IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - Македонска кошарка
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонска кошарка

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонска кошарка
    Испратена: 27.Февруари.2013 во 16:04
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2012 во 14:22
Дечки, што значи овазбунетост
Владо Илиевски се збогува од репрезентацијата
Зошто нашите момци ја напуштаат нашата репрезентацијазбунетост

Перо Антиќ си заминува од репрезентацијата


Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2012 во 23:58
Originally posted by емил емил напиша:


"Македонските кошаркари разочараа еден куп литвански убавици!" 



NIsto od lepoticive, Emil...Nasite devojki se mnooooooogu poubavi...
Incredible Blue
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2012 во 16:43
Сам против сви...голема насмевка


You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2012 во 15:19

Македонските кошаркари разочараа еден куп литвански убавици! 


Литванскиот кошаркарски репрезентативци на вчерашниот меч против Македонија имаа поддршка од преполните трибини во салата во Клаипеда на кои имаше и еден куп прекрасни Литванки, кои во текот на сите 40 минути им даваа поддршка на своите миленици, но попусто бидејќи нашите момчиња им одржаа уште една лекција слична на таа од пред девет месеци во Вилнус во четврт-финалето од Европското првенство (ЕП).

Избраниците на селекторот Марјан Лазовски беа главни виновници што литванските убавици разочарани ја напуштија салата во Клаипеда.

Погледнете само дел од литванските девојки кои останаа разочарани од македонските кошаркарски јунаци меѓи кои доминираат прекрасните чирлидерки од танчерската „Шокејос“.




Изменето од емил - 17.Јуни.2012 во 15:20
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2012 во 19:31


Репрезентацијата на Македонија, сепак, нема да биде слободна на првиот натпреварувачки ден од предолимпискиот турнир што ќе се одржи во Венецуела од 2 до 8 јули. Веднаш по ждрепката беше најавено дека избраниците на Марјан Лазовски ќе бидат слободни, што беше сметано за голем плус бидејќи ќе може на дело во меѓусебен дуел да се видат двата ривали од групата, Нов Зеланд и Ангола. Сепак, во официјалната програма на ФИБА што беше објавена денеска од страна на светската куќа на кошарката беше обелоденето дека Македонија ќе биде слободна дури во третиот натпреварувачки ден, односно во првите два дена ќе ги одигра своите средби со Ангола и Нов Зеланд. 
 
Премиерата на ова големо натпреварување „црвено-жолтите“ ќе ја имаат против Ангола, дуел во кој што Македонија важи за голем фаворит во однос на африканската селекција. Овој меч ќе се одигра во 23.30 часот по македонско време, навечер на 2 јули. Веќе следниот ден, на 3 јули со почеток во 20 часот  по македонско време избраниците на Лазовски ги очекува нов предизвик, дуелот со Нов Зеланд кој што според сите прогнози ќе го даде и одговорот која селекција ќе го освои првото место во групата.
 
На 4 јули, кога Македонија е слободна, селекциите на Нов Зеланд и на Ангола ќе ги одмерат силите со почеток во 17.30 часот. ФИБА дополнително ќе ги одреди термините на одигрување на натпреварите од четвртфиналето и полуфиналето од овој предолимписки турнир, што ќе се одржи во Каракас, Венецуела. 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2012 во 10:40


Голема е веројатноста нашите најдобри кошаркари последниот дел од подготовките за олимписките квалификации во Венецуела да ги одработат во Канада и САД.

fiba_logo

По присуствувањето на ждрепката на групите за олимписките квалификации во Каракас, Венецуела, делегацијата на МКФ замина за Њујорк, каде се очекува тие да имаат средби со Џон Битов, Мајк Зафировски и Мајк Кшижевски. По тие средби ќе биде познато дали и каде нашите најдобри кошаркари би одработиле дел од подготовките ова лето.

