IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2008 во 09:54

55 п.н.е.- Римскиот конзул Гај Јулиј Цезар ја започна инвазијата на Британскиот остров со 10.000 војници на Седмата и Десеттата легија.

1576.- Од епидемијата на чума што ја зафати Венеција умре Тицијан Вечели, прочуен италијански сликар, основач на Венецијанската сликарска школа. Автор е на голем број слики кои претежно ги прикажуваат животот и обичаите на Венецијанската Република. Роден е меѓу 1487 и 1490 година.

1635.- Во Мадрид умре Лопе де Вега, голем шпански книжевник, поет и писател на многу драмски дела. Напиша 1.800 комедии, скечови и неколку илјади стихови. Негово ремек-дело е романот во дијалози „Доротеја“. Роден е во Мадрид, на 25 ноември 1562 година.

1664.- Умре шпанскиот сликар Франциско де Сурбаран, еден од најзначајните уметници во 17. век.

1770.- Во Штутгард е роден Георг Вилхелм Фридрих Хегел, најистакнатиот претставник на германската идеалистичка филозофија. Со своите сфаќања на дијалектиката тој изврши позитивно влијание врз напредната европска и светска мисла. Посебно е значајно неговото влијание врз класиците на марксизмот, кои неговата филозофска мисла ја сметаа за една од основите на дијалектичкиот материјализам. Негови најпознати дела се „Филозофија на природата“, „Филозофија на духот“, „Логика“, „Естетика“ и други. Умре во Берлин, на 14 ноември 1831 година.

1789.- Собранието на Франција ја усвои Декларацијата за правата на човекот и граѓаните, инспирирана од слична американска декларација.

1813.- Францускиот цар Наполеон Први со 130.000 војници кај Дрезден ги порази здружените австриски, руски и пруски сили кои броеја 200.000 луѓе.  

1871.- Во Терехат, Индијана, во САД, е роден Теодор Драјзер, американски романсиер и раскажувач. Првиот роман „Сестрата Кери“, според мислењето на некои критичари, е неговото најдобро дело, кое цензурата го забрани. Се до објавувањето на романот „Џени Герхарт“ десет години пишуваше за илустрирани забавни модерни списанија. Потоа ги напиша познатите романи „Финансиер“, „Титан“, „Стоик“ и „Американска трагедија“. Умре во 1945 година.  

1884.- Роден е американскиот филмски продуцент Семјуел Голдвин, еден од пионерите на филмската индустрија. Во 1923 година ја основа филмската компанија „Семјуел Голдвин Продакшн“, која во 1924 година се здужи со уште две филмски компании - „Метро-Голдвин-Мајер“, но потоа повторно стана самостоен продуцент. Филмови: „Стела Далас“, „Темниот анѓел“, „Ќор-сокак“, „Мали лисици“, Најубавите години на нашиот живот“, „Тајниот живот на Волтер Мит“, „Момчиња и девојки“. 

1890.- Роден е американскиот сликар, фотограф и филмски режизер Емануел Радински, познат како Мен Реј, кој во 1915 година со францускиот вајар и сликар Марсел Дишанон го основаа дадаизмот.

1908.- Роден е американскиот државник Линдон Џонсон. Беше потпретседател од 1960 во време на мандатот на Џон Кенеди. По убиството на Кенеди во Далас во 1963 година, до 1969 година беше претседател на САД.

1916. - Во Белград умре Петар Кочиќ, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам. Пишуваше песни, проза и сатира. Расказите му се одликуваат со силно чувство за животот на подјармениот босански селанец. Во сатирите остро ги критикува приликите во босанското село под австриска окупација. Негови најзначајни дела се „Јазовецот пред суд“, „Суданија“ и други. Роден е во селото Стричиќи, кај Бања Лука, на 29 јуни 1877 година.

1945.- По објавувањето на јапонската капитулација американските трупи почнаа да се истоваруваат на територијата на поразената Јапонија. Првите единици се истоварија на аеродромот Ачуга, а потоа флотата од 383 воени бродови во придружба на 1.300 авиони впловија во Токискиот Залив. Тоа беше првпат Јапонија да капитулира.

1987.- Во една вила во Њупорт, во близина на местото на снимањето на последнот филм „Мистер Норт“, умре Џон Хјустон, голем американски филмски режисер. Автор е на филмовите „Малтешкиот сокол“, на „Богатството на Сиера Мадре“ и на многу други филмови кои му донесоа светска слава. Роден во Мисури, во 1906 година.

1995.- Во Тетово умре Кочо Тулевски, истакнат македонски општествено-политички работник. Роден е во 1921 година.

2000.- Изгоре Останкино, најголемиот објект во Европа, симбол на руската престолнина изграден со човечки раце. Зданието, високо над 500 метри, беше изградено во 1967 година според плановите на архитектот Николај Никитин. Пожарот во кој загинаа три лица предизвика прекин на телевизиската програма ширум Русија.  

2001.- Во Република Македонија почна операцијата на НАТО „Неопходна жетва“ за собирање на оружје од албанските терористи.

2002.- Јапонскиот суд за првпат потврди дека Јапонија користела средства за водење биолошка војна во Кина во текот на Втората светска војна, што јапонската влада никогаш официјално не призна.

2003.- Марс помина покрај Земјата на оддалеченост од 55,76 милиони километри, најблиску од каменото време.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2008 во 10:29

1289.- Основана е инквизицијата, суд на Католичката црква за заштита на верата. Дејствуваше во средниот век во сите земји на Западна Европа, а особено крвава и немилосрдна беше озогласената шпанска инквизиција. Многу напредни умови беа жртви на инквизицијата, како на пример Јан Хус, Џордано Бруно и други. Укината е во текот на 19 век.

1521.- Под команда на султанот Сулејман Втори, по двомесечна опсада турската армија за првпат го освои Белград. Голем број од жителите биле раселени, а значајно културно и историско богатство е пренесено во Цариград.

1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски државник. Колбер ја возобновил француската морнарица и е основач на поморската и колонијалната моќ на Франција. Умрел на 6 септември 1683 година.

1632.- Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како политички филозоф се залагал за верска толеранција и почитување на мислењата на другите, за ограничување на владеачката моќ, како и за законска заштита на индивидуалните права и слободи на граѓаните.

1756.- Со инвазијата врз Саксонија, прускиот крал Фридрих Втори започна седумгодишна војна.

1792.- Најмалку 900 лица се удавија на британскиот воен брод "Ројал Џорџ" во каналот Спитхед кај јужното англиско пристаниште Порсмаут каде бил на поправка.

1820.-  Под влијание на идеите на Француската револуција, во Португалија изби антимонархистичката буна, после која Кралот Жоао Шести бил присилен да прифати демократски устав, кој пак следната година бил суспендиран откако зајакнале воено-феудалните сили.

1825.- Португалија ја призна независноста на Бразил.

1842.- Со склучувањето мир во Нинкинг заврши Англо-кинеската војна. Со тој мир на Англичаните им се отворија кинеските пристаништа и им беа дадени големи трговски привилегии. По ова Кина, заради вмешаноста и на другите велесили падна под целосно влијание и на други западни држави.

1862.- Во Гент е роден Морис Метрлинк, белгиски писател од фламанско потекло. Во првите песни е близок до симболистите, а подоцна и на спиритуализмот. Познати негови дела се: стохозбирката "Стаклена градина", пиесата "Принцезата Мален", драмите "Мона Вана", "Сина птица" и други. Во 1913 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умрел во Ница на 6 мај 1949 година.

1871.- Роден е францускиот државник Албер Лебрен, претседател на Франција од 1932 до 1940 година. Лебрен е последниот претседател на Третата Република, и по германската окупација во Втората светска војна беше натеран власта да и ја препушти на владата на маршалот Филип Петен.

1882.- Во Велес умре Јордан Хаџиконстантинов - Џинот, македонски преродбеник, еден од најпродуктивните културни работници од 19. век, поет, учител, метеоролог, филозоф, етнолог, новинар, собирач на старини и борец против фанариотското движење. Познати негови дела се "Таблица перваја", "Плач на скопското училиште многу трудное", "Аврора", "Труд ми е името", "Минерва и деветте музи", "Разговор или вистински човек", "Училишта и учење" и др. Роден е во Велес, во 1820 година.

1885.- Германскиот инженер Готлиб Дајмлер го патентира првиот мотоцикл.

1915.- Во Стокхолм е родена Ингрид Бергман, една од најголемите филмски ѕвезди на Холивуд, со шведско потекло, чии остварувања се вбројуваат меѓу најголемите дострели на "седмата уметност". Умрела во Лондон на 29 август 1982 година.

1923.- Роден е англискиот филмски и театарски актер, продуцент и режисер Ричард Семјуел Атенборо. Toj глумел во повеќе од 60 филмови.

1944.- На барање на пребеганата југословенска влада, а под притисок на британскиот премиер Винстон Черчил, кралот на Југославија Петар Втори во Втората светска војна му ја одзеде командата на Дражен Михајловиќ и го призна маршалот Јосип Броз за водач на југословенските сили против германската окупација.

1945.- Трупите на САД под командата на генералот Џорџ Маршал во Втората светска војна започнаа со истоварување на територијата на поразената Јапонска држава.

1949.- СССР ја изврши првата експлозија на атомска бомба.

1958.- Роден е американскиот поп-пејач со африканско потекло Мајкл Џозеф Џексон, познат по екстравагантниот живот, кој се стекна со светска слава. Тој предизвика презир кај црнците кога со низа хируршки интеревенции се обиде да стане "белец".

1960.- Јорданскиот премиер Хаза ел Маџали загина во експлозија на подметната бомба, за тој акт беа обвинети исламските терористи од Сирија.

1975.- Од власт е соборен претседателот на Перу генерал Хуан Веласко Алварадо, а власта ја презеде премиерот генерал Франциско Морале Бермудес.

1975.- Умре ирскиот државник Емон де Валера, лидер на партијата "Шин фејн" од 1917 до 1926 година, а од 1959 до 1973 година беше претседател на Ирска.

1987.- Во Медицинскиот центар во Тусон (САД)  умре Ли Марвин, познат американски артист, добитник на наградата „Оскар“. На публиката и е познат по вонредните артистички остварувања во филмовите „Кет Белоу“, „Човекот што го уби Либерти Валанс“, „Дванаесетмината жигосани“ и во други филмови. Роден е во 1922 година.

1991.- Советскиот Парламент ја суспендира Комунистичката партија со што ги замрзна нејзините банкарските сметки.

1994.- Република Македонија и Република Унгарија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

1994.- Саудиска Арабија ја призна Република Македонија.

1995.- Во обидот за атентат претседателот на Грузија Едуард Шеварнадѕе се здоби со лесни повреди во силна експлозија на автомобил-бомба пред зградата на Парламентот во Тбилиси.

1996.- На православниот христијански празник Успение на Света Богородица, во црквата „Света Богородица“, кај Берово, од громовите што удрија во масата од 10 до 15 илјади луѓе, загинаа девет лица, а 40-ина беа повредени.  

1996.- Рускиот авион "Тупољев 154" превезувајќи рудари, удри во планински врв во Норвешка при што загинаа 141 лице.

1998.- Кубанскиот авион "Тупољев" се урна веднаш по полетувањето од аеродромот во главниот град на Еквадор, при што загинаа 81 патник.

