IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2007 во 10:01

1187.- Арапскиот војсководец и египетски султан Саладин го презеде Ерусалим од христијаните, со што во 1189 година ја предизвика Третата крстоносна војна.

1452.- Роден е англискиот крал Ричард III, кој владееше од 1483 до 1485 година кога загина во битката кај Босворт во борбата со трупите на Хенри VII, основач на династијата Тудор. Со загинувањето на Ричард заврши „Војната на двете ружи“ - наречена така бидејќи династијата Ланкастер, со кој Хенри VII беше во сродство, на грбот имаше црвена, а династијата Јорк бела ружа. 

1608.- Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Либертеј го демонстрира првиот употреблив дурбин. Познатиот Галилеј првиот дурбин го употреби кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутон го усовршија толку многу што тој стана незаменлив инструмент во науката.

1836.- Англискиот научник Чарлс Дарвин по петгодишните истражувања на живиот свет во Јужна Америка и на островите на јужен Пацифик  со бродот „Бигл“ вплови во пристаништето Фалмут. Истражувањата значително придонесоа за развој на неговата теорија за еволуцијата.

1847.- Роден е германскиот државник и фелдмаршал Паул фон Хинденбург, во Првата светска војна началник на штабот на германската Врховна команда, а од 1925  до смртта во 1934 година беше претседател на Германија.

1851.- Роден е францускиот маршал Фердинан Фос. Во Првата светска војна командуваше во клучните битки против Германците на Западниот фронт. Под негова команда, во близина на Париз, Германија на 11 ноември 1918 година потпиша капитулација, со што заврши војната.

1852.- Роден е шкотскиот хемичар Вилијам Ремзи, добитник на Нобеловата награда за хемија во 1904 година. Тој ги откри хелиумот, аргонот, криптонот, радонот, неонот и ксенонот. Вилијам Ремзи докажа дека хелиумот се создава при радиоактивното распаѓање на радиумот.

1869.- Роден е Махатма Ганди, познат индиски национален водач, хуманист и политичар кој се бореше за помирување и соработка меѓу Индијците со индуистичка и муслиманска вера. На 30 јануари 1948 година во Делхи бил убиен од еден индуистички фанатик.

1870.- Рим стана главен град на обединета Италија.

1904.- Роден е англискиот писател Грејм Грин, суптилен аналитичар на психата. Дела: романите „Брајтонска карпа“, „Моќ и слава“, „Крај на љубовта“, „Монсињор Кихот“, „Доктор Фишер од Женева“, „Третиот човек“ и други.

1904.- Роден е индискиот државник Лал Бахадур Шастри, премиер на Индија од 1964 до ненадејната смрт во јануари 1966 година, во текот на посетата на СССР.

1924.- Друштвото на народите го усвои Женевскиот протокол за мирно решавање на меѓународните спорови.

1935.- Италија ја нападна Абисинија (Етиопија). Италија користеше најмодерно оружје и  забранети боеви отрови. Етиопија под нејзина окупација остана до 1941 година.  

1944.- По 63-дневни тешки борби е задушено востанието на жителите на Варшава, во Полска. Востаниците херојски се бореа, но не можеа да им се спротивстават на многу појаките сили на германскиот окупатор, кои сурово се пресметаа со востаниците. Во востанието загинаа околу 250 илјади жители на Варшава, а самиот град беше речиси разорен.

1958.- Француската западноафриканска колонија Гвинеја се стекна со независност.

1973.- Умре финскиот тркач Паво Нурми, кој на долги патеки освои девет златни медалји на Олимписките игри  во 1920, 1924 и во 1928 година. Светскиот рекорд го собори дури 29 пати.

1985.- Во својата вила во Беверли Хилс, Лос Анџелес, САД, умре Рок Хадсон, еден од најпознатите и најпродуктивните американски артисти по Втората светска војна. Роден е во државата Илинис, на 17 ноември 1925 година.

1990.- На аеродромот во кинескиот град Гуангџои загинаа 127 луѓе кога киднапиран кинески авион удри во два авиони кои беа на аеродромската писта.

1991.- Сите странски средства за информирање оценуваат дека "Белград почна нова воена офанзива" и Југославија повторно е на работ на општа граѓанска војна.

1992.- Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија.

1994.- Во Пробиштип е осветена новоизградената црква „Пресвета Богородица“.

1996.- Поранешниот бугарски премиер Андреј Луканов е усмртен со огнено оружје пред својата куќа во Софија.

1998.- Жан Пол Акајес, бивш мајор на армијата на Руанда, обвинет за геноцид и злосторство врз човештвото, во Хаг е осуден на три доживотни казни.

2000.- Во Скопје умре Александар Ивановски, македонски новинар, еден од основачите на весникот „Вечер“. Роден е во Скопје, на 21 февруари 1937 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2007 во 10:46

- Светски ден на пешачењето.

1796.- Предводени од владиката Петар I Петровиќ Његош, Црногорците на Круси ги победија Турците, а во битката загина скадарскиот паша Махмут Бушатли, кој со 23.000 војници се обиде да ја покори Црна Гроа.

1824.- Собранието на Мексико го усвои Уставот според кој државата стана независна.

1835 - Роден е францускиот композитор, пијанист, диригент, оргулист и музички пишувач Шарл Камиј Сен Санс, романтичар со типичен француски дух и рационални музички угледни форми. Дела: операта „Самсон и Далила“, три симфонии, поема „Танц на смртта“, четири симфониски песни, пет клавирски концерти, три концерти за виолина, концерт за виолончело, композицијата за камерен состав „Карневал на животните“, клавирско трио, два гудачки квартета, балетот „Зборливка“.

1859.- Во Бугеван е родена Елеонора Дузе, италијанска артистка, една од најголемите трагичарки на своето време. Умре во Питсбург, САД, на 21 април 1924 година.

1866.- Со Виенскиот договор војната помеѓу Австрија и Италија по седум месеци заврши. Со договорот на Италија и припаднаа провинцијата Венето и градот Венеција.

1888.- Роден е германскиот новинар Карл фон Осјецки, добитник на Нобеловата награда за мир во 1935 година. Имено, тој откри дека Германија повторно се вооружува пред Втората светска војна. Првпат беше уапсен во 1931, а вторпат во 1933 година по доаѓањето на нацистите на власт. Беше затворан во концентрациони логори, а во 1938 година умре од последиците здобиени со мачење во логорите.

1895.- Во селото Константиново (Есенино), Разјанска област, е роден Сергеј Александрович Есенин, еден од најчитаните руски лиричари и истакнат обновувач на поетската сликовитост. Познати негови дела се „Задушница“, „Триптих“, „Стихови на скандалистите“, „Кафеанска Москва“, „Советска Русија“, „Персиски мотиви“ и „Аана Снегина“. Во Санкт Петербург, во состојба на тешка душевна депресија, се самоуби на 28 декември 1925 година.

1897.- Роден е францускиот писател Луј Арагон, најпрвин дадаист а потоа еден од првите идеалисти. По конгресот на револуционерните писатели во Харков во 1930 година, се определи за соцреализам. На Комунистичката партија на Франција и пристапи во 1927 година, учесник е во Граѓанската војна во Шпанија и во француското Движење на отпорот во Втората светска војна.  Дела: збирка песни „Оган на радоста“, „Ура Урал“, „Елзините очи“, „Очи на сеќавањата“, „Елза“, „Вечно движење“, романите „Селанец од Париз“, „Базелски ѕвона“, „Света недела“, „Комунисти“ и други.

1906.- Во Берлин Радио конференцијата го прифати SOS како меѓународен сигнал за помош.

1910.- Во Хајден умре Жан Анри Дигнан, швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година кој подоцна прерасна во меѓународна организација. На оваа идеја дојде по битката кај Солферино (24 јуни 1859 година), во Италија, кога го организира месното население за помош на ранетите. Целиот свој живот го посвети на своите хуманитарни замисли. Во 1901 година ја доби Нобеловата награда за мир. Роден е во Женева, на 8 мај 1828 година. 

1929.- Називот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е сменет во Кралство на Југославија.

1932.- Ирак се стекна со независност и стана член на Друштвото на народите, по завршувањето на британскиот мандат.

1943.- Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, карактеристиките на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба.

1944.- Во реонот на Кавадарци е формирана Единаесеттата македонска НО бригада.

1944.- Германските МЕ-262 се првите млазни авиони во историјата  во техничка смисла револуционерни летала кои постигнуваа брзина над 800 километри на час.

1952.- На островите Монте Бело покрај северозападниот брег на Австралија, Велика Британија ја испроба првата атомска бомба.

1954.- Во Лондон на конференцијата на девет западни земји е одлучено СР Германија да стане член на Северноатланскиот пакт.

1968.- Претседателот на Перу Фернандо Белаунде Тери е соборен во воениот удар од левичарската Национална револуционерна хунта која ја предводеше генералот Хуан Веласко Алварадо.

1981. Ирски националисти по седум месеци се откажаа од штрајкот со глад во затворот Мејз во Белфаст. Во текот на штрајкот умреа 10 штрајкувачи.  

1990.- Повторно, по 45 години, се обединија СР Германија и ДР Германија.

1991.- Претседателството на СФРЈ според Уставот почна со работа во услови на непосредна воена опасност, оценувајќи дека е на повидок граѓанска војна. Претставниците на двете републики Хрватска и Словенија излегоа од Претседателството.

1992.- Умре проф. д-р Миодраг Мицев, истакнат македонски научен работник на полето на невротичните состојби и психоматските заболувања, професор на Медицинскиот факултет и на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Меѓу најзначајните негови трудови се „Психоанализата на театарот“, „Интимно за мажите“, „Зошто“ и други. Роден е во Белград, во 1935 година.

1995.- Франција и понатаму го игнорира Меѓународниот притисок и изврши нова нуклеарна проба во јужен Пацифик.

1995.- Во Скопје, врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентатсо експлозија на автомобил-бомба. Притоа, претседателот беше повреден. На самото место загина неговиот возач Александар Спировски. Повредени беа претседателовиот придружник и телохранител Илчо Теовски, случајните минувачи Христо Христоманов, Климе Коробар и Јован Атанасовски, а беше направена и голема материјална штета.

1997.- На експерименталната железничка делница западно од Токио, јапонски воз на магнетни перничиња со брзина од 451 километар на час го собори светскиот рекорд.

2000.- По само четири месеци од преземањето на должноста, тајванскиот премиер Танг Феи соопшти дека поднесува оставка.

2002.- Турскиот суд и формално му ја укина смртната пресуда на к*рдскиот бунтовник Абдулах Озалан, кој во 1999 година беше уапсен и најбзо осуден на најтешката казна.

2004.- Умре американската филмска глумица Џенет Ли. Сними повеќе од 60 филмови, играјќи со славните имиња Џејмс Стјуарт, Џон Вејн, Френк Синатра и Пол Њумен. Вистинската слава и ја донесе филмот на Алфред Хичкок „Психо“ во 1960 година. За улогата во филмот го доби „Зланиот глобус“ и беше номинирана за Оскар. Најпознатата сцена во филмот, кога Џенет Ли се тушира, влезе во сите кинематографски антологии. Родена е во 1927 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2007 во 11:08

- Светски ден за заштита на животните

- Светски ден на населбите

1669.- Во Амстердам умре Харменсон ван Рајн Рембрант, холандски сликар, еден од најпознатите во историјата на европското сликарство кој ја доведе до совршенство хуманизацијата на човековиот лик. Автор е на делата "Ноќна стража", "Час по анатомија", "Христос во Емауд" и други. Роден е во Ленда, на 15 јули 1606 година.

