Испечати | Затвори го прозорот

Македонска кошарка

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Кошарка и ракомет
Опис на форумот: Нашите најуспешни национални спортови
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=6859
Датум на принтање: 26.Април.2024 во 19:01
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Македонска кошарка
Постирано од: ZOTE
Наслов: Македонска кошарка
Датум на внесување: 11.Март.2007 во 00:30
Ајде овде да разговараме за баскетот во Македонија. Јас вчера бев на дербито Работнички - МЗТ и после долго време пауза од моја страна можам да кажам дека сеуште има супер атмосфера.

Еве еден видео клип за да ви ја долови атмосферата

http://www.youtube.com/watch?v=gR_6UPQKGxA - http://www.youtube.com/watch?v=gR_6UPQKGxA



Коментари:
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 14.Март.2007 во 23:57
Во македонската кошарка станува се поинтересно како на теренот така и на трибините. МЗТ денес изгуби од Пелистер на свој терен и се израмнија со бројот на бодови. Во салата имаше присуство на Чкембари па имаше и еден голем инцидент кога група навијачи на МЗТ влезе на терен и стигна до оградата каде беа чкембарите. Тоа се гледа од овој видео клип

http://www.youtube.com/watch?v=PjM1zEs_9oU - http://www.youtube.com/watch?v=PjM1zEs_9oU


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 17.Март.2007 во 01:28

Еве нешто за стара добра времена :)

MZT Skopje - Real Madrid - 1996 год.

http://www.youtube.com/watch?v=2wnbGQyqodY - http://www.youtube.com/watch?v=2wnbGQyqodY

Resultados Copa de Europa

Grupo C: MZT Skopje (MKD) 69 Real Madrid (ESP) 68.



Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 24.Март.2007 во 10:39

Ф. Работнички примен во Јадранската лига

Бордот на НЛБ-лигата одлучи од идната сезона и македонскиот шампион да се натпреварува во ова друштво

Повеќекратниот шампион на Македонија, Фершпед Работнички, доби дозвола да се приклучи на регионалното кошаркарско натпреварување - Јадранска лига (НЛБ) од следната сезона. Бордот на Лигата вчера ги израдува скопјани со информацијата дека им е доделена вајлд-карта за настап.

- Одлучивме, врз база на пропозициите на Лигата и предвиденото проширување, од следната сезона да го вклучиме Работнички во натпреварувањето - изјави генералниот директор на НЛБ, Роман Лисац.

До пролет 2008, за кога е најавено завршувањето на новата спортска сала во Скопје, со капацитет од 8 илјади седишта, Работнички ќе ги игра натпреварите од Јадранската лига во СРЦ „Кале“. Македонскиот шампион даде гаранции пред челниците на НЛБ дека ќе формира конк*рентен тим и тоа веднаш во деби-настапот во регионалното натпреварување. Во македонскиот првак се повеќе од задоволни.

- Пред се', ова е голем плус за македонската кошарка. Интересот за овој спорт ќе се зголеми, трибините ќе се исполнат, кошарката ќе се искачи на едно ново ниво. Ова е и големо признание за Работнички, зашто нашата работа и добри резултати се крунисани со зелено светло за учество во вакво друштво. Секако дека во новата сезона екипата драстично ќе ја засилиме за да бидеме конк*рентни на квалитетот во оваа лига - изјави Јорданчо Давитков, тренерот на Фершпед Работнички.

Викендов се игра последното коло во Јадранската лига, пред почетокот на фајналфорот, во кој ќе играат ФМП Железник, Партизан, Цибона и Хемофарм. Сезонава во НЛБ учествуваа 14 екипи, колку што ќе има и во идната сезона. Конечниот состав ќе биде познат по одигрувањето на последното коло, а во 2007/08 со вајлд-карта ќе играат црногорскиот претставник Будуќност (настапува и сезонава) и Работнички.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=06CA29A31C70BB47A8AC7FCD6F482E86 - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=06CA29A31C70BB47A8AC7FCD6F482E86


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 01.Април.2007 во 12:40

Вчера бев на прославата 10 години од Фамили Аеродром и беше супер атмосфера, штета што на крајот ја изгубивме утакмицата во изведувањето на слободните фрлања. Се гледа дека на МЗТ му фалат тројца играчи еден центар еден плеј и еден крилен центар ако сака да им конк*рира на останатите екипи. Се надевам следната сезона управат ќе се потруди да најде спонзори и да направи подобар тим.