2003.- Во експлозија на автомобил-бомба пред џамија во ирачкиот град Наџаф загинаа најмалку 83 лица, вклучувајќи го и водачот на шиитските муслимани во Ирак, ајатолахот Мухамед Бакера ел Хаким.

2005.- Во ураганот со разорна моќ „Катрин“, кој го погоди југот на САД, загинаа 1.800 лица, а материјалната штета изнесува 118 милијарди долари.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 10:39

30. п.н.е. - Египетската кралица од Македонската лоза Птоломеи - Клеопатра VII се самоуби откако силите на Октавијан Август ги победиле трупите на нејзиниот маж, римскиот војсководец Маркус Антониус. На престолот дошла на 17 години, во 51-та година пред нашата ера и владеела со малолетниот брат Птоломеј XIII, за  кого била и мажена.

1483.- Умре францускиот цар Луј XI. Тој во текот на неговото владеење ја обединил Франција.

1489.- Роден е Антонио Алегри Кореџо, италијански сликар, еден од творците на барокното сликарство. Сликал религиозни и митолошки теми. Умрел на 6 март 1543 година.

1533.- Атахуалпа, последниот владател на големото царство на Инките на подрачјето на денешно Перу, беше обесен откако падна во рацете на шпанските конквистадори. По неговото убиство, шпанските одреди непречено крстосувале и го освојувале царството.

1721.- Со склучувањето на Ништанскиот мир меѓу Шведска и Русија по завршувањето на Северната војна (1700-1721 г.), Русија доби пространи територии на Балтикот од Финскиот до Ришкиот Залив со градовите Рига, Равела и Нарва.

1748.- Во Париз е роден Жан Луј Давид, француски сликар, основач и главен претставник на класицизмот. Беше член на Конвентот и дворски сликар на Наполеон. Сликаше историски композиции и портрети. Умрел во Брисел, на 29 декември 1825 година.

1757.- Под команда на маршалот Степан Апраксин руската армија ги порази пруските трупи во битката кај Грос Јегерсдорф. Војната траеше седум години.

1797.- Родена е англиската писателка Мери Волстонкрафт Шели, сопруга на поетот Перси Бис Шели. Најпозната е по романот "Франкештајн или модерен Прометеј", напишан во духот на "готските" приказни за стравот и ужасот.

1871.- Роден е новозеландскиот физичар од англиско потекло Ернес Ратерфорд. Добитник е на Нобеловата нагрда за хемија во 1908 година. Ратерфорд е еден од основачите на модерната атомска теорија. Од 1898 до 1907 година бил универзитетски професор во Монтреал, а потоа и во Манчестер се до 1919 година. До неговата смрт во 1937 година бил директор на Лабораторијата "Кевендис" во Кембриџ. Ратерфорд открил три вида на радијација кои ги означил како алфа, бета и гама зраци.

1914.- Осмата Германска армија, под команда на генералот Паул фон Хиденбург ја победи Втората руска армија на генералот Александар Самсонов за време на Првата светска војна во битката кај Таненберг во северна Полска. Втората руска армија во битката загубила најмалку 30.000 луѓе.

1916.- Турција во Првата светска војна и објави војна на Романија.

1918.- Во екот на офанзивата на здружените сили на внатрешната и на меѓународната контрареволуција против Советска Русија извршен е атентат врз Ленин за време на неговата посета на Михелсоновата фабрика. По атентатот советското водство донело одлука за воведување на "црниот терор" над контрареволуционерната буржоазија и на нејзините агенти.

1922.- Силите на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк однесоа решавачка победа над интернационалистичките западни сили. По тој повод овој датум се прославува како „Ден на слободата“ и е национален празник на Република Турција.

1929.- Во Дубровник умре Иво Војновиќ, поет на Дубровник и на неговата историја. Најпознато негово дело е "Дубровничка трилогија". Роден е во Дубровник, на 9 октомври 1857 година.

1935.- Во Москва умре Анри Барбис, голем француски писател, автор на познатиот роман "Оган" и на низа други успешни дела. По Првата светска војна Барбисовиот роман "Оган" е преведен на многу јазици. Роден е во Асниер, на 17 мај 1873 година.

1940.- Умре англискиот физичар Џозеф Џон Томсон, претседател на Кралското друштво во Лондон и професор на Универзитетот во Кембриџ. Добитник е на Нобелова награда за физика во 1906 година. Во 1897 година го открил електронот, како и атомската структура на електрицитетот исто така  дал и научна основа за спроведувањето на електрицитетот низ гасовите.

1940.- Во Виена завршија преговорите помеѓу претставниците на Германија, Италија, Романија и Унгарија со кои Германија и Италија ја присилија Романија да и отстапи дел од јужна Добруџа на Бугарија, а Унгарија дел од Трансилванија на Романија.

1944.- Советската армија за време на Втората светска војна ги зазеде нафтените полиња во Плоешти (Романија)  кои за Германија беа главен извор за снабдување на армијата со гориво.

1945.- Во Хонконг јапонските окупациски сили во Втората светска војна им се предадоа на Британците.

1963.- Меѓу владите на СССР и на САД е воспоставена директна телефонска врска, наречена "црвен телефон".

1973.- Кенија забрани лов на слонови и трговија со нив.

1981.- Во Техеран при атентат со експлозија на подметнати бомби загинаа претседателот и премиерот на Иран, Мухамет Али Раџи и Мухамет Џавид Бахонар.

1983.- Потполковникот Гијон Блафорд е првиот Американец од африканско потекло кој полета во вселената. Блафорд беше во составот на петчлениот екипаж на "Челенџер".

1990.- Во селото Радишани, Скопско, се поставени и осветени темелите на манастирот "Свети Наум Охридски".

1991.- Советската република Азербејџан стана независна и формираше сопствена армија.

1993.- На заседанието на Постојаната конференција на локалните и регионалните власти при Советот на Европа одржана Стокхолм (Шведска), донесена е одлука за прием на Заедницата на општините и градовите на Република Македонија.

1994.- Во Скопје е отворен јапонскиот информативен центар.

1994.- Во Скопје умре Бранко Костовски, македонски ликовен уметник и долгогодишен сценограф во Македонскиот народен театар. Роден е во Скопје во 1924 година.

1991.- Во организација на Обединетите нации на референдумот за статусот на Источен Тимор 78,5 отсто од населението гласаа за независност од Индонезија.

2002.- Русија се повлече од последната воена база во Куба каде беше присутна од победата на Фидел Кастро во 1959 година.

2003.- Умре амриканскиот актер Чарлс Бронсон. Тој играше во повеќе од 60 филмови, со ликови на авантуристи и силни карактери кои се подготвени на се во борбата за спроведување на принципите во кои веруваат. Познати му се филмовите "Седумтемина величенствени", "Дванаесет жигосани", "Големото бегство", "Јавачи на дожд", "Семејство", "Диви коњи", "Тешки времиња", "Телефон", "Беше еднаш на Дивиот Запад" и други.

2005.- Во еден старечки дом во северниот холандски град Хугевен умре Холанѓанката Андел Шипер на возраст од 116 години. Шипер  беше заведена како најстар жител на земјата во Гинисовата книга на рекордите . Родена е на 29 јуни 1890 година.

2006.- Умре Глен Форд, еден од најпознатите холвудски актери. Роден е на 1 мај 1916 година

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 09:55

1159.- Умре папата Хадријан IV, роден Николас Брејскпир. Тој е единствениот Англичанец во историјата на римокатоличката црква избран за нејзин поглавар во 1154 година.

1715.- Умре францускиот крал Луј XIV, познат како "крал на Сонцето". По смртта на неговиот татко Луј XII во 1643 година на петгодишна возраст го презел престолот. Владеел 72 години, најдолго во историјата на Европа. Војувал во многу војни, со променливи успеси, за да обезбеди хегемонија во Франција. Го изградил дворецот во Версај.

1822.- Роден е американскиот политичар и свештеник од африканско потекло Хајрам Роунд Ревелс, прв црнец кој стана член на Конгрес на САД.

1854.- Роден е германскиот композитор Енгелберт Хампердинк, професор на Конзерваториумот во Барселна, Келн, Франкфурт на Мајна и во Берлин.

1859.- Во Сењ е роден Вјенцислав Новак, еден од најплодните хрватски писатели, музичар и композитор, по потекло Чех. Најпознати се неговите дела „Тито Дорчиќ“, „Последните Стипанчиќи“, „Два света“ и други. Умре во Загреб, на 20 септември 1905 година.

1870.- Во битка кај Седан во Француско-пруската војна, Прусите под команда на фелдмаршалот Хелмут фон Молтке им нанесоа тежок пораз на трупите на францускиот цар Наполеон III, со што им се отвори патот кон Париз, како и победата во таа војна.

1875.- Роден е американскиот писател Едгар Рајс Бароуз. Бароуз е познат по сериите со ликот на Тарзан, кои се преведени на 60 јазици.

1990.- Велика Британија ја анектира Јужноафриканската унија. Во 1960 година унијата го промени името во Јужноафриканска Република.

1916.- Бугрија во Првата светска војна и објави војна на Романија.

1918.- Во Мурманск, Русија, во воз е убиен Гаврил Константинович, македонски лекар, револуционер и општественик, истакант деец и еден од основачите на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија. Роден е во селото Смрдеш, Костурско, на 4 мај 1878 година.

1920.- На иницијатива на Месната организација на КПЈ во Скопје е одржан протестен митинг против предизборниот терор и против фалсификувањето на изборите со општинските избори во Македонија. Усвоена е резолуција за поништување на фалсификуваните избори, пуштање на мобилизираните војници, како и давање глас на сите граѓани. Под притисок на протестот властите во Кралството Југославија во некои општини ги поништија изборите и распишаа нови.  

1922.- Роден е италијанскиот актер Витори Гасман, еден од најистакнатите италијански филмски и театарски глумци во 20. век.

1923.- Во земјотрес што потполно го разори јапонскиот град Јокохама и скоро го уништи Токио, загинаа најмалку 142.000 лица, а 2,5 милиони лица останаа без покрив над глава.

1928.- Албанија е прогласена за Кралство.

1939.- Нацистичка Германија без објавување на војна ја нападна Полска. Неочекуваната операција на моторизираните германски сили во Полска го означи почетокот на Втората светска војна.

1943.- Во Корештата, Костурско, е формиран македонски партизански одред "Лазо Трповски".

1944.- Втората македонска НОУ бригада ја нападна железничката станица Богомила, Велешко, ја разурна станицата и зароби 40 бугарски војници, меѓу кои и двајца офицери.

1944.- Првата македонска НОУ бригада ги нападна балистичките сили и го зазеде Кичево. Меѓутоа, кога непријателот присобра сили и од правецот на селото Дреново ја нападна од грб, таа го напушти градот и се повлече во Дебарца. По патот ги нападна германските обезбедувања крај железничката станица Пресека, кај селото Сливово и кај селото Ботун, ги протера и им причини загуби од осум мртви и пет заробени војници, а кај Кичево загубите на непријателот беа значително поголеми. Бригадата имаше 12 мртви и 18 ранети борци.