За денеска закажана е средба со Џон Битов Јуниор (познат бизнисмен, основач на Торонто Репторс, креатор на „Ер Канада“ спортскиот центар и претседател на кандидатурата на Торонто за ОИ 2008 година), на која ќе се разговара за меѓусебна соработка. Постојат првични преговори околу одработување на дел од подготовките во Канада, а воедно и настап на подготвителен турнир во оваа земја, на кој покрај Македонија, покани имаат добиено и Нов Зеланд и Велика Британија, кои исто така се подготвуваат за ОИ во Лондон.

Утре нашата делегација заминува за Дурхам (Северна Каролина), каде ќе го посети универзитетот Дјук, чиј тренер е селекторот на САД, Мајк Кшижевски, кој воедно е и најуспешниот тренер во универзитетската лига во САД. Раководните лица на МКФ ќе имаат состанок со Кшижевски за продлабочување на соработката на нашата репрезентација со САД во пресред на ОИ, а закажана е и средба со бизнисменот Мајк Зафировски, кој има македонско потекло и кој е татко на Тод Зафировски, кој пак е еден од подобрите кошаркари на Универзитетот Дјук.

Плановите во врска со комплетниот подготвителен период се се’ уште отворени, а делегацијата на МКФ веќе разговараше и со високи претставници на други околни земји, од каде изразија подготвеност да ја примат нашата селекција. Заинтересираност покажа домаќинот на турнирот, Венецуела, а начелни разговори се направија и со претседателот на Федерацијата на Порторико, кој исто така планира организација на мини-подготвителен турнир, непосредно пред настапот во Венецуела.

Сепак, сите овие комбинации засега остануваат отворени и ќе се искристализираат по завршувањето на сите состаноци, за креирање на што подобар подготвителен период и што поквалитетни пријателски натпревари за македонските репрезентативци

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2012 во 18:32

ДОКУЗОВСКИ СЕ ПОВЛЕКУВА






На средбата помеѓу претседателот на МКФ, Даниел Димевски и селекторот Марин Докузовски, беше искажано обострано задоволство од соработката и заеднички постигнатиот успех, досега најголем во историјата на македонскиот колективен спорт.




Анализирајќи ја новонастанатата состојба, поврзана со новиот професионален ангажман на селекторот во Лукоил Академик и договорните обврски кои од него произлегуваат, а бараат целосна физичка и стручна посветеност на клубските обврски, МКФ изрази поддршка на селекторот во реализирањето на неговата понатамошна кариера.


Сакајќи, сепак, и во иднина тој со своето присуство и капацитет да биде дел од стручниот штаб на нашата репрезентација, на обострано задоволство е договорено Докузовски да остане активно вклучен како советник на новиот селектор, кој ќе биде избран и назначен до крајот на месецот

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2011 во 23:02
 

Централниот борд на ФИБА ја одбра Венецуела за домаќин на предоимпискиот турнир следната година, по кој ќе се добијат последните три репрезентации кои ќе бидат дел од кошаркарскиот турнир на ОИ во Лондон.

 

Откако Македонија ја загуби шансата да биде домаќин на квалификацискиот предолимписки турнир, Централниот борд на ФИБА денеска одлучи помеѓу Литванија и Венецуела организатор да биде јужноамериканската земја. Така, нашите најдобри кошаркари ќе мораат следното лето, поточно од 2. до 8. јули да дојдат до едно од првите три места на турнирот за да се најдат на Олимписките игри во Лондон.

Ова е прв пат Венецуела да организира еден ваков голем и важен турнир, а кандидатурата на Македонија беше одбиена, меѓу другото, и поради нашето неискуство од организација на вака големи настани.

Покрај нашата селекција и Венецуела, дел од предолимпискиот турнир ќе бидат и селекциите на Ангола, Доминиканска Република, Грција, Нов Зеланд, Нигерија, Порторико, Јордан, Јужна Кореја, Литванија и Русија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2011 во 13:42

Директно се пласиравме на ЕП 2013

Нашата селекција со освојувањето на четвртото место на ЕП обезбеди директен пласман на Евробаскетот што во 2013 година ќе се одржи во Словенија. Европската кошаркарска куќа (ФИБА Европа) реши да не го менува форматот на натпреварување па и за следниот Евробаскет ќе учествуваат 24 репрезентации. Ѓ
Учество на шампионатот во Словенија ќе имаат домаќинот, Велика Британија како домаќин на ЛОИ и првите шест селекции од Евробаскетот: Шпанија, Франција, Русија, Македонија, Литванија и Грција.