1787.- Роден е францускиот политичар и историчар Франсоа Пјер Гијом Гизо, шеф на дипломатијата од 1840 до 1847 година и претседател на владата од 1847 до 1848 година. Соборен е од власта во Февруарската револуција во 1848 година кога е соборен и кралот Луј Филип. Дела: „Историја на англиската револуција“, „Историја на цивилизацијата во Франција“.

1824.- Мексиканскиот народ по долготрајна борба против шпанската колонијална војска се избори за независност и го прогласи Мексико за република со неофицијален назив Соединетите Држави Мексико.

1830.- Белгија стана независна држава, одвојувајќи се од Холандија чиј дел беше од 1815 година. Причините поради кои се одвоија беа верската нетрпеливост бидејќи повеќето Белгијци се римокатолици, а Холанѓаните протестанти.

1853.- Османлиското царство ја започна Кримската војна во која во 1854 година се придружија Франција, Велика Британија и Сардинија (Пиемонт). Во војната Русија по големите борби, на крајот на 1856 година доживеа пораз.

1865.- Прускиот канцелар Ото фон Бизмарк и францускиот цар Наполен III во Бијарица (ексклузивно летовалиште на Атлантик северно од Принеј) постигнаа договор Прусија да ја преземе водечката позиција во германските држави од Хабзбург (Австрија). Бизмарковата агресивна политика во 1870 година предивика војна во која Наполен III доживеа тежок пораз, а Прусија делумно по пропаѓањето на неговото царство воспостави обединето Германско царство (без австриските земји).

1870.- Француското собрание, по три дена откако беше заробен Наполеон III во битката кај Седан во француско-пруската војна, ја обнови републиката. Тогаш е одлучено, под притисок на јавното мислење, Франција да ја продолжи борбата против Прусија, која заврши со огромен пораз.

1878.- Во САД е отворена првата кинеска амбасада кога амбасадорот Чен Лан Пин му ги предаде акредитивите на американскиот преседател Ратерфорд Хејс.

1892.- Роден е австрискиот државник Енгелберт Долфус, канцелар од 1932 до 1934 година. Тој се противеше на идејата на Адолф Хитлер да ја припои Австрија со Германија. Поради упорното спротивставување на Хитлеровата намера, австриските нацисти го убија во Виена во јули 1934 година, но сепак нивнот пуч тогаш заврши без успех.

1895.- Роден е американскиот филмски глумец Џозеф Френсис, познат како Бастер Китон. Најчесто глумеше самотник, кој е во судир со сите. Филмови: „Генерал“, „Навигатор“, „Шерлок помладиот“, „Снимател“, „Булевар на самракот“, „Светла сцена“.

1924.- Роден е американскиот глумец Чарлс Картер, познат како Чарлтон Хестон. Филмови: „Дестте заповеди“, „Бен Хур“ (Оскар), „Јулиј Џезар“, „Агонија и екстаза“, „Ел Сид“ (Оскар), „Мајор Денди“, „Планетата на мајмуните“, „Земјотрес“.

1941.- Во селото Чучер, Скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија. За прв претседател беше избран Петар Крстев Урдаревски.

1944.- Во селото Алгуња, Кумановско, е формирана Осумнаесеттата македонска НО бригада.

1947.- Во Гетинген умре Макс Планк, германски физичар, основач на Квантната теорија, хипотеза дека енергијата се емитува и се апсорбира само со дискретни количества. Работеше и на теоријата за хемиска рамнотежа и на формулирањето на термодинамичките принципи. Во 1918 година ја доби Нобеловата награда за физика. Роден е во Кил, на 23 април 1858 година.

1957.- Западните земји, особено САД, беа изненадени, бидејќи беше јасно дека сателитот „Спутник1“ може да исфрли исклучително силна ракета, многу посилна од оние со кои во тоа време се експериментираше на Запад. Поради студената војна дојде до остро вселенско натпреварување.

1996.- Британската африканска колонија Басутоленд се стекна со незвисност под името Кралство Лесото.

1970.- Американската пејачка Џенис Џоплин е пронајдена мртва. Беше најпознатата бела пејачка на блуз во шеесетите години од 20. век. Прекумерната доза на дрога беше причината за нејзината смрт.

1986.- Во Охрид, во катедралната црква „Света Софија“, се одржа Архиепископски изборен црковно-народен собир, на кој г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев) е избран за трет по ред архиепископ охридски и македонски - поглавар на Македонската православна црква. Следниот ден во црквата „Свети Климент“, новоизбраниот поглавар положи свечена заклетва и му беа врачени архиепископските обележја. Прв поглавар на Македонската православна црква беше обновувачот на Охридската архиепископија и организатор на Македонската православна црква архиепископот г.г. Досителј (Димитар Стојковски), втор архиепископот г.г. Ангелариј (Цветко Крстевски), четврт г.г. Михаил (Методи Гогов) и петти г.г. Стефан (Стојан Велјановски).  

1992.- Владата на Мозамбик со бунтовниците потпиша мировен договор со што по цели 16 години заврши граѓанската војна во земјата која до 1975 година беше португалска колонија.

1993.- Во Москва беше емитувана одлуката на претседателот Елцин за воведување вонредна состојба во главниот град на Русија. Со неа се забранува секакво собирање, односно забрането е одржување на митинзи и демонстрации. Руската влада го повика народот да не се вклучува во немирите.

1995.- Во Скопје умре Благоја Црвенков, првиот академски образовен актер во Македонија. Роден е во 1915 година.

1996.- Талибанците го зазедоа Кабул, главниот град на Авганистан. Набрзо уследи терор врз неистомислениците.

1998.- Во Скопје е поставен камен-темелник за изградба на црквата „Света Богородица“.

2001.- Рускиот авион „Tu-154“ со 78 патници и членови на екипажот, кој летал од Израел, по грешка е соборен во воени вежби од украинска ракета врз Црното Море.

2002.- Американскиот талибанец Џон Вокер Линд е осуден на 20 години затвор за учество во вооружени операции против Американците.

2003.- Исламски терорист-самоубиец во ресторан во градот Хаифа, северен Израел, усмрти 23 луѓе.

2004.- Во Вентури, Калифорнија, САД, умре Гордон Купер, американски астронаут, еден од пионерите на првата американска вселенска програма „Меркјури“. Роден е во 1927 година.

2005.- Европската унија ги започна преговорите со Турција за членство на земјата во најголемата регионалната ингетрација во светот.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2007 во 11:43

- Денеска е Светски ден на учителите

1502.- На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка.

1582.- Според предлозите на една комисија од познати астрономи, папата Гргур Дванаесетти изврши реформа на Јулијанскиот календар поради разликата меѓу траењето на календарската (јулијанска) и природната 1582 година.

1713.- Роден е Дени Дидро, француски филозоф, писател и главен уредник на големата француска „Енциклопедија“, што во периодот од 1751 до 1772 година е објавена во 28 томови. Познати негови дела се „Писма на слепите“, „Разговор на Д`Аламбер и Дидро“, „Мисли на толкувањето на природата“ и други. Умре во Париз, на 31 јули 1784 година.

1796.- Под притисок од Франција, Шпанија и објави војна на Велика Британија  која заврши со катастрофален пораз на француско-шпанската флота во 1805 година во битката кај Трафалгар, по што Шпанија практично остана без воена морнарица.

1864.- Роден е францускиот хемичар и индустријалец Луј Лимијер, пионер на светската кинематографија, кој заедно со својот брат Аугисто,  ја направи првата филмска камера и во Лион ја основа фабриката за правење на фотографски материјали.

1875.- Роден е Михаил Алексеевич Кузмин, руски писател и преведувач. Пишуваше песни, новели, романи, драми и критики. Главни дела му се збирките песни „Александриски песни“ и „Зелениот славеј“. Умре во 1936 година.

1880.- Во Париз умре Жак Офенбах, француски композитор од германско потекло кој се смета за татко на операта. Негови најзначајни остварувања се оперетите "Убавата Елена" и фантастичната опера "Хофмановите пријазни". Роден е во Келн, на 20 јуни 1819 година.

1908.- Бугарскиот кнез, германскиот принц Фердинанд Кобург ја прогласи Бугрија за независна од Отоманското царство, а себе се прогласи за цар Фердинанд Први.

1910.- Португалија после соборувањето на кралот Мануел II  е прогласена за република. За претседател беше избран Жуаким Теофил Фернандес.

1938.- Претседателот на Чехословачка Едуард Бенеш поднесе оставка поради Минхенскиот договор со кој западните сојузници Велика Британија и Франција практично и ја предадоа неговата земја на нацистичка Германија и пребегна во странство.

1954.- По заострената ситуација околу Трст, што ја предизвикаа западните сили со својата одлука цивилната управа во зоната „А“ на слободната територија на Трст да се предаде на Италија, во Лондон е потпишан таканаречениот Лондонски меморандум за решавaње на трстјанската криза.

1960.- Џон Кенеди е избран за претседател на САД.

1964.- Во Каиро почна Втората конференција на шефовите на држави и влади на неврзаните земји.

1964.- Во Западен Берлин низ тајно ископаниот тунел под Берлинскиот ѕид пребегнаа 57 државјани на Источна Германија. Тоа беше најголемо масовно бегство од изградбата на Ѕидот во 1961 година.

1968.- Ричард Никсон е избран за претседател на САД.

1970.- Вршителот на должноста претседател на Египет Анвар ел Садат по седум дена од смртта на Гамал Абдел Насер и официјално стана шеф на државата.

1993.- Република Македонија и Република Грција првпат во историјата воспоставија директна телекомуникациска врска.

1998.- Правниот комитет на Претставничкиот дом на Конгресот на САД одобри отпочнување на постапката за импичмент против американскиот претседател Бил Клинтон. Во американската историја тоа беше трета истрага за постапка на импичмент против претседател на САД.

1994.- Во Лондон е отворена првата презентација на предмети од потонатиот брод "Титаник". Изложбата "Остатоците од Титаник" поставена во националниот поморски музеј во Гринич, прикажува околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот беше откриен во 1985 година. Остатоците од прекуокеанскиот брод, што требаше да го симболизира "трумфот на технологијата над природата", се уште лежат на морското дно на длабочина од 3.980 метри.

1995.- Собранието на Република Македонија со 110 гласови "за" и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Република Македонија. Знамето има сонце со осум жолто-златни радијални зраци што се шират на сите страни и осум црвени зраци кои се поле на знамето. Идејниот цртеж врз кој е направена компјутерска апликација е на Спасе Шуплиновски.

1997.- Египетски официјални претставници соопштија дека почнува нова потрага по гробот на Александар Велики во срцето на медитеранскиот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е.

2003.- Фаворитот на Москва Ахмад Кадиров, бивш муслимански свештеник, победи на претседателските избори во Чеченја. Исламски терористи го убија Кадиров во мај 2004 година.

2004.- Умре Морис Вилкинс, англиски биофизичар, добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1962 година (заедно со Џејмс Вотсон и Франсис Крик) за откритија што се однесуваат на молекуларната структура на нуклиенските киселини и нејзиното значење за пренос на инфекции во живата материја. Роден е во Понгароа, Нов Зеланд, на 15 декември 1916 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2007 во 10:35

1014.- Во Преспа умре македонскиот цар Самуил. Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, што се водеше меѓу македонскиот цар Самуил и византискиот цар Василиј Втори, војската на цар Самуил беше целосно поразена, а тој се спаси со бегство. По битката, византискиот цар Василиј Втори наредил да се ослепат околу 15.000 Самуилови војници, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите. Така ослепените војници биле испратени кај цар Самуил. Од глетката што ја видел, Самуил умрел од срцев удар. Самуил го наследил неговиот син Гаврило Радомир. Самуиловата држава постоеше 38 години, од 976 година, па до смртта на Гаврило Радомир, во 1018 година.

1536.- Англискиот верски реформатор и преведувач на Библијата Вилијам Тиндејл по наредба на кралот Хенри Осми беше запален.

1600.- Во Фиренца, во Италија во палатата Пити, за време на свеченостите по повод венчавката на англискиот крал Хенри Шести со Марија Медичи, е одржана премиерната изведба на операта "Евридика", прва опера во историјата што ја создаде италијанскиот композитор Јакопо Пери.

1767.- Роден е хаитскиот државник од африканско потекло Хенри Кристоф, доведен од Гренада како роб на Хаити, каде на крајот од 18. век се вклучи во побуната против Французите. По дворскиот пуч во 1806 година во кој и тој учествуваше, и по суровото убиство на царот Жан Жак Десалин, кој исто така беше роб, во 1807 година стана претседател на Хаити, а во 1811 година се прогласи за цар.

1773.- Роден е францускиот крал Луј Филип, наречен „кралот граѓанин“ кој владееше од 1830 до 1848 година. Тргнат е од престолот во Февруарската револуција во 1848 година кога е прогласена републиката, а умре во 1850 година.

1887.- Роден е францускиот архитект и теоретичар од швајцарско потекло Шарл Едуар Жанре, познат како Ле Корбизје, еден од најголемите архитекти на 20. век.

1891.- Умре ирскиот политички водач и национален борец за автономија Чарлс Стјуарт Парнел, кој внесе нови методи во борбата против Англичаните. Во 1875 година стана член на британскиот парламент каде ги започна опструкциите во законодавното тело со истовремена блокада на теренот. Во 1881 година иако беше затворен управуваше со борбата на ирските националисти.

1892.- Умре англискиот писател Алфред Тенисон кој пишуваше необично мелодични стихови. Дела: поемите „Кралевски слики“, „Принцеза“, елегија „Ин мемориам“ и голем број лирски песни.

1903.- Роден е ирскиот физичар Ернест Томас Синтон Волтон, еден од пионерите на нуклеарната физика. Во 1929 година заедно со Џон Даглас Кокрофт го развија првиот атомски акцелератор, а во 1951 година  ја поделија Нобеловата награда за физика. 

1914.- Роден е норвешкиот етнолог и истражувач Тор Хејердал, кој во 1947 година ја предводеше шестчлената експедиција „Кон-Тики“, пловејќи со сплав околу 9.000 километри помеѓу Перу и пацифистичките острови Туамату близи Тахитија.

1915.- Бугарија се вклучи на страната на Централните сили во Првата светска војна.

1927.- Во филмот „Џез пејач“ со глумицата Ал Џонсон, кој премиерно беше прикажан во Њујорк, првпат се слушна глас на глумец, со што беше означен почетокот на ерата на звучниот филм.

1930.- Роден е сиријскиот државник и генерал Хазеф ал Асад, кој на власт дојде во 1970 година. Во 1971 година стана претседател на Сирија.

1937.- Друштвото на народите ја осуди агерсијата на Јапонија врз Кина.

1943.- Кај селото Кленоец, Кичевско, во борба против балистичките банди и германските сили, загина Јосиф Јосифовски - Свештарот, народен херој на Македонија. Во оваа борба загинаа и повеќе од 70 партизани. Роден е во Гевгелија, на 2 август 1914 година.

1943.- Балистите запалија поваќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови беа ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други.

1944.- На Скопска Црна Гора е формирана Шеснаесеттата македонска НО григада.

1944.- Во селото Прждево, Неготинско, влегоа германските фашисти и почнаа да ги палат куќите и амбарите во знак на одмазда поради успешната акција на минерската чета, која истиот ден крена во воздух еден од оклопните германски возови. Притоа, фашистите стрелаа 21 невино лице и својот крвав поход го завршија во селото Бесвица, каде што, покрај палежот на куќите, стрелаа 39 луѓе.

1972.- Во железничка несреќа кај мексиканскиот град Салтиљо загинаа најмалку 208, а беа повредени повеќе од илјада луѓе.

1973.- Со заедничкиот напад на Египет и Сирија врз изреалските позиции на источниот брег на Суец и на Голанската висорамнина изби „Јом Кипур“ војната, четврта по судирот на Израел со Арапите. Војната заврши на 22 октомври со резолуција на Советот за безбедност при Обединетите нации.

1976.- Војната на хунтите во Тајланд ја собори владата на Сени Прамод, а војската на универзитетот во Бангкок масакрира голем број студенти.

1981.- Во Каиро, за време на воената парада е убиен египетскиот претседател Анвар ел Садат.

1989.- Умре американската глумица Бет Дејвис. Сними повеќе од 80 филмови и оствари голем број драмски улоги, воглавно играјќи несреќни и зли жени. Филмови: „Опасна“ (Оскар), „Џезабел“ (Оскар), „Мали лисици“, „Елизабета и Есекс“, „Хуарез“, „Што се случи со Беби Џејн“, „Се за Ева“, „Свадбен ручек“.

1989.- Тајфунот „Анѓела“ на филипинскиот остров Лузон усмрти најмалку 108 луѓе.

1991.- Во Белград допатува синот на последниот југословенски крал 46 годишниот принц Александар II Караѓорѓевиќ. Со звуците на химната "Божја правда" и традиционалниот пречек со сол и леб, и грутка земја, принцот со семејството беше пречекан од одборот за пречек на чие чело е Душан Ковачевиќ. Принцот Александар изјави: "Дојдов со надеж дека моето доаѓање ќе придонесе за мирот во оваа земја".

1991.- Индонезиски воен авион удри во владината зграда во Џакарта, усмртувајќи 102 и повредувајќи повеќе од 5.000 луѓе.

1992.- Републиканскиот конгресмен Дорнан го обвини демократскиот кандидат Бил Клинтон дека бил поканет во Москва од страна на КГБ, што го подржа него да демонстрира против виетнамската војна, пред повеќе од 20 години.

1996.- Во Скопје, на локалитетот „Средно Водно“, е осветен камен-темелникот на новата црква „Раѓање на Пресвета Богородица“.

2001.- Умре Петар Серафимов, еден од првите членови - основоположници на Македонската академија на науките и уметностите и професор на Градежниот факултет во Скопје. Роден е во Охрид, на 28 мај 1915 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2007 во 13:00

1571.-  Шпанската морнарица кај Лепанта во југозападна Грција ја победи турската флота. Во битката по која Отоманското царство никогаш повеќе не стана голема поморска сила, загинаа најмалку 25.000 Турци, а беа потопени 80 турски бродови.

1849.- Во Балтимор умре Едгар Алан По, северноамерикански поет и раскажувач. Неговата лирика се одликува со меланхоличност и со тага. Автор е на кусите приказни на ужасот „Црна мачка“. Други негови познати дела се „Гавран“, „Абабел Ли“, „Авантурите на Артур Гордон Пим“ и други. Роден е во Бостон, на 19 јануари 1809 година.

1885.- Во Копенхаген е роден Нилс Хенрик Давид Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата на структурата на атомот. Учествуваше во научните истражувања што доведоа до производството на атомската бомба. Во 1922 година ја доби Нобеловата нагрда за физика. Умре во Копенхаген, на 18 ноември 1962 година.

1904.- Умре Димитар Цанко, македонски преродбеник. Тој има најистакната улога во изградбата на историскиот континуитет на македонската културна традиција во југоисточна Албанија. Роден е во селото Бобошница, Корчанско, во 1814 година.

1910.- Во Дојран е роден Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, еден од најпознатите прозаисти, публицист и историчар. Негови најпознати дела се "Изгрев", "Епопејата на Ножот", "Последната средба", "Арамиско гнездо", "Пустина" и други. Умре во Куманово, на 2 август 1963 година.

1913.- Во Прилеп е роден Илија Николовски - Луј, македонски музички педагог и композитор. Музика учеше во Белград и во Софија, а дипломира на Педагошката академија во Скопје. Умре во Скопје, на 22 октомври 1973 година.

1919.- Основана е холандската авионска компанија КЛМ, најстар постоечки воздушен превозник.

1931.- Роден е јужноафриканскиот надбискуп Дезмонд Туту, борец против апартхејдот, добитник на Нобеловата награда за мир во 1984 година.

1935.- Друштвото на народите ја прогласи Италија за агресор врз Абисинија (Етиопија).

1940.- Германија во Втората светска војна ја окупира Романија со што допре до важните стратешки нафтени полиња.

1944.- На кај селото Смојмирово, Беровско, во борба против германските фашисти загина Ацо Караманов, македонски поет и борец во НОВ на Македонија. Роден е во Радовиш, на 31 јануари 1927 година.

1946.- Во Софија почна траурната церемонија - пренесување на посмртните останки на големиот син на македонскиот народ Гоце Делчев, во главниот град на Народна Република Македонија.

1949.- Прогласена е Демократска Република Германија. Вилхелм Пик беше претседател, а премиер Ото Гротевол. Со тоа Германија беше поделена на две држави. На ова му претходеше прогласувањето на Сојузна Република Германија, на 21 септември 1949 година.

1959.- Советскиот вселенски брод „Луна 3“ прв ја фотографираше темната страна на Марс.

1959.- Умре американскиот оперски пејач и филмски глумец од италијанско потекло Марио Ланца, кој оствари голем број незаборавни оперски улоги. Сними неколку филмови, вклучувајќи го и филмот „Големиот Карузо“.

1981.- Потпретседателот на Египет Хосни Мубарак стана вршител на должноста шеф на државата еден ден по убиството на претседателот Анвар ел Садат, извршено од страна на исламски терористи.

1985.- Палестински терористи во Медитеранот киднапирајќи го италијанскиот патнички брод „Акиле Лауро“ со околу 440 луѓе се заканија дека со експлозија ќе го уништат ако Израел не ослободи од затвор 50 Палестинци.

1985.- Во Скопје умре проф. д-р Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Роден е во Дојран, на 21 септември 1927 година.

1989.- Конгресот на Унгарската социјалистичка работничка партија ја укина партијата која владееше 33 години и наместо неа ја формира Социјалистичката партија на Унгарија.

1991.- Европската заедница и стави ултиматум на Југославија за 24 часа да ги прекине воените дејствија на ЈНА. Во спротивно се закани со економски санкции.

1992.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја основа Комисијата за испитување на воените злосторства во Југославија.

1993.- Во Скопје се конституира Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

1995.- Умре Христо Христоманов, македонски општествено-политички работник и земјоделско-шумарски стручњак. Смртта настана како последица од повредите добиени при атентатот врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров. Роден е во Струмица, на 18 јули 1921 година.