1944.- Десеттата македонска НОУ бригада го разурна тунелот кај селото Богомила и сите мостови на пругата Богомила - село Мажучиште, Прилепско. Со тоа пругата Прилеп - Велес до ослободувањето на Македонија беше онеспособена за сообраќај.

1960.- Формирана е Редакцијата на Телевизија Скопје и е снимена првата телевизиска вест што се емитуваше преку мрежата на ЈРТ, со што де факто се роди Македонската телевизија меѓу првите на Балканот. Во Редакцијата беа Димче Божиновски - уредник, Драги Аргировски и Димче Марковски - новинари и Благоја Прличков и Димче Гечевски - сниматели-камермани. Од тој ден Редакцијата секојдневно подготвуваше телевизиски извештаи од сите значајни настани во Македонија и телевизиски прилози од стопанскиот, образовно-културниот и спортскиот живот.

1961.- Во Белград почна Првата конференција на шефови на држави и на влади на неврзаните земји, на која присуствуваа претставници на 25 земји и 40 антиколонијални и ослободителни движења. Тоа беше историски настан со кој неврзувањето прерасна во организирана борба за мир и за правдина.

1962.- Во земјотрес во северозападен Иран загинаа 12.000 лица.

1967.- Умре рускиот писател и воен репортер Иља Григорјевич Еренбург, голем познавач на руската и западноевропската култура. Напишал 50-ина книги во кои на духовит начин ги изразува мислите за револуцијата, политиката, љубовта и спротивностите во цивилизацијата по Втората светска војна.

1967.- Во Белград умре Емануел (Мане) Чучков, македонски општественик, професор и потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е во Ново Село, Штипско, на 27 ноември 1901 година.

1969.- Група офицери на чело со полковникот Моарем Гадафи го собори од власт кралот Идриз I. По ова, Либија е прогласена за Република.

1970.- Во Париз умре Франсоа Шарл Моријак, француски писател и публицист. Познати негови дела се „Пустината и љубовта“, „Тереза Декеру“, „Христијанска среќа“, „Змиска топка“, „Дете под товарот на веригите“, „Црните ангели“ и други. Во 1952 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Бордо, на 11 октомври 1885 година.

1972.- Американскиот велемајстор Роберт Фишер во натпревар во Рејкјавик го победи рускиот велемајстор Борис Спаски, со резулат 12,5:8,5 и стана 11. првак во светот во шах. Титулата ја загубил без натпревар на 3 април 1975 година, бидејќи одбил да ги прифати условите на Меѓународната шаховска федерација, а за првак на светот беше прогалсен рускиот велемајстор Анатолиј Карпов.

1982.- Умре поранешниот полски лидер Владислав Гомулк, лидер на Полската работничка партија (комунисти) од 1943 до 1948 и од 1956 до 1970 година.

1983.- Советски борбен авион во близина на полуостровот Сахлин го собори јужнокорејскиот авион "Боинг 747" при што загинаа сите 240 патници и 29 членови на екипажот. Јужнокорејскиот авион во шпионска мисија намерно навлезе во советскиот воздушен простор.

1990.- Во Кичево се одржа протестен "Митинг на жедните" за обезбедување вода за пиење за потребите на Општина Кичево.

1992.- Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва.

1992.- Во Скопје е формирано Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи.

1993.- Во Женева е отворена Постојаната мисија на Република Македонија при ООН и другите меѓународни организации со седиште во Женева.

1994.- Големото Војводство Луксембург ја извести Република Македонија дека воспоставува дипломатски односи со нашата држава.

1997.- Француската полиција соопшти дека возачот на автомобилот во кој претходниот ден во Париз, со брзина од 190 километри на час, загина британската принцеза Дајана Спенс, имал во крвта трипати повеќе алкохол од дозволената граница.

2000.- На првиот јужноафрикански самит, 12 шефови на држави ја потпишаа Бразилијанската декларација, во која е вклучена намерата за обединување на два главни трговски блока во Јужна Америка.

2000.- Во Скопје, во издание на ДИД "Магазин" излезе првиот број на списанието "Зум".

2001.- Во експлозија во еден од токиските ноќни клубови загинаа 44 лица.

2003.- Холандија стана првата земја во која е дозволено препишување на марихуана заради ублажување на страдањата на заболените, вклучувајќи ги сидата и ракот.

2004.- Група од 30-ина вооружени исламски терористи, со опасен експлозив, упадна во основно училиште во местото Беслан во Северна Осетија (автономна руска република на северниот Кавказ) и како заложници задржа преку 12.000 деца и возрасни. Повеќе од 340 заложници, повеќето деца, беа убиени во текот на тридневната драма. Лидерот на чеченските сепаратисти Шамил Басајев ја презеде одговорноста за овој терористички напад.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2008 во 11:13

31. п.н.е.- За време на битката во Јонското Море во северозападниот дел на Грција, Римјаните ја победија здружената флота на римскиот војсководец Марк Антониј и неговата сопруга, египетската кралица  со Македонско потекло Клеопатра VII.

1666.- Во Лондон изби катастрофален пожар. Oгнената стихија за пет дена речиси го уништи градот, вклучувајќи и 97 цркви меѓу кои и катедралата "Свети Павле".

1807.- Британската морнарица го бомбардираше Копенхаген за да го спречи францускиот цар Наполеон I да не ја употреби данската флота против Британија.

1838.- Родена е последната хавајската кралица Лилиуокалани. Пацифистичките острови во 1898 година беа анектирани од САД.

1872.-  На петтиот конгрес на Првата интернационала во Хаг  е одлучено Генералниот совет да биде преместен од Европа во САД. Конгресот во Филаделфија во 1876 година одлучи да се распушти Генералниот совет, а Интернационалата да престане со своето делување. 

1901.- Роден е унгарскиот писател Золтан Чука.

1905.- Кај месноста Ѓуров Дол, во близина на селото Ѓавато, Гевгелиско, во борба против триилјадна турска војска, откако го уби турскиот јузубашија, со последниот к*ршум се самоуби гевгелискиот војвода Леонид Јанков. Борбата, што ја водеше заедно со уште неколкумина негови соборци траеше цел ден. За херојската борба на Леонид Јанков и ден-денес се пее и се раскажува не само во Гевгелија, туку и низ цела Македонија. Песната "Трба, трби гевгелиска" му е посветена на овој 27-годишен војвода. Уште како селски чувар, Леонид Јанков соработуваше со илинденските востаници и со ВМРО, а учествуваваше и во неколку други акции против турската војска. Роден е во селото Мачуково, Гевгелиско, во 1878 година.

1910.- Умре францускиот самоук сликар Анри Русо, викан "Цариник".

1922.- Умре австралискиот писател Хенри Арчибалд Ларсен, познат како Хенри Арчибалд Лосон. Тој бил нарекуван и сликар на австралиските колорити. Патувал многу по светот а исто пишувал и песни.

1922.- Во Скопје е формиран скопскиот спортски клуб „Македонија“.

1930.- Со авионот "Знак прашање" француските пилоти Диедон Кост и Морис Белонт го извршија првиот непрекинат лет помеѓу Европа и САД.

1937.- Умре францускиот историчар и педагог Пјер де Кубертен, обновувач на Олимписките игри според угледот на спортските натпревари во стара Грција. Благодарение на него, во Атина во 1896 година се одржани првите модерни Олимписки игри. Погребан е во Женева, а неговото срце по негова желба  погребано е на Олимп, престолнината на античките Олимписки игри.

1941.- Македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски,за да не се предаде жив во рацете на бугарската полиција, фрли бомба и се самоуби, фрлајќи се на улица низ прозорецот од својата соба. Живеел  во стан на шести кат во Софија. Во тој период Неделкоски бил член на една диверзантска група. Најпознати негови дела се збирките песни "Молскавици" и "Пеш по светот". Роден е во селото Војница, Велешко, на 16 декември 1912 година.

1944.- Ослободен е Демир Хисар.

1944.- Президиумот на АСНОМ на својата трета седница, што ја одржа во манастирот Свети Прохор Пчински, еден месец по историското Прво заседание на АСНОМ, донесе одлука за основање на телеграфска агенција на Македонија - ТАМ. Оваа агенција одигра мошне важна улога во ширењето на вистината за праведната борба на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.

1944.- Кај селото Отиштино, Титовелешко, од Велешкиот НОП одред "Трајче Петкановски" и од борците од велешкиот крај е формирана Осмата македонска НОУ бригада. При формирањето имаше четири баталјони со околу 950 борци. Во септември бригадата дејствуваше по должината на железничката пруга Велес - Скопје.

1945.- Кај селото Корнишор, Ениџе-Вардарско, откако беше предаден и поколен од една грчка жандармериска единица, при обидот да го пробие обрачот, загина од непријателски рафал Атанас Коровешов, член на Главното раководство на НОФ, еден од најверните синови на македонскиот народ. Роден е во селото Смрдеш, Костурско, во 1918 година.

1945.- На палубата на американскиот брод "Мисури", во Токискиот Залив, е потпишана безусловна капитулација на царска Јапонија, последна членка на поразените сили во Оската. Со тоа заврши Втората светска војна.

1945.- Прогласена е Демократска Република Виетнам со претседателот Хо Ши Мин.

1947.- Во Рио де Женеиро, на иницијатива на САД, е склучен Рио пактот, воена спогодба на 20 држави од Американскиот континент, кој претставува прва регионална воена спогодба по Втората светска војна.

1971.- Обединетата Арапска Република (САР) го промени називот во Арапска Република Египет (АРЕ).

1973.- Умре англискиот писател Џон Роналд Руел Толкин, професор по англосаксонски и англиски јазик и книжевност на Оксфордскиот универзитет.

1990.- Околу 700 државјани на западни земји, меѓу кои многу жени и деца, заминаа од Багдат. Ирак, според толкувањата на Запад, ги држел како заложници пред избувнувањето на Заливската војна.

1991.- Во Скопје е формирано Геронтолошкото друштво на Македонија.

1998.- Швајцарски авион падна во Атланскиот океан во близина на канадската провицнија Нова Шкотска. Во несреќата загинаа сите 229 патници и членовите на екипажот.

1999.- Кина официјално соопшти дека со вооружена сила ќе го спречи евентуалниот обид на Тајван формално да ја прогласи независноста на островот.

2000.- Умре Александар Каевски, еден од основоположниците на современата македонска илустрација за деца и млади. Роден е во 1932 година.

2007.- Националната противпожарна служба на Грција соопшти дека се изгаснати главните пожари кои со денови беснееја на југот на Грција. Огнената стихија уништи околу 190.000 хектари шума и обработливо земјиште. Вкупниот број на жртви изнесува 65. Штетата од пожарите беше проценета на четири милијарди евра, а околу 4.000 луѓе остаа без своите куќи.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2008 во 09:00

1189.- Ричард Први Плантагенет "Лавовско срце" е крунисан за крал на Англија.

1500.- Во Фиренца е роден Венвенуто Челини, италијански вајар и златар. Својот бурен живот го опишува во автобиографијата која е значајна за културната историја на ренесансата. Главни дела: „Персеј со глава на медуза“, „Козимо Медичи“, „Трактат за златарството“, „Трактат за вајарството“ и други дела. Умре во Фиренца, на 14 февруари 1574 година.