***

Меккејлеб во најдобрата петорка

Нашиот плејмејкер Лестер Бо Меккејлеб беше избран во првата петорка на Европското првенство. Македонија за првпат во историјата има играч меѓу најдобрите пет на големите натпреварувања. Бо Меккејлеб со својата фантастична игра, желба и посветеност да гине во дресот на Македонија го заслужи ова признание, а колку ја чувствува нашата земја за своја, Бо покажа кога ја прими наградата од ФИБА Европа носејќи го македонското знаме. Тој стоеше рамо до рамо со Тони Паркер, Хуан Карлос Наваро, Андреј Кириленко и По Гасол кои исто така беа избрани во првата петорка на Евробаскетот.
Меккејлеб оствари просек од 21,4 поени, 3,7 асистенции и 2,1 украдена топка по меч.

***

Лажна тревога за бомба на аеродромот во Каунас

Двајца фанови на кошаркарската репрезентација кои се враќаа со еден од организираните навивачки чартери го кренаа на нозе аеродромот во Каунас. Тие се обидоа да се пошегуваат со цариниците и им кажаа дека носат бомба, но не очекуваа дека безбедносните органи ќе реагираат сериозно на наводната закана.
Началникот на полицијата на аеродромот поради проверка на нивните куфери го задржа првиот чартер уште час и половина, а после долго чекање, реши да ги задржи на аеродромот во Каунас.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2011 во 11:30
Втора победа на младите кошаркари на ЕП Б-дивизија
 
Младата кошаркарска репрезентација на Македонија ја постигна втората победа на Европското првенство Б-дивизија за играчи до 20 години што се одржува во Босна и Херцеговина
 

 
 
Македонија во рамките на 5-то коло вчеравечер во Сараево ја совлада Швајцарија со 73:56. Скорот од две победи и три порази во групата за македонските кошаркари беше доволен за освојување на петтото место.

Резултати на другите два натпревари од последното коло одиграни во „А“ групата: Грузија - Романија 85:89 и Естонија - Полска 66:75.

Конечна табела „А“ група: Грузија 9 бодови, Естонија 8, Полска 8, Романија 8, Македонија 7 и Швајцарија 5.

Во четвртфиналната фаза се пласираа Грузија и Естонија додека останатите репрезентации ќе разигруваат за пласман.

Следен противник на Македонија в четврток е репрезентацијата на Унгарија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2011 во 05:35

Илиевски повторно во дресот на Македонија

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марин Докузовски го објави поширокиот список од 24-ца играчи, кои ќе се подготвуваат за Европското првенство во Литванија, со почеток на 31 август. Изборот на Докузовски мина без изненадувања, освен што по подолго време во националниот тим се враќа капитенот на Унион Олимпија, Владо Илиевски, кој поради повреда ги пропушти и ЕП 2009 и целиот квалификациски циклус за Литванија. Во тимот беа вклучени тројца странци, Американците со македонски пасош Џеремаја Мејси, Бо Меккејлеб и Маркиз Грин, од кои само еден ќе може да биде во тимот на еден натпревар.
Подготовките почнуваат на 10 јули во Скопје, првично со 16-мина кошаркари: Гечевски, Антиќ, Самарџиски, Чековски, Николовски, Стефанов, Меккејлеб, Илиевски, Соколов, Д. Стојановски, В. Стојановски, Симоновски, Гоцевски, Димчевски, Мираковски и Костоски. Останатите осуммина кои ќе ја чекаат својата шанса се: Богоев, Грин, О. Стојановски, Михајловски, Трајковски, Мејси, Брчков и Крстевски.
Тие продолжуваат во Охрид на 17 јули, по што Македонија ќе одигра серија пријателски средби со Словенија и Италија. Нашата селекција на ЕП е во група заедно со БиХ, Грција, Хрватска, Црна Гора и со еден квалификант.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2011 во 23:18