1992.- Германските компании и владата понудија 3,3 милијарди долари компензација на стотина илјади луѓе кои беа приморани на присилна работа во текот на нацистичката ера.

2001.- САД извршија напади врз Авнагистан бидејќи талибанците одбија да го испорачаат арапскиот терорист Осама бин Ланед осомничен за терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон, на 11 септември. 

2003.- Амерканскиот филмски глумец од австриско потекло Арнолд Шварценегер е избран за гувернер на Калифорнија, најнаселената држава во САД.

2004.- Во серија експлозии во египетското летовалиште Синај, на границата со Израел, загинаа 35 туристи, а беа ранети 105, повеќето израелски граѓани. Најсилната експлозија беше во Таби, во хотелот „Хилтон“.

2004.- Абдицираше камбоџанскиот крал Нород Сиханук кој ја ослободи земјата од колонија. Него го наследи синот Нород Сихамон.

2004.- Во експлозија на автомобил-бомба во пакситанскиот град Мултан загинаа најмалку 39 луѓе, а преку 100 беа повредени.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2007 во 10:19

- Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата

1354.- Убиен е италијанскиот хуманист Николо Габрини, познат како Кола ди Ријенци, водач на римските републиканци. Својот идеал, обнова на античката република во Рим и обединета Италија, се обиде да го оствари со востание во 1347 година. Со помош на римските граѓани ја прогласи Римската република, која ја предводеше под името „народна трибуна“. Од Рим ги протера феудалците и ги намали даноците, но набрзо аристократијата ги порази неговите истомисленици и од 1348 до 1353 година живееше во бегство. За своите идеи без успех се обидуваше да ги придобие германскиот цар Карл IV и авињонскиот папа Инохентиј VI. Во август 1354 година успаа да ја обнови Римската република, но по два месеци беше убиен.

1469.- Умре италијанскиот сликар Фра Филипо Липи, припадник на фирентинската рана ренесанса.   

1793.- Во Париз за публиката е отворен музејот "Лувр" кој дотогаш беше кралски дворец.

1803.- Умре италијанскиот писател Виторио Алфиери. Од неговите дела зрачи љубов за слобода и желба за ослободување од тиранијата. Дела: трагедија „Саул“, „Орест“, „Марија Стјуарт“, „Филип“, „Клеопатра„, „Антигона“, автобиографскиот запис „Животот на Виторо Алфиери“.

1856.- Велика Британија ја почна втората „Опиумска војна“ против Кина, во која и се придружи Франција. Кина капитулира во 1857 година кога Братнците и Французите го зазедоа Кантон.

1864.- Во Смедерево е роден Бранислав Нушиќ, српски комедиограф, сатиричар и критичар. Негови најпознати дела се комедиите "Сомнително лице", "Протекција", "Народен пратеник", "Госпоѓа министерка" и други. Умре во Белград, на 19 јануари 1938 година.

1871.- Во Чикаго во пожар, кој беснееше три дена, загинаа најмалку 300 луѓе, а околу 90.000 останаа без покрив над главата.

1893.- Вилхелм Конрад Рентген го откри новиот вид зраци што имаат својство да пробиваат низ телото и да дејствуваат врз фотографската плоча. Тој ги нарече "ИКС" зраци, а подоцна според неговото име се наречени рендгенски зраци. За овој епохален пронајдок ја доби Нобеловата награда за физика во 1901 година.

1895.- Роден е аргентинскиот државник Хуан Доминго Перон. Беше претседател од 1946 до 1955 и од 1973 до неговата смрт во 1974 година.  По воениот удар во 1943 година беше министер за војна, во 1944 потпретседател, а од 1946 година шеф на државата. Спроведуваше авторитарна политика потпирајќи се на работниците и на неговата популарна сопруга Ева. Во 1955 година ја одвои црквата од државата. Во септември истатата година е по воената побуна е тргнат од функцијата. Во септември 1973 година, по враќањето од емиграција, повторно е избран за претседател на Аргентина.

1895.- Убиена е корејската кралица Мин, која се обидуваше да го спречи бранот на јапонската доминација во Кореја. Групата убијци која влезе во нејзиниот двор ја предводеше јапонскиот конзул генерал Горо Миур.

1912.- Црна Гора и објави војна на Турција и истиот ден ги нападна Турците кај Скадар со што почна Првата блаканска војна. По крвавите борби во кои загинаа безмалку 300.000 луѓе од двете страни, Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија во 1913 година ја тргнаа турската власт од Балканот и ги протераа Туците од Европа.

1939.- Германија во Втората светска војна ја припои западна Полска во Третиот рајх.

1942.- Почна големото истоварување на сојузничките трупи во Африка за време на Втората светска војна. Главен командант на операцијата беше Двајт Ајзенхауер.

1944.- Ослободена е Крива Паланка.

1944.- На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на селото Орман - селото Бразда, кои се обидуваа да ја отфрлат од комуникацијата Скопје - Качаник и да го оневозможат непречено сообраќајот на германските сили. Бригадата успеа да ги одржи позициите од кои постојано ги напаѓаше германските транспорти и колони.

1944.- Во селото Жегљање, Кумановско, е формирана Седумнаесеттата македонска НО бригада.

1952.- Во железничка несреќа во северозападен Лондон загинаа 112, а беа повредени повеќе од 200 луѓе.

1953.- Велика Британија и САД без консултации предизвикаа едногодишна криза во односите меѓу Италија и Југославија со предавањето на цивилната управа во зоната „А“ - слободната територија на Трст - во целост на Италија. Италија концентрира свои трупи на границата, на што со иста мерка и возврати Југославија.

1954.- Ослободителните сили на Северен Виетнам влегоа во главниот град Ханој.

1967.- Во Боливија е убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествуваше во кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки. Роден е во 1928 година.

1967.- Умре биратнскиот државник Клемент Ричард Атли, лабуристички премиер од 1945 до 1951 година. За време на неговиот мандат Лондон ги призна независноста на Индија во 1947 година, а во 1948 година на Бурма. Дела: „Лабуристичката партија во перспектива“, „Дванаесет години подоцна“ и автобиографијата „Како се случи тоа“. 

1970.- Рускиот писател Александар Солжењицин ја доби Нобеловата награда за книжевност.

1974.- Во Љубљана умре Франце Космач, словенечки писател, филмски режисер, сценарист и публицист. Роден е во Љубљана, на 3 октомври 1922 година.

1991.- Словенија и Хрватска, спротивно на важечкиот устав, еднострано се отцепија од Југославија, предизвикувајќи граѓанска војна, со премолчена согласност од Запад.

1992.- Во Ункел, кај Бон, умре Вили Брант, западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на СР Германија. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1971 година. Роден е во Либек, на 18 декември 1913 година.

1992.- Македонската радио - телевизија го извести генералниот секретар на здружението на југословенските радио - телевизии дека Македонската радио - телевизија донесе одлука за истапување на МТВ од ЈРТ, во согласност со одредбите на договорот за основање на здружение на југословенските радио - телевизии.

1994.- Во Скопје е одржано Основачкото собрание на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. За претседател е избран Мето Јовановски.

1995.- Руската воена врховна команда беше подготвена да ги насочи своите нуклеарни ракети кон Полска и Чешката Република доколку овие две земји му се приклучат на НАТО.

1995.- Во земјотрес на индонезискиот остров Суматра загинаа најмалку 100 луѓе.

1996.- Во првата јавна посета на Израел, палестинскиот лидер Јасер Арафат разговараше со израелскиот претседател Езер Вајцман во неговата приватна резиденција.  

1997.- Советот за безбедност на Обединетите нации спроведе санкции за Сиера Леоне, насочени против воената хунта бо земјата.

1998.- Јапонија и формално и изрази жалење на Јужна Кореја поради 35-годишното колонијално владеење врз Кореја.

2000.- Сириски авион со функционери, лекари и медицински материјали слета во Багдат. По две децении тоа беше првиот лет на авион од Дамаск во главниот град на соседен Ирак.

2001.- Авион на скандинавската компанија SAS, по сударот во густата магла со мал приватен авион, удри во хангар на миланскиот аеродром „Линате“ при што загинаа сите 110 луѓе во авионот. Загинаа и четири луѓе во приватниот авион и четворица аеродромски работници.

2004.- Во Париз умре Жак Дерида, француски филозоф, основач на деструктивизмот. Се смета за најголем француски мислител на 20. век. Роден е во Ел Биар, француски Алжир, на 15 јули 1930 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2007 во 15:37

Денеска е Светскиот ден на поштите.

1547.- Роден е Мигуел де Сервантес, прочуен шпански писател, автор на првиот реалистички роман во шпанската литература, ненадминливиот "Дон Кихот". Овој роман е преведен на сите светски јазици. Ги напиша и романите "Галатеу" и "Персилеса и Сигисмунду". Умре во Мадрид, на 23 арприл 1616 година.

1757.- Роден е францускиот крал Шарл Десетти, кој на престолот застана во 1824 година, а во 1830 година беше соборен во Јулската револуција, по обидите да ја обнови апсолутната монархија. Неговиот брат Луј Шеснаесетти е убиен во 1793 година во Француската револуција.

1806.- Прусија и објави војна на Франција, во која е поразена и загуби делови западно од Лабе и од Полска.

1831.- Убиен е првиот претседател на Грција, Јоанис Каподистријас, еден од водачите во борбата за независност од Отоманското царство. Во 1809 година стапи на служба во Руското царство и беше претставник на Русија на Виенскиот конгрес и шеф на руската дипломатија од 1815 до 1822 година. По враќањето во Грција, учествуваше во борбите за ослободување. Во 1827 година дојде на власт, а беше убиен во атентат.

1854.- Во селото Идвор, во Банат, е роден Михајло Пупин, научник од светски глас. Со своите пронајдоци во областа на електрониката, жичната и безжичната телеграфија, стана познат во целиот свет. Најголема слава и признание му донесоа "Пупиновите калеми" - со кои се овозможува пренос на телефонските разговори на големи далечини. Умре во Њујорк, на 12 март 1935 година.

1876.- Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувите Грахам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ.

1892.- Роден е српскиот писател од хрватско потекло Иво Андриќ, единствен југословенски добитник на Нобеловата награда за книжевност, брилјантен стилист. Дела: „Мостот на Дрина“, „Травничка хроника“, „Госпоѓица“, „Омер-паша Латас“ (недовршен) и други.

1894.- Во Петроград е роден академикот проф. д-р Владимир Мошин, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура. Покрај неговата дејност во Загреб и во Белград, беше раководител на историското одделение при Архивот на СР Мекедонија, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и долгогодишен раководител на Катедрата за словенска култура при Институтот за проучување на словенската култура во Прилеп. Умре во Скопје, на 3 февруари 1987 година.

1906.- Роден е сенегалскиот државник, филозоф и писател Леополд Седар Сенгор, член на Француската академија и претседател на Сенегал од 1960 до 1980 година. Дела: „Нова антологија на црнечките и малгашки поезии“, „Слобода I: Царство и хуманизам“, „Слобода II - Нација и африканскиот пат во социјализмот“ и други.

1908.- Роден е францускиот фимски режисер и глумец од руско потекло Жак Татишчев, познак како Жак Тати, поетски сатиричар. Филмови, режија и глума: „Празничен ден“, „Одморот на господин Илоа“, „Мојот вујко“ (Оскар), „Сообраќајна бркотница“.