1658.- Умре англискиот државник и војсоводец Оливер Кромвел, водач на англиската буржоарска револуција. Одбивајќи ја кралската титула, во 1653 година стана лорд на Кралството Ангија, Шкотска и Ирска. Две години по неговата смрт монархијата е обновена.

1759.- Од Португалија почна протерувањето на римокатоличките јузеи.

1783.- Велика Британија, САД, Франција и Шпанија го потпишаа Парискиот мир, со кој заврши американската војна за независност.

1791.- Француското собрание го усвои уставот со кој се воспостави уставна монархија.

1826.- Николај Први е крунисан за цар на Русија.

1866.- Во Женева почна првиот конгрес на Првата интернационала.

1877.- Умре францускиот државник и историчар Луј Адолф Тјер, основач и прв претседател на Третата република од 1871 до 1873 година. Како шеф на версајската влада во 1871 година во крв ја задуши Париската комуна.

1883.- Умре рускиот писател Иван Сергеевич Тургењев, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Тој е првиот руски писател кој со своите дела продре на Запад. Тургењев за време на неговиот живот уживаше поголем углед во Франција отколку во Русија.

1900.- Роден е финскиот државник Урхо Кеконен, претседател на Финска од 1956 до 1982 година. Кеконен е најстакнатиот фински политичар по Втората светска војна.

1900.- Во Струга е роден Ристо Крле, македонски драмски писател. Неговото дело претставува трајна вредност на македонската литература. Заедно со Васил Иљоски и Антон Панов, меѓу двете светски војни го оживеа драмскиот жанр во македонската литература. Негови познати дела се "Парите се отепувачка", "Антица", "Милиони маченици", "Автобиографија", "Велик ден" и други. Умре во Скопје, на 29 октомври 1975 година.

1901.- На патот од Банско за Симитли, кај месноста Потпрена Скала, македонски револуционери на чело со Јане Сандански, ги грабнаа американската мисионерка мис Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Стефанова Цилка, Бугарка, а со цел да се обезбедат пари за националноослободителното движење. За ослободувњето на грабнатите Организацијата доби 14.000 турски лири, што ги употреби за купување на оружје.

1916.- Сојузничките трупи ја поразија германската армија во Првата светска војна во битката кај Верден, во Франција.

1921.- Во Куманово е роден Христијан Тодоровски - Карпош, народен херој на Македонија. Во 1941 година учествуваше во собирањето на оружје, разнесување на летоци и на билтенот "Дедо Иван", што го издаваше градската партиска организација. Исто така, учествуваше во подготовките на Првиот кумановски НОП одред. Беше член на Штабот на Кумановскиот партизански одред. Загина при нападот на бугарската војска во селото Билјача, на 7 февруари 1944 година.

1925.- Во селото Габрово, Струмичко, е роден Манол Пандевски, македонски историчар и академик. Во 1987 година објавен му е избор од неговата научна активност во пет тома под наслов „Македонско ослободително дело во 19. и 20. век“. Умре во Скопје, на 21 мај 1998 година.

1933.- ВО Софија излезе првиот број на „Македонска правда“, весник на македонската емиграција. Од 1 до 11 број уредник беше Димитар П. Евтимов. Весникот ја подржуваше идејата за балканска федерација како единствено решение за мир на Балканот. Од 12-иот број весникот премина во рацете на протогеристите, при што Евтимов ја напуштил редакцијата. Излегоа вкупно 52 броја.

1939.- Два дена по германскиот напад врз Полска, Велика Британија и Франција во Втората светска војна и објавија војна на Германија.

1943.- Со навлегување на Осмата британската армија под команда на Бернард Монтгомери на Сицилија почна нападот на сојузничките трупи врз Италија во Втората светска војна.

1943.- Во Сиракуза, во Италија е потпишано примирје меѓу сојузниците и италијанската влада на маршал Бадолјо. Пет дена подоцна, Италија капитулира.

1944.- Повеќе од 300 балисти со невидена бруталност почнаа да се пресметуваат со населението во селото Маврово, Гостиварско. Се што ќе најдеа пред себе убиваа и пљачкосуваа. На крајот го запалија и го уништија до темел целото село. Изгорени беа повеќе од 150 куќи, пљачкосани повеќе илјади крупен и ситен добиток, претепани и убиени многу луѓе, а живи в оган беа фрлени Куне Трпевски, Симун Трифуновски, Евдо Десовски и Мара Штерјовска. На овој пат мавровчани не потклекнаа. Уште утредента во партизани заминаа 29 младинци, меѓу кои и седум младинки.

1948.- Умре чешкиот државник Едуард Бенес, претседател на Чехословачка од 1935 до 1938 и од 1946 до 1948 година. Беше лидер на Народната партија и најблизок соработник на првиот чехословачки претседател Томас Масарик. По војната, Бенес повторно беше претседател на државата, но кога комунистите ја приграбија целата власт поднесе оставка во 1948 година и набрзо умре.

1962.- Умре американскиот писател Едвард Естлин Кампингс. Во неговата поезија доминираат темите за љубовта и смртта.

1969.- Умре виетнамскиот државник Хо Ши Мин, претседател на Демократска Република Виетнам (Северен Виетнам) од прогласувањето во 1945 година. Хо Ши Мин беше водич во борбата против јапонската армија, француските колонијални трупи и американската војска. За време на Втората светска војна кога Јапонија го окупира Виетнам, создаде силно ослободително движење, јадрото на идната армија која им нанесе одлучувачки порази на Французите и на Американците, по што Северен и Јужен Виетнам се обединија во 1976 година.

1971.- СССР, САД, Велика Британија и Франција потпишаа спогодба за статусот на Берлин. Со оваа спогодба Берлин беше поделен на источен и западен дел.

1976.- Американскиот вселенски брод без човечка посада "Викинг 2" се спушти на Марс испраќајќи фотографии од Планетата.

1991.- Умре американскиот филмски режисер од италијанско потекло Френк Капра, автор на прекрасни комедии со сатиричка нота.

1991.- По седумгодишно мирување повторно проработи Металуршкиот комбинат за никел и антимон "ФЕНИ" кај Кавадарци.

1993.- Во Скопје умре Јован Ивањин, македонски писател. Автор е на книгите поезија "Нијанси", "Скици на далгите", "Последна балада" и на романот "Ајазме". Роден е во Скопје, на 3 април 1932 година.

1996.- САД изведоа еден од најсилните воени напади врз Ирак по завршувањето на Заливската војна во 1991 година.

1977.- Во виетнамскиот патнички авион "Тупољев 134", кој се урна во близина на аеродромот во главниот град на Камбоџа Пном Пен, загинаа 65 лица, главно странци.

1997.- Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија влегоа првите цевки од гасоводот за природниот гас, со што започна процесот на гасификација во државата.

1999.- На граничниот премин Генерал Јанковиќ, меѓу Македонија и СР Југославија, почна со работа царинската служба на УНМИК, наплатувајќи ги царинските давачки во германски марки.

2000.- Папата Јован Павле Втори го беатифицираше папата Пија Деветти од 19. век, игнорирајќи ги острите протести на еврејските и либералните ромакатолички кругови.

2002.- Врховниот суд на Израел одлучи израелските власти да можат да ги протераат роднините палестински терористи ако докажат дека се против безбедноста на Израел.

2007.- Британската војска ја напушти Барса, најважниот центар на нафтената индустрија во Ирак. Британците и претходно напуштија три јужни провинции во Ирак, предавајќи ја контролата на домашните сили. Повлекувањето е последица на честите напади во кои настрадаа голем број британски војници.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2008 во 11:49

1669.- Венеција им го отстапи грчкиот остров Крит на Турците, неуспевајќи да се одбрани од опсадата започната во 1648.

1768.- Роден е францускиот писател и дипломат Франсоа Рене Шатобријан, прекрасен стилист кој силно влијаеше на француската книжевност. По ранувањето во една од битките со приврзаниците на Француската револуција, во 1792 година емигрираше во Англија, каде остана до 1800 година. По враќањето на власт на династијата Бурбон во 1814 година, беше амбасадор и шеф на дипломатијата. Од политиката се повлече во 1830 година по Јулската револуција и падот на кралот Шарл Десетти.

1781.- Шпанските доселеници под името "Град на нашата кралица на анѓелите" го основале градот Лос Анџелес.

1809.- Роден е полскиот писател Јулиус Словацки, творец на полскиот романтичарски театар, мајстор на јазикот и формата.

1824.- Во Ансфелден кај Линц, Австрија, е роден Антон Брукнер, австриски композитор и свирач на оргули. Компонираше симфонии и црковна музика. Умре на 11 октомври 1896 година.

1837.- Во присуство на поголем број стручњаци, американскиот научник Самјуел Морзе со успех ја демонстрираше работата на својот телеграф. Кон средината на мај во 1844 година веќе беше воспоставена телеграфска врска меѓу Вашингтон и Балтимор, а набрзо телеграфот почнаа да го користат и европските земји.

1870. - Франција стана Република, со што заврши Второто царство на Наполеон Трети.

1886.- Апачкиот поглавар Џеронимо, еден од водачите на најголемите бунтовници на американските Индијаци против белите поробувачи, во Аризона му се предаде на американскиот генерал Нелсон Малс.

1903.- На Кајмакчалан, во борба против турската војска загина Манол Ризов, македонски револуционер. Учесник е во Илинденското востание и беше член на Костурското горско началство. Особено беше ценет сред македонските патријаршисти опфатени во редовите на ВМРО. Роден е во селото Бобишта, Костуско, во 1876 година.

1906.- Роден е американскиот биолог од германско потекло Макс Делбрик, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1969 година. Делбрик даде значителен придонес  во истражувањето на генетските структури на вирусот.

1907.- Умре норвешкиот композитор, пијанист и диригент Едвард Хагеруп Григ. Инспириран од националниот фолклор ја афирмира норвешката музика во светот.

1908.- Роден е американскиот филмски режисер Едвард Дмитрик, автор на криминалистички филови и филмови во кои се прикажани социјалните и расните проблеми во САД.

1929.- Германскиот "Гроф Цепелин" го заврши патувањето околу светот.

1944.- Во Втората светска војна британските и канадските трупи ги ослободија белгиските градови Брисел и Антверпен.

1944.- Советскиот Сојуз и објави војна на Бугарија која беше сојузник на фашистичка Германија. Три дена подоцна, трупите на маршал Толбукин ги започнаа операциите на Добруџа.

1951.- Умре Луј Адамич, американски писател од словенечко потекло. Во своите дела го опишува пред се животот на иселениците во САД. Познати негови дела се "Смеа во џунглата", "Враќање во татковината", "Лулка на животот", "Динамит" и други. Роден е на 21 март 1898 година.

1963.- Во Париз умре Жорж Брак, француски сликар, еден од основачите и главен претставник на кубизмот. Сликаше мртва природа, пејзажи и актови. Тој изврши големо влијание врз современото сликарство. Роден е на 13 мај 1882 година.

1963.- Умре францускиот државник и финансиски стручњак, Робер Шуман. Шуман во 1950 година го подготви "Шумановиот план" врз основа на кој во 1952 година е основана Европската заедница за јаглен и челик. Во неа членуваа Белгија, Холандија, Луксембург, Западна Германија, Италија и Франција. Беше министер за финансии во 1946, премиер од 1947 до 1948, а шеф на дипломатијата од 1948 до 1953 и министер за правда од 1955 до 1956 година.

