IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Окупација од Бугарската војска 1941
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Окупација од Бугарската војска 1941

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9495969798>
Автор
Порака Обратен редослед
Aminta3 Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 15.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 93
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aminta3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2009 во 18:34
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Па секаде во светот Фашистичките сили и третиот рајх е признаен за окупатор над соседните земји само вие Бугарите се вадите како да сте биле најдобрите од во Рајхот.Абе тоа е тоа окупатор си е окупатор



Јас дури сега ја видов темава!!
Бугарите ставиле видео клипови дека демек ја ослободиле Македонија во 1941 год.?!?!

Ево за споредба како Хитлер ја “ослободил“ Чехословачка:



Од тезата дека Хитлер и Бугарите негде нешто и некого ослободувале може само бурлеска да се направи, дури ни тоа.

     

Изменето од macedon_alex - 23.Април.2009 во 18:02
Кон врв
Neanticki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 564
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neanticki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2008 во 18:35
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Па погледни ги документите - се е јаснонамигнување


Јас ги погледнав, погледни ги и ти. Доноси на агент Алберт, најчесто што направил или кажал Владимир Венцелов Рајчев.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2008 во 18:27
Па погледни ги документите - се е јаснонамигнување
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2008 во 12:35
Бугарија призна - биле окупатори во Македонија од 1941-1944

Колку и да се лути Бугарскиот министер за надворешни работи околу нивната историја, полека,полека вистината излегува на површина. Самите болгари докажуваат дека историјата им е фалсификувана. Прочитајте сами.

автоцензура на срамът на коритаров(още агент алберт и "опашката на гущера на журналистиката")

в петък по нова телевизия "коритаров лайв" от 8 часа беше пълен провал.вместо агент алберт да задава въпроси на професор божидар димитров и един бивш министър от сдс опашката на гущера се гърчеше от нападките на гостите си които го укоряваха че е казал предният ден че македония е била окупирана от българия по време на втората световна война.първите десет минути агент алберт беше размазан като гъсеница на бюрото си пред милиони зрители за тяхно удоволствие.професор димитров,само така.в събота сутрин нова телевизия повтаря петте "коритаров лайв" от седмицата.последната събота обаче нова телевизия се цензурира и не пусна петъчния "лайв".вместо това имаше разговор с волен сидеров,който изглеждаше много смирен.агенция фокус която всеки делничен ден пуска разговорите на агент алберт на първа страница поне до обяд също се самоцензурира и не пусна унизителното(за моралния изрод от държавна сигурност) предаване.Сканираните доноси на агент Алберт от досието му http://www.netinfo.bg/photo/donosi/index.html
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 11:12
Кај нас Евреите се судени по Бугарска наредба а не по некоја другазбунетост
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 19:03
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Originally posted by Boogie Boogie напиша:

 

Време 1941-1943 година, окупација на Македонија. Окупатор - фашистичка Бугарија, на чело со царот Борис Трети и владата на Богдан Филов. Место - окупирана Македонија. Со Указ број 3 од 21.1.1941 година Државен весник на Фашистичка Бугарија број 16, бил донесен Закон за заштита на нацијата. Со него систематски било обработено кој се смета за Евреин, каде треба да живее, што смее да работи, што со еврејските имоти итн. На 17.2.1941 година бил донесен и правилник за примена на законот, на 21.6.1941 година и Наредба за примена на закон за еднократен данок за недвижен имот од лица од еврејско потекло (државен весник број 154), а на 13.7.1941 Законот за еднократен данок за лица од еврејско потекло (државен весник број 151, Указ број 45).

НАЛОГ ЗА ТРЕБЛИНКА

Министерскиот совет (со одлука број 3156, НА бр. 4153/5 од 05.6.1942) издал Наредба за државјанство во "ослободените" земји во текот на 1941, со која фактички е создаде основен терен за пат на Евреите од Македонија кон Треблинка. Со Указ број 52 од 28.7.1942 година и потпис на царот Борис Трети бил донесен Законот за овластување на Министерскиот совет за преземање на сите мерки за уредување на еврејското прашање и прашањата поврзани со него.

Со Указ број 69 на Борис Трети на 28.7.1942 година биле донесени и Измена и дополнување на Законот за еднократен данок на имоти на лица од еврејско потекло. Мерките кон Евреите се заострувале од ден на ден.

Министерскиот совет (Влада на Богдан Филов) на 29.8.1942 година со одлука број 4567 (Државен весник број 192) донел нова наредба за управување на еврејските прашања. "Добро" биле разработени сите сегменти на животот на Евреите, "особено" ликвидацијата на нивните капитали и имоти.

Александар Белев како комесар за еврејските прашања на Владата на Филов на 4.9.1942, издал Наредба број 2, која содржела прецизен опис на картонот со давидова ѕвезда и испишано еврејско живеалиште и полното име на главата на семејството. На еврејските претпријатија и секаде каде што имало еврејски капитал, морало да биде истакната иста таква табла.