Еве дел од атмосферата низ улиците на Аеродром и во Салата ЈАне Сандански.

http://www.youtube.com/watch?v=UIOl3vQw4VQ - http://www.youtube.com/watch?v=UIOl3vQw4VQ



Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 12.Април.2007 во 19:39
Вечерва од 20.15 минути директен пренос на МТВ играат Пелистер и Работнички од четврт финалето во Купот во кошарка. Па што мислите има ли шанси Пелистер со помош на домашната публика да победи, или е Работнички институција во македонската кошарка на чие чело на клубот е Валвот Наков Штерио нешто слично што е Аврамович во Челзи.


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 16.Април.2007 во 00:10
Јас би прокоментирал дека оргнизирање на куп натпревари во вакви сељачки градови е непотребно. Прво семафорот не им работи како треба, паркетот не го бива (тапкаш баскет а тој се се залепува за паркет Very%20Happy ) посетеност нула, или само ако игра домашната екипа, што во случај на играње во Скопје не би се случило затоа што покрај 4 скопски екипи сигурно салата би била исполнета до последно место. Но тоа е то организаторот така одлучил. Но јас мислам дека како во фудбалот куп натпреварите што се играат само во Скопје така да биде и во кошарка да се играат само во Скопје Wink

П.С. ајде се надевам кога ќе биде изградена новата сала ова срамота нема повеќе да се повтори.


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 18.Април.2007 во 13:56
Jas ne znam kako ne moze klubot MZT da najde kvalitetni igraci koga ima najverni navivaci vo cela Makedonija. Ovj video klip e dokaz za toa

http://www.youtube.com/watch?v=bUjnZQ4p_yg - http://www.youtube.com/watch?v=bUjnZQ4p_yg


Постирано од: Stoke
Датум на внесување: 22.Април.2007 во 17:11

абе батка ти сам си прајс муабет.

             да ти кажам во право си само напред и јас ке ти се

                                             приклучам се слушаме....................................



Постирано од: Alex10
Датум на внесување: 02.Август.2007 во 21:31
 Forza MZT poz do najdobrite navivaci FAMILY AERODROM


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 17.Август.2007 во 17:50
Денеска од 20.30 часот Македонија игра против Шведска. Кој сака да купи карта, се продаваат во Тобако 1, 2, 3. картата чини 200 денари а со купената карта добивате и поклон шал на кој пишува Macedonia.
 


Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 17.Август.2007 во 19:01
Епа ај со среќа нека им е на македонската репрезентација

иако мене Шведска ми е фаворит, овој пат ќе навивам за вас

Да знаеш очекувам да ми пишеш резултат од натпреварот, бидејки јас не сум во можност да дојдам

Поздрав


-------------


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 18.Август.2007 во 00:04

Македонија - Шведска 77-58 иако не беше лесно како што покажува резултатот. Во првите две четвртини Шведска водеше со по 5-6 разлика и на полувреме имаше водство. Но во 3 четртина нашите стегнаа направивме пресврт и во последната четтвртина ја почнавме со 7 разлика за нас. И на крајот во обидот Швеѓаните да не стигнат ние ја зголемивме разликата.



Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 21.Август.2007 во 13:39
Карти пак ќе има на тобако 1, 2, 3 и пак ќе има поклон шал на македонија. јас сега очекував нешто друго но нема везе.
 


Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 21.Август.2007 во 23:29
ZOTE, еве со закаснување пишувам, али сепак честито за победата над Шведска

а какви карти сега, против кој ке играете овој пат ? Кога ке биде утакмицата ? Кој ден ?


-------------


Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 22.Август.2007 во 10:50
Македонија - Естонија
20:30.
не знам дали ќе даваат на сателит.