1965.- Во Ламбаране, во Габон, умре Алберт Швајцер, познат француски хуманист, лекар, филозоф и музичар. Од 1913 година работеше како лекар-мисионер во организирањето на здравствената служба во екваторијална Африка. Во 1952 година ја доби Нобеловата награда за мир. Роден е во Крајзерберг, на 14 јануари 1875 година.

1970.- Сенаторот Салвадор Алјенде, социјалист по политичка припадност, победи на претседателските избори ви Чиле. Во Латинска Америка, првпат се случи еден револуционер по мирен пат, со избори, да дојде на власт. Против Алјенде наскоро се крена целата домашна опозиција, па во 1973 година, со помош на војската и на САД, во крвав пуч е соборен неговиот режим, општо прифатен од народот.

1974.- САД како последна западна земја воспостави дипломатски односи со Источна Германија.

1989.- Во Лозана, Швајцарија, умре Жорж Сименон, белгиски писател, "татко" на познатиот инспектор Мегре. Напиша повеќе од 500 книги, вклучувајќи ги и романите и автобиографските дела. Главен јунак во осумдесеттина негови книги е инспекторот Мегре за кој се снимени повеќе од 60 филмови. Роден е во 1903 година.

1991.- Умре Димче Стојанов (Димче Мире) учесник во национално-ослободителното движење, член на Президиумот на АСНОМ, претседател на Народното собрание на НР Македонија (1951-1955), директор на Архивот на Македонија (1960-1978), еден од основачите на архивистичката служба во Македонија. Роден е во Прилеп, на 10 октомври 1910 година.

1992.- Собранието на Република Македонија ја избра новата македонска коалициона влада. За нов премиер е избран Бранко Црвенковски. Тоа беше втора влада во повеќепартискиот систем на Република Македонија.

1992.- Поранешниот бугарски претседател Тодор Живков е осуден на седум години затвор под обвинение за проневера во државните фондови.

1995.- Под мотото "обединет Ерусалим е наш" Израел ја започна 15-месечната прослава по повод 3.000 години од прогласувањето за престолнина на еврејскиот народ од страна на кралот Давид.

1996.- Во Народната банка на Република Македонија се промовирани новите македонски пари, со нов дизајн, кои беа пуштени во оптек на 8 септември 1996 година.

1997.- Во експлозија на три бомби, кои во Ерусалим ги поставија исламски терористи, загинаа седум, а ранети беа безмалку 200 лица.

1998.- Меѓународниот трибунал во Хаг го осуди поранешниот премиер на Руанда, Жан Камбанду на доживотен затвор, под обвинение дека извршил геноцид врз племињата Тутси и Хути, извршен во 1994 година.

1999.- Во експлозија во петкатна станбена зграда во Бујанкс во руската автономна република Дагестан што ја подметнаа чеченски исламски терористи, загинаа најмалку 64 лица, повеќето жени и деца на руски офицери.

2002.- Според извештаите објавени во САД, финансиските загуби во Њујорк како последица од исламистичкиот терористички напад на градот од 11 септември, изнесуваа помеѓу 83 и 95 милијарди долари.

2004.- Најмалку 17 лица загинаа, а повеќе од 20 беа ранети кога бомбаш-самоубиец активира авто-бомба во близина на полициската академија во ирачкиот град Киркук.

2006.- Умре Стив Ирвин, австралиски активист за заштита на природата. Во светот беше познат по снимените емисии за диви животни, првенствено крокодилите. Загина при снимање на документарен филм.

2006.- Успешно е изведено првото тестирање (со патници) на „Ербас“ супер-џамбо авионот А380, најголем комерцијален авион во светот. Авионот полета од аеродромот во Тулуз во јужна Франција. А380 може да превезе меѓу 550 и 800 патници, зависно од конфигурацијата и има домет од 15.000 километри. Неговата цена изнесува 228 милиони евра.

2007.- Ураганот Феликс кој го зафати карипскиот брег однесе најмалку 38 животи во Никарагва и девет во Мексико, а уште 200 луѓе се водат за исчезнати. Во невремето се урнаа повеќе од илјада куќи. Во Хондурас не се забележани жртви, но повеќе од 25.000 луѓе беа евакуирани. Предхотниот голем ураган во Централна Америка - Мич во 1998 година однесе дури 10.000 животи.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2008 во 12:26

1522.- Шпанскиот морепловец Хуан Себастијан дел Кано прв ја обиколи Земјата враќајќи се во Шпанија со бродот "Викторија" со само 18 морнари. Со тоа тој ја зврши експедицијата започната во 1519 година. Експедицијата беше составена од пет брода и 270 морнари.

1569.- Умре Питер (Стариот) Бројгел (Брухел), фламански сликар, реалист и колорист, еден од првите пејзажисти во светот според вредноста и според времето во кое живеел. Претежно сликаше сцени од селскиот живот. Зад себе остави 40 слики, 100 цртежи и други дела. Автор е на делата „Ловци во снег“, „Поклонување на кралевите“, „Селска свадба“, „Селско оро“ и други. Роден е околу 1525 година.

1683.- Умре Жан Батист Колбер, француски државник, преродбеник на француската морнарица и основач на поморската и колонијалната моќ на Франција. Роден е на 29 август 1619 година.

1729.- Роден е германскиот писател и филозоф од еврејско потекло Моше бен Менахем, познат како Мозес Менделсон, основач на еврејското просветно движење во Германија.

1757.- Роден е францускиот генерал и државник Мари Жозеф Пол Ив Рос Жилбер де Мотје, познат како Mаркиз од Лафајет, кој од 1777 до 1781 година со американските колонисти се борел за ослобдување на Северна Америка од Британците.

1766.- Роден е Џон Далтон, англиски хемичар и физичар, еден од основачите на атомската теорија на материјата, кој прв ја постави врз експериментална основа. Своето сфаќање го изнесе во делото "Нов систем на филозофијата и на хемијата", го објави Прустовиот закон на постојани пропорции и го постави законот за зголемени пропорции. Прв ги одредуваше атомските тежини и хемиските елементи. Ги испитуваше особините на гасовите, го постави законот за парцијалните притисоци и се занимаваше со метеорологијата. Бидејќи страдаше од слепило за боја, ја проучуваше и таа анатомија, која по него е наречена "далтонизам". Умрел на 27 јули 1844 година.

1860.- Родена е Џејн Адамс, општествен реформатор, доботиник на Нобеловата награда за мир во 1931 година. Се занимавала со практично решавање на социјалните проблеми и била претседател на Меѓународната женска лига за мир и слобода.

1876.- Роден е шкотскиот физиолог Џон Џејмс Рикард Меклауд, кој заедно со кандскиот физиолог Фредерик Грантом Бантинг во 1923 година ја подели Нобеловата награда за медицина за откривањето на инсулинот.

1901.- Во Бафало, во САД е извршен атентат врз американскиот претседател Вилијам Мекенли кој умре по една недела, а на 14 септември истата година Теодор Рузвелт стана нов претседател на САД.

1903.- Кај селото Витишево, Кочанско, во борба против турската армија загина Милан Трајков Стоилов, македонски револуционер, еден од основачите и секретар на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, член на Тајниот македонско-одрински кружок и учесник во Илинденското востание. Роден е во Кукуш, на 14 јануари 1881 година.

1914.- Почна битката на реката Марна, една од најважните во Првата светска војна. Таа го означи пресвртот на боиштето, бидејќи француската војска ја порази германската, која до тој момент бележеше голема предност.

1940.- Романскиот крал Карол Втори Хоенцолерн во Втората светска војна абдицираше во корист на неговиот син Михајло.  

1943.- Поради акциите што ги преземаше Вториот кичевски НОП одред низ Копачијата, италијанскиот окупатор заедно со балистичките банди го запалија селото Извор, Кичевско, во  пожарот изгореа повеќе куќи и плевни.

1944.- Ослободено е Кратово.

1944.- Царската влада на Бугарија и објави војна на нацистичка Германија. Одлуката е донесена во моментот кога единиците на Црвената армија веќе дојдоа до бугарската граница. Бугарија дотогаш беше сојузник на Третиот Рајх.

1962.- Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечри на поезијата. Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е "Златниот венец", која првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна. Од 1971 година "Златниот венец" се доделува за целокупен поетски опус.

1966.- Јужноафриканскиот премиер Хендрик Френш Фервуд за време на парламентарната дебата во Кептаун го уби собранискиот к*рир Димитрик Кафондас. За време на неговото владеење од 1958 година донесени се најголем дел закони со кои се регулира системот на апартхејдот во Јужна Африка.

1968.- Африканското Кралство Свазиленд се стекна со незвисност од Велика Британија, која со неа владеела од 1881 година.

1970.- Палестински терористи грабнаа четири авиони кои летаа од Европа во Њујорк. Следниот ден во Карио го запленија авионот "Боинг 747" на американската компанија "Пан американ", а двата "Боинга 707" ги дигнаа во воздух на 12 септември 1970 година во Јордан. Четвртиот авион го спуштија во Лондон, а грабнувачката Лејла Калед беше уапсена.

1974.- Претставници на Фронтот за национално ослободување на Мозамбик и претставници на португалската Влада склучија спогодба за независност на Мозамбик.

1975.- Во катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција загинаа околу 2.350 лица.

1989.- При пад на кубански патнички авион во предградие на Хавана, непосредно пред полетувањето, загинаа 170 лица.

1991.- СССР ги призна за независни Литванија, Летонија и Естонија.

1991.- Ленинград го врати старото име Санкт Петербург.

1994.- Ирскиот премиер Алберт Рејнолдс првпат во име на ирската влада се сретна со Џери Адамс, лидерот на северноирската партија Шин Фејн со кој разговарал за политичко решавање на долгогодишната криза во судирот меѓу римокатолиците и протестантите во Северна Ирска.

1998.- Умре јапонскиот филмски режисер Акира к*росава, кој ја прослави јапонската кинематографија. к*росава е единствениот режисер добитник на два Оскара за најдобар странски филм. Успешно ги спои јапонската традиција и култура со европскиот сензибилитет, а критичарите го нарекоа "цар на јапонската кинематографија". Филмови: "Седум самураи", "Крвавиот престол", "Идиот", "Да се живее" и други. Роден е во Токио, на 23 март 1910 година.

1998.- Во Скопје, политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Демократската алтернатива ја промовираа предизборната коалиција.

2001.- Британецот Питер Бреј прв со кајак го преплива Атлантскиот Океан, за што му беа потребни 75 дена.

2002.- Германската Влада одлучи да им исплати повеќе од две милијарди евра надомест на спортистите од поранешна Источна Германија подложени на систематската програма за допионг од седумдесетите години на 20. век.

2007.- Во Модена умре светски познатиот италијански тенор Лучано Павароти. На Павароти му беше поставена дијагноза рак на панкреас по што му беше направена операција. Неговата светска слава пона на 17 февруари 1971 година со настапот во њујоршкиот Метрополитен. Во 1990 година се здружи со Хозе Карерас и Пласидо Доминго. Павароти доби неколку „Греми“ награди. Поради здравствените проблеми тој се прости од настапите во 2004 година. Роден е во Модена на 12 октомври 1935 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2008 во 12:09

1533.- Родена е англиската кралица Елизабета Прва, ќерка на кралот Хенри Осми и неговата втора жена Ане Болен. Во текот на 45-годишното владеење Елизабета Прва успешно ги консолидира внатрешните прилики и одлучувачки придонесе Англија да излезе на сите светски мориња. Во 1588 година со победата над шпанската „Непобедлива армада“ стана прва поморска сила. Во текот на нејзиното владеење, во 1566 година е основана Лондонската берза. Во 1587 година со погубувањето на заробената шкотска кралица Марија Стјуарт, предводничка на римокатоличката струја, ја осигура превласта на англиканската црква.

