IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 36>
Автор
Порака
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2008 во 13:03
На денешен ден починал Николо Макијавели италијански писател, воен стручњак, поет, комедиограф и политичар.


Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 16:40
Одбележан роденденот на Борис Трајковски
suzana-taseva.jpg Сузана Тасева      Коментари (0)   
25.06.2008 16:27
Борис Трајковски


Роднини и пријатели и почитувачи на делото на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски се собраа денеска да го одбележат неговиот роденден и положија цвеќе пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк во Струмица подигнат во негова чест.

Да беше жив, Трајковски денеска ќе наполнеше 52 години. Толку години полни и неговиот брат близнак Александар.

„И додека беше жив, тој без разлика дали беше претседател или обичен граѓанин, прв ми се јавуваше да ми честита роденден и кога имаше погоден момент, сакаше да бидеме заедно за роденден, заедничка торта да јадеме“, рече Александар Трајковски.

По повод роденденот на Трајковски денеска беа доделени наградите на најдобрите автори кои пишуваа по неговата позната мисла: „Сите заедно споделуваме една единствена судбина наречена Македонија“.

Претседателот Борис Трајковски загина во авионска несреќа кај Мостар во февруари 2004 година.
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 17:31
На 25 јуни 1991 година, СР Словенија прогласи независност од Југославија. Неполни два дена подоцна, во раните утрински часови значителни оклопни и пешадиски сили на ЈНА се упатија да ги запоседнат границите и да го спречат претстојното отцепување на републиката. Така започна т.н. Десетдневна војна меѓу ЈНА од една страна и словенечката полиција и територијална одбрана.
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 19:24
На денешен ден во Слоештица,Демир Хисар 1934година е роден Македонскиот писател,поет, романсиер, раскажувач и драмски автор Петре М. Андреевски.
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 12:41
На денешен ден 22јули 356год. п.н.е во градот Пела е роден Македонскиот крал(член на династијата аргеади) Александар III Македонски еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото.



Изменето од Boogie - 22.Јули.2008 во 16:14
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2008 во 14:52

1984.- Во Скопје умре Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен доктор на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година. Роден е во Велес, на 20 ноември 1906 година.

2001.- Во Скопје умре Крсте Црвенковски, народен херој на Македонија од народноослободителната борба против Бугарско-Германските фашисти. Роден е во Прилеп, на 16 јули 1921 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2008 во 16:14

На денешен ден роден е Александар Македонски


 

 

На денешен ден пред 2.364 години е роден Александар Македонски. Македонскиот владетел, кој успеа да го освои половина свет, е роден на денешен ден 356 година пред новата ера во градот Пела, Егејска Македонија.

Александар Македонски, син на македонскиот император Филип Втори и на Олимпија, е еден од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник.

Александар Македонски од малечката Македонија создаде светска сила. Го порази огромното Персиско царство, тогаш најголема светска империја, и во својот поход стигна до Индија.

Александар Македонски или како што е познат во светската историја како Александар Велики умрел во Вавилон на 13 јуни 323 година пред новата ера.





1981.- Турскиот терорист Мехмед Али Агџа е осуден на доживотен затвор поради обидот да го убие поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори на 13 мај 1981 година.



1948.- Во Скопје, со одлука на Владата на Народна Република Македонија, е основан Институт за национална историја.



Изменето од Boogie - 22.Јули.2008 во 16:17
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2008 во 10:18

на 27 jули се слават Светите Седмочисленици



Свети Седмочисленици - стенопис од Охрид




Изменето од Boogie - 27.Јули.2008 во 11:19
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2008 во 11:25

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 јули.

Денеска е Св. апостол Акила.

По род Акила бил Евреин. Во првиот век живеел во Рим заедно со жена си Прискила. Во времето на цезарот Клаудиј, како и сите останати Евреи, биле принудени да го напуштат градот, па се населуваат во Коринт. Таму ќе се сретнат со апостолот Павле. Поверувале во проповедта за Христа и станале блиски соработници на апостолот Павле. Тој неколку пати ги спомнува во своите посланија. Подоцна се враќаат во Рим, па заминуваат за Ефес... Според преданието Акила, како еден од 70-те апостоли, го проповедал христијанството во многу краишта, а земниот живот го завршил маченички, убиен од незнабошците.