ФУДБАЛ, Пријателски меч:
20:00 Македонија - Нигерија
*директен пренос на
СПОРТСКО РАДИО 90.3 ФМ 
 
ФУДБАЛ, квалификации за ЕП
(до 21 година)
16:30 Македонија - Холандија
 
КОШАРКА, дополнителни квалификации
20:30 Македонија - Естонија
 
РАКОМЕТ, СП за јуниори
21:00 Македонија - Франција

информации од http://www.sportskoradio903.com.mk - www.sportskoradio903.com.mk


-------------
Јас сум мајстор!

http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 24.Април.2008 во 18:14

Абе учете се деца


Ова е само последната минута од најголемиот кошаркарски натпревар што некогаш се играл во Македонија. Мзт Скопје во "Јане Сандански" понесени од пеколната атмосфера создадена од верните FAMILY AERODROM, го фрли на колена славниот Реал Мaдрид. Лудница!!!


http://uk.youtube.com/watch?v=aMdxS1e6-yo - http://uk.youtube.com/watch?v=aMdxS1e6-yo



Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 25.Април.2008 во 20:25
еве уште еден видео клип

http://uk.youtube.com/watch?v=jcopexrT-_4 - http://uk.youtube.com/watch?v=jcopexrT-_4


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 24.Март.2010 во 21:03
e toa bea vreminja...

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 16:10
Јас сум Чкембар но искрено секоја чест за тие времиња.Проблемот е што сега нема ништо од разни лешинари,и МЗТ и сите екипи само мизеруваат.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Октомври.2010 во 12:06

Започна домашното кошаркарско првенство

Извор: Макфакс

Со победи на фаворизираните екипи стартуваше новата сезона во кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Во Прилеп, екипата на Работнички предводена од 26-те поени на Симиќ, забележа победа од 67:90 над Ултимејт Баскет.

Со победа во новото првенство стартуваше и актуелниот првак, Фени Индустри. На домашен терен, Фени ја совлада Аба Струмица со 90:75. Во победничкиот тим најефикасен беше Михајлоски со 16 поени.

МЗТ Скопје-Аеродром, на гостински терен го победи новакот во лигата Лирија со 67:98. Убедлива победа во оваа рунда запиша и Торус, оваа екипа со 88:57 го совлада Пелистер.

Првото коло во кошаркарскиот шампионат на Македонија ќе биде комплетирано денес со одигрувањето на натпреварот Овче Поле-Куманово



-------------


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 10.Октомври.2010 во 12:39
Originally posted by ZOTE ZOTE напиша:

Абе учете се деца


Ова е само последната минута од најголемиот кошаркарски натпревар што некогаш се играл во Македонија. Мзт Скопје во "Јане Сандански" понесени од пеколната атмосфера создадена од верните FAMILY AERODROM, го фрли на колена славниот Реал Мaдрид. Лудница!!!


http://uk.youtube.com/watch?v=aMdxS1e6-yo - http://uk.youtube.com/watch?v=aMdxS1e6-yo

 
големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
 
Бев на таа утакмица, ги растуривме Реал, после цела ноќ не можев да заспијам од среќа...  дадада
 
Тоа беа времиња... големо%20гушкање


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 05.Ноември.2010 во 13:54
Вчера одиграно дербито во Борис Трајковски


http://www.youtube.com/watch?v=iHStxI3-Mxo - http://www.youtube.com/watch?v=iHStxI3-Mxo

http://www.youtube.com/watch?v=w2cDWrFdIx8 - http://www.youtube.com/watch?v=w2cDWrFdIx8

http://www.youtube.com/watch?v=w1b3MoZD0UY - http://www.youtube.com/watch?v=w1b3MoZD0UY

http://www.youtube.com/watch?v=rmFoJq8cMDY - http://www.youtube.com/watch?v=rmFoJq8cMDY



Постирано од: stigma04
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 20:38
mungos sto se sluci sega pred malce gledav feni- rabotnicki nesto imase povredeni privredeni haos

-------------
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 20.Ноември.2010 во 20:45
ЈАС БЕВ НА РАКОМЕТ

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 26.Декември.2010 во 01:32
улетување у терен на навијачите на работнички



http://www.youtube.com/watch?v=ezN54GCtJUA - http://www.youtube.com/watch?v=ezN54GCtJUA


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Јануари.2011 во 05:02
Македонските кошаркари во четвртиот шешир /kosarka/ostanato/2979-kosarkarite-vo-cetvrtiot-sesir.pdf -   /kosarka/ostanato/2979-kosarkarite-vo-cetvrtiot-sesir.html?tmpl=component&print=1&layout=default&page= -   /component/mailto/?tmpl=component&link=aHR0cDovL3Nwb3J0c2tvLmluZm8va29zYXJrYS9vc3RhbmF0by8yOTc5LWtvc2Fya2FyaXRlLXZvLWNldHZydGlvdC1zZXNpci5odG1s -  
 

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ќе се најде во четвртата група пред ждрепката за ЕП во кошарка, кое годинава ќе се одржи во Литванија...