1701.- Со договорот потпишан во Хаг, познат под името „Големата алијанса“, е создаден сојуз меѓу Англија, Холандија и Светото римско царство за војна против Франција.

1764.- Станислав Поњатовски е крунисан за крал на Полска. Тој беше последниот крал во полската историја, а судбината му ја додели и улогата на гробар на полската независност бидејќи кон крајот на 18. век се вмешаа моќните царства Русија, Прусија и Австрија кои ја поделија Полска. Како независна држава Полска е обновена дури во 1918 година.

1812.- Кај селото Бородино, близу Москва, почна прочуената Бородинска битка меѓу француската војска на Наполеон Бонапарта и руската војска предводена од фелдмаршалот Михаил Иларионович Кутузов. Бородинската битка е една од најкрвавите битки во 19. век во која војуваа 133.000 француски и 117.000 руски војници, а во која загинаа 50.000 француски војници, меѓу кои и 47 генерали и 44.000 руски војници. Иако се чинело дека битката е без победник, по засилувањето на Кутузовата војска Наполеон бил принуден да се повлече. Во 1814 година руските војски, заедно со армиите на своите сојузници влегоа во Париз.

1822.- Република Бразил доби независност. Бразил беше португалска колонија од 1530 колонија. - Национален празник на Бразил.

1860.- Италијанскиот револуционер Ѓузепе Гарибалди со своите „црвенокошули“ го зазеде Неапол кој беше под австриско влијание. Тогаш конечно е укинато Неаполското кралство, а локалната династија Бурбон отиде во прогонство.

1901.- Со мирот во Пекинг заврши таканареченото Боксерско востание во Кина. Тоа беше бунт на селаните и на градската сиромаштија против странските империјалисти и домашните угнетувачи (1899-1900). Востанието го предводеа членовите на тајното здружение „И хе таун“, а беше задушено за заедничка акција на трупите на европските сили, на Јапонија и на САД.

1909.- Роден е американскиот филмски режисер од ерменско потекло Елија Казанџоглус, познат како Елија Казан. Добитник е на награда на фестивал во Венеција, како и на повеќе оскари. Филмови: „Едно дрво расте во Бруклин“, „Пинки“, „Бумеранг“, „Џентлменски договор“, „Паника на улиците“, „На брегот“, „Трамвајот наречен желба“, „Вива Запата!“, „Источно од рајот“, „Беби Дол“, „Дива река“.   

1913.- Роден е американскиот физичар Џејмс Алфред ван Ален. Тој ги откри двата појаси на зајакнато зрачење кои ја обвиваат Земјата. Појасите во форма на прстени, подоцна се наречени „Ван Еленови радијациски појаси“, кои ги откри со помош на Гајгер-Мелеровите бројачи поставени во 1958 година на вештачите сателити „Експлорер 1“ и „Експлорер 2“.

1940.- Авионите на нацистичка Германија го почнаа бомбардирањето на Лондон. Оваа акција беше познато под името Лондонски блиц.

1962.- Тајван ги прекина дипломатските односи со Лаос, неколу часа по воспоставувањето на дипломатските односи на Лаос со Кина и со Северен Виетнам.

1989.- Во Скопје умре Борис Атков, македонски борец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939) и учесник на Првото заседание на АСНОМ. Голем е неговиот придонес во развојот на културата и филмот во Македонија. Роден е во Скопје, во 1904 година.

1992.- Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји.

1993.- Во Скопје е пуштена во работа меѓународната телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и Република Бугарија, на релацијата Скопје-Софија.

1993.- Шест поранешни советски републики - Русија, Белорусија, Казахстан, Узбекистан, Ерменија и Таџикистан - потпишаа договор за задржување на рубљата како заедничка валута.  

1995.- Во Белград умре Радослав Лола Ѓукиќ, истакнат југословенски режисер, драматург и сценарит. Роден е во Смедерево, во 1923 година.

1997.- Во Скопје е отворен првиот Мекдоналдс ресторан во Македонија (во светот има повеќе од 20.000 Мекдоналдс ресторани).

1999.- Во земјотрес во Атина загинаа 139 лица.

2005.- Умре италијанскиот пејач и текстописец Серџо Ендриго, кој во шеесетите години од 20. век се прослави со хитот "Io che amo solo te". Со песната "Canzone per te" победи на музичкиот фестивал во Сан Ремо во 1968 година.

2005.- Во Египет се одржани првите непосредни повеќепартиски претседателски избори на кои Хосни Мубарак по петти пат го освои шестогодшниот претседателски мандат. На претходните избори Мубарак беше избиран како единствен кандидат во египетското собрание.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2008 во 11:49

1157.- Роден е англискиот крал Ричард Први Плантагенет "Лавско срце", херој на средновековната легенда и еден од водачите во Третата крстоносна војна, кој владееше од 1189 до неговата смрт во 1199 година.

1380.- Големиот московски кнез Димитрие Донски ја победи Куликовата татарска војска. Тоа беше прва победа на Русија над Татарите кои во 13. век ја запоседнаа Русија.

1474.- Роден е италијанскиот писател Лодовико Ариосто. Неговиот витешки еп "Бесниот Орландо" со мотиви на љубовното лудило на јунакот Орландо од времето на Карло Велики, е еден од најблескавите поетски изрази на духот, моралните и уметничките тенденции на италијанската ренесанса.

1645.- Умре шпанскиот писател Франциско Гомес де Кеведо и Виљегас, сатиричар кој поради зајадливиот јазик и острото перо повремено бил повластен во дворот, а повремено прогонуван и затворан.

1664.- Предводени од полковникот Ричард Николс, Англичаните без ниеден испукан к*ршум ја зазедоа холандската населба Нов Амстердам, која подоцна во чест на Џејмс, војводата од Јорк, подоцна крал Џејмс Втори, е наречена Њујорк.

1760.- Британските трупи под команда на Џефри Амхерст ги поразија Французите кај Монтреал во клучната битка од седумгодишната војна за Канада.

1830.- Роден е францускиот писател и филолог Фредерик Мистрал, добитник на Нобеловата награда за литература во 1904 година. Најмногу пишувал лирски песни, епови и драми.

1841.- Роден е чешкиот композитор Антонин Дворжак, еден од творците на Чешката национална школа. Користел фолклори и на други словенски и северноамерикански народи. Неговите дела се полни со мелодика и оркестарски бои полни со словенски чувства. Беше следбеник на новата класика на Јоханес Брамс. Умре во Прага, на 1 мај 1904 година.  

1856.- Во Париз со договорот за мир заврши Кримската војна помеѓу Русија и Отоманското царство започната во 1853 година, а од 1854 година во војната се вклчучиле и Велика Британија, Франција и Кралство на Сардинија (Пиемонт).

1900.- Во градот Галвестон, Тексас, од ураган загинаа најмалку 8.000 лица.

1903.- Во Битола, од двајца Албанци - турски стражари  убиен е Александар Аркадиевич Ростковски, руски конзул во Битола. Како руски дипломат во Македонија, тој добро ги следеше настаните во Македонија, а особено тие што се случуваа на територијата на Битолскиот вилает. Посебно внимание обрнуваше на дејноста на ВМРО, за нејзината разгранетост на градски и на селски револуционерни комитети, за движењето на револуционерните чети во Македонија, а особено за почетокот на Илинденското востание. Роден е во 1860 година.

1925.- Роден е англискиот филмски глумец Питер Селерс, познат комичар.

1926.- Друштвото на народите едногласно ја прими Германија за рамноправна членка.

1931.- Руските трупи под команда на генералот Иван Паскевич Еривански ја зазедоа Варшава по битката во која беа победени полските востаници под команда на генералот Хенрик Дембињски. Во тридневната битка загинаа повеќе од 9.000 Пољаци.

1941.- Германските трупи во Втората светска војна целосно го зазедоа Ленинград, отсекувајќи го од останатите делови на Советскиот Сојуз. Со тоа почна опсадата која заврши во јануари 1944 година со победа на Црвената армија. За време на опсадата, од глад умреа околу 620.000 жители на градот.

1942.- Во Лавчанската Корија, Битолско, е формиран НОП одред „Јане Сандански“. Овој одред престојуваше и во Егејска Македонија, каде што воспостави соработка со антифашистичкото движење во Леринско и во Костурско и со одредот „Вичо“.

1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на Италија, а малку подоцна премиерот Бодолјо им нареди на италијанските вооружени сили да го запрат отпорот против Британците и Американците.

1943.- Ослободен е Дебар.

1944.- Првата германска ракета "Фау 2" во Втората светска војна, лансирана од Хаг падна врз Лондон.

1944.- Советските трупи во Втората светска војна ја преминаа границата со фашистичка Бугарија.

1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.

1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор и диригент. Компонираше опери, оперети, балети, соло-песни, камерна музика и друго. Автор е на оперите "Салома", "Електра", "Кавалер со ружа", на поемата "Дон Жуан" и на други дела. Роден е на 11 јуни 1864 година.

1951.- Јапонија во Сан Франциско, САД, потпиша договор за мир со 49 земји.

1954.- Во Манила САД, Филипини, Австралија, Нов Зеланд, Тајланд, Пакистан, Велика Британија и Франција, на иницијатива на Вашингтон, го основаа СЕАТО-пактот, замислен како алка во американската стратегија за опкружувањето на СССР. Неговото создавање е објаснето како "заштита на Азија од комунистичките опасности".

1967.- Уганда со стапувањето во сила на новиот Устав стана Република.

1967.- УНЕСКО го прогласи Меѓународниот ден на писменоста.

1976.- Во Скопје умре Кирил Ќамилов, македонски учесник во Шпанската граѓанска војна (1936-1939 г.). Роден е во Велес, на 28 јануари 1898 година.

1979.- Во Скопје умре Видое Смилевски - Бато, народен херој на Македонија, истакнат револуционер и општествено-политички раководител. Роден е во селото Никифорово, Гостиварско, на 14 август 1915 година.

1984.- Во Атина умре Рита Буми Папа, истакната грчка поетеса, повеќекратен учесник на Струшките вечери на поезијата и на Меѓународната средба на литературните преведувачи во Тетово. Автор е на триесетина поетски, прозни и есеистички книги, меѓу кои најзначајни се стихозбирката "Љубовни песни", "Нена", "Ново зеленило", "Пулсот на мојата тишина", "Илјада убиени девојки" (во која е поместена и песната на македонската хероина Мирка Гинова) и други. Таа е составувач и на антологијата на светската лирика, во која се поместени и песни од македонските поети (Константин Миладинов, Рајко Жинзифов, Кочо Рацин, Коле Неделковски, Ацо Шопов, Матеја Матевски и Анте Поповски). Родена е во 1906 година.