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

916.- Во Охрид умре Свети Климент Охридски, средновековен  Mакедонски писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква. Роден е околу 830 - 840 година.

1789.- Американскиот Конгрес основа Одделение за надворешни работи.

1824.- Роден е францускиот писател Алексадар Дима Син, кој ги удри темелите на народниот драмски театар. Напиша 16 театарски парчиња, вклучувајќи ја и драматизацијата на романот „Дамата со камелии“. Останати дела: драмите „Незаконски син“, Дениза“, „Господин Алфонс“, „Полусвет“.

1830.- Во Франција изби триднева „Јулска револуција“ предизвикана од одлуката на кралот Шарл Десетти Бурбонски да ја укине слободата на печатот. Тој го распушти штотуку избраното собрание и изврши измени во изборниот закон. Парижаните подигнаа барикади и успеаја го соборат кралот Шарл Десетти, а на престолот го донесоа Луј Филип, кој како крал на Франција владееше до револуцијата во 1848 година, кога повторно станува република.

1835.- Во Вал ди Кастело, Тоскана, е роден Џозуе Кардучи, италијански поет, книжевен историчар и неокласичар. Напиша голем број песни и книжевни, естетски и филозофски студии. Познати се неговите дела „Варварски оди“, „Рими и ритми“ и други дела. Во 1906 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Болоња, на 16 февруари 1907 година.

1841.- Во Пјатогорски умре Михаил Јурјевич Лермонтов, руски писател. Делата што ги напиша уште како сосема младо момче претставуваат толку зрели уметнички остварувања што влегоа во сите збирки и антологии. Во своите дела создаде лик на „нестабилен човек“. Го напиша романот „Јунак на нашето време“ и низа поеми. Роден е во Москва, на 15 октомври 1814 година.

1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и физичар, еден од основачите на анатомската теорија на материјата, што прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото "Нов систем на филозофијата и на хемијата", го објасни Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини на хемиски елементи. Ги испитуваше основите на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологија. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа аномалија, која според него е наречена "далтонизам". Роден е во Иглсфилд, во северниот дел на Англија, на 6 септември 1766 година.

1867.- Роден е шпанскиот композитор и пијанист Енрике Гранадос и Кампања. Дела: клавирска збирка „Гојекас“, „Шпански игри“.

1907.- Во Љуботин, Црна Гора, е роден Петар Лубарда, еден од најголемите црногорски сликари. Работеше слики, пастели и фрески инспирирани од пејзажите на Црна Гора, Париз и Дубровник. Од делата познати му се „Косовската битка“, „Гуслар“, „Пламен“, „Борба на коњи“ и други. Умре во Белград, на 13 февруари 1974 година.

1915.- Во Фиренца роден е италијанскиот оперски пејач Марио дел Монако, еден од најпрочуените во светот. Умре во Венеција, на 17 октомври 1982 година.

1917.- Умре швајцарскиот хирург Емил Теодор Кохер, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1909 година. Тој ја испитуваше функцијата на штитната жлезда и значително придонесе за развој на современата хирургија.

1921.- Канадските лекари Фредерик Грант Бентинг и Чарлс Бест првпат го изолираа инсулинот, што набрзо овозможи ефикасно лекување на дотогаш смртоносната шеќерна болест.

1927.- Во село Лавци, Битолско, е родена Фана Кочовска - Цветковиќ, најмлад народен херој од НОВ, носител на партизанска споменица 1941. Почина на 17 април 2004 година.

1954.- Велика Британија и Египет постигнаа договор за крај на 72-годишната британска контрола врз Суецкиот канал.

1955.- Република Австрија повторно стана суверена држава. Австрија во 1938 година беше окупирана и припоена кон Германија, а по Втората светска војна беше уште десет години под окупација на сојузничките држави.

1965.- Американските авиони во Виетнамската војна првпат ги нападнаа противвоздушните системи на северновиетнамската армија.

1970.- Во Лондон умре Џон Барбироли, еден од најголемите диригенти на светот, основач на камерниот оркестар „Барбироли“, диригент на операта Ковент Гарден, директор на Њуроршката филхармонија и диригент на оркестарот „Хале“ во Манчестер. Роден е во Лондон, на 2 декември 1899 година.

1980.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегство Мохамед Реза Пахлави, кој 37 години владееше со Иран. Роден е во 1819 година.

1981.- Почна со работа новата Железничка станица во состав на Транспортниот центар во Скопје. Последниот воз од Старата железничка станица замина во 11 часот и 30 минути, а првиот воз на новата железничка станица стигна во 12 часот и 35 минути.

1984.- Во Лозана, Швајцарија, умре Џемс Мејсн, познат британски актер, кој многу генерации го паметат по голем број успешни артистички остварувања во повеќе од 80 филмови и театарски дела. Филмови: „Бегалец“, „Човек во сиво“, „Ѕвездата е родена“, „Јулие Цезар“, „Лолита“, „Лорд Џим“, „Галеб“, „Убиство по нарачка“.  Роден е во 1909 година.

1984.- На патот Скопје - Приштина, во сообраќајна несреќа загина Венко Домазетовски, македонски писател, литературен критичар и новинар. Роден е во Белград, на 10 јануари 1950 година.

1990.- Белорусија ја прогласи независноста од Советскиот Сојуз.

1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на к*рсот за дообука, во касарната "Кузман Јосифовски - Питу" е одбележан почетокот на високото воено школство во Република Македонија.

1996.- Во текот на Олимписките игри во Атланта експлодира бомба во забавен парк, усмртувајќи двајца и повредувајќи 110 луѓе.

2002.- При урнување на украинскиот ловец „СУ-27“ на аеромитинг во близина на украинскиот град Лавов загинаа 89 лица, а 199 беа повредени.

2007.- Во експлозија на камион-бомба во Багдад, во близина на пазарот Карадах, препоплн со купувачи, во шиитскиот дел од градот, загинаа 61 лице, а 94 луѓе беа ранети. Од експлозијата изгореа десеттина автомобили, а се запали и трикатна зграда.

Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2008 во 06:30
Денес - 29.07.1014 г. е станала Беласишката битка (битката при Клуч) во коjа Василиj ІІ Македонецот е поразил воjската на цар Самуил.




Изменето од Boogie - 29.Јули.2008 во 08:42
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2008 во 08:42

1014.- Во битката на планината Беласица, кај Струмица војската на македонскиот цар Самоил беше поразена од војската на византискиот цар Василиј Втори, кој нареди околу 15 илјади воени заробеници да бидат ослепени, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите кај цар Самоил. Потресен од глетката, цар Самоил умре на 6.октомври 1014 година. Четири години по неговата смрт, царството се распадна.Со распаѓање на Македонското царство на Самуил се створија услови за создавање на нови царства на Балканот.Пред Македонското царство на Самуил на Балканот имало само едно царство - Византиското со припратни кнежевства кои биле во вазалство на Византиското царство.

1588.- Во времето на владеењето на кралицата Елизабета Прва, Англија ја победи шпанската „непобедлива армада“, со што се создадени услови за превласт на Англија на море и на подоцнежните колонијални освојувања.

1856.- Умре Роберт Шуман, германски композитор и музички писател, еден од најзначајните претставници на романтизмот во музиката. Особено се истакнува како автор на клавирски минијатури и соло-песни, а компонира и камеран и сценска музика, компонира четири симфонии и една опера. Роден е на 8 јуни 1810 година.

1883.- Роден е италијанскиот диктатор Бенито Мусолини кој владеше со Италија од 1922 до 1943 година. Набрзо по почетокот на Првата светска војна, тој е исклучен од Социјалистичката партија, а во 1919 година формира фашистичка партија. Во октомври 1922 година во Неапол за време на конгресот на фашистите организира поход на 60.000 приврзаници на Рим и дојде на власт. Под негово водство, Италија во 1935 година ја нападна Етиопија, ги помагаше фашистите во Шпанската граѓанска војна од 1936 до 1939 година, ја нападна Албанија во 1939 година, потоа Франција и Грција во 1940 година итн. После истоварувањето на сојузничките сили на Сицилија, кон крајот на јули 1943 година е соборен од власт. Италијанските партизани го убија на 28 април 1945 година.