Истиот тој Белев со наредба број 8 на 12.9.1942 ги регулирал и закупите на имоти и лица со еврејско потекло, а со Наредба број 32 (Државен весник 214 од 29.9.1942) го осмислил жигосувањето на Евреите со обврска за носење на давидови ѕвезди, кои, патем, морале сами да си ги платат.

Со Наредба број 381 од 12.2.1943, Белев уште еднаш ги собрал сите податоци за имотите на Евреите, со обврска секој Евреин да си определи ЧУВАР на својот имот. (Евреите си ги избирале чуварите на своите имоти од редот на пријатели на кои им верувале). Тука веќе се насетува психичка "обработка" на Евреите, дека во случај на депортација - нивни пријатели определени по нивен избор ќе им го чуваат имотот додека да се вратат.

ПРЕТВОРЕНИ ВО ПЕПЕЛ

На 22.2.1943 година по овластување на царот Борис Трети и Богдан Филов, Александар Белев потпишал СПОГОДБА за собирање на 20.000 Евреи од Македонија и Тракија со германскиот полномошник Теодор Данекер (експерт од одделението 4б на Ајхман, повикан од Министерскиот совет на фашистичка Бугарија). Во членот 8 од спогодбата пишува: "Во никаков случај бугарската влада нема да бара враќање на иселените Евреи".

Планот за собирање како строго доверлива информација е направен на 4.3.1943 година. Бил подготвен и Правилник за работа на концентрациониот логор во Скопје. Од него, само за илустрација одвојувам: забрането на притворениците да пеат песни, да играат игри, да отвораат прозорци и да гледаат преку нив, да добиваат храна однадвор... Посета - апсолутно забранета. На 13.3.1943 Белев носи нова Наредба број 865 за ликвидација на имотите сопственост на лица од еврејско потекло иселени надвор од границите на земјата. На чуварите (одбрани пријатели) им се заканува тогашниот кривичен законик за непослушност. Полицијата влегла во еврејските домови. По само неколку дена 3 конвои заминале од Скопје носејќи занавек 7.200 македонски Евреи во Треблинка во Полска, од каде што никој не се вратил. Веднаш по симнувањето од возовите биле одвоени децата, жените и мажите и задушени во гасни комори. Телата биле наредени на клади што личеле на отворени скари, во тури по 2.000 тела и запалени. Огнот и миризбата на телата се чувствувале на километри. Пепелта е истурена во заедничка гробница во Треблинка, каде што, за жал, и по 60 години стои натпис - Евреи од Бугарија. Бугарската полиција собрала се што било вредно, се што можело да се впаричи. Се што можело да се носи заминало во правец на Софија.

ПРАВЕДНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

Ова е само мал дел од податоците и архивските материјали со кои располагаме, а кои биле предмет на опсервација на домашни и странски еминентни истражувачи и историчари. Сите заинтересирани можат податоците да ги најдат во скромната библиотека на Еврејската заедница во Македонија, Државниот архив на Македонија, Вашингтонскиот меморијален центар или во Израел во ерусалимскиот меморијален центар, Јад Вашем. Како Евреин, а најмалку како човек, не можам и не смеам да најдам оправдување на преземени конкретни дејствија на фашистичка влада на царот Борис Трети и Богдан Филов, сојузници на Хитлеровиот режим, поради кои страдаа 6.000.000 мои сонародници. Само од моето семејство, Мизрахи, во Треблинка се одведени и запишани во списоци за транспорт од број 5.577 до број 5.657. Тоа не се простува, ниту се заборава. Не смее да се заборави дека дел од бугарскиот народ и дел од бугарските интелектуалци го кренале својот глас против ваквата политика кон Евреите, за што им изразувам почит. Окупираните и поробените направиле се што било во моќ на народот со туѓа чизма на вратот. Македонските спасители на Евреите - се запишани во Меморијалниот центар во Јад Вашем во Ерусалим во Израел, за да се паметат за навек како праведници од Македонија.

На оние што не знаат или не сакаат да знаат, нека ми биде дозволено да ги потсетам - овој избор на мал дел од законите и уредбите се однесувал и на Евреите од Бугарија, граѓани на "старите краишта". Не можам да разберам како во 1996 година Судот во Република Бугарија ги рехабилитира сите оние 40 воени злосторници од владата на Филов и царот Борис Трети, праведно осудени во февруари 1945 година од бугарскиот народ. Тоа е "Вистината за трагедијата на Евреите"!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 15:10
ОСсварен е  -  Македонија беше у федерација како единка и денес е слободна и независна држава - единствено пиринскиот и егејскиот дел останаа поробенинамигнување
Кон врв
Neanticki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 564
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neanticki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 14:30
Зошто не се остварил. Заради комунистите!

2 Август 1943 година
Преспанско советување
На слободната територија во Преспа на Илинден, 2 Август 1943 година, ЦК на КПМ одржал советување на кое присуствувал и членот на ЦК на КПЈ и делегат на Врховниот Штаб Светозар Вукмановиќ - Темпо. На ова советување биле донесени историски решенија кои имале големо значење за натамошниот развиток на НОБ во Македонија. На советувањето било решено:

да се формираат регуларни воени единици кои би можеле да дејствуваат во пошироки размери и би воделе поголеми воени акции;
да се засили проширувањето на мрежата од НОО и истовремено да бидат вршени подготовки за свикување и конструирање на АСНОМ;
да се засилат работите на сите партиски комитети;

да се води политичката борба против сепарасистичките тенденции.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 19:06
Originally posted by Neanticki Neanticki напиша:

78 загинати во Битолско.

Нека тие луге почиваат во мир.

Сакам да прашам колку се загинатите заради тоа што беа против Југославија?


Повеќе за борбата со Бугарскиот окупатор во Битола



http://sojuznaborcibitola.org.mk/lichnosti.htm




На оваа страна има само борци. А и обичен народ не заборавај.И тие не се малку
А дека загинале Македонци кои се бореле за македонските интереси во Југославија, тоа е факт( тука влегува и македонското раководство). И овде обичниот народ не е вброен. А и овде не се малку луѓе.
Кон врв
Neanticki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 564
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neanticki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 19:02
78 загинати во Битолско.

Нека тие луге почиваат во мир.

Сакам да прашам колку се загинатите заради тоа што беа против Југославија?


Повеќе за борбата со Бугарскиот окупатор во Битола



http://sojuznaborcibitola.org.mk/lichnosti.htm

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 18:23
Originally posted by да бе да бе напиша:


jaс пак имам список на 13 000 македонци и 1000 одринци запишани доброволно во БГ дружините доброволно - име, фамилија, родно место, медали 13 000 бројат



Можеби имаш ама тоа не го менува фактот дека вашите предци се однесувале лошо кон македонскиот народ, а посебно кон македонските Евреи ( знам дека вие не сте криви за тоа, ама сепак факт е дека вашите предци тоа го направиле).

И ние имаме списоци дека во Пиринска Македонија има мнозинско македонско население, ама знам што ќе речеш ако се постира.

Изменето од macedon_alex - 23.Април.2009 во 17:14
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 18:13

jaс пак имам список на 13 000 македонци и 1000 одринци запишани во доброволно во БГ дружините доброволно - име, фамилија, родно место, медали 13 000 бројат


Изменето од macedon_alex - 23.Април.2009 во 17:14
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 18:09
И јас имам роднина која се борела во НОБ ( првоборец ) и е инвалид- не гледа на десното око и не и работи едниот бубрег. Жената е комунистка и пред тоа излегувала на буни и против Србите.
Истотака еден мој дедо, брат на баба ми од на татко ми страната го регрутираа и го однесоа во Бугарија да служи војска.
А на баба ми фамилијата криеле скоро 1 година човек од Охрид, дојден во Скопје, кој не сакал да служи во бугарската војска.


Не сакам со ова никого од Бугарите кои се на форумот ( никој не е виновен за делата на предците) да ги обвинам, се надевам дека никој не ме сфаќа погрешно, ама сепак сакам некои работи да ги пренесам тука.
Кон врв
biljana.madrid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Прилепчанка

Регистриран: 22.Ноември.2007
Локација: Spain
Статус: Офлајн
Поени: 358
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај biljana.madrid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2008 во 17:54
Originally posted by Neanticki Neanticki напиша:

И тука има многу мачени и убиени, ама нивните роднини не викаат Бугарите ги мачиле а ФАШИСТИТЕ.

Дали таа покојна жена била мачена зошто била Македонка или зошто вршела терористички актови?

Ако била терористка тогаш сама е крива.

 
Gluposti!!! Sto tropa be ovaj!!!!! Kako ne ti e stram...лутина
 
 
Jas znam deka Bugari machea i ubivaa vo PP, ne znaev deka za drukarstvo sirenje idele... Sega od vas go slusam toa... Jas znam deka Bugarski fashisti bea toa... Jas mozi ne znam mnogu istorija, ama ne sum dotolku kako tebe izduvana...
 
Zenata bese borec od NOB, i borechka penzija imase i site tie priznanija sto odat kako borec... a vie tropate tuka gluposti kako nezdravi... лутина
 
Jas rekov aj da napisam nesto sto mi kazale za toa vreme, ama ne znaev deka bugarchinja bilo polno tuka, ama mislev deka na makedonski forum sum, jas ne idam kaj vasi forumi da provociram... Jas si kazuvam onaka kako sto e...
 
Stram da vi e!!!!лутина
 
 


Изменето од biljana.madrid - 05.Ноември.2008 во 17:55
Прилепчанка
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9495969798>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.