1991- Во Република Македонија се одржа Референдум на кој граѓаните со право на глас се изјаснуваа на прашањето: Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија. На Референдумот учествува 1,2 милиони наши сонародници, а според резултатите кои беа објавени речиси стопроцентно беше поддржана самостојноста на Македонија. Според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегоа 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со право на глас. Од нив 95,09 отсто гласаа ЗА самостојна и независна македонска држава. Текот на Референдумот го следеа 167 домашни и 100 странски акредитирани новинари. Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ, по дефинитивното изјаснување на Словенија и Хрватска дека се определуваат за независност и самостојност. Во Македонија беше спроведено пред референдумска кампања, а на 2 септември беше објавен заеднички проглас на парламентарните и вонпарламентарните партии со кои граѓаните беа повикани масовно да излезат и да се изјаснат ЗА на Референдумот. Партиите на Албанците ПДП и НДП не го поддржаа прогласот. Поддршка на Референдумот изрази само Унијата на албанската интелегенција. Во кампањата на Референдумот се вклучи и Македонската православна црква која со семакедонска христијанска, православна молитва, преку божествена литургија, одржана на 1 септември во Соборниот храм Свети Климент Охридски, го обнароди значењето на Референдумот како трето илинденско послание. Во тој период, поточно на 15 јануари 1992 година, Република Бугарија беше првата држава што ја призна независноста на Македонија. Следуваа признавањето од Турција, Словенија, Хрватска, Русија и Босна и Херцеговина... Инаку на Референдумот му претходеше Декларација за независност што првото повеќепартиско македонско Собрание ја усвои на 25 јануари 1991 година формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија. Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Сенка врз настаните со кои се појавија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на Референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од страна на пратениците Албанци. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето на ОН беше направено под привремената референца Пораншена југословенска Република Македонија. Република Македонија денес има восоставено дипломатски односи со 158 држави во светот, а под уставното име е признаена од 117 меѓу кои и три од членките во Советот за безбедност - Кина, Руската Федерација и САД.  

1992.- Промовирана е првата редовна поштенска марка на Република Македонија.

1994.- Сите 132 патника и членови на екипажот на американскиот авион "Боинг 737" кој полета од Чикаго, загинаа при падот на авионот близу аеродромот во Питсбург.

1995.- Министрите за надворешни работи на Југославија, Хрватска и на сараевската муслиманска влада постигнаа устен договор во Женева за поделба на Босна и Херцеговина на два ентитета - Република Српска и муслиманско-хрватска федерација и за основните уставни принципи.

1995.- Во Скопје умре Ристо Марковски, македонски новинар и познат публицист во областа на науката и техниката. Роден е во Галичник, во 1927 година.

1997.- Најмалку 150 лица загинаа во близина на западниот брег на Хаити кога потона натрупан ферибот пловејќи кон островот Гонав.

2000.- На собирот во седиштето на ОН, во Њујорк, учествуваа најмногу светски лидери - кралеви, претседатели и премиери на 150 држави.

2003.- Умре германската режисерка и фотограф Лени Рифенштал, последна значајна фигура на нацистичката ера, официјален синеист на Третиот Рајх и омилен режисер на Адолф Хитлер.

Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2008 во 12:45
1931.- Руските трупи под команда на генералот Иван Паскевич Еривански ја зазедоа Варшава по битката во која беа победени полските востаници под команда на генералот Хенрик Дембињски. Во тридневната битка загинаа повеќе од 9.000 Пољаци.




Баш ме интересира ова од кај ти е.Да не си утнал за 10 години работата?






Изменето од Царевић - 08.Септември.2008 во 12:46
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2008 во 10:57

- Национален празник на Демократска Народна Република Кореја.

1737.- Роден е Луиџи Галвани, италијански физичар. Како прв професор по анатомија на Универзитетот во Болоња го откри галвановиот електрицитет. Според него се наречени еднонасочните електрични струи и голем број електрични процеси и постапки. Умрел во 1798 година.

1776.- Воведен е  официјалниот назив Соединети Американски Држави наместо Обединети Колонии кој дотогаш беше во употреба.

1828.- Во Јасна Полјана е роден Лав Николаевич Толстој, руски писател, ненадминат раскажувач, романописец, драматичар и општествен реформатор. Делата ги создаваше спонтано и според уметничка совест, донесувајќи поетска целосна вистина. Како аналитичар и просветител се истакнува со делото "Војна и мир". Неговите дела и идеологија значително влијаеја врз европската мисла и литература. Умре во Астатово, на 20 ноември 1910 година.

1901.- Умре Анри де Тулуз-Лотрек, француски сликар, голем мајстор на литографијата чии омилени мотиви беа личности и настани од ноќниот живот на Монпаранс во Париз. Роден е во Париз, на 24 јуни 1864 година.

1920.- Во Тетово е роден Тодор Циповски - Мерџан, народен херој на Југославија, од Македонија. Во борбата против балистите загина во селото Белчица, Мавровско, на 19 септември 1944 година.

1944.- Царството Бугарија капитулира по пробивот на единиците на Црвената армија и по избувнувањето на народното востание. - Национален празник на Бугарија.

1976.- Во Пекинг умре Мао Це Тунг, кинески револуционер, теоретичар и државник. Тој е основач на првите марксистички групи во земјата и еден од основачите на КП на Кина, која под негово водство ги освои клучните победи во ослободителната војна против јапонската инвазија и во Големата кинеска револуција. Роден е на 26 декември 1893 година.

1984.- Во Париз умре Јилмаз Гинеј, турски синеаст и писател, еден од најталентираните светски филмски творци. Роден е во 1937 година.

1991.- Советската Република Таџикистан  прогласи  независност.

1994.- Започна со работа Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите нации во Виена.

1994.- Кај Питсбуг, Пенсилванија, во САД, се урна американски авион од типот „боинг 737“, при што загинаа сите 131 патник и членови на екипажот.

1996.- Воспоставени се целосни дипломатски односи меѓу СР Југославија и Република Хрватска.

2004.- Во Флинтриџ, Калифорнија, САД, умре Френк Томас, легендарен аниматор на "Волт Дизни". Работеше на речиси сите познати анимирани филмови на Дизни, од "Снежана и седумте џуџиња" до "Пинокио" и "Бамби". Роден е во 1912 година. 

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2008 во 11:24

1526.- Турската војска под команда на султанот Сулејман Први по победата над Унгарците во Мохачката битка, успеа да го заземе Будим, кој стана седиште на Будимскиот пашалок, провинција на Османлиското царство во наредните 150 години.

1721.- Шведска и Русија со мир во Нистад, Финска, ја завршија Големата северна војна, започната во 1700 година, во која рускиот цар Петар Велики ги победи Швеѓаните со што доби излез на Балтичкото Море.

1839.- Роден е американскиот филозоф и логичар Чарлс Сандерс Пирс, основач на прагматизмот. Верувал дека идеите најмногу можат да се испитаат со истражување на последиците кои ги предизвикуваат. Немал универзитетска кариера, главно работел во владини служби, а неговите влијателни собрани дела се објавени постхумно.

1855.- Роден е германскиот археолог Роберт Колдевеј, кој од 1889 до 1917 година го истражувал Вавилон и докажал дека библиската метропола на реката Еуфрат, јужно од Багдат, навистина постоела.

1890.- Роден е австрискиот писател Франц Верфел. Голем успех постигнал со новелата "Не е крив убиецот, крив е убиениот", со типично експресионистички мотиви, судири меѓу татко и син.

1905.- Во Велес е роден Алексо Демниевски - Бауман, македонски борец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939) и во НОВ на Македонија од крајот на 1944 година. Во Шпанската граѓанска војна беше командант на баталјонот "Ѓуро Ѓаковиќ", а потоа откако беше унапреден во чин мајор стана командант на интернационалната бригада "Георги Димитров". Во НОВ на Македонија беше командант на Петнаесеттиот македонски ударен корпус. Умрел во Белград, на 5 септември 1961 година.

1910.- Во Прилеп е роден Мирче Стојанов (Димче Мире), учесник во националноослободителното движење, член на Президиумот на АСНОМ, претседател на Народното собрание на НР Македонија, еден од основачите на архивистичката служба во Македонија. Умрел во Скопје, на 4 септември 1991 година.

1914.- Роден е американскиот филмски режисер Роберт Вајз, двапати добитник на Оскар. Вајз кариерата ја започнува како монтажер во филмовите "Граѓанинот Кејн" и "Величенствените Амберсонови" на Орсон Велс.

1917.- Во Скопје е роден Драган Ташковски, истакнат македонски историчар, публицист и општествено-политички работник. Умрел на Хвар, на 16 септември 1980 година.

1919.- Во Сен Жермен, кај Париз, склучен е мировен договор меѓу Австрија и победничките сили во Првата светска војна. Мировниот договор формално ја потврди пропаста на австроунгарската монархија и на Австрија и беше забрането да се здружи со исто така поразената Германија. Со договорот е признаено Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

1925.- Во Париз излезе првиот број на весникот „Македонско дело“, орган на ВМРО (Обединета). Излегуваше и во Берлин и во Виена. Главен уредник беше Владимир Поп Томов, а во редакцијата беа Димитар Влахов, Јордан Атанасов, Дино Косев, Т. Рилски и други. Ги спроведуваше идеите што беа во основата на Мајскиот манифест - борба против режимите на Бугарија, Југославија и Грција, а за независна Македонија во федерација на слободните балкански народи.

1927.- Родена е перуанската пејачка од индијанско-шпанско потекло Има Сумак. Во нејзиниот репертоар преволадуваат обработки на индијанската народна мелодија.

1939.- Британскиот доминион Канада и објави војна на нацистичка Германија со што пресметката во Европа доби карактер на светска војна. Канадските единици се бореа во рамките на британската армија на сите фронтови во Втората светска војна.

1942.- Британското воено воздухопловство во Втората светска војна со 476 авиони го нападна Диселдорф при што исфрли околу 100.000 бомби.

1943.- По капитулацијата на Италија во Втората светска војна, германската армија го окупираше Рим.

1944.- Во ослободениот Париз, генерал Шарл де Гол, водач на армијата слободни Французи и на деголистичкото движење ја формира првата влада на новата Четврта француска република.

1944.- Во Софија, на заседанието на Организациониот комитет на Светскиот рударски конгрес, Националниот организационен комитет на Република Македонија е примен за полноправен член.

1945.- Во Норвешка, под обвинение за предавство, осуден на смрт беше водачот на норвешките фашисти Видкун Квислинг. Во Втората светска војна беше премиер на марионетската влада од 1942 до 1945 година. Со негова помош во 1940 година Германија  ја окупира Норвешка.

1964.- Министрите за надворешни работи во Организацијата на африканското единство, на заседание во Адис Абеба, го прифатија планот за завршување на граѓанската војна во Конго.

1967.- Граѓаните на Гибралтар на референдум ја отфрлија можноста за припојување кон Шпанија, определувајќи се да останат под управа на Велика Британија.

1974.- Врз основа на договорот постигнат во Алжир, Португалија ја призна независноста на Гвинеја под водство на претседателот Луис Кабрал.

1976.- Во судирот на патничките авиони "Трајдент" на британската компанија "Бритиш ервејз" и "ДЦ-9" на југословенската компанија ЈАТ, северно од Загреб, загинаа сите 176 лица во двата авиони.