1934.- Убиен е југословенскиот крал од српско потекло Александар I Караѓорѓевиќ, наречен „Крал Обединител“, прва жртва на фашизмот. Атентатот во Марсеј, во кој е убиен и шефот на француската дипломатија Жан Луј Барту го организирале усташи и италијански фашисти, а пасошот најден кај убиецот е издаден во Загреб на име Петар Келеман. Стана крал на Србите, Хрватите и Словенците на 6 ноември 1921 година.

1940.- Роден е англискиот музичар Џон Ленон, автор на повеќето песни на поп групата „Битлси“.

1958.- Умре папата Пие XII, од италијанско потекло, првосвештеник на Римокатоличката црква од 1939 година. Беше поддржувач на италијанските фашисти и германските нацисти.

1962.- Африканската држава Уганда стана независна по безмалку 70 години биртанска колонијална управа.

1963.- Повеќе од 2.000 луѓе загинаа по пукнувањето на 300 метри високата брана „Вајонт“ кај Белуна, во североисточна Италија.

1967.- Убиен е аргентинскиот револуционер Ернесто „Че“ Гевара, симбол на револуцијата во Јужна Америка, но и ширум светот особено меѓу младите. Дипломирал медицина во Буенос Аирес во 1953 година. Во Мексико се запозна со Фидел Кастро. Беше министер за земјоделство, а Куба ја напушти во 1965 година. Во Боливија, сакајќи да го поведе народот во востание за ослободување на Јужна Америка од доминацијата на САД и домашната олигархија, беше убиен. Дела: „Спомени на кубанската револуција“, „Дневник од Боливија“.

1967.- Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ. За претседател на МАНУ е избран Блаже Конески (до 1975), редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, потпретседател д-р Харалампие Поленаковиќ, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а за секретар Ѓорѓи Филиповски, редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Од 1975 до 1983 година претседател на МАНУ беше Михаило Апостолски, од 1 јануари 1984 до 1992 година Јордан Поп Јорданов, од 1992 до 1999 година д-р Ксенте Богоев, од 2000 до јуни 2001 година Георги Ефремов, од 2001 до 2003 Матеја Матевски и од 2004 година Цветан Грозданов.  

1968.- Во Париз Умре Андре Мороа, француски писател, автор на најголем број романи и романизирани биографии за Дизраели, Бајрон, Волтер, Тургенев и други. Роден е на 26 јули 1885 година.

1975.- На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите "бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот", се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда. Меѓутоа, во изјавата на 72 советски научници, што е објавена на 25 октомври, се осудува одлуката Нобеловата награда да му се додели на Сахаров.

1983.- Во експлозија на бомба во главниот град на Бурма, Рангуна, за која Јужна Корија ги обвини севернокорејските агенти, беа убиени 18 јужнокорејски функционери, вклучувајќи и четири клучни министри, меѓу кои и шефот на дипломатијата Ли Бум Сук.

1994.- Во селото Црник, Пехчевско, е осветена црквата „Света Петка“.

1995.- Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција.

1995.- Во Скопје умре Миодраг Друговац, македонски поет, есеист, критичар, книжевен историчар, аналитичар, антологичар, преведувач и новинар. Неговото книжевно дело е мошне обемно. Роден е во селото Друговац, кај Пожаревац, во Србија, на 12 октомври 1928 година.

1997.- Повеќе од 200 луѓе загинаа во ураганот „Паулина“ во мексиканското летувалиште Акапулко.

1999.- Бројот на жртвите во поплавата во Мексико ја надмина бројката 400.

1999.- Во Охрид, митрополитот брегалнички г.г. Стефан (Стојан Велјановски) е избран за поглавар (петти по ред) на Македонската православна црква. Пред него поглавари на Македонската православна црква беа: г.г. Доситеј (Димитар Стојановски), г.г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев) и г.г. Михаил (Методи Гогов).

2001.- Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски потпиша изјава со која се потврдува намерата за амнестија на припадниците на таканаречена ОНА, кои доброволно го положија оружјето во рамките на мисијата на НАТО „Неопходна жетва“ заклучно со 26 септември 2001 година.

2003.- Умре францускиот филозоф и теоретичар Жак Дерида, познат по концепцијата „деконструкција“. Покрена широка критичка расправа за филозофијата и е еден од иницијаторите на познатата париска група „Тел-куел“. Дела: „Пишување и разлики“, „За граматологијата“, „За духот“ и други.

2004.- Во Авганистан првпат се одржани директни претседателски избори.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2007 во 11:17

1684.- Роден е францускиот сликар Жан Антоан Вато, типичен претставник на рококо. Неговото сликарство е со деликатен колорит и осетливи цртежи воглавно посветени на темите од животот на аристократите.

1813.- Роден е италијанскиот композитор Ѓузепе Верди, кој заедно со Рихард Вагнер се најистакнатите романтичарски оперски творци на 19. век. Дела: оперите „Набуко“, „Травијата“, „Трубадур“, „Риголето“, „Бал под маски“, „Моќта на судбината“, „Дон Карлос“, „Аида“, „Отело“.

1837.- Умре францускиот економист Шарл Фурие, социјалист-утопист кој сметаше дека капитализмот е „асоцијален“ бидејки во него поединците се постојано во борба едни со други. Дела: „Нов индустриски и општествен свет“, „Теорија на четири движења“, „Собрани дела“ (шест книги постхумно).

1861.- Роден е норвешкиот поларен истражувач, дипломат и хуманист Фритхоф Нансен, професор по океанографија на Универзитетот во Осло, добитник на Нобеловата награда за мир во 1922 година. Од 1893 до 1896 година ги истражувал Гренланд и Северен леден океан пловејќи со бродот „Фрам“ кој е конзервиран и се чува во близина на Осло. По Првата светска војна се занимава со заштита на воените заробеници и националните малцинства. Како висок комесар во Друштвото на народите раководи со репатријацијата на воените заробеници и придонесува за потпишување на Женевскиот протокол за бегалци. Емигрантскиот пасош наречен „Нансенов пасош“  кој служи како потврда за идентитет за раселените луѓе и сега е во употреба.

1888.- Роден е рускиот револуционер Николај Иванович Бухарин, професор  по политички економии на Универзитетот во Москва, кој на бољшевиците им се приклучи во 1906 година по Октомвриската револуција во 1917 година. Дела: „Економика на преодниот период“, „Теорија на историскиот материјализам“ и други.

1901.- Роден е швајцарскиот скулптор и сликар од италијанско потекло Алберто Ѓакомети.  

1904.- Во Скопје е роден Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент во Хируршката клиника во Скопје, основана во 1947 година, на чие чело, како директор застана половина деценија подоцна. Тој е основач и прв раководител на Уролошкото одделение на Хируршката клиника. Во својот плоден твореки живот објави повеќе од дваесет стручни трудови од областа на хирургијата и урологијата. Умре во Скопје, на 26 јануари 1961 година.

1913.- Заврши изградбата на Панамскиот канал долг 81,6 километри со кој се споени Атлантскиот и Тихиот Океан. Бродовите почнаа да го користат дури на 15 август 1914 година.

1917.- Заради торпедирање на бразилските бродови, Бразил во Првата светска војна и објави војна на Германија.

1943.- Генералисимус Чанг Кај Шек положи заклетва како претседател на Кина.

1944.- Во селото Лаки, на планината Плачковица, е формирана Деветнаесеттата македонска НО бригада која учествуваше во ослободувањето на Македонија.

1944.- Во селото Жегљање, Кумановско, е формирана Кумановската (македонска) дивизија, во чиј состав влегоа Шеснаесеттата, Седумнаесеттата и Осумнаесеттата македонска НО бригада. Имаше околу 5.500 борци. Учествуваше во завршните операции за ослободување на Македонија, а по ослободувањето учествуваше во расчитувањето на теренот од балистичките банди.

1944.- Во Скопје во присуство на 150 граѓани, припадници на сите националности и професии, е одржана првата изборна конференција за избор на Градски народноослободителен одбор. Конференцијата се одржа тајно, бидејќи Скопје се уште не беше ослободено. Беше извршен избор на Градски народноослободителен одбор од 30 членови и Извршен одбор од девет членови. За претседател беше избран Лазар Танев, а за секретар Кирил Пенушлиски.

1944.- Ослободено е Богданци.

1946.- Во Скопје, во црквата „Свети Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија.

1954.- Виетнамскиот лидер Хо Ши Мин влезе во Ханој, главниот град на Виетнам, кого два дена пред тоа го напуштија француските колонијални трупи.

1964.- Во Токио се отворени Олимписките игри, први во Азија.

1967.- Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). На 23 февруари 1967 година е донесен Законот за основање на МАНУ, а на 9 октомври 1967 година е извршено конституирањето на МАНУ.

1970.- Умре фаранцускиот политичар Едуар Доладер, потписник на Минхенскиот пакт со Германија во 1938 година со кој Адолф Хитлер ја распарча Чехословачка. Меѓу двете светски војни беше трипати премиер, а во Втората светска војна е интерниран во Германија по окупацијата на Франција.

1973.- Потпретседателот на САД Спиро Егњу мораше да поднесе оставка бидејќи беше обвинет дека не плаќа даноци.

1980.- Во земјотрес во Алжир загинаа 2.580 луѓе, а околу 330.000 граѓани во градот Ал Аснам останаа без покрив над главата.

1982.- САД наметнаа санкции врз Полска поради одлуката на полсаката влада да го забрани синдикатот „Солидарност“.

1985.- Умре американскиот филмски глумец и режисер Орсон Велс. Неговиот прв филм „Граѓанинот Кејн“ е еден од најдобрите во историјата на кинематографијата. Орсон Велс изгради свој стил и секое негово дело носи печат на силна и оригинална личност. Во 1971 година доби Оскар за животно дело. Филмови: режија и глума - „Величенствените Амберсонови“, „Дамата од Шангај“, „Магбет“, „Отело“, „Зрно зло“, „Господин Аркаден“, „Процес“, „Вистина и лаги“, глума - „Третиот човек“, „Хотел Интернационал“.

1985.- Умре американскиот филмски и театарски глумец од руско-ромско-монголско потекло Јул Бринер, еднакво добар во карактерните, авантуристичките и дискретните комични улоги.  За филмот „Кралот и јас“ е награден со Оскар, а во театар со години ја играше истоимената претстава. Филмови: „Десетте божји заповеди“, „Анастасија“, „Браќа Карамазови“, „Соломон и Саба“, „Седумтемина величенствени“, „Тарас Буљба“, „Западен свет“.

1990.- СССР и Германија потпишаа договор за повлекување на советските војници од Германија до крајот на 1994 година. Во тоа време во Германија беа 380.000 советски војници и 220.000 членови на нивните семејства.

1991.- Предадено е во употреба студиото на ТВ Прилеп.

1991.- Во главниот град на Канада - Отава, пред неколку десетици илјади присутни, беше откриен првиот светски споменик на мировните единици на Обединетите нации.

1993.- Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција.

1994.- Во Скопје е отворен Ургентно-хируршки центар при Медицинскиот факултет.

1995.- Израел согласно мировниот договор со Палестинската ослободителна организација го започна повлекувањето  од Западниот Брег и од затвор ослободи околу 300 Палестинци.

1996.- Пуштен е во сообраќај автопатот Тетово - Гостивар во должина од 20 километри.

1997.- Падот на авионот DC-9 на аргентинската компанија ALA  во Уругвај не го преживеа никој од 74 патници и членови на екипажот.

2000.- Умре државничката Сиримаво Бандеренајке, прва жена премиер во светот. Во историјата влезе станувајќи премиер на Цејлон (сегашна Шри Ланка) на 21 јули 1960 година. Со Шри Ланка управуваше од 1960 до 1977 година и беше еден од основачите на движењето на неврзаните.

2003.- Ширин Ебади, ирански адвокат и борец за човекови права ја доби Нобеловата награда за мир.

2004.- Умре американскиот глумец Кристофер Рив, филмскиот „Супермен“, кој од 1995 година беше врзан за инвалидска количка поради пад при јавање со што скрши два пршлена. Во ваква состојба игра во многу филмови, вклучувајќи го и римејкот на легендарниот Хичков „Прозорец во двор“.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2007 во 12:07

1521.- Папата Лав X на англискиот крал Хенри VIII му ја додели титулата „Бранител на верата“ бидејќи кралот објави книга во која се осудуваат идеите на германскиот верски реформатор Мартин Лутер.

1531.- Војската на швајцарските римокатолички кантони ги порази силите на градот Цирих и неговите протестантски сојузници, а во битка загина протестантскиот верски реформатор Улрих Звингли.

1885.- Во Бордо е роден Франсоа Шарл Моријак, француски писател и публицист. Негови најпознати романи се "Дете под товарот на веригите", "Бакнежи за прокажаниот", "Црните анѓели" и многу други дела. Во 1952 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Париз, на 1 септември 1970 година.

1895.- Во Сплит е роден Јаков Готовац, хрватски композитор и диригент. Компонираше опери, хорови, соло-песни, симфониски композиции, сценска музика и друго. Автор е на прочуената опера „Еро од оној свет“. Умре во Загреб, на 16 октомври 1982 година.

1896.- Во Виена умре Антон Брукнер, австриски композитор и свирач на оргули. Компонираше симфонии и црковна музика. Роден е на 4 септември 1824 година.

1899.- Почна тригодишната Бурска војна помеѓу јужноафриканските бурски држави и Велика Британија.

1910.- Во Прилеп е роден Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од најзначајните двигатели и основоположници на македонската историографија и архивистика, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје. Напиша околу 200 научни трудови. Умре во Скопје, на 24 ноември 1985 година.

1941.- Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршија напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин беше означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел за конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласија и истрелите на кумановските партизани. Почна четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечо ослободување на земјата која заврши со успех само во еден дел на Македонија.

1942.- Во селото Крива Река кај Брус, германски и бугарски војници во Втората светска војна ги затворија сите жители во црква и ја дигнаа во воздух, усмртувајќи 320 цивили, воглавно жени и деца.

1945.- Во Кралево, во авионска несреќа загина Панче Неделковски, полковник и заменик командант на ГШ на НОВ и ПОЈ за Македонија, полковникот Димче Туриманџоски и капетанот Стеван Ташков. Панче Неделковски е учесник на Првото заседание на АСНОМ. Неделковски е роден во Скопје, на 24 април 1912 година.

1962.- Папата Јован XXIII го отвори Вториот ватикански сабор, прв таков собир од 1870 година на кој ги навести рефромите.

1963.- Уме Жан Кокто, француски писател и сликар. Тој е писател кој помина низ сите фази на модерната уметност: кубизам, дадаизам, футуризам, неокласицизам и надреализам. Во неговиоте сценски дела се застапени сите родови на техниката, од пантомимата, балет, и мелодрама, до комедии и класични трагедии. Беше и најзабележителен сликар кој ги илустрираше сите свои дела. Од 1955 година беше член на Француската академија на науките. Роден е на 5 јули 1889 година.

1963.- Умре француската пејачка од италијанско потекло Едит Пјаф, ѕвезда на кабарето и симбол на француската шансона. Компонирала шансони и текстови за нив.

1964.- Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија-документарниот филм "Востанати" работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание.

1977. Во атентат е убиен претседателот на Северен Јемен полковникот Ибрахим ал Хамди.

1980.- Двајца советски космонаути ја завршија дотогаш најголемата космичка мисија во вселената, престојувајќи 185 дена во бродот „Саљут 6“.

1988.- Говорот на папата Јован Павле II беше прекинат во Европскиот парламент во Стразбур кога британскиот пратеник од Северна Ирска, протестанскиот свештеник Јан Пејзли извика „антихрист“, покажувајќи транспарент на кој пишуваше „Јован Павле II антихрист“.

1990.- На стадионот „1 Мај“ во Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, на кој присуствуваа 150.000 гледачи еуфорично беше поздравена победата на фудбалската репрезентација на Северна Кореја над Јужна Кореја со резултат од 2:1. Тоа беше историски пријателски натпревар, прво меѓусебно спортско натпреварување на домашно тло на поделената земја.

1993.- На 86. Генерална конференција на Меѓународната воздухопловна федерација (ФАИ), што се одржа во Тел Авив, од 11 до 17 октомври, Воздухопловниот сојуз на Македонија (ВСМ) е примен за полноправен член.

1993.- Исламски терорист во Осло го рани норвешкиот издавач Вилијам Нигард. Тој ја печатеше книгата „Сатански стихови“ на британскиот писател од индијско потекло Салман Ружди.

1994.- Во Анталија, во Турција на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка на која учествуваа високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакна заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО.

1994.- Почна изградбата на пругата Куманово - Бељаковце - Деве Баир кон Бугарија.

1996.- Умре Борислав Трајковски македонски ликовен уметник. Роден е во Битола, на 15 јуни 1917 година.

2002.- Во експлозија на бомба која на пазар во центарот на Хелсинки ја подметна и загина 19-годишниот студент на хемија, кој упатството за правање бомба ја „симна“ од Интернет, загинаа седум, а беа ранети 85 луѓе.

2004.- По одлуката на Триполи да се откаже од оружјето за масовно уништување, Европската унија го укина ембаргото врз Либија.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2007 во 11:40

1492.- Прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигна на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргна со три бродови: "Санта Марија", "Ниња" и "Пинта". Во текот на патувањето ги откри Куба и Хаити, каде што остави дел од своите луѓе и се врати во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одеше на слични патувања.

1518.- Германскиот верски реформатор Мартин Лутер го одби барањето од римската к*рија да се покае и одрече од своите уверувања.

1811.- Парагвај прогласи независност од Шпанија и Аргентина.

1822.- Бразил доби независност. Дотогаш оваа земја беше португалска колонија.

1870.- Умре американскиот најпознат војсководец генралот Роберт Едвард Ли, командант на армијата на Северна Вирџинија во Граѓанската војна во САД од 1861 до 1865 година. Соочен со неспоредливо надмоќната армија на Северот, на 9 април 1865 година капитулира.  

1896.- Во Џенова е роден Еуџенио Монтале, италијански поет, најголем претставник на италијанскиот херметизам. Негови познати дела се "Аутодафе", "Бура и друго", "Дневник на 71 и 72 години" и други. Добитник е на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата во 1973 година и на Нобеловата награда за литература во 1975 година. Умре во Милано, на 12 септември 1981 година.

1924.- Умре францускиот писател Анатол Франс, член на Француската академија и добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1921 година. Дела: „Златни песни“, романи „Современа историја“, „Црвениот крин“, „Боговите се жедни“, „Таида“, „Островот на пингвините“ и други.

1934.- Малолетниот Петар II Караѓорѓевиќ е прогласен за крал на Југославија, три дена откако неговиот татко Александар I беше убиен во Марсеј, во атентат кој со помош на италијански фашисти беше извршен од хрватски усташи.

1935.- Роден е италијанскиот оперски пејач Лучано Павароти чиј обоен глас со големи дијапазони карактеризираат силни тонови во високиот регистар. Кариерата на светска оперска ѕвезда ја почна во 1961 гдоина со улогата Роберт во операта „Боеми“ на Ѓакомо Пучини.

1924.- Во својот имот Ла Бешлери, кај Тур, умре Анатол Франс (вистинското име му е Франсоа Анатол Тибо), француски романсиер, сатиричар и критичар. Како извонреден стилист во своите дела отворено го изразува незадоволството од тогашната општествена состојба, а по Октомвриската социјалистичка револуција во Русија застана на страната на советскиот пролетаријат. Негови главни дела се „Бунтот на ангелот“, „Боговите се жедни“ и други дела. Во 1921 годија ја доби Новеловата награда за литература. Роден е во Париз, на 16 април 1844 година.

1941.- Во Прилеп, бугарската полиција уапси 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето беа издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и беа префрлени во Битола, а потоа беа изведени пред суд.

1942.- Во битката на пацифичкиот остров Гвадалканал во Втората светска војна Американците ги поразија Јапонците и го спречија нивното навлегување во Австралија.

1960.- Во Генералното собрание на Обединетите нации, во текот на дебатата за колонијализмот, советскиот лидер Никита Сергеевич Хрушчов го соблече чевелот и со него тресна неколку пати на масата.

1964.- Советскиот Сојуз го лансира вселенскиот брод "Восток-1" со пилотот Владимир Комаров, со научникот Константин Феоктисов и со лекарот Борис Јегоров.

1968.- По 190 години шпанска колонијална управа, африканската држава Екваторијална Гвинеја се здоби со независност.

1968.- Националната гарда на Панама предводена од полковникот Омар Ториос Херер го собири претседателот Арнулф Аријас Мадрид.

1969.- Советскиот Сојуз го лансира вселенскиот брод "Сојуз-7" со екипаж од три члена, кои се сретнаа со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод "Сојуз-6".

1969.- Умре Соња Хени, норвешка лизгачка и филмска актерка, светска првенка во уметничко лизгање од 1927 до 1936 година и трикратна олимписка победничка (1928, 1932 и 1936 година). Родена е во 1912 година.

1976.- Кинескиот премиер Хуа Гуофенг стана шеф на владејачката Комунистичка партија.

1978.- Во Вашингтон со учество на претседателот на САД Џими Картер започнаа мировните преговори помеѓу Израел и Египет.

1984.- Во експлозија на бомба подметната од терористи на Ирската републиканска армија во „Гранд хотел“ во англискиот град Брајтон, каде се одржуваше годишната конференција на британските конзервативци, загинаа пет луѓе.

1990.- Исламски терористи на мотоцикли во Каиро од заседа ги убија претседателот на египетскиот парламент Рифат Махџуба и тројца негови телохранители.

1992.- Во земјотрес во Каиро загинаа повеќе од 550 луѓе. Епицентарот на земјотресот беше во близина на пирамидите во Гиза. 

1993.- Кралството Белгија ја призна Република Македонија.

1993.- Народна Република Кина ја призна Република Македонија.

1994.- Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започна изградбата на пругата кон Бугарија. Изградбата на железничката пруга Куманово-Бељаковци-Деве Баир чини околу 120 милиони долари.

1995.- На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија премина во редовно членство во Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

1996.- Умре францускиот тенисер Рене Лакост, основач на компанијата за производство на спортска опрема препознатлива по заштитниот знак „крокодилче“.

1997.- Во Скопје умре д-р Нијази Лимановски, доцент на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, основоположник на Културно-научните манифестации на Македонците муслимани и претседател на Здружението на етнолозите на Македонија. Роден е во селото Ростуше, на 27 јуни 1941 година.

1999.- Генералот Первез Мушараф со воен удар ја собори владата на премиерот Наваз Шариф, го распушти Парламентот и воведе вонредна состојба.

2000.- Исламски терористи во јеменското пристаниште Аден со мал брод наполнет со експлозiв удрија во американскиот разорувач „Кол“ усмртувајќи 17 и ранувајќи повеќе од 10 американски морнари.

2002.- Во експлозија на две подметнати бомби во летовалиштето „Кута бич“ на индонезискиот остров Бали загинаа 202 лица од 21 земја, а повредени беа повеќе од 300. Повеќето од жртвите на терористичкиот напад беа туристи воглавно од Австралија, Велика Британија, САД, Франција, Германија и од Шведска.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2007 во 12:10

54.- Умре римскиот цар и историчар Клаудие I Тибери Друз од отровни печурки кои му ги подметна четвртата сопруга на Јулиј Агрипин со цел на престолот да го донесе синот од претходниот брак со Неро.

1792.- Претседателот на САД Џорџ Вашингтон го постави камен-темелникот за изградба на официјалната претседателска резиденција - Белата куќа во Вашингтон.

1474.- Роден е Мариото Арбертинели, италијански сликар, еден од претставниците на француската школа на високата ренесанса. Умре на 5 ноември 1515 година.

1815.- Францускиот маршал Жоаким Мир е стрелан. Тој беше најпознатиот меѓу командантите на армијата на царот Наполен I, од 1808 до 1815 година.

1822.- Во Венеција умре Антонио Канова, италијански вајар, најголем мајстор на италијанскиот класицизам. Влијаеше врз целокупното европско вајарство. Меѓу неговите најпознати дела се вбројуваат скулптурите „Амор и психа“, „Паолина Боргаз како Венера“, „Персеј“ и Наполеоновата биста во Фонтенбло. Роден е во Венеција, на 1 ноември 1757 година.

1869.- Умре францускиот писател Шарл Огистен Сент Бев, најистакнат претставник на француската книжевна критика. Дела: „Живот“, „Книжевни портрети“, „Пор-Роајал“, „Понеделнички разговори“.

1884.- Меридијанот што поминува низ Гринич (предградие на Лондон) е усвоен како универзаллен (нулти) меридијан, од кој се сметаат географските должини на точките и времето на Земјата.

1905.- Умре англискиот глумец Хенри Ирвинг, еден од најголемите трагичари во 19. век.

1911.- Роден е Андре Навара, француски виолончелист со интернационално реноме. Извесно време има предавано во Скопје, а беше чест и многу значаен учесник во програмата на Охридско лето. Умре во 1988 година.

1921.- Роден е францускиот глумец и пејач од италијанско потекло Иво Ливи, познат како Ив Монтан, кој светската слава ја стекна во филмот „Надница за страв“. Други филмови: „Хероите се уморени“, „Вештерките од Салем“, „Големиот син пат“, „Го сакате ли Брамс“, „Ајде да се сакаме“, „З“, „Признание“.

1923.- Турскиот парламент ја прогласи Анкара, бивша Ангора, за престолнина на Турција. 

1923.- Во Битола, е родена Драга Чаловска-Секуловска, македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје, каде што непосредно по ослободувањето, во еден период кога Радиото бележеше брз и сестран развој, ја вршеше функцијата уредник на Радио Скопје. Умре во Скопје, на 5 јули 1988 година.

1925.- Родена е биртанската државничка Маргарет Хилда Робертс, позната како Маргарет Тачер, која во 1979 година стана првата жена премиер во историјата на Велика Британија. Во 1990 година со одлука на раководството на нејзината Конзервативна партија мораше да поднесе оставка. Инаку, во Велика Британија досега била најмногу години премиер.

1943.- Под притосок на сојузничките водачи, италијанскиот крал Виторио Емануел Трети и неговиот премиер Бадолјо и објавија војна на Германија, па на тој начин Италија, барем оној дел кој беше под сојузничка контрола, се придружи на антихитлеровската коалиција. До објавувањето на војната дојде дури по паѓањето на фашистичката влада на Бенито Мусолини и по капитулацијата на Италија.

1952.- Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат "Граматика на македонскиот литературен јазик" од Блаже Конески.

1964.- По 24 часа од полетувањето на бродот „Васход 1“, безбедно се приземнија тројца советски космонаути, членови на првиот вселенски екипаж во историјата на вселенските летови.

1970.- Канада и Кина воспоставија дипломатски односи, а Тајван итно ги прекина односите со Канада.

1972.- При падот на советскиот патнички авион „Иљушин 63“ близу московскиот аеродром загинаа сите 176 луѓе во авионот. Тоа беше дотогаш најголемата несреќа во историјата на патничката авијација.

1976.- Боливискиот товарен авион „Боинг 707“, на кого му откажа еден од моторите веднаш по полетувањето, падна на главната улица во Санта Круз, при што загинаа повеќе од 100 луѓе на земја и тројца членови на екипажот.

1984.- Во Скопје умре Илија Зафировски, македонски новинар. Тој спаѓа во редот на првата повоена генерација новинари. Работеше во весникот "Борба", а најголем дел од својот новинарски век го помина во весникот "Нова Македонија", во кој беше и главен и одговорен уредник. Смртта го затекна како директор и главен и одговорен урадник на весникот "Трудбеник". Роден е во Охрид, во 1927 година.

1990.- Во московската црква „Свети Василиј Блажени“ на Црвениот плоштад одржана е првата православна литургија, 73 години по Октомвриската револуција.

1990.- Водачот на христијанските сили во Либан генерал Мишел Аун, побара азил во француската амбасада во Бејрут по нападот на сиријската армија на неговото упориште.

1993.- Судот во Хамбург го прогласи Германецот Гинтер Пархе за виновен поради ранувањето со нож на југословенската тенисерка Моника Селеш и донесе пресуда која ширум светот беше оценета како скандалозна. Пархе беше казнет условно на две години затвор.

1993.- Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната организација за поморство, со седиште во Лондон.

1993.- Во Крањ, Република Словенија, фудбалската репрезентација на Македонија го одигра првиот официјален пријателски натпревар, откако нашата држава стана самостојна, суверена и независна. Домаќин беше фудбалската репрезентација на Република Словенија. Репрезентацијата на Република Македонија победи со 4:1.

1995.- Во Скопје, делегациите на Република Македонија и Република Грција потпишаа Меморандум за практична примена на Привремената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година.

1997.- Британскиот суперсоничен автомобил прв на земја успеа да го пробие звучниот ѕид, развивајќи брзина од 1.222,7 километри на час.

2003.-  Филипинските безбедностни сили го убија Фатур Рахман ел Гози, наводно клучна фигура на исламистичка терористичка организација.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2007 во 14:05

322 п.н.е.- Во храмот на боговите, на грчкиот остров Калаури, се самоуби, испивајќи отров, најголемиот оратор на стариот век Демостен. Неговите беседи (наречени „филипики“) и судските говори, според оценката на Циверон, претставуваат формула за говорничката вештина. Роден е околу 380 година пред н.е.

1066.- Норманската инвазиска армија на војводата Вилијам од Нормандија, идниот англиски крал Вилијам I Освојувач, ги победи саксонските трупи на англискиот крал Харолд, кој загина. Инвазијата беше изведена со благослов од папата, бидејки Саксонците останаа православни по формалниот расцеп на христијанската црква во 1054 година на римокатоличка и православна.

1322.- Војската на шкотскиот крал Роберт I силно ги порази англиските трупи под команда на кралот Едвард II во битката кај Биланд. Ова придонесе англискиот монарх во 1328 година безволно да ја признае независноста на Шкотска.

1806.- Под команда на Наполеон I, француските трупи ја победија пруската армија и во битката кај Јене ја покорија Прусија.

1808.- Французите ја укинаа Дубровничката Република, која беше создадена во 15 век. Во 1806 година Дубровник беше окупиран од Франција. Врз основа на одлука на Виенскиот конгрес Дубровник во 1815 година влезе во состав на Австрија. На Кралството на СХС Дубровник му припадна во 1918 година, а од 1991 година по распаѓањето на СФРЈ Дубровник и припаѓа на Република Хрватска.

1809.- Со Виенскиот мир Австрија беше принудена Трст и Илирска провинција (Далмација) да и ги предаде на Франција, Галиција на Полска и на Русија, а областа Ин на Баварија.

1882.- Роден е ирскиот државник Емон де Валера, водач на партијата „Шин фејн“ од 1917 до 1926 година, со два кратки прекини како премиер од 1937 до 1959 година, а потоа во 1973 година, беше претседател на Ирска. Во 1923 година беше претседател на Друштвото на народите.

1890.- Роден е Двајт Ајзенхауер, американски генерал и политичар. Во Втората светска војна беше командант на американските воени сили во Европа, потоа командант на сојузничките сили во Средоземјето, раководеше со операциите на Сицилија, во јужна Италија и со десантот на Нормандија. По војната беше командант на Северноатлантскиот пакт. Во 1952 и во 1956 година беше избран за претседател на САД. Умре на 28 март 1969 година.

1894.- Роден е американскиот писател Едвард Естлин Камингс, писател со силна лирска дарба во чии песни доминираат теми за љубовта и смртта.

1912.- Претседателот на САД Теодор Рузвелт во Милвоки го преживеа атентатот. к*ршумот го запре дебелиот капут и неколку парчиња хартија што ги имал во внатрешниот џеб.

1913.- Во најголемата рударска несреќа во Велика Британија, во рудникот за јаглен во Гламорген во Велс загинаа 439 рудари.

1919.- Во Деде Агач, е роден Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Уште во 1938 година, кога е формиран Македонскиот литературен кружок во Софија, тој членуваше во него заедно со Никола Вапцаров, Коле Неделковски, Ѓорги Абаџиев, Антон Попов и со други прогресивни македонски писатели кои работеа за афирмирањето на македонската национална култура. Умре во Охрид, на 24 февруари 1976 година.

1927.- Роден е англискиот глумец Роџер Мур, кој главно играше во акциони филмови и ТВ серии. Го замени Шон Конери во серијата филмови за тајниот агент 007. Филмови: „Ајванхо“, „Живеј и пушти ги другите да умрат“, „Човекот со златен пиштол“, “Шпионот кој ме сакаше“, „Само за твоите очи“.

1930.- Роден е конгоанскиот (заирски) диктатор Жосеф Дезире Мобуту, познат како Мобуту Сесе Секо, претседател на Заир од 1965 до 1997 година.

1933.- Германија ги напушти Друштвото на народи и конференцијата за разоружување во Женева.

1939.- Повеќе од 800 морнари загинаа на британскиот воен број „Ројал оук“ покрај Северна Шкотска, кој го потопи германска подморница.

1941.- Германските војници во Србија во Втората светска војна направија еден од најголемите воени злосторства стрелајќи во Краљево повеќе од 6.000 српски цивили, вклучувајќи жени и деца.  

1941.- Во селото Крупиште, Штипско, како одмазда за загубената борба,Бугарските фашисти со вперени пушки влегуваа во куќите и ги собираа мажите од 15 до 60-годишна возраст, а притоа пукаа во секој што ќе почнеше да бега. Злосторниците влегуваа во куќите и ги гореа заедно со добитокот. Притоа стрелаа 49 луѓе. Истиот ден Бугарските фашисти извршија масакр над населението во кочанското село Уларци. Селото беше опожарено и беа стрелани 40 луѓе.