1890.- Умре (се самоуби) Винсент ван Гог, холандски и француски сликар, еден од најголемите експресионисти. Остави 850 слики и 900 цртежи кои влијаеја пресудно врз развојот на европското сликарство и нему му донесе посмртна слава. Роден е во Грот Зундер, на 30 април 1853 година.

1937.- Јапонските трупи го окупираа кинескиот град Тјенцин.

1940.- Германскиот нацистички водач Хитлер ја почна воздушната офанзива на британските острови. Во првата фаза од јули до октомври 1940 година не успеа да ја скрши британската одбрана, а во втората, до мај 1941 година, доживеа и сериозни порази. Тоа беше првиот пораз и доказ дека нацистичката сила е ранлива.

1948.- На стадионот „Вембли“ во Лондон се отворени првите Олимписки игри после Втората светска војна.

1968.- Во енцикликата „Humanae vitae“ (За човечкиот живот) папата Павле Шести им ги забрани на римокатолиците сите облици на вештачка контрола на раѓањето.

1971.- Почнувајќи од оваа (1971) година, секоја година на 29 јули до 2 август, во Битола се одржува Републички фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. Фестивалот претставува презентивна сцена на изворни народни игри и песни на македонскиот народ и на националностите во Македонија.

1981.- Во катедралата Свети Павле во Лондон се венчаа наследникот на британскиот престол принцот од Велс, Чарлс и Дајана Спенсер.

1982.- Во Принстон, САД умре Владимир Зворник, "таткото на телевизијата". Во 1926 година успеа електронски да ја разложи сликата. Тој придонесе телевизијата, како електронски систем да ја претвори во практичен систем во најширока употреба. Измисли повеќе од 120 електронски и електротехнички апарати. Роден е во Муром, Русија, на 30 јули 1889 година.

1983.- Умре Луис Буњел, француско-мексикански филмски режисер од шпанско потекло. Познат е по своите надреалистички оставрувања. Има снимено 32 филмови, меѓу кои се "Ангелот на смртта", "Тој мрачен предмет на желбите", "Убавицата на денот" и "Шармот на буржоазијата". Роден е во 1900 година.

1993.- Киргистан ја призна Република Македонија.

1994.- Поранешниот италијански премиер Бетино Кракси е осуден на осум ипол години затвор под обвинение за измама.

1996.- Во Бриџтаун, на карипскиот остров Барбадос, умре Клодет Колбер, родена како Клодет Лили Шошоан, кралица на холивудските комедии во 30-ите години на 20. век. Родена е во Париз, на 13 септември 1903 година.

2003 - Долниот дом на Белгиското собрание ги овластило белгиските судови да им судат на сите обвинети за војните злосторства без разлика каде се направени и без разлика на националноста, вклучувајќи ги и граѓаните на САД, што предизвикало жестока реакција на официјален Вашингтон.



Изменето од Boogie - 29.Јули.2008 во 08:49
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2008 во 10:51
2001.- Во Тетовско, од нападот на албанските екстремисти врз полициски пункт кај Радио Тетово, загина Цоки Стојановски (28) од Тетово, припадник на МВР.
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2008 во 11:42
Денес - 31.07.2008 г. Македонското знаме ги побуни Кинезите:



Обезбедувањето во Олимпиското село во Пекинг протестира против поставувањето на македонското знаме на балконот на македонската делегација, сметајќи дека станува збор за знамето на побунетата кинеска провинција Тибет. Недоразбирањето, кое бргу било разјаснето, ја стави македонската делегација во центарот на вниманието на олимписката јавност...
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 15:06

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

1704.- Во војната за шпанското наследство, англиско-холандските сили го зазедоа шпанскиот град Гибралтар.

1789.- Парламентот на Франција за време на Француската револуција им ги укина сите привилегии на феудалците.

1792.- Во Филд Плејс е роден Перси Биш Шели, англиски писател, еден од најголемите лиричари во светската поезија. Во поемата „Кралицата Маб“ му дава израз на својот револуционерен дух „против кралевите“, свештениците и политичарите. Умре во Лондон, на 8 јули 1822 година.

1859.- Во една фарма во централна Норвешка е роден Кнут Хамсун, норвешки писател, најпознат во светот, по Избен. Негови најпознати дела се романите „Глад“, „Мистерија“, „Викторија“, „Пан“ и други. Во 1920 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Нерхолмен, на 19 февруари 1952 година.

1875.- Во Копенхаген умре Ханс Кристијан Андерсен, дански писател. Најпознати негови дела се „Приказна на мојот живот“, „Сказни“, „Сликовница без слики“ и други дела. Роден е во Одензе, на 2 април 1805 година.

1884.- Роден е Бела Балаж, унгарски книжевен и филмски теоретичар. Умре во Будимпешта, на 17 мај 1949 година.

1890.- Во Загреб умре Иван Мажураниќ, хрватски поет, борец против насилството. Автор е на прочуениот еп "Смртта на Смаил-ага Ченгиќ". Роден е во Нови Винодолски, на 18 август 1814 година.

1903.- Во Крушево влезе Штабот на крушевските востаници свечено дочекан од народот, пред кој началникот на Штабот Никола Kарев одржа револуционерен говор, прогласувајќи ја првата македонска народна република и го повика народот да избере привремена влада. Владата беше формирана со учество на сите народносни групи во градот.

1903.- Во селото Карбуница, Кичевско, се водеше една од најкрвавите востанички битки за време на Илинденското востание. Кичевските востаници, потпомогнати од 150 демирхисарци на чело со војводата Јордан Пиперката, успеаја да ги натераат турските сили да отстапат и долго време да не ја нападнат ослободената територија. Во жестоката борба загинаа 30 македонски востаници, а турската војска и башибозукот имаа 120 мртви.

1936.- Генералот Јоанис Метаксас прогласи фашистичка диктатура во Грција, со што се влоши положбата на Македонците во Грција. Режимот ја забрани употребата на македонскиот јазик и истовремено изврши апсење на голем број Македонци, поради изразување на националните чувства.

1944.- Во Амстердам, Холандија, фашистичката полиција се упати во тајното засолниште на еврејското семејство Франк, го уапси и го одведе во концентрационен логор. Меѓу уапсените беше и 15-годишната Ана Франк, која со својот "Дневник" го остави еден од најпотресните напишани документи за човековите страдања во Втората светска војна. "Дневникот на Ана Франк“ се изведува на многу театарски сцени во светот, а според него е снимен и филм.

1947.- Во Нови Сад фудбалскиот клуб „Вардар“ го одигра првиот квалификационен натпревар за влегување во Првата лига. Натпреварот го одигра со „Слога“ од Нови Сад, со резултат 1:1.

1983.- Бетино Кракси како прв социјалист ја презеде должноста премиер на Италија.

1984.- Во Женева, Швајцарија, умре Ричард Волтер Џеникс Бартон, великан на седмата уметност, прочуен британски артист. Роден е во Пантрихидифен, Јужен Велс, на 10 ноември 1925 година.

1991.- Во најтешка сообраќајна несреќа во историјата на Зимбабве загинаа 80 деца и седум возрасни луѓе кога автобус слета од пат и падна во бездна.

1993.- Исламската Република Иран ја призна Република Македонија.

1997.- Во пензионерскиот дом во провинцијата Арлес, во Франција, умре најстарата жена (најстариот човек) во светот дотогаш, Французинката Џин Калмент. Родена е на 21 февруари 1875 година.

1999.- Во месноста Бунарџик, близу меѓународниот аеродром Петровец кај Скопје, во присуство на премиерите на Република Македонија и на Република Кина - Тајван, Љубчо Георгиевски и Винсент Сју, е положен камен темелник на првата слободна индустриска зона во Република Македонија.

2003.- Парламентот на Азербејџан го озакони династиското наследување на власта избирајќи го за премиер синот на тешко болниот азербејџански претседател Хајдар Алиев.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.