1979.- Во Москва умре Антониот Агустино Нето, англиски политичар, поет и публицист, еден од најистакнатите водачи на анголскиот народ во борбата против португалските колонизатори. Од 1962 година беше претседател на Народното движење за ослободување на Ангола, а од прогласувањето на независноста во 1975 година - претседател на Народна Република Ангола и врховен командант на оружените сили. Роден е во 1922 година.

1981.- Сликата "Герника" на шпанскиот сликар Пабло Пикасо е вратена во Шпанија. Насликана е во 1937 година, по нацистичкото бомбардирање на гратчето Греника во Шпанската граѓанска војна и од 1939 година беше во Њујорк. Пикасо остави аманет "Герника" да не биде вратена се додека неговата земја не стане демократска држава.

1989.- Унгарија ги отвори границите кон Запад и дозволи заминување на илјадници граѓани на Источна Германија. Масовниот егзодус го предизвика падот на Берлинскиот ѕид, а подоцна и обединувањето на Германија.

1991.- Регистирано е политичкото здружение Македонски совет за европско движење со седиште во Скопје.

1993.- Израелскиот премиер Јицак Рабин во Ерусалим го потпиша официјалното израелско признавање на Палестинската ослободителна организација (ПЛО). Церемонија е извршена откако премиерот Рабин го доби писмото од лидерот на ПЛО Јасер Арафат со кое се признава Израел, како и копијата од другото писмо на Арафат во кое тој повикува на крај на Интифадата.

1994.- Во селото Арачиново, Скопско, е поставен и осветен камен-темелникот на новата црква "Св. Маченик Талалеј".

1998.- Умре Александар Ленин, етномузиколог, прв доктор на музички науки во Македонија. Роден е во Кавадарци, на 5 октомври 1908 (или, според семејството во 1906 година).

1998.- Водачите на пробританските монархистички протестанти и проирските римокатолички републиканци во Северна Ирска се сретнаа за првпат лице во лице по 1922 година, но не дојде до склучување мировен договор во таа провинција на Велика Британија.

2000.- Во Република Македонија се одржаа вторите локални избори (по осамостојувањето) за градоначалник и за членови на општинските совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на град Скопје.

2002.- Швајцарија стана 190 членка на Обединетите нации.

2003.- Шефот на шведската дипломатија Ана Линд, со нож беше прободена во стоковна куќа во Стокхолм од страна на Швеѓанин од српско потекло. Следниот ден почина.

2007.- Најмалку 37 лица загинаа, а 150 беа повредени во експлозија на камион натоварен со експлозив во северно Мексико. Камионот се судри со друго возило, а во несреќата настрадаа припадници на војската, полицијата,  спасувачките служби и новинари кои се најдоа на местото на несреќата. 

2007.- Во својот дом во Палм Спрингс, Калифорнија, во САД, умре Џејн Вајман, „последната ветеранка на Холивуд“, една од најекспонираните и најкомерцијални актерки во четириесеттите и педесеттите години на 20. век, добитник на „Оскар“. Родена во 1914 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2008 во 09:38

1524.- Роден е францускиот писател Пјер де Ронсар, француски писател од времето на ренесансата, водач на поетската школа „Плејада“. Главни негови збирки се „Оди“, „Химни“, „Елегии“ и други. Умрел на 27 декември 1585 година.

1830.- Прогласена е Република Еквадор како дел на конфедерацијата на Колумбија.

1823.- Во Лондон умре Давид Рикардо, англиски економист, главен претставник на англиската класична школа, приврзаник на теоријата за работната вредност. Во 1809 година го објави памфлетот „Цената на златото“. Најпознато негово дело е „Принципи на политичката економија“. Роден е во Лондон, на 19 април 1772 година.

1855.-Заврши опсадата на Севастопољ, најголемата операција во кримската војна. Британците, французите и пиемонтезите успеаја да го заземат градот кој беше клучна црноморска морска база на руската армија

1862.- Роден е американскиот писател Вилијам Сидни Портер, познат како О. Хери, творец на спеицифичниот жанр - кратки хумористични и малку иронични приказни со неочекуван крај. Објавил околу 600 приказни и 11 книги, повеќето за животот на жителите на Њујорк.

1883.- Роден е рускиот револуционер Григориј Јевсејевич Зиновјев, еден од првите болшевици и организатор на Октомвриската револуција во 1917 година. Тој ги предводел влијателниот Петроградски совет и Комитетот за одбрана во граѓанската војна, а од 1919 до 1926 година бил претседател на Ивршниот комитет на Коминтерната. Бил стрелан во 1936 година во време на "големата чистка" која ја организирал Јосиф Сталин по убиството на Сергеј Киров кон крајот на 1934 година.

1885.- Роден е англискиот писател Дејвид Херверт Лоренс. Дела: романите „Белиот паун“, „Синови и љубовници“, „Љубовникот на леди Четерли“, „Вљубени жени“, расказите „Пруски офицер“, „Англија, моја Англија“, есеите „Студиите за класичната американска книжевност“, „Апокалипса“, песните „Љубовни и други песни“, „Аморес“, „Желки“.

1903.- На планината Плавица, Кратовско, здружените чети на македонските војводи Славчо Ковачев и Атанас Бабата водеа еднодневна борба против турската војска. Здружените чети имаа тројца загинати и еден ранет борец.

1905.- На битолскиот Ат-пазар Турците го обесија Александар Турунџиерв-македонски легендарен војвода. Турците го фатија со помош на предавници и го осудија на смрт. Меѓу најзначајните негови вооружени акции е нападот на железничката стница во Врбени, Леринско, заедно со здружениот одред од 200 востаници на Ѓорѓи Поп Христов и Михаил Чаков. Роден е во селото Врбени, во 1872 година.

1917.- Роден е филипинскиот диктатор Фердинанд Едралин Маркос, кој владеел безмалку 22 години. Во Втората светска војна бил герилец во антијапонското движење за отпор, во 1959 година станал претседател на Сенатот, а од 1965 година бил избран за шеф на државата. Во почетокот бил доста популарен бидејќи го поттикнал развојот на земјоделството. Повторно е избран за претседател во 1969 година, но во текот на вториот манадат економијата значително опаѓа, а во самиот врв на власта почнала да цвета корупцијата. Во септември 1972 година пред истекот на мандатот, вовел вонредна состојба. Фердинанд Едралин Маркос кршејќи го уставот владеел со диктаторски методи со премолчена поддршка од Америка. Од власт е тргнат во 1986 година кога и избегал од земјата, а во 1989 година умрел како бегалец на Хаваи.

1922.- Прогласен е британски мандат врз Палестина, за што Арапите објавија ден на жалост.

1941.- Претседателот на САД Франклин Рузвелт издаде наредба до американското воено воздухопловство и до морнарицата да отворат оган врз сите бродови на силите на Оската кои ќе влезат во водите на западната хемисфера. Тоа беше конечно американско раскинување со политиката на изолационизмот. САД отворено застанаа на страната на Велика Британија и на СССР, иако стапија во војна дури по јапонскиот напад врз Перл Харбур.

1943.- На патот Кичево - Охрид НОП баталјон "Мирче Ацев" урна три моста и исече 130 столбови, а во селото Смилево, Охридско, ја запали жандармериската станица. Следниот ден баталјонот влезе во Кичево.

1944.- Струмичкиот партизански одред ја ослободи Струмица и околните села.

1944.- Ослободен е Ресен.

1944.- Сојузничкте сили го зазедоа Луксембург и се пробија на германска територија.

1948.- Умре пакистанскиот државник Мохамед Али Џин, основач и прв претседател на Пакистан. Заедно со Махатма Ганди и Џавахарлал Нехру се борел за независност на индискиот потконтинтент од Велика Британија, но потоа со нив дошол во судир барајќи посебна муслиманска држава. Британија во 1947 година ја призна независноста на Индија и на муслиманските држави наречени Пакистан.

1971.- Во Москва умре Никита Сергеевич Хрушчов, советски политичар и државник. На Дванаесеттиот конгрес на КПСС Хрушчов ги подложи на радикална критика методите и системот на власта на Јосиф Висарионович Сталин и со тоа отвори нов период во советската внатрешна и надоврешна политика. Во 1964 година беше сменет од сите функции. Роден е на 17 април 1894 година.

1972.- Во Кичево се одржаа првите Литературни средби „к*рирче“. Во почетокот беа познати како „Копачки видувања“. Тоа е манифестација на македонските писатели и на младите творци од литературата и од ликовната уметност.

1973.- Во фашистичкиот заговор што го организираа домашните и странските реакционерни сили е убиен Салвадот Алјенде, претседател на Чиле. Во опколената претседателска палата Алјенде го одби барањето на пучистите да се предаде во замена за животот. На своето последно боиште е најден мртов. Роден е во 1908 година.

1979.- Умре анголскиот државник и писател Агостињо Нето, прв претседател на Ангола, лекар по професија. Бил предводник во борбата за ослободување на земјата која успешно заврши во 1975 година. Поради борбата за независност на Ангола од 1951 година повеќе пати е затворан, а од 1962 година бил на чело на Народното движење за ослободување на Ангола.

1991.- Претседателот на СССР Михаил Горбачов го најави заминувањето на советските војници од Куба.

1995.- Илјадници демонстранти протестираа во Париз заради обновувањето на француските нуклеарни проби во јужен Пацифик.

1996.- Република Македонија и Бахреин воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

1997.- Шкотите на референдум со мнозинство гласови го одобрија планот на британската влада за воспоставување парламент во Шкотска, првпат по безмалку 300 години.

1997.- Република Македонија стана полноправна членка на Централно и источноевропската регионална иницијатива за управување со воздушниот простор (ЦИЕРВИ).

2000.- На привремената караула Кодра Фура на македонско-југословенската граница, кон Косово, дојде до серија инциденти во кои непознати вооружени лица пукаа кон македонските граничари.

2001.- Исламски терористи во САД киднапираа четири патнички авиони и изведоа најголеми терористички напади во историјата. Двете кули на Светскиот трговски центар во Њујорк потполно беа урнати кога во нив удрија два авиони. Третиот авион со едното крило допре до зградата на Пентагон во Вашингтон, а четвриот, после борбата меѓу патниците и киднаперите, се урна во Пенсилванија. Во нападите загинаа најмалку 2.973 лица. САД за нападите ја обвинија терористичката мрежа на Ал Каеда на саудискиот исламски терорист Осама бин Ладен.

2001.- Почина шведскиот министер за надворешни работи Ана Линд. Таа претходниот ден се здоби со повреди кога непознато лице ја нападна и избоде со нож додека пазаруваше во една стоковна куќа во центарот на Стокхолм.

2004.- Патријархот александријски и на цела Африка Петрос ВИИ и даванаесет свештеници кои го пратеа на аџилак на Света Гора загинаа кога хеликоптерот со кои се превезуваа се урна во Егејското Море.

2007.- Во Виена умре Џо Завинул, (роденото име му е Џозеф Ерих Завинул), австриски клавијатурист и композитор, еден од највлијателните џез-музичари на денешнината. Тој на двапати беше учесник на „Скопскиот џез-фестивал“, во 1994 и во 1996 година. Роден е во Виена, на 7 јули 1932 година.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,195 секунди.