунистичката партија на Италија, револуционер, борец против фашизмот и публицист. Роден е на 26 март 1893 година.

1990.- Умре Александар Николовски - Џемо, долгогодишен новинар на Радио-Телевизија Скопје и на Нова Македонија, еден од основачите на Втората програма на Радио Скопје. Роден е во 1931 година.

1996.- Конференцијата за разоружување во Женева, на која учествуваа 61 држава, заврши без успех, бидејќи Индија го блокираше договорот за сеопфатната забрана на нуклераните проби.  

2004.- Во оружен грабеж на музејот на сликарот Едвард Мунка во Осло, пред голем број посетители е украдено неговото најпознато платно „Крик“.

2006.- Загинаа 160 патници и 10 членови на екипажот кога се урна рускиот патнички авион „Тупољев - 154“, 45 километри северно од Доњецка во Украина. Авионот леташе на линијата од Анапе на Црно Море до Санкт Петербург.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2008 во 12:45

79.- Во катастрофалната ерупција на Везуф, вулкан во јужниот дел на Италија, од лавината и од пепелта наполно беа затрупани градовите Помпеја и Херкуланум.

1540.- Умре италијанскиот сликар Пармиџанино, портретист кој тежнеел да ги изрази внатрешните особености на својот модел. 

1572.- Во ноќта, токму на празникот Свети Вартоломеј, во Париз и во цела Франција почна невидениот колеж на хугенотите, оној дел од населението кој го прифати протестантизмот. Се смета дека до септември се убиени повеќе од 25.000 луѓе. Иницијатор на „крвавиот пир“ - „Вартоломејска ноќ“ - беше Катерина Медичи, мајка на францускиот крал Шарл Деветти. Папата Гргур Осми по повод колежот во Франција даде налог да се искова медал, прогласувајќи ја одмаздата над хугентотите за „света војна на една вера“.

1872.- Роден е англискиот писател и карикатурист Хенри Максимилијан Бирбом, познат како Макс Бирбом, мајстор за сатира и иронија. Дела: романот „Зулејка Добсон“, критиките „Божиќен венец“, „Делата на Макс Бирбом“.

1899.- Група загрепски научници на чело со познатиот геолог, зоолог и палеонтрополог Драгутин Горјановиќ - Кранбергер открија коски, заби и орудие на пралуѓето на подрачјето на Крапина. Научниот свет беше изненаден од вредните наоди, а во своето дело Дилувијалниот човек од Крапина во Хрватска, Горјановиќ - Крамбергер го раздвижи од мртва точка потеклото и настанувањето на човекот, затоа што наодите во Крапина беа значаен доказ за вистинската Дарвинова наука за еволуцијата.

1899.- Во Буенос Аирес е роден Хорхе Луис Борхес, аргентински писател, фантазер, биограф, еден од најпознатите интелектуалци на современата култура кој длабоко ја одбележа латинско-американска книжевност, поради што се вбројува меѓу најголемите светски писатели. Најпознати негови дела се „Универзална историја на бесчестието“, „Фантазии“, „Алеф“, „Извештај за Броди“ и други. Умре во Женева на 14 јуни 1986 година.

1912.- Алјаска е официјално прогласена за американска територија.

1929.- Роден е водачот на Палестинската ослободителна организација Јасер Арафат. По долгогодишните терористички активности се определи за решавање на палестинско-израелскиот судир по пат на преговори. Во 1994 година заедно со Шимон Перес и Јацик Рабин ја доби Нобеловата награда за мир.

1930.- Во Прилеп е роден Ордан Петлески,македонски сликар и графичар. Најдолго време живееше во Загреб, но сепак изврши одредено влијание врз некои македонски сликари. Од делата познати се „Македонско село“, „Изгорување“, „Морбидни облици“, „Праоблици“, „Пергамена“, „Магична ира“, „Цутење“ и други. Умре во Загреб, на 22 јануари 1997 година.

1968.- Франција во Јужен Пацифик изврши прва пробна експлозија на хидрогенска бомба. На тој начин стана една од нуклеарните сили во светот.