Мејси и Илиевски се враќаат во националниот тим

Натурализираните Македонци Лестер Бо Мекејлеб, Маркиз Грин и Џеремаја Мејси речиси сигурно ќе бидат на поширокиот список од 24 играчи на нашата кошаркарска репрезентација за подготовките за Евробаскетот во Литванија кои ќе стартуваат на 10 јули. Единствен проблем за националниот тим е што Мекејлеб и Мејси најверојатно ќе се приклучат подоцна поради потребниот одмор од долгите сезони во Италија и Русија каде што настапуваат.
Со Владо Илиевски, кој лани не дојде за квалификациите за ЕП, ситуацијата е уште почиста, откако тој јавно потврди дека на 10 јули ќе се појави на подготовките. Завчера тој ја заврши сезоната во дресот на Унион Олимпија по што ќе замине на заслужен одмор, а потоа ќе се јави на првата прозивка.
На списокот на Марин Докузовски не се очекува да има поголеми изненадувања. Од костурот на тимот сигурно ќе бидат повикани капитенот Перо Антиќ (Спартак), Ристе Стефанов (Сан Северо), Предраг Самарџиски (Олин/Лиетувос), Тодор Гечевски (ПАОК), Ѓорѓи Чековски (Левски), Дамјан Стојановски (Лукоил), Димитар Караџовски (Рилски), Дарко Соколов, Војдан Стојановски (Фени), Ефтим Богоев, Димитар Мираковски и Марко Симоновски (Работнички), а на поширокиот список најверојатно ќе се најдат и Кире Николовски, Јане Петровски, Синиша Аврамовски, Златко Гоцевски (МЗТ), Бојан Трајковски, Ивица Димчевски (Торус), Владимир Брчков, Диме Тасовски (Фени) и Александар Костоски.
Кон средината на јули треба да бидат познати и оние 16 играчи од потесниот список, а до крајот на август по обемните подготовки со десетина контролни средби и 14 кошаркари кои ќе патуваат во Алитас, Литванија. Иако има право да пријави 14 играчи и двајца да менува пред секој меч, селекторот ќе мора да избере само еден Американец со македонски пасош за настап на ЕП.
Македонија е во групата "Ц" со Хрватска, Грција, Црна Гора, БиХ и квалификант

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2011 во 00:04
Стартува полуфиналната серија од плеј офот во кошаркарскиот шампионат

Полуфиналната серија од плеј офот во македонскиот кошаркарски шампионат стартува во среда навечер.

Со почеток од 20:00 часот, МЗТ Скопје пред празни трибини, поради изречената казната за одигрување на два натпревари без присуство на публика, ќе го пречека вечниот ривал Работнички. Во вториот дуел, чиј старт е закажан за од 19:00 часот, Фени Индустри важи за фаворит против екипата на Торус.

Утре во Скопје и Кавадарци четирите најдобри тимови во регуларниот дел од сезоната во елитниот домашен кошаркарски шампионат ќе ја започнат битката за шампионската титула.

Полуфиналната серија на плеј - офот ќе ја отворат екипите на Фени Индустри и Торус. Актиелниот бранител на трофејот ќе стартува со почетна предност од 1-0, во дуелите против Торус. Со оглед на тоа Кавадарчани важат за фаворити во серијата “кој прв до три победи“. Освен почетната предност од 1-0, кошаркарите на Фени Индустри ќе ја имаат и предноста на домашен терен, која им ја дава најдобриот скор во регуларниот дел од првенството.

Многу понеизвесно се очекува да биде во втората полуфинална пресметка во која силите ќе ги одмерат вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Ова ќе биде шестиот натпревар на вечните ривали во оваа сезона, петти во првенството во кое засега се израмнети (2-2) поради што во плеј - офот ќе стартуваат “од нула“.

Голем хендикеп за домашната екипа на овој меч ќе биде казната според која овој натпревар мора да го одигра без присуство на гледачи во салата “Јане Сандански“. Сепак, како што дознаваме домаќинот за своите гледачи ќе организира заедничко следење на натпреварот на голем видео бим поставен пред самата сала.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.