1941.- Кај селото Бељановце, Кумановско, бугарската полиција ја разби групата (четата) „Карадак“ на Кумановскиот НО партизански одред. Притоа, покрај другите, загинаа Боро Менков, командант, Перо Георгиев - Чичко, политички комесар и Бајрам Шабани, борец на таа група - тројцата народни херои на Југославија, од Македонија. Менков е роден во Куманово, во 1919 година. Георгиев исто така во Куманово, во 1918 година, а Шабани во селото Липково, Кумановско, во 1920 година.

1944.- Германскиот фелдмаршал Ервин Ромел, наречен „пустинска лисица“ изврши самоубиство.

1944.- Британските и грчките сили во Втората светска војна ја ослободија Атина од Германија.

1947.- Летајќи со воен авион на млазен погон во фаза на испитување, американскиот воздухопловен капетан Чарлс Јергер стана првиот човек кој го проби звучниот ѕид.

1959.- Умре американскиот филмски глумец од австралиско потекло Ерол Флин, кој најчесто играше правдољубиви јунаци во авантуристички филмови. Филмови: „Капетан Блад“, „Авантурите на Робин Худ“, „Гусар“, „Џентрлменто Дим“, „Вирџинија сити“, „Ккорените на пеколот“.

1964.- Американецот од африканско потекло Мартин Лутер Кинг, борец за човекови права, инаку црнец, ја доби Нобеловата награда за мир.

1970.- Во тајфунот што ги зафати Филипини загинаа повеќе од 780 луѓе.

1973.- Во Тајланд владата на Таноми Китикачорн беше принудена да поднесе оставка бидејќи армијата го одби неговото барање со сила да ги прекине студентските демонстрации.

1997.- Умре американскиот пејач и филмски глумец Хари Лилис „Бинг“ Крозби, рекордер по бројот на снимени плочи, како и добитник на Оскар за филмот „Одејќи по својот пат“.

1998.-Египќанецот Нагиб Махфуз стана првиот арапски писател кој доби Нобелова награда за книжевност.

1990.- Умре американскиот композитор и диригент Ленард Бернштајн, од 1958 година диригент на Њујоршката филхармонија.

1990.- Германија и Полска потпишаа договор за границата на реката Одри.

1991.- Водачот на бурманската опозиција Аунг Сан Су Чи, која тогаш беше скоро две години во домашен притвор под режим на воената хунта, ја доби Нобеловата награда за мир.

1993.- Во Њујорк, е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под Уставното име - Република Македонија.

1994.- По Ирската републиканска армија и лојалистичките парамилитарни единици, објавија општ прекин на воените акции, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата северно-ирска драма.

1994.- Премиерот на Израел Ицак Рабин, шефот на израелската дипломатија Шимон Перес и водачот на Палестинската ослободителна организација Јасеф Арафат ја поделија Нобеловата награда за мир.

1998.- Нигерискиот писател Воле Сојинк, добитник на Нобеловата награда за книжевност, се врати во земјата после безмалку четири години бегство на кое го принуди диктаторскиот режим на воената хунта на кој жестоко му се спротивставуваше.

1999.- Умре танганискиот државник Џулиус Камбараг Њерере, истакнат лидер на движењето на неврзаните, прв претседател на Танганике (денешна Танзанија) од 1962 до 1985 година, кога и поднесе оставка, а тоа е редок пример за една Африканска држава. Тој беше еден од основачите на Организацијата на африканското единство во 1963 година.

2000.- Во северниот нигерски град Кано најмалку 200 луѓе се убиени во дводневните нереди со палењето на повеќе цркви и џамии, како и продавници.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2007 во 09:05

- Светски ден на слепите

- Меѓународен ден на пешачењето

70 п.н.е.- Роден е римскиот писател Публиус Вергилиус Маро, творец на совршени дела - песни во кои го величел римското минато. Дела: „Енеида“, „Пастирски песни“, „Песни за земјоделците“.

1529.- Турскиот султан Сулејман II се откажа од опсадата на Виена.

1542.- Роден е царот Абу ул Фат Џелалудин Акбар, еден од најголемите владетели на Индија, кој ги покори побунетите држави Гуџарат и Кашмир, а го освои и Авганистан. Беше голем реформатор кој настојуваше да ги соедни поданиците на различните вери и раси и го укина ропството.

1582.- Во Шпанија, Португалија и во папските држави во Италија почна примената на календарот на папата Григур XIII. Според советот на астрономите, папата го реформира Јулијанскиот календар, заснован на Сончевата година од 365 дена и шест часа, во кој годината е подолга од Сончевата за 11 минути и 14 секунди и секоја 128 година се појавува еден ден „повеќе“. Таа разлика се отстрани така што после четврток 4 октомври 1582 година наредниот ден петокот се сметашe како 15 октомври. Годината според Грегоријанскиот календар сепак е подолга од природната за 12 секунди, но разликата од цел ден ќе биде постигната дури после 3320 година.

1608.- Роден е италијанскиот физичар и математичар Еванѓелиста Торичели, пронаоѓач на живиниот барометар, таканаречената Торичелиева цеква. Кога Галилео Галилеј ослепе Торичели му стана секретар, а по смрта на Галилеј ја наследи неговата катедра.

1814.- Роден е рускиот писател Михаил Јурјевич Љерментов, чии песни кои ги напишал уште како дете, станаа антологиски. Загина во двобој во 1841 година. Дела: роман „Јунак на нешето време“, драмата „Максарада“, поемата „Демон“, песните „Облаци, „Мисла“, „Пророк“, „Татковина“, „Бородино“.

1815.- Четири месеци по поразот на неговата армија во битката кај Ватерло, францускиот цар Наполен I стаса на островот Света Елена во Атлантскиот океан, на кој во 1821 година умре.

1817.- Во Швајцарија умре полскиот национален јунак Тадеуш Анзеј Бонавентура Кочушко, учесник во американската војна за независност и аѓутант на Џорџ Вашингтон, подоцна првиот претседател на САД. По враќањето во Полска покрена востание против Русија, но неговата војска беше поразена во октомври 1794 година, при што беше ранет и заробен. Во 1796 година беше пуштен на слобода под услов да се откаже од акциите против Русија.

1844.- Роден е германскиот филозоф од полско потекло Фридрих Вилхелм Ниче. Дела: „Желба за моќ“ , „Од онаа страна на доброто и злото“, „Генеалогија на моралот“, „Радосна наука“.

1854.- Во Даблин е роден Оскар Вајлд, англиски писател од ирско потекло. Негови најпознати дела се комедиите: "Ладалото на Леди Виндермаер", "Важно е да се викаш Ернест", "Идеален маж" и други. Умре во Париз, на 30 ноември 1900 година.

1855.- Роден е Иван Владимирович Мичурин, советски биолог, генетичар. Се занимаваше со подобрување на сортите на овошките во централна и во северна Русија, како и со создавање на нови сорти. Работеше врз крстосување меѓу видовите и родовите, притоа користејќи ја и вегетативната хибридизација (калемењето), добиваше семе и со вештачко запрашување, при што забележа дека тоа семе е и поотпорно. Умре на 7 јуни 1935 година.

1895.- Во Париз под обвинение за велепредавство во корист на Германија, е уапсен францускиот офицер Алфред Драјфус (1859-1935), по потекло Евреин, со што почна бурната афера („Драјфусова афера“) која со години го потресуваше општествениот и политичкиот живот на Франција. Драјфус без вистински докази беше осуден на доживотна робија, но по големото негодување на јавноста и ангажираното настапување на писателот Емил Зола беше откриен вистинскиот виновник, а Драјфус е ослободен и рехабилитиран во 1906 година.

1917.- Познатата германска шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка, Мата Хари со вистинско име Гертруд Маргарет Зеле е погубена во Париз. Таа беше позната танчерка која на сцените предизвикуваше одушевување. Како артистка контактирала со многу истакнати личности и дознавала тајни што им ги пренесувала на германските агенти. Родена е во 1876 година.

1928.- Германскиот „Граф Цепелин“ го изведе првиот комерцијален лет преку Атлантикот.

1941.- Козјачкиот НО партизански одред го блокира и го претресе манастирот Прохор Пчински, каде што сметаше дека има сместено бугарски полицајци. Акцијата беше изведена, но полицајци не беа најдени.

1945.- Пјер Лавал е убиен врз основа на судска пресуда заради предавство на својата земја на Германија.

1946.- Германскиот воен злосторник Херман Геринг изврши самоубиство во затворска келија еден ден пред да биде погубен врз основа на пресудата од Меѓународниот суд за воени злосторства во Нирнберг.

1949.- Во Унгарија по монтирани сталинистички судски процеси како „титоисти“ погубени се Ласло Рајк, Тибор Сони и Андраш Салаи.

1964.- Советскиот лидер Никита Хрушчов беше тргнат, а следниот ден беше објавено дека самиот изразил желба да се повлече наводно заради годините и слабата здравствена состојба. Прв секретар на Комунистичката партија стана Леонид Брежњев, а премиер Алексеј Косигин.

1984.- Во Торонто, Канада, излезе првиот број на весникот на Македонците во Канада "Македонија".

1987.- Во државен удар е убиен претседателот на Буркин Фасо капетан Томас Санкара, а шеф на државата стана капетанот Блез Компаоре.

1989.- Во Париз умре Данило Киш, еден од најголемите југословенски писатели со светско реноме. Роден е во Суботица, на 22 февруари 1935 година.

1990. - Советскиот претседател Михаил Горбачов ја доби Нобеловата награда за мир, со образложение дека го задолжил светот со политиката на мир, но многумина во неговата земја подоцна ја доживеаја како награда за разбивање на СССР.

1992.- Во Скопје е регистрирана Демократската партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Ердоган Сарач.

1993.- Јужноафриканскиот претседател Фредерик Вилем де Клерк и водачот на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела ја добија Нобеловата награда за мир како признание за ставање крај на режимот на апархејдот и создавање основа за развој на демократијата во Јужна Африка.

1993.- Во Париз, Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) е примен за полноправен член на Светската автомобилска федерација (ФИА).

1995.- На референдум во Ирак претседателот Садам Хусеин, како единствен кандидат, доби безмалку стопроцентна поддршка и во наредните седум години да ја предводи државата.

1995.- По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница.

1997.- Бунтовниците во Република Конго по четиримесечната граѓанска војна го тргнаа од власт претседателот Паскал Лисиба, а на власт го вратија бившиот претседател Денис Сасу Нгуесо.

1997.- Во Скопје умре Владо Чучков, еден од најпознатите пера на македонската музичка критика. Роден е во 1929 година.

2000.- Во Струмица умре Доне Чапарев, македонски писател. Автор е на книгата поезија „Живи сенки“, „Вечерни патувања“ и други, на драмските дела „Благој Мучето“ и „Пајтон полн оружје“ и на други дела. Роден е во Струмица, на 4 јуни 1949 година.

2003.- Кина успешно го лансира првиот вселенски брод со екипаж со што стана трета земја која во вселената испрати човек, 42 години по историскиот лет на Јуриј Гагарин. Во орбитата околу Земјата, од комсодромот Џингуан кој се наоѓа во пустината Гоби, лансиран е бродот „Шенџоу - 5“ со астронаутот Јанг Левиј.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.