Ова вест, во текот на вчерашниот ден ја пласираше Европската кошаркарска куќа ФИБА. Покрај нашата репрезентација се наоѓаат Велика Британија, Израел и Грузија и со овие репрезентации нашиот национален тим нема сигурно да игра.

Првата група ја сочинуваат носителите, европскиот шампион Шпанија, Србија, Грција и Словенија. Вториот шешир го сочинуваат Франција, Хрватска, Русија и Турција, додека третиот е составен од Германија, Црна Гора и Белгија.

Италија, Бугарија, Полска и БиХ ќе бидат во петтиот шешир, а во шестиот ќе се најдат Украина, Летонија и две репрезентации кои ќе стигнат преку дополнителните квалификации во кој ќе играат Финска, Унгарија и Португалија.

Ждребката за ЕП ќе се одржи на 30 јануари во Вилнус



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Јануари.2011 во 12:28

Куманово - Фени за старт на 1/4 финалето

Денес стартуваат четвртфиналните натпревари од кошаркарскиот куп на Македонија, а пресметката за фајнал фор стартува во Куманово каде гостува бранителот на трофејот Фени Индустри.

Средбите Овче Поле – Работнички и Лирија – МЗТ на распоредот се утре додека првата пресметка меѓу Струмица и Торус ќе се одигра во недела


-------------


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 05.Март.2011 во 20:23
Утре спектакал со пренос на А2 од големот дерби МЗТ - Работнички почеток во 18.30


кој ќе победи имате ли предосеќај голема%20насмевка


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 10:39

/sport/kosarka/23205-Superligata-vo-znak-na-kambekot-na-Naumoski - Суперлигата во знак на камбекот на Наумоски

http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fk*rir.mk%2Fsport%2Fkosarka%2F23205-Superligata-vo-znak-na-kambekot-na-Naumoski&t=%D0%A1%D1%83%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%BA%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B1%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9D%D0%B0%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8&src=sp - - - -  

Шестото коло во Капитал банка Суперлигата во целост помина во знак на враќањето на теренот на кошаркарската легенда Петар Наумоски.

 

Во салата “Јане Сандански“ МЗТ Скопје со 73-62 ја совлада АБА Струмица, но резултатот на таа средба беше во сенка на дебито за домаќините на Петар Наумоски. Нашиот најдобар кошаркар на сите времиња дуелот го заврши како втор стрелец во својот тим со 16 поени зад Златко Гоцевски и неговите 17 поени. Кај гостите од Струмица со 14 поени најефикасен беше Маркус Нил.

Доста поинтересен резултатски беше дуелот на Торус и Работнички кој го добија гостите со тесни 72-70. Димитар Мираковски со 18 поени беше лидер на Работнички во одмаздата за поразот во првото коло од Суперлигата на тимот на Торус во кој со 16 поени и 11 скокови најдобар беше екс-играчот на Работнички, Бојан Трајковски. Со оваа победа тимот од Градски парк, на чија клупа се најде Марин Докузовски, успеа да го одбие нападот на третата позиција на табелата на Торус

Во третата средба од ова коло шампионот Фени рутински ја совлада Лирија со 93-65.

6. коло од Капитал банка - Суперлига:

Фени Индустри - Лирија 93-65
МЗТ Скопје - АБА Струмица 73-62
Торус - Работнички 70-72

ТАБЕЛА:
1. Фени Индустри 22-2
2. МЗТ Скопје 18-5
3. Работнички 15-8
4. Торус 14-9
5. АБА Струмица 10-13
6. Лирија 8-15



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 00:04
Стартува полуфиналната серија од плеј офот во кошаркарскиот шампионат

http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/18265/кош.jpg">

Полуфиналната серија од плеј офот во македонскиот кошаркарски шампионат стартува во среда навечер.

Со почеток од 20:00 часот, МЗТ Скопје пред празни трибини, поради изречената казната за одигрување на два натпревари без присуство на публика, ќе го пречека вечниот ривал Работнички. Во вториот дуел, чиј старт е закажан за од 19:00 часот, Фени Индустри важи за фаворит против екипата на Торус.