1976.- Двајца советски космонаути се спуштија на Земјата после 48 дена поминати во нејзината орбита. За време на престојот во специјалната вселенска лабораторија изведоа низа испитувања.

1991.- Претседателот на Советскиот Сојуз Михаил Горбачов даде оставка на местото шеф на Комунистичката партија и од Централниот комитет на владејачката партија, единствената партија дотогаш, побара истата да се самораспушти.

1991.- Собранието на Украина прогласи незвисност од Москва.

1994.- Израел и Палестинската ослободителна организација постигнаа договор Палестинците на Западниот брег да добијат автономија во областа на образованието, здравството, даночната политика, социјалната заштита и во туризмот.

2004.- Во Русија речиси во исто време се урнаа два патнички авиона од типот „Тупољев“, едниот кај Ростов, а другиот кај Тул. Во несреќите кои ги предизвикаа чеченски исламски терористи-самоубијци загинаа сите 94 патници и членови на екипажите.

2006.- Меѓународното здружение на астромини донесе одлука дека Платон не е планета како што беше категоризирана во 1930 година кога беше откриена, што значи дека Сончевиот систем нема девет, туку има осум планети. Според одлуката на 2.500 астрономи од 75 земји, собрани на конференција во Прага, по жестоките расправии е договорено дека Платон припаѓа на категоријата џуџести или минорни планети.   

2006.- Владата на САД соопшти дека ураганот Катрин, кој ги погоди САД во август 2005 година е најголемата природна несреќа во историјата на земјата и дека вкупната штета изнесува 118 милијарди долари.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2008 во 10:30

1346.- Во битката кај Креси, во северна Франција, најпознатата битка во Англо-француската стогодишна војна (1337-1453), велшките стрелци катастрофлано ги поразија француските тешки оклопници. Според некои извори, Англичаните тогаш првпат употребиле и огнено оружје.

1676.- Роден е англискиот државник Роберт Волпол, прв британски премиер (прв по прогласувањето на Обединетото Кралство). Претседател на владата беше од 1721 до 1742 година, најдолго во историјата на Велика Британија.

1723.- Умре холандскиот природонаучник Антони ван Левенхук, кој иако по струка бил книжевник, се бавел и со микробиолошки истражувања. Тој го откри дотогаш непознатиот свет на микроорганизмите. Резултатите од истражувањата на крвните садови, структурата на коските, мускулите, еритроците и сперматозоидите како член на Лондонското кралство друштво ги објавувал во изданијата на друштвото.

1740.- Роден е францускиот пронаоѓач Жозеф Мишел Монголфје, кој заедно со братот Жак Етјен во 1783 година го конструираа првиот воздушен балон наполнет со топол воздух.  

1743.- Во Париз е роден Антоан Лоран Лавоазје, француски хемичар, кој се смета за основач на модерната хемија. Прогласувајќи го законот за неуништивоста на материјата како основа на хемиските процеси, тој ја почна примената на егзактните физикални методи за мерење на хемиските истражувања. На пример, докажа дека водата е соединение на водород и кислород (1783), а ги задолжи науката и човештвото и со многу други знајачни откритија. Умре во Париз, на 8 мај 1784 година.

1883.- На островот Кракатау, меѓу Јава и Суматра, во Индонезија, дојде до најкратастрофалната ерупција која е забележана во историјата на човештвото. Повеќе експлозии го потресоа остров, а најголемата однесе во воздух 27 квадратни километри земја. Кога се создаде голема бездна во морето дојде до нови катаклизми и огромни бранови, кои го избришаа остатокот од животот на островот. Се смета дека тогаш загинале повеќе од 36.000 луѓе.

1904.- Во Скопје е роден Томо Владимирски, македонски академски сликар и сценограф. Уметничка школа заврши во Белград. Од 1929 година работеше како сценограф во Македонскиот народен театар во Скопје и во други театри во Македонија. Во сликарството мотиви му се луѓето, историјата и пејзажи на Македонија. Умре во Скопје, на 14 септември 1971 година.

1906.- Роден е американскиот вирусолог Алберт Брус Сејбин, пронаоѓач на вакцината против полиомиелитис (заразна детска парализа). Сејбиновата вакцина е првпат масовно употребена во Советскиот Сојуз. Беше професор на Медицинскиот колеџ на Универзитетот во Синсинати (САД), а потоа и претседател на Вајцмановиот институт во Израел.

1906.- Во Соко Бања умре Стеван Стремац, српски писател, хуморист, раскажувач и сатиричар. Најпознати негови дела се „Ивкова слава“, „Поп Киро и поп Сипро“, и „Зона Замфирова“. Роден е во Сента, на 23 ноември 1855 година.

1910.- Во Скопје е родена Мајка Тереза (вистинското име и е Агнес Гонџа Бојаџиу), основач на милосрдието. Во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Умре во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година.

1910.- Умре американскиот филозоф и психолог Вилијам Џејмс. Дела: „Прагматизам“, „Принципи на психологијата“, „Желба за верување“, „Есеи за радикалниот емпиризам“, „Разликите во религиозното искуство“.  

1920.- Ратификуван е 19 амандман од Уставот на САД, со кој жените добија право на глас.

1936.- Постигната е спогодба за завршување на британската окупација на Египет, со исклучок на зоната на Суецкиот Канал.

1942.- Германската армија стигна до Сталинград, каде во најважната битка во Втората светска војна претрпи катастрофален пораз, кој го означи и почетокот на крајот на нацистичката воена машинерија.

1944.- На Кајмакчалан, во борба против бугарската војска, како комесар на баталјон, загина Овадија Естреја - Мара, народен херој на Југославија, од Македонија. Родена е во Битола, во 1921 година.

1944.- Бугарија, сојзуничка на Германија во Втората светска војна, соочена со навлегувањето на советските трупи, соопшти дека излегува од војната.

1945.- Во Битола бегалците од Егејска Македонија излегоа на протестен митинг со барање да престане теророт и прогонот на Македонците спроведуван од страна на грчките власти.

1972.- Отворени се Дваесеттите олимписки игри во Минхен, Германија кои во историјата, освен по спортските резултати, ќе останат забележани и поради нападот на припадниците на организацијата „Црн септември“ на олимпиското село и поради убиството на 11 израелски спортисти. Во знак на одмазда на 10 септември Израел го нападна Либан и Сирија, предизвикувајќи голем број жртви меѓу цивилите.

1974.- Умре Чарлс Линберг, американски авијатичар кој прв со моторен авион го прелета Атлантикот на 20 и 21 мај во 1927 година. Тој полета од Њујорк и се спушти во Париз, прелетувајќи 5.836 километри за 33 часа и 32 минути. Роден е во 1902 година.

1978.- Венецијанскиот кардинал Албино Лучани стана папа Јован Павле Први. Умре 33 години подоцна, официјално од срцев удар, но остана сомнежот дека е отруен.

1978.- Јан Зигмунд како прв Германец полета во вселената во советскиот брод „Сојуз 31“.

1994.- Во Струга умре Владимир Петрович Бурич, светски познатиот руски поет и мислител, учесник на „Струшките вечери на поезијата“. Роден е во Харков, Украина, во 1932 година.

2001.- Албанските терористи со експлозив го кренаа во воздух и целосно го уништија мотелот „Бриони“, лоциран покрај реката Вардар, во близина на селото Челопек, Тетовско. Притоа, од експлозијата животот го загубија (беа најдени врзани со динамит околу телата) двајцата чувари на објектот -  Боге Илиевски и Свете Трајчевски.

2006.- Умре рускиот уметник Владимир Третчиков. Познат е по делата кои биле исклучително популарни во 60-тите и 70-ите години од 20. век. Роден е во Русија, а во 1946 година се пресели во Јужна Африка. Четири години подоцна ја наслика „Кинеска девојка“, позната и како „Зелената дама“, која е продадена во повеќе од половина милиони копии. Се смета дека оваа слика е продадена, во печатена верзија, во поголем број од „Мона Лиза“ на Да Винчи или „Сончоглед“ на Винсент ван Гог.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,282 секунди.