Утре во Скопје и Кавадарци четирите најдобри тимови во регуларниот дел од сезоната во елитниот домашен кошаркарски шампионат ќе ја започнат битката за шампионската титула.

Полуфиналната серија на плеј - офот ќе ја отворат екипите на Фени Индустри и Торус. Актиелниот бранител на трофејот ќе стартува со почетна предност од 1-0, во дуелите против Торус. Со оглед на тоа Кавадарчани важат за фаворити во серијата “кој прв до три победи“. Освен почетната предност од 1-0, кошаркарите на Фени Индустри ќе ја имаат и предноста на домашен терен, која им ја дава најдобриот скор во регуларниот дел од првенството.

Многу понеизвесно се очекува да биде во втората полуфинална пресметка во која силите ќе ги одмерат вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Ова ќе биде шестиот натпревар на вечните ривали во оваа сезона, петти во првенството во кое засега се израмнети (2-2) поради што во плеј - офот ќе стартуваат “од нула“.

Голем хендикеп за домашната екипа на овој меч ќе биде казната според која овој натпревар мора да го одигра без присуство на гледачи во салата “Јане Сандански“. Сепак, како што дознаваме домаќинот за своите гледачи ќе организира заедничко следење на натпреварот на голем видео бим поставен пред самата сала.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Јуни.2011 во 23:18

Мејси и Илиевски се враќаат во националниот тим

Натурализираните Македонци Лестер Бо Мекејлеб, Маркиз Грин и Џеремаја Мејси речиси сигурно ќе бидат на поширокиот список од 24 играчи на нашата кошаркарска репрезентација за подготовките за Евробаскетот во Литванија кои ќе стартуваат на 10 јули. Единствен проблем за националниот тим е што Мекејлеб и Мејси најверојатно ќе се приклучат подоцна поради потребниот одмор од долгите сезони во Италија и Русија каде што настапуваат.
Со Владо Илиевски, кој лани не дојде за квалификациите за ЕП, ситуацијата е уште почиста, откако тој јавно потврди дека на 10 јули ќе се појави на подготовките. Завчера тој ја заврши сезоната во дресот на Унион Олимпија по што ќе замине на заслужен одмор, а потоа ќе се јави на првата прозивка.
На списокот на Марин Докузовски не се очекува да има поголеми изненадувања. Од костурот на тимот сигурно ќе бидат повикани капитенот Перо Антиќ (Спартак), Ристе Стефанов (Сан Северо), Предраг Самарџиски (Олин/Лиетувос), Тодор Гечевски (ПАОК), Ѓорѓи Чековски (Левски), Дамјан Стојановски (Лукоил), Димитар Караџовски (Рилски), Дарко Соколов, Војдан Стојановски (Фени), Ефтим Богоев, Димитар Мираковски и Марко Симоновски (Работнички), а на поширокиот список најверојатно ќе се најдат и Кире Николовски, Јане Петровски, Синиша Аврамовски, Златко Гоцевски (МЗТ), Бојан Трајковски, Ивица Димчевски (Торус), Владимир Брчков, Диме Тасовски (Фени) и Александар Костоски.
Кон средината на јули треба да бидат познати и оние 16 играчи од потесниот список, а до крајот на август по обемните подготовки со десетина контролни средби и 14 кошаркари кои ќе патуваат во Алитас, Литванија. Иако има право да пријави 14 играчи и двајца да менува пред секој меч, селекторот ќе мора да избере само еден Американец со македонски пасош за настап на ЕП.
Македонија е во групата "Ц" со Хрватска, Грција, Црна Гора, БиХ и квалификант



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Јули.2011 во 05:35

Илиевски повторно во дресот на Македонија

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марин Докузовски го објави поширокиот список од 24-ца играчи, кои ќе се подготвуваат за Европското првенство во Литванија, со почеток на 31 август. Изборот на Докузовски мина без изненадувања, освен што по подолго време во националниот тим се враќа капитенот на Унион Олимпија, Владо Илиевски, кој поради повреда ги пропушти и ЕП 2009 и целиот квалификациски циклус за Литванија. Во тимот беа вклучени тројца странци, Американците со македонски пасош Џеремаја Мејси, Бо Меккејлеб и Маркиз Грин, од кои само еден ќе може да биде во тимот на еден натпревар.
Подготовките почнуваат на 10 јули во Скопје, првично со 16-мина кошаркари: Гечевски, Антиќ, Самарџиски, Чековски, Николовски, Стефанов, Меккејлеб, Илиевски, Соколов, Д. Стојановски, В. Стојановски, Симоновски, Гоцевски, Димчевски, Мираковски и Костоски. Останатите осуммина кои ќе ја чекаат својата шанса се: Богоев, Грин, О. Стојановски, Михајловски, Трајковски, Мејси, Брчков и Крстевски.
Тие продолжуваат во Охрид на 17 јули, по што Македонија ќе одигра серија пријателски средби со Словенија и Италија. Нашата селекција на ЕП е во група заедно со БиХ, Грција, Хрватска, Црна Гора и со еден квалификант.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Јули.2011 во 11:30
Втора победа на младите кошаркари на ЕП Б-дивизија
 
Младата кошаркарска репрезентација на Македонија ја постигна втората победа на Европското првенство Б-дивизија за играчи до 20 години што се одржува во Босна и Херцеговина
 

 
 
Македонија во рамките на 5-то коло вчеравечер во Сараево ја совлада Швајцарија со 73:56. Скорот од две победи и три порази во групата за македонските кошаркари беше доволен за освојување на петтото место.

Резултати на другите два натпревари од последното коло одиграни во „А“ групата: Грузија - Романија 85:89 и Естонија - Полска 66:75.

Конечна табела „А“ група: Грузија 9 бодови, Естонија 8, Полска 8, Романија 8, Македонија 7 и Швајцарија 5.

Во четвртфиналната фаза се пласираа Грузија и Естонија додека останатите репрезентации ќе разигруваат за пласман.

Следен противник на Македонија в четврток е репрезентацијата на Унгарија.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Септември.2011 во 13:42

Директно се пласиравме на ЕП 2013

Нашата селекција со освојувањето на четвртото место на ЕП обезбеди директен пласман на Евробаскетот што во 2013 година ќе се одржи во Словенија. Европската кошаркарска куќа (ФИБА Европа) реши да не го менува форматот на натпреварување па и за следниот Евробаскет ќе учествуваат 24 репрезентации. Ѓ
Учество на шампионатот во Словенија ќе имаат домаќинот, Велика Британија како домаќин на ЛОИ и првите шест селекции од Евробаскетот: Шпанија, Франција, Русија, Македонија, Литванија и Грција.

***

Меккејлеб во најдобрата петорка

Нашиот плејмејкер Лестер Бо Меккејлеб беше избран во првата петорка на Европското првенство. Македонија за првпат во историјата има играч меѓу најдобрите пет на големите натпреварувања. Бо Меккејлеб со својата фантастична игра, желба и посветеност да гине во дресот на Македонија го заслужи ова признание, а колку ја чувствува нашата земја за своја, Бо покажа кога ја прими наградата од ФИБА Европа носејќи го македонското знаме. Тој стоеше рамо до рамо со Тони Паркер, Хуан Карлос Наваро, Андреј Кириленко и По Гасол кои исто така беа избрани во првата петорка на Евробаскетот.
Меккејлеб оствари просек од 21,4 поени, 3,7 асистенции и 2,1 украдена топка по меч.

***

Лажна тревога за бомба на аеродромот во Каунас

Двајца фанови на кошаркарската репрезентација кои се враќаа со еден од организираните навивачки чартери го кренаа на нозе аеродромот во Каунас. Тие се обидоа да се пошегуваат со цариниците и им кажаа дека носат бомба, но не очекуваа дека безбедносните органи ќе реагираат сериозно на наводната закана.
Началникот на полицијата на аеродромот поради проверка на нивните куфери го задржа првиот чартер уште час и половина, а после долго чекање, реши да ги задржи на аеродромот во Каунас.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 10.Декември.2011 во 23:02

/sport/kosarka/53049-Preku-Venecuela-po-viza-za-OI-2012" rel="nofollow - Преку Венецуела по виза за ОИ 2012

 

Централниот борд на ФИБА ја одбра Венецуела за домаќин на предоимпискиот турнир следната година, по кој ќе се добијат последните три репрезентации кои ќе бидат дел од кошаркарскиот турнир на ОИ во Лондон.

 

Откако Македонија ја загуби шансата да биде домаќин на квалификацискиот предолимписки турнир, Централниот борд на ФИБА денеска одлучи помеѓу Литванија и Венецуела организатор да биде јужноамериканската земја. Така, нашите најдобри кошаркари ќе мораат следното лето, поточно од 2. до 8. јули да дојдат до едно од првите три места на турнирот за да се најдат на Олимписките игри во Лондон.

Ова е прв пат Венецуела да организира еден ваков голем и важен турнир, а кандидатурата на Македонија беше одбиена, меѓу другото, и поради нашето неискуство од организација на вака големи настани.

Покрај нашата селекција и Венецуела, дел од предолимпискиот турнир ќе бидат и селекциите на Ангола, Доминиканска Република, Грција, Нов Зеланд, Нигерија, Порторико, Јордан, Јужна Кореја, Литванија и Русија.



Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Јануари.2012 во 18:32

ДОКУЗОВСКИ СЕ ПОВЛЕКУВА






На средбата помеѓу претседателот на МКФ, Даниел Димевски и селекторот Марин Докузовски, беше искажано обострано задоволство од соработката и заеднички постигнатиот успех, досега најголем во историјата на македонскиот колективен спорт.




Анализирајќи ја новонастанатата состојба, поврзана со новиот професионален ангажман на селекторот во Лукоил Академик и договорните обврски кои од него произлегуваат, а бараат целосна физичка и стручна посветеност на клубските обврски, МКФ изрази поддршка на селекторот во реализирањето на неговата понатамошна кариера.


Сакајќи, сепак, и во иднина тој со своето присуство и капацитет да биде дел од стручниот штаб на нашата репрезентација, на обострано задоволство е договорено Докузовски да остане активно вклучен како советник на новиот селектор, кој ќе биде избран и назначен до крајот на месецот



Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Февруари.2012 во 10:40

http://kurir.mk/sport/kosarka/59504-Kosarkarite-na-podgotovki-vo-Severna-Amerika" rel="nofollow - Кошаркарите на подготовки во Северна Америка



Голема е веројатноста нашите најдобри кошаркари последниот дел од подготовките за олимписките квалификации во Венецуела да ги одработат во Канада и САД.

fiba_logo

По присуствувањето на ждрепката на групите за олимписките квалификации во Каракас, Венецуела, делегацијата на МКФ замина за Њујорк, каде се очекува тие да имаат средби со Џон Битов, Мајк Зафировски и Мајк Кшижевски. По тие средби ќе биде познато дали и каде нашите најдобри кошаркари би одработиле дел од подготовките ова лето.

За денеска закажана е средба со Џон Битов Јуниор (познат бизнисмен, основач на Торонто Репторс, креатор на „Ер Канада“ спортскиот центар и претседател на кандидатурата на Торонто за ОИ 2008 година), на која ќе се разговара за меѓусебна соработка. Постојат првични преговори околу одработување на дел од подготовките во Канада, а воедно и настап на подготвителен турнир во оваа земја, на кој покрај Македонија, покани имаат добиено и Нов Зеланд и Велика Британија, кои исто така се подготвуваат за ОИ во Лондон.

Утре нашата делегација заминува за Дурхам (Северна Каролина), каде ќе го посети универзитетот Дјук, чиј тренер е селекторот на САД, Мајк Кшижевски, кој воедно е и најуспешниот тренер во универзитетската лига во САД. Раководните лица на МКФ ќе имаат состанок со Кшижевски за продлабочување на соработката на нашата репрезентација со САД во пресред на ОИ, а закажана е и средба со бизнисменот Мајк Зафировски, кој има македонско потекло и кој е татко на Тод Зафировски, кој пак е еден од подобрите кошаркари на Универзитетот Дјук.

Плановите во врска со комплетниот подготвителен период се се’ уште отворени, а делегацијата на МКФ веќе разговараше и со високи претставници на други околни земји, од каде изразија подготвеност да ја примат нашата селекција. Заинтересираност покажа домаќинот на турнирот, Венецуела, а начелни разговори се направија и со претседателот на Федерацијата на Порторико, кој исто така планира организација на мини-подготвителен турнир, непосредно пред настапот во Венецуела.

Сепак, сите овие комбинации засега остануваат отворени и ќе се искристализираат по завршувањето на сите состаноци, за креирање на што подобар подготвителен период и што поквалитетни пријателски натпревари за македонските репрезентативци



Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Февруари.2012 во 19:31


Репрезентацијата на Македонија, сепак, нема да биде слободна на првиот натпреварувачки ден од предолимпискиот турнир што ќе се одржи во Венецуела од 2 до 8 јули. Веднаш по ждрепката беше најавено дека избраниците на Марјан Лазовски ќе бидат слободни, што беше сметано за голем плус бидејќи ќе може на дело во меѓусебен дуел да се видат двата ривали од групата, Нов Зеланд и Ангола. Сепак, во официјалната програма на ФИБА што беше објавена денеска од страна на светската куќа на кошарката беше обелоденето дека Македонија ќе биде слободна дури во третиот натпреварувачки ден, односно во првите два дена ќе ги одигра своите средби со Ангола и Нов Зеланд. 
 
Премиерата на ова големо натпреварување „црвено-жолтите“ ќе ја имаат против Ангола, дуел во кој што Македонија важи за голем фаворит во однос на африканската селекција. Овој меч ќе се одигра во 23.30 часот по македонско време, навечер на 2 јули. Веќе следниот ден, на 3 јули со почеток во 20 часот  по македонско време избраниците на Лазовски ги очекува нов предизвик, дуелот со Нов Зеланд кој што според сите прогнози ќе го даде и одговорот која селекција ќе го освои првото место во групата.
 
На 4 јули, кога Македонија е слободна, селекциите на Нов Зеланд и на Ангола ќе ги одмерат силите со почеток во 17.30 часот. ФИБА дополнително ќе ги одреди термините на одигрување на натпреварите од четвртфиналето и полуфиналето од овој предолимписки турнир, што ќе се одржи во Каракас, Венецуела. 


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Јуни.2012 во 15:19

Македонските кошаркари разочараа еден куп литвански убавици! 


Литванскиот кошаркарски репрезентативци на вчерашниот меч против Македонија имаа поддршка од преполните трибини во салата во Клаипеда на кои имаше и еден куп прекрасни Литванки, кои во текот на сите 40 минути им даваа поддршка на своите миленици, но попусто бидејќи нашите момчиња им одржаа уште една лекција слична на таа од пред девет месеци во Вилнус во четврт-финалето од Европското првенство (ЕП).

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46423-any686x686.jpg" rel="nofollow">

Избраниците на селекторот Марјан Лазовски беа главни виновници што литванските убавици разочарани ја напуштија салата во Клаипеда.

Погледнете само дел од литванските девојки кои останаа разочарани од македонските кошаркарски јунаци меѓи кои доминираат прекрасните чирлидерки од танчерската „Шокејос“.

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46424-any686x686.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46437-any686x686.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46438-any686x686.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46448-any686x686.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46449-any686x686.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46450-any686x686.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46452-any686x686.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46453-any686x686.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/MKD-Lit-62.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46418-any686x686.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46439-any686x686.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46442-any686x686.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46445-any686x686.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46446-any686x686.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46447-any686x686.jpg" rel="nofollow">

http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/06/paveikslelis-46451-any686x686.jpg" rel="nofollow">




-------------


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 17.Јуни.2012 во 16:43
Сам против сви...голема насмевка




-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 19.Јуни.2012 во 23:58
Originally posted by емил емил напиша:


"Македонските кошаркари разочараа еден куп литвански убавици!" 



NIsto od lepoticive, Emil...Nasite devojki se mnooooooogu poubavi...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 20.Август.2012 во 14:22
Дечки, што значи овазбунетост
http://www.libertas.mk/%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%be-%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%b5-%d0%b7%d0%b1%d0%be%d0%b3%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d1%80%d0%b5%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b7%d0%b5%d0%bd/" rel="nofollow - Владо Илиевски се збогува од репрезентацијата
Зошто нашите момци ја напуштаат нашата репрезентацијазбунетост

http://www.libertas.mk/%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%be-%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%b8%d1%9c-%d1%81%d0%b8-%d0%b7%d0%b0%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d1%80%d0%b5%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b7%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%86/" rel="nofollow - Перо Антиќ си заминува од репрезентацијата




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Февруари.2013 во 16:04

http://www.mkd.mk/sport/kosharka/kosharkarite-na-14-mart-kje-izbiraat-pretsedatel-na-mkf" rel="nofollow - Кошаркарите на 14 март ќе избираат претседател на МКФ